Уметникот Гуидо Даниеле е роден во Соверато, Италија, а моментално живее и работи во Милано. Тој имал свои изложби и бил учесник во групни, уште од 1968 година. Во 1972 година, започнал да работи како хиперреалистичен илустратор, притоа соработувајќи со големи маркетинг компании, тестирајќи и експериментирајќи со различни техники на цртање. Во 1990 година тој се запознал со едно, за него, ново уметничко искуство – техниката цртање по човечки тела, при што тој ги црта телата на моделите, а така добиените цртежи се фотографираат и се користат како рекламни материјали, во модни настани и изложби.rnrn
rnrnОваа неверојатно интересна колекција т.н. „Handimals“ (Hand – рака и Animals – животни) ја започнал кога бил ангажиран од агенција за маркетинг, за да црта животни по голи човечки тела. Благодарение на неговата страст кон уметноста, веднаш добил нова, неверојатно креативна и оригинална идеја.rnrn
rnrn rn
„Секое животно длабоко го анализирав, за да сфатам како можам да го нацртам на рака и да ја наместам така, за да изгледа како тоа да е живо.“
rn

rnrnПрвиот „Handimal“ му бил гепардот, кој до ден денес му е омилен.rnrn
rnrn rn
„Првото дело излезе совршено и тоа ми даде кураж да го комплетирам остатокот од колекцијата.“
rn
rnrnТалентираниот Даниеле најчесто ги употребува рацете на неговиот петнаесетгодишен син и дваесет и двегодишната ќерка, како негово „платно за цртање“.rnrn
rnrn rn
„Кога веќе трошам толку многу часови држејќи нечија рака, преферирам таа рака да биде на личност која ја сакам. Нема ништо полошо од работење со некој нервозен, непознат модел, чии раце се тресат.“
rn
rnrnЗа да нацрта и прилагоди една рака во облик на животно, на Даниеле во просек му се потребни од три до четири часа работа. Но, некои бараат повеќечасовна работа. Така на пример, за да го изработи орелот со раширени крилја, му биле потребни десет часа.rnrn
rnrnДаниеле признава дека најтешкиот дел во неговата работа, не претставува самиот процес на цртање по човечки раце, туку тоа што е принуден да гледа како неговите уметнички дела секојдневно исчезнуваат, кога моделот ќе отиде да си ги измие рацете.rnrn
rnrn rn
„Сè полека се навикнувам на тоа. На крајот на краиштата, секој ден го почнувам со ‘свежо платно’ за цртање.“
rn


rnrnПогледнете ги уметничките дела на Даниеле, изработени за рекламни цели, каде што тој ги сликал рацете, така за да асоцираат на 27 различни земји од светот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.