КАФЕ ПАУЗА

Tag: освежувач

  • 3 трикови за чистење со памук

    3 трикови за чистење со памук

    Убавината е во тоа кога на обичното ќе му најдеме необична примена, нели? Еве како да ги примените топчињата од памук за одржување на свежината и чистотата во вашиот дом:rnrn3 трикови за чистење со памукrn

    Освежувач на воздухот

    rnЗемете едно топче памук и натопете го во омилениот парфем, ваш или на партнерот. Памукчето ставете го во ќесата од правосмукалката. Така, како што ќе чистите ќе се испушта пријатен мирис од парфемот и ќе се распространува низ просторот.rn

    Освежувач во фрижидерот

    rnФрижидерот честопати мириса на некои силни ароми од јадења. Натопете едно топче памук во екстракт од ванила и ставете го на вратата од фрижидерот. Така, тој ќе врши улога на дезодоранс и ќе шири пријатна миризба во фрижидерот.rn

    Со памук против мувлата

    rnВо бањата секогаш има тешко достапни ќошиња кои не се чистат така лесно. Натопете неколку топчиња памук во избелувач и поставете ги на тешко достапните места за чистење. Оставете го белилото да делува неколку часа и потоа поминете со топла вода.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како поинаку да го употребите медот?

    Како поинаку да го употребите медот?

    Медот е најстариот трик за убавина. Уште во далечното минато, Клеопатра се бањала во млеко и мед за да ѝ даде мекост на својата кожа, а Попеа, жената на римскиот император Нерон, со медот го одржувала својот младешки изглед. rnrnИ денеска медот се користи за повеќе намени, а најдоброто е што е евтин и го има буквално секаде. Сепак, секогаш треба да се внимава тој да е органски, без никакви адитиви, а пчелите кои го создале да не биле изложени на пестициди и вештачки ѓубрива. Еве неколку интересни употреби кои некогаш можат да ви бидат корисни.rnrnКако поинаку да го употребите медотrn

    Замена за хидратантен крем

    rnМедот е природен хидратант, што значи дека ја привлекува и задржува влагата, па така, иако лепливо, сепак претставува одлично решение за сува кожа. Доколку сакате природна маска за лице, можете да измешате 2 лажички стопен мед со 2 лажички јогурт. Смесата нанесете ја на лицето и почекајте 15 минути. Потоа измијте се само со вода.rnrnКако поинаку да го употребите медотrn

    Гел против акни

    rnМедот помага и за обновување на мртвите клетки на кожата, бидејќи е полн со антиоксиданси кои помагаат во борбата со оштетената кожа. Исто така, медот има антимикробни својства, што значи дека ги чисти затнатите пори, не дозволувајќи создавање на акни.rn
    rn

    Омекнувач за коса

    rnМедот е добар за косата од истите причини поради кои е добар за кожата. Во една чаша измешајте 3 големи лажици мед и една лажица маслиново масло. Смесата нанесете ја на вашата коса и оставете ја 20 минути. Потоа убаво измијте ја вашата коса, а по сушењето таа ќе биде мека и свиленкаста како никогаш досега.rnrnКако поинаку да го употребите медотrn

    Лекувач на рани

    rnСо векови наназад медот бил користен како лекувач на рани. Токму поради антимикробните и хидратантните својства, медот може да и помогне на кожата побрзо да закрепне.rn
    rn

    Освежувач на здив

    rnЗагрижени сте за вашиот здив? Во чаша со вода ставете една лажица со мед, a опционално додадете цимет и процедете лимон. Потоа направете гаргара. Исто така за сладок и свеж здив, секогаш кога пиете чај додавајте една лажичка мед.rnrnКако поинаку да го употребите медот
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn