Пиејќи го вашето омилено кафе, можете да ги гледате прекрасните фотографии од овој навистина необичен феномен. Сигурно се прашувате за каква плажа со изглед на капучино станува збор? Плажа каде се служат бесплатни капучино кафиња? Или пак можеби плажа декорирана во бојата на капучиното? Сепак, не станува збор за никаква човечка креација. Овојпат природата си поиграла со океанските бранови и создала неверојатна, а воедно и прекрасна „капучино“ плажа.rnrn
rnrnСе работи за исклучително несекојдневен феномен што неодамна повторно ги изненади жителите на Кејптаун во Јужна Африка. Во предградието, брановите од океанот во еден момент изгледале како пена од кафе, а самиот океан наликувал на голема шолја капучино. Оваа ретка и необична појава е позната уште како „морска пена“ или дури „плажарска пена“.rnrn
rnrnСпоред експертите, извонредните кафе-меурчиња настанале како резултат на распаѓањето и разградувањето на морските алги, мртвите риби и планктоните (ситни организми) кои лебдат на површината на водата. Моќните водни струи биле причина за формирањето на малите меурчиња, кои заедно го предизвикале овој навистина редок феномен.rnrn
rnrnТие објаснуваат дека кога брзината на ветрот е поголема од шест метри во секунда, тогаш енергијата пренесена од ветерот во водата е пропорционално повисока и силата позната како „површински напон на водата“, не е доволна да ги држи заедно молекулите на површината. Тогаш, водата се „крши“ на мали капки и се формира бела пена што наликува на пена од кафе.rnrn
rnrnТаканаречената „капучино“ бура, ја изненадила Африка и во 2008 година, за потоа после четири години да се појави повторно. Погледнете и снимка од оваа несекојдневна појава.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Тој всушност претставува комбинација од над 2.900 посебни корални гребени и 900 острови, се протега на површина од 344.400 квадратни километри, а е долг над 2.900 километри. Тој е поголем од Кинескиот ѕид и може да се види од вселената. Гребенот е најголемата постоечка структура составена од живи организми. Се смета дека во него има 350-400 видови корали, милијарди малечки организми, познати како корални полипи и разнообразни други морски животинки.
Во 1975 година владата оформила тело кое се вика Морскиот парк на Големиот корален гребен (GBRMPA), кој оттогаш па наваму, го ограничува туризмот, риболовот и пловењето од страна на посетителите, сè со цел да се сочува и заштити гребенот. Други видови штета кои можат да му се случат на Големиот корален гребен се преливање на водата, побелување на коралите како резултат на климатските промени и цикличното труење на морските грабливци од страна на морските ѕвезди т.н. Круна од трње, кои шират отров.
Овој гребен е многу популарна дестинација за туристите, особено за оние кои доаѓаат од островите Витсандеј и градот Кернс. Туризмот е важна економска активност, од која земјата заработува 1 милијарда долари годишно.











Доколку сакате повеќе да се информирате за ова неверојатно чудо на природата, погледнете го видеото.rn