Амстердам е еден од најпознатите велосипедски расположени градови во светот. Во него живеат 750.000 луѓе, кои поседуваат 800.000 велосипеди. Според едно истражување направено пред неколку години, секојдневно на улиците има 490.000 велосипеди, кои вкупно поминуваат 2 милиони километри дневно.rnrnrn
rnrnВо градот има навистина прекрасни услови за користење на велосипед како транспортно средство. Секаде се обележани велосипедските патеки, има соодветни места каде што можете да го оставите и да го заклучите својот велосипед, па дури постојат и катни паркиралишта за велосипеди, кои се под надзор, а за чие користење не ви требаат многу пари. Споредбено со другиот вид на транспорт во градот, патувањето со велосипед е доста евтино и брзо, а на ова можат да се додадат и здравствените придобивки.rnrn

rnrnrnВо градот има околу 400 километри обележани велосипедски патеки. Најкарактеристичен велосипед за градот е традиционалниот „Omafiets“, но можат да се забележат секаков тип велосипеди. Исто така, голем број туристи кои го посетуваат градот, турите ги прават со велосипед. За разгледување на градот со автомобил треба да знаете дека паркинг местата се многу скапи, голем број улици се затворени, а оние кои не се, се едносмерни.rnrn





rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



rnrnСки Дубаи е распослан на 22.500 квадратни метри во склоп на „Mall of the Emirates“, еден од најголемите трговски центри во светот. Доволно е голем да собере вештачка планина висока 60 метри од која се спуштаат пет скијачки патеки, од кои пак, најдолгата е 400 метри, како и посебни патеки за сноубординг, за санкање и за фристајл скијање, заедно со жичара. rnrn

rnrnПокрај тоа, вкупно 3.000 метри квадратни се наменети за снежен парк со снежна пештера, тобогани, 3Д кино и простор за борба со снежни топки и правење снешко.rnrn
rnrnОвој прекрасен затворен зимски центар може да прими 1.500 гости. Кога ќе се уморат од игрите во снегот, посетителите можат да се напијат кафе во кафулињата Сент Мориц и Авеланш, кои се инспирирани од светски познатите зимски центри, или да одат на шопинг во бројните продавници.rnrn
rnrnСки Дубаи работи преку целата година. Влезот во снежниот парк се наплаќа околу 25 евра, додека дневна ски-карта чини околу 62 евра.rnrn
rnrn

Неговите дела, кои доаѓаат како надополнување или изменување на нацртаните сообраќајни знаци, изработени во уникатен стил со претходно направени шаблони, добиле голем публицитет.rn
Сепак тоа не поминало незабележано од полицијата, па така тој заработил 53 казни. На крајот, поради големата поддршка од јавноста, и покрај можните високи парични надоместоци и дебелото досие, Питер поминал со многу мала казна. До ден денеска тој продолжува да се бави со уметност и активизам.rn











