КАФЕ ПАУЗА

Tag: опуштање

  • Двор кој секој би го посакал

    Двор кој секој би го посакал

    Овој многу модерен двор е дело на холандското студио „Centric Design Group“, кое се погрижило сопствениците безгрижно да уживаат во своето фантастично катче за опуштање.Двор кој секој би го посакалДворот содржи прекрасен базен со фонтана, џакузи, туш кабини, огромно сепаре и сауна. Целата оваа убавина е комплетно опколена со зеленило, со што приватноста е загарантирана. Импресивно, зар не?Двор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакал
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто читањето е најдобар начин за опуштање?

    Зошто читањето е најдобар начин за опуштање?

    Секој има свој начин на релаксирање, но доколку читањето книга е вашиот начин да се опуштите, тогаш не сте можеле да изберете подобра активност. Едно истражување покажало дека читањето опушта многу подобро отколку добро познатите методи на слушање музика, кафе со пријателите или прошетка во природа.rnrnЗошто читањето е најдобар начин за опуштање?rnrnДоволни се само 6 минути поминати пред книга или некое друго четиво за да се смириме, односно нивото на стрес да падне и да се смират отчукувањата на срцето и напнатоста во мускулите. Психолозите веруваат дека тоа се должи на фактот дека при читањето мозокот мора да се сконцентрира на она што го читаме, а таквиот начин на оттргнување на мислите од проблемите и заминување во друг свет делува погодно за срцето и напнатоста во мускулите.rnrnПотребата на човекот за бегство во имагинарен свет доаѓа до израз во време на разни проблеми, кога реалноста не ни се допаѓа и сакаме да побегнеме од неа, тврдат експертите.rnrnВтор најефикасен начин е слушањето музика, трет пиењето кафе, а четврт шетањето – покажало ова истражување. Стресот го намалуваат и видеоигрите, но за разлика од другите методи, тие го зголемуваат отчукувањето на срцето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бањи со отворен поглед кон природата

    Бањи со отворен поглед кон природата

    Бањата денес не е само место за набрзина да се влезе заради бањање и уште побрзо да се излезе оттаму. Таа е катче за опуштање, па уште ако тоа се искомбинира со смирувачки поглед кон природата се добива рецептот за одлична релаксација, токму како на сликите од следната галерија.Бањи со отворен поглед кон природатаБањи со отворен поглед кон природатаБањи со отворен поглед кон природатаБањи со отворен поглед кон природатаБањи со отворен поглед кон природатаБањи со отворен поглед кон природатаБањи со отворен поглед кон природатаБањи со отворен поглед кон природатаБањи со отворен поглед кон природатаБањи со отворен поглед кон природатаБањи со отворен поглед кон природата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Незаборавен викенд со пријателките

    Незаборавен викенд со пријателките

    Автор: Бојана МандевскаrnrnЛетото е време за опуштање и уживање. Земете го телефонот, јавете им се на најблските пријателки и договорете заеднички викенд. Не мора да го напуштате градот или да одите некаде надвор од државата. Соберете се во нечиј стан или куќа и забавувајте се.rnrnНезаборавен викенд со пријателкитеrnrnСекојдневната рутина и обврски оставете ги настрана и дозволете си дводневна оддишка.rnrnДоговорете се дружбата да ја започнете во петок во 17 часот. Викендот нека ви започне со освежителни коктели. Експериментирајте и тестирајте ги своите барменски способности. Коктелите ќе ве опуштат уште на самиот почеток од забавата и ќе ве зближат. За вечера нарачајте си пица, јадете со раце исто како кога бевте деца и бар за момент заборавете на приборот за јадење. Верувајте ќе ви биде забавно и смешно. Потоа вечерта продолжете ја со играње некоја друштвена игра, јамб, карти, монопол, вистина или предизвик. Изборот е ваш. На ред е филмскиот маратон. Одберете 3 филма. Акција, драма или романса и на крај комедија.rnrnНезаборавен викенд со пријателкитеrnrnВреме е за спиење или подобро речено време е за „пижама парти“. Уживајте во удобноста на пижамите и благодетите на сонот, утре ве чека „напорен“ – екстра забавен ден. Доколку не сте уморни, добро ќе ви дојде и мала борба со перници.rnrnНезаборавен викенд со пријателкитеrnrnВреме е за будење. Откако ќе го испиете утринското кафе, читајќи го дневниот хороскоп и толкувајќи ги синоќешните соништа, време е да се подготвите за „мал“ шопинг по локалните продавници. Нема ништо поинтересно од неколку откачени женски кои пазарат заедно. Потоа следува саботниот ручек со пријателките во омилениот ресторан – бесценет момент.rnrnОткако ќе си ја повратите енергијата и ќе се одморите од шопингот одете на масажа, во сауна или пак на фризер. Ќе се вратите дома среќни и задоволни и подготвени за саботна журка. Спремете си вкусно кафе или сладолед и раскажете си ги впечатоците од шопингот или дозволете си мало „трачарење“. На ред е мала модна ревија и заедничка мејкап-сесија. Супер. Спремни сте за вечерната забава во локалните кафулиња, клубови или дискотеки. Може да одите и во казино доколку сте љубителки на ризикот.rnrnОдберете неколку ноќни локали кои имаат различна забавна музичка содржина. Шетајте и уживајте во ноќната забава на вашиот град. Доколку заглавите ноќта, не легнувајте си, чекајте го изгрејсонцето во друштвото на вашите најблиски пријателки – вашите сестри по душа.rnrnНезаборавен викенд со пријателкитеrnrnЛегнете и поспијте само неколку часа. Откако ќе се разбудите појадувајте заедно, напијте се кафе и раскажете ги интересните моменти од претходната вечер. Мало опуштање одлично ќе ви дојде. Може и да ги разгледате старите албуми, споменари, алманахот од средно училиште, да се навратите на минатите денови и за момент да ги заживеете старите спомени. Дозволени ви се и водени лудории, дали тоа ќе биде капење во базен или пак езеро, прскање со пиштоли на вода, одлучете сами.rnrnНезаборавен викенд со пријателкитеrnrnПотоа засукајте ги ракавите и подгответе си вкусен ручек. Со здружен труд ќе завршите побрзо, а и позабавно е. Пред ручекот може да направите и дегустација на неколку видови вино. Ако куќата во која сте сместени има голем двор или пак станот има голема тераса можете ручекот да го послужите таму.rnrnЕден вака добар викенд не смее да заврши без караоке-забава. Пуштете ги вашите омилени песни и пејте, танцувајте и уживајте во моментот. Завршете го викендот со песна. Одберете си своја заедничка песна која ќе биде ваш хит сè до следниот женски викенд.rnrnИ за крај, совет плус – не заборавајте го фотоапаратот. Овековечете го секој момент од овој прекрасен викенд, одберете си ја омилената фотографија и врамете ја.

  • Бесконечни базени за целосно опуштање

    Бесконечни базени за целосно опуштање

    Бесконечните базени создаваат неверојатен визуелен ефект при кој кристалната вода се протега кон хоризонтот до бескрај. Можете целосно да се опуштите во овие базени кои се наоѓаат насекаде во светот, па дури и на Хималаите.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Комплексот Билајла Кемпински, Танзанија

    rnКомплексот Билајла Кемпински е отворен од 2009 година. Се наоѓа во Националниот парк Серенгети во Танзанија. Овој комплекс има 74 соби и апартмани, вклучувајќи ја и претседателската вила со бесконечниот базен со поглед на дивиот свет. Сите соби имаат поглед кон Националниот парк, дозволувајќи им на туристите да ги набљудуваат животните од сончевите палуби на комплексот.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Хотелот Меридијан, Бора Бора

    rnХотелот Меридијан во Бора Бора, во Француска Полинезија, се наоѓа во јужниот дел на коралниот гребен долг 9,5 километри. Хотелот располага со 99 бунгалови, вклучувајќи и 4 бунгалови покрај лагуната, 14 бунгалови на плажа и 81 бунгалов над вода со стаклен под. Со последното реновирање на хотелот Меридијан беше додаден нов бесконечен базен под барот Мики Маус. Огромниот бесконечен базен има сопствена палуба, водопад и џакузи.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Одморалиштето на Маркизот, Лос Кабос

