КАФЕ ПАУЗА

Tag: опуштање

  • Масажа за подобар секс

    Масажа за подобар секс

    Размислувајте за масажата како за секс без пенетрација – вака нѐ подготвува лиценцираниот физиотерапевт од Њујорк Хуан Уроса. Неговите 4 совети за масажа ќе ви помогнат да го/ја возбудите партнерот/ката, но и за да биде сексот подобар и за двајцата.rnrnmasazha-za-podobar-seks-kafepauza.mkrn

    1. Опуштете ги неговите/нејзините мускули

    rnПодгответе купка во кадата и турете малку есенцијално масло. Купката ќе ги подготви мускулите за масажа, а тоа ќе ви даде и изговор за да го тргнете пешкирот од телото на партнерот/ката.rn

    2. Нека му/ѝ биде удобно

    rnПартнерот/ката нека легне на вашиот кревет со лицето надолу. Омекнете си ги рацете со помош на масло за масажа, а потоа почнете да ги триете неговите/нејзините стапала, не грбот.rnrnИмаме над илјада нервни завршетоци на табаните кои го стимулираат целиот нервен систем. Измасирајте ги двете стапала, а потоа полека прејдете на потколениците, бутовите и продолжете така движејќи се постепено.rn

    3. Имајте ги вистинските потези

    rnПочнете со компресија. Потпрете се и со врвовите на прстите пренесувајте го притисокот на мускулите. Потоа продолжете со кружни движења. За осетливите делови пожелно е да практикувате лесни потези. Едноставно тркалајте ги прстите напред-назад додека ги движите рацете горе-долу по мускулите. Исто така, посебно внимание обрнете на завршетокот на мускулите, особено на делот каде што се спојуваат со коските.rn

    4. Фокусирајте се на одредени зони

    rnВнатрешната страна на бутовите, делот околу карличната коска, задникот и пекторалните мускули се многу осетливи делови. Тие се често запоставени од страна на професионалците. Користете ја техниката на компресија и кружни движења на внатрешната страна на бутовите, задникот и опашката, а со нежни потези масирајте ги градите.

  • 5 начини да си направите релаксирачки спа-ден во домашни услови

    5 начини да си направите релаксирачки спа-ден во домашни услови

    Кога луѓето се постојано зафатени и под стрес знаат многу лесно да заборават на своите потреби. Но, бидејќи ретко кој може да си дозволи слободен викенд за да отиде на луксузен мини спа-одмор, погледнете неколку начини на кои можете сами да си направите свој релаксирачки спа-ден во домашни услови.rn

    1. Масажа за релаксација на мускулите

    rn5 начини на кои можете да си направите свој релаксирачки спа ден во домашни условиrnrnСè што треба да направите е да ставите воден пешкир на неколку секунди во микробранова печка и потоа да го наместите на вашиот грб, рамена, врат или која било друга област на која ѝ е потребно внимание. Откако вашите мускули ќе имаат неколку минути за да се стоплат и опуштат, можете да започнете со масажата. Замолете некој од вашите блиски пријатели или партнерот да ви биде масер. Или пак, можете да купите некои од оние направи со кои можете сами да се измасирате, како пенлив валјак или топчиња за масажа.rn

    2. Третман за лице кој ќе ја направи вашата кожа сјајна

    rn5 начини на кои можете да си направите свој релаксирачки спа ден во домашни условиrnrnПостојат неколку начини на кои можете сами да ја освежите вашата кожа. Дел од нив се со помош на:rnrnПапаја – Ова овошје може да има многу пријатен ефект на вашата кожа. Едноставно отстранете ја пулпата и со внатрешноста на кората измасирајте го вашето лице и врат. Ензимите од папајата ќе ги отстранат мртвите клетки, ќе ја поправат штетата од изложеноста на сонце и ќе направат вашата кожа да изгледа свилено мазна. Оставете ги остатоците од папајата на вашето лице 15-тина минути пред да ги измиете со вода.rnrnЛимон и јогурт – Исцедете еден лимон и додадете му 2 супени лажици јогурт без маснотии. Нанесете ја мешавината на вашето лице и уште веднаш ќе забележите како таа ги намалува црвенилото и точките кои укажуваат на стареење.rnrnЗелен чај – Наместо една чаша чај, овој пат направете две. Едната како и секогаш претходно испијте ја, додека пак во другата потопете неколку крукчиња памук и потоа поставете ги на вашето лице и очи за да се опуштите. Оваа постапка е одличен начин на опуштање која можете да ја применувате секојдневно.rn

