КАФЕ ПАУЗА

Tag: особина

  • Луѓето кои многу пцујат имаат една заедничка позитивна особина

    Луѓето кои многу пцујат имаат една заедничка позитивна особина

    Доколку сте забележале дека од вашата уста многу често излегуваат пцости, ова најново откритие би можело да ве заинтересира. Според спроведените истражувања, луѓето кои многу пцујат имаат една заедничка позитивна особина: Тие се искрени или барем поискрени од луѓето кои не пцујат многу. Кој би рекол дека лошиот јазик крие нешто толку позитивно под површината?!rnrnЛуѓето кои многу пцујат имаат една заедничка позитивна особинаrnrnСекако дека пцуењето понекогаш ги преминува границите во одредени ситуации во зависност од вашиот професионален и приватен живот. Можете дури и да бидете казнети поради тоа. Но, сепак луѓето имаат право на слободно изразување и пцујат од различни причини. Можеби пцуете од навика, сакате да предизвикате одредена реакција, да изразите некое чувство или пак едноставно ви се допаѓа таквиот начин на комуникација. Без оглед на причината, научниците и психолозите уште одамна се прашувале што имаат заедничко луѓето кои многу пцујат и сега конечно дошле до посакуваното откритие.rnrnИмено, како што веќе споменавме, најновите истражувања откриле дека луѓето кои многу пцујат се искрени. Луѓето кои често пцујат не кажуваат толку лаги при секојдневната комуникација и социјализација за разлика од луѓето кои не пцујат. Всушност, истражувањето тврди дека луѓето чиј говор е „збогатен“ со пцости се поморални и почесни.rnrnОва истражување со наслов „Искрено, нам ни е гајле: Врската меѓу вулгарниот јазик и искреноста“ (Frankly, we do give a damn: The relationship between profanity and honesty) ги анализирало испитаниците од три различни аспекти за да се соберат доволно податоци. Најпрво, истражувачите го испитувале вулгарното однесување и лажење во лабораториски услови. Потоа, тие направиле лингвистичка анализа на автентични интеракции на Фејсбук од вистинскиот живот. На крајот, истражувачите ги анализирале индексите на вулгарноста и интегритетот на целокупната популација во САД, односно ги споредиле одговорите на нивните испитаници со одговорите на општата маса.rnrnЛуѓето кои многу пцујат имаат една заедничка позитивна особинаrnrnРезултатите потврдиле дека оние што пцујат како кочијаши се искрени и чесни. Но, зошто? Што значи сето ова? Според истражувањето, луѓето кои многу пцујат користат лоши зборови за да ги искажат нивните искрени чувства, без разлика дали се позитивни или негативни. Тоа значи дека луѓето кои пцујат не внимаваат на говорот, односно немаат толкава способност да лажат и да ги кријат нивните вистински мисли и чувства. Доколку се пронајдовте во ова, сигурно луѓето околу вас повеќе пати ви кажале дека сте брутално искрени и директни.rnrnНо, ова истражување е само еден дел од големата палета на ваквите слични студии. На пример, истражувачите од колеџот во Масачусетс, ја испитувале врската меѓу пцуењето и речникот. Можеби мислите дека луѓето пцујат затоа што немаат богат речник. Овие истражувачи го побиле тоа тврдење, бидејќи според нивните откритија, луѓето кои многу пцујат всушност располагаат со исклучителни говорни вештини.rnrnНаучниците исто така откриле дека луѓето кои многу пцујат имаат повисок праг на толеранција на болка за разлика од оние кои не го практикуваат тој начин на говорење. Освен тоа, луѓето кои кажуваат пцости се сметаат за силни и самоуверени.rnrnИсто така, психолозите дознале дека луѓето кои пцујат често многу полесно се зближуваат со другите. Според тоа, доколку вие и вашите пријатели пцуете од утро до мрак и се чувствувате убаво поради тоа, пцуењето можеби ви помага да се зближите.rnrnОваа навика по сѐ изгледа не е толку лоша колку што се чини, но сепак тоа не значи дека треба да пцуете во секоја можна ситуација. Секако дека треба да го одбегнувате овој начин на говорење кога неговата примена е несоодветна и би можела да ве доведе до неволја.rnrnАко ви се допадна оваа тема, можеби би сакале да прочитате и зошто високо интелигентните луѓе се неуредни ноќни птици кои сакаат да кажуваат погрдни зборови.

