Живеел еднаш еден брачен пар кој имал 12-годишен син и едно магаре. Одлучиле малку да пропатуваат, да работат и да го запознаат светот, па тргнале на пат.rnrn
rnrnКога дошле во првото село, луѓето коментирале: „Погледнете го она безобразно момче. Седнало на магарето, а родителите сироти го влечат.“ Жената тогаш му рекла на сопругот: „Нема да дозволиме луѓето вака да зборуваат за нашиот син.“rnrnКога дошле во друго село, луѓето мрмореле: „Видете го ова, срам нека му е на човекон, ги оставил жената и детето да го влечат магарето додека тој седи на него.“ Тие тогаш одлучиле жена му да седне на магарето, а мажот и синот да ги држат уздите.rnrnТака пристигнале во третото село, но луѓето повторно коментирале: „Јаден човек! Цел ден работел, а жена му седнала на магарето. И јадно дете! Кој знае што го чека со таква мајка.“ Тогаш одлучиле сите тројца да се качат на магарето и да продолжат понатаму.rnrnКога дошле до следното село, ги слушнале мештаните како коментираат дека ќе му го скршат грбот на јадното магаре заради преголемата тежина. И тогаш сите тројца се симнале доле и одлучиле да одат покрај него.rnrnКога поминувале низ следното село, не можеле да веруваат во коментарите на луѓето кои со исмевање велеле: „Погледнете ги само овие три будали. Одат, а имаат магаре кое би можело да ги носи.“rnrnНаравоучение: Секогаш ќе ве критикуваат и ќе зборуваат лошо за вас што и да направите.rnrnТешко е да им угодите на сите, а тешко е и да пронајдете личност која ќе биде добра баш онаква каква што е. Оној кој сака, секогаш ќе најде нешто да искоментира… Затоа, не обрнувајте им внимание на другите, бидејќи тешко дека на сите ќе им угодите. Сѐ што правите, правете од срце.
Tag: пат
-

Поучна приказна: Едно семејство и магаре
-

15 едноставни чекори кон самоподобрување кои ќе ви го променат животот
Подобрувањето на вашиот живот не е тајна, ниту се крие на другиот крај на светот, па потребно ќе ви биде долго патување за да го најдете, да го откриете тоа што ќе ви го промени животот. Напротив, промената лежи во вас самите, само треба да бидете доволно упорни, одлучни и истрајни за да ја постигнете.rnrnНаместо да седите пасивно и да го чекате тоа „утре“ кое никако не доаѓа, земете ги работите во ваши раце, бидете самите водачи на вашите животи и чекорете кон подобра верзија од себеси. Еве како.rnrn
rn1. Одбирајте го потешкиот пат
rnОна што во моментов ве плаши и ви изгледа тешко е токму она што треба да го направите. Прифатете го фактот дека големите цели и желби од вас бараат многу жртви и дека напорната работа е неизбежна. Наместо да барате изговори наоѓајте начини и работете напорно. Помислете на последната работа која ја сакавте, а не ви се оствари. Дали изнаоѓавте полесни патишта до целта? Дали баравте изговори да не успеете? Дали вложивте доволно? Клучно е да сфатиме дека лифтот до успехот не работи па ќе мора да одиме по скалите, една по една.rn
2. Формирајте круг на пријатели на кои секогаш може да им се обратите
rnМногу е важна поддршката од вашите блиски, луѓето кои ви значат и чие мислење го почитувате. Кога нешто правите погрешно или кога ситуацијата е лоша, потребни ви се луѓе кои ќе бидат искрени со вас и кои ќе ви ги отворат очите и луѓе кои ќе ве мотивираат и поттикнат да не се откажувате за време на тешките периоди. Ако сакате промена во вашиот живот кон подобро, формирањето круг од квалитетни пријатели е нешто што не смеете да го изоставите.rn
3. Научете да се прилагодите на околностите
rnСекој искусува лоши периоди во животот. Сте го изгубиле работното место или долгогодишниот партнер и останувате заглавени во депресивни мисли. Животот носи секакви периоди, добри и непожелни изненадувања. Наместо да се преоптоварувате со тешки мисли, научете да ги прифатите нештата кои не можете да ги промените. Времето не се враќа назад, секој пад е важна лекција за животот, прифатете ја.rn
4. Осигурајте се дека времето не го трошите залудно
rnСекој миг од вашиот живот е вреден, не трошете го залудно. Дали им посветувате доволно внимание на блиските? Дали си посветувате доволно внимание себеси? Паметно распоредете го времето фокусирајќи се на нештата кои сакате да ги правите и секогаш резервирајте си време само за вас.rn
5. Секогаш бидете упорни и посветени
rnНе откажувајте се лесно. Паднавте по втор пат на испитот и веќе размислувате да се отпишете од факултет? Или почнавте со часови по некој спорт и по две недели кревате раце? Тоа со сигурност не е начинот да се стигне до подобрата верзија од себеси. Бидете упорни, посветени и внесени во она што го работите. Бидете постојани и одговорни, вклучени во вашата работа, интереси, врски со други луѓе. Тоа од вас ќе бара да станете од кревет кога порадо би поспале уште некој саат, но тој ризик секогаш е исплатлив.rnrn
rn6. Откријте што е она што сакате да го правите
rnМожеби имате хоби и разни нешта кои ги практикувате во слободно време, но стоп, што е она што навистина го сакате, она во што навистина уживате? Доколку не можете јасно и прецизно да ја именувате таа работа тогаш уште веднаш посветете се на нејзиното откривање. Мора да постои нешто што ве исполнува максимално, што ве прави среќни, што го извлекува најдоброто од вас. Дали е готвење, пишување, читање, изработка на некакви предмети, земање активно учество во хуманитарни акции… што и да е, посветете му се.rn
7. Не занемарувајте ги вашите емоции
rnОбрнете внимание на вашите емоции. Што чувствувате кога го гледате изгрејсонцето, или кога ќе ви се насмее вашето дете? Што кога конечно по долго време ќе ви се оствари вашиот сон? Како се чувствувате во прегратката на вашиот/ата љубен/а? Не потценувајте ги тие мали моменти кога ве преплавуваат емоции. Застанете за миг и вистински чувствувајте.rn
8. Секогаш бидете отворени за ризици
rnИзлезете од безбедната зона и направете го она од што секогаш сте се плашеле. Без разлика дали тоа е некаков екстремен спорт, телефонски повик кој одамна го одолговлекувате, или разговор кој ве плаши. Соочете се со предизвикот и научете да ризикувате и да излезете од сигурната зона. Така полесно ќе ги дочекувате животните предизвици, бидејќи колку повеќе го одолговлекувате проблемот, толку поголем станува.rn
9. Бидете подготвени да пружите помош
rnПомагајте секогаш кога имате прилика. Несебично давајте ја вашата помош, и не заборавајте дека никој не може сè да постигне сам. Помагањето не им е од корист само на оние кои добиваат помош туку и на оние кои ја даваат.rn
10. Живејте во сегашноста
rnМногу лесно е да се каже но тешко да се направи. Сите ние можеби и премногу живееме во минатото или иднината, мислејќи за нешто што поминало и планирајќи нешто што допрва треба да дојде. Научете да се фокусирате на сегашниот момент бидејќи само тој е вистински, сè останато е резултат на нашата фантазија. Не чекајте некое посебно време кога ќе почнете да живеете туку впијте го максимално она што е пред вашите очи сега.rnrn
rn11. Научете нешто ново
rnСтремете се кон нови искуства и нови знаења. Секогаш бидете отворени на нови лекции во животот. Така не само што ќе станете желни за секаков облик на знаење туку и ќе бидете желни да го пренесете вашето знаење.rn
12. Бидете физички активни
rnФизичката активност не е важна само за надворешниот изглед туку и за духот. Редовната физичка активност ни го подобрува расположението и погледите на светот. Чувствувајте се добро на секој можен начин и живејте здраво. Тоа во секој случај е подобар избор од седењето пред телевизор.rn
13. Патувајте и искусувајте
rnПатувајте секогаш кога имате можност, но не правете го тоа механички. Патувајте за да научите, искусите, пробате, запознаете. Бидете авантуристи во душата и отворете ги вашите видици.rn
14. Слушајте позитивна музика
rnМоќта на музиката е голема. Може да ве подигне, расположи, да внесе позитива во вашето секојдневие. Слушајте музика често и препуштете им се на емоциите кои музиката ги предизвикува во вас.rn
15. Станете ранобудници
rnВажно е како ќе го започнете денот. По часови минати во одмор, вашиот мозок е подготвен да работи турбо. Успешните луѓе неретко се ранобудници. Наместо излежување во креветот одберете утринска рутина која ќе ви го подигне духот и ќе ве направи попродуктивни во текот на целиот ден.
