КАФЕ ПАУЗА

Tag: отказ

  • Како да кажете на интервју за работа дека сте добиле отказ?

    Како да кажете на интервју за работа дека сте добиле отказ?

    Секому му се случува да добие отказ. Тоа е многу непријатно искуство кое по некое време се преболува, но последиците од тој чин може да се почувствуваат и многу подоцна, кога луѓето кои ги спроведуваат интервјуата за работа го поставуваат прашањето „Зошто го напуштивте последното работно место?“ За да се појавите подготвени за ова прашање следете ги следните неколку совети од Џени Фос, експерт од областа на човечките ресурси.rnrnКако да кажете на интервју за работа дека сте добиле отказ?rnrn

    Помирете се со отказот

    rnТоа веќе се случило и не можете ништо да промените. Морате да се помирите со отказот пред да преминете на наредните интервјуа за работа. Дајте си време, колку и да ви е потребно, затоа што ако не ги средите емоциите не ќе можете мирно да зборувате за тоа со потенцијалниот работодавач.rnrn

    Убаво објаснете што се случило

    rnРеченица како: „За жал, бев ослободен од обврските“ е доволна. Ако потоа ве потпрашаат како се случило тоа, можете да дадете објаснување кое ќе биде кратко, јасно и прецизно. Претераното објаснување со повторување на работите ќе остави впечаток како да сакате да го убедите соговорникот во нешто што самите сметате дека не е вистина.rnrn

    Истакнете што сте научиле од тој отказ

    rnДоколку отказот сте го добиле по ваша вина, признајте го тоа и истакнете што сте научиле од целата работа. Вашите зборови би можеле да изгледаат вака:rn
    rn

    „Откако изгубивме важен клиент, делумно и поради моја грешка, поминав многу време во опсервирање на искуствата на нашите клиенти и барав начини како да го задржам интересот на клиентот како врвен приоритет. Сметам дека тоа многу ќе ми помогне во мојата следна работа.“

    rn

    Без навреди за поранешниот работодавач

    rnБез разлика колку сте биле обесправени од претходниот работодавач кога сте го загубиле работното место, немојте да го навредувате пред потенцијалниот нов работодавач. Тоа ќе остави лош впечаток за вас, а не за поранешниот шеф.rnrn

    Објаснете како можете да придонесете на новото работно место

    rnrnНа крај, вели Фос, немојте да заборавите да ги истакнете сите позитивни работи со кои можете да придонесете за компанијата која ве интервјуира. Објаснете им дека можете да им го понудите тоа што им треба, без оглед на тоа што ви се случило во минатото.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кул бариста си дава отказ со стил

    Кул бариста си дава отказ со стил

    Доколку планирате да си дадете отказ од кафулето во коешто работите за да започнете сопствен бизнис, воедно можете и да им приредите мала забава на муштериите пред да си заминете. Шефовите не ни можат да му се налутат на ова откачено и харизматично момче, кое сакало на убав начин да се поздрави од тие прекрасни луѓе. Погледнете за што станува збор:rnrn

    rnrnНеговото име е Фил Сипка. Тој работел како бариста, но решил да ја напушти својата работа за да отвори сопствено непрофитно кафуле во сиромашен кварт.rnrnКул бариста си дава отказ со стил rnrnЗа вокалната група „The Voices“ која го придружува Фил во перформансот, му помогнал тимот од Шоуто на Стив Харви. Новото кафуле ќе се вика „Kusanya Cafe“ и ќе се отвори наскоро.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одговор на шефот за најоткачениот отказ

    Одговор на шефот за најоткачениот отказ

    Пред неколку дена, го гледавме откаченото видео на Марина, која таа го сними за да соопшти дека дава отказ. Овој пат работодавачот го возвраќа ударот, и тоа на потполно истиот начин.Одговор на шефот за најоткачениот отказ Видеото е снимано на истите локации, со истите финти и на истата песна. Како и нејзиното видео, така и ова пренесува важна порака.rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најоткачениот начин да дадете отказ

    Најоткачениот начин да дадете отказ

    Ако веќе сте решени да си дадете отказ, а немате идеја како да го сторите тоа, 25-годишната девојка Марина Шифрин може да ви даде одлична, креативна инспирација. Како резултат на незадоволството од нејзиното двегодишно работење во Тајван, Марина решила да сними откачено видео, за сликовито да му долови на нејзиниот шеф зошто си оди. Таа планира да се врати во САД за да пронајде работа во фирма која ќе ги цени нејзините способности и која се грижи за своите вработени. Најоткачениот начин да дадете отказЅирнете за што станува збор. Девојкава ќе ви го направи денот! :)rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 забавни начини да си дадете отказ

    10 забавни начини да си дадете отказ

    Без разлика дали си заминувате доброволно за да одите на подобро работно место или само за да го напуштите актуелното, или пак ве отпуштаат од работа против ваша волја, секогаш можете да го направите заминувањето забавно и вредно за паметење.rnrnЕве 10 забавни начини да си дадете отказ од работа.10 забавни начини да си дадете отказrn

    1. Журка

    rnАко останувате во добри односи со работодавецот и особено со колегите, добар начин да се збогувате со нив е приредување забава. Можете сите да собирате пари за да се обезбеди храна и пиење и најдобро е журката да ја приредите негде надвор од канцелариите. Ова е одлична прилика да се присетите на сите забавни заеднички моменти и да го одржите пријателството со оние кои ги оставате зад вас.rn
    rn

    2. Оставете спомени за вас… насекаде

    rnМислиме на културни, ненападни начини да го одржите споменот за вас откако ќе ја напуштите зградата за последен пат. Може да оставите кугла со персонализирани пораки за секој во конференциската сала или да испечатите слики од себеси придружени со некои изреки, цитати, изрази кои често сте ги кажувале и по кои сте биле препознатливи. Убаво би било на секој колега да му залепите лепливо „post-it“ ливче на бирото со некоја порака.rn
    rn

    3. Групен имејл до сите колеги

    rnАко сакате да допрете до сите колеги, испратете еден имејл до сите одеднаш и оставете ги вашите контакт-податоци за да можат да дојдат до вас во иднина, откако ќе ви ја исклучат службената имејл-адреса и ќе го вратите службениот број назад. Исто така, бидете креативни. Од напишаното зависи какви ќе бидат реакциите. Можете да се одлучите за некој од овие пристапи:rn
    rn

      rn011

    • Среќен крај: линк до видео со срцепарателна балада + порака на крајот од видеото: „Сашо ја напушта зградата“.
    • rn011

    • Саркастично благодарам: за сите неисплатени плати, скратениот годишен одмор и „ѕврцкање“ на телефон на секои 30 минути… после работното време.
    • rn011

    • Искрено кажување како е, што е: кажете си што ви лежи на душа, само внимавајте до кој степен ќе откриете за себе и за другите.
    • rn


    rn

    4. Кажете го тоа со торта

    rnПојдете до слаткарница и нарачајте торта со широка насмевка. Задолжително додадете и текст на пример: „Честитки… за мене! Давам отказ“.rn
    rn

    5. Свикајте специјален состанок

    rnКаде и да работите, можете да изнајдете начин да ги викнете сите колеги на едно место во исто време. Тогаш испукајте ја важната вест пред лицата на сите. Или, ако сакате да бидете уште позабавни, снимете се на диктафон кажувајќи дека си давате отказ и оставете го на масата со белешка „Play“.rn
    rn

    6. Прекршете ги правилата

    rnАко сте морале да го почитувате дрес кодот со години, време е да се појавите со шорц и да им бидете трн во очи на претпоставените. Ако не смеете да зборувате на телефон во канцеларијата, заборавете се со вашата пријателка од средно. Ако смеете да слушате музика само на слушалки, „случајно“ откорнете го кабелчето и дозволете да грмне хеви метал во цела зграда.rn
    rn

    7. Маички со слоган

    rnОва може да биде многу креативна и евтина идеја. Набавете 10 обични евтини маици во светли бои и дебел маркер. Смислете креативни слогани за секој ден од неделата и почнете да ги носите 2 недели пред заминувањето. Некои идеи се: „Само уште две недели“, „Саатот отчукува“, „Чао, си одам“, „Ми го гледате грбот за последен пат“ (испишано на грбот) и сл.rn
    rn

    8. Откријте ги валканите тајни

    rnВнимателно со ова. Но, ако веќе сте решени да си заминете и да упропастите однос со некого како цена која треба да ја платите за да се чувствувате подобро, ископајте ги сите нерегуларности и валкани тајни и „презентирајте“ ги во фирмата на уникатен начин. На пример, ако работите во продавница, откријте за што поточно плаќаат потрошувачите, истакнувајќи впечатлива реклама во излогот.rn
    rn

