Областа околу нашата планета е преполна со сателити, вселенски станици и остатоци од вселенски тела чиј животен век истекол, а сега можеме и да ги следиме и да дознаеме нешто повеќе за нив.rnrnrnrnНа веб-сајтот Stuff in Space, може да се најде симулација на секој сателит или поголем вселенски објект што во моментов се наоѓа околу нас.rnrnКорисникот може да доближи и да врти кругови, да одбере објект и да дознае многу повеќе информации зошто тој се наоѓа во орбитата на нашата планета. Што е најважно, сите податоци се обновуваат во реално време.rnrnСимулацијата ја изработил Џејмс Јодер, студент од Институтот за електротехничко и компјутерско инженерство при Универзитетот во Тексас.rnrnrnrnПогледнете го и овој вселенски поглед од вселената кон Земјата.
Уран е третата по големина планета, која е оддалечена од Сонцето два пати повеќе од нејзиниот сосед Сатурн. Има светлосина боја, нема никакви структури и има редок систем од прстени и многу месечини.Планетата е наведната на едната страна, па затоа гледана од Земјата изгледа дека Месечината и планетите ја опкружуваат од горе до долу. Уран е првата планета која е откриена со телескоп, но за неа се знаеше многу малку сè до мисијата на вселенското летало Војаџер 2 во 1986 година.
rnrn
Орбита
rnНа Уран му се потребни 84 земјени години да направи еден круг околу Сонцето. Ротацијата на оваа планета е спротивна од ротацијата на другите планети. Но Уран не бил отсекогаш таков како што е денес. Неговата странична положба, веројатно, е последица од судир со тело големо колку планета, веднаш по создавањето на Уран.Поради закосената положба на планетата, еден од нејзините пола во текот на 21 година е целосно изложен на светлина од Сонцето, додека другиот пол е во целосен мрак. Северниот пол на Уран ќе биде насочен кон Сонцето дури во 2030 година. Јачината на сончевата светлина која ја добива Уран е 0.25% од таа што стигнува на Земјата.rn
Структура и атмосфера
rn
Уран е голема планета. На него можат да се сместат 4 Земји, меѓутоа материјалот од кој се состои е многу поредок од тој на Земјата. Тој главно се состои од вода, метан и парчиња мраз од амонијак. Се смета дека електричните струи во ледениот слој создаваат магнетно поле, кое е поместено од оската на вртење на Уран за 58.6 степени. Сината боја на Уран произлегува од тоа што облаците од замрзнат метан ги впиваат црвени бранови должини на сончевата светлина во студената атмосфера на планетата.Температурата на најгорниот слој облаци е околу -214. Оваа исклучителна планета зрачи исто толку енергија колку што прима од Сонцето, па затоа нема услови за нејзино затоплување.rn.
rnrn
Прстени и месечини
rnКога станува збор за прстени на планети, прво нешто што ни паѓа на памет е Сатурн, меѓутоа и Уран, Нептун и Јупитер ги поседуваат истите. Уран има 11 прстени кои се на оддалеченост од 25.600 км од планетата. Тие се толку многу одвоени еден од друг и толку се тесни што системот има повеќе празнини одколку прстени. Прстените се составени од честички од прав и темни парчиња од материјал богат со јаглерод.rnrnмесечината АриелrnrnСината планета има 27 месечини кои се наречени според ликовите од драмите на Шекспир. Месечините се поделени во 3 групи, но најпознати од нив се: Корделија, Офелија, Пак, Миранда, Ариел, Титанија и др.rnrnмесечината Титанrnrnмесечината Мирандаrnrnмесечината Пакrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
Автор: Теодора ТрповскаrnrnВи здодеа да гледате пејзажи од планетата Земја? Благодарение на специјалниот извиднички орбитер околу Марс на НАСА, кој орбитира околу оваа планета од 2006 година, кружејќи приближно 300 км по нејзината површина, имаме можност да видиме како таа изгледа.rnrnrnrnФотографиите се направени со научна експериментална камера, со многу висока резолуција.rnrnrnrnОвие фотографии, собирани изминативе неколку години, се во боја, црно-бели или во сиви нијанси и покажуваат детали од нашата сосетка, планетата Марс. Погледнете ги овие фотографии и низ нив обидете се да ја замислите оваа сува и ладна, далечна и недоистражена, но сепак реална планета. Таа само го чека првиот човек кој ќе стапне на неа.rnrn