-

10 нешта кои не ги прават оние кои го живеат својот сон
Сонувате да бидете бестрашни, успешни, да го живеете животот во полн ек? Ова се 10 карактеристики на луѓето кои го живеат својот сон, а кои ќе ви дојдат како корисни животни совети.rnrn
rn1. Не ги следат туѓите соништа
rnПонекогаш од страв да не ги разочараме оние кои ни се блиски, одбираме да се стремиме кон нешто што во суштина не е нашиот сон. Секако дека сакате вашите родители да бидат горди на вас, но доколку вашиот сон и нивната желба не се поклопуваат, имате право да направите ваш сопствен избор. Сепак, вие го живеете вашиот живот и задолжени сте да размислувате со своја глава и сами да го одберете патот по кој ќе чекорите. Блиските пак, служат за да нè поддржат, да ни дадат совет, но не и да ги диктираат нашите соништа и цели.rn
2. Не користат изговори
rnКолку често смислувате изговори зошто не можете да го следите својот сон, и наоѓате причини и виновници зошто не се исполнуваат вашите цели? Сте помислиле ли некогаш подробно зошто некои нешта не ви успеале? Всушност, целите во нашите животи не се остваруваат сами, нивното остварување зависи од нас самите. Оние кои го живеат својот сон не користат изговори со цел побрзо да се откажат и да имаат причина за неуспехот. Некогаш ќе го одберат и потешкиот пат и ќе ризикуваат, но нема да користат изговор да не се потрудат.rn
3. Не прават компромиси со своите принципи
rnЖивотот се состои од компромиси, жртвувања и промена на планови. Без разлика колку и да сме подготвени да правиме компромис, никогаш на коцка не се ставаат сопствените вредности и принципи. Без разлика што се бара од нив, оние кои го живеат својот сон, не се подготвени да направат компромис на своите принципи.rn
4. Не заземаат негативен став
rnНегативните мисли само градат ѕидови околу вас и ве ограничуваат. Внесете ја вашата енергија во она што го можете, во можностите кои ви се отворени, наместо во нештата кои можат да тргнат наопаку. Позитивниот став е најсилното оружје кое го користат оние кои го живеат животот во полн ек. Вашите мисли се енергијата која ве води низ животот. Позитивните мисли водат до поголем труд кој резултира со успех.rnrn
rn5. Не се фокусираат на материјалното
rn
„Посакувам секој да можеше да стане богат и славен и да го има сето она што отсекогаш го сонувал, за да знае дека тоа не е решението.“ – Џим Кери
rnДоколку тргнувате со помислата дека треба да имате многу пари за да бидете среќни, преиспитајте си ги приоритетите во животот. Секако, важноста на материјалните нешта не треба да се потцени, но она што ве води низ животот е вашата страст, желба и љубов. Ќе знаете дека го живеете животот онака како што сакате и дека сте исполнети, кога она што ќе го работите го работите со страст. Материјалните средства кои ќе дојдат се само дополнителна мотивација, но не и примарна цел.rn
6. Не веруваат дека нешто е невозможно
rn
„Одржувајте ги вашите соништа во живот. Сфатете дека за да постигнете што било потребна е верба во себеси, визија, напорна работа, одлучност и посветеност. Запомнете дека сето ова е возможно за оние кои веруваат.“ – Гејл Деврс
rnНормално е понекогаш вашата самодоверба да се разниша, но секој во одредени моменти може да се посомнева во себе. Сфатете го вашиот мозок како многу моќно оружје. Предизвиците кои се појавуваат на патот до успехот може да ги сфатите или како пречки кои никогаш нема да ви дозволат да стигнете до целта, или како потешкотии кои ќе направат вашиот успех уште повеќе да вреди на крај. Затоа сè зависи од сопствената перцепција. Вложете напор, преземете ризик, жртвувајте се, бидете отворени за нови предизвици. Само така ќе чекорите смело.rn
7. Се грижат за себе
rnЗдравиот и активен начин на живот и здравата исхрана многу влијаат на телесната, но и на психичката благосостојба. Оние кои се трудат да го извлечат најдоброто од животот се грижат за себе, се трудат да бидат во добра форма и да бидат колку што е можно поактивни.rnrn
rn8. Излегуваат од безбедната зона
rnКлучот е да го живеете животот, а не да бидете пасивни набљудувачи. Доколку никогаш не преземете ризик да направите нешто надвор од вашата безбедна зона, никогаш нема да направите чекор напред. Ослободете се себеси, ризикувајте, излезете од безбедниот простор зашто никогаш не знаете што ќе ви донесе животот, кого ќе сретнете или што ќе искусите.rn
9. Не ги одложуваат обврските и не веруваат во пократкиот пат
rnНе чекајте посебен датум за нов почеток. Одлуката да промените нешто може да ја направите секаде и во секое време. Престанете да одлагате. Веќе помина месец откако си ветивте дека ќе почнете со здравиот начин на исхрана? Почнете уште денес. Го гледате проектот недопрен на вашето биро? Знаете дека почетокот е најтежок, престанете да одлагате. Пократкиот пат не секогаш значи дека е полесен или поисплатлив, напротив. Кога ќе минете повеќе чекорејќи до целта, многу помило ќе ви биде достигнувањето.rn
10. Не се преоптоваруваат со одредена дестинација
rnНајважен е сегашниот момент. За иднината, без разлика колку и да планирате, никогаш не може да бидете сигурни каде ќе ве однесе. Фокусирајте се на она што може да го сторите денес. Не преповторувајте се со тоа каде мора да стигнете. Дозволете работите природно да си дојдат на свое место. Кој знае, можеби ќе излезе и подобро отколку што сте планирале.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Пат околу светот со велосипед
Фотографот Роб Лутер, во 2011 година, од Лондон тргна на амбициозно патување околу светот со велосипед. Тој се надева дека ќе успее да помине 40.000 километри. Неговата цел не е само да направи одлични фотографии и да пронајде инспирација од дестинациите и луѓето кои ќе ги сретнува, туку да доживее неверојатни искуства и да ги шири приказните околу светот.
Својот личен проект тој го нарекол „The Lifecycle“, а за својата цел не поставил точно определена временска рамка. При своите патувања досега, тој организирал хуманитарни акции за подигнување на свеста за светската криза со вода и одредени ментални заболувања. Бидејќи и самиот пати од опсесивно-компулсивно нарушување, на патувањето се обидувал да го сподели своето знаење на оваа тема, и се обидувал да го надмине овој проблем.
Тој моментално се наоѓа во Хонгконг, 15.000 километри од својата појдовна точка и после 18 месеци возење велосипед низ Европа и Азија. Досега сам го финансирал својот проект, но сега бара мала помош преку сервисот Kickstarter. Сумата која му е потребна изнесува 5.750 фунти и веќе е надмината. Тој ветува подароци за луѓето кои ќе донираат, а помеѓу подароците е и велосипедот со кој досега патувал. Секако, велосипедот ќе биде доделен откако ќе го заврши своето патување.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

5 знаци дека сте на вистинскиот пат во животот
Дали сте на вистинскиот животен пат? Се движите ли во вистинската насока? Таквите знаци можат да бидат конфузни. Неретко нема да им обрнеме доволно внимание бидејќи сме зафатени со пронаоѓањето на самите себе и нема да успееме да забележиме дека сме или не сме на правиот пат до успех.rnrnОва се 5 знаци кои ви покажуваат дека сте на вистинскиот пат, дека професијата, хобито или факултетот што сте го одбрале е она вистинското за вас. А доколку не е така, секогаш може да ги промените работите кон подобро.rnrn
rnВашата интуиција ви испраќа позитивни сигнали
rnНајчесто вистинскиот пат не е полн со знаци и светкави патокази кои ве уверуваат дека сте одбрале правилна насока. Тоа е чувство дека го правите она што сакате да го правите, затоа верувајте ѝ на вашата интуиција.rnrnШестото сетило не е нешто што го измислувате, туку знаци кои не ги воочува веднаш вашиот свесен разум. Не би било правилно за сè во животот да се потпреме на интуицијата, но некогаш е навистина правилен водич.rnrnДоколку постои нешто што длабоко во вас ве уверува дека сте на вистинскиот пат, тогаш послушајте го вашиот инстинкт.rn
Се смеете почесто
rnСекако, да си среќен не значи дека ќе цвета сè околу тебе од утро до мрак, но кога би ги ставиле на замислено мерило лошите и добрите моменти, добрите треба да тежат повеќе. Тоа што имате лош ден или лош период не значи дека сте несреќни, тоа се промени во животот. Но ако веќе подолго време не сте среќни, чувствувате дека не напредувате, дека работните обврски ве загушуваат, тогаш или пробајте да се фокусирате на позитивните нешта или соберете храброст за голема промена во животот.rnrn
rnЧувство на исполнетост
rnСекој сака да биде исполнет во секој аспект од неговиот живот. Но доколку не сте на вистинскиот пат може залудно да вложувате енергија без да се чувствувате исполнети.rnrnЗа многумина чувство на исполнетост е зафатеноста, изработката на важен проект, начин на образование кое ви дозволува навистина да се надградите себеси на поле од животот за кое имате талент, или работа со која допирате до многумина и им ги менувате животите на подобро.rnrnДали кога одите на спиење може да наброите макар неколку нови работи кои сте ги научиле во текот на денот? Што променивте денес, какво ново искуство стекнавте, кого запознавте?rn
Работите примарно заради задоволство, а не за пари
rnНекој рекол дека доколку ја одбереш професијата која ја сакаш нема да поминеш ни еден ден од животот работејќи. Ја сакате вашата работа? Би ја работеле и кога би добивале помалку пари? Се будите наутро со нетрпение да заминете на работното место и се трудите да бидете исклучително добри? Дали она што го работите е забележано и се цени? Да, парите се важни, но страста е сè во животот.rnrnДури и доколку не можете веднаш да дадете отказ од работното место кое не ви одговара, тогаш најдете начин да стигнете поблиску до вашата работа од соништата. Запишете се на курс со кој ќе ги стекнете потребните знаења и насочете се кон она што сакате да го работите.rnrn
rnЧувствувате дека сте сè поблиску до вашата цел
rnДоколку ви е тешко да го откриете ова, тогаш само запрашајте се дали сте поблиску до вашата цел од пред една недела или еден месец? Дали гледате и чувствувате дека напредувате? Се движите кон вашата цел или чувствувате дека лутате губејќи си го времето?rnrnАко одговорот е негативен, тогаш запрашајте се дали можете да почнете одново, што може да направите за да ја подобрите својата ситуација, што е тоа што ве задржува назад и не ви дозволува да напредувате?rnrnЧесто вашите блиски можат најмногу да ви помогнат кога станува збор за одбирање на правиот животен пат. Некогаш самите вие нема да може да гледате објективно на работите. Затоа побарајте совет од некој кој ви е близок и добро ве познава. Но секогаш крајните одлуки донесувајте ги со ладна глава, самите одлучувајќи што е најдобро за вас.
-

Возејќи се во истиот воз 60 години подоцна
Во 1953 година, „BBC“ направиле филм, снимајќи го патот со воз од Лондон до Брајтон. Триесет години подоцна во 1983 година, го повториле истото, а триесет години од тогаш, односно оваа година, го повториле по трет пат.
Трите филма се ставени еден до друг и убаво синхронизирани (сите снимки се малку забрзани) со што можете да го споредите 80-километарскиот пат во последните 60 години. Ќе се изненадите од добиениот резултат.rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Книга: „На пат“ – Џек Керуак
Феноменална новела на Џек Керуак за едно необично патешествие, за луѓето со нескротлива енергија и боемски живот каков што можат да имаат само писателите.rnrnНаслов на оригиналот: On the road – Jack Keruacrnrn
Џек Керуак е американски писател и поет (1922-1969) чија новела „На пат“ е прогласена за една од 100-те најдобри книги на 20-тиот век. Роден е во Ловел, Масачусетс, град познат по невработеноста и бедата во тој период, но во стабилно семејство кое му овозможило нормално детство. Невиноста во тие безгрижни години е нарушена кога неговиот брат умира од треска, и неговото семејство се повлекува посветувајќи се на религијата. Во неговите книги често може да се забележи влијанието на тој период особено мисите во црква кои очигледно станале важен дел од секојдневието на неговото семејство. Во меѓувреме финансиската состојба драстично се влошува, неговиот татко станува алкохоличар и ја губи работата, па Џек морал сам да го издржува семејството. Бил одличен фудбалер кој во слободно време се посветувал на читањето, но сепак својата иднина ја гледал во спортската кариера. Добил фудбалска стипендија за на колеџот Колумбија и се преселил во Њујорк каде за првпат ја почувствувал вистинската слобода и „екстатичната радост на постоењето“.rnrnТокму во овој период Керуак се вљубува во џез музиката и многумина сметаат дека тука започнува неговата страст кон „бит генерацијата“ (beat generation), патувањата и боемскиот живот. Фудбалската кариера трае кратко благодарение на повредата со која се стекнува уште во првата сезона, па Керуак како вистински боем го напушта факултетот и бесцелно талка низ животот. Всушност, помеѓу ситните работи на бензински станици и разните луѓе кои ги запознава, ова е времето кога Керуак сериозно започнува да се занимава со пишување и времето кога ги запознава Ален Гинсберг и Вилијам Бороус кои подоцна ќе станат негова главна инспирација. Овие тројца пријатели се практично основачи на „бит генерацијата“ – млади, изгубени и несопирливи духови кои ќе станат вистински претставници на своето време. Останатото е историја.
rnСинопсис
rnВо 1947 година нескротливиот и луд Дин Моријарти кој штотуку бил отпуштен од поправен дом во Њујорк се запознава со Сал Парадајс и неговата група пријатели кои многу брзо го прифаќаат во својот мал круг на интелектуалци. Сал е воодушевен од Дин, неговите погледи кон животот и неговата храброст да замине и без скршена пара да го прошета светот. Инспириран од хаотичната енергија на неговиот нов пријател и делумно поради писателската блокада со која се соочува, Сал се решава да тргне на пат кон Денвер, патување кое нуди фантастична, уникатна приказна која може да ја пренесе само човек со неверојатно животно искуство. Преку деновите поминати по суровите патишта, до конечната средба во Денвер, лудите ноќи, девојките, алкохолот, дрогата и секако „сиот тој џез“, па сè до сончевата Калифорнија за повторно да се вратат на патиштата, оваа книга е неверојатен спој од авантура, драма и историја.rnrnКнигата е базирана на патувањата на Сал Парадајз (алтер его на Џек Керуак) заедно со неговите пријатели – нескротливите Дин Моријарти и Карло Маркс. Низ четирите дела лудо возење, Керуак кристално ја доловува филозофијата на неговата генерација и време.„ На пат“ е книга за млади момци кои упорно ја бараат смислата на своето постоење, неретко наоѓајќи ја на најнеочекуваните и нетипични места, за потоа повторно да бидат фрлени на прашливиот пат.rnrn
„Кога се разбудив сонцето веќе беше зацрвенето, и тоа беше еден исклучителен миг во мојот живот, најчудниот момент од сите, кога не знаев кој сум – бев далеку од дома, проколнат и уморен од патот, во евтина хотелска соба каква што никогаш не бев видел, слушајќи го шуштежот на пареата однадвор и чкрипењето на старата хотелска дрвенарија, и чекорите одозгора и сите тажни звуци, и гледав немо во високиот напукнат таван и тие петнаесетина чудни секунди навистина не знаев кој сум. Не бев уплашен, бев едноставно некој друг, некој странец а целиот мој живот беше проколнат живот, живот на дух.“
rn
rnrnБонус инфо: Постои филмска адаптација на книгата, со Сем Рајли, Гарет Хедлунд и Кристен Стјуарт во главните улоги.rnrnЛична критика
rnКнигата е парче историја, толку важна, уникатна, непроценлива и богата што практично остава без здив и простор за каква било критика. Ги одбележува доцните 40-ти години во Америка и ретко која друга книга би ви овозможила таков „времеплов“ и би ви создала носталгија за време за кое имате само блага идеја како изгледало. На моменти посакував да сум таму и тогаш, слободна и непредвидлива како Дин Моријарти додека веќе во наредниот миг се чувствував размазено затоа што знаев дека никогаш не би го преживеала патот на Сал Парадајз.rnrnЏек Керуак има прекрасен стил на пишување, див и романтичен, прост и високо интелектуален истовремено, баш како и луѓето кои ги овековечува во својата новела. Се потсетив на мојот омилен Холден Колфилд и како ме тераше да се чувствувам во тие бунтовни тинејџерски години кога беше мој идол. Сал Парадајз го направи истото за мене сега, и бескрајно сум среќна што повторно се фатив себеси изгубена во друго време, со необично друштво и феноменална музика. За крај, мојата омилена:rnrn
„… зашто единствените вистински луѓе за мене се лудаците, оние кои се доволно луди да живеат, луди да зборуваат, луди да бидат спасени, желни за сè во исто време, оние кои никогаш не зеваат ниту кажуваат општи места, туку горат, горат, горат како спектакуларна огнометна ракета што експлодира налик пајак преку ѕвездите, а во средината може да се види татнежот на сината централна светлина, кога човек мора да каже.. Аууу!“
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Кога уметниците порачуваат „Испери ме!“
„Испери ме!“ – ова сигурно барем еднаш сте го затекнале испишано на вашите автомобили. Сите различно реагираме на овие зборови, некои со насмевка, некои нервозно, некои засрамено, но никој со воодушевување. За таква реакција можеме да зборуваме доколу автомобилот го најдеме со некој од следните цртежи на Американецот Скот Вејд, чиј слободен превод е: „Прошетај ме!“ 🙂

За разлика од останатите, нервозата кај Вејд заради честото валкање на автомобилите кулминирала во уметност. Да го извади најдоброто од целата ситуација му помогнал и татко му, кој во тој период цртал карикатури. Кога поминувал покрај „чкрапаниците“ на неговиот син, тој знаел со раката или со некое гранче да ги исенча и да им даде посебен шмек.
rn„Повеќе од 20 години живеев покрај долг и прашлив пат, каде автомобилите беа секогаш нечисти. Колку и да ги переш, тие за неколку дена повторно се валкаа. Правот од патот во централниот дел на Тексас е светло обоен и прави неверојатен контраст со сенката од внатрешноста на возилата. Кој може да се воздржи, а да не напише ‘Испери ме’ или ‘Посакувам жена ми да беше олку валкана’“, коментира Вејд за своите почетоци со уметноста врз автомобилите.
rn











rnrnСо Вејд, автопералните можат да здивнат – креативноста може да стартува. :-)rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Јурејќи низ светот за вистинската љубов
„Боб“ е 3Д анимиран филм кој раскажува приказна за еден хрчак кој неуморно, со огромна брзина, патува низ целиот свет со цел да стигне до својата вистинска љубов. Дали ќе успее во тоа? Одговорот е на крајот од филмот, по одјавната шпица.rnrn
rnrnФилмот е изработен од страна на тим од 9 луѓе во 2009 година, кои тогаш биле на студии на филмската академија во Баден-Виртемберг, Германија. Целата работа траела 6 месеци, од првиот цртеж до финалната реализација, а оттогаш до денес, филмот бил прикажан на многу фестивали и се здобил со мноштво награди.rnrn
rnrnУживајте во комичната, но и жалосна приказна за страсниот хрчак.rnrnrnrnОвој хрчак не е единствениот лудо заљубен, кој би направил сè за да дојде до својата сакана. Се сеќавате на заљубениот хрчак Вил?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Дали е ова најкривата улица во светот?
Улицата Ломбарт во Сан Франциско, Калифорнија, лоцирана во соседството Руски рид помеѓу улиците Хајд и Левенворт има осум остри кривини, поради кои таа ја заслужила придавката најкривата улица во светот. Ваквата необична изградба на патот била неопходна од безбедносни причини, поради големата стрмност на ридот, по кој повеќето возила не можеле да се искачат.rnrn
rnrnИнтересно е тоа што оваа улица е еднонасочна во правец надолу. Искривениот дел од улицата е долг 400 метри и е поплочен со црвени бекатонски плочки. Максималната дозволена брзина на возење по кривините изнесува 8км/ч.rnrn
rnrnЕдни од најскапите имоти во Сан Франциско, лежат токму на улицата Ломбарт. Ова соседство поседува грандиозни резиденции, што е причина плус за секојдневниот порој од туристи на оваа уникатна уличка. На пролет и во текот на целото лето, улицата Ломбарт е разнобојна, благодарение на прекрасните расцутени цвеќиња засадени покрај секоја од осумте кривини.rnrn
rnrnНо, интересно е тоа што улицата Ломбарт не е најкривата улица во светот. Таа не е дури ни најкривата улица во Сан Франциско. Честа ѝ припаѓа на улицата Вермонт, која се наоѓа помеѓу 20-та и 22-та улица во соседството Портеро Хил. И покрај тоа што Вермонт технички е покрива улица од Ломбарт и интересна сама по себе, таа сепак ја нема популарноста и визуелната убавина на Ломбарт, на која секој посетител, додека е таму, не пропушта да направи неколку фотографии.rnrn