    rnОдморалиштето на Маркизот во Лос Кабос и неговите бесконечни базени се сместени на најјужниот врв од мексиканскиот полуостров, каде што морето Кортес се влева во Тихиот Океан. Одморалиштето има 237 апартмани, спа и фитнес центар, ресторан и колекција на скулптури и слики од Латинска Америка.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Апартманите Гранд Велас, Мексико

    rnАпартманите и спа-центарот Гранд Велас се наоѓаат во Нуево Валарта во Мексико. Опуштете се во огромниот бесконечен базен каде што хоризонтот се протега сè до заливот Бандерас и Тихиот Океан. Одморалиштето е оддалечено 15 минути од Пуерто Валарта и има 267 апартмани со поглед кон океанот, спа-апартмани и три кралски апартмани.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Гансевурт, Мајами Бич

    rnБесконечниот базен Гансевурт во Мајами Бич е сместен на палуба која вклучува отворен ресторан и огромно џакузи. Базенот нуди прекрасен поглед на Атлантскиот Океан. Целото одморалиште има 340 соби и апартмани, два ресторани, ноќен клуб и базен на покривот полн со кокосови палми.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Висечките градини Убуд, Бали

    rnГлавниот од неколкуте бесконечни базени на висечките градини Убуд во Бали, нуди глетка на која не можете да ѝ одолеете. Пред вас се простираат бескрајни џунгли полни со мајмуни, пеперутки и егзотични птици. Резервирајте една од 38-те вили со базен и ќе имате свој приватен бесконечен базен.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Интернационалниот хотел на Трамп, Хонолулу

    rnИнтернационалниот хотел на Трамп, сместен покрај шеталиштето на плажата Ваикики во Хонолулу, беше отворен минатата година. Овој хотел има 462 соби и апартмани. На 6-от кат од хотелот се наоѓа бесконечен базен со поглед кон Тихиот Океан. Базенот изобилува со палми, а покрај него се поставени лежалки за сончање.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Дворецот Шимла, Хималаи

    rnДворецот на дивото цвеќе, Шимла, сместен на Хималаите, личи на замок од бајките кој се наоѓа помеѓу борови и кедрови шуми, на височина од 2.515 метри. Бесконечниот базен кој се наоѓа на самиот раб од палубата, има мозаично дно и нуди прекрасен планински поглед.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Hotel du Cap-Eden-Roc, Франција

    rnОвој хотел се наоѓа на јужниот крај од стариот град Антиб, сместен на француската ривиера. Познат е како засолниште за членовите на кралското семејство, славните личности и политичарите од цел свет. Водата во бесконечниот базен на овој хотел е топла и солена, што ќе ве натера да се загледате во хоризонтот на Медитеранот, каде што ќе го забележите и Канскиот залив.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Одморалиштето Џамби Беј, Антигва

    rnЗаливот Џамби или Џамби Беј е одморалиште кое се наоѓа на приватен остров оддалечен 3 километри од брегот на Антигва. Со последното реновирање на Џамби Беј, кое чинеше 28 милиони долари, одморалиштето доби бесконечен базен со кој заливот создава илузија дека се спојува со Карибите.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Манастирската тврдина, Тоскана

    rnМанастирската тврдина која некогаш била резиденција на благородниците, денес е одморалиште со 75 соби во едно средновековно село во Тоскана, Италија. Тврдината е опкружена со ридови, маслинови градини и лозја. Во дворот се наоѓа бесконечен базен кој прекрасно ја одразува тврдината од 11-от век. Манастирската тврдина е блиску до Сиена, а освен бесконечниот базен, таа има и сопствено училиште за готвење.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Хотелот Цезар Август, Капри

    rnХотелот Цезар Август се издигнува 305 метри над морето, на италијанскиот остров Капри, во близина на Неапол. Бесконечниот базен на овој хотел нуди прекрасна глетка на Неаполскиот залив и вулканската планина Везув. Во склоп на хотелот се организираат и екскурзии низ тесните улички и живописните куќи на Анакапри.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Бурџ Ал Араб, Дубаи

    rnХотелот Бурџ Ал Араб е специјално дизајниран за да потсетува на огромна едрилица сместена над крајбрежјето на Дубаи. За да уживате во спектакуларниот поглед на Персискиот залив, треба да се качите на 18-от кат каде што се наоѓаат бесконечниот базен и спа-центарот, кој нуди пилинг за лице и тело од кавијар.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Крајбрежјето Радисон Блу, Кејптаун

    rnНа крајбрежјето познато како Радисон Блу во Кејптаун, Јужна Африка, се наоѓа истоимениот хотел со 177 соби кој се издигнува високо над Атлантскиот Океан. Крајбрежниот бар Тобаго нуди тропски коктели со поглед кон бесконечниот базен и кон океанот. Пливачите може да се освежат во мирните води на базенот додека галебите прелетуваат над нивните глави.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Коста Карејес, Мексико

    rnКоста Карејес се наоѓа во Мексико, помеѓу Манзанило и Пуерто Валарта. Ова одморалиште се состои од неколку вили познати како „Замоците на Карејес“. Една од нив е вилата „Сонцето на Ориентот“ која има 6 спални соби и е опкружена со бесконечен базен. Посетителите едноставно може да излезат од собите и веднаш да запливаат во базенот, гледајќи го пред себе големиот Тихи Океан.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Резерватот Ал Маха, Дубаи

    rnПустинскиот резерват и спа-центарот Ал Маха, оддалечен околу 65 километри од Дубаи, има 42 апартмани и секој од нив има поглед кон бесконечниот базен и пустината. Пустинските газели слободно поминуваат преку песочните дини и низините и често може да се видат како пијат вода од овој резерват. Освен во бесконечниот базен и природната убавина, може да уживате и во спа-центарот, да јавате камила или да разгледувате повеќе од 2.000 артефакти од Блискиот Исток.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 јога вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот

    6 јога вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот

    Сите сме се нашле во ситуација кога едноставно не можеме да излеземе на крај со обврските и пренатрупаноста со работа. Кога сме под стрес, нашите мускули се напнати, мислите несредени и многу потешко е да се сконцентрираме и ефикасно да ја завршиме работата. Токму поради тоа, наместо да губиме време пред компјутерот или над книгата без никаков ефект, можеби најдобро е да  се одвојат 10-ина минути за кратки вежби кои ќе нè вратат во нормала. Погледнете ги следните неколку вежби и применете ги следниот пат кога стресот повторно ќе нападне.rnrn6 јога вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресотrn

    1. Ослободување од вознемиреност и разбистрување на мислите

    rnКлучно за релаксација е дишењето. Всушност, кога сме зафатени и сконцентрирани на некоја работа подолго време, нашето дишење е поплитко и доведува до недостаток на кислород во нашето тело. Длабокото дишење ослободува од штетни токсини и ни ја враќа енергијата. За оваа вежба потребно е да бидете удобно седнати со исправен ’рбет, можете на столица или на под. Вдишувајте низ нос додека броите до 4, задржете го здивот неколку секунди и издишете повторно броејќи до 4. Повторете го ова 10 пати и секој пат вашите мисли ќе бидат сè побистри и посредени.rnrn

    2. Опуштање на тензијата во вратот и рамениците

    rnОстанете во истата седечка позиција, но овојпат испреплете ги прстите на дланките и истегнете ги рацете над главата со дланките нагоре. Потрудете се да ги држите рацете во линија со ушите, а рамениците опуштени, не треба да бидете напнати. Чувајте ги рацете во оваа положба пет вдишувања и потоа спуштете ги. Малку размрдајте ги рамениците и повторете ја целата постапка уште неколку пати.rnrn6 јога вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресотrn

    3. Вежба против вкочанетост во рамениците

    rnЗастанете исправено, така што стапалата да ви бидат поставени на ширина на колковите. Испружете ги рацете на двете страни, паралелно со подот. Потоа, свиткајте ги рацете и поставете ги двата лакта еден на друг, така да надворешните страни од дланките се допираат. Најдобро е за оваа постапка да го погледнете видеото.rnrn6 јога вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресотrnrnВежбата помага за да ги опуштите рамената од долгото седење во неправилна положба. Всушност додека ги чувате рацете свиткани ќе забележите благо истегнување, а подоцна и олеснување. Истата постапка повторете ја со тоа што овојпат ќе ги свиткате рацете обратно.rnrn

    4. Истегнување на градниот кош

    rnСè уште стоејќи исправено, истегнете ги рацете зад грб и спојте ги дланките во тупаница. Гледајте напред и со исправен ’рбет потрудете се, колку што можете да ги подигнете споените раце зад вас и така да ги задржите 5 вдишувања.rnrn6 јога вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресотrn

    5. Вежба за отстранување на напнатоста во вратот и ’рбетот.

    rnИ оваа вежба треба да ја правите стоејќи исправено. Од позиција со исправен ’рбет и стапалата поставени во ширина на колковите, ставете ја едната рака свиткана во лактот над другата и наведнете се нанапред колку што можете повеќе. Задржете се во таа позиција и повторно направете 5 длабоки вдишувања. Можете благо да ги свиткате и колената доколку притисокот е преголем. Постапката повторете ја уште еднаш.rnrn6 јога вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресотrn

    6. Вежба за истегнување на грбот и колковите

    rnЛегнете на грб и свиткајте ја левата нога така што зглобот ќе ви биде поставен над десното колено, додека десното стапало ви е целосно прицврстено за подот. Зглобот од десната рака поставете го над левото колено. Другата рака ставете ја под левата нога и обидете се да ја фатите раката одозгора. Со двете раце околу левата нога, обидете се да ја повлечете накај себе. Ќе почувствувате истегнување во десниот колк. Потрудете се да останете во оваа положба 5 вдишувања. Повторете ја истата постапка со другата нога.rnrn6 јога вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто чоколадото е добро за здравјето?

    Зошто чоколадото е добро за здравјето?

    Едно неодамнешно истражување за чоколадото покажа дека тоа може да игра добра улога во креирањето на вашето здравје. Според истражувањето, оние луѓе кои консумираат повеќе чоколадо ги намалуваат шансите за кардиоваскуларни болести за дури 37% и шансите за срцев удар за 29% во споредба со оние луѓе кои многу малку консумираат чоколадо.rnrnЗошто чоколадото е добро за здравјето?rnrnИако експертите тврдат дека треба да се избегнува внесување на високо калорично чоколадо во организмот, сепак невозможно е да се прескокне фактот дека тоа е многу здрав додаток во исхраната. Многу истражувања досега покажале дека темното чоколадо содржи антиоксиданси кои го одржуваат срцето здраво и можат да помогнат при заштитата од некои други закани по здравјето. Ова се 5 додатни причини зошто чоколадото е здраво и добро за вас.rnrn

    1. Чоколадото може да ви помогне со математиката

    rnСоединенијата во чоколадото содржат антиоксиданси кои ја подобруваат циркулацијата, вклучувајќи го и протокот на крв кон мозокот. Во едно истражување направено во 2009 година, учесниците биле поделени во групи по тројца и им била дадена задача да бројат наназад почнувајќи од некој број помеѓу 800 и 999. Откако се напиле топло чоколадо, тие почнале да бројат многу побрзо и поточно, без притоа да се заморуваат или ментално да се исцрпуваат.rnrn

    2. Најадува

    rnДоколку како помали, мајките не ви дозволувале да каснете чоколадо пред да јадете оброк, за да не си го расипете апетитот, тогаш да знаете дека биле во право. Дански истражувачи им дале на 16 учесници, по 100 грама црно или млечно чоколадо по избор. После 2 часа, учесниците биле ставени на искушение со пица. Оние кои претходно одбрале темно чоколадо, овој пат внеле за 15% помалку калории од оние кои јаделе млечно чоколадо и имале одбивност кон секаков тип богата храна.rnrn

    3. Прави да се чувствувате подобро

    rnЧоколадото содржи состојка која предизвикува ослободување на ендорфин. Оваа реакција е многу слична на онаа која луѓето ја чувствуваат кога се заљубуваат. Доктори од лабораторијата за испитување на мозокот во Лондон, викнале 6 пара. Им дале задолжение да остават по неколку коцки темно чоколадо да се стопи во нивната уста, а потоа да се бакнуваат додека нивните мозок и срце се скенираат. Двете акции направиле срцата и мозоците на учесниците да зујат, но чоколадото двојно ја зголемило возбудата во центрите за задоволство во мозокот, особено кај жените.rnrn

    4. Чоколадото помага да се опуштите

    rnПостои биолошки објаснива причина, зошто посегнувате по благо кога сте вознемирени. Истражувањата покажуваат дека чоколадото содржи состојка наречена анандамид, која ги активира истите мозочни рецептори како и марихуаната.rnrn

    5. Помага за продолжување на животот

    rnЕдно истражување во британското медицинско списание открива дека консумирањето на благо може да ви помогне да живеете подолго од оние луѓе кои не консумираат благо. Учесниците во истражувањето кои јаделе благо од еднаш до три пати месечно имале најниска смртна стапка во групата, а истражувачите претпоставиле дека ова е поради антиоксидансите во чоколадото. Во 2009 година едно друго истражување докажало дека луѓето кои преживеале срцев удар, а консумираат чоколадо, имаат помала шанса за компликации од оние кои не јадат.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Листа на летни романтични филмови

    Листа на летни романтични филмови

    Летото е период кога обично имаме повеќе време одошто ни е потребно, но и сакаме да го искористиме најопуштено, без многу размислување и со што е можно повеќе излежување пред телевизорот во жешките часови од денот. Овие 10 филма со сигурност ќе ù се допаднат на женската популација помеѓу 13 и 35 години, но ако случајно станат избор и на момците, ние никому нема да кажеме.Листа на летни романтични филмовиrn

    1. Повторно ти (You Again)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Марни е тинејџерка која со својот изглед не им го привлекува вниманието на момчињата, а девојките од училиштето ù се најголем кошмар. Неколку години подоцна станува успешна убава девојка која одамна не живее во своето родно место. Но, еден ден мора да се врати за свадбата на нејзиниот брат, кој се жени со најзлобната „другарка“ од минатото, која пак згора на сè, наводно не се сеќава на неа.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Кристен Бел, Одет Анабел, Сигурни Вивер
    • rn011

    • Премиера: 24 септември 2010
    • rn011

    • Времетраење: 105 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 5
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    2. Од таа ноќ во Рим (When in Rome)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Младата амбициозна њујорчанка Бет ги поседува сите квалитети за да има убав сопруг крај себе, но некако нема среќа во љубовта. Кога доаѓа во Рим за свадбата на нејзината сестра, таа ќе украде неколку парички од фонтаната на љубовта, после што е опсипана со љубов од повеќе додворувачи со кои едвај успева да се справи.rnrn.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Кристен Бел, Џош Духамел, Анџелика Хјустон
    • rn011

    • Премиера: 29 јануари 2010
    • rn011

    • Времетраење: 91 минута
    • rn011

    • Наша оценка: 5
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    3. Што се случува во Вегас (What Happens in Vegas)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Една случајно настаната млада брачна двојка, во текот на една луда ноќ во Вегас, станува добитник на џек пот, поради што е принудена на заеднички живот. Судијката сака да им одржи лекција и да ги натера да сфатат дека треба да се стремат нивниот брак да успее, но тие едвај успеваат да се поднесат еден со друг, додека истовремено постојано коваат планови како да го „лизнат“ својот партнер за да ги земат сите пари за себе.rn.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Камерон Дијаз, Ештон Кучер, Роб Кордри
    • rn011

    • Премиера: 9 мај 2008
    • rn011

    • Времетраење: 99 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 6
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    4. Само пријатели (Just Friends)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Враќајќи се во својот роден град за божиќните празници, Крис ја среќава Џејми, девојката која отсекогаш била негов сон и поради која од смешен дебелко кој сите го задеваат, станува згоден фраер и срцекршач. Ова е малку постара романтична комедија, чие дејство се одвива во зимно време, но одлично доаѓа како предизвикувач на вашите стомачни мускули, кои треба да се што постегнати за време на летото.rn.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Рајан Рејнолдс, Ејми Смарт, Ана Фарис
    • rn011

