24-годишниот Гјурек Суде од Франција, решил да тргне на пат околу светот со својот брод и со цел да има постојан извор за храна, решил да ја понесе со себе својата кокошка која се вика Моник. Но, многу брзо таа покажала дека е многу повеќе од мини фарма за јајца – таа станала неговиот најдобар сопатник кој некогаш го имал. Не само што несе околу 6 јајца неделно, таа редовно сурфа и плива, лови риби кои слетуваат на палубата, па дури и вози скирол заедно со својот човечки пријател. Погледнете го ова интересно и необично пријателство кое го привлече вниманието на целиот свет!rnrnrnrn
Сите ние сакаме да го избереме оној совршен пат кој ќе нѐ одведе онаму каде што сакаме во животот. Патот за кој велиме дека требало да го избереме уште пред неколку години, кога не сме успеале да ја добиеме работата или сме се откажале од факултетот или не сме успеале да ги поканиме оние кои сме ги сакале на средба и сега се среќно во брак со 3 деца.rnrnrnrnСакаме да веруваме дека нашиот живот секогаш се дели на две насоки: Еден пат кој е хаотичен и каллив и скоро секогаш патот на кој се наоѓаме и друг кој е чист и без никакви проблеми. Но, животот честопати не се одвива на овој начин. Вистината е дека секој можен пат по кој сме тргнале има разни пречки. Секој избор кој можеме да го направиме е проследен со раздор.rnrnНие не сме оние кои ќе одлучат дали нашите животи ќе бидат исполнети со предизвици и пречки или не, но имаме избор со кои потешкотии ќе се соочуваме. Можеме да ја избереме страсната љубов и да ги потрошиме нашите животи обидувајќи се да го скротиме дивиот оган. Или можеме да ја избереме мирната, разумна љубов и да ги потрошиме годините обидувајќи се да направиме искра.rnrnМожеме да се упатиме на отворениот пат и да ги поминеме нашите лоши денови барајќи значење и стабилност. Или можеме да останеме со нашите 8-часовни работи и да ги поминеме лошите денови барајќи адреналин и авантура.rnrnНе постои начин да се измерат јаболката и портокалите кога станува збор за изборите со кои се соочуваме во животот. Секој пат претставува немерлив предизвик. Секое странично патче има јама во која ќе паднеме кога подолго време ќе патуваме на него. И, можеби најистакнатото прашање што можеме да си го поставиме кога треба да одлучиме за нашиот животен пат е следново:rnrnВо која јама најмногу ни одговара да паднеме? Со кои проблеми сме среќни ако ги имаме?rnrnБидејќи сѐ понекогаш ќе биде непријатно. Секој пат има нерамнини, дупки и кривини. Но, некои патишта ги прават сите пречки вредни да се поминат. Некои патишта нѐ прават желни да ползиме на раце и нозе, да го турнеме автомобилот од калта, да се обидеме да излеземе од јамата. И, наместо да се прашаме себеси: „Кој пат ќе предизвика најмалку болка?“, да се прашаме „Кој пат ќе ја направи таа болка да вреди да се почувствува?“rnrnБидејќи тоа треба да биде патот кој секогаш треба да го избереме. И, тоа е најблиску до совршеноста до која секој од нас може да стигне.
Секој човек на светот барем еднаш во својот живот се нашол на раскрсница и не знаел кој пат да го одбере. Понекогаш луѓето се мачат себеси со денови и недели за да разберат кој избор би бил најдобриот. Но, вистината е дека не постојат добри и лоши избори. Секој пат што ќе го одбереме е различен, тоа е сè. Само треба да го најдеме оној по кој би сакале да тргнеме. Ова е познатиот ефективен метод на животниот тренер Семјуел МекКри кој ќе ви помогне при донесувањето одлуки и правењето избор.rnrnrn
На лист хартија напишете писмо за самите себеси
rnРазмислете за сите варијанти на она што би можеле да го одберете, потоа одберете една и замислете си дека тоа е вашата конечна одлука. Замислете си како би ви изгледал животот за 6 месеци и како би се променил по вашата одлука.rnrnЗамислете си го животот и опишете сè до детали. Напишете го ова писмо за вашето сегашно „јас“. Напишете ги сите позитивни и негативни работи од вашата иднина. Размислете за тоа со кого би биле, што би правеле, каде и како би живееле и какви планови би имале.rnrnЗапаметете дека пишувате писмо од вашето идно „јас“ до вашето сегашно „јас“. Кога ќе завршите со целосната слика за вашиот живот, прејдете на емотивните делови. Кажете си себеси што правите и како се чувствувате. Напишете што е можно повеќе детали. Дали сте задоволни со одлуката што сте ја донеле некогаш, или можеби загрижени сте за нешто?rnrnНа крајот од писмото, заблагодарете се на себеси што сте го направиле овој избор и напишете колку сериозно тој влијаел на вашиот живот. Откако ќе завршите, свиткајте ја хартијата и ставете ја на страна.rn
Земете уште еден лист хартија
rnНапишете го истото писмо, но замислете си дека сте одбрале друг пат. Опишете сè со што е можно повеќе детали. Повторно заблагодарете се на себеси за изборот што сте го направиле, свиткајте ја хартијата и ставете ја на страна.rn
За неколку дена, земете ги и двете писма и прочитајте ги
rnКако се чувствувавте откако ги прочитавте? Дали и двете патишта ви изгледаат исто? Дали едниот од нив ви се допаѓа повеќе од другиот?rn
Овој метод со сигурност ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор
rnНајважно е да ги напишете сите детали. Кога ќе ги прочитате писмата по некое време, ќе ви се чини како да се напишани од некој непознат човек. Кога ќе ги согледате вашите планови од друга гледна точка и ќе ги почувствувате емоциите на вашето идно „јас“, веднаш ќе сфатите кој од овие патишта навистина ве плаши, во која иднина би имале сомнеж и што навистина сакате длабоко во срцето.
Неизбежно е во одреден период од животот да се најдеме пред раскрсница и да не знаеме кој пат да го одбереме. Стравот од тоа да се направи погрешен избор е повеќе од присутен што доведува до чувство на анксиозност и неизвесност. Доколку се наоѓате во таква ситуација, поставете си ги следниве 10 прашања кои ќе ви помогнат да ја донесете вистинската одлука:rnrnrn
1. Кога би го живееле животот што отсекогаш сте го посакувале, како би ви изгледал утрешниот ден?
rnКога ќе си замислите каков живот би сакале да имате, наместо да се фокусирате на општите работи како „што би било“ или „што би работеле“, фокусирајте се на тоа како би ви изгледала секојдневната рутина. Што би правеле утре? Колку поразлично би било од тоа што го правите сега? Што од таа визија можете да почнете да го правите уште утре?rn
2. Кога не би постоеле социјалните медиуми, што би правеле поинаку?
rnДали би се облекувале поинаку? Дали би се чувствувале лошо поради местото каде што живеете? Кои би биле вашите избори доколку не се плашевте од осудувањата на другите луѓе скриени зад мониторите? Што би имало значење во вашиот живот?rn
3. Кога никој не би можел да дознае што правите во животот, што би правеле?
rnКако би го поминувале животот кога би знаеле дека сте целосно скриени од очите на другите луѓе и целосно заштитени од нивните зли јазици? Кои се вашите интереси? Одговорите на овие прашања ќе ви помогнат да сфатите кои работи ги правите за себе, а кои за другите луѓе и за нивното одобрување.rn
4. Кога би знаеле дека утре ќе го изгубите животот, за што најмногу би жалеле?
rnШто би смениле во вашиот живот? Кои зборови би ги повлекле назад? Добрите вести се дека сè уште имате време да ги направите овие работи, а тоа што ќе се ставите себеси пред свршен чин ќе ви помогне да ги внесете тие промени што е можно побрзо.rn
5. Кога би требало да изберете 5 работи што најмногу ви значат, кои би биле тие?
rnНа овој начин ќе дознаете кои работи треба да бидат основата врз која ќе се градите себеси и вашиот живот. Колку исполнето се чувствувате зависи од тоа колку живеете во согласност со тоа што вистински го цените и ви значи.rnrnrn
6. Што е тоа што ви носи необјаснива радост во животот?
rnШто е тоа што ве радува иако не ви е јасно зошто е тоа така? Ова се ситниците на кои обрнувате внимание. Ова се вистинските нешта. Мозокот одговара според тоа што мислите дека го сакате, но емоциите реагираат според тоа што вистински го сакате.rn
7. Кога би знаеле дека никој нема да ви суди, како би ги минувале деновите?
rnШто би правеле? Ова прашање ќе ви помогне да се ослободите од стегите на општествените норми и да почнете да правите работи кои ви се допаѓаат без разлика дали се тие општествено прифатени или не.rn
8. Со што најмногу се борите во моментов?
rnОна што ве мачи сега, може да ви ја определи насоката во која ќе се движите понатаму. Ако вашиот најголем проблем е тоа што не сте во романтична врска, во наредната фаза од животот би требало барем да се обидете да го остварите тоа. Оние работи поради кои не можете да заспиете навечер можат да ви помогнат да сфатите што е тоа што вистински го сакате и во кој правец треба да се упатите.rn
9. Што е тоа што веќе го правите во моментов?
rnЗа секоја животна промена важи следново: Почни од таму каде што си, употреби го тоа што го имаш и направи го тоа што можеш. Тоа е единствениот начин кој ќе ви помогне да стигнете онаму каде што сакате.rn
10. Ако утрешниот ден би морале да го живеете одново и одново, што би правеле?
rnДали би одлучиле да го поминете на работа или со луѓето кои ви значат? Дали би пишувале книга или би слушале музика? Можеби би отпатувале некаде или би го јаделе омиленото јадење. Ова ќе ви помогне да откриете кои се вашите приоритети во животот и што е тоа што уживате да го правите и би сакале да му посветите најмногу внимание.rnrnВашиот живот се состои од деновите кои минуваат, а не од вашите идеи кои ги имате за тоа како би требало тие денови да изгледаат. Мудро искористете го времето кои го имате на располагање и несомнено е дека ќе го изберете вистинскиот животен пат кој ќе ве одведе до посакуваната цел.
На патот до успехот стојат многу препреки. Како личност која сака да успее во кариерата, па и во другите гранки од животот, вие ќе мора да научите како да ги совладувате тие препреки без притоа тие да имаат поголемо негативно отколку позитивно влијание. Во таа намера е секогаш најважно да имате зацртана цел која ќе ја достигнете поради амбициозноста, посветеното работење и разумноста. Но она нешто кое може навистина многу да ви ги олесни работите и да ви помогне побрзо да ја достигнете целта, е харизмата. А следниве 6 начини ќе ви помогнат да го ослободите тој скриен дел од себе.rnrnrn
1. Подарете внимание
rnВниманието кое му го посветувате некому е најголемиот подарок што можете да му го дадете. Дали со слушање на она што ни го кажува човекот спроти нас или, пак, со овозможување на некои ситни задоволства на луѓето кои ни се драги, вниманието е секогаш она кое нè поврзува. Во светот на успешните луѓе, вниманието е она кое најтешко се добива, но и најмногу значи. Затоа, почнете да вежбате.rn
2. Пред сѐ, бидете луѓе
rnВо животот ќе наидете на мал милион случаи кога вашата човечност ќе биде ставена на тестирање. Контактите кои ќе ги оформите сѐ оние кои ќе треба да знаете да ги задржите. Додека луѓето кои ви се нашле кога ви биле најмногу потребни во животот се оние кои никогаш не треба да ги земате здраво за готово, дајте им шанса и на оние кои допрва ќе ги запознаете. Познанствата и пријателствата се оние кои остануваат засекогаш, додека позицијата која ја имате во општеството може да исчезне во секој момент.rn
3. Научете да слушате повеќе отколку што зборувате
rnВелат дека веројатноста да оформите пријателство со некој е поголема кога покажувате вашиот интерес да дознаете нешто повеќе за него е поголем од желбата да зборувате само за себе. Не секој е природно надарен со умешноста да прави луѓето околу него да се чувствуваат пријатно и расположено, да имаат желба да бидат во негово присуство и сл. Но затоа секој ја има способноста да го совлада ова така што ќе се заинтересира малку повеќе за другите, ќе поставува прашања, ќе слуша внимателно и најмногу од сѐ, ќе биде позитивен. Умислата дека само вие сте во право и неспособноста да ги ислушате другите и нивните мислења и ставови, а уште повеќе, незнаењето како нив да ги прифатите, е хендикеп кој сигурно ќе ве сопре на патот кон успехот.rn
4. Говорот на телото е подеднакво важен
rnА некогаш кажува и многу повеќе од зборовите. Луѓето може погрешно да го интерпретираат тоа што го кажувате доколку вашето тело, вашиот израз и тонот со кој зборувате кажуваат нешто различно. Од особена важност е да обрнете внимание на овие, за многу луѓе, ситници на кои се губи драгоцено време бидејќи е факт дека на тој начин побрзо и полесно ќе го пренесете она што го мислите. Пријателскиот израз на лицето, благиот тон во гласот, поставеноста на телото така што сте целосно свртени кон оној со кој зборувате, се само мал дел од работите кои може да ве одведат далеку поблиску до вашата цел.rn
5. Вашите слабостите се ваша предност
rnИскуството и грешките се оние нешта кои или го кршат човекот или го прават посилен. Во светот на успехот нема место за оние кои си го дозволуваат себеси тој луксуз секоја грешка да ги соборува на земја. Доколку сакате да успеете, вие мора да учите од своите грешки, поради нив да станете посилни и поодлучни и токму тие да го разбистрат патот кон целта која стои пред вас. Уште повеќе, вие мора да научите да живеете со нив така што ќе ги признаете и ќе ги споделите како неизбежно искуство кое довело до тоа да бидете тие што сте. Притоа, вие ќе се зближите многу повеќе со луѓето бидејќи не постои ништо друго што може да влее повеќе храброст во некого како што го може поуката која сте ја извлекле од вашето животно искуство.rn
6. Бидете свои
rnОва е нешто кое важи во сите полиња на животот. Да бидете свои и да се цените такви какви што сте е единствениот предуслов за да станете многу подобри и поуспешни. Лагата секогаш излегува на виделина, па така и измамничката насмевка е нешто кое многу тешко ќе ви успее. Луѓето забележуваат, а уште повеќе, чувствуваат кога нешто не е како што треба. Затоа бидете свои, бидете свесни дека животот е постојано учење и подлога за самоподобрување, бидете искрени.
Интернетот е преплавен со различни тестови кои најчесто не ни кажуваат ништо што веќе не сме го знаеле, но одвреме-навреме налетуваме на тест кој ќе ве остави без зборови. Тест како овој. На фотографијата подолу ќе видите 6 различни шумски патишта. Онаа која најмногу ве привлекува открива многу за вашата потсвест бидејќи објаснува каква е патеката по која веќе одите во животот.rnrnОвој тест е многу едноставен. Пред вас има 6 различни шумски патеки и вие треба да ја одберете онаа која најмногу ве привлекува. За да можете да ги добиете најреалните резултати, прво најдете мирно и опуштено место во вашиот дом. Кога ќе бидете подготвени пуштете го видеото, затворете ги очите и дозволете си на момент да отпатувате со мислите во шума, а потоа отворете ги очите и разгледајте ги фотографиите. Кој пат најмногу ве привлекува?rnrnrnrnrn
Патека 1:
rnИмате нежни, живи очи и блага природа. Вие уживате во убавината и најсреќни сте кога сте опкружени со вашите омилени предмети. Традицијата и минатото ви се многу важни. Со изборот на овој цветен пат вие покажувате дека сакате да правите некои работи бавно и дека ги цените дури и најмалите нешта во животот. Но, во вас постои и авантуристички дух. Кога нешто ново ви излегува во пресрет, и покрај тоа што уживате во сигурноста и безбедноста, вие ќе бидете среќни поради таа промена. Како цвет во пролет, така и вие наскоро ќе расцветете. Склони сте да бидете мирни, но тоа не треба да ве спречи да направите вашиот глас почесто да се слуша. Вистинско време е да го кажете она што го чувствувате.rn
Патека 2:
rnВие уживате во новите авантури, сензации и искуства. Вие сте огнени и смели, но не сакате да си играте игри. Вие сте силна личност која не ги ублажува зборовите. Бидејќи сте лојални и личности од доверба, вие никогаш не би ги изневериле вашите пријатели. Камениот пат открива дека уживате во предизвиците, па токму затоа и немате ништо против тешките битки. Секогаш сте сметале дека нешто убаво ве чека на врвот и вие сте во право за тоа. Продолжете да се качувате и нема да бидете разочарани, вие сте скоро до крајот. Вашата храброст е извор на сила за сите околу вас, но понекогаш треба да им дозволите да ја видат и вашата мека страна.rn
Патека 3:
rnНе сакате да брзате, сакате добро да размислите за проблемите и убаво да ги видите сите страни. Вие поставувате многу прашања и постојано барате одговори. Понекогаш го губите својот пат, но тоа не ви смета. И покрај тоа што некои луѓе се плашат од тишината и непознатото, вие напредувате таму. Со тоа што сте го избрале дивиот шумски пат, покажувате дека сте интроверт кој има душа која лута. Животот за вас е огромна авантура, но патот на оваа фотографија исчезнува и вие не можете да видите каде оди. Токму затоа е време да почнете да го градите вашиот пат. Вие имате мирна енергија, а вашата љубопитност е освежителна, но понекогаш вклучете ги и другите луѓе во тоа. На тој начин ќе уживате повеќе отколку што сте мислеле.rn
Патека 4:
rnВие сте непостојана душа која има силна смисла за хумор. Ве привлекуваат оние нешта кои имаат силни бои и кои се уникатни, па токму затоа и вашиот живот е разнобоен. Вие сте страсни за смислата за драма, а вашиот жив дух ги шармира сите околу вас. На оваа патека вие се движите со главата насочена кон небото и често не гледате пред себе. Но, нешто се движи кон вас, па токму затоа не заборавајте да погледнете и напред. Вие се плашите да се сретнете со ова нешто, но немојте. Иднината никогаш не е толку страшна колку што вам ви изгледа. Луѓето извлекуваат многу енергија од вашиот хумор и сјај, но покажете им дека умеете да бидете и сериозни.rn
Патека 5:
rnВие сте опуштена личност, скромна и искрена. Брзо опростувате и заборавате, а уште побрзо се смеете. Додека другите луѓе се нервираат за малите ситници, вие си пеете. Оваа патека открива дека моментално сте во еден вид транзиција. Наскоро ќе откриете дека овие промени се всушност најдоброто решение за вас. Постојат кривини на вашиот пат, но вие сте урамнотежена личност која може лесно да се справи со нив. Вашата мирна енергија и топлина може да биде од голема помош за луѓето околу вас. Важно е да научите како да ги пуштите оние работи од кои веќе немате корист.rn
Патека 6:
rnВие сте мирни и внимателни, а вашите чувства се засадени длабоко во вас. Вие сакате самотија, но тоа не значи дека ќе одбиете добро друштво. Чувствителни сте, емпатични и зрачите со искреност. Со изборот на темниот пат покажувате дека копнеете по засолниште и заштита, но дека сте навикнати да патувате сами. Иако не сте навикнати да одите во светлината, таа сепак ве чека на крајот од патот. Немојте да се плашите, вашите очи брзо ќе се прилагодат на промената и вие ќе успеете да најдете убавина и во неа. Вашиот приватен свет е убав, па затоа дозволете им и на другите луѓе да влезат во него. Време е навистина да сјаете.rnrn rnrn
Етичкиот кодекс на северноамериканските Индијанци може сите нас да нè инспирира на важни промени во размислувањето, како и во начинот на живеење. Доколку се чувствувате како да сте го изгубиле вашиот пат, погледнете ги следниве 20 индијански животни правила кои можат да ве вратат во вистинската насока.rnrnrnrn1. Станете заедно со сонцето и помолете се. Правете го ова почесто и Големиот Дух ќе ги послуша вашите зборови.rnrn2. Бидете толерантни кон оние кои избегале од својот пат. Незнаењето, лутината и љубомората доаѓаат од изгубените души. Вие фокусирајте се на наоѓањето на вашиот пат и не ги осудувајте другите.rnrn3. Пронајдете се себеси. Не дозволувајте им на другите да ве насочуваат во вашиот живот. Тоа треба да биде само ваша одлука. Другите можат да одат покрај вас, но никој не може да оди напред наместо вас.rnrn4. Бидете љубезни кон гостите во вашиот дом. Послужете ги со најдобрата храна, понудете им го најудобното место и секогаш бидете фер и праведни.rnrn5. Не го земајте она што не е ваше. Без разлика дали станува збор за нешто од луѓето или природата. Вие ниту сте го заслужиле тоа, ниту сте го добиле.rnrn6. Почитувајте сè што постои на Земјата. Започнувајќи од луѓето, па сè до животните и растенијата.rnrn7. Почитувајте го мислењето на другите, како и нивните желби и зборови. Никогаш не ги прекинувајте другите додека говорат, не им замерувајте, не ги осудувајте ниту пак исмејувајте. Секоја личност има право на свое мислење кое може слободно да го изрази.rnrn8. Никогаш не зборувајте лошо за другите. Сета онаа негативна енергија која ја испраќате, со тек на време ќе ви се врати во многу поголема мера.rnrn9. Сите луѓе грешат. Не постои грешка која не може да биде опростена доколку навистина се покаете. Вие не треба да бидете безгрешни за да бидете добри.rnrn10. Негативните мисли го заболуваат умот, телото и духот. Обидете се да вежбате да бидете поголеми оптимисти.rnrn11. Природата не е наша, таа е дел од нас. Природата е еден вид наша глобална фамилија, па токму затоа и треба да ја почитувате.rnrn12. Децата се иднината. Во нивното срце всадете љубов, водете ги со мудрост и учете ги како да живеат. Но, кога тие ќе почнат да растат, дајте им простор сами да се пронајдат.rnrn13. Избегнувајте да ги повредувате срцата на другите. Никогаш не знаете како оваа болка може да ви се врати вам.rnrn14. Секогаш бидете искрени. Без исклучоци.rnrn15. Одржувајте ја својата рамнотежа. Вашето ментално, духовно, емоционално и телесно „јас“ мора да бидат подеднакво силни, чисти и здрави. Во здравото тело живее здрав дух. Никогаш не го заборавајте тоа.rnrn16. Свесно одлучете кои ќе бидете, како ќе се однесувате и како ќе стоите зад своите постапки. Преземете одговорност за она што сте и за она што го правите.rnrn17. Почитувајте ја туѓата приватност и личниот простор. Не се мешајте во туѓите работи, особено во оние свети и духовни области. Тоа е забрането.rnrn18. Бидете сигурни во себе. Не можете да бидете грижливи и да им помагате на другите доколку не сте грижливи кон себе и прво не си помогнете самите на себе.rnrn19. Почитувате ги туѓите верски верувања. Не ги присилувајте другите да веруваат во оние нешта во кои верувате вие.rnrn20. Делете ја својата среќа. Колку повеќе ја делите, толку повеќе таа ќе се зголемува.
Кога снегот ќе го зафати регионот, без зимска опрема не треба да помислите да тргнете на пат. Ова се неколку важни препораки за возење по снежно време и подмрзнати патишта.rnrnrnrn1.Пред да го стартувате автомобилот во зимските денови, задолжително прво треба да ги исчистите снегот и мразот од кровот и од стаклените површини, да го проверите уредот за греење, и да се погрижите секогаш да ви биде наполнет резервоарот со гориво, бидејќи во случај на застој на патот нема да можете да се загреете.rnrn2.Зимската опрема се состои од зимски пневматици на погонските или на сите четири тркала со длабочина на шарата од минимум 4 мм, како и ланци кои се монтираат по потреба.rnrn3.Не е лошо во зимски услови да имате мала лопата, малку песок, старо ќебе, метличка за чистење стакло, спреј против замрзнување на стакло и спреј за брави.rnrn4.Кога има снег и мраз на патот, најдобро е да возите под малку гас и со мала брзина. Најважно е да не правите нагли движења со воланот или кочницата, а ако е потребно да се намали брзината, кочете моторно, односно префрлете во пониска брзина, внимателно за да не се заниша возилото. Во тие моменти треба да заборавите на ножната кочница, особено кога возилото има задно влечење.rnrn5.Во текот на возењето по длабок снег, воланот треба да го држите право, за предните и задните тркала да имаат ист правец на движење.rnrn6.Ако автомобилот ви „шлајфува“, треба да се обидете со движење наназад, а ако не успеете така, тогаш под тркалата треба да ставите песок, гранки, крпи и сл.rnrn7.Доколку во зимски услови останете на пат заради дефект или застој на патот, а немате доволно гориво, со помош на обична свеќа температурата во автомобилот можете да ја подигнете и до 10 степени Целзиусови.rnrn8.Пред да стане уште поладно, во бравата на автомобилот ставете глицерин со помош на пипета или стар шприц за инјекции.rnrn9.Навечер повлечете го саугот, за наутро полесно да го запалите автомобилот, но не тргнувајте веднаш, туку по 10-тина секунди за да се создаде доволно притисок маслото да помине до сите места за подмачкување.
rnНе може да не сте слушнале за Робин Шарма. Освен ако не сте живееле во подрум изминатите години гледајќи исклучиво турски серии, додуша не би ме изненадило и таму во некоја епизода да го споменале. Значи, Робин Шарма е светски познат лидер и консултант кој работи со најголемите корпорации во светот, автор на книги за „самопомош“ а пред некое време сите вие ја читавте таа за калуѓерот и ферарито. Велам „сите вие“ затоа што јас очигледно сум живеела во подрум. Сериозно, книги за самопомош, мотивација, личен развој и слични такви ми се на дното на листата веднаш до книги за здрава исхрана. Нема врска тоа со книгите, туку со фактот дека мене тие не ми помагаат па не знам кој гуру да ги напишал. Плус, веројатно има дијагноза и за ова, ако видам повеќе од тројца во автобус како читаат иста книга во рок од една недела, нема шанси да ја фатам, да речеме дека од истите причини никогаш нема да ја прочитам таа со нијансите на сиво. Не прашувајте зошто.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrnЕ сега прашањето, зошто рецензија токму за „Патот кон величественоста“ (имево стварно не ми помогна да ја сфатам книгава сериозно) и од кај ми падна на памет да ви препорачам книга за self-help токму за последната среда и воедно последен ден од оваа 2014 година? Оваа година ми постави две-три квалитетен сопки морам да признаам, па и на нам најдобрите (ха,ха) некогаш ни се случува да паднеме малку и ете да си побараме помош на, барем за мене, помалку типични начини. Си реков, нема што да изгубам (освен драгоцено време посветено на Suits) и решив да ризикувам. Конечно дојдов до поентата дека не погрешив и дека книгата стварно вреди.rnrnrnrnИма нешто во овој Робин Шарма. Дали фактот дека воопшто не ја тупи со празни филозофии туку баш конкретно и концизно објаснува што има да каже, или поради тоа што често се критикува сам себе и не се поставува на пиедестал, не сум сигурна но не е ни толку важно затоа што ве дига буквално со првата страница. Не знам за претходните книги, ќе дознаам набрзо ветувам, но „Патот кон величественоста“ има мнооогу добри приказни од бизнис светот и од животите на интересни јавни личности. И кога него самиот не би го бивало за делење добри совети, човекот има неверојатна збирка од биографии и автобиографии од фаци кои вреди да се следат и доста нивни мудри мисли има инкорпорирано во самата книга. Робин Шарма е гласче што се всадува еднаш и тешко се откачува после. Дури цели два дена ми беше тешко да одложувам неодложни обврски поради него. 🙂 Еве неколку реченици кои имаа таков ефект врз мене:rnrn
„Не постои неважен ден.“rnrn„Просечните луѓе не трошат многу време на дополнително ангажирање. Но кој воопшто рекол дека вие сте просечни?“rnrn„Никој од исклучителните луѓе што сум ги обучувал не стигнал таму каде што е без да работи повеќе од другите.“rnrn„Бидете неверојатно енергични и лудо живи.“
rnНа оние кои се навлечени на неговата магија веројатно нема потреба да им објаснувам зошто книгава им треба. Ова е повеќе за тие меѓу вас кои ги скокаат полиците на кои нема трилери, научна фантастика, Џон Грин и срцепарателни приказни. Ризикувајте со книгава, а потоа ризикувајте уште повеќе во 2015 година. Се надевам дека ќе биде навистина величествена. Среќни празници!rnrnКнижарница ТРИ, ГТЦ, I кат тел: 02/3238-722 knizarnica@kniga.com.mkrnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 7 јануари 2015. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn