КАФЕ ПАУЗА

Tag: оштетување

  • Дами, никогаш не правете ги овие работи на вашите гради!

    Дами, никогаш не правете ги овие работи на вашите гради!

    Градите се еден од најделикатните делови на женското тело. Тие се составени од масни ткива и жлезди коишто произведуваат млеко. Кожата на градите е еластична поради протеинот наречен еластин. Па, тие треба да бидат третирани соодветно и да ја добиваат потребната грижа, затоа што се многу чувствителни и лесно подложни на оштетување. Погледнете ги овие неколку навики коишто им штетат на вашите гради и трудете се да ги избегнувате.rnrnrn

    1. Носење помал број градник

    rnИако многу жени веруваат дека носењето помал број градник (еден или два броја помал) може да го подобри изгледот на нивните гради, практиката не го препорачува ова. Експертите велат дека носењето помал број градник може да предизвика непријатност и оштетување на ткивото на градите.rn

    2. Пирсинг на брадавицата

    rnПирсингот на брадавицата може да биде опасен затоа што постојат шанси од инфекција. Доколку брадавиците се инфицираат, инфекцијата преку нив се шири многу бргу и до лимфните јазли. Ова доведува не само до формирање гној, туку може да предизвика и посериозни заболувања доколку инфекцијата навлезе во крвотокот. Затоа, подобро е да го избегнувате пирсингот на брадавиците.rn

    3. Отстранување на влакната околу брадавиците

    rnМногу жени не ги сакаат влакната околу брадавиците, па имаат навика редовно да ги отстрануваат. Тоа не е добро затоа што честото отстранување може да резултира со погусти и повидливи влакна, а покрај тоа оваа навика може да предизвика и воспаленија.rnrnrn

    4. Стискање на градите

    rnМногу често, кога луѓето се интимни, имаат тенденција да ги притискаат градите. Ако ова се прави на редовна основа, тоа може да го оштети нивното ткиво.rn

    5. Трчање без спортски градник

    rnНекои жени практикуваат вежбање, трчање или работење без носење спортски градник затоа што на тој начин се чувствуваат поудобно. Но, ова може да предизвика сериозни оштетувања на ткивата во градите, па затоа настојувајте да ја избегнувате оваа навика.

  • Најголемите грешки кои сите ги правиме кога станува збор за очилата за сонце

    Најголемите грешки кои сите ги правиме кога станува збор за очилата за сонце

    Во летниот период, очилата за сонце се неизбежен моден додаток, а освен тоа што сакаме добро да ни ги заштитат очите, сакаме и да изгледаат убаво. Но, честопати забораваме дека треба добро да се грижиме за нив доколку не сакаме да се оштетат. Одбегнувајте ги следниве 3 грешки кои сите ги правиме со очилата за сонце и тие подолго време ќе ви изгледаат како нови…rnrnНајголемите грешки кои сите ги правиме кога станува збор за очилата за сонцеrn

    Ги ставате очилата за сонце на глава

    rnДоколку делот од очилата кој стои на носот е направен од жица, косата може да ви се заплетка во него и лесно ќе ја искубете кога ќе пробувате да ги извадите, а може и тој дел од очилата да се скрши или превитка. Исто така, очилата можат да ви се рашират и да ви бидат прелабави кога ќе ги ставите на очи. Освен тоа, кога ќе ја наведнете главата, тие можат да паднат и така да се оштетат. Сигурни сме дека сите овие работи веќе сте ги знаеле, но веројатно немате воопшто обрнато внимание на нив.rn

    Не ги прилагодувате очилата за сонце на вашето лице

    rnСекое лице е асиметрично, без разлика дали се гледа тоа или не. Кај многу луѓе исто така постои мала разлика во висината на ушите: Едното уво може да биде малку пониско поставено од другото уво. Поради тоа, освен ако не сте купиле очила за сонце кој никој друг освен вас не ги допирал, големи се шансите дека очилата ги пробувале и други луѓе пред вас, поради што ви стојат малку накосо. Веројатно не сте знаеле, но многу продавници за оптика бесплатно нудат услуга за прилагодување на очилата според вашето лице, така што секако дека би требало да ја искористите таа можност.rn

    Очилата за сонце ги чувате во чанта незаштитени

    rnОчилата за сонце никогаш немојте да ги ставате во чанта без да ги заштитите, односно да ги ставите во футрола. Многу е важно тоа да го направите, бидејќи токму во чантата можат најмногу да се оштетат. Виновници за тоа се клучевите и другите остри предмети кои ги гребат очилата. Најмалку што можете да направите е да ги замотате очилата за сонце во крпче за чистење микрофибер (кое исто така го добивате со очилата) пред да ги ставите во чанта.

  • Секојдневни навики кои можат да го оштетат вашиот вид, а вие и понатаму ги правите

    Секојдневни навики кои можат да го оштетат вашиот вид, а вие и понатаму ги правите

    Иако ве учеле дека читањето во мрак или преблиското стоење покрај телевизискиот екран може да го оштети вашиот вид, сепак мораме да ви кажеме дека тие две работи воопшто не се точни. Доколку се запрашувате за кои секојдневни навики станува збор, тогаш е време да ги дознаете.rn

    1. Читање книга додека се возите

    rn2-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_rnrnИако е доста убаво во денешно време да видите личност која чита книга во автобусот, а да не сурфа на интернет, сепак таа личност ризикува да го оштети својот вид. Тоа е така, бидејќи нашите раце постојано се тресат додека се возиме, а со тоа и книгата се поместува, па така нашите очи постојано мора да се фокусираат и напрегнуваат за да го прочитаме убаво тоа што го пишува. Главоболките и ослабениот вид се појавуваат со преголемото напрегнување на очите.rn

    2. Недостаток на сон

    rn3-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_rnrnВо текот на ноќта, односно додека спиеме целиот наш организам се одмара и обновува, што значи дека и нашите очи се одмараат. Меѓутоа, доколку не спиете доволно, до касно лежите во креветот или воопшто не спиете, вие не им дозволувате на вашите очи да се одморат. Тоа предизвикува проблем на сувост и појава на испукани капилари во очите.rn

    3. Гледање филмови на лаптоп или таблет

    rn4-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_rnrnИако е доста полесно да гледате некој филм или серија на вашиот лаптоп, наместо да го ставате на УСБ, па потоа на телевизор, сепак таа рутина ги оптоварува очите поради екранот кој стои премногу близу да главата.rnrn6-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_rnrnНо сепак, некогаш мора да гледате нешто на вашиот лаптоп, а за да не ги напрегате очите, правите пауза одвреме-навреме така што ќе го тргнете погледот од екранот и ќе гледате некаде во далечина.rn

    4. Недостаток на трепкања

    rn5-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_rnrnВоглавно ова им се случува на децата, но може да им се случи и на возрасните. Кога ќе се загледате во нешто на вашиот компјутер, лаптоп или некој друг електронски уред, тогаш се намалува бројот на трепкања или пак воопшто не трепкате. Поради тоа се јавува иритација на очите, но и сувост. Доколку ви се случило ова, едноставно ставете капки за очи или користете 3% борна киселина (acidi borici), која се користи како раствор за миење на очите.rn

    5. Заборавате да носите очила за сонце

    rn7-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_rnrnСилната сончева светлина и УВ зраците им сметаат на нашите чувствителни очи и му штетат на видот. Задолжително носете очила за сонце, без разлика каде сте, па дури иако одите само до најблискиот маркет.

  • Топ 5 совети вашата коса да изгледа фантастично и за време на летото

    Топ 5 совети вашата коса да изгледа фантастично и за време на летото

    Сонцето и топлото време можат многу да ја оштетат вашата коса. Да не заборавиме и на морската вода, како и на хлорот од базените кои исклучително штетно влијаат врз неа. Но, доколку ги послушате советите кои следат, вашата коса ќе биде поубава и пожива од кога било порано.rnrn1-top-5-soveti-za-vashata-kosa-da-izgled-fantastichno-i-vo-leto-www.kafepauza.mk_rn

    1. Масло за коса

    rnМаслото за коса би требало да го регенерира сето она што сонцето и водата го исушиле. Исто така, тоа ќе помогне да се создаде „анти-фриз“ ефект.rn

    2. Фризурата како спас

    rnФризурата во бохо стил или лесна плетенка се сјајни решенија за оние моменти кога ќе сакате да изгледате убаво, а немате време за фенирање. Постојат толку многу комбинации, на пример, можете да ги сплетете само предните прамени, да ја сплетете целата коса во ниска плетенка, да направите некоја фризура со вметнати плетенки во неа и слично… Изборот е голем, а одлуката е ваша!rn

    3. Еднаш неделно, после миењето, нанесете маска за коса која регенерира

    rnКако што е наведено, еднаш неделно, ниту почесто, ниту поретко, после миењето на косата нанесете хранлива маска. На тој начин ќе ја вратите косата во живот. Меѓутоа, запомнете дека доколку имате бојадисана коса не смете да ја држите маската подолго од 10 минути, со цел да ја зачувате вашата боја. Од друга страна пак, доколку пливате во базен, маската ќе го задржи хлорот подалеку од вашите влакна.rnrn2-top-5-soveti-za-vashata-kosa-da-izgled-fantastichno-i-vo-leto-www.kafepauza.mk_rn

    4. Пена за коса

    rnМожеби сте заборавиле колку пената за коса може да биде практична. Односно, доколку нанесете малку пена за коса додека е уште мокра, дури и да ја исушите на сонце и ја стиснете со раката или пак да ја исплетете во плетенка, откако ќе ја пуштите ќе добиете прекрасни и лежерни локни. Секако, секогаш предложуваме што помалку да употребувате фен, и целосно да заборавите на пресите за коса и фигарото.rn

    5. Спреј со УВ фактор

    rnДоколку сте на плажа или во текот на денот сте многу изложени на сонце, задолжително нанесете спреј со УВ фактор кој може да ви помогне барем малку да ја зачувате косата од оштетување. Од друга страна пак, лесниот шешир е секогаш добра опција за на плажа, но и за во град.rnrn3-top-5-soveti-za-vashata-kosa-da-izgled-fantastichno-i-vo-leto-www.kafepauza.mk_rnrnВодете сметка за вашата коса во текот на летото и пуштете ја што повеќе да се одмори за да изгледа прекрасно во наредните месеци.

  • Зачувајте ги омилените џемпери: Како да ги перете без да ги оштетите?

    Зачувајте ги омилените џемпери: Како да ги перете без да ги оштетите?

    Едно од омилените дневни парчиња во зимскиот период е дефинитивно џемперот, кој често го комбинираме со сите останати парчиња. Баш поради тоа што често го носиме, ова дневно парче треба внимателно да го переме, за подоцна да не дојде до ситуација каде што нема да можеме да го носиме, бидејќи изгледа премногу растегнато. Затоа денес ви даваме неколку совети кои ќе ви помогнат да го исперете вашиот омилен џемпер, така што нема да го оштетите.rnrn1-zachuvajte-gi-omilenite-dzhemperi-soveti-kako-da-go-isperete-vashiot-dzhemper-bez-da-go-oshtetite-www.kafepauza.mk_rn

    1. Превртете го џемперот наопаку

    rnСтанува збор за првиот и клучен чекор во перењето на џемперот, бидејќи на тој начин ќе спречите детергентот директно да го загрози и да го оштети.rn

    2. Наполнете го леѓенот со вода и сапун

    rnПосле доброто миење на леѓенот во кој ќе го перете џемперот, наполнете го со ладна вода и во него ставете сапун. Многу е важно да не претерувате со сапунот, бидејќи последиците од ваквото перење би ги забележале подоцна. Можеби е најдобро тоа да биде сапун или шампон со мирис на лаванда.rn

    3. Оставете го потопен

    rnОставете го вашиот џемпер да постои во водата од 5 до 10 минути, но благо протривајте го на секои неколку минути.rnrn2-zachuvajte-gi-omilenite-dzhemperi-soveti-kako-da-go-isperete-vashiot-dzhemper-bez-da-go-oshtetite-www.kafepauza.mk_rn

    4. Исперете ја сапуницата од џемперот

    rnПосле оставањето на џемперот во водата околу 10 минути, испразнете го леѓенот, исплакнете го, потоа наполнете го со ладна вода и измијте го џемперот, така што ќе ја отстраните целата сапуница од него. Со оглед на тоа дека вашиот џемпер ќе биде полн со вода, немојте да се колебате да го исцедите со раце, но не правете го тоа премногу агресивно, бидејќи можете прилично да го оштетите.rn

    5. Ставете го џемперот да се исуши

    rnОставете го џемперот наопаку, а потоа ставете го во сушалната, но така што таа да биде наместена на најмалата брзина и да не биде премногу топла. Никако немојте да го сушите џемперот на полна брзина, бидејќи ќе го оштетите, туку повеќе настојувајте да биде потполно сув, а неоштетен.rn

    6. Оставете го додатно да се исуши

    rnБаш како првиот, така и последниот чекор во перењето на џемперот е клучен. Значи, никогаш не сушете го џемперот закачувајќи го на жица, туку така што ќе ставите пешкир на подот, а потоа ќе го ставите џемперот врз него за така да се исуши. Доколку сте во брзање, џемперот можете да го исушите со помош на фен за коса дувајќи неколку минути, а потоа да поминете врз него со ладна пегла, за влакненцата и кончињата да се смират.rnrn3-zachuvajte-gi-omilenite-dzhemperi-soveti-kako-da-go-isperete-vashiot-dzhemper-bez-da-go-oshtetite-www.kafepauza.mk_

  • Топ 10 совети за здрава и негувана коса

    Топ 10 совети за здрава и негувана коса

    Ако сакате вашата коса да биде убава и здрава, и покрај хемиските третмани и изложувањето на топлите апарати, мора да водите голема грижа за неа. Дури и здравата коса бара големо внимание, а да не зборуваме за оштетената и тенка коса. Послушајте ги овие драгоцени совети за нега на вашата коса.rnrn1-top-10-soveti-za-zdrava-i-neguvana-kos-www.kafepauza.mk_rn

    1. Редовно скратувајте ги краевите

    rnИдеално би било на секои 3-4 недели по малку да ги кратите краевите. Ако немате можност за тоа, тогаш кратете ги на секои 6-8 недели. Во секој случај, немојте да чекате вашата коса да израсне, па да ја кратите по неколку сантиметри. Со редовното кратење ќе ја одржувате неоштетена, бидејќи ќе го спречите „цветењето“ на косата.rn

    2. За обликување користете ги рацете

    rnКога ја виткате косата со помош на преса, фигаро или витлери, секогаш на крајот растресувајте ја малку со прстите. На тој начин локните ќе изгледаат поприродно и со прстите ќе ги „расчешлате“ баш како што треба. Чешелот освен што ќе ја растури структурата, може и да ги „скине“ замрсените краеви.rn

    3. Измијте ја косата со ладна вода

    rnЗдравата коса обично е сјајна. Ако сакате да го постигнете тоа, после миењето на регенераторот, косата уште еднаш измијте ја со ладна вода, за да ги затворите кутикулите и на тој начин состојките од регенераторот, кои го обновуваат влакното, да останат на него. Секако, ви препорачуваме косата да ја измиете префрлена надолу, за да не ја намокрите главата со ладна вода. Во секој случај, миењето со ладна вода не треба да трае долго.rn

    4. Измијте ја косата како што треба

    rnКолку и да се брзате, немојте да ја миете косата набрзина. Сетете се колку внимание посветува вашиот фризер додека ја мие – и тоа е со причина. Во текот на шампонирањето, со кружни движења на прстите, масирајте ја кожата на главата. Потрудете се на секој дел од главата да направите најмалку пет кружни движења. Потоа добро измијте го шампонот, бидејќи ако остане на косата, кој било препарат кој е наменет за плакнење, може да предизвика измрсување или сушење на влакното, па дури и да ја оштети косата или да ја иритира кожата на главата.rn

    5. Направете патец кој ќе ви одговара

    rnФризерите препорачуваат вашиот патец секогаш да биде на средина, без разлика како тој започнува напред. На тој начин тој ќе ја одржува косата во рамнотежа и нема едната страна да изгледа слепено. Се препорачува привремено да ја менувате страната на предниот патец, за вашиот преден дел секогаш да изгледа побујно. Страната на која никогаш не го местите вашиот патец со текот на времето започнува да изгледа слепено.rnrn2-top-10-soveti-za-zdrava-i-neguvana-kos-www.kafepauza.mk_rn

    6. Користете масло за нега на вашата коса

    rnЗдравата коса одвреме-навреме бара третман со посебни препарати. Пред миење, на косата и кожата на главата нанесете масло специјално наменето за вашиот тип на влакно. Оставете да делува околу 20 минути, па измијте го. После тоа измијте ја косата како и обично.rn

    7. Научете што се нанесува на коренот, а што на краевите

    rnЗапомнете дека додека ја миете косата, повеќе шампон треба да нанесете на коренот, а помалку на врвовите. Важно е добро да ја измиете кожата на главата и од нејзините корени да го истиснете вишокот на маснотии. Регенераторот пак се нанесува исклучиво на краевите. Нанесете го на горниот дел само доколку без него не може да ја расчешлате косата. Истото важи и за разните спрејови, масла или некои други препарати за врвовите. Тие никако не ги нанесувајте на коренот и горниот дел од косата, бидејќи може лесно да ја измрсат.rn

    8. Маскирајте ги седите влакна

    rnНемојте веднаш да ја бојадисувате косата штом забележите некое седо влакно. Наместо тоа, одвојте ги прамените каде што имате седи влакна и бојадисајте ги. Дури ни здравата коса не треба често хемиски да се третира, а за тенката и слаба коса тоа може да биде премногу штетно.rn

    9. Искористете ги ротквиците

    rnДоколку го вклучите овој зеленчук во исхраната, не само што ќе го подобрите вашето здравје, туку тоа ќе ја направи вашата коса сјајна. Освен тоа, сокот од ротквица е познат како народен лек против првутот.rn

    10. Направете сами маска за коса

    rnИзмешајте банана, јајце, авокадо, две лажици мед и три лажици маслиново масло. Оваа смеса нанесете ја на целата коса – од коренот до врвовите – па оставете да делува 30 минути. После тоа измијте ја косата.

  • Грешки при нега на кожата во ладните денови кои морате да ги исправите

    Грешки при нега на кожата во ладните денови кои морате да ги исправите

    Штом дојдат есента и зимата, кожата почнува да го губи својот сјај и да станува сува и осетлива. Ова се неколку работи со кои несвесно ја оштетувате кожата.rnrnГрешки при нега на кожата во ладните денови кои морате да ги исправите rn

    Долго туширање под жешка вода

    rnДолгото туширање под жешка вода може да ве опушти, но ќе ви ја исуши кожата. За време на ладните месеци туширајте се пократко и не користете премногу топла вода, за да не ги отстраните сите есенцијални масла од кожата. По можност, користете и непарфимирани сапуни.rn

    Користите премногу тоник

    rnТоникот за лице е одлично средство за повремено освежување на изгледот на кожата додека е топло времето, но не и кога ќе залади. Тој може да ја отстрани природната маснотија на вашето лице, поради што кожата ќе ја произведува во поголеми количини, а со тоа ќе се зголеми и појавата на акни. Тоникот на база на алкохол особено ја суши кожата и најдобро е во целост да го избегнувате.rn

    Не користите крема за заштита од сонце

    rnБез разлика на времето, постојано треба да ја заштитувате кожата од сончевите зраци. Постојаната заштита од сонце ќе ви помогне да ги намалите шансите за рак на кожа и ќе се намали појавата на ситни брчки. Чувајте ја кремата со заштитен фактор во близина на останатите продукти кои редовно ги користите, за да не заборавате постојано да се мачкате.rn

    Користите премногу парфем

    rnГолем број парфеми и тоалетни води содржат алкохол, што може да предизвика сува и иритирана кожа или да го влоши здравјето на веќе испуканата кожа. Парфемот нанесете го на облеката, а не на кожата. Ако имате чувствителна кожа, подобро заборавете на парфемите.rn

    Недостаток на хидратација

    rnХидратацијата е камен-темелник на здравата кожа во кое било годишно време, но тоа е најизразено во ладните месеци. Вашите раце, пети, колена и вратот се подрачја на кои морате да им посветите повеќе внимание.rnrnГрешки при нега на кожата во ладните денови кои морате да ги исправите rn

    Не вежбате

    rnГолем број луѓе престануваат да вежбаат штом ќе дојдат ладните месеци. Кондицијата треба да ја одржувате во текот на целата година. Недостатокот на активност е директно поврзан со зголемен стрес, зголемена тежина и лош сон, што влијае врз целокупното здравје.rn

    Ја оштетувате кожата со несоодветни продукти

    rnЛадното време не е единствената причина за сува кожа. Чести кривци се и сапуните, купките, геловите за туширање и многу други продукти. Затоа подобро користете купки на база на масла, кремасти гелови и средства за бањање кои не се базираат на сапун.rn

    Не ја миете косата доволно често

    rnЗа време на ладниот период од годината, повеќето луѓе не ја мијат косата толку редовно како во летниот период. Честото миење на косата помага при размената на клетки на темето и е добро за нејзиното здравје. Хидратацијата е исто така важна, затоа користете балсами и маски за коса.rn

    Заборавате на усните

    rnОстриот студ во спој со греењето во затворените простории е лоша комбинација за вашите усни. Усните немаат лојни жлезди кои на остатокот од телото му пружаат заштита (затоа на усните не може да дојде до појава на акни). Лижењето на усните може да пружи моментално олеснување, но тоа дополнително ќе ги исуши. Балсамите за усни ќе ви помогнат да ја одржите нивната влажност. Солените јадења и циметот ги сушат усните, па пробајте да ги одбегнувате. Пазете и да не ви останува паста за заби на усните, бидејќи и таа ги суши.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчести грешки при употреба на пегла за коса

    Најчести грешки при употреба на пегла за коса

    Иако повеќето девојки се свесни дека пеглањето на косата е штетно за влакното, во денешно време тоа е станато вообичаена секојдневна практика. Можеби се обидувате што помалку да ја оштетувате вашата коса при користењето на пеглата, но тоа не значи дека внимавате на сè. Ова се 6 најчести грешки кои жените ги прават при користење на пеглата за коса.rnrnНајчести грешки при користењето на пегла за косаrn

    Влажна коса

    rnИако постојат посебни пегли за коса за исправување на влажна коса, експертите со сигурност нема да ви го препорачаат ова. Уште полошо е кога користите обична пегла додека косата ви е сè уште влажна. Затоа, пред да се фатите за пеглата, убаво исушете ја косата и почекајте уште 10 минути, па потоа почнете со исправување.rn

    Заштитно средство

    rnПред користење на пегла, косата треба да ја заштитите со некој препарат кој ја штити косата од висока топлина. Без тоа, вашата коса многу брзо ќе се оштети и ќе го изгуби природниот сјај.rn

    Јачина на пеглата

    rnНа повеќето пегли постојат опции за прилагодување на топлината. Избегнувајте пеглата да ја пуштате до максимум, бидејќи на тој начин ќе го ослабете влакното, а како резултат ќе ви испукаат врвовите и ќе ја оштетите косата.rn

    Предолго пеглање

    rnНикако не смеете истиот прамен да го пеглате неколку пати со силна топлина. Обидете се пред пеглањето максимално да ја исправите косата при фенирањето, за потоа полесно да ја испеглате и да не се задржувате долго на еден прамен. Што повеќе пеглате на исто место, толку повеќе ја оштетувате косата.rn

    Предебели прамени

    rnДоколку праменот кој сте го фатиле за пеглање е преголем, топлината нема рамномерно да се распореди и нема убаво да го испеглате праменот. На тој начин ќе морате долго време да се задржите на еден прамен, што во никој случај не е препорачливо.rn

    Широка пегла за коса

    rnПеглите со прешироки плочки тешко доаѓаат до самиот корен на влакното. Најпрепорачливо е да користете пегла со керамички плочки со ширина од 2,5 сантиметри.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да изгледате убаво и без шминка?

    Како да изгледате убаво и без шминка?

    Автор: Горана КоневскаrnrnГолема благодарност до оној кој ја измислил шминката, бидејќи со неа секоја девојка може да изгледа свежо и одморено, дури и кога тоа не е така. Но, понекогаш едноставно сакате да го одморите вашето лице и да не користите никаква козметика, барем еден ден. За да може да успеете во истото, треба секојдневно да се грижите за своето лице и за квалитетот на вашата кожа. Се разбира, постојат случаи кога едноставно мора да носите шминка, но доколку „маните“ не се толку големи, можете со мали трикови да ѝ овозможите малку одмор на кожата на лицето, а истовремено и да ја пуштите својата природна убавина на виделина.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Отспијте се убаво

    rnИако ова е премногу зборувано и за истото е навистина премногу пишувано, сепак една од најважните работи за вашето тело и вашиот дух, е да им овозможите доволен и добар сон и одмор. Од истото ќе видите ефекти веднаш. На пример, за време на викендите кога спиете повеќе од вообичаено нели веднаш забележувате дека немате подочници, тенот ви е порумен и едноставно немате уморен поглед во очите?rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Мијте го лицето со студена вода

    rnМиењето на лицето со студена вода, како и користењето студени облоги помагаат да се забрза циркулацијата, истовремено давајќи ѝ свежина на кожата и убава природна боја.rn

    Чистете и навлажнувајте ја кожата

    rnСледно, но не помалку важно е да ја чистите и навлажнувате кожата доволно често. Со помош на специјална вода во форма на спреј за освежување, која можете да ја носите во чантата и многу други разни тоници и слични продукти, можете да постигнете долгорочни ефекти на кожа без пори, црнки и дури да спречите појава на акни. Запомнете само да користите лосион или млеко за лице откако ќе ѝ направите пилинг на кожата, за сосема да ги остраните мртвите клетки, инаку може да се соочите со поголеми проблеми т.е. порите да ви се наполнат со нечистотија и слично.rn

    Пијте доволно течности

    rnСекојдневното пиење течности овозможува баланс на телото, го забрзува метаболизмот, чисти од нечистотии и секако влијае и врз еластичноста на кожата.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Заштитете ја својата кожа од сончевите зраци

    rnКористете производи кои содржат фактор за заштита од Сонце. Добри се и за летно и за зимско време.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Грижете се за веѓите

    rnЗа да можете слободно да се лишите од шминката на некое време, задолжително треба да се грижите за веѓите и тоа секојдневно. Исто така, обидете се да го користите виткачот за трепки самостојно без притоа да ставате маскара. Ова ќе ви помогне да добиете помоќен изглед на вашите очи и поиздолжен изглед на трепките.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Не заборавајте на косата

    rnКосата е исто така од големо значење. Мрсната и неизмиена коса веднаш се забележува и ќе придонесе за ваш неатрактивен изглед. Затоа, одвојте малку време и посветете ѝ внимание на косата.rn

    Користете многу малку сјај или балсам за усни

    rnМалку сјај за усни или балсам нема воопшто да ви штети. Напротив, ако е со заштитен фактор ќе биде добро да го нанесете.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Носете очила за сонце

    rnОчилата за Сонце ќе ги сокријат малите мани, како подочници или слично, а и ќе го оттргнат вниманието од другите мали недостатоци на вашето лице.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Што да прават оние кои не можат да излезат без шминка?

    rnДоколку не можете да излезете без да нанесете шминка на лицето, а сепак сакате да изгледате природно, потребна ви е шминка во природни нијанси.rnrnЗемете коректор и покријте сѐ што ви пречи на вашата кожа, како што се црвените дамки, флеките, темните подочници, црвенилото и слично. Врз тоа нанесете посветла течна пудра (онаа нијанса која ќе делува природно на вашиот тен). Земете светла сенка (светла беж или светло розова), нанесете ја од внатрешниот аголот на окото и повлечете под веѓата по целата нејзина должина. Овие сенки се добра подлога за шминка. Потоа можете да додадете малку светкава сенка од средината до крајот т.е. до надворешниот агол на окото.rn

    Дополнително:

    rn

      rn011

    • Исчешлајте ги веѓите со специјална четка
    • rn011

    • Ставете кафена или црна маскара (можете и да ги подвиткате трепките)
    • rn011

    • Земете руменило со боја на праска или бледо розова боја и нанесете на образите
    • rn011

    • Врз руменилото нанесете пудра во прав
    • rn011

    • Нанесете балсам, кармин или сјај за усни
    • rn

    rn

    Најважното што треба да го запомните кога се шминкате

    rnКрајниот ефект не смее да биде маска на лицето, туку лесна шминка која ќе има ефект, но истовремено нема да се познава дека ја носите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пронаоѓачот (The Finder)

    Пронаоѓачот (The Finder)

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnТВ серија за еден несекојдневен детектив…rnrnПронаоѓачот (The Finder)Креатор: Харт ХенсонrnГлавни улоги: Џеф Сталтс, Мерцедес Мејсон, Мајкл Кларк Данкан, Меди ХеснrnЖанр: криминалистика, драмаrnЈазик: АнглискиrnПретставена на: 21 април 2011 (во ТВ серијата „Коски“)rnПремиера: 12 јануари 2012rnБрој на сезони: 1 (во тек)rnВреметраење: 43 минутиrnНаша оценка: 9rnВаша оценка: [ratings]
    rn


    rnИмате нешто изгубено? Нешто што премногу ви значи? Нешто без кое можеби не би можеле да живеете? Не грижете се… Волтер ќе го пронајде. Мислите дека тоа е невозможно? Погледнете ја оваа ТВ серија и ќе ви стане јасно за што станува збор.rn



    rn

    rnПриказна: Волтер Шерман (Џеф Сталтс) е ветеран, кој во војната со Ирак се здобил со оштетување на мозокот од експлозија. Оштетувањето на мозокот предизвикало чудна потреба кај него, потреба да го пронаоѓа она што другите го изгубиле. Волтер гледа конекции кај навидум неповрзани настани, предмети или луѓе. Честопати повторува дека ќе го пронајде тоа што се бара од него или ќе умре барајќи го.Пронаоѓачот (The Finder)Лео Нокс (Мајкл Кларк Данкан) е неговиот најдобар пријател, легален советник, телохранител, сметководител… Волтер и Лео имаат свој бар кој се вика „Крајот на светот“ во кој работи и Вила Мандеј (Меди Хесн). Таа е на условно поради кражба и доколку ја загуби работата, поради каква било причина, може да се врати повторно во затвор. И покрај нејзиното противење на работата и обидот да избега од таму, таа набрзо ќе го промени своето мислење бидејќи конечно ќе се почувствува дека припаѓа некаде.Пронаоѓачот (The Finder) Изабел Замбада (Мерцедес Мејсон) е заменик маршал, но навечер таа оди на предавања за да стане правник. Изабел многу често соработува со Волтер со кој има малку специфичен однос, нешто сосема спротивно од она што го гледаме во денешните романтични драми и комедии. Најинтересен момент е тоа што тие имаат детално составен договор за „пријатели со бенефиции“, кој може да се стави на „пауза“ во ситуации кога еден од нив ќе пронајде некој посебен, па другиот ќе мора да го прифати тоа без коментар.Пронаоѓачот (The Finder)Пронаоѓачот (The Finder)Оштетувањето на мозокот кое му ја активирало оваа посебна дарба на Волтер, во исто време го направило многу параноичен и му влијае на некои други ментални способности. Но и покрај сите психички проблеми, тој сепак одбива да оди на операција, бидејќи се плаши да не ги загуби своите пронаоѓачки способности. Продолжувајќи да живее на малку поинаков начин од останатите, тој секојдневно се обидува максимално да ја искористи дарбата и да им помогне на што поголем број луѓе. Со Лео покрај него, постојано се соочуваат со крадци, мафијаши, убијци и секаков вид други криминалци. Но, тоа претставува најмал проблем за нив. Она што е најважно е да се пронајде изгубеното.Пронаоѓачот (The Finder)Пронаоѓачот (The Finder)Кога да ја гледате: Совршено време за гледање на оваа ТВ серија е кога ви е потребен краток одмор од секојдневните обврски. Таа ќе ве расположи, насмее и ќе ве натера да се задлабочите во приказната со неверојатните пресврти. А што се однесува до Волтер, тој нема да престане да ве изненадува.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.