    3. Третман за освежување на кожата на целото тело

    rn5 начини на кои можете да си направите свој релаксирачки спа ден во домашни условиrnrnНајдобриот начин за борба против стресот се третманите кои го хидрираат целото тело и притоа ве освежуваат и ве полнат со енергија. Погледнете ги наредниве неколку начини на кои можете да го сторите тоа…rnrnКафеав шеќер и мед – Можете да ги додадете овие состојки во зелениот чај или пак директно додадете ги на вашето тело и измасирајте го за да ја отстраните мртвата кожа. На овој начин целосно и длабински ќе ја исчистите и ќе ја направите многу посјајна. Употребете 200 грама кафеав шеќер и доволно мед за да можете лесно да ја триете мешавината на телото.rnrnКафеав шеќер и грејпфрут – Ако сакате вашата масажа да биде овошна, заменете го медот со грејпфрут. Употребете една половина грејпфрут и уште веднаш по нанесувањето ќе се чувствувате релаксирано, а вашата кожа ќе сјае.rnrnАвокадо и прашок од какао – Мешавината од една половина авокадо и 1 супена лажица какао ќе ѝ овозможи на вашата кожа многу полесно да дише.rn

    4. Маникир и педикир

    rn5 начини на кои можете да си направите свој релаксирачки спа ден во домашни условиrnrnУпотребете некои од претходно споменатите третмани за да ги освежите и вашите дланки. Потоа, со помош на грицкалка за нокти и турпија обликувајте ги онака како што вие сакате. Најтешкиот дел е одбирањето на боја за лак која најмногу ќе ви одговара со изборот на вашата облека. Но, откако ќе ја имате бојата во вашите раце, работите ќе почнат побрзо да се движат. Обојте ги ноктите, а потоа завршете со безбоен лак кој ќе спречи лупење. Потоа преминете и на ноктите на нозете.rn

    5 Ароматерапија за совршен завршеток на денот

    rnrn5 начини на кои можете да си направите свој релаксирачки спа ден во домашни условиrnrnПонекогаш сè што ви е потребно за да се опуштите и наполните со енергија е едноставното одморање во просторија која е преполна со вашите омилени миризби. Тоа можете многу лесно да го постигнете со масло, свеќи или пак со миризливи стапчиња. Различни ароми можат да ви помогнат да постигнете различни цели. Погледнете дел од нив…rnrnЛаванда – Ве релаксира и ви помага да заспиетеrnrnЕукалиптус – Ве полни со енергијаrnrnЃумбир – Помага при главоболкиrnrnНане – Ве подмладуваrnrnЧајно дрво – Одлично за имуниот систем.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музика за релаксирано попладне

    Музика за релаксирано попладне

    Автор: Сања СтојковскаrnrnВо денешно време, речиси секој од нас се соочува со стресно и динамично секојдневие што најчесто произлегува од обврските поврзани со работата. Нервози со клиентите, нервози со претпоставените, и секому би годело едно опуштачко попладне после таков напорен ден. Музика за релаксирано попладнеСо наша помош, создадете си фина атмосфера и посветете си квалитетно време сами или со блиските. Ви претставуваме плејлиста со музика за едно релаксирано попладне и обновување на вашите уморни клетки. Уживајте.rn

    rn

    rnКликнете на копчето PLAYLIST за да видите кои 20 песни ги вклучивме во нашиот избор.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Жешки секс-совети од „50 нијанси на сиво“

    Жешки секс-совети од „50 нијанси на сиво“

    Зошто трилогијата „50 нијанси на сиво“ е толку популарна? Најверојатно бидејќи во неа се зборува за забранетиот секс и табуата поврзани со грубиот секс. Бројни истражувања покажуваат дека ваквиот вид секс е најпопуларна фантазија и на мажите и на жените.rnrnЖешки секс-совети од „50 нијанси сиво“rnrnФантазиите играат многу важна улога во одржување на возбудливоста на сексот во долгите врски и во бракот. Потребно е многу труд за сексот да остане интересен со личноста со која долго време сте заедно, бидејќи најголемата ерогена зона на човекот е мозокот. Токму затоа треба да го пуштите мозокот да лута и да замислувате што би било добро за вашиот сексуален живот. Кога станува збор за фантазии тешко е да се избегне фантазијата за груб секс, бидејќи постојат работи кои можат да бидат многу, многу секси.rnrnМожеби е време да размислите како можете да ја подигнете температурата во спалната соба.rn

    1. Размислете малку за работите

    rnРазмислете за сексуалните фантазии кои ве возбудуваат. Дали вашата цел е да чувствувате физичко или емоционално задоволство? Што точно сакате и колку далеку сте спремни да одите?rn

    2. Опуштете се и предајте се

    rnЗа разлика од повеќето мажи, женскиот мозок игра огромна улога во сексуалните активности, задоволството и препуштањето. Способноста да се препуштите на моментот е најважен дел од процесот. Ова значи дека му верувате доволно на партнерот за да ги „спуштите“ заштитните ѕидови и да се опуштите. Кога ќе бидете спремни да го направите ова, се создаваат можности за нови прилики и токму тоа е патот до нешто ново.rn

    3. Почнете да разговарате

    rnСпротивно од сѐ што ве имаат убедувано некои мажи, навистина е секси да му се отворите на партнерот и да му кажете што точно сакате. Наместо да зборите за тоа што не го сакате, подобро разговарајте за тоа што ве возбудува и за меѓусебните фантазии. Клучот до успешното сексуално задоволство е отворена комуникација, затоа постојано разговарајте со партнерот.rn

    4. Забавете

    rnВоведувањето на нови работи не значи дека одма морате да се облечете во кожен комбинезон или да го извадите камшикот уште првата вечер. Наместо тоа, тргнете со мали чекори. Експертите во ова поле се сложуваат дека за почетниците добар потег е играњето улоги, за кои не се потребни никакви помагала. Играњето собарка и гостин во хотел или крадец и осамена домаќинка или нешто слично, може да биде вашиот прв чекор.rnrnАко глумата не е ви се допаѓа, пробајте со врзување на очите со превез и разгалување на сетилата. Донесете чинија со овошје, чоколадо, вино, лед, ментол бонбони и експериментирајте.rn

    5. Играчки и локации

    rnКога ќе дојде вистинското време за тоа, испробајте некоја нова играчка или направете го тоа на некоја необична локација. Почнете со поситни играчки, како лисици, свилени траки и слично. Со траката покрај тоа што можете да му ги покриете очите или да го заврзете, можете и стратешки да покриете делови од вашето телото.rn

    6. Сакајте се себеси

    rnОва може да значи многу работи, но се однесува на тоа да се грижите за себе и да се цените. Уште еден трик за градење на високо ниво на самодоверба е да носите секси долна облека и надвор од спалната соба и тоа под најнормална облека. Така цел ден ќе се чувствувате секси. Но, ова не се однесува само на долната облека. Најважна е состојбата на умот и како размислувате за себеси. Тој ве сака каква што сте, а ќе продолжи да ве сака уште повеќе кога и вие ќе почнете да се сакате себеси.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Опуштете се две минути и не правете апсолутно ништо

    Опуштете се две минути и не правете апсолутно ништо

    Живееме во стресно време со многу нервози. Повеќето луѓе по 8 работни часа се врзани на столче и пред компјутер, немајќи можност да здивнат и да одвојат неколку минути само за себе. Сепак, секогаш треба да имате на ум дека вашето здравје е поважно од сѐ останато.Опуштете се две минути и не правете апсолутно ништоВеб-сајтот „Donothingfor2minutes“, ќе ве натера 2 минути да не правите ништо. Доколку го мрднете маусот или притиснете некое копче на тастатурата, одбројувачот се рестартира и повторно почнувате од ново. Затоа одвојте две минути во текот на денот, пуштете го овој сајт, затворете ги очите и слушајте го звукот на брановите. Верувајте, ќе ви биде многу подобро, особено доколку сте под стрес.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Непишани правила за на плажа кои морате да ги почитувате

    Непишани правила за на плажа кои морате да ги почитувате

    Плажата е совршено место за забава и опуштање, но за да не се посрамотите, секогаш треба да внимавате што правите.rnrnНепишани правила за на плажа кои морате да ги почитувате rnrnСледете ги овие правила и ќе немате никаков проблем.rn

    1. Вовлечете го стомакот

    rnСтомакот мора постојано да ви биде вовлечен за да можете да ги импресионирате дамите во вашата блиска околина.rnrn(1) Непишани правила за на плажа кои морате да ги почитуватеrn

     2. Заштитен фактор од сонце

    rnДоколку некој од вашите пријатели не може да се намачка на тешко достапните места, асистирајте му.rnrn(2) Непишани правила за на плажа кои морате да ги почитуватеrn

     3. Позирање

    rnДоколку не направите еден куп фотки, исто како да не сте биле. Затоа секогаш позирајте покрај прекрасното море.rnrn(3) Непишани правила за на плажа кои морате да ги почитуватеrn

    4. Мачката секогаш со вас

    rnДоколку чувате мачка, донесете ја на плажа. Таа ќе ужива и нема да ви претставува никакво оптоварување.rnrn(4) Непишани правила за на плажа кои морате да ги почитуватеrn

    5. Одглумете романтична сцена со партнерот

    rnЗајдисонце, бранчиња и песочна плажа. Одморот е совршен за рекреирање на романтична сцена.rnrn(5) Непишани правила за на плажа кои морате да ги почитуватеrn

    6. Не заборавајте ги и очилата за сонце

    rnЗа да не дојде до незгодна ситуација, внимавајте каде гледате. Очилата за сонце можат да ви помогнат.rnrn(6) Непишани правила за на плажа кои морате да ги почитуватеrn

    7. Не одете во длабокото

    rnДоколку не знаете да пливате добро, разладете се во плиткото. :)rnrn(7) Непишани правила за на плажа кои морате да ги почитуватеrn

    8. Истакнете се

    rnДоколку сакате да бидете главен фраер на плажа, можете да покажете некоја акробатска вештина.rnrn(8) Непишани правила за на плажа кои морате да ги почитувате

  • Лесна чил аут плејлиста

    Лесна чил аут плејлиста

    Ако летото ви е опуштено и лабаво, тогаш овие неколку смут џез изведби претставуваат звучна верзија на она што се случува околу вас.rn

    Лесна чил аут плејлиста

    Ние ви препорачуваме неколку изведувачи чија музика е забавна и одлична за релаксација.rn rn

    Рипингтонс

    rnРипингтонс се американски џез бенд чија музика најчесто е инспирирана од патувања и егзотични места.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Дејв Коз

    rnДејв Коз е саксофонист кој порано настапувал заедно со Рипингтонс, но денес е соло изведувач.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Марк Антоан

    rnМарк Антоан е француски џез гитарист. Неговите дела се инспирирани главно од ромската музика.rn

    rn

    rn

    rn

    Калдера

    rnКалдера е њујоршки џез состав кој за жал веќе не е активен. Во своето кратко четиригодишно постоење оставија многу музика, главно со латински примеси.rn

    rn

    rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасни планински викендички за рајско уживање

    Прекрасни планински викендички за рајско уживање

    За оние кои се ориентирани повеќе кон природата и планините, летото секогаш е период кога сакаат да се опуштат и да ги наполнат батериите во длабока сенка и на чист воздух. Без никаков строг распоред на времето во денот, без технологија и без никаква агенда. Препуштање на уживањето и целосно исклучување од светот.rnrnПрекрасни планински викендички за рајско уживањеrnrnСовршени места за оваа пригода се планинските дрвени куќички, кои ги има насекаде низ светот по планините. Тука ќе имате прилика да видите повеќе примери на планински викендички, од класични  американски и традиционално британски, па сè до ултрамодерни и луксузни. Па, кој не би посакал да поседува едно вакво мало парче рај, во прекрасните планински предели на нашата земја.rnrnПрекрасни планински викендички за рајско уживање Прекрасни планински викендички за рајско уживање Прекрасни планински викендички за рајско уживање Прекрасни планински викендички за рајско уживање Прекрасни планински викендички за рајско уживање Прекрасни планински викендички за рајско уживање Прекрасни планински викендички за рајско уживање Прекрасни планински викендички за рајско уживање Прекрасни планински викендички за рајско уживање Прекрасни планински викендички за рајско уживање

  • Астрологија: заборавете на проблемите и научете да се опуштите

    Астрологија: заборавете на проблемите и научете да се опуштите

    Секој од нас има карактерни особини кои го кочат, му создаваат стрес и не му дозволуваат да зачекори кон својата идна среќа. Проблеми му се случуваат секому во животот, но дозволувањето стресот да нѐ надвладее, е само наша одлука. Без разлика дали сте нетрпеливи, гневни, тажни или егоистични, имајте на ум дека таквите особини ве држат во мртва точка и не ви дозволуваат да бидете среќни.rnrnКога последен пат сте имале ужасен ден? Со постојаното менување на времето од сончево во облачно, обврските и нервозите, тој ден најверојатно не бил многу одамна. Тоа е знак дека треба да имате план како да се справите со ваквите денови, а астрологијата и познавањето на особеностите на вашиот знак, многу ќе ви помогнат околу сето тоа.rnrnАстрологија: заборавете на проблемите и научете да се опуштитеrn

    Овен – нетрпеливост

    rnЗаборавете на вашата потреба сѐ да се случи буквално во моментот кога вие ќе посакате. Доколку секогаш некаде брзате, можете да ги пропуштите неверојатните работи во животот на кои природно им е потребен подолг период за да се случат. Научете да ја тренирате вашата трпеливост, а наградата од таквото однесување ќе ја чувствувате на долг рок.rnrnПосле напорен ден ослободете се од целата насобрана напнатост, уживајќи во вашите омилени физички активности. Со гаранција ќе се почувствувате исклучително подобро, после неколку истрчани километри или после една рунда кикбокс.rn

    Бик – огорченост

    rnМногу е важно да заборавите на вашиот потиснат гнев и лутина, до кој толку цврсто се држите. Опростувањето за вас претставува еден начин на исцелување од таквите чувства и враќање на благосостојбата во вашиот живот која ќе ви помогне да продолжите напред. Заборавањето на работите коишто ве лутеле во минатото, ќе ви отворат прекрасни можности за иднината.rnrnПосле напорен ден, свиткајте се во вашето најудобно ќебенце и почестете се со омилениот десерт и ќе забележите како вашите грижи полека исчезнуваат од вашата глава.rn

    Близнаци – премногу размислување

    rnВие буквално живеете во вашата глава, но многу важно за вас е одвреме-навреме да си го „стишите“ мозокот. Доколку секогаш се заглавувате во вашите мисли, ризикувате да го пропуштите она што се случува сега. Дадете си малку време да се релаксирате, да го забавите темпото и да уживате во сегашноста, без да размислувате премногу на неа.rnrnПосле напорен ден одморете го вашиот вечно активен ум, задлабочувајќи се во некоја добра книга. Фокусирањето на вашата ментална енергија кон нешто забавно, занимливо и позитивно, ќе направи да се почувствувате подобро.rn

    Рак – излегување од комфорната зона

    rnЈа знаете онаа мисла „Животот започнува на работ од вашата комфорна зона?“ Во неа има многу вистина! Овој момент е совршен за да се поттурнете себеси нанапред, со цел да пробате нови работи и да искусите нови искуства. Ќе бидете изненадени од она што ќе го најдете по патот, како и од она што ќе го откриете во врска со себеси.rnrnРелаксирачка вечер во вашиот дом, е токму она што ви е потребно после напорен ден. Свиткајте се на каучот во ќебе и пуштете си го вашиот омилен филм или ТВ серија. Ќе видите дека ќе се почувствувате утешено и смирено уште пред да се појават имињата на учесниците на крајот од филмот.rn

    Лав – големо его

    rnМожеби вас ќе ви звучи ова грубо, но сѐ што се случува во светот не се однесува исклучиво само на вас. Можеби на целиот департман во кој работите му е намалена платата, можеби за проектот на којшто работевте напорно добивте негативни критики, но вакви работи секому му се случуваат. Тоа не значи дека светот има лошо мислење за вас. Доколку успеете да го сфатите ова, истото ќе ви помогне да останете во вашиот посакуван центар на вниманието, а воедно и нема толку инстантно да се „инфицирате“ и вознемирувате од постапките и мислењата на другите луѓе.rnrnПосле напорен ден, пронајдете начин да се изразите себеси. Без разлика дали ќе фатите да работите на некој креативен проект или ќе му се јавите на некој пријател кој знаете дека ќе ве сфати, ќе забележите дека кога ќе ги извадите тие чувства од вас, ќе се почувствувате инстантно подобро.rn

    Девица – перфекционизам

    rnРедно време е да се откажете од очекувањата за совршеност, во однос на вас и во однос на луѓето во вашето окружување. Сите имаме мани и навистина совршенството е непостоечка категорија. Ако научите да ги прифаќате ситуациите и луѓето (вклучително и себеси) онакви какви што се, значително ќе си го подобрите квалитетот на животот и ќе се чувствувате порелаксирано и позадоволно.rnrnИскажете ги сите ваши грижи на некој пријател, во комбинација со пијачки или вечера после напорен ден. Дадете си себеси доволно време да ги средите вашите мисли, анализирајќи сѐ што се случило, со цел да почнете да ги напуштате грижите и да се изрелаксирате.rn

    Вага – угодување на другите

    rnВие сакате да ги задоволувате потребите на другите луѓе на едно многу високо ниво, па можеби е конечно време да престанете со тоа. Морате да сфатите дека е невозможно да ги направите сите среќни, а со тоа ризикувате да се изгубите себеси во процесот на грижење за другите. Фокусирајте се на вашите приоритети и ценете ги вашите потреби, бидејќи и вие заслужувате да бидете среќни.rnrnПосле напорен ден, направете си домашен спа-третман кој ќе ви помогне да ги „измиете“ вашите грижи. Поминете ја вечерта разгалувајќи се со лосиони, маски за лице, пилинг на тело, свеж маникир и слични работи. Вие навистина го заслужувате тоа.rn

    Скорпија – премногу очекувања

    rnВие работите напорно за да го добиете она што го сакате, но понекогаш животот не излегува онака како што го имате испланирано. Наместо да жалите по она што го немате, фокусирајте ја вашата енергија заблагодарувајќи им се на прекрасните нешта кои се веќе присутни во вашиот живот. Ова ќе ви даде можност појасно да видите што е важно и што навистина сакате.rnrnВие морате некако да се ослободите од вашата силна енергија, за да можете да почнете да се опуштате. Излезете на куса прошетка, а потоа подгответе си топла бања и уживајте во чаша црвено вино.rn

    Стрелец – конкурентски дух

    rnОставете ја вашата потреба константно да се натпреварувате со себеси и оние околу вас. Вие знаете дека секогаш можете подобро и самото тоа е сосема доволно. Доколку се ослободите од овие неверојатно високи стандарди, ќе си ја подобрите самодовербата и вашите врски со другите луѓе.rnrnКомбинацијата од физичка активност, време поминато со пријателите и вентилирање на насобраните проблеми е она што вам ви е потребно. Јавете се кај некој пријател и појдете на џогирање, притоа разговарајќи за работите кои ве мачат.rn

    Јарец – потреба за контрола

    rnДозволете си да се опуштите и оставете го животот да тече. Можеби ќе ви биде шок, но контролирањето на сите работи во животот е една обична илузија, па придржувајќи се кон неа само си правите контрауслуга на себеси. Доколку се откажете од контролирањето на сѐ околу вас, светот нема да се распадне, а вие ќе чувствувате неверојатна слобода и радост.rnrnПо напорниот ден, почестете се со нешто само за вас. Појдете на масажа, купете си ја кошулата или чевлите кои одамна ги посакувате или купете си кутија со чоколадни бонбони и уживајте во добро филмче.rn

    Водолија – осудување на другите

    rnВие се гордеете со својата објективност, но ваквиот начин на размислување може многу лесно да се претвори во навика да ги осудувате луѓето околу вас. Доколку верувате дека секогаш знаете што е исправно, не им оставате простор на останатите да го искажат својот став. Ослободувањето од потребата да осудувате, ќе ви овозможи да се соживувате со ставовите на другите луѓе, да научите да слушате и подобро да ги разбирате.rnrnСоберете се со вашето друштво и појдете некаде на пијачка. Забавувањето ќе ви помогне да го заборавите лошиот ден и да се чувствувате освежено и позитивно.rn

    Риби – апсорбирање тага

    rnБидејќи сте многу чувствителна личност, вие апсорбирате многу енергија од вашата околина, но тоа не значи дека знаете како да се ослободите од неа. Ослободете се од насобраните тешки емоции и ќе почнете да се чувствувате многу полесно и поенергично. Доколку ја ослободите тагата која ја држите во себе, ќе си овозможите да бидете целосно присутни и да го доживеете животот каков што навистина е.rnrnСоздадете си сопствена оаза, со тоа што ќе си запалите неколку ароматични свеќи, ќе го изгаснете вашиот мобилен телефон и целосно ќе се препуштите на уживањето. Без разлика дали сакате да пишувате, медитирате, да испиете шолја чај, вам ви треба мирна атмосфера за да закрепнете од стресниот ден.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто среќните парови се подебели?

    Зошто среќните парови се подебели?

    Среќниот брак предизвикува зголемување на тежината, а задоволството во љубовта има негативен ефект на физичкиот изглед, покажува истражувањето на Универзитетот во Далас, каде следеле брачни парови, 4 години откако се земале.rnrnЗошто среќните парови се подебели?rnrnПричината поради која среќата е поврзана со зголемувањето на тежината ја пронаоѓаат во опуштањето т.е. фактот што брачните партнери се чувствуваат сакано и не водат грижа дали со физичкиот изглед ќе го задржат партнерот.rnrnВо среќните бракови дебелеењето не настанува нагло, туку со текот на времето, додека во нестабилните врски партнерите не покажуваат тенденција да ја зголемуваат телесната тежина.rn
    rn

    „Заљубените младенци се дебелеат бидејќи не посветуваат внимание на својот физички изглед, додека оние кои размислуваат за раскинување, сакаат да изгледаат фит за потоа полесно да можат да пронајдат нов партнер“ – вели Андреа Мелцер, која го има правено ова истражување.

    rnИсто така, таа додава дека иако ваквото опуштање во врската докажува самодоверба и верба во врската, сепак може да има негативни здравствени последици, поради зголемениот ризик од дијабетес и срцеви болести, кои се тесно поврзани со дебелеењето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.