КАФЕ ПАУЗА

Tag: патека

  • Елегантната затворена тест патека на Ауди

    Елегантната затворена тест патека на Ауди

    Наскоро ќе се одржи познатото автомобилско шоу во Франкфурт, на кое Ауди ќе го презентира својот бренд во привремена зграда, дизајнирана од германската фирма „Schmidhuber+Partner“.Елегантната затворена тест патека на АудиИзложбата во централната хала ќе ги води посетителите низ презентација на најновите модели на Ауди, која ќе биде проследена со технолошки парк со интерактивни експонати и екрани, преку кои компанијата ќе покажува како ги следи најновите технологии.Елегантната затворена тест патека на АудиЗградата ќе биде долга 100 метри, широка 70 и висока 12 метри. Во неа ќе има и тест патека од 400 метри, каде што посетителите ќе ја имаат можноста да ги искусат сегашните и идните возила во живо. Во исто време ќе можат да се управуваат 9 возила. Шоуто во Франкфурт ќе се одвива од 15 до 25 септември, а Ауди рингот ќе остане таму до 20 октомври.Елегантната затворена тест патека на АудиЕлегантната затворена тест патека на АудиЕлегантната затворена тест патека на Аудиrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Велосипедистот Дени Мекаскил го „растури“ Кејптаун

    Велосипедистот Дени Мекаскил го „растури“ Кејптаун

    Познатиот професионален возач на велосипед, вози низ Кејптаун, Јужноафриканска Република, а трагите од неговите тркала се искористени за промотивните цели на новиот Leika V-Lux 30. За него, градот претставува едно огромно спортско игралиште, каде тој со леснотија изведува екстремни потези.Велосипедистот Дени Мекаскил го „растури“ КејптаунНеговото патување низ Кејптаун се снимаше во епизоди, а крајниот резултат беше ова фантастично видео.rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џиновската патека – неоткриена ирска убавина

    Џиновската патека – неоткриена ирска убавина

    Автор: Марија СмокварскаrnrnПриродната симетрија е нешто што сме навикнале да го забележуваме кај цвеќињата, инсектите или тигровата глава, меѓутоа во геологијата, таа поретко се наоѓа, а кога ќе се појави, предизвикува чудење. Таков пример е Џиновската патека (Giant’s Causeway), предел во северниот дел на ирскиот брег. Тука природата на спектакуларен начин ја покажала својата математичка генијалност и создала десетици илјади повеќестрани столбови, набиени едни до други, како да се џиновски купчиња од моливи.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаОд далечина, оваа област изгледа како да е само еден дел од волшебниот брег на грофовијата Антрим, но одеднаш паѓа во очи необичниот коцкест ‘рт. Тој се простира од подножјето на стрмните карпи и постепено се спушта во морето како огромни, грубо изработени шини за извлекување бродови. За миг ќе останете збунети. Изгледа како компјутерска графика на некоја видео игра, но вистината е дека овој необичен каприц на природата е стар 60 милиони години.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаБазалтните столбови на Џиновската патека имаат пречник од 460 мм а висината им се движи и до 12 метри. Козвеј на најширокото место е широк 180 метри, се протега 150 метри во морето и содржи 40.000 столбови. Во текот на минатите милениуми, глечерската ерозија од леденото време, како и неуморното удирање на атлантските бранови постепено го обликувале Џајантс Козвеј, така што брановите многу често ги однесуваат горните делови од столбовите, па затоа имаат скалест изглед.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаВо прегратките на овие природни шестоаголници егзистираат огромен број животни и растенија од кои посебно интересни се црвените цевконоски (вид птица) кои локалното население често ги нарекува „дрвени крилја” поради вкочанетото држење што го имаат кога лебдат на ветрот.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаСлични базалтни творби има и на островот Стафа кој се наоѓа на западниот брег на Шкотска. Џиновската патека, всушност изгледа како пат што води од Ирска до Стафа, а така се создала и легендата според која го добила името. Џинот од таа приказна е големиот ирски митолошки јунак Фил МекКул (Finn MacCool), кој бил водич на група војници наречени Фијана. Според легендата, тој бил бестрашен херој кој го изградил овој пат поради љубов и верност. Забивал столб по столб, за да направи патека по која неговата сакана – женски џин, ќе може од островот Стафа да ја посети Ирска, а притоа да не ги натопи нозете. Нели е ова прекрасно? Прекрасно место за посета и дефинитивно прекрасна легенда за паметење.Џиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавинаЏиновската патека - неоткриена ирска убавина
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.