КАФЕ ПАУЗА

Tag: оригинално

  • Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?

    Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?

    Малезискиот дизајнер Ед Чу решил да направи еден феноменален еколошки проект: лустер од искористени тетрапак кутии од млеко т.н. „TetraBox lamp“, кои во спротивно би завршиле во депонија. Резултатот од неговата работа е фантастичен, а елегантните картонски лустери изгледаат како да се направени од Сваровски кристали кои формираат импресивни облици на сенки по ѕидовите на собата, какви што формираат диско топките во клубовите. Овој Малезиец ја креирал Тетрабокс ламбата од популарниот малезиски млечен пијалак со додаток на кафе „Dutch lady“, чија амбалажа е во правоаголен облик. Малезијците обожаваат да пијат пијалаци од тетрапак амбалажа.rnrnКако да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?rn

    „Ние, Малезијците, едноставно многу сакаме да си понесуваме со нас пијалаци во тетрапак амбалажи каде и да одиме и никогаш не се загрижуваме за илјадниците кутии кои секојдневно завршуваат во контејнерите и покрај тоа што сме свесни дека депониите во нашата земја ќе „експлодираат“ од премногу ѓубре. Затоа можеби сега е редно време да направиме радикална промена во нашето однесување, така што ќе го направиме овој свет подобро место за живеење. Што се однесува до мене, правам еден мал „зелен“ чекор и помагам да се намали количеството на ѓубре кое оди во депониите“.

    rnКако да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?rn

    „Замислете што би можеле да постигнеме, доколку секој од нас, празните тетрапак кутии ги претвора во шестоаголници и потоа колективно сите ги поврземе еден со друг? Најверојатно би успеале да изградиме еден павилјон голем колку куќа!“

    rnКако да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?rnrnИзработката на ваквите еко-лустери, Ед Чу ја постигнува на начин, што ги одлепува искористените кутии од млеко, ги сече на ленти и од нив формира петоаголници и шестоаголници, кои потоа се спојуваат за да формираат сферичен или друг посакуван облик, без употреба на лепило.rnrnКако да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?Како да направите волшебен лустер од тетрапак кутии?rnrnТој го споделува со светот неговиот млечен дизајнерски рецепт за креирање на еколошката диско топка.rn

    Сферична Тетрабокс ламба

    rnГолемина на лустер: 260 мм во дијаметарrnrnПотребен материјал: околу 450 празни тетрапак кутииrnrnБрој на потребни шестоаголници: 108 парчињаrnrnКако да направите шестоаголник? – Исечете 6 правоаголни ленти од одлепена тетрапак кутија (130 мм во должина, 21 мм во широчина) за да ги изработите триаголниците и уште 6 помали ленти (76 мм во должина и 19 мм во широчина) за да направите спојници со кои ќе ги поврзете триаголниците меѓусебно.rnrnБрој на потребни петоаголници: 12 парчињаrnrnКако да направите петоаголник? – Исечете со ножички 5 правоаголни ленти со димензии 115 мм во должина и 21 мм во широчина и уште 5 додатни ленти со димензии 76 мм во должина и 15 мм во широчина со кои ќе ги споите триаголниците.rnrnЗабелешка: Шестоаголните модли можат лесно да се прилагодат и на други дизајнерски варијации на лустери, како оние на фотографиите погоре.rnrnОвој навистина прекрасен еколошки проект на Ед Чу сигурно ве потсетува на деновите во основно училиште, кога изработувавте разни картонски модели на часовите по ОТП. Млеко пиете секој ден, а се ближи и лето, што значи ќе имате повеќе слободно време за одмор и многу испиени сокови во тетрапак кутии за гасење на жедта, па зошто да не ја вклучите вашата креативна страна и да си направите ваква уникатна ламба на која сите гости ќе ù се воодушевуваат? 🙂