  • Хороскопот открива зошто немате среќа во љубовта

    Хороскопот открива зошто немате среќа во љубовта

    Понекогаш чувствувате дека навистина немате среќа во љубовта, а не знаете како да ги смените работите. Причината најчесто лежи во вас, во вашиот карактер и во начинот на кој ги гледате и доживувате работите околу вас. Прочитајте што открива хороскопот за тоа кои се најчестите причини поради кои едноставно не можете да го најдете совршениот партнер.rnrn(1) Хороскопот открива зошто немате среќа во љубовтаrn

    Овен

    rnОвенот е склон кон чести промени на расположението и е познат по брзата избувливост. Наместо да се обидат да ги решат проблемите во врската, родените во овој знак најчесто ги игнорираат своите партнери. Овните се познати како лидери и можат да станат агресивни доколку забележат дека повеќе не се на врвот од пирамидата.rn

    Бик

    rnРодените во овој знак не се согласуваат на компромиси. Тие не попуштаат дури и тогаш кога не се во право. Тие не сакаат да се заморуваат со проблемите во врската. Го мразат чувството на несигурност и поради тоа прекинувањето на врска со Бик, понекогаш знае да биде вистински пекол. Сакаат да бидат вклучени во сè, а ако забележат дека партнерот/партнерката не им обрнува доволно внимание, ставаат крај на комуникацијата.rn

    Близнаци

    rnПоради нивниот темперамент, многу е тешко да се предвиди следниот чекор на родените во овој знак. Многу тешко донесуваат одлуки, особено ако имаат временско ограничување. Близнаците мразат рутина и многу брзо им досадуваат работите. Затоа, тие секогаш бараат нови предизвици, а тоа носи одредена нестабилност во врската со нив.rn

    Рак

    rnРодените во овој знак имаат проблеми со посесивноста кога е во прашање животот на партнерот/партнерката. Имаат проблем во наоѓање вистинска љубов затоа што сакаат да ги контролираат своите партнери, што често доведува до одредени судири. Но, доколку нештата тргнат надолу и тие ја изгубат контролата над работите, едноставно се предаваат.rn

    Лав

    rnЛавовите можат да бидат многу егоцентрични и себични, поради што ги одбиваат партнерите од себе. Нивната надменост може да прерасне во проблем доколку не се чувствуваат доминантни во врската. Наместо да ги решаваат проблемите, тие го вртат грбот и го игнорираат партнерот.rn

    Девица

    rnРодените во знакот на Девица се многу критички настроени кон себеси и кон другите, и поради тоа многу често сметаат дека не заслужуваат квалитетна врска. Ако најдат соодветен партнер, потсвесно се обидуваат да ја саботираат врската, затоа што постојано ги мачи мислата дека не се доволно добри. Тие даваат големо значење и на најмалите негативни коментари, поради што тешко можат да се вклопат во совршена врска.rn

    Вага

    rnВагата е крал на избегнување на судирите и родените во овој знак се подготвени да одат далеку, преправајќи се дека сè е во ред со нивната врска. Но, кога нештата ќе испливаат на површина и повеќе нема да може да ги затвора очите пред проблемите, Вагата избувнува во голема лутина што предизвикува големо изненадување и разочарување кај партнерот.rn

    Скорпија

    rnГолемата страст што ја поседуваат родените во овој знак, во одредени ситуации е предност, но во други може да предизвика големи проблеми. Таа страст може да прерасне во агресивност и љубомора. Скорпиите тешко можат да ги разберат неискрените луѓе, иако многу често и тие самите знаат да бидат многу таинствени.rn

