КАФЕ ПАУЗА

Tag: пациент

  • Изјава на пациентка со фибромиалгија: Јас сум многу повеќе од мојата хронична болест

    Изјава на пациентка со фибромиалгија: Јас сум многу повеќе од мојата хронична болест

    Во нашето постоење секогаш бараме начини за да се идентификуваме себеси. Еден начин за да бидеме уникатни е токму тоа – идентификација преку ставање на различни епитети. Такви епитети можат да бидат: „забавен“, „паметен“, „убав“, „спортски тип“, „креативен“ итн. Но, една пациентката на која ѝ е дијагностицирана фибромиалгија вели:rn

    „Не сакам да бидам идентификувана како ‘девојката со фибромиалгија’, ‘девојката која секогаш има болка’ или ‘девојката која е секогаш уморна’.“

    rnrnrnПрочитајте го нејзиното отворено писмо во кое со сигурност ќе се пронајдат сите што страдаат од хронична болест или болка.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnЈас сум многу повеќе од мојата болка.rnrnПовикај ме да одиме на кампување или на прошетка. Покани ме да поминеме цел ден во шопинг или предложи да шетаме низ градот. Не се плаши да ме прегрнеш или нежно да ме допреш со раката после некоја шега. Драго ќе ми биде да бидам гостин на забавите што ги организираш во твојата куќа. Зошто да не одиме на пикникот кој отсекогаш го сонуваше? Ајде да го направиме тоа! Би сакала да гледам фудбалски натпревар, ајде да купиме билети.rnrnИмам толку многу интереси. Сакам да готвам и да возам велосипед. Опседната сум со мојот готвач на пареа. Обожавам да учам за различни луѓе и култури. Генерално, го сакам учењето. Научи ме нешто. Животните ми се опсесија, а посебно кучињата, мачките, диносаурусите… Мојата омилена боја е црна. Такво е и кафето што го пијам. Сакам пица, крилца и пиво. Посетувам различни пиварници. Ајде да скокнеме до бар и да одиме некаде да јадеме.rnrnЈас вежбам колку што ми дозволува телото. Вежбам јога, се движам и кревам лесни тегови. Следам и различни програми за вежбање со вежби кои можат да се изведуваат во домашни услови. Работам со телото иако некои денови ми се чини дека тоа работи против мене.rnrnЈас сум многу повеќе од мојата хронична болест. Јас сум интелигентна, амбициозна и одлучна. Поминав низ многу потешкотии, но сега сум посилна отколку што мислев дека е возможно. Јас сум незапирлива, забавна и грижлива. Можам да ги разберам туѓите чувства, а сум креативна и дарежлива. На мене можеш секогаш да се потпреш и сум организирана. Јас правам работи и сум мислител, но и сум интроверт.rnrnЈас сум ќерка, сестра, тетка, братучетка и мајка на мачка. Јас сум пријател и секогаш сум тука за моите пријатели и за моето семејство. Знам дека ќе има добри и лоши денови, но на моето рамо ќе можеш да се потпреш секогаш. Правам шеги и давам совети. Јас сум спортски фан и викам додека гледам фудбалски натпревар на ТВ кога мојот тим губи. Останувам доцна навечер во недела или понеделник за да гледам фудбал. И одам на бејзбол за време на сончевите попладниња.rnrnРаботам напорно и одам на состаноци. Размислувам и учам. Доживувам порази и победи. Имам кариера на која напорно работам. Јас не сум мојата хронична болест. Јас сум човек кој живее со хронична болест.rnrnНаучив да го слушам моето тело и да соработувам со болката наместо да дозволам болката да го контролира мојот живот. Научив да наоѓам баланс. Можам да направам разлика помеѓу добра и лоша болка. Знам кога да дадам многу повеќе, а кога да се повлечам. Да, постојат и моменти кога не можам да се појавам поради мојата болест и кога ќе речам „Не“. Но, те молам, немој да прекинеш да ме повикуваш. Немој тоа едно „Не“ да направи да не ме гледаш како нормална личност.rnrnЗапознај ме мене, не само мојата болест. Ајде да зборуваме за нашите семејства, хобија и интереси. Да ги споделиме нашите пасии. Кажи ми ја најдобрата шега што ти ја кажал татко ти и кажи некоја игра со зборови. Кое е најсрамното нешто што некогаш ти се случило? Доколку сакаш да научиш нешто за мојата фибромиалгија со задоволство ќе зборуваме за неа, но те молам не заборавај дека постојат многу други поважни нешта за мене.rnrn[/message_box]rnrnПогледнете ги и овие 12 типови болка кои се директно поврзани со емоционалните состојби.

  • Се плашите ли од вашиот стоматолог?

    Се плашите ли од вашиот стоматолог?

    Гостински пост: д-р Гоце КрстиновскиrnrnВо САД, пресметале дека 50% од населението има некаков страв од стоматолошки интервенции. Од нив, околу 40 милиони луѓе се опишани како „дентофобици“, лица кои го запоставуваат денталното здравје како резултат на стравот од стоматолог. Колкав ли е тој процент кај нас?Се плашите ли од вашиот стоматолог?Контролата на тој страв е предизвик дури и за современата стоматологија. Обидите да се обезбеди безболност на процедурите ја создале денталната анестезија, а потоа, се појавил страв и од неа!rnrnОд првата употреба на воден раствор на кокаин, за анестезирање на заби во долната вилица, во 1800 година, се чини дека сетот од шприц и игла не еволуирал многу…rnrnНе сосема… Постои апарат кој целата процедура на анестезирање во устата ја носи на едно сосема поинакво ниво. Тоа е систем за компјутерски асистирана анестезија, кој со помош на сензори за контрола на притисок го вбризгува анестетикот во посакуваното место. Се плашите ли од вашиот стоматолог?Уште подобри вести за оние плашливите: компјутерот го чувствува движењето на малата игла низ ткивото и испушта капки анестетичко средство пред неа, така што таа секогаш врви низ претходно анестезирано подрачје.Се плашите ли од вашиот стоматолог?Во многуте клинички студии, пациентите кои ги примиле двете, и традиционалната и компјутерската анестезија, изјавиле дека не би се вратиле на стариот начин на анестезирање. Зборот со којшто најчесто било опишано чувството при компјутерски асистираната анестезија бил: „удобно“.rnrnПа, можеби кога ќе одите на следна посета кај стоматологот, нема да го имате тоа грозно чувство во стомакот!Се плашите ли од вашиот стоматолог?rnrnАвторот е специјалист по орална хирургија и имплантологијаrnконтакт-имејл: gocebt23@yahoo.comrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и вашето здравје

    Астрологијата и вашето здравје

    Освен тоа што хороскопскиот знак го одредува вашиот карактер, сложувањето со околината, вашиот избор на професија и партнер, тој може да ви ги посочи и слабостите и предностите и кога е во прашање вашето здравје.rnrnАстрологијата и вашето здравјеrn

    Овен

    rnОвните најчесто патат од главоболка, мигрена, невралгија, несоница, а се случува и да паднат во несвест. Припадниците на овој знак најлесно се разболуваат ако нивниот живот е исполнет со монотонија, ако имаат егзистенцијални проблеми или поради постојаното планирање на иднината, што неминовно лошо се одразува токму на нивниот нервен систем. Меѓутоа овните се многу снажни, па повеќето болести ги поминуваат на нозе, но не сфаќаат всушност дека со тоа си прават огромна услуга. За да не се случи еден ден да имаат проблеми со хронични болести, би требало да реагираат штом ќе забележат и најмали знаци на замор, исцрпеност, болки или какви било тегоби.rn

    Бик

    rnБиковите честопати имаат проблеми со органите за дишење, понекогаш патат од астма, бронхитис, чести воспаленија на грлото, а поради нивниот хедонистички начин на живот, тие се склони и кон кардиоваскуларни заболувања, чир и слично. Колку што се заљубени во самите себе, тие толку го сакаат и животот, па поради тоа им е тешко да се придржуваат кон какви било режими на исхрана, вежби или терапии, што може да им донесе проблеми на здравствен план. Биковите не поднесуваат да бидат болни и да лежат во кревет и често негираат дека имаат здравствен проблем. Падот на имунитетот кој е предизвикан од преголем напор и стрес, често е причина за некоја болест кај припадниците на овој знак.rn

    Близнаци

    rnНајчести проблеми близнаците имаат во горниот дел од телото, како што се  рамениците и рацете, но имаат проблем и со болести на нервниот систем. Честопати ги мачи упорна кашлица, астма, фрактури на коските или некое психичко заболување. Самотијата, неприфатеноста и неразбирањето често им создава притисок кој потоа негативно се одразува на нивната здравствена состојба. Близнаците спаѓаат во тешки пациенти, бидејќи мислат дека можат да оздрават веднаш по земањето на лекот, ги занемаруваат симптомите на болеста, а им се случува и да заборават да ја земат терапијата навреме или едноставно да ја прекинат тогаш кога мислат дека оздравеле.rn

    Рак

    rnРаковите можат да имаат проблеми со дигестивниот тракт и со видот. Лошото варење на храната и чирот се главните маки кога е во прашање нивното здравје. Тие се емотивни личности, што честопати негативно се одразува на нивното здравје, бидејќи ја потиснуваат и чуваат нервозата во себе, па наместо да се нервираат тие, се нервира нивниот желудник. Класичната медицина нема многу да им помогне, доколку не се опкружени со луѓе кои ги сакаат и се грижат за нив. Раковите можат по малку да се однесуваат како хипохондри, па ако еднаш кивнат, веднаш трчаат на лекар.rn

    Лав

    rnЛавовите можат да имаат проблеми со ’рбетот, видот и со кардиоваскуларниот систем, па затоа најчесто се жалат на проблеми со очите, болки во половината и ’рбетот и неправилна работа на срцето (забрзано чукање). Бидејќи припадниците на овој знак се навикнати многу да работат и да се трошат, немаат баш многу време да се грижат за себе и за своето здравје, што може скапо да ги чини ако долго ги запоставуваат симптомите. Освен тоа, одењето на лекар за нив претставува знак на слабост. Губењето на работното место, загуба на член од семејството или некој друг стрес кој влијае на нивното его, може да предизвика болест кај лавовите.rn

    Девица

    rnПедантните девици ги мачат проблеми со дигестивните органи и стомакот, па најчесто патат од грчеви, како и болести поврзани со црниот дроб и жолчката, а може да се јави и камен во бубрегот и жолчната кеса. Меѓутоа, тоа што ги одвојува од другите знаци, е што се редовни кога се во прашање контролните прегледи, па и при најмал знак дека нешто не функционира како што треба во нивниот организам, одат на лекар по совет. Тие се послушни пациенти и доследно ги следат советите и упатствата од лекарот, а честопати и сами се информираат за својата болест преку консултации и литература. Девиците стануваат подложни на болести кога се чувствуваат бескорисно и неефикасно.rn

    Вага

    rnВагите мораат да обратат повеќе внимание на долниот дел од ’рбетот, хормонскиот статус на целиот организам, како и на уринарниот тракт, а најчести болести што се јавуваат кај овој знак се лумбаго (болки во крстот), циститис, проблеми со бубрезите и грчеви. Бидејќи тежнеат кон хармонија и не поднесуваат конфликти, тие многу нешта кријат во себе, па како последица на тоа кај нив можат да се јават психоматски заболувања. Поради тоа во нивното лечење, покрај конвенционалната медицина може да има потреба и од совети од психолог или психотерапевт. Советите од лекарот ќе ги послушаат доколку таа личност им е пријатна и симпатична. Недостатокот на љубов за вагите може да биде клучен поттикнувач за развиток на некоја болест, бидејќи тие имаат потреба да сакаат и да бидат сакани.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите на прв поглед делуваат дека имаат јак имунолошки систем, но всушност тие се подложни на заболувања на гениталниот и уринарниот тракт, а често ги мачи и варењето на храната. Скорпиите се ноќен кошмар за лекарите, бидејќи како што се таинствени кон другите, такви се и кога одат на преглед, па на лекарот честопати не му ги објаснуваат сите симптоми. Меѓутоа имаат челична волја што им помага да бидат истрајни кога е нивното закрепнување во прашање, па  така тие не се откажуваат сè додека не се почувствуваат сосема здрави. Нивното здравје и имунолошкиот систем можат да бидат загрозени кога ќе се соочат со некоја голема загуба, но и кога во нивниот живот нема доволно мистерија и возбуда.rn

    Стрелец

    rnПрипадниците на овој знак, особено женските, честопати ги мачи упорниот целулит на бедрата и задникот, но кога се во прашање сериозните заболувања тие се склони кон кршење на коските и други повреди. Кога се болни вообичаено се потпираат на својот вроден оптимизам дека наскоро ќе им биде подобро и дека ќе ја победат болеста. Добро соработуваат со лекарите и ги слушаат нивните совети, но токму поради оваа причина им се препорачува внимателно да ги одбираат своите лекари, бидејќи понекогаш умеат премногу да им веруваат. Кога ќе им се урнат идеалите или кога ќе ги изневери некоја блиска личност стануваат особено подложни за развој на некоја болест.rn

    Јарец

    rnАртритисот, реумата, честата појава на кариес, разни кожни заболувања како што е егземот, е она што на здравствен план им задава најмногу маки на јарците. Сепак тие се ретко болни, но и кога ќе се разболат не се жалат, туку храбро го поднесуваат тоа. Бидејќи не сакаат да зависат од ништо и од никого, се трудат што побргу да ја завршат својата терапија, а и како пациенти се послушни, но само затоа што сакаат што побргу да му се вратат на својот вообичаен живот. Сакаат отворено и трезвено да им се соопшти здравствениот проблем, бидејќи и самите сакаат да остават таков впечаток, иако во суштина се многу чувствителни.rn

    Водолија

    rnВодолиите имаат проблеми поврзани со циркулацијата или мускулното ткиво, спортски повреди и проширени вени. Како пациенти се љубопитни, па сакаат детално да им се објасни зошто се разболеле и на кој начин можат да оздрават. Доследно се придржуваат до препишаната терапија, но проблем е тоа што можат да забораваат да појдат на контрола, па затоа се случува болеста да се повтори. Неизвесна состојба на работното место, љубовно разочарување или губење на независноста, се стресови кои го слабеат имунолошкиот систем на водолиите.rn

    Риби

    rnБактериските и вирусните инфекции се редовна појава за рибите, кои можеби во однос на сите знаци имаат најчувствителен имунолошки систем. Не се идеални пациенти, бидејќи умеат да се занемарат себеси и своето здравје, а кога се болни очекуваат големо внимание и нега од луѓето што се покрај нив. Нивните болки често се одраз на нивната несигурност и страв. Имаат склоност да земаат повеќе лекови отколку што е потребно, па  затоа треба да обратат внимание на тоа да ја земаат само терапијата препишана од лекар. Рибите имаат чувствителна природа и какви било ограничувања можат да доведат до психоматски заболувања.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.