    9. Направете тетоважа

    rnСекако трајна тетоважа на челото не би била добар избор, но порака, креативно исцртана со маркер кој може подоцна да се измие е супер идеја. Најдете пријател кој ќе може тоа добро да го изведе и изберете место кое ниеден колега, дури ни шефот, нема да пропушти да го види додека сè уште се „шуњате“ на работа.rn
    rn

    10. Злоупотребете го канцеларискиот простор

    rnНе зборуваме за уништување или крадење стикери и маркери кои можете и онака да си ги купите за џабе пари. Зарем навистина би ви требал спомен во вид на евтин канцелариски материјал од работното место кое толку го мразевте?!rnrnНе, зборуваме за форма на прекршување на правилата која ќе ги иритира претпоставените бидејќи нема да можат да направат ништо против тоа. Доаѓајте подоцна, заминувајте порано, гледајте серија во работно време… Има безброј идеи кои може да ви паднат на памет. Што е најлошото нешто што може да се случи? Да не ви дадат плата? „Да, сигурно“. Заплашувањата од овој тип се нонсенс. Законот за овие работи, е на ваша страна.rnrnИмате некое интересно лично искуство да споделите со нас?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку доволно силни причини да си побарате друга работа

    Неколку доволно силни причини да си побарате друга работа

    Се сметате себеси за одговорен и работлив човек, но едноставно не уживате во работата која ја имате. Во ваков случај платата и повремената искра надеж е она што ве одржува и понатаму да останете и да го печалите лебот на тоа работно место. Но, сепак проблемите секогаш испливуваат на површина и кога тогаш, ќе морате да пресечете и да кажете дека е доста. Секогаш треба да го гледате најдоброто за вас и вашите интереси да бидат пред сè друго. Ова се неколку, доволно силни причини да почнете да барате ново работно место, макар и за помала плата, но за поголемо задоволство и поголемо уживање.rnrnНеколку доволно силни причини да си побарате друга работаrn

    Комуницирате со колегите само за да се пожалите од работата

    rnПорано кога бевте свежи и ентузијастички настроени, со сигурност сте се труделе подобро да се запознаете и да се дружите со колегите. Кога уживате во работата, уживате и во социјализацијата со колегите. Сега, сè поретко разговарате, а кога тоа се случува најчесто го озборувате шефот и директорот, се жалите за работните проблеми, работните услови и слично.rn

    Колегите напредуваат пред вас

    rnПогледнете ги колегите кои се понапредни од вас. Дали тие се вклучија во организацијата после вас? Доколку е така, тогаш можеби е време да го промените работното место бидејќи или не давате сè од себе или повисоките раководни лица не ве ценат вас и вашиот труд.rn

    Не можете да се сетите кога последен пат сте научиле нешто ново

    rnБез постојан предизвик не можеме да очекуваме дека ќе бидеме ентузијасти и свежи постојано и дека ќе бидеме возбудени за работата. Без разлика во кое поле работите и на кое ниво сте, доколку не учите нови работи, тогаш е време да продолжите по друга патека.rnrnНеколку доволно силни причини да си побарате друга работаrn

    Не можете да се сетите кога последен пат некој ве пофалил дека одлично си ја завршувате работата

    rnДобро завршената работа и позитивниот фидбек од сработеното одат рака под рака. Доколку не го добивате позитивниот фидбек, не мора да значи дека не си ја вршите работата како што треба. Можеби некој друг не знае доволно добро да си ги мотивира вработените, па лошиот менаџмент може да ви ја убие вашата желба за работење.rn

    Заспивате на работните состаноци

    rnРаботните состаноци знаат да бидат досадни и да бидеме реални, сите после некое време се исклучуваат. Но, почнете да забележувате колку често ви се случува ова. Доколку увидите дека често ви се случува и дека не ви е интересно, а наместо тоа почнувате да размислувате што ќе јадете после или што филм ќе гледате вечер, тогаш почнете да праќате мотивациско писмо и портфолио во други фирми, бидејќи веќе не ви е предизвик да работите на тоа работно место.rn

    Односот со работодавецот ви е ужасен

    rnДоколку односот со вашиот работодавец ви е толку лош, што нема начин како да се врати во нормала, тоа е силна причина да си заминете и да барате нова работа. Голем број работодавци не знаат да признаат грешка и секогаш вината ја бараат во вас, па некогаш едноставно не вреди да трпите стрес и постојано да сте нервозни поради неговиот карактер.rnrnНеколку доволно силни причини да си побарате друга работаrn