    Стрелец

    rnРодените во знакот на Стрелец ветуваат кули и градови кога е во прашање љубовта, но тоа подоцна може да им предизвика големи проблеми. По природа се многу отворени и ќе направат сè да ја остварат својата идеја. Не сакаат обврски и поради тоа често ги напуштаат своите партнери. Постојано се во потрага по авантура и нови предизвици.rn

    Јарец

    rnЈарците се најголемите „сезнајковци“ и со тоа многу брзо можат да го изнервираат својот партнер. Секогаш се подготвени на најлошите сценарија во врската и поради тоа тешко можат да се опуштат.rn

    Водолија

    rnВодолиите се можеби емотивно најмистичните личности и поради тоа е многу тешко да бидат сакани. Во врската им е потребна личност што секогаш ќе биде на нивна страна, а оној момент кога тоа ќе се смени и ќе почувствува дека нема 100 процентна поддршка, Водолијата става крај на врската.rn

    Риби

    rnРибите влегуваат во врските со огромна доверба кон своите партнери и поради тоа не ги забележуваат сите недостатоци кај нив. Потребна им е личност која секогаш ќе ги истакнува нивните квалитети и ќе избегнува да ги споменува недостатоците. Ако почувствуваат критички поглед, веднаш влегуваат во улога на жртва, а тоа ја уништува нивната врска.

  • Луѓето со интегритет се подобри луѓе. Еве како!

    Луѓето со интегритет се подобри луѓе. Еве како!

    Што е тоа интегритет? Постојат многу различни дефиниции, но онаа која веројатно најјасно ќе го објасни значењето на овој збор е дека да се има интегритет значи да се прави она што е правилно и хумано дури и тогаш кога можете да смислите милион изговори да не го направите тоа.rnrnСледниве неколку примери на луѓе со интегритет се добар доказ зошто тие се многу подобри од останатите токму поради оваа нивна особина.rnrnlugjeto-so-integritet-se-podobri-lugje-eve-kako-kafepauza.mkrn

    Родители кои им се извинуваат на своите деца кога ќе претераат

    rnРетко кој родител е подготвен да се извини доколку претера во однесувањето кон своето дете. За жал, ние сѐ уште живееме во општество во кое многу семејства се водат според ставот дека родителите се секогаш во право и мора да се слушаат по секоја цена.rnrnНо реалноста е малку поинаква. Вистина е дека родителите треба да се почитуваат и да се слушаат бидејќи во поголем дел од времето се во право, но има и ситуации кога тие едноставно претеруваат. Со викање, со карање, со кажување сѐ и сешто, со казнување.rnrnНо она што ги издвојува родителите со интегритет од оние останатите е моментот кога, откако ќе се случи такво нешто, тие ќе им се извинат на своите деца. Ова не се однесува само на извини, туку на која било постапка со која тие искажуваат дека им е жал и дека се свесни дека погрешиле.rn

    Директори кои ги истакнуваат достигнувањата на своите вработени

    rnСветот е преполн со луѓе на кои моќта им има удрено во глава. Искористувајќи ја позицијата на која се наоѓаат, тие се изживуваат со своите вработени на секој можен начин мислејќи дека така ќе им покажат каде им е местото во хиерархијата. Но факт е дека на овој начин тие само лечат некои свои комплекси и бубачки во глава, обидувајќи се да си го намалат стравот дека некој од нивните вработени ќе го заземе нивното место или, пак, ќе стане поуспешен.rnrnОна што го забораваат е дека кога некој нивни вработен ќе успее во нешто, тоа е и нивни успех. Кога некој од вработените ќе сработи нешто како што треба, пофалбите и признавањето на добрата работа само ќе го мотивира вработениот да работи уште подобро, за нив. Шефовите кои го прават ова се луѓе со интегритет и со вродени карактеристики на лидер. Нивната моќ доаѓа од тоа што се луѓе пред сѐ останато.rnrn(1)-lugjeto-so-integritet-se-podobri-lugje-i-eve-kako-kafepauza.mkrn

    Љубовни партнери кои го спречуваат злобното однесување при кавги

    rnКараниците се неизбежни кога станува збор за љубовните врски. Не постои пар на планетава Земја кој не се кара и кој има совршена врска. Расправиите се логични и сосема очекувани, но она по кое тие се разликуваат е однесувањето кое го имаат партнерите меѓу себе кога се лути и нервозни. Некои викаат, некои се навредуваат, некои кршат, некои се тепаат… Навистина, сѐ е можно кога станува збор за љубовните врски.rnrnОние врски на кои поретко може да се налета се врски во кои карањето не е платформа за злобно однесување. Во овие врски партнерите тежнеат кон зборување наместо викање, почитување на туѓото (различно) мислење наместо користење навреди. Партнерот кој се бори за ваква врска е партнер со интегритет кој го вреднува тоа што го има и не сака тоа да го загрози само бидејќи не знае да се воздржи во момент на нервоза.rn

    Возачи кои скоро секогаш возат стрпливо и смирено

    rnКолку пати сте налетале на возач кој сосема безобѕирно вика, свири и вози? Колку пати вие сте биле тој возач? Возењето по нашите улици е дефинитивно едно од највозбудливите. Свирење за секој застој пропратено со навредување и карање, незастанување на пешачки премин и нестрпливост во секоја смисла на зборот.rnrnОна што многу ќе зачуди некого е кога за промена ќе налета на возач кој не го прави тоа. Сите забораваат како е да се биде на другата страна или дека, можеби, возачот пред нив има оправдана причина зошто не вози побрзо. Како и да е, користењето грди зборови и повишен тон нема да ве доведат побрзо до местото каде што треба да стигнете, но стрпливоста и културата ќе ве oкарактеризираат како подобра личност.rnrn2-lugjeto-so-integritet-se-podobri-lugje-eve-kako-kafepauza.mkrn

    Моќни луѓе кои се извинуваат кога доцнат, а некој ги чека

    rnЛуѓето треба да се луѓе без разлика на тоа кои се и што прават во животот. Културата и основните норми на однесување не се исклучок за никого, па ни за оние кои мислат дека се најважните луѓе на светот.rnrnЕден ваков пример се моќните луѓе кои, и покрај фактот што постигнале многу во својот живот, не забораваат на своите манири, па кога доцнат на некое предавање, разговор или држење говор, им се извинуваат на останатите кои стрпливо ги чекале. Иако веројатно имаат навистина добра причина што доцнат со оглед на тоа дека се зафатени 24/7, тие го ценат времето на другите бидејќи знаат колку многу значат тие 24 часа на ден и колку некогаш не се доволни. Затоа, кога доцнат тие се извинуваат без разлика на тоа кој е тој што ги чека.rn

    Луѓе кои носат заклучоци за некого или нешто само откако ќе ги дознаат сите факти

    rnА колку ретко се случува ова таму каде што живеете? Многу почесто ќе налетате на луѓе кои само сакаат да зборуваат и да рашират сѐ што ќе слушнат без да знаат дали е тоа вистина, на тој начин создавајќи навистина големи проблеми за некого. Дури и несвесни за тоа дека можат да повредат некого со своите зборови, овие луѓе не се ни обидуваат да застанат и да подразмислат дали барем, ако ништо друго, тоа што го зборуваат е вистина.rnrnНекогаш тоа се луѓе кои ни се далечни, некогаш тоа се луѓе кои ни се блиски; некогаш станува збор за празно озборување, но некогаш се работи за момент кога имаме потреба некој да ни верува или да не нѐ осуди предвреме. Луѓето кои го прават ова се многу ретки и тоа се луѓе со силен карактер, разумни и луѓе со интегритет. Тие се ставаат себеси како пример во дадената ситуација и пред да зборуваат за други, се запрашуваат како би им било на нив кога тие би биле на озборуваната страна.rnrnLithuania Integrity Conceptrn

    Волонтери

    rnНесебични луѓе кои ќе најдат време да волонтираат некаде каде нивната помош е од огромно значење – дали постојат луѓе со поголем интегритет од овие? Веројатно не. Денес светот се движи ненормално брзо. Луѓето немаат време да јадат, а не да застанат и да губат време некаде каде што нема ни да бидат платени за тоа. Но тие луѓе немаат претстава колкаво задоволство носи волонтирањето. Да направиш нешто само поради несебичната желба да помогнеш кога можеш е најблагодарната човекова карактеристика.rnrnНикој не е роден како личност со интегритет, што значи дека секој може да ја развие оваа особина само доколку навистина сака. Со оглед на тоа дека секојдневно се соочуваме со безброј ситуации во кои можеме да покажеме дека сме луѓе со интегритет, сѐ што треба е да го направиме првиот чекор.