  • Едно пени – доволен почетен капитал за бизнис

    Едно пени – доволен почетен капитал за бизнис

    На почетокот од оваа година Англичанецот Лук Сеил од Брингтон решил да провери за што сè може да ја замени својата стара паричка од едно пени изработена во 1987 година. Тој се надева дека за една година ќе добие нешто оригинално за својот почетен капитал од едно пени. Проектот го нарекол „1 пени“.Едно пени - доволен почетен капитал за бизнисСвојата паричка тој најпрво ја заменил за три златни рипки, но не планирал да ги задржи, па преку интернет набргу ги сменил за стара гитара.Едно пени - доволен почетен капитал за бизнисЗа гитарата Лук добил неколку понуди, но неговиот избор бил велосипед. Велосипедот бил во добра состојба и му требало само мало дотерување за да изгледа како нов. Во тоа му помогнал неговиот пријател Хари, па размената можела да продолжи. Понудите кои ги добивал, не му изгледале особено привлечни и кога веќе почнал да го губи трпението, му биле понудени 50 фунти за велосипедот. Секако таа понуда ја прифатил.rnrnИако бил задоволен од последната размена, не му било цел да ги задржи парите. Но, што може да се купи за 50 фунти? На интернет му нуделе разни нешта, како кревет, телевизор, флејта, принтер, па и стар Форд фиеста, но најинтересна понуда стигнала од Бугарија.rnrnИдејата на Лук многу му се допаднала на господин Пол Холман од Бугарија, па затоа тој решил да му продаде 10 метри квадратни земја, во близина на брегот на Црно море, за неговите 50 фунти. Тој му кажал дека со неа може да прави што сака. Може да гради на неа, да кампува, да одгледува нешто или да ја продаде.Едно пени - доволен почетен капитал за бизнисИако Лук не знаел ништо за Бугарија, тоа сепак, било понуда што не можел да ја одбие, па сега е сопственик на прекрасно мало парче земја.rnrnКојзнае, можеби ентузијазмот, авантуристичкиот дух, позитивната енергија, креативноста и оригиналноста која ја поседува овој човек, ќе му помогне да создаде од ништо – многу.rnrn

  • Реклами кои инспирираат

    Реклами кои инспирираат

    Рекламите имаат една цел – да инспирираат. Таа инспирација потоа се преточува во купување производ или подигање на свеста кај човекот. Секоја компанија се обидува да има што пооригинална реклама, како производот би станал популарен. Погледнете неколку инспиративни реклами кои ќе ве натераат да размислувате поинаку:rnrn

    Реклами кои инспирираат
    Pantene: Шампон за контрола на опаѓање на косата
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Queer-travel.de: Другата страна на Америка
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Cafe Rico: Силно будење
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Храна за кучиња Nutri Balance: Неисхранетост – непослушно куче
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Магазин Che Men: Сонувајќи за подобар живот
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Автентични костуми Duende Azul
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Креативност е заборавање на што повеќе правила
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Кога возите во пијана состојба…
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Пржени компирчиња Findus Fraich’Frites – Без вашата баба околу вас
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Изгаси ги светлата. Запали го зеленилото
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Juicy fruit: Секогаш има нешто посочно за џвакање
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Nikon S60: Може да пронајде до 12 лица на една фотографија (1)
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Nikon S60: Може да пронајде до 12 лица на една фотографија (2)
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Omax: Широкоаголни леќи (1)
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Omax: Широкоаголни леќи (2)
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Rowenta: Правосмукална со капацитет од 2100 вати
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Цигарите го всмукуваат човекот
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Stihl: Размислувај глобално
    rnrn
    Реклами кои инспирираат
    Уницеф: Ако ти не се справиш со злоупотребата на децата, кој друг ќе го реши тоа?
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музиката на Maria Zouroudis

    Музиката на Maria Zouroudis

    Марија Зурудис (Maria Zouroudis) e пејачка, текстописец и продуцент со грчко-американско потекло, која им дава нова, најчесто акустична димензија на познатите светски музички хитови. Почна да станува популарна уште во 2007 година, кога започна да ги промовира своите видео настапи на веб, преку Јутјуб и Мајспејс.rnrnМузиката на Maria Zouroudisrn

    Она што таа го прави е некоја магична комбинација на едноставното и популарното, од што произлегуваат песни кои звучат и се доживуваат сосема поинаку и едноставно не здосадуваат во нејзина интерпретација. Таа избира песни кои се актуелни во моментот и кои ù се допаѓаат доволно за да сака да ги отпее. Има препеано песни од Ke$ha, Alicia Keys, Katy Perry, Maroon 5, Kanye West и други.

    rnrnВидео снимките од ваквите настапи ги поставува на веб, на нејзините профили на социјалните мрежи, а во подготовка е и нејзиниот официјален веб-сајт каде веќе можат да се преслушаат неколку ремек дела.rnrn