КАФЕ ПАУЗА

Tag: пакување

  • 9 неопходни нешта за совршено викенд патување

    9 неопходни нешта за совршено викенд патување

    Автор: Софија СионоваrnrnВикендот е одличен период за да исчезнете од бучавата и нервозите на место каде што би можеле да се опуштите. Но додека се стигне до летниот одмор и релаксирањето на плажа, за некои од нас има уште многу време. Затоа постојат малите викенд патувања. А пред да заминете, треба добро да ги спакувате сите потребни работи. Општо познат факт дека најлошиот дел од одморот е самото заминување, при што најмногу нѐ мачи старото познато прашање: „Што навистина треба да спакувам?“ Погледнете што сѐ би требало да се најде во куферот пред да заминете.rnrnWoman Trying To Close Overfilled Suitcase - Isolatedrn

    1. Обична црна маичка

    rnЦрната маичка е како кафе за вашиот гардеробер: најдобро е кога е црна, едноставна и без многу додатоци. Таа е важен дел од вашата облека, дури и кога временските услови не се најпогодни. Зошто црно? Затоа што во комбинација со правилните парчиња лесно можете да се извлечете без многу труд.rn

    2. „Бојфренд“ џинс

    rnВашите тесни фармерки искрено и не се најлесното парче за бројни комбинации. „Бојфренд“ џинсот се многу поповолна и подобра опција, а еве две причини зошто:rn

      rn011

    • Необични се.
    • rn011

    • Нивниот широк крој е многу поудобен при долги возења со авион, воз или во кола.
    • rn

    rn2-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mkrn

    3. Сандали од кафеава кожа

    rnОдлични за секојдневни прошетки. Удобноста е на прво место, а и неутралната боја изгледа одлично со сѐ (дури и со еднобојната црна маица).rn

    4. Шешир

    rnПланирате да се изложувате на сонце? Не заборавајте го шеширот! Не само што ќе го заштити лицето од штетните зраци, туку и го разубавува изгледот.rnrn3-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mkrn

    5. „Голи“ потпетици

    rnСпремни за вечерта! Не постои комбинација која шпиц штиклите во кожа боја не ја разубавуваат. Плус, од сите видови потпетици тие се најубави, затоа што ќе ве издолжат и ќе го истакнат вашето прекрасно КБФ (Што е КБФ? Прочитајте подолу.)rn

    6. Бел блејзер

    rnНишто не имплицира на летен шик како класичниот, струкиран бел блејзер. Наметнете го преку црната маичка со светло кафените потпетици и спремни сте за рефлекторите.rnrn4-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mkrn

    7. Кратко бело фустанче (КБФ)

    rnСите знаеме за КЦФ (краткиот црн фустан), но тука е и краткото бело фустанче. Го истакнува чоколадниот тен кој тешко се добива, а за транзиција од дневен во ноќен изглед потребна е само промена на чевлите.rnrn5-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mkrn

    8. Чанта со средна големина

    rnСупер за топлите летни денови. Одлична за носење на фотоапаратот, очилата за сонце како и џемперот (никогаш не се знае кога ќе залади).rn

    9. Плик чанта

    rnНема прилика каде што не се носи. Најубави се со забавен или графички принт за да додаде шаренило на монотоната комбинација.rnrn6-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mkrn

    Како да се спакувате?

    rn1. Запомнете дека сите работи кои ќе се најдат во куферот мораат да си одговараат меѓусебно за да можат лесно да се комбинираат. Помалку време покрај огледалото = повеќе време на плажа.rnrn2. На меките парчиња (тренерки, маички, џемпери) при пакување им треба помал простор, а на оние со погруби материјали (блејзери, фармерки, јакни) им треба повеќе место. За меките е подобро да се во долниот дел од куферот, завиткани во ролни, а погрубите здиплени во горниот. Така ќе имате повеќе исполнет простор, а и облеката нема да се изгужва.rnrn3. Најлесен начин за пакување на шапките е ставањето на предмети кои би спречиле нивно кршење. Најдобро место е во најдолниот дел од торбата. Над неа внимателно е најдобро да се стави меката облека околу рабовите на капата.rnrn4. Искористете го просторот во чевлите – балетанките и патиките имаат многу место кое што може да се искористи за чување на полнач за телефонот, чорапи, лакови за нокти, па дури и очила за сонце.rnrn5. Малите предмети како долната облека и пижамите можат да го пополнат празниот простор меѓу околу облеката.rnrn6. Блузите, фустаните и другите нежни парчиња облека треба да бидат на врвот од куферот.rnrn7. Избегнување на незгодни ситуации – при завршување на пакувањето ставете пластична кеса преку облеката и особено внимавајте да бидат покриени рабовите. Ако нешто се зафати кога го отворате вашиот куфер тоа ќе биде ќесата, а вашиот нежен фустан ќе биде целосно заштитен.rnrn8. Никако не заборавајте ги вашите креми за нега и маслата за сончање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одличен изум за брзо пакување и уште побрзо распакување

    Одличен изум за брзо пакување и уште побрзо распакување

    Хенри Вонг и Крис Куро се двајца студенти кои дошле до една брилијанта идеја благодарение на која процесот на пакување и распакување од картонски кутии драстично ќе се олесни. rnrnОдличен изум за брзо пакување и уште побрзо распакувањеОдличен изум за брзо пакување и уште побрзо распакувањеrnrnНивниот изум претставува парче картон кој лесно се склопува, се расклопува за секунда и може да се рециклира, односно повторно да се користи за други намени. Кутиите се згодни и за чување, бидејќи можат да се складираат во расклопена варијанта како не би зафаќале многу простор. Згора на сè, ова е и еко-проект, бидејќи за изработката на нивните кутии, се употребува за 15-20% помалку материјал што значи трошење на помалку дрво за нивното производство. Нели е генијално?rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?

    Како најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?

    Викендите ги користиме за максимално релаксирање и по можност бегање од градските гужви. Но поради разни прилики понекогаш сме приморани да понесеме повеќе козметички препарати кои може да зафатат многу место. Еве како практично да се спакувате истовремено заштедувајќи простор, но и понесувајќи го со себе сето она што ви е потребно.rnrnКако најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?rn

    Започнете со прецизен список за пакување

    rnНајважно е да бидете организирани. Запишете ги најосновните работи кои ви се потребни со цел да не заборавите ништо и да не понесете со себе работи кои непотребно ќе ви зафаќаат место.rn

    Коректорот во стик е задолжителен

    rnЌе ви помогне да ги прикриете темните кругови околу очите. Патувањето е напорно, па затоа и коректорот е секогаш добредојден. Може да ве спаси од многу неочекувани ситуации како појава на акни или подочници, а може и да ја замени пудрата.rnrnКако најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?rn

    Трикот со четките за шминка

    rnОна што ќе ви биде потребно е една голема четка за нанесување пудра или руменило, една четка за сенки и четка со закосени врвови со помош на која ќе ја нанесете црната сенка како моливче или туш за очи.rn

    Компактна пудра

    rnДоколку имате потреба од пудра, мудро е да вложите во компактна пудра со огледалце. Зафаќа помалку простор и е многу практична. Одберете камена пудра доколку имате мрсна кожа или потечна доколку имате сува кожа.rnrnКако најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?rn

    Играта на сенките за очи

    rnИако се викаат сенки за очи, не се само за очи. Паметен начин за заштеда на простор е купувањето повеќе нијанси во едно пакување. Обрнете внимание да бидат застапени следните нијанси:rn

      rn011

    • Бела или шампањ боја за да ги нагласите веѓите и јаболчниците на образите.
    • rn011

    • Сенка која се совпаѓа со бојата на вашата коса со чија помош ќе ги нагласите и ќе им дадете форма на веѓите (сторете го ова со четката за сенка).
    • rn011

    • Сенката во крем боја може да ја искористите за нагласување на контурите на носот.
    • rn011