    Мисијата на организацијата е спротивна од вашите етички принципи

    rnБез разлика дали работите во бизнис во кој работодавецот ве тера да лажете за квалитетот на продуктот или работите во организација која ги гази вашите претходно утврдени ставови, не вреди вие да си одите спротивно од вашите принципи за да му го полните некому џебот. Точно е дека во денешно време тешко се наоѓа работа и дека понекогаш треба да се подголтне и да се прифати тоа што ни е понудено, но не по секоја цена.rn

    Преголем стрес

    rnНајчесто стресот е правопорционален со тежината на работата и односот на работодавачот кон вас. Неретко сите посветени работници стресот си го носат и дома, а тоа им се одразува на односот со семејството и пријателите. Доколку сметате дека работата е повредна од тоа, продолжете да работите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најслаткиот начин да дадете отказ

    Најслаткиот начин да дадете отказ

    31-годишниот Крис Холмс од Кембриџшир, Англија неодамна направил вкусна торта со порака упатена до менаџментот на фирмата во којашто работел, а сите колеги ги поканил да се засладат од неа.rnrnТој работел како службеник за доселеници на аеродромот Станстед во Лондон, но на 15 април ја дал својата оставка, испишана со црни бувки на убава бела ледена торта. Вели дека вежбал прво на хартија и ќе ја направел уште поубава доколку знаел дека ќе стане вирална фотографијата на интернет.rnrn

    Најслаткиот начин да дадете отказ
    „Денес е мојот 31-ви роденден и бидејќи неодамна станав татко, сега сфаќам колку е скапоцен животот и колку е важно да поминувам време со семејството, правејќи нешто што нѐ прави мене и другите среќни. Од таа причина ве известувам дека наскоро ќе ја напуштам работата, за да можам да го посветам моето време и енергија на семејството и на мојот бизнис со торти, кој постојано е во развој во последните неколку години. Ѝ посакувам сѐ најдобро на организацијата и на моите колеги во иднина и ве потсетувам дека доколку ви се допадне оваа торта, можете да порачате повеќе на www.mrcake.co.uk“
    rnrnХолмс, кој е уште познат и како Mr Cake (господин Торта) е дел од бизнисот за приготвување торти, со кој го пополнувал неговото слободно време во последниве 2-3 години. Во понеделникот тој пристигнал на неговото работно место со оваа голема правоаголна торта во кутија, која веднаш му ја подал на менаџерот. Сите менаџери и колеги биле изненадени, но го прифатиле сето ова многу добро. На луѓето кои ја пробале многу им се допаднала.rnrnХолмс пред 5 недели станал татко со синчето Бенџамин, а идејата за давање оставка на торта ја имал уште пред 6 месеци, додека неговата сопруга била сѐ уште бремена. Не кажал на никој за идејата, но ја одржувал во главата, тивко размислувајќи како да ја реализира.rn
    rn

    Со оглед на денешната економија, прилично е ризично да се започнува нов бизнис. Но, убаво ги разгледав фактите и заклучив дека ова е остварлив бизнис. Сѐ се одвива според плановите. Треба да му заблагодарам на мојот син Бен, кој потсвесно ме „клоцна“ да станам и да сторам нешто за коешто чувствувам страст. За тоа ќе му се оддолжам со прекрасна торта за неговиот прв роденден, која веќе ја планирам“.

    rnПосле оставката испишана на торта, телефонот на Холмс непрестајно ѕвони и цело време му стигаат имејл пораки. Но засега, никој не нарачал торта за давање отказ. Заменик-директорот на неговото претходно работно место вели дека му пожелува само успеси во иднина.rnrnОва не е првпат некој да даде „слатка“ оставка од работа. Неодамна Нил Берет од Сан Франциско го направи истото поради неговите здравствени проблеми и потребата да поминува повеќе време со семејството.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Што после добиен отказ од работа?

    Што после добиен отказ од работа?

    Автор: Горана КоневскаrnrnДобивање отказ, за жал, може да му се случи секому. Може да се случи и без ваша лична вина. Може да биде заради вашиот различен став од оној на директорот, може да е поради намалување на буџетот и работните места и сл. Иако е страшно тешко, многу е важно да се потрудите во тие моменти да излезете на крај со новонастанатите околности со стабилни чекори, без депресивни излетувања и со реално согледување на ситуацијата. Еве неколку совети што може да направите кога веќе сте се нашле во таква ситуација:Што после добиен отказ од работа?Бидете нежни кон себе: Кога веќе се случил ваков несакан момент, не смеете да се обвинувате себеси. Бидете самокритични, но не претерувајте. Во ред е да се извлече поука од секоја ситуација, но во ваков момент, најмалку што ви е потребно е самите да си создавате психичка тортура.rnrnДајте си слободен период: Дури и кога финансиски сте во незавидна положба, потребно е да му дадете време на својот дух, на својата ментална и психолошка состојба, да се врати во нормала. Слободниот период може да трае од неколку дена до месец, но важно е вие да го поминете стресот и да се стабилизирате. Во овој период што ќе си го дадете никако не размислувајте за работата и за стресот кој сте го преживеале. Фокусирајте се на сè друго: на убава книга, филм, кафе, пријатели или на…rnrnНово хоби: Почнете со некоја нова активност која ќе ви ги оттргне мислите од негативната ситуација. Пронајдете некое интересно хоби или некоја нова физичка активност: аеробик, јога, планинарење, медитација, читање книги, трчање. Постојат многу активности кои можете да ги практикувате и за кои не се потребни финансии.rnrnКафе и пријатели: Во ситуација после отказ, никако не смеете да се затворите дома. Многу е важно вашиот социјален живот да го држите на високо ниво. Тоа не само што ќе направи да се чувствувате подобро, туку и ќе ви помогне во запознавањето нови луѓе и отворање нови можности.rnrnПодготовка за нова работа: Разгледајте ја својата кратка биографија и средете ја доколку е тоа потребно. Во овој момент тоа е првиот документ кој ќе му привлече внимание на вашиот нов работодавач, така што сигурно сакате да го отсликува најдоброто за вас! Откако ќе ја средите својата биографија, направете список на оние компании во кои би сакале да работите и кои соодветствуваат со вашето работно искуство. Проверете дали има конкурси за нови работни места, а и доколку нема, сепак аплицирајте, не се знае кога и каде ќе ви се насмевне среќата. Обично големите компании си имаат и свои бази на податоци каде ќе се најде и вашето име, па во моментот кога ќе имаат потреба од кадар како вас ќе ве контактираат.rnrnИ запомнете: Вие не сте вашата работа или вашата гардероба и без разлика каде сте, што работите и што поседувате, тоа не ве прави повеќе или помалку вредни. Едноставно, она што треба постојано да го практикувате е позитивна мисла и позитивен дух, бидејќи тие ќе ви ја отворат и најтешката врата. Сè се случува со причина и секое зло е за добро (иако во некои моменти е тешко тоа да се согледа). Тоа што не ве убива само ве прави посилни, а ова е уште едно искуство во животот кое ќе ве направи помудри.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 работи што треба да престанете да ги правите во 2012 година

    5 работи што треба да престанете да ги правите во 2012 година

    Автор: Боро МирческиrnrnСигурно имате безброј навики за кои ниту самите не сте свесни, но тие очајно ви го отежнуваат вашето секојдневие. Затоа, мора да одвоите дел од вашето скапоцено време и да посветите неколку минути на ден размислувајќи колку продуктивно го трошите времето од денот и како да скратите на губење време на „непотребни“ работи. Еве мала помош и од нас, од каде најпрво да започнете со „заработката“ на дополнително време за продуктивно уживање во денот:5 работи што треба да престанете да ги правите во 2012 годинаrn

    1.011Престанете да „висите“ над електронското сандаче

    rnСекој експерт за продуктивност во светот ќе ви каже дека електронската пошта мора да се проверува на интервали не пократки од 90 минути, наместо постојано да „висите“ над електронското сандаче и да кликате „рифреш“. Верувајте, никој нема да ви се налути ако одговорот на електронската пошта го добие за 90 минути, наместо за 10 минути. А вие, во меѓувреме ќе можете да најдете многу нешта на кои можете да го потрошите времето, наместо на постојано примање и одговарање на електронската пошта.rn
    rn

    2.011Немојте да бидете „клише“

    rnДоколку одредена личност ви недостасува и сакате да стапите во контакт со неа, не мора да чекате да дојде некој празник, па да ù испратите смс или електронска порака. Бидете инвентивни. Не е потребен повод за да побарате некого да испиете едно кафе во некое од градските кафулиња, доколку тоа навистина и го посакувате. Воопшто не е срамно и да ги изненадите вашите најблиски со подарок, во време кога тие најмалку го очекуваат тоа од вас.rn
    rn

    3.011Прескокнете ја „црната хроника“ во весникот

    rnОваа година обидете се да останете „глуви“ на сите вести од рубриката „црна хроника“. Во светот не се случуваат само лоши работи и поради тоа нема потреба на дневна база да се „труете“ со вести од таков вид. Таквите вести, сами по себе се депресивни и многу лесно може да ја префрлат депресијата и врз вас. Мислете позитивно и дејствувајте позитивно! Неверојатен ќе е резултатот ако почнете постојано да размислувате оптимистички.rn
    rn

    4.011Престанете да ја работите работата која не е доволно добра за вас

    rnДоколку сте заглавени на работно место, кое не ве исполнува или не сте доволно платени за работата која ја работите, веднаш дадете отказ. Да, времињата се тешки и потребни се финансии, но верувајте дека постои огромна веројатност, токму во времето кога сте невработени да ви се појави нова можност за вработување. Замислете тоа да биде токму во компанијата во која од секогаш сте посакувале да работите!?rn
    rn

    5.011Не правете ги работите покомплицирани од тоа што се

    rnОваа година обидете се животот да ви биде едноставен. Експертите кои говорат за специјализираниот магазин за мажи „Ask Men“ тврдат дека едноставноста во животот ќе ви ја намали секојдневната главоболка, а со тоа и стресот. Нема никаква потреба да ги комплицирате работите повеќе од тоа што се.
    rnДоколку примените барем неколку од овие совети ќе заштедите голем дел од вашето време, верувале вие или не. Така ќе имате повеќе време, кое може да го трошите токму на оние работи кои ве исполнуваат и ве прават среќни.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

    643832
  • 5 причини зошто талентираните работници ги напуштаат работните места

    5 причини зошто талентираните работници ги напуштаат работните места

    Ова истражување го има направено „Центарот за менаџерска и организациска ефективност“ кој соработува со секаков тип организации од светот, кои вршат консултантски услуги, истражувања или нудат решенија за разни проблеми. Нивната цел е реално да се прикажуваат проблемите, за да им се овозможи на компаниите да си ги увидат грешките и да ја подобрат својата стратегија на разни полиња. Погледнете ги добиените резултати од истражувањето за причините поради кои компаниите ги губат своите најталентирани работници.rnrn5 причини зошто талентираните работници ги напуштаат работните местаrn

    1. Неподнослив шеф

    rnНајголем дел од вработените го напуштаат своето работно место, бидејќи нивниот шеф е неподнослив. Никој не сака да работи со агресивен, арогантен и нечовечен шеф. Нив ги има многу, а поради начинот на кој се однесуваат, никој не сака да работи за нив. Некои остануваат бидејќи немаат избор. Дури 31% од испитаниците одговориле дека нивниот шеф не им одговара на барањата (ги игнорира) повеќе од 1 година.rn

    2. Недостаток на овластувања

    rnДури 31% од вработените велат дека би сакале да имаат поголема одговорност на работните места. Луѓето не сакаат да дојдат на работа, да седат 8 работни часа и да не мрднат „подалеку“ од редовните работни задачи. Тие сакаат да влијаат, да бараат решенија, да развиваат стратегии и да носат одлуки.rn

    3. Внатрешна политика

    rnСамо 35% од испитаниците одговориле позитивно на прашањето за тоа дали нивните компании се добри или ефективни во унапредувањето на вработените. Во војната за придобивање талентирани работници, никој не сака да се впушти во работен однос каде што не гледа иднина за искачување кон врвот. Прикажувајќи квалитетно резиме, секој очекува дека патот кон врвот треба да му биде полесен. Во спротивно, тоа работно место не е предизвик за талентираниот работник.rn

    4. Признание и пофалби

    rnСекој за себе мисли дека работи премногу, но не е доволно платен за тоа. Можеби покачување или бонус не доаѓа предвид, но една пофалба од типот: „Добро завршена работа“ во комбинација со тапкање по раме или бесплатен ручек, и тоа како можат да придонесат кон дополнителна мотивација и понатамошна посветеност на работата. Според податоците од истражувањето, 43% од вработените на средни менаџерски позиции чувствуваат дека ја вршат целата работа, а не добиваат признание за тоа.rn

    5. Компанијата тоне надолу

    rnНикој не сака да биде последниот патник на брод кој тоне. Вработените можат да ја почувствуваат напнатоста и паниката кај работодавците кога нешто не е оди како што треба. Кога еден од нив нема да издржи и ќе си замине, сите ќе тргнат по него. Само оние кои влечат добар дел од финансиските средства на компанијата остануваат до самиот крај. Дури 23% од испитаниците одговориле дека во ваква ситуација, паралелно бараат друга работа.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.