КАФЕ ПАУЗА

Tag: опуштање

  • Ослободете се од стресот: Трик од 5 секунди кој делува како таблета за смирување

    Ослободете се од стресот: Трик од 5 секунди кој делува како таблета за смирување

    Стресот е дел од нашето секојдневие и никогаш не е лесно да се ослободиме од него. Но, помошта при опуштањето и елиминирањето на негативната енергија не се крие во лековите или зголемената физичка активност, туку во една едноставна техника која има позитивно влијание и на нашиот мозок и на нашето тело.rnrnОслободете се од стресот: Трик од 5 секунди кој делува како таблета за смирувањеrnrnЕдна од најефикасните техники на опуштање, која веќе со векови се практикува во индиската ајувердска медицина, е всушност техника на дишење, кое во стресните ситуации се менува и дополнително ги зајакнува негативните емоции. Доколку сакате да ја испробате оваа древна техника, тогаш сѐ што треба да направите е да ја набљудувате следната слика.rnrnОслободете се од стресот: Трик од 5 секунди кој делува како таблета за смирување rnrnИмено, тука се претставува геометриски облик кој во текот на временско растојание од 5 секунди се шири и потоа се враќа во првобитната состојба. Вежбата започнува во оној момент кога геометрискиот облик има форма на рамна линија и тогаш треба да започне вашето вдишување. Вдишувајте преку носот паралелно со зголемувањето на обликот, полнејќи ги своите бели дробови со воздух. Во оној момент кога анимацијата ќе почне да се намалува, тогаш започнете да издишувате низ устата и правете го тоа сѐ додека обликот не исчезне.rnrnВежбата повторете ја 5 пати, направете пауза од 1 минута, и потоа повторете ја уште 3 пати. Дишењето ја поместува дијафрагмата, а нејзиното движење ги масира внатрешните органи и го подобрува и варењето на храната и работата на бубрезите. Со правилното дишење се исфрлаат токсините од телото, се подобрува функцијата на нервниот систем и значително се намалува чувството на напнатост, анксиозност и болка.

  • 3 утрински навики кои ќе ви го разубават денот

    3 утрински навики кои ќе ви го разубават денот

    Рутината е секогаш добредојдена кога ви е потребна малку организација во вашиот живот. Доколку сакате да ја искусите убавината на секојдневието и да не се изгубите во неговата монотонија, тогаш треба да бидете одлучни и да се обидете на секои две недели да стекнете по една нова навика. Така, убавите и исполнети денови ќе пристигнат многу побрзо отколку што мислите и полека но сигурно ќе се претворат и во еден убав живот. Во тој контекст, прочитајте ги следниве 3 навики на кои сите вие би требало да им дадете шанса.rnrn3 утрински навики кои ќе ви го разубават денотrn

    1. Започнете го денот со здрав појадок

    rnПогрижете се секое утро на масата да имате една порција здрави јаглехидрати и протеини, со цел да се наполните со енергијата која ви е потребна за да имате еден идеален почеток, но и остаток, на денот. Според бројните истражувања, кофеинот го подобрува расположението и ја подобрува мозочната активност, па добро е доколку се напиете и една шолја кафе. Ако не сте љубител на кафето, тогаш заменете го со свежо, овошно смуди или чај.rn

    2. Резервирајте го почетокот на денот за телесни вежби

    rnВо оние периоди кога ќе имате малку повеќе време, направете неколку вежби за телото, на почетокот од денот. Утринското вежбање, во форма на прошетки или трчање, е одлично за одржувањето на кондицијата и будењето, како и за поведро расположение во текот на целиот ден.rn

    3. Опуштете се и наполнете ги батериите пред денот да започне

    rnКако што времето наутро ви дозволува, така погрижете се да имате утринска доза на опуштање со кафе или чај, омилената книга и омилените песни кои ве исполнуваат со позитива. Доколку сте во можност да одвоите неколку дополнителни часа, тогаш топлата купка со омилените ароми и 10-минутната медитација се исто така одлична идеја. Важно е само да започнете со нешто што навистина ве развеселува и среќата ќе биде гарантирана.

  • Единствената навика која ќе ви помогне да имате здрав сексуален живот и добар сон

    Единствената навика која ќе ви помогне да имате здрав сексуален живот и добар сон

    Секој од нас секојдневно се соочува со стресни ситуации, па токму овие проблеми можат да ни предизвикаат потешкотии да се исклучиме и посветиме на одморот и уживањето. Како што стресот го погодува нашето секојдневно функционирање, така влијае и на нашиот сон, како и на сексуалниот живот.rnrnЕдинствената навика која ќе ви помогне да имате здрав сексуален живот и добар сонrnrnНо, не грижете се, постои многу едноставно решение. Станува збор за медитацијата која е докажано дека ослободува од напнатост и нервоза. Емили Флечер, која се бави со ведска медитација, открива неколку совети за посмирен живот, непрекинат сон и активен сексуален живот.rn

    „Благодарение на медитацијата, вие се водите самите себеси во четвртата, поточно суперсвесната состојба на свеста, каде што вашето тело одмара 2 до 5 пати подлабоко одошто во сонот. Токму тоа и овозможува вашето тело да се ослободи од целиот насобран стрес“, открива Емили.

    rnБидејќи постои огромна поврзаност помеѓу сонот и медитацијата, вие со нејзина практика истовремено го опуштате и телото и умот. Со медитацијата вие се ослободувате од секојдневниот стрес, па затоа и спиењето ви служи токму за тоа – за спиење. Кога не медитирате, вашето тело го користи сонот како начин за ослободување од стрес, па една од последиците на оваа ситуација е претерано активниот ум што на крај резултира со константен умор.rnrnМедитацијата исто така може многу да ви го подобри и вашиот сексуален живот. Имено, кога жените во телото имаат значително зголемено количество кортизол, стрес хормонот, тие почнуваат да ја губат способноста да доживеат оргазам. Бидејќи медитацијата ве ослободува од стресот, а со тоа и го намалува нивото на кортизолот во телото, ви овозможува гаранција дека оргазмот ќе стане редовен дел од вашиот сексуален живот. Да не заборавиме и на фактот дека медитацијата ги изострува нашите сетила, правејќи сексот да стане уште попријатно искуство.

  • Што да направите кога не можете да го исклучите мозокот после напорниот ден?

    Што да направите кога не можете да го исклучите мозокот после напорниот ден?

    Секој ден, сите со нетрпение го очекуваме моментот кога ќе најдеме малку време да се опуштиме. Но, иако нашето тело е подготвено да го стори тоа, нашиот мозок сѐ уште работи 200 на час. Психолошки, транзицијата од стресните ситуации до мирната и опуштена состојба е голем предизвик за организмот. Можеби звучи контрапродуктивно, но, според експертот за медитација и релаксација д-р Херберт Бенсон, тренирањето на мозокот да се ослободи од секакви мисли е клучно за да го подобрите квалитетот на спиењето и да се разбудите свежи и подготвени да се соочите со новиот ден. Во продолжение прочитајте за 3-те најефикасни начини да го опуштите вашето тело, но и вашиот ум.rnrnШто да направите кога не можете да го исклучите мозокот после напорниот ден?rn

    1. Завршете го денот

    rnПред да го напуштите работното место или обврските, одвојте 5 минути за да ги пополните сите дупки кои сте ги пропуштиле во текот на денот. Така го осигурувате вашиот мозок дека нема потреба да продолжи да ги скенира сите недостатоци во текот на ноќта.rn

    2. Вежбајте да го следите природниот тек на настаните

    rnНа овој начин ќе бидете многу поефикасни во извршувањето на дневните задачи и нема да го изгубите својот фокус. Атлетичарите знаат дека овие ритуали се најважни за добриот перформанс. Земете воздух и полека издишувајте, разгледајте наоколу, растегнете се, движете се, гледајте низ прозорецот и обновете ја енергијата.rn

    3. Одвојте време за опуштање

    rnИсто како што ритуалите пред спиење им помагаат на децата, така релаксацијата им помага на возрасните да се ослободат од стресот. Постојат многу начини да го направите ова, од обични вежби за дишење и медитација до краткотрајни прошетки низ паркот, топли купки и музика. Клучот е да изберете една рутина која ви се допаѓа и редовно да ја практикувате со цел да го научите вашиот мозок дека тоа време е наменето за опуштање.

  • Астрологијата открива: Што најмногу го опушта вашиот хороскопски знак кога сте под стрес?

    Астрологијата открива: Што најмногу го опушта вашиот хороскопски знак кога сте под стрес?

    Нервозни сте и нерасположени? Едноставно не можете да го најдете вистинскиот начин да се ослободите од стресот и малку да се опуштите? Погледнете што најмногу му одговара на вашиот знак и најдете го вистинскиот начин конечно да земете малку здив од секојдневните проблеми.rnrnАстрологијата открива: Што најмногу го опушта вашиот хороскопски знак кога сте под стрес?rn

    Овен

    rnВие сте полни со енергија која доколