Многу посетители на Мароко не се свесни за овие водопади сè додека локалното население или некои агенции не ги соочат со оваа понуда што не можат да ја одбијат. Во оваа егзотична пустинска земја никој не очекува такво изобилство на вода, но планината Атлас крие прекрасни зелени оази.rnrn
rnrnВодопадите Узуд е заедничко име за неколку водопади кои ја формираат реката Ел-Абид. Таа се раѓа во височините на планината Атлас, а потоа продолжува кон Атлантикот. Целата област е позната по берберските села, па можете да најдете сместување во нив ако сакате да останете подолго или, пак, продавници со берберски производи (како што се козметика и познатите зелени кармини).rnrnПатеката до водопадите води низ сенка од маслинови дрвја, а целата сцена ја разубавуваат мноштво мали мелници кои и денес работат на реката. Во близина има мал ресторан со тераса каде што можете да пиете кафе или да ручате со многу убав поглед.rnrnПрекрасните водопади паѓаат во бездна до која може да се стигне пеш, па дури и да се пристапи со брод. Тие се високи 110 метри и се наоѓаат во близина на градот Азилал. Тука живее цела мала заедница на мајмуни, кои се многу симпатични, но понекогаш и многу лоши.rnrnПовеќето туристи доаѓаат тука во лето затоа што тогаш е најдобро време да пливаат во подножјето на водопадите, но водопадите се најбујни во зима. Сепак, кога и да ги посетите, сцените ќе бидат импресивни.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете го и ова швајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопади.
Tag: патувања
-

Импресивни водопади во Мароко: Рај на планините Атлас, во предворјето на Сахара
-

Мали места за одличен одмор: Неразвиени медитерански бисери што ќе ви го освојат срцето
Тука ќе најдете прекрасна природа, чисто море, прекрасни градови и повеќе простор за себе.rn
Леванцо, Италија
rn
rnrnОстровот лоциран веднаш до западниот брег на Сицилија зафаќа само 6 квадратни километри. Идиличното село се наоѓа покрај крајбрежјето, во подножјето на ридовите кои обезбедуваат заштита, а освен тивките улици и бело-сините градби долж крајбрежјето, тука можете да ја најдете и познатата пештера Грота дел Џеновезе, насликана од античките предци уште во неолитот.rnХидра, Грција
rn
rnrnСамо неговото име звучи освежувачки, а е добиено поради големиот број природни извори на вода во античко време. Но, тука не е крајот на освежувањето. На живописниот остров недалеку од Атина нема автомобили и мотори. Сè може да се посети пеш: плажите, живописните манастири, таверните, шумските патишта што водат кон ридовите и музеите.rnАнтиб, Франција
rn
rnrnИако Антиб е всушност туристичко одморалиште, таму нема премногу луѓе. Својата автентичност ја чува во стариот романтичен град, во античките места, во средновековните бедеми, во една од најголемите колекции на дела на Пикасо, во раскошните градски градини и во домашното сирење и вино.rnСими, Грција
rn
rnrnШарените вили изградени во класицистички стил совршено се вклопуваат во зелените и карпести ридови над пристаништето, создавајќи една од најслатките сцени што Медитеранот може да ја понуди. А, убавите патеки меѓу карпите водат до скриените заливи…rnПоркерол, Франција
rn
rnrnВо мала оаза во близина на француската ривиера владее мајката природа. Пушењето цигари и автомобилите не се дозволени, а наместо тоа, има многу велосипеди и велосипедски патеки што водат низ прекрасни медитерански шуми и песочни плажи.rnМентон, Франција
rn
rnrnГо нарекуваат градот на лимоните и е едно од местата со најмногу сончеви денови годишно во Франција. Во 19-тиот век, градот бил „откриен“ од руски и англиски богаташи кои дошле тука на терапија, па оттаму потекнуваат многуте луксузни вили и градини што го красат овој град.rnТенедос, Турција
rn
rnrnТурскиот остров со масивни одбранбени ѕидови долж целиот брег, но и со шармантни улици ги воодушевува сите свои гости. Во последно време, стана популарна дестинација за младите луѓе кои бараат песочни плажи и сакаат да избегаат од хаосот во големиот Истанбул.rnАнгра до Хероизмо, Португалија
rn
rnrnЗаливот на херојството е име на мал град на португалскиот остров Терсеира. Името го добил од кралицата Марија Втора кога нејзините жители покажале храброст за време на т.н. либерални војни. Градот има пристаниште кое е заштитено од УНЕСКО, а покрај него има и познати тврдини, прекрасни цркви и паркови и неверојатна архитектура на секој чекор.rnrnПогледнете ги овие 10 плажи кои ќе ве воодушеват со својата природна убавина. -

Зачудувачка сцена: Дали е ова осмото светско чудо?
Оголените темни дрвја опкружени со песочни дини изгледаат како мотив од слики на надреалистички мајстори, а не како фотографија од вистинско место.rnrn
rnrnСепак, станува збор за област во пустината Намиб, наречена DeadVley или мртво мочуриште. Сместено е во Сосусвлеј, во Националниот парк Намиб-Науклуфт и има дрвја постари од илјада години.rnrnОбласта порано била влажна, но климата се менувала со текот на времето. Дрвјата пресушиле, а поради сувата клима не можат да изгнијат.rnrnТие се опкружени со песочни дини, кои достигнуваат висина од 400 метри на одредени делови и се смета дека се највисоки во светот.rnrnИако температурите во намибиската пустина може да достигнат 50 Целзиусови степени, мртвото мочуриште во Сосусвлеј го посетуваат многу туристи во текот на целата година.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие 10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата. -

10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата
За овие спектакуларни планински предели вреди да патувате толку многу далеку.rn
1. Му Канг Чаи, Виетнам
rn
rnrnПолињата со ориз во рамките на планинскиот венец Хоанг Лиен Сон во северен Виетнам изгледаат како некаква сцена од бајките.rn2. Виникунка, Перу
rn
rnrnПозната и како „планина во боите на виножитото“ или планина во 7 бои, Виникунка со право е едно од најценетите природни чуда во Перу и во светот.rn3. Киркјуфел, Исланд
rn
rnrnКиркјуфел е најфотографираната планина на Исланд со уникатна положба на полуостровот Снафелснес. Нејзиниот врв изгледа како да излегува од водата, поради што привлекува многу љубители на природата.rn4. Три сестри, Сини Планини, Австралија
rn
rnrnКарпата Три сестри е невообичаена форма пронајдена во рамките на Сините Планини во австралиската држава Нов Јужен Велс.rn5. Доломити, Италија
rn
rnrnИако сите Алпи се спектакуларно чудо на природата, Доломитите, кои се наоѓаат во Италија, односно во провинциите Венето, Јужен Тирол и Трентино, се издвојуваат во овој планински масив.rn6. Матерхорн, Швајцарија
rn
rnrnСписокот на зачудувачки планински области не би бил целосен без Матерхорн – планина во швајцарските Алпи што се издигнува на 4 478 метри надморска височина.rn7. Андите, Лагуна Колорада, Боливија
rn
rnrnАндите се најдолгиот планински венец во светот, кој се протега на околу 7 200 километри во Јужна Америка. Особено убав е делот околу лагуната Колорадо во Боливија – црвено солено езеро кое привлекува фламинга.rn8. Националниот парк Жангие, Кина
rn
rnrnВо центарот на Кина, во областа Сунан и Линза, се наоѓа Националниот парк Жангие, познат по своите шарени карпести формации што се сметаат за еден од најубавите кинески предели.rn9. Фиц Рој, Патагонија
rn
rnrnНа границата помеѓу Аргентина и Чиле се наоѓа оваа неверојатна планина, која не се заборава откако ќе ја посетите еднаш.rn10. Фуџи, Јапонија
rn
rnrnОваа вулканска планина висока 3 776 метри се смета за највисок врв во Јапонија и се наоѓа во централниот дел на островот Хоншу.rnrnПрочитајте повеќе за шарените планини со боја на виножито што се слева по врвовите. -

Ако ви недостигаат патувањата, погледнете ги овие 3 онлајн-курсеви кои се фантастични
Иако ќе треба да почекаме уште некое време додека да можеме безгрижно да ги испланираме своите патувања, постои начин да ја задоволиме таа потреба. Барем за момент. Подолу споделуваме три онлајн-курсеви кои нè носат во различни делови на светот и се водени од врвни експерти во својата област.rn
Рон Финли ве учи за градинарството
rnРон Финли од Лос Анџелес е добро познат американски активист и самопрогласен за „Гангстер градинар“, а неговото поле на активност е екологијата и урбаното градинарство. Кога зборуваме за одгледување сопствена храна, имаме многу да научиме. Научете како секојдневните предмети да ги претворите во практични детали за садење, како да ги одржувате домашните растенија живи и да водите здрав начин на живот, без оглед каде живеете.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=jdISPtllh1U&feature=emb_titlern
Френк Гери ве учи за дизајнот и архитектурата
rnМузејот „Гугенхајм“ во Билбао, концертната сала „Волт Дизни“ во Лос Анџелес, фондацијата „Луј Витон“ во Париз се наградувани згради на Френк Гери расфрлани низ целиот свет. Бидејќи се наоѓа на списокот со желби кај повеќето патници, неговата архитектура е синоним за револуционерен дизајн и глобална култура. Регистрирајте се на Мастеркласот на Гери, опфаќајќи повеќе од 50 години од неговото искуство и дознајте повеќе за неговиот креативен процес и мислите зад неговите архитектонски конструкции на кои им се восхитуваме.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Az-m56vUjgw&feature=emb_titlern
Џими Чин ве учи за авантуристичката фотографија
rnПрофесионален алпинист, признат фотограф и режисер добитник на Оскар – Џими Чин ги учи сите заинтересирани за вештините потребни за фотографирање додека патуваат. Со детални објаснувања и примери, ќе научите креативни пристапи за правење на најдобрите фотографии, техниките што се користат во нив и како да започнете страсни проекти. Бидејќи организираше и водеше експедиции во Кина, Пакистан, Непал, Танзанија, Мали, Јужна Африка, Борнео, Индија и Аргентина, Џими има големо професионално искуство.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=ELyMs-kiwtA&feature=emb_titlernrnПрочитајте за овие 5 профили на ТикТок што едуцираат, поврзуваат и го менуваат светот на подобро.
-

Во сенка на туризмот: Тивок залив на нереално убави плажи и села кои лебдат на вода
Јужно од популарниот залив Халонг се наоѓа нереално убава оаза каде што нема да се судирате со туристи, но лесно можете да го задоволите гладот за природна убавина, релаксација на сонце и активен одмор.rnrn
rnrnВиетнамскиот Залив, дом на повеќе од илјада острови, островчиња и гребени, е едно од најневеројатните места на земјата. Неверојатните пештери и другите ремек-дела на природата се мамка за многу туристи. Но, заливот Халонг во Виетнам не е ѕвезда во таа област, особено ако барате малку потивок агол каде што нема да се судирате толку многу со туристите.rnrnЈужно од заливот Халонг се наоѓа убавата оаза на заливот Лан Ха, составена од четиристотини карпи со песочни плажи и тиркизна вода. Овој прекрасен залив живее безгрижно во сенка на „популарниот брат“, и покрај 139-те чисти и затскриени плажи.rnrn
rnrnАко се нурнете во тиркизната боја, ќе наидете на стотици видови риби и други живописни сцени под површината, вклучувајќи и некои од ретките видови азиски корали. Среќниците имаат можност да забележат и фоки или делфини.rnrnНо, заливот нуди и многу повеќе можности со кои е лесно да го пополните времето. Истражување скриени места со кајак, искачување на островот Кат Ба и возење велосипед се само некои од нив. Исто така, лебдечките села на заливот Лан Ха овозможуваат спектакуларен поглед.rnrnКаи Бео е најстарото село во заливот, но и во целиот Виетнам. Таму има околу 300 семејства кои живеат од риболов, а нивните куќи се поврзани. Истражувајќи го селото, лесно можете да стигнете од една до друга куќа преку мостовите.rnrn
rnrnПогледнете го ова место во Индија кое изненадува со своето шаренило, но и со една необична приказна. -

5 опасни чуда на природата што секој треба да ги посети
Иако можеби го немаме тој впечаток затоа што навистина не сме загрозени, светот е полн со активни вулкани. Се разбира, убаво е да ги гледате од безбедно растојание, но ако се приближите до некој од нив, сепак бидете малку внимателни. Нема потреба да ризикувате и никогаш не знаете кога ќе се разбуди страшен вулкан.rn
1. Ејафјалајокул, Исланд
rnВулканот, чие име е многу тешко да се изговори, се прослави во 2010 година, кога имаше значителни последици на Европскиот континент, односно неговиот воздушен сообраќај. Имено, вулканот потоа исфрли огромен облак од пепел што парализира илјадници патници на Стариот континент и им го отежни патувањето до дома. Вулканот е дел од една убава област, и може да се посети со џип или со хеликоптер.rnrn
rn2. Везув, Италија
rnВезув е веројатно најпознатиот вулкан во светот, „одговорен“ за уништувањето на Помпеја во 1 век од нашата ера. Ерупцијата на вулканот упати десетици илјади луѓе, а самиот град остана закопан сè до 18 век. Дури и денес, овој вулкан се смета за најопасен во светот затоа што три милиони луѓе живеат во неговата близина (најголемиот град Неапол), а околу самиот Везув живеат дури 600 илјади жители. Сепак, од 1944 година е тивко, но експертите стравуваат дека големата експлозија е прашање на време.rnrn
rn3. Етна, Италија
rnОвој вулкан, висок повеќе од 3.000 метри, се наоѓа на источниот брег на Сицилија, а нуди прекрасен поглед од градот Катанија. Највисокиот вулкан во Европа последен пат еруптираше во март 2017 година. Добро е познато уште од античко време, и некогаш се верувало дека Етна е дом на огнот бог Хефест и дека служи како затвор за Титаните. Сепак, легендите се легенди, а Етна денес е преполна со љубопитни луѓе кои сакаат да го посетуваат вулканот, бидејќи туристичките тури што се организираат се повеќе од бројни.rnrn
rn4. Мерапи, Индонезија
rnНајактивниот вулкан во Индонезија често е покриен со сопствен чад, а пред точно 10 години тој избувна, убивајќи и раселувајќи илјадници и илјадници луѓе кои живеат во негова близина. Од страв од повторување на катастрофата, властите забранија населби во близина на вулканот, чии активности секојдневно ги следи мал тим експерти. Се разбира, многу митови се поврзани со овој вулкан, и иако е затворен за туристички посети, некои не можат да одолеат на повикот на авантурата, па затоа и понатаму се искачуваат.rnrn
rn5. Килауеа, Хаваи
rnОвој вулкан е толку активен што на хавајски има име што можеме да го преведеме како „силна ерупција“. Тој е посебен затоа што има различна форма, не е конусен или куполен, туку штитен вулкан. Ерупциите се чести и тој е еден од најпопуларните вулкани што може да се посети бидејќи од 1983 година, црвената лава излегува скоро постојано. Со своите ерупции, вулканот на крајот уништи три крајбрежни градови, а туристите денес го следат од бродови.rnrn
rnrnПрочитајте за овие 6 моќни градови за кои некогаш се патувало со години. -

6 моќни градови за кои некогаш се патувало со години
Од самиот почеток на цивилизацијата, луѓето имале желба да патуваат, но порано немало модерни начини на транспорт, а патниците користеле далеку побавни начини. Патот на свилата бил еден од најфреквентните коридори помеѓу Азија и Европа и Северна Африка, со цел размена на стоки помеѓу овие оддалечени делови на светот. Биле потребни дури 2 години за патниците да стигнат од Кина до Европа. Иако трасата е позната уште од византиско време, името првпат се појавило во 19-тиот век. Патот се користел за повеќе намени, а по должината на трасата има многу дестинации за кои вреди да се застане.rn
1.Истанбул
rn
rnrnИстанбул е град каде што Истокот се среќава со Западот, каде што храната добива сосема нови вкусови и град во кој можете да почувствувате доза на мир, и покрај фактот што има речиси 16.000.000 жители. Замислете ги богатството и архитектурата што ги гледале патниците кои со месеци патувале од Кина на Запад: Аја Софија, Сината џамија, зачини, егзотични животни, ткаенина. Ако одите во Истанбул, не заборавајте да ја посетите и азиската страна на градот.rn2. Алеп
rn
rnrnПред граѓанската војна, многумина го сметаа Алеп за еден од најубавите градови во светот, што може да се пофали со прекрасна тврдина во центарот на градот. Алеп, заедно со Дамаск и Сана, е најстариот населен град во светот.rn3. Техеран
rn
rnrnТехеран е најголемиот град во Иран и воедно главен град на оваа земја. Техеран е 25-тиот најнаселен град во светот, опкружен со планински области на север и пустински области на југ. Северот е свеж и сув, а на југ е топло и суво. Структурата на градот е мешавина на традиција и модерност, а самиот Техеран е стар автентичен град што порано бил наречен „град Реј“. Градот Реј сега се наоѓа во јужен Техеран. Градот изобилува со стари споменици, прекрасни џамии, паркови и модерни згради.rn4. Бишкек
rn
rnrnБишкек е главен град на Киргистан, сместен во долината Чуј на северот на земјата. Ова е еден од помалку популарните туристички градови, но неоправдано. Бишкек им нуди на посетителите неколку природни и културни атракции, како и популарни велосипедски патеки.rn5. Ксиан
rn
rnrnОд 80-тите години на минатиот век, Ксиан стана културен, индустриски и образовен центар на целиот централен северозападен регион, со многу објекти за истражување и развој, национална безбедност и истражување на вселената. Поради многуте историски споменици во градот и мноштвото антички урнатини и гробници во близина, туризмот е важна компонента на локалната економија уште од античко време, а регионот Ксиан е една од најпопуларните туристички дестинации во Кина. Градот е опкружен со добро сочуван градски ѕид, кој бил реконструиран во 14-тиот век за време на раната династија Минг, а популарните туристички атракции ги вклучуваат Големата џамија и Историскиот музеј „Шанкси“.rn6. Тбилиси
rn
rnrnГлавниот град на Грузија е мултикултурен модерен град, па иако сè уште е релативно непознат, веројатно ќе стане популарна дестинација во следните години. Овој град е спој на архитектурата на разни култури, па можете да го замислите како многу интересен и привлечен. Во градежништвото е видливо влијанието на Европа, на Персија и на арапскиот свет.rnrnПогледнете ги овие места што им пркосат на законите на физиката и на здравиот разум. -

10 места што најмногу им недостасуваат на луѓето додека се во карантин
Откако многу земји ширум светот се ставени во карантин поради пандемијата на коронавирусот и се откажани патувањата низ целиот свет, луѓето почнаа да чувствуваат носталгија за минатите патувања. На социјалните мрежи како што е Инстаграм, започна да се појавува хаштагот #TakeMeBack (врати ме назад), со фотографии од местата што луѓето би сакале повторно да ги посетат ако имаат можност за тоа.rnrn
rnrnАнализирајќи повеќе од 200.000 објави на Инстаграм, истражувачите утврдија кои се местата што најмногу им недостасуваат на луѓето додека се во карантин. Повеќето луѓе тивко страдаат за Пирамидите во Гиза, кои се сметаат за најпознати градби од овој вид во светот. На второ место е индонезискиот остров Бали, а третото место го зазема грчкиот бисер Санторини. Кога станува збор за градовите, најмногу им недостасуваат Њујорк, Париз и Лондон.rnrnСпоред анализата на хаштагот #TakeMeBack на Инстаграм, ова се 10-те места што најмногу им недостасуваат на луѓето:rn1. Големите пирамиди во Гиза, Египет
rn
rn2. Островот Бали, Индонезија
rn
rn3. Островот Санторини, Грција
rn
rn4. Паркот на магичното кралство, Светот на Волт Дизни, Флорида
rn
rn5. Ајфеловата кула, Париз
rn
rn6. Големата Сфинга во Гиза, Египет
rn
rn7. Бруклинскиот мост, Њујорк
rn
rn8. Тајмс сквер, Њујорк
rn
rn9. Островите Фи Фи, Тајланд
rn
rn10. Светот на Волт Дизни, Флорида
rn
rnrnПогледнете кои 5 европски национални паркови нема да бидат преполни дури ни откако ќе се отворат границите. -

Најдобрите ТВ серии за патувања што можете да ги погледнете овие денови
Иднината на патувањето е сè уште неизвесна, а плановите се менуваат од ден на ден. Најверојатно е дека во 2021 година ќе почнеме да планираме патувања надвор од границите на Македонија.rnrnНие сè уште можеме да фантазираме за патувања и да гледаме ТВ серии кои нè водат низ целиот свет на различни начини. Светски кујни и готвачи, животни од сите делови на планетата Земја, необични животи на различни луѓе – ова се теми во кои можете лесно да се заљубите. Овие ТВ серии ќе ве однесат во различни делови на светот, а ќе ги изгледате во еден здив.rn
1. Street Food Asia
rnПриказна за човек кој ја истражува најдобрата улична храна во Азија.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=13&v=eI_LjETc_Ak&feature=emb_titlern
2. Parts Unknown
rnСерија за семејство на професионални борачи кои бараат нов начин за задоволување со крвопролевање.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=hF2V-5lBWoorn
3. Planet Earth
rnСерија од 11 епизоди за која биле потребни 5 години да се изработи. Оваа е најскапата документарна серија за природата.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=tiVNk6_0GdYrn
4. Salt Fat Acid Heat
rnОваа серија ја истражува суштината на готвењето и виталните состојки кои се кријат во срцето на одличната храна.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=2oKbs4jAf7Mrn
5. Gaycation
rnЕдна девојка и момче тргнуваат на патување за да го истражуваат животот на лезбејки, геј мажи, бисексуални, трансродни личности низ светот.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=RzsO3zh5Xnsrn
6. Gordon Ramsay: Uncharted
rnСлавниот готвач Гордон Рамзи оди на епска авантура низ целиот свет за да ја открие кујната на домородните луѓе.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=_xodf7-wSzwrn
7. Our Planet
rnОваа документарна серија се фокусира на разновидноста на живеалиштата ширум светот. Од арктичката пустина и мистериозните длабоки океани до огромните предели на Африка и џунглите во Јужна Америка.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=2CMgyfTXU_Ern
8. Chef’s Table
rnОваа серија патува низ животите и кујните на шестмина најпознати готвачи во светот. Секоја епизода се фокусира на еден готвач и нивниот живот и таленти во кујната.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=1pY6IvkQm2Qrn
9. Midnight Diner: Tokyo Stories
rnОваа серија раскажува за животите на луѓето во Јапонија кои се хранат во еден ресторант секој ден на полноќ.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=OwjoT9YFDugrn
10. Tales by Light
rnСерија која соединува фотографи од целиот свет со истражувањата од природниот свет.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=zmegZSlJX0MrnrnПогледнете и кои 17 серии ова лето се враќаат со нови сезони.