  • Два основни видови карактери кои нè обликуваат како личности

    Два основни видови карактери кои нè обликуваат како личности

    Дали имате навика да ги избегнувате предизвиците или да се соочувате со нив? Дали трудот и упорноста ги сметате како пат до успехот или залудно трошење време?rn

    dva-osnovni-vidovi-karakteri-koi-ne-oblikuvaat-kako-lichnosti-kafepauza.mk

    rn

    Ова е едноставен, но корисен приказ на двата сосема спротивни карактерни особини кои нè обликуваат како личности. Каде се пронаоѓате себеси, во левата или десната колона?

    rnrn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Статичен менталитет

    rnИнтелигенцијата е статичнаrnrnВоди до желба да се изгледа паметно и има тенденција да:

    rn

    Растечки менталитет

    rnИнтелигенцијата се развиваrnrnВоди до желба да се надградуваат сопствените знаења и интереси и затоа има тенденција да:

    Избегнува предизвици Ги прифаќа предизвиците
    Лесно да се предаде пред препреките Да биде отпорен и издржлив на препреките
    Вложувањето напор го гледа како залудно и без цел Вложувањето напор го гледа како пат до успехот
    Не може да поднесе критика и го игнорира негативниот фидбек што го добива од другите, иако е добронамерен Учи од упатените критики
    Се чувствува загрозено поради туѓиот успех Успехот на другите го гледа како инспирација и поука
    Како резултат нема да го достигнат својот потенцијал и многу рано во животот ќе застанат на статична точка која не води до напредок. Ова е одраз на детерминистички поглед на светот, односно покорување на силата и законите на природата, верувајќи дека човекот е немоќен да влијае. Како резултат постигнуваат високи и важни успеси во животот. Ова им дава чувство на моќ и слободна волја.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпривлечните и најодбивните особини кај хороскопските знаци

    Најпривлечните и најодбивните особини кај хороскопските знаци

    Секој хороскопски знак има темна и светла страна и некаде измеѓу доаѓаат до израз неговите неверојатно симпатични и тотално иритирачки особини. Кои хороскопски знаци прават драма кога не им оди сè според планот, а кои се опседнати со гушкање и нежности? Прочитајте ги најпозитивните и најнегативните особини на секој знак, кои ќе ве разнежат и изнервираат.rnrnНајпривлечните и најодбивните особини кај хороскопските знациrn

    Овен

    rnПривлечна: Една од најпосакуваните особини на овните е нивниот љубопитен,  детски и ентузијастичен поглед кон сите работи во животот.rnrnОдбивна: Овенот премногу се возбудува за сè нешто, па затоа честопати има тенденција да ги претвора малите конфликти во големи кавги.rn

    Бик

    rnПривлечна: Милите бикови ги облеваат луѓето коишто ги сакаат со различни постапки, кои ја изразуваат нивната љубов и дарежливост.rnrnОдбивна: Кога се чувствуваат малку лошо или болежливо, биковите ќе ги откажат сите планови, ќе го изгасат телефонот, ќе се јават на работа дека не доаѓаат и ќе се однесуваат како да е крај на светот.rn

    Близнаци

    rnПривлечна: Близнаците секогаш вербално ги изразуваат нивните чувства. Доколку ве сакаат, вие постојано ќе слушате за тоа и ќе се чувствувате како да имате огромен обожавател.rnrnОдбивна: Близнаците имаат тенденција да се однесуваат како да знаат премногу на темата на којашто зборувате, дури и кога реално немаат поим.rn

    Рак

    rnПривлечна: Ракот постојано сака да го поминува времето со луѓето што ги сака, особено со членовите на семејството. Како некое лојално кученце, ракот ќе ве следи низ куќата, молејќи ве за поминување квалитетно време со вас, во нежности и гушкање.rnrnОдбивна: Треба да сте среќни доколку помине еден ден, без да излезат на површина проблемите околу несигурноста на ракот. Нему му е потребна постојана утеха и поддршка.rn

    Лав

    rnПривлечна: Секој лав поседува енергична, весела и позитивна енергија која не може никој да ја придуши. Напротив неговиот весел дух е тотално заразен.rnrnОдбивна: Лавовите се најголемите плачковци. Доколку работите не се одвиваат според нивните планови, доколку не се чувствуваат ценето или ако се чувствуваат барем малку уморно, нема да престанат да зборуваат за тоа.rn

    Девица

    rnПривлечна: доколку сте блиски со девица, тогаш знаете дека една од нејзините најслатки особини, е тоа што таа секогаш ги формира своите ставови врз основа на различни мислења, увиди и интуиција.rnrnОдбивнa: Девицата е непрекинато загрижена за сè и прави малите нешта да изгледаат премногу комплицирано.rn

    Вага

    rnПривлечна: Вагата толку многу ги цени луѓето околу неа, што ќе направи сè за тие да уживаат во моментот, да им е комотно и да бидат спокојни.rnrnОдбивна: Вагите секогаш ќе ви го кажат она што сакате да го чуете и постојано ќе ги користат нивните манипулативни вештини, за да го добијат она што го сакаат.rn

    Скорпија

    rnПривлечна: Доколку на некоја нивна сакана личност некој ѝ згреши нешто, скорпијата ќе направи сѐ, ама буквално сѐ, за да ги врати работите на свое место.rnrnОдбивна: Стануваат напнати и премногу сериозни за ситници, правејќи ги малите одлуки во животот, како да станува збор за живот или смрт.rn

    Стрелец

    rnПривлечна: Стрелците имаат вроден оптимистички поглед, кој им овозможува да го гледаат светот како место полно со надеж и оптимизам.rnrnОдбивна: Тие се големи перфекционисти и сакаат да ги контролираат работите. Доколку не ги правите работите по нивно, тогаш ги правите погрешно.rn

    Јарец

    rnПривлечна: Јарците зрачат со топлина и се многу грижливи луѓе. Кога ќе бидете во нивна близина секогаш ќе чувствувате поддршка и грижа.rnrnОдбивна: Доколку немате конкретен план по кој треба да се придржувате, јарецот знае да не издржи и да збесне.rn

    Водолија

    rnПривлечна: Водолијата е секогаш спремна да ви помогне, без разлика на она што моментално се случува во нивниот живот.rnrnОдбивна: Водолиите веруваат дека тие секогаш ја имаат логичната перспектива на работите и не знаат кога да замолчат и да послушаат туѓ совет.rn

    Риби

    rnПривлечна: Рибите по природа се нежни, отворени и ранливи личности, поради што може да бидат отфрлени од општеството полно со лицемери, но тие не можат против тоа, а тоа е слатко.rnrnОдбивнa: Често ги фаќа мрза, па неретко им е потребно трипати повеќе време за разлика од друг човек, за да завршат некоја работа.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Три точки

    Три точки

    Автор: Анаrn

    Милион погледи.rnУште повеќе замерки.rnДолга тешка улица, навидум чиста,rnно на неа, толку валкани чекори!rnДодека дождот полека го мие нејзиното лице,rnочите и се полнат со солзи… се радува на новото.rnПолека пристигнува до кривината која ја носи кон невиденото…rnДали ќе го сврти погледот?rnИли ќе остане во раката на несознанието?rnДали е таа онаа правата?Три точкиСигурно некогаш во животот сте се нашле во ситуација кога сте требале да донесете одлука.

    rnУф! Секогаш кога треба да донесам некаква одлука, ми е тешко. Имам една особина која не ја сакам многу кај себе, знам силно да се покаам за нешто доколку не е направено со најмали детали… А подоцна пак, ќе си речам: „Што ти е? Успеа нели? Дај опушти се!“ Тешко е да се опуштиш кога знаеш дека оние мали, ситни детали те двојат од врвот, од целосната победа… Од друга страна пак, сите сме победници, зар не? :DrnrnИмам натпреварувачки дух, кој не толку многу го покажувам, но постои и кога треба, сите го чувствуваат. Сметам дека секој еден треба да го храни тој дух во себе. Да сакаш да победиш е една од најздравите особини кај еден човек.rnrnТака се постигнуваат целите во животот, барем според мене… Секоја победа има своја цел. На кому како му се посреќило. И победата има своја ранг листа… Те става онаму каде си заслужил… Старите велат: „Колку си посеал, толку ќе си ожнееш.“ Имаат право. Не постојат златни лажички.  Жал ми е за оние кои не се трудат. Нема секогаш некој да им ја работи работата. Ќе паднат и тие. Фрустрира понекогаш, знаете? Фрустрира фактот дека некој направил помалку, добил повеќе, а ти, ти си се здробил од работа за минимум, за трошка…rnrnКога ќе се случи нешто такво во моја близина и присуство, јас секогаш си велам, барем знаењето и искуството се мое богатство. Некои ова мислење го сметаат за празно. Не ме засега. За секој еден ќе дојде времето. Само труд и трпение. Трпение – спасение.rnrnСакам збор.rnСакам.rnСонувам.rnrnМечтаам.rnrnНе можам да објаснам што е доволно…rnТри точки…rnТоа е сè…rnШто значат?rnrnЗначат сè што имаме.rnЗначат сè што ќе имаме.rnrnИднината е ваша. Патот по кој ќе одите е онаков каков сами ќе си го ископате. Снаодливи, тајни, нежни, два чекори напред, еден назад… Па добро, секогаш останува оној еден чекор напред… Јас не се откажувам. Ви удриле шамар на реалноста? Соочете се со неа. Нема бегање. Постоиме поради некоја си причина… Јас велам, искористете ја. Па животот е краток, луѓе мои. Едно трепнување и сме се нашле на крајот. Почетокот е навистина важен. Оставете впечаток.

  • Што кажува ТВ серијата за вас?

    Што кажува ТВ серијата за вас?

    Отсекогаш си мислевме дека ТВ сериите што ги гледаат нашите пријатели, потајно ги откриваат нивните карактерни особини. Сега, тоа е дури и докажано дека е точно. Маркетинг компанијата Mindset Media спроведе една студија која ги идентификува особините на еден човек во зависност од тоа која ТВ серија ја гледа. Сакате да дознаете што кажува за вас ТВ серијата која вие ја гледате? Прочитајте подолу.rnrnШто кажува ТВ серијата за вас?rnrn„Mad Man“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: креативен, социјален и либерален тип. Студијата покажала дека креативни луѓе се оние кои повеќе гледаат драми. Тие преферираат познати брендови како Apple. Социјалните и либералните типови на луѓе не поднесуваат морални авторитети.rnrnШто кажува тв серијата за вас?rnrn„Family Guy“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: човек што презема ризици и ебунтовник. Бунтовниците не сакаат правила, а во нивниот глас се слуша сарказам и лутина. Овие две карактерни особини се одличен предуслов за оние кои сакаат да продаваат замрзната пица, мотори и мини-камиончиња.rnrnШто кажува тв серијата за вас?rnrn„The Office“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: супериорни над другите… или барем мислите дека сте. Фановите на оваа серија за себе мислат дека се необични луѓе и постојано се фалат за нивните достигнувања. Преферираат брендови како BMW и пијат цедени сокови.rnrnШто кажува тв серијата за вас?rnrn„Grey’s Anatomy“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие: сакате да бидете доктор, ги сакате луѓето, сакате да помагате и имате помалку комплициран живот. Бидејќи серијата е инспиративна, вие сте човек на кого му требаат инспирација и позитивни мигови. Верувате во љубов, но не премногу. Ја сакате работата, ама секогаш знаете дека можете да постигнете многу повеќе. Се грижите за здравјето и за малкуте пријатели кои ги имате во животот.rnrnШто кажува тв серијата за вас?rnrn„Sex and the City“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: самокритични. Строги сте спрема себе и со високи критериуми чекорите во животот. Пријателите ви се сè во животот, а модата е дел од вас. Ве краси способноста секогаш убаво да се облекувате. Дружељубиви сте, а љубовта е вашиот двигател во животот. Секогаш сте тука да ги сослушате пријателите, да дадете совет. Кога сè е под контрола, на ноќните забави им нема крај.rnrnШто кажува тв серијата за вас?rnrn„Desperate Housewives“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: приземни и реални. Приземноста ве прави да бидете достапни и секогаш тука за оние на кои им требате. Оптимисти сте и реално му пристапувате на животот. Понекогаш за да се извадите, подлажувате, но знаете да се извините дека сте погрешиле. Го сакате животот и се обидувате да живеете што е можно помирно и поспокојно.rnrnШто кажува тв серијата за вас?rnrnThe Big Bang Theory“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: интелигентен, забавен, среќен и безгрижен човек. Ве интересираат необични работи. Вие сте личноста во друштвото која е неопходна за забавата да биде одлична. Серијата толку многу ја сакате што често им кажувате реплики од некои епизоди на пријателите. rnrnШто кажува тв серијата за вас?rnrn„House, MD“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: самоуверени. Сакате предизвици и сакате да ги истражувате работите кои не ви се доволно јасни. Промените во животот не ги прифаќате лесно, но се убедувате себеси дека мора да се помирите со тоа. Имате неколку луѓе во вашето опкружување со кои се дружите од корист. Склони сте на пороци.rnrnШто кажува тв серијата за вас?rnrn„Gossip Girl“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: модна икона (во кругот на пријателите). Маана ви е тоа што многу им верувате на луѓето, ама кога ќе се почувствувате предадено, секогаш имате една верна пријателка која ќе ве сослуша до крај. Класичните филмови ви се слаба страна, а и многу сте романтични. Иако Audrey Hepburn ви е идол, го менувате стилот на облекување во зависност од расположението. Сакате да живеете на висока нога, а во друштвото сте препознатливи токму по тоа.rnrnШто кажува тв серијата за вас?rnrn„Will and Grace“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте:  социјален и либерален тип. Го негувате утринскиот ритуал како што е пиењето кафе и читање весник. Во постојана потрага сте по вистинскиот човек во вашиот живот. И покрај напорната работа, знаете како да се забавувате или барем имате неколку луѓе во животот кои го поттикнуваат тоа кај вас. Немате никакви предрасуди во животот. Импулсивни сте. Понекогаш животот го сфаќате сериозно, но набрзо сфаќате дека сакате да живеете што поспокоен живот, полн со убави моменти и позитивни луѓе.rnrnШто кажува тв серијата за вас?rnrn„Nip/Tuck“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: горделиви, упорни и доследни на себе. Сакате совршен живот, а можеби и го имате. Понекогаш сте егоисти, но тоа е така затоа што ги знаете своите квалитети кои ги поседувате. Директни сте кон луѓето, а верни на партнерот. Вие сте итри, снаодливи и интелигентни.rnrnШто кажува тв серијата за вас?rnrn„The L Word“ – Ако ја гледате оваа серија тогаш вие сте: eмоционален, флексибилен и духовен тип. Страста е приоритет во вашиот живот. Сакате да имате стабилни луѓе околу вас. Меѓу пријателите, вие сте оној човек што може да направи муабет со секого на која било тема. Ви завидуваат, ве сакаат и обожаваат. Имате претензии да бидете одличен лидер. Независни сте, лојални, успешни и самостојни. Точно знаете што сакате од животот и од човекот со кој што сте. Не сакате да бидете центар на вниманието.rnrnШто кажува тв серијата за вас?rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.