    • Премиера: 23 ноември 2005
    • rn011

    • Времетраење: 96 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 8
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    5. Престапна година (Leap Year)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Ана заминува во Даблин за да го изненади своето момче, кое таму е на службено патување, а со цел да му предложи брак на 29 февруари. Според ирската традиција, мажот на кој девојката ќе му предложи брак на овој ден, мора да ја прифати понудата. Но, нејзиното патешествие е неверојатно, од жалосно до смешно. Сепак, таа има друштво по пат, сè додека да стигне до нејзиниот иден сопруг.rnrn.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Ејми Адамс, Метју Гуд, Адам Скот
    • rn011

    • Премиера: 8 јануари 2010
    • rn011

    • Времетраење: 100 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    6. Животот, онаков каков што го знаеме (Life as we know it)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Холи и Ерик се наместени на состанок на слепо од страна на нивните најдобри пријатели, брачната двојка Питер и Алисон. Состанокот завршува уште пред да започне бидејќи тие не можат да се поднесат. Среќната брачна двојка несреќно погинува во сообраќајна несреќа, а грижата за нивното бебенце Софи им е доделена на нивните најдобри пријатели. Тие сега мораат да научат да живеат еден со друг заради бебето.rn.rnrn rn

      rn011

    • Улоги: Кетрин Хајгл, Џош Духамел, Џош Лукас
    • rn011

    • Премиера: 8 октомври 2010
    • rn011

    • Времетраење: 114 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    7. Мали деца (Little Children)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Приказна во стилот на „Мадам Бовари“, но на американски начин. Дејството се одвива околу две брачни двојки и нивните деца. Сара е во брак во кој нема љубов и постојано размислува за нешто повеќе во животот додека нејзината ќерка си игра во паркот. Овде го среќава Бред кој е во брак со прекрасна жена, која додека снима документарци, тој мора да се грижи за домот и за нивниот син. Сара и Бред силно се поврзуваат, што на патот полн со гревови, ги води онаму каде што припаѓаат.rn.rn rn

      rn011

    • Улоги: Кејт Винслет, Џенифер Конели, Патрик Вилсон
    • rn011

    • Премиера: 3 ноември 2006
    • rn011

    • Времетраење: 137 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 8
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    8. Врска на далечина (Going the Distance)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Герем само што излезе од долга врска, а на Ерин ù преостануваат уште 6 недели како стажист во Њујорк Сентинел пред да се врати во Сан Франциско. Случајно се среќаваат една вечер во бар и започнуваат лабава врска, која прераснува во нешто поголемо, па тие мораат да се мачат да ја одржат на далечина.rn.rn.rnrn.rn

      rn011

    • Улоги: Дру Баримур, Џастин Лонг, Рон Ливингстон
    • rn011

    • Премиера: 3 септември 2010
    • rn011

    • Времетраење: 102 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    9. Гола вистина (The Ugly Truth)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Фокусирана на кариерата како продуцент на утринска емисија, Аби мечтае дека принцот на бел коњ постои и дека еден ден ќе го најде. Мајк пак, е водител на интерактивно шоу во кое зборува за мажите и жените, кои изгледа перфектно добро ги разбира. Рејтингот на емисијата на Аби оди надолу, па затоа е повикан Мајк да ù даде малку шмек и нов дух. Иако на почетокот таа не го поднесува, потоа ги прифаќа неговите совети со цел да го освои нејзиниот сосед, кој изгледа како да е она што таа целиот живот го чекала.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Кетрин Хајгл, Жерард Батлер, Бри Тарнер
    • rn011

    • Премиера: 24 јули 2009
    • rn011

    • Времетраење: 96 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    10. Писма за Џулиета (Letters to Juliet)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Млада американка оди на патување во Италија со нејзиниот свршеник, каде наидува на ѕидот исполепен со писма упатени до Џулиета. Случајно отвора едно, кое се труди да го упати до Џулиета, но наместо неа ги наоѓа нејзините секретарки кои одговараат на љубовните писма во нејзино име. Одговорот на ова писмо го менува животот на некогаш заљубената двојка, но и нејзиниот.rn.rnrn.rn

      rn011

    • Улоги: Аманда Сајфред, Гел Гарсија Бернал, Ванеса Редгрејв
    • rn011

    • Премиера: 14 мај 2010
    • rn011

    • Времетраење: 105 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 6
    • rn

    rn

    rnПредлози за понови филмови од различни жанрови ќе најдете во нашата категорија Филм.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn rnrn

  • Редовни вежби на работното биро за опуштање на телото и умот

    Редовни вежби на работното биро за опуштање на телото и умот

    Веќе ни е добро познато дека седењето пред компјутер 8 часа на ден има негативни последици по здравјето на човекот. Познати ни се и некои техники за одмор, релаксација и опуштање кои можат да го направат денот попродуктивен, а умот и телото поодморени и ослободени од стрес.rnrnДобар совет во оваа насока е да излегувате надвор за време на паузите, да правите кратки вежби за медитација и да ги исклучувате нотификациите за новите имејл пораки. Помеѓу овие совети, можеби најважен е оној за редовно истегнување на телото кои можат да се прават директно од работното биро.rnrnРедовни вежби на работното биро за опуштање на телото и умотОвие вежби ќе ви одземат максимум 5 минути во текот на денот.rnrnПритоа, додека ги правите вежбите треба:rn

      rn011

    • да дишете лесно
    • rn011

    • да не потскокнувате и да не се форсирате
    • rn011

    • да не чувствувате болка
    • rn011

    • да го чувствувате истегнувањето
    • rn011

    • да се релаксирате
    • rn

    rn

    Редовни вежби на работното биро за опуштање на телото и умотИстегнувањето е добро за мускулатурата и зглобовите, но она што е уште поважно е ефектот од исклучувањето на мозокот од тековната работа и дозволување нормален проток на крвта низ телото.Редовни вежби на работното биро за опуштање на телото и умотДолготрајното седење пред компјутер може да предизвика мускулна тензија и болка. Неколку минутни истегнувања во текот на денот можат да направат многу подобро да си го чувствувате сопственото тело. Гледајте да се истегнувате спонтано во текот на денот, секогаш кога ќе почувствувате напнатост. Иако голем број вежби можат да се прават директно од столчето, без да се поместите од работното биро, практикувајте и по некоја вежба во стоечка состојба. Тоа е добро за циркулацијата.Редовни вежби на работното биро за опуштање на телото и умотАко илустрациите ви го привлекуваат вниманието, а текстот ви го зголемува ентузијазмот, силно потрудете се ова да не ве држи само во текот на денешниот ден. Доколку сте тип на човек кому не би му текнувало ова да го прави секој ден, можете да си помогнете со специјален софтвер за таа намена. Корисниците на Мек го имаат на располагање Anti-RSI, додека оние на Виндоус и Линукс можат да го користат Workrave и тоа бесплатно.

  • Релаксирајте се после напорниот работен ден со визуелизација

    Релаксирајте се после напорниот работен ден со визуелизација

    Визуелизацијата е многу моќна умствена алатка. Истражувањата покажуваат дека потсвеста не може да направи разлика помеѓу реалниот настан и замислениот т.е. визуелниот. Поради тоа визуелните слики можат да имаат големо влијание врз умот.Релаксирајте се после напорниот работен ден со визуелизацијаОва е една одлична и ефективна техника која ќе ви помогне да ја намалите напнатоста во телото и да го намалите стресот. Преку неколку едноставни чекори помогнете си да се опуштите и да уживате во остатокот од денот.rn.

    rnrn

      rn011

    • Најпрво седнете или легнете на вашето најудобно релаксирачко место во вашиот дом или наполнете ја кадата со топла вода и запалете неколку ароматични свеќи. Затворете ги очите и дишете бавно. Дозволете си мир и тишина, непречени од комуникациските апарати. Релаксирајте се после напорниот работен ден со визуелизација
    • rn011

    • Замислете се себеси на некое место што ве прави да се чувствувате спокојно. Тоа може да биде песочна плажа, раззеленета шума или пак пловидба со брод, сѐ е оставено на вашите желби и на фантазијата. Релаксирајте се после напорниот работен ден со визуелизација
    • rn011

    • Задржете ја таа слика и замислете како доживувате бран од позитивни емоции кои ви будат чувства на среќа и исполнетост. Релаксирајте се после напорниот работен ден со визуелизација
    • rn011

    • Останете со мислите далеку се додека не се почувствувате комплетно удобно и потоа пополека вратете се во реалноста.
    • rn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn