КАФЕ ПАУЗА

Tag: патник

  • Клучните разлики помеѓу туристите и патниците

    Клучните разлики помеѓу туристите и патниците

    Кои се најголемите разлики помеѓу турист и патник? Погледнете ја оваа серија едноставни илустрации кои даваат одлична интерпретација на одговорот на ова прашање. И доколку и вие сакате да престојувате во хотели и да имате ваш селфи стап, тогаш големи се шансите дека сте турист! Разгледајте ги овие споредби и размислете, дали има вистина во нив?rnrn(1) Клучните разлики помеѓу туристите и патницитеrnrn

  • Патување низ времето со помош на Фотошоп

    Патување низ времето со помош на Фотошоп

    Сигурно сте се запрашале како би било да имате можност да се вратите во минатото и да ги гледате Битлси во живо или пак можеби за кратко да ѕирнете на сетот додека Мерлин Монро снима некоја легендарна сцена. Всушност, постојат толку многу неповторливи историски моменти, без разлика дали станува збор за филм, музика или што било друго што секој од нас барем еднаш си рекол „Ех, да бев таму!“rnrnИстото го мислела и фотографката Флора Борси која успеала да отиде еден чекор понатаму. Иако не можела буквално да се телепортира на друго место и во друго време, си направила вештачки „спомени“ со нејзините омилени славни личности и на многу кул начин се приближила до минатото.rnrnФлора со помош на Фотошоп вметнува своја слика во црно-бели фотографии од стариот Холивуд, па така можеме да ја пронајдеме во толпата на концерт на Елвис Присли, на сет со Вуди Ален или пак бекстејџ со Мерлин Монро. Целиот проект е наречен „Time travel project“, а ако се земе предвид дека Флора на секоја фотографија е со својот модерен, мобилен телефон навистина изгледа како патник од друго време.(1) Патување низ времето со помош на Фотошоп(2) Патување низ времето со помош на Фотошоп(3) Патување низ времето со помош на Фотошоп(4) Патување низ времето со помош на Фотошоп(5) Патување низ времето со помош на Фотошоп(6) Патување низ времето со помош на Фотошоп(7) Патување низ времето со помош на Фотошоп
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Преку интернет изберете до кого ќе седите во авионот

    Преку интернет изберете до кого ќе седите во авионот

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnПатувањето со странец до вас полека заминува во минатото. Холандскиот авиопревозник „КЛМ“ подготвува невообичаена услуга за неговите патници. Од наредната година, преку Фејсбук и Линкдин ќе им овозможи да бираат кој да седи до нив за време на летот.Преку интернет изберете до кого ќе седите во авионотУслугата е наречена „meet and seat“ и води до профилите на патниците. Ова значи дека ако одлучите да летате со „КЛМ“ и сте корисници на овие две социјални мрежи, уште пред да го купите билетот ќе знаете кој сè ќе биде во авионот или поточно кој го резервирал седиштето, лево или десно од вашето. Ќе може да му понудите пријателство и да започнете комуникација. Ако од кои било причини личноста не ви одговара, слободно избегнете го нејзиното друштво и побарајте место до друг патник по ваша мерка. Никогаш не се знае, можеби на наредниот лет ќе се случи вашиот прв романтичен состанок во авион, секако ако успеете да се сместите далеку од досадните и „разлигавени“ деца :).Преку интернет изберете до кого ќе седите во авионотПреку интернет изберете до кого ќе седите во авионотУслугите преку Линкдин ќе бидат повеќе прилагодени за лицата кои патуваат деловно. Таму ќе можете да се информирате за работните ангажмани на сопатникот, a можеби и да остварите некоја бизнис комуникација.Преку интернет изберете до кого ќе седите во авионотОваа нова услуга која авиопревозникот ќе ја лансира идната година, нема да биде задолжителна. Доколку сакате, можете да останете анонимен патник. Вашите информации не мора да ги споделите на социјалните мрежи, ниту пак да се запознаете со лицето кое ќе купи билет со број на седиште веднаш до вашето.Преку интернет изберете до кого ќе седите во авионотШто би избрале вие? Би сакале ли да дознаете со кого ќе се дружите за време на летот, уште пред да пристигнете на аеродромот? Но, имајте на ум и дека на овој начин, преку социјалните мрежи, избраниот патник ќе знае и каде работите, каде сте го поминале викендот или што планирате. rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Патнику

    Патнику

    Автор: Виолета Станојковскаrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnПатникуЕј ти, патнику, надалеку што одишrnзнам не можеш со себе да ме водишrnво заборав, каде го нема тој лик,rnкаде ќе излечам срце за миг,rnкаде таа насмевка нема да ме пече,rnтој поглед длабок нема да ме сече..rnНо јас копнеам за слобода од оваа макаrnи те преколнувам… подај ми рака…rnПонеси го со себе срцето мое бедно,rnвеќе не може да љуби, не е вредно.rnЗеми ја душава, носи ја со себе,rnтаа страдаше долго време,rnзашто лажната надеж ù даваше знакrnи одеднаш западна в мрак.rnСтави ги и спомените во куферот твој.rnДраг патнику, спасител си мој!rnЈас пропаѓам, болката тежиrnво утробата на мојот живот лежиrnод мигот кога тој ми стана сè.rnПатнику, па земи ја и болката, носи сè од тукаrnљубов во ова тело веќе не ќе чука.rnНек изгрее нов живот без љубов – чувство врело,rnнов живот за мене, без срце, душа и тело.rn

    rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rnrn

    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.