КАФЕ ПАУЗА

Tag: паб

  • Ретро-футуристички паб кој ве води во светот на фантазијата

    Ретро-футуристички паб кој ве води во светот на фантазијата

    Веднаш штом го пречекорите прагот на влезот од пабот „Joben Bistro“ ќе се најдете во неверојатен свет на фантазијата. Овој паб кој се наоѓа во Романија, е уникатно дизајниран од страна на студиото „6th Sense“ така што изгледа како да е директно извлечен од страниците на Жил Верн или Х. Г. Велс. Тој е поделен на 3 простории во кои има мрежа од театарски инсталации и интересно дизајнирани елементи кои го прават овој паб исклучително креативен, но и удобен.rnrnРетро футуристички паб кој ве води во светот на фантазијатаrnrnОна што навистина го прави овој паб неверојатен и иновативен е степенот на детали кои се инспирирани од научната фантастика, поточно од стимпанк (област од научната фантастика која вклучува парни машини). Целиот дизајн во просторот има свој допир на псевдо-Викторијански стил или ретро-футуристички. За љубителите на научната фантастика и фантазијата, овој паб е совршеното место за посета. Погледнете.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • На пијачка со хобитите

    На пијачка со хобитите

    Ако некогаш тргнете по патот кој го минуваа хобитите во трилогијата „Господарот на прстените“, а ќе го минуваат и во „Хобитот“, сега имате место каде да се одморите од долгиот пат. Пабот на Зелениот змеј (Green Dragon Pub) во Нов Зеланд е местото наменето за „да се напиете, да поразговарате и да си ги одморите влакнестите нозе“.На пијачка со хобититеПабот се наоѓа во Хобитон, локација на која се снимани делови од трилогијата. Уреден е во духот на Средната Земја од страна на тим од 80 работници предводени од уметничкиот директор Брајан Маси. Тој е вметнат како последен дел од туристичката тура во овој живописен крај за да можат посетителите на мира да се напијат пиво, вино или јаболково вино.На пијачка со хобититеНа пијачка со хобититеНа пијачка со хобититеНа пијачка со хобититеНа пијачка со хобититеНа пијачка со хобититеНа пијачка со хобититеНа пијачка со хобититеНа пијачка со хобитите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Секогаш е сончево во Филаделфија (It’s Always Sunny in Philadelphia)

    Секогаш е сончево во Филаделфија (It’s Always Sunny in Philadelphia)

    Автор: Марија СмокварскаrnrnПриказна за четворица пријатели кои се справуваат со животот на еден сосема необичен и комичен начинrnrnСекогаш е сончево во Филаделфија (It's Always Sunny in Philadelphia)Главни ликови: Чарли Деј, Кејтлин Олсон, Глен Хауертон, Роб Мекилхени, Дени де ВитоrnrnЖанр: комедија, ситкомrnrnВреметраење: 21 мин.rnrnПремиера: 4 август 2005rnrnЈазик: англискиrnrnБрој на сезони: 6rnrnОфицијален веб-сајтrnrnОценка на IMDB: 9.5rnrnНаша оценка: 10rn
    rn


    „Секогаш е сончево во Филаделфија“ е една сосема поинаква серија која изобилува со тотално различни елементи на хумор од сите досега видени. Се работи за четворица млади луѓе и постар татко кои поседуваат паб во јужна Филаделфија каде што го минуваат поголемиот дел од денот. Во нивните секојдневни ситуации се користат со секакви уцени, закани и манипулација за да го добијат посакуваното. Тие се нечесни и несовесни, често коваат заговор еден против друг за лична корист или едноставно за забава. Секоја епизода обработува многу контроверзни теми, како на пример политички и социолошки прашања (контрола на оружје, абортус, стероиди, малолетничко пиење, здравствена заштита и др.) кои се обработени на ироничен и комичен начин.


    rn
    rn

    rnПриказна: Чарли, Мек, Ди, Денис и Френк се обидуваат да го најдат својот пат во светот на возрасните, во работата и односите. За жал, нивните неосновани ставови и несигурни пресуди често им носат голем број проблеми и непријатни ситуации кои најчесто се влошуваат пред да станат подобри. Денис и Ди се брат и сестра, близнаци, кои, верувале или не, воопшто не се однесуваат така бидејќи често се навредуваат и си создаваат проблеми еден на друг. Израснати се од Френк за кој дознаваат дека всушност не е нивниот биолошки татко. Мек е цимер на Денис на кој единствената окупација во животот му се згодните девојки, забавата и алкохолот.Секогаш е сончево во Филаделфија (It's Always Sunny in Philadelphia)Секогаш е сончево во Филаделфија (It's Always Sunny in Philadelphia)Чарли пак, е еден интересен лик кој не знае да чита, а помалку да пишува и е заљубен во келнерката која работи во барот од спротивната страна на улицата 🙂Секогаш е сончево во Филаделфија (It's Always Sunny in Philadelphia)Тој работи како хигиеничар во барот. Меѓутоа зборот „работи“, кога е во прашање Бандата (Tthe gang), како што сами сакаат да си се нарекуваат, не треба да се земе здраво за готово. Не само што ниедна работа што ја започнале не ја завршиле, туку при самиот процес прават само невидени збрки и забуни кои често резултираат со емоционална и физичка болка, за нив и за сите во нивната околина.Секогаш е сончево во Филаделфија (It's Always Sunny in Philadelphia)Секогаш е сончево во Филаделфија (It's Always Sunny in Philadelphia)Серијата во многу наврати доаѓа до границата на „лошиот вкус” ( понекогаш и ја преминува), но содржи доволно сатира за да се извлече од тоа. На пример: во една од епизодите Мек и Денис се вклучуваат на анти-абортус движењето, само за да се врткаат околу убавите девојки. Мек ја дава целосната поддршка во сите протести кои ги организираат, меѓутоа една вечер ќе заврши со една од девојките, која пак му вели дека останала бремена. А тој пак без многу размислување: „Мора да го абортираш!“ Ваков тип на иронија тече низ секоја епизода.Секогаш е сончево во Филаделфија (It's Always Sunny in Philadelphia)rn

    Цитати:rn.

    rn

    (во ресторан) rnЧарли: Оооо Денис, погледни, на вратата пишува pirate (пират). Се кладам дека има пирати што живеат внатре!rnДенис: Научи да читаш, пишува private (приватно). Страшно Чарли, страшно!

    rn

    Чарли: Јас сум тој што сум.rnМек: Епа обиди се да не бидеш ти за да фатиме некој девојка.

    rn

    Ди (му се обраќа на Френк): зашто не умреш и да ни ги оставиш парите на нас?

    rn

    Секогаш е сончево во Филаделфија (It's Always Sunny in Philadelphia)

    rn

    Неколку интересни факти за серијата:

    rn

      rn011

    • Дени Де Вито за само 20 дена ги снимил сите епизоди од втората сезона.
    • rn011

    • Чарлиевиот воен костим од епизодата „Charlie gets cripled” е дизајниран според Рон Ковиц кој бил писател и протестант во Виетнамската војна.
    • rn011

    • Чарли и келнерката (Мери Елиз Елизабет) во вистинскиот живот се во брак.
    • rn011

    • По првата сезона, серијата била на само чекор од откажување. За среќа, продуцентите од продуцентската куќа FX, во последен миг одобриле средства за снимање. Иронично, денес е една од најпопуларните комедии во Америка.
    • rn011

    • Според Глен Ховертон, првичното име на серијата било Морони (Jerks).
    • rn

    rnКога и како да ја гледате: Земајќи го предвид фактот дека серијата изобилува со хумор, сатира и многу иронија, може да ја гледате во кое било време бидејќи ќе ве насмее во секој дел од денот. Можете да поканите некој пријател кој го сака тој тип на хумор и верувајте времето брзо ќе  ви помине.Секогаш е сончево во Филаделфија (It's Always Sunny in Philadelphia)Слични серии:Arrested development“, „30 Rocks“, „Grounded for life