Двајца овчари кои сакаат да станат терористи
rn
Режија: Мишел ЈунrnrnУлоги: Жозе Гарсија, Мишел Јун, Изабел ФунароrnrnВреметраење: 94 минутиrnrnЈазик: францускиrnrnПремиера: 20 февруари 2014rnrnЖанр: комедијаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rnМузафар и Феруз се двајца овчари од Табулистан, мала држава во средна Азија чие ниво на развој е соодветно на средниот век. Иако има чуден диктатор и уште неколку, според западни критериуми, неубави карактеристики како и своите соседи Авганистан и Киргистан, сепак никој на светот не знае за малиот Табулистан. Фрустриран од тоа, синот на диктаторот решава да ги испрати двајцата овчари во терористичка мисија во Франција каде што треба да ја срушат Ајфеловата кула и да се расчуе за малата азиска нација.rnrn
rnrnМузафар и Феруз не се зли луѓе, но се доволно наивни за да го прифатат барањето на власта. По краток тренинг заминуваат со авион за Париз. За нивна несреќа, поради одредени проблеми авионот мора своето патување да го заврши на Корзика, па пред двајцата неснаодливи овчари сега е предизвикот да го најдат патот до Париз.rnrn
rnrnМузафар и Феруз се толку изгубени што дури не знаат ни дека се во Франција. За нивна среќа налетуваат на една амбициозна новинарка која смета дека тие се обесправени мигранти. Сакајќи во нивно име да ја истера правдата, таа ќе ги поведе со себе на патување околу земјата со Париз како крајна дестинација.rnrn
rnrnПри тоа филмот го пренагласува културниот диверзитет на Франција и многубројните стереотипи кои важат во земјата. Дел од хуморот во филмот се базира токму на тоа, но најмногу на наивноста на табулистанските овчари-терористи. „Да живее Франција“ можеби помалку ќе ве потсети на „Диктаторот“, но не е толку добар. Можеби ќе ве потсети и на „Борат“, но не омаловажува никого. Не е најсмешниот филм кој досега се појавил, но поседува доволна доза хумор за да понуди добра забава.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Еве неколку од светски најпознатите бушави кучиња, а на крајот има и 









За кучиња со средно или долго влакно, треба да започнете со четкање со помош на прскалка со млака вода. Не се препорачува чешлање додека влакното е суво бидејќи полесно се оштетува и опаѓа. Секогаш треба да користите специјална четка за чешлање која помага да се отстранат и некои тревки или гранчиња од влакното. Ако, пак, има некој дел што е премногу заплеткан, подобро е да го отстраните со ножици.
Пред да започнете со процесот, треба да се осигурате дека сите препарати за неговото капење ви се на дофат. Обидете се да го капете вашето куче што почесто, да може полесно да се навикне. Водата треба да биде млака и треба да се осигурате дека кучето е целосно мокро, не само влажно. Нанесувањето на кучешки шампон треба да почне најпрво од нозете, потоа торзото и на крај главата.