КАФЕ ПАУЗА

Tag: патувања

  • 10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    Без разлика дали размислувате за патување во друга држава, барање на ново работно место или само сакате да ја промените вашата адресa, мислата дали ќе ве прифатат луѓето таму секогаш ви поминува низ главата.rnrnСпоред искуствата на странските државјани, Португалија, Тајван и Мексико имаат медали за најдобри и најпријателски домаќини, додека ледениот пречек може да се очекува во Швајцарија, Кувајт и Австрија.rnrnПортугалија се најде на златното место за најдобри домаќини, а пријателски пристап може да се очекува и во Камбоџа, Бахреин и Коста Рика. Кувајт веќе четири години стои на првото место, но скоро половина од странските државјани откриле дека не се чувствуваат добредојдени. Тие се навредуваат од Австријците, бидејќи не биле заинтересирани да стекнат нови пријателства, а на Швајцарците им било тешко да се отворат.rnrnПогледнете ја оваа листа на 10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели.rn

    1.Португалија

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    2.Тајван

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    3.Мексико

    rn10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријателиrn

    4.Камбоџа

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    5.Бахреин

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    6.Коста Рика

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    7.Оман

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    8.Колумбија

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    9.Виетнам

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    10.Канада

    rn10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријателиrnrnМожеби ќе сакате да прочитате и за неколку иновативни начини на кои државите се обидуваат да го намалат отпадот.

  • Зошто Британците возат на левата страна и уште 10 нормални работи во некои земји што ги збунуваат странците

    Зошто Британците возат на левата страна и уште 10 нормални работи во некои земји што ги збунуваат странците

    Културните разлики понекогаш може да доведат до засрамувачки или збунувачки ситуации. Замислете да сте родени во Велика Британија, во Индија или во Австралија и да патувате на кое било друго место. Сигурно ќе се прашувате зошто луѓето возат на левата страна од автомобилот. Ако не сте Италијанец, можеби ќе уживате во убаво капучино по ручекот, што во Италија може да биде исто како да јадете овесни снегулки откако ќе изедете порција стек. Во продолжение прочитајте ги најнеобичните работи што може да ве изненадат при посета на друга земја.rn

    1. Британците возат на левата страна

    rnЗошто Британците возат на левата страна и уште 10 нормални работи во некои земји што ги збунуваат странцитеrnrnВистинското прашање е зошто луѓето престанаа да возат на левата страна. На времето, кога луѓето јавале коњи, тие го носеле мечот на левата страна, што значи дека било полесно да се движат од таа страна. По француската револуција и по пронајдокот на товарните вагони, возењето од десната страна станало повеќе популарно затоа што најдоброто место за седење од каде што може да се управуваат овие моќни машини е на левата страна.rn

    2. Наместо да кажат „cheese“, Холанѓаните велат „насмејте ѝ се на малата птица“

    rnЗошто Британците возат на левата страна и уште 10 нормални работи во некои земји што ги збунуваат странцитеrnrnСекоја земја има различен израз кога треба да се насмевнете пред камерата. Во повеќето земји каде што се зборува шпански, луѓето велат „виски“, а во Холандија „насмејте ѝ се на малата птица“ е вообичаен израз затоа што фотографите порано ставале птица на камерата.rn

    3. Јапонија користи сини семафори

    rnЗошто Британците возат на левата страна и уште 10 нормални работи во некои земји што ги збунуваат странцитеrnrnВо античкиот јапонски јазик постоеле само 4 основни бои: црна, бела, црвена и сина. Сè што било зелено било опишувано со користење на зборот за сино или „ао“. Зборот „мидори“, што значи „никулец“, започнал да се користи за да се опише зелената боја, но таа се сметала и сè уште се смета за нијанса на сината боја.rn

    4. Кога одговарате на повик на телефон во Холандија, не кажувате здраво

    rnЗошто Британците возат на левата страна и уште 10 нормални работи во некои земји што ги збунуваат странцитеrnrnИако повеќето јазици имаат одредена варијанта на „здраво“ за да одговорите на повикот, во Холандија треба да кажете „со + вашето име“ за луѓето да можат веднаш да ве препознаат.rn

    5. Во Еквадор, камионите за отпад пуштаат слична музика како камионите за сладолед во Америка

    rnЗошто Британците возат на левата страна и уште 10 нормални работи во некои земји што ги збунуваат странцитеrnrnКако што можете да чуете на ова видео, камионите за ѓубре во Еквадор имаат посебен звук. Некои луѓе го споредуваат со звукот на камионите за сладолед од другите земји.rn

    6. Јавниот превоз во Луксембург е бесплатен

    rnЗошто Британците возат на левата страна и уште 10 нормални работи во некои земји што ги збунуваат странцитеrnrnИ покрај тоа што Луксембург е многу мала земја, се соочува со ужасен сообраќаен метеж. Причина за тоа може да биде фактот што околу 180.000 работници кои живеат надвор од земјата секој ден одат на работа таму. Бесплатниот превоз може да помогне во решавањето на овој проблем, истовремено нудејќи и поеколошка алтернатива.rn

    7. Може да го прошетате Монако за околу 50 минути

    rnЗошто Британците возат на левата страна и уште 10 нормални работи во некои земји што ги збунуваат странцитеrnrnМонако, втората најмала независна земја во светот, може да ја прошетате за околу 50 минути од север до југ. Тоа е приближно иста големина како Централниот парк во Њујорк, со површина од 1,95 квадратни километри.rn

    8. Во Кина можете да завршите студии за градници

    rnЗошто Британците возат на левата страна и уште 10 нормални работи во некои земји што ги збунуваат странцитеrnrnПолитехничкиот универзитет во Хонгконг започнал програмата за насоката која официјално е наречена „Специјализам за интимна облека“. Причината за тоа е што многу градници од компании како „Викторија Сикрет“ и „Ла Сенза“ се направени во Кина.rn

    9. Улиците во Костарика немаат имиња

    rnЗошто Британците возат на левата страна и уште 10 нормални работи во некои земји што ги збунуваат странцитеrnrnДо 2010 година, улиците во Костарика немаа име, што значи дека кога требаше да испратат нешто таму, наместо соодветна адреса, луѓето користеа познати споменици или други обележја за ориентација. Ова вклучува и обележја што веќе ги нема. Некои сметаат дека тоа е начин за запомнување на минатото на Костарика.rn

    10. Во Италија се пие капучино само за време на појадокот

    rnЗошто Британците возат на левата страна и уште 10 нормални работи во некои земји што ги збунуваат странцитеrnrnВо Италија, млекото ретко се консумира како пијалак по појадокот затоа што се смета дека е многу тешко. Ова непишано правило влијае на навиките за пиење кафе. Капучиното со колаче се смета како цел појадок. По ручекот или вечерата, не се консумира кафе со млеко.rn

    11. Во Данска, ако сте сингл кога ќе наполните 25 години, ве „тушираат“ со цимет

    rnЗошто Британците возат на левата страна и уште 10 нормални работи во некои земји што ги збунуваат странцитеrnrnПорано, трговците на зачини биле познати по тоа што се ергени и во нивна чест, денес луѓето што се сингл кога ќе наполнат 25 години ги посипуваат со цимет, популарен зачин во данската кујна. Ако имате 30 години, циметот се заменува со пипер.rnrnПрочитајте како треба да се однесувате во овие земји за да не ги навредите жителите.

  • Трендови за патување што треба да ги следите во 2020 година

    Трендови за патување што треба да ги следите во 2020 година

    Во последно време, патувањето стана важен дел од животите на луѓето. Авионските билети и сместувањето станаа исклучително поволни, без оглед на дестинацијата и на должината на патувањето. Сега можете да патувате на другиот крај на светот и не ви треба огромна сума пари за една таква авантура. Во продолжение прочитајте кои трендови за патување ќе бидат актуелни оваа година, каде и како да патувате и на што да се придржувате.rnrnТрендови за патување што треба да ги следите во 2020 година rn

    1. Кратки одмори

    rnДолгите летови и патувања каде што поминувате десет или повеќе денови веќе не се толку популарни. Кратките патувања во странство се сè повеќе популарни, особено кога станува збор за продолжените викенди неколку пати годишно во земји од коишто сте оддалечени само неколку часа со авион. На овој начин ќе ги избегнете долгото чекање на аеродромите и многуте часови поминати во авион. Исто така, можете да си дозволите пократки одмори неколку пати годишно.rn

    2. Велнес одмори во природа

    rnВелнес одморите кои ги поминувате во природа стануваат сè попопуларни, вклучувајќи ги звучната и шумската терапија. Сè повеќе сместувања нудат програми што ги промовираат личната трансформација и фокусот на менталните и на духовните ефекти од природата.rn

    3. Одржливост на луксузниот туризам

    rnСè поголем број авиокомпании се одлучуваат за еколошки прифатливи идеи, така што „зелените патувања“, чија главна цел е одржливост и грижа за животната средина, ќе станат голем тренд.rn

    4. Голем интерес за нови начини на транспорт

    rnБидејќи патувањата со авион имаат големо влијание врз животната средина, сè повеќе луѓе се одлучуваат за различни превозни средства. На тој начин, ќе се намалат климатските промени. Ако луѓето покажуваат интерес за еколошките начини на транспорт, ќе се вратат постарите и поодржливите начини на транспорт, како што се патувањето со воз или со брод.rn

    5. Вегански хотели

    rnДоколку целиот свет би се определил за живот без месо до 2050 година, би се спасиле 8 милиони луѓе и ќе се намали ефектот на стаклена градина за дури две третини. Со зголемениот број луѓе кои се одлучуваат за веганска исхрана, се појави потребата за вегански хотели. Еден од нив е првиот англиски вегански хотел кој во своите простории нема волна, свила и пердуви, а ресторанот се заснова на растителна храна.rnrnПрочитајте кои се новите ограничувања што треба да ги знаете за да не си го уништите вашето следно патување.

  • 7 нови ограничувања што треба да ги знаете за да не си го уништите вашето следно патување

    7 нови ограничувања што треба да ги знаете за да не си го уништите вашето следно патување

    Денес, туристичката сезона е отворена во текот на целата година. Во лето, луѓето може да одат на одмор во медитеранските одморалишта, а во зима може да одат во Тајланд или на Бали за да се стоплат. Поради тоа, корисно е да ги знаете правилата и регулативите со кои може да се сретнете во одредена земја. Списокот со ограничувања за туристите постојано расте, а вие треба да да ги научите новите правила за да не си го уништите долгоочекуваното патување.rn

    1. Ќе биде покомплицирано да го пронајдете вашиот туристички агент на аеродромот во Истанбул

    rn7 нови ограничувања што треба да ги знаете за да не си го уништите вашето следно патувањеrnrnОтсега ќе треба сами да ги барате претставниците на туристичката агенција на аеродромот во Истанбул. Овие луѓе обично ги собираат туристите кои резервирале тура преку нивната агенција и ги префрлаат во хотелот. На аеродромите тие држеа знаци со името на агенцијата или на хотелот и ги пречекуваа туристите веднаш откако ќе ја поминеа царината.rnrnОваа шема престана да функционира на 1 јануари 2020 година. Отсега претставниците на туристичката агенција веќе не смеат да бидат во оваа зона или да држат знаци со името на нивната туристичка агенција или со името на туристот. Овие активности сега се сметаат за нелегално рекламирање.rnrnСега им е дозволено само на роднините и на пријателите на патниците да дојдат во зоната за пречек на аеродромот во Истанбул. Туристичките агенти ги користат своите креативни вештини и се преправаат дека се обични луѓе, но носат маици со логото на туристичката агенција или однапред ги известуваат туристите дека во рацете ќе држат папка во одредена боја. И покрај сите овие трикови, процесот на собирање на туристите сега трае околу 2 часа.rn

    2. Ќе нема доволно билети за сите за посета на базиликата „Свети Марко“ во Венеција

    rn7 нови ограничувања што треба да ги знаете за да не си го уништите вашето следно патувањеrnrnВенеција излезе со план како да го регулира протокот на туристи кои сакаат да шетаат околу плоштадот каде што се наоѓа базиликата „Свети Марко“. Денес, тоа е една од најпопуларните знаменитости во Италија која буквално се удави во протокот на туристи. Оваа базилика дневно ја посетуваат 15.000 луѓе.rnrnСо цел да се зачува уникатното историско наследство, властите се обидуваат да го ограничат пристапот до плоштадот и до базиликата со билет. На туристите ќе им бидат понудени 2 опции почнувајќи од април 2020 година: да ја платат влезницата преку Интернет и да го изберат датумот на посетата или да се обидат да добијат бесплатен билет на градскиот терминал. Во краен случај, никој не гарантира дека ќе успеете да влезете бидејќи дневната бројка на посети ќе биде строго ограничена.rnrnИсто така, пливањето во каналите е сè уште забрането. Паричната казна изнесува неколку стотици евра.rn

    3. Ќе треба да користите корпи или платнени торби во Тајланд

    rn7 нови ограничувања што треба да ги знаете за да не си го уништите вашето следно патувањеrnrnЦелосната забрана за употреба на пластиката треба да започне да функционира во 2021 година. Сепак, оваа земја веќе им ги забрани на маркетите пластичните кеси за еднократна употреба.rnrnНа почетокот, локалното население беше незадоволно од оваа иновација, па како знак на револт луѓето додека купуваа ги користеа сите можни работи како плетени корпи, кофи и кади за бебиња.rnrn7 нови ограничувања што треба да ги знаете за да не си го уништите вашето следно патувањеrnrnНо, одлуката е веќе донесена и луѓето ќе треба да заборават на пластичните кеси за еднократна употреба. Туристите имаат неколку опции да се приспособат на новите регулативи: да си набават платнена торба или да побараат храната и производите да им бидат доставени до хотелот.rn

    4. Нема да ви биде дозволено да внесете јаболко или краставица во Европа

    rn7 нови ограничувања што треба да ги знаете за да не си го уништите вашето следно патувањеrnrnПочнувајќи од 14 декември 2019 година, во земјите на ЕУ започнаа да се применуваат нови санитарни и фитосанитарни правила. Отсега увозот на овошје и зеленчук во Италија, во Финска, во Грција и во другите земји на ЕУ е можен само со посебен сертификат. Причината е борбата против ширењето на растителните штетници.rnrnПри секој влез во земјите од Европската Унија ќе ви прават контрола. Дури и јаболкото што го носите како ужина ќе ви биде одземено (или ќе ве замолат да го изедете набрзина додека ја поминувате границата).rnrnДобрата вест е дека замрзнатото овошје и конзервираниот зеленчук не се на списокот на новите регулативи.rn

    5. Преноќевањето во Амстердам ќе биде поскапо

    rn7 нови ограничувања што треба да ги знаете за да не си го уништите вашето следно патувањеrnrnЌе мора да заштедите малку повеќе пари за да го посетите Амстердам бидејќи од 1 јануари 2020 година градот воведе нов данок за туристите. На овој начин, властите се обидуваат да го намалат бројот на туристи. Секоја година во Амстердам, каде што живеат околу еден милион луѓе, има повеќе од 17 милиони туристи.rnrnОтсега, секој што сака да го посети градот, ќе мора да плати дополнителни 3 евра од вечер, што е плус од наплатата од 7% од цената на ноќевањето.rnrnОва не е прв обид на градот да го регулира бројот на туристи. Во декември 2018 година, беше отстранет познатиот знак „I Amsterdam“, а тоа беше омиленото место за фотографирање на туристите. На тоа место дневно се правеле повеќе од 6.000 фотографии.rn

    6. Авионските билети од 10 евра може да исчезнат

    rn7 нови ограничувања што треба да ги знаете за да не си го уништите вашето следно патувањеrnrnВо 2020 година, Германија планира да воведе еколошки данок за летовите. Надоместокот за домашни летови до европските дестинации ќе се зголеми значително и ќе изнесува 13,03 евра, а претходно изнесуваше 7,5 евра. Тоа значи дека билетите со цени од 10 до 15 евра ќе исчезнат.rnrnВластите сакаат да ги насочат овие приходи кон развој на железничкиот сообраќај и се очекува дека патувањето со брз воз во Германија ќе биде поевтино за околу 10%.rnrnФранција исто така се подготвува за слични иновации во 2020 година, а Холандија го најави зголемувањето на данокот на авијацијата почнувајќи од 2021 година.rn

    7. Ќе мора да чекате подолго за да се најавите во турските хотели

    rn7 нови ограничувања што треба да ги знаете за да не си го уништите вашето следно патувањеrnrnТурските власти ветуваат дека ќе започнат строго да го контролираат спроведувањето на законот во врска со заштитата на личните податоци. Законот стапи во сила во 2016 година и им забрани на вработените во хотелите да прават фотокопија од пасошите на гостите или да бараат банкарска картичка или телефонски број.rnrnПретходно, хотелите успешно ја игнорираа оваа забрана за време на летната сезона само за да ги внесат податоците од туристите колку што е можно побрзо. Беше многу полесно да се направат копии или да се скенираат документите и подоцна да се пополнат потребните обрасци за пријавување. Сега хотелите може да се соочат со сериозни казни за непочитување на законот затоа што е зголемен бројот на случаите поврзани со користењето на туѓите лични податоци.rnrnОва значи дека процесот на пријавување на гостите ќе потрае повеќе време, особено во хотелите што имаат неколку стотици соби. Обично, во овие хотели доаѓаат туристички групи што се состојат од околу 25 луѓе. Но, отсега туристите ќе мора да чекаат за клучот на својата хотелска соба со трпеливост и со разбирање.rnrnПрочитајте ги овие 5 причини зошто е добро да ги потрошите сите пари на патување.

  • Играчки или патувања: Што е подобро за развој на детскиот мозок?

    Играчки или патувања: Што е подобро за развој на детскиот мозок?

    Ако спаѓате во групата родители кои се борат да престанат да натрупуваат играчки во својот дом, експертите имаат добри вести за вас. Тие советуваат дека патувањето и новите искуства имаат подобро влијание врз развојот на децата отколку скапите играчки.rnrnИграчки или патувања: Што е подобро за развој на детскиот мозок?rnrnОдењето на одмор е голема инвестиција во развојот на детскиот мозок. Кога одите на семеен одмор, вежбате два генетски интегрирани системи што се наоѓаат длабоко во лимбичниот дел на мозокот, а овие делови ретко се вежбаат дома. Тие системи се системот на игра и системот на истражување.rn

    Благосостојба и среќа на децата

    rnСпоред психијатарот Сандерленд, системот на игри во мозокот се вежба секој пат кога детето ќе го оставите да игра во песокот, кога ќе го фрлите во базен или кога ќе го носите на грб. Системот за истражување се вежба секој пат кога истражувате заедно.rnrnВежбањето на овие два системи го стимулира растот на фронталниот лобус. Тој дел од мозокот е задолжен за когнитивното функционирање, за решавањето проблеми, за емоционалното изразување, за помнењето, за јазиците и за проценките. Колку повеќе ги тренирате овие системи, толку посилни ќе станат вашите деца.rnrnКога ќе ги однесете вашите деца на годишен одмор, тие имаат можност да го истражуваат местото. Ова го активира нивниот систем за истражување. Активирањето на овие системи преку семејни одмори придонесува за целокупната среќа и благосостојба на детето.rnrnЗа време на овие активности, во мозокот се ослободуваат неврохемиски супстанции како што се допамин, окситоцин и опиоиди. Овие супстанции го стимулираат чувството на блискост во врските, го намалуваат нивото на стрес и им помагаат на децата да се чувствуваат подобро и побезбедно.rnrnИстражувачите дошле до заклучок дека повеќето луѓе се чувствуваат сакано кога се во интеракција со други луѓе, а не кога добиваат подарок. Малите позитивни моменти, убавите зборови и прегратките ги тераат луѓето да се чувствуваат сакано. Семејните одмори се одлична можности за интеракции исполнети со љубов затоа што семејството е далеку од секојдневните обврски.rnrnЗа следниот роденден на вашето дете, наместо играчки, размислете да му подарите семеен одмор. Можете да побарате и од другите луѓе (од бабите и од дедовците) да учествуваат во финансирање на семејниот одмор наместо да купуваат играчки. Спомените од времето што го поминувате заедно ќе траат многу подолго од која било играчка.rnrnПрочитајте ја оваа руска поучна приказна за родителите и за среќата на нивните деца.

  • 25 прекрасни фотографии што се прогласени за најдобрите фотографии од патувања

    25 прекрасни фотографии што се прогласени за најдобрите фотографии од патувања

    Овие фотографии ја доловуваат нашата славна планета и тие се победници на Меѓународниот натпревар за најдобри фотографии од патувања за 2019 година. Од извонредни портрети на поединци ширум светот до прекрасни пејзажи и смешни средби со животни, победниците беа избрани меѓу повеќе од 20.000 фотографии направени од професионални, полупрофесионални и аматерски фотографи од 144 земји.rnrn25 прекрасни фотографии што се прогласени за најдобрите фотографии од патувањаrnrn25 прекрасни фотографии што се прогласени за најдобрите фотографии од патувањаrnrn25 прекрасни фотографии што се прогласени за најдобрите фотографии од патувањаrnrn25 прекрасни фотографии што се прогласени за најдобрите фотографии од патувањаrnrn25 прекрасни фотографии што се прогласени за најдобрите фотографии од патувањаrnrn25 прекрасни фотографии што се прогласени за најдобрите фотографии од патувањаrnrn25 прекрасни фотографии што се прогласени за најдобрите фотографии од патувањаrnrn25 прекрасни фотографии што се прогласени за најдобрите фотографии од патувањаrnrn25 прекрасни фотографии што се прогласени за најдобрите фотографии од патувањаrnrn25 прекрасни фотографии што се прогласени за најдобрите фотографии од патувањаrnrn25 прекрасни фотографии што се прогласени за најдобрите фотографии од патувањаrnrn25 прекрасни фотографии што се прогласени за најдобрите фотографии од патувањаrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn

  • 9 дестинации за евтин одмор во 2020 година

    9 дестинации за евтин одмор во 2020 година

    Најдобрите спомени се случуваат на одмор, па ако сакате да резервирате патување, овие дестинации треба да ги земете предвид. Според едно истражување во кои биле опфатени 42 дестинации, трошоците за храна, за пијалаци и за другите потреби се најниски во овие туристички места.rn

    1. Сончев Брег, Бугарија

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnСместен на брегот на Црното Море, Сончев Брег го зазеде првото место на списокот со најевтини дестинации за патување. Местото е познато по својата жива атмосфера и ниските цени, а таму ве очекуваат долги песочни плажи, забавен ноќен живот и живописниот стар дел на градот Несебар.rn

    2. Мармарис, Турција

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnМармарис е за нијанса поскапа дестинација од Сончев Брег, но ако сакате мирен и тивок одмор изберете го овој турски крајбрежен град каде што ве очекуваат многу историски знаменитости и возбудливи пловења. Освен тоа, по заоѓањето на сонцето ве очекува живописен ноќен живот.rn

    3. Токио, Јапонија

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnТокио се најде на третото место и поради тоа вреди да направите едно долго патување за да го посетите овој град. Изберете ја јапонската престолнина ако сакате комбинација на современото и на традиционалното. Таму ве очекува контраст од футуристички шопинг и тивки прошетки низ градините.rn

    4. Алгарве, Португалија

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnНема потреба да се објаснува убавината на Алгарве, доволно е само да ја погледнете фотографијата. Ова живописно португалско крајбрежје е идеално за секаков вид одмор, без разлика дали сакате да посетувате ноќни клубови и барови или сакате да го доживеете амбиентот на локалниот пазар.rn

    5. Коста дел Сол, Шпанија

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnБеше очекувано Шпанија да се појави на овој список, па еве ја на петтото место. Коста дел Сол е речиси секогаш светло и сончево место. Упатете се кон Марбела ако сте расположени за луксузни искуства или кон Торемолинос ако сте љубители на храна.rn

    6. Кејптаун, Јужна Африка

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnЈужна Африка изненадувачки се појави на оваа листа. Во Кејптаун ве очекуваат живописни сцени и пејзажи што го одземаат живот, па многу брзо ќе го исполните вашиот албум со фотографии од ова патување. Посетете ја планината со карактеристична форма на маса, а ако сте доволно храбри, резервирајте нуркање во кафез.rn

    7. Хои Ан, Виетнам

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnХои Ан е идеална дестинација за оние што сакаат да дознаат како изгледа традиционалниот виетнамски живот. Ова место ќе ви понуди мирен шопинг и увид во познатата индустрија за свила, а можете и да пливате во топлите води на Јужнокинеското Море.rn

    8. Бали, Индонезија

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnВо Бали ве очекуваат неверојатни храмови, искачувања по планини и разгледување мајмуни. Не пропуштајте ја и можноста за нуркање бидејќи островот се наоѓа во разновидниот корален триаголник.rn

    9. Прага, Чешка

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnСтавете ја Прага на списокот за патувања во текот на следната зима. Позната по своите раздвижени празнични пазари, Прага е идеално зимско чудо. Љубителите на историјата ќе уживаат во средновековниот кварт, полн со улици од калдрма и со импресивна архитектура.rnrnПогледнете каде треба да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак.

  • Каде да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак?

    Каде да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак?

    Кога станува збор за поставувањето новогодишни цели, една од најчестите е повеќе патувања во новата година. Ако планирате да патувате во текот на оваа година, но сте неодлучни која дестинација да ја изберете, астрологијата ќе ви даде инспирација.rn

    Овен – Биг Сур, Калифорнија

    rnКаде да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак?rnrnПоради неверојатниот поглед исполнет со драматични карпи, океанот и чистото небо, Биг Сур е најскапоцениот камен на централниот брег на Калифорнија. Личностите родени во овој хороскопски знак ќе имаат многу обврски во текот на целата година, па потребно е да одвоите малку време за да се исклучите од технологијата и повторно да се поврзете со внатрешно јас. Далечна и недопрена, оваа дестинација е совршено место за тивок одмор.rn

    Бик – Рим, Италија

    rnКаде да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак?rnrnВо текот на оваа година ги средувате финансиите, па размислете еден дел од буџетот да искористите за големо патување во странство. Рим е идеална дестинација за вас поради богатата историја на градот што е илустрирана преку уметноста и архитектурата. Освен тоа, има ли нешто подобро од свежо направени тестенини и бескрајни можности за шопинг?rn

    Близнаци – Седона, Аризона

    rnКаде да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак?rnrnОваа година ќе биде година на големи лични и духовни трансформации, така што изборот на дестинација за одмор треба да го рефлектира вашиот внатрешен развој, а тоа може да биде волшебниот град Седона. Прекрасните пустински предели и убавината на црвените карпи ќе ве воодушеват.rn

    Рак – Монтреал, Квебек, Канада

    rnКаде да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак?rnrnОд вас ќе се појави целосно нова страна во 2020 година, па дефинитивно ви треба некоја чудна и романтична енергија. Кое место е подобро за истражување од Монтреал? Најнаселениот град во Канада, кој се наоѓа во француската провинција Квебек, е центар на уметноста и на културата инспирирани од Европа.rn

    Лав – Њујорк

    rnКаде да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак?rnrnПостојано сте во брзање градејќи една сосема нова верзија од животот што сакате да го живеете, па ако одите на одмор, одете некаде каде ќе можете да се нахраните со енергичност и со брзо темпо на живеење. Њујорк има од сè по малку, а метежот и вревата нема да ве заобиколат и поради тоа многу е веројатно дека едноставно ќе се инспирирате во овој град.rn

    Девица – Чијанг Мај, Тајланд

    rnКаде да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак?rnrnОваа година ќе направи похрабра верзија од вас. Дали можете да почувствувате дека вашите хоризонти се прошируваат? Излезете од вашата удобна зона и уживајте во знаменитостите, во звуците и во вкусовите на Чијанг Мај. Посетете ги неверојатните храмови и плажи, а можете да патувате и до блискиот остров Ко Панган за незаборавна забава на полна месечина.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 5 пазари за храна што треба да ги посетите во 2020 година

    5 пазари за храна што треба да ги посетите во 2020 година

    Најдобриот начин да го почувствувате етосот на една земја е да ги посетите нејзините енергични пазари за храна. Почувствувајте го мирисот на свежо печените производи и колачи, остварете контакт со очите со локалните продавачи и вкусете ги локалните специјалитети. Овие пет пазари за храна, распространети низ целиот свет, треба да бидат на вашата листа за 2020 година.rn

    1. Пазарот „Цукиџи“ во Токио, Јапонија

    rn5 пазари за храна што треба да ги посетите во 2020 годинаrnrnТокио има стотици пазари на секој чекор во градот. Но, еден од најпопуларните е пазарот „Цукиџи“ кој започнал со работа околу 1935 година. Големопродажниот внатрешен пазар, добро познат по аукциите и по продажбата на риби со голема тежина, во 2018 година се преместил во Тојосу, но сепак, „Цукиџи“ сè уште е најпопуларниот пазар на отворено. Пристигнете гладни бидејќи има многу избор на места за јадење и посетете го пазарот рано наутро за да пробате свежо суши.rn

    2. Пазарот „Ла Мерсед“ во Мексико Сити, Мексико

    rn5 пазари за храна што треба да ги посетите во 2020 годинаrnrn„Ла Мерсед“ е најголемиот народен пазар во Мексико Сити и се наоѓа во еден од најстарите историски делови на градот. Препорачливо е да ангажирате водич, не само за да се движите низ лавиринтот на улиците и низ илјадниците тезги, туку и за да ви посочи каде да ги пробате најдобрите традиционални мексикански јадења. Низ тезгите за месо ќе видите цели крави обесени и подготвени за купување, а разнобојните мексикански ќебиња се продаваат и во пазарот и околу него.rn

    3. Пазарот „Бороу “ во Лондон, Англија

    rn5 пазари за храна што треба да ги посетите во 2020 годинаrnrn„Бороу“ го освои признанието за најстар пазар за храна во Лондон, а функционира веќе 1.000 години. Додека чекорите низ овој пазар кој се наоѓа во срцето на градот, запознајте ги земјоделците лице в лице, поставете прашања за нивните производи и научете од каде потекнува храната што ја купувате. Лондон е меѓународен град, а производите на пазарот се рефлексија на луѓето што живеат во тој град. За време на вашата посета на овој пазар, можете да пронајдете храна, зачини, пијалаци и предмети од различни страни на светот.rn

    4. Пазарот „Махане Јехуда“ во Ерусалим, Израел

    rnrnrnНа северната страна на Портата Јафа во Ерусалим се наоѓа еден од најголемите пазари во Израел. „Махане Јехуда“ е голем пазар за овошје и зеленчук (и за многу други производи) кој датира од османлискиот период. Таму ќе видите многу локални жители и туристи од најразлични вери и култури кои продаваат или купуваат производи. Додека ја истражувате трговската област, ќе откриете каков е животот во овој дел од светот и ќе добиете една слика за израелското општество.rnrnАко сте обожавател на алва, таму ќе најдете безброј видови. Не заминувајте од овој пазар без да вкусите израелско маслиново масло, солени колачи или фалафел. „Махане Јехуда“ е исто така забавно место за ноќен живот во Ерусалим, исполнет со музика во живо и со танцување.rn

    5. Пазарот „Урубамба“ во Урубамба, Перу

    rn5 пазари за храна што треба да ги посетите во 2020 годинаrnrnУрубамба се наоѓа во висорамнините на Светата Долина на Перу, а во пазарот на овој град ќе најдете свежи производи, месо, зачини, грав, кафе, ореви и многу други производи. Тука ќе видите многу повеќе видови компири отколку што веројатно сте виделе досега во животот затоа што во пределите на Андите растат повеќе од 4.000 видови компири. Посетата на овој пазар е незаборавна авантура бидејќи не само што ќе ја доживеете динамичната култура, туку и ќе видите многу чудни и необични работи.rnrnПогледнете кои се десетте најубави места што треба да ги посетите во 2020 година.

  • 7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 година

    7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 година

    Ако размислувате каде ќе патувате во 2020 година, посетете некои од овие помалку популарни дестинации што вреди да ги разгледате.rn

    1. Хрватска

    rn7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 годинаrnrnХрватска ќе биде една од најпопуларните дестинации за претстојната година. Таа нуди голем број активности и дефинитивно треба да се обидете да посетите колку што е можно повеќе места додека сте таму.rnrnВо главниот град Загреб можете да ги разгледате стариот дел на градот како и многубројните музеи, а Дубровник нуди прекрасна архитектура од разни епохи.rn

    2. Антарктикот

    rn7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 годинаrnrnБидејќи патувањето од едниот до другиот крај на Земјата станува сè подостапно, можеби ќе сакате да посетите дестинации за коишто порано не сте размислувале, како што е на пример Антарктикот. Таму ве очекуваат низа забавни активности: гледање пингвини и китови, кајакарење, кампување, нуркање и посети на истражувачките станици.rn

    3. Билбао

    rn7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 годинаrnrnБарселона и Мадрид веќе долго време добиваат внимание од туристите, но Билбао сè повеќе привлекува туристи и тоа не само поради популарниот музеј „Гугенхајм“, туку и поради спортските настани, кулинарската сцена и културата. Но, немој да мислите дека „Гугенхајм“ е единствениот музеј во градот. Посетете ги и Музејот за ликовна уметноста, катедралите и малите барови.rn

    4. Вануату

    rn7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 годинаrnrnАко порано не сте слушнале за Вануату, ќе слушнете наскоро. Вануату е архипелаг лоциран во Тихиот Океан, источно од Австралија. На 80-те острови се зборуваат 100 различни мајчини јазици и таму ве очекуваат многу авантуристички активности како што се нуркање, планинарење и истражување на остатоците од бродовите од времето на Втората светска војна.rnrnАко не сте подготвени за активности и сакате само да се опуштите, можете да го сторите тоа на популарните бели, песочни плажи. Плажата „Шампањ“ е омилена меѓу туристите.rn

    5. Островот Квадра

    rn7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 годинаrnrnСе претпоставува дека овој остров ќе биде едно од најдобрите места што треба да ги посетите во 2020 година. И на овој остров ве очекуваат разни активности како што се гледање китови и кајакарење. Кампувањето и планинарењето се исто така популарни активности. Но, ако не сте премногу заинтересирани за активности на отворено, оваа дестинација можеби не е за вас. Меѓутоа, можете да научите многу за културата и за историјата на островот Квадра во Центарот за култура „Нујумбалис“.rn

    6. Бенин

    rn7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 годинаrnrnКога властите ќе вложат пари во туризмот, привлекуваат многу туристи. Таков е случајот и со оваа земја што се наоѓа во Западна Африка. Во главниот град можете да го истражувате Историскиот музеј на долгогодишното кралство Дахоми (кое постоело триста години), како и двете историски кралски палати. Таму постои и една прилично морбидна атракција – престол направен од човечки черепи. Ако сакате да ги видите чудата на животинскиот свет, одете на сафари во националниот парк „Пенџари“.rn

    7. Салта

    rn7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 годинаrnrnАргентинскиот планински град има што да понуди за сите видови патници. Ако сте љубители на урбанистичкото истражување, можете да уживате во историската архитектура, а авантуристите може да се упатат надвор од градот и да уживаат во глетките на природата и на животинскиот свет. Не пропуштајте ги Музејот на археологијата, како и елегантните катедрали и манастири.rnrnПогледнете ги овие бајковити места што вреди да ги посетите оваа зима.