    • Розова или праска боја наместо руменило.
    • rn011

    • Одберете боја на сенка која ќе ви послужи како основа и нанесете ја на целата површина по очните капаци. Вака ќе им дадете сјај на очите и ќе постигнете природен изглед. За ваква примена искористете светло кафеава боја или боја на праска.
    • rn

    rnКако најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?rn

    Спакувајте мостри и мини примероци

    rnМострите на кармини се совршени за патување. Не ви зафаќаат многу простор, а ја вршат истата функција. Исто, доколку сте во можност снабдете се со мостри од вашиот омилен парфем наместо да понесете цело шишенце. Мини примероците на шампон, регенератор, гел за туширање и лосион за тело навистина ќе ви завршат работа за викенд-патување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 работи што ѝ се потребни на секоја девојка за на летен одмор

    15 работи што ѝ се потребни на секоја девојка за на летен одмор

    Се пакувате за на одмор? Нели чувството е возбудливо и прекрасно? Пред вас се сончеви денови погодни за убави спомени кои ќе ги „фатите“ на слика. Но не заборавајте со себе да ги понесете најнеопходните и најпрактичните работи, особено оние кои ви се потребни за на плажа.rn

    Голема торба за на плажа

    rnГолема торба е нешто што секоја девојка треба да го има бидејќи собира сè што треба да понесете со вас на плажа. За да биде уште попрактична, одберете некоја со повеќе прегради, така што поважните работи веднаш ќе ви бидат на дофат. Ги има во многу дезени и модели, па најдете ја онаа која најмногу одговара на вашиот стил ова лето.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Костим за капење што ќе ви стои одлично

    rnДобриот и квалитетен костим за капење кој „се согласува“ со вашата форма на тело ќе придонесе да се чувствувате навистина самоуверено на плажа. Може да ви послужи за повеќе од една сезона, така што не треба да штедите и секако, одберете го внимателно.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Голем пешкир за на плажа

    rnОдберете голем и мек пешкир за на плажа со интересен дезен кој ќе го истакне вашиот стил.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Млеко за сончање со висок заштитен фактор

    rnБидете заштитени при сончањето и секогаш кога се пакувате за на одмор не заборавајте да понесете со себе млеко за сончање. Ќе ве заштити од штетните ултравиолетови зраци, од појава на брчки и изгореници од сонцето, и секако, ја хидрира кожата.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Разладувачки гел за после сончање

    rnГел од алое вера или слична состојка со разладувачки ефект навистина ќе ви помогне после многуте часови поминати под сонцето. Кога станува збор за разладување на кожата по сончање, наместо гел може да одберете и спреј. Сеедно, имајте го при рака на високите температури.rn

    Маст за потхранување на усните

    rnГрижата за усните во текот на летото не смее да се изостави. Со себе на одмор понесете го омиленото лабело или гроздова маст за да ги хидрирате усните и да го спречите оштетувањето од УВ зраците.rn

    Книги и списанија

    rnОдморот и излежувањето покрај вода се совршена прилика за читање. Понесете ги со себе омилените списанија и макар една книга.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Таблети против болки и мачнина

    rnНе, никој не го сака тоа на одмор, но имајте ги при рака чисто заради претпазливост. Ќе одите на нова територија, вашето тело ќе се соочи со различна клима и сосема поинаква храна. Консултирајте се со лекар или понесете ги со себе аналгетиците и таблетите кои обично ги консумирате кога ќе почувствувате мачнина.rn

    Очила за сонце кои ви стојат „убиствено“

    rnНе мора да бидат скапи, всушност пожелно е да не понесете со себе скапи очила за сонце кога одите на одмор бидејќи ризикувате да ги изгубите или скршите. Најважно е да ги носите со самодоверба и да ве заштитат од сонцето.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Пред плажа: спакувајте свежо овошје и зеленчук

    rnСвежото и сочно овошје, како и зеленчукот, ќе ве освежи и витаминизира додека сте изложени на сонце и ќе спречи дехидрација на организмот. Одбегнувајте тешка и брза храна на високи температури. Овошните и зеленчуковите салати се секогаш најдобри пријатели на вашето здравје. Уште една голема придобивка е тоа што многу овошја и зеленчуци содржат состојки кои ја хидрираат и заштитуваат кожата од сончевите зраци. На пример морковот ќе ви помогне да добиете подобар тен, грозјето има антиоксидантни дејства, а исто пожелно е да консумирате диња, ананас, лубеница, јагоди и сл.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Кокосово масло

    rnКокосовото масло може да го користите како продукт за коса и тело. Со нанесување на косата, особено на врвовите, ќе спречите појава на суви врвови и оштетена коса. Исто, може да го користите и како масло за тело бидејќи ја хидрира кожата и дава одличен мирис, а познато е и по антицелулитните својства. Со тоа заштедувате пари кои инаку би ги потрошиле на други продукти, како и место во вашиот куфер.rn

