КАФЕ ПАУЗА

Tag: оштетување

  • 6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата

    6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата

    На нашата коса никогаш не ѝ е доволно нега. Шампон кој ѝ одговара, регенератор, хранлива маска, силиконски капки и многу други продукти сигурно се дел од вашата рутина. Сепак, често несвесно сите правиме грешки кои имаат штетно дејство врз нејзе и го намалуваат ефектот на домашните и професионалните третмани за кои издвојуваме пари. Ова се 6 најчести примери за несвесни грешки со кои го нарушуваме здравјето на влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата rn

    Ја миете косата секој ден

    rnСекој посакува косата постојано да му изгледа свежо и да му мириса убаво. Но секојдневното миење не е препорачливо, затоа што на тој начин го миеме природното масло кое ги штити темето и влакното. Сосема доволно е на секои два-три дена да ја миете косата и да извршите некој домашен третман.rn

    Ја сушите косата на најјака топлина со фен

    rnДоколку сакате вашата коса да биде сјајна и педантна, не изложувајте ја на висока температура, бидејќи така лесно се суши влакното. Користете ги пониските нивоа за регулација на топлината на фенот, при што можеби сушењето ќе трае подолго, но затоа ќе се намали бројот на расцветани врвови.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrn

    Обликување на фризурата додека косата е сè уште мокра

    rnНе само што е многу потешко и непотребно губите енергија и нерви, туку при ваквиот процес вие придонесувате влакната побрзо да напукнат. Обликувајте ја косата само во моменти кога таа е малку влажна на допир.rn

    Комбинација од лак за коса и загреана преса

    rnДоколку редовно користите пегла за коса, треба да внимавате какви средства нанесувате на косата пред самото пеглање. Избегнувајте го лакот и другите средства кои содржат алкохол во својот состав, бидејќи тие го сушат влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrn

    Претерување со производи за хидратација на косата

    rnСредствата за хидратација на косата, без сомнение имаат позитивен ефект врз структурата на влакното. Но доколку претерате со нивното користење, косата ќе почне да ви изгледа безживотно. Затоа нанесувајте ги таквите средства само на врвовите, односно на долната половина по должината на косата.rn

    Непотребно бојадисување на целата коса

    rnДоколку сакате да го освежите изгледот на вашата бојадисана коса, нема потреба да ја повторувате целата постапка одново. Бојадисајте го само пораснатиот дел, односно коренот и спречете го непотребното сушење на влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мажите не треба да го држат лаптопот на нивните бутови

    Мажите не треба да го држат лаптопот на нивните бутови

    Современиот начин на живот за многу луѓе е незамислив без да се постојано „врзани“ за безжичен интернет, но мажите кои еден ден планираат да имаат деца, треба да внимаваат на кој начин ги користат своите лаптопи. Според најновите истражувања, Wi-Fi технологијата го оштетува квалитетот на спермата и поради тоа, на мажите им се препорачува да не ги држат преносните компјутери во близина на нивните репродуктивни органи.Мажите не треба да го држат лаптопот на нивните бутовиНаучниците уште поодамна имаат откриено дека самата топлина која ја емитува лаптопот е штетна за спермата, а канадските истражувачи минатата година дојдоа до резултат дека радијацијата од безжичниот интернет го забавува движењето на сперматозоидите и го оштетува генетскиот материјал. Сомнежите ги потврдија нивните колеги од Аргентина, предводени од Конрадо Авендано од Центарот за Репродуктивна Медицина во Кордоба, кои забележале дека кај спермата од здрави мажи ставена под лаптоп кој е врзан за безжичен интернет, „пливачите“ повеќе не пливаат.rnrnЗа истражувањето, научниците земале сперма од 29 мажи на возраст од 26 до 45 години и некои примероци ги лоцирале под лаптопи врзани за безжичен интернет, а други настрана од компјутерите. Притоа лаптопот преземал и пренесувал информации од интернет во текот на четири часа.rnrnНа крајот од експериментот, 25% од спермата која била ставена под лаптопите престанала да се движи и имало 9% оштетеност на генетскиот материјал. За споредба, само 14% од спермата која се чувала настрана од безжичниот интернет престанала да се движи, а забележан е само 3% оштетеност на генетскиот материјал.rn.rn

    „Нашите резултатите покажуваат дека користењето на лаптоп компјутерите кои се врзани преку Wi-Fi на интернет и се позиционирани во близина на машките репродуктивни органи, можат да го намалат квалитетот на човечката сперма. Во моментов не знаеме дали ваквиот ефект е предизвикан од сите лаптопи кои се поврзани на безжичен интернет, ниту дали други фактори дополнително го влошуваат ваквото штетно влијание.“ – објаснува тојrn

    rnАвендано смета дека безжичната конекција создава електромагнетна радијација која што ја оштетува спермата.rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јаболкото е поштетно за забите, отколку газираните пијалаци

    Јаболкото е поштетно за забите, отколку газираните пијалаци

    Јадењето јаболко ги оштетува забите четири пати повеќе во однос на газираните пијалаци, велат резултатите од новото истражување. Виното и светлото пиво исто така го зголемуваат ризикот од оштетување на забите, а грејпфрутот кој го консумираме многу поретко, не ги оштетува.rnrnЈаболкото е поштетно за забите, отколку газираните пијалациrnrnПрофесорот Дејвид Барлет, кој е раководител на стоматолошкиот институт на колеџот „Кинг“ во Лондон и предводник на ова истражување, смета дека не станува збор само за тоа што јадеме, туку како го јадеме. Пијалаците кои имаат ерозивно дејство, особено Кока-колата, не покажале дека се ризични за вашите заби.rn

    „Докторите постојано велат дека јадењето јаболка е многу здраво, но ако ги јадете бавно, високата киселост која ја содржат, може да ви ги нагризе забите. Газираните пијалаци, како Кока-кола, не покажаа негативни резултати за забите. Резултатите потенцираат дека треба да се внимава со консумирањето храна и пијалаци кои содржат висока киселост, а не со газираните пијалаци.“

    rnВо студијата, во која учествувале повеќе од 1.000 мажи и жени на возраст од 18 до 30 години, истражувачите ја испитувале поврзаноста помеѓу оштетеноста на глеѓта до длабочина од 2 мм и внатрешната структура на забите со храната која ја консумирале учесниците.rnrnКај луѓето кои јаделе јаболка имало за 3,7 пати поголема веројатност за оштетување на забите, додека кај оние кои пиеле газирани пијалаци, немало таква опасност.rnrnКонсумирањето овошен сок ја зголемува за четири пати веројатноста за оштетување на забната глеѓ околу врвот на забите, близу коренот, а светлото пиво, кое е исто така кисело, ги зголемува шансите за забно оштетување за три пати.rnrnД-р Гленис Џоунс вели дека никој не треба да се обесхрабри од овие резултати и да престане да консумира овошје или овошни сокови. Таа сугерира да јадете јаболко во комбинација со млеко или парче сирење, бидејќи двете содржат калциум, кој ја неутрализира јаболковата киселина. Пиењето вода веднаш после грицкањето јаболко, е исто така од помош, бидејќи на тој начин „ќе се измијат“ штетните ефекти. Пиењето сок со цевка е уште еден начин за заштита на вашите заби, додава таа. Миењето заби пред да јадете храна која содржи киселини, исто така може да помогне, бидејќи обезбедува бариера помеѓу храната и забите.