    Аксесоари за коса

    rnВисоки летни температури, плажа, сонце, слобода во вашиот стил на облекување. Аксесоарите за коса се секогаш добредојдени за време на летото. Одберете шарени и интересни додатоци за да не трошите време на правење фризури.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Заштитна маска за телефон

    rnПожелно е да потрошите некој денар за добра заштита на вашиот телефон со оглед на тоа што на песокот на плажите тој ќе биде изложен на оштетување.rn

    Шешир за заштита од сонце

    rnДали дамскиот шешир или спортското капче повеќе ја изразува вашата личност? Како и да е, понесете го со себе. Ќе ве заштити од силното сонце, а да не заборавиме дека е неизоставен моден додаток.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Удобни обувки

    rnОдберете лесни и удобни обувки, сандали и влечки за на плажа. Не потценувајте ја важноста на удобноста на вашето стапало.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одлично решение за транспорт на брза храна

    Одлично решение за транспорт на брза храна

    Во денешно време многумина се определуваат да купуваат храна од ресторани за носење, бидејќи навиките за јадење им се имаат променето поради набиениот распоред во денот и брзиот начин на функционирање.Одлично решение за транспорт на брза хранаОвој дизајн е креиран од страна на студенти и претставува перфектно решение за сите ресторани за брза храна, бидејќи на многу практичен начин можат да ги пакуваат нарачките за бургерите кои ги нудат. Во овој дизајн има предвидено место за помфритот, бургерот, сокот, па дури и за цевката.Одлично решение за транспорт на брза хранаОва решение за храната за носење е практично од секој аспект и со него се заштедува и на материјалот за пакувањето за носачот. Решението е компактно, уредно и многу практично, а најдоброто е што е лесно за транспорт.Одлично решение за транспорт на брза храна
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кондом кој се отвора само со една рака

    Кондом кој се отвора само со една рака

    Ниеден пар не ги сака оние моменти, непосредно пред самиот почеток на сексуалниот чин, кога машкото треба да посегне по презервативот. Тие неколку секунди додека тој го извлече кондомот од непрактичната кесичка, можат и тоа како да го убијат нивното сексуално расположение, кое требало да се одвива спонтано.Кондом кој се отвора само со една ракаЗа таа цел, британскиот дизајнер Бенџамин Павл, смислил пакување за кондом, кое може да се отвори само со една рака. Тој смета дека овој концепт би требало да им ја зајакне самодовербата на партнерите, како и да им го зголеми чувството на задоволство и опуштеност, кога тоа е најмногу потребно.rn
    rn

    Зошто кондомот да претставува отежнувачка околност за време на сексот?“ – додава Бен

    rnИнаку, концептот е многу едноставен, бидејќи на едната страна на пакувањето се наоѓа перфорација, која овозможува да го отворите со помош на два прста.rnrnБен признава дека на неговиот студентски проект му е потребно понатамошно усовршување, пред да може да се најде во продажба низ трафиките, но сепак прототипот на неговиот изум е вреден за внимание. Неговиот дизајн ќе биде претставен на претстојниот лондонски фестивал на дизајни. rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Оригинални амбалажи на неколку кафе-брендови

    Оригинални амбалажи на неколку кафе-брендови

    Пакувањето на еден од најпопуларните пијалаци во светот, кафето, отсекогаш бил клучот за привлекување на што повеќе купувачи. Луѓето покрај тоа што сакаат да пијат убаво кафе, тие сакаат тоа да има и убава и практична амбалажа.Оригинални амбалажи на неколку кафе брендовиСо оглед на фактот дека постојат илјадници компании за производство на кафе, добар дел од нив се трудат да привлечат внимание, не само со квалитетот  на нивниот продукт туку и со дизајнот на пакувањето. Ова се само мал дел од неколку светски кафе-брендови кои се погрижиле нивната амбалажа да се двои помеѓу останатите.Оригинални амбалажи на неколку кафе брендовиОригинални амбалажи на неколку кафе брендовиОригинални амбалажи на неколку кафе брендовиОригинални амбалажи на неколку кафе брендовиОригинални амбалажи на неколку кафе брендовиОригинални амбалажи на неколку кафе брендовиОригинални амбалажи на неколку кафе брендовиОригинални амбалажи на неколку кафе брендовиОригинални амбалажи на неколку кафе брендовиОригинални амбалажи на неколку кафе брендовиОригинални амбалажи на неколку кафе брендовиОригинални амбалажи на неколку кафе брендовиОригинални амбалажи на неколку кафе брендовиОригинални амбалажи на неколку кафе брендовиОригинални амбалажи на неколку кафе брендовиОригинални амбалажи на неколку кафе-брендовиОригинални амбалажи на неколку кафе-брендови
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Врвно дизајнирани амбалажи на продукти

    Врвно дизајнирани амбалажи на продукти

    Психологијата на човечкиот ум, секогаш нè тера да го одбираме продуктот кој има најинтересна и најкреативна амбалажа. Па така, попрво би одбрале некој полош продукт бидејќи има интересна амбалажа, отколку лошо спакуван, со многу подобар квалитет.rnrnОва се примери за оригинално замислени амбалажи на продукти, кои сигурно успеале да им донесат многу добар профит на компаниите.rn

    1. Јапонско колаче

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrn

    2. Слушалки „Нота“

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrnrnОдлично спакуван продукт, кој ја отсликува фирмата која ги произведува. Забавно прикажаниот продукт со сигурност ќе му падне во очи на секој заинтересиран купувач.rn

    3. Шпагети „Њујорк“

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrnrnОригинална идеја на дизајнерот Алекс Кремер, кој со помош на шпагетите претставува еден од најпрепознатливите облакодери во светот „Емпаер Стејт Билдинг“.rn

    4. Природен кујнски прибор

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrnrn„Scanwood“ е најголемиот дански производител на кујнски прибор од дрво. Тие своите производи ги пласираат на пазарите ширум Европа и на Блискиот Исток. Преку овој дизајн, на нивната амбалажа тие сакаат да прикажат дека нивните продукти се направени од природни материјали и се направени преку процес кој не ја загрозува природата.rn

    5. Отмено месо

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrnrnВратоврската-пеперутка на дизајнот на „Parkinson“ ја претставува отменоста и високата класа на Англичаните.rn

    6. Мед на познатиот производител „Klein Constantia“

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrnrnБелата кутија претставува сандак за чување пчели. Од напред го има златното лого на компанијата, а може да се забележат и „шајките“ и „штиците“ од кои е направен сандакот. Кога ќе ја отворите кутијата, однатре паѓаат мали пчели направени од хартија, кои ги има и на внатрешниот дизајн на кутијата.rn

    7. Овошното пакување на „Смирноф“

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrnrnПотсетете се на овој интересен дизајн.rn

    8. Брзо овошје

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrnrnДизајн кој претставува вистинска овошка пресечена на половина. Едноставниот дизајн е надополнет со интересно лого, за кое е искористена буквата „Q“.rn

    9. Путер со ноже

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrnrnФеноменална замисла која воедно е и многу корисна и практична, бидејќи во многу ситуации може да се случи да не ни се наоѓа прибор при рака, па ова малечко ноже кое е составен дел од амбалажата може да заврши голема работа.rn

    10. Секси кибрит

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrn

    11. Чаша вино

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrnrnДизајнерите смислиле нов начин на пакување на виното. Оваа чаша е наречена „лале“ е направена од пластика, а преку неа со едноставно отстранување на заштитната фолија, виното веднаш може да биде послужено. Амбалажата овозможува виното да остане со врвен квалитет една година.rn

    12. Гуми за џвакање

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrn

    13. Оригинален албум

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrnrnДизајнот на ова це-де е нарачан од литванскиот бенд „SHIDLAS“ за нивниот албум наречен „Saliami Postmodern“. Неговиот омот е вакумиран и изгледа како да треба да го купите од месарница.rn

    14. Апчиња за варење тешка храна

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrnrnЦелта на овие апчиња е на купувачите да им докаже дека помагаат при варењето на тешката храна.rn

    15. Енергетски пијалак

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrnrnШишето во форма на сијалица ја симболизира енергијата која таа ја пренесува, исто како што пијалакот ќе дејствува врз вас.rn

    16. Овесен појадок

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrnrnПакување кое овозможува брзо истурање на овесните снегулки во чинија. Во него има доволна количина на овесни снегулки, шеќер и малку сол. Идејата на слоганот „BREAK FAST“ е да има двојно значење и да ја претставува брзата подготовка на оброкот, а преку спојување на двата збора да се добие зборот „појадок“ на англиски.rn

    17. Овошни шамичиња

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrn

    18. Чајче со бродче

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrnrnОвој дизајн е создаден за да се избегне несаканото пропаѓање на целата кесичка со сè кончето на дното од шолјата. Вака бродчето ќе плови на површината, а вие во секој момент ќе можете да го извлечете неговото „сидро“.rn

    19. Кеси за патики

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrn

    20. Инвентивни маички

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти21 врвно дизајнирани амбалажи на продукти21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrnrnПакувањето на овие маички ја симболизира вистинската амбалажа на продуктот претставен на нив.rn

    21. Форд на кибрит

    rn21 врвно дизајнирани амбалажи на продуктиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Инвентивен дизајн – чекор поблиску до успех

    Инвентивен дизајн – чекор поблиску до успех

    Пакувањето односно обвивката на производот е една од најглавните цели на маркетинг стратегијата на големите фирми, за да го направат својот продукт гламурозен и да го привлечат вниманието на купувачот. Ова е селекција на неколку прекрасни пробни дизајни, концепти и неколку дизајни кои навистина се употребени и кои можеле да се најдат на рафтовите во продавниците. Како и да е, сите претставуваат одличен пример за успешна дизајнерска замисла и за тоа каков прв впечаток треба да остави еден производ.Инвентивен дизајн, чекор поблиску до успехИнвентивен дизајн, чекор поблиску до успехИнвентивен дизајн, чекор поблиску до успехИнвентивен дизајн, чекор поблиску до успехИнвентивен дизајн, чекор поблиску до успехИнвентивен дизајн, чекор поблиску до успехИнвентивен дизајн, чекор поблиску до успехИнвентивен дизајн, чекор поблиску до успехИнвентивен дизајн, чекор поблиску до успехИнвентивен дизајн, чекор поблиску до успехИнвентивен дизајн, чекор поблиску до успехИнвентивен дизајн, чекор поблиску до успехИнвентивен дизајн, чекор поблиску до успехИнвентивен дизајн, чекор поблиску до успехИнвентивен дизајн, чекор поблиску до успехrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Едноставно пакување на производи од познатите брендови

    Едноставно пакување на производи од познатите брендови

    „Less is more“ или на македонски „помалку е повеќе“ е реченица по која се водат некои познати компании при дизајнирање на пакувањата за нивните производи. Погледнете како изгледа симплифицираното пакување на некои од познатите производи кои секојдневно ги користиме. Тие се создадени како експеримент од страна на Antrepo, со кој се потврдува ова познато дизајнерско правило.rn

    Која варијанта би ве привлекла вам на полиците во супермаркетите?Едноставно пакување на производи на познатите брендовиЕдноставно пакување на производи на познатите брендовиЕдноставно пакување на производи на познатите брендовиЕдноставно пакување на производи на познатите брендовиЕдноставно пакување на производи на познатите брендовиЕдноставно пакување на производи на познатите брендовиЕдноставно пакување на производи на познатите брендовиЕдноставно пакување на производи на познатите брендовиЕдноставно пакување на производи на познатите брендовиЕдноставно пакување на производи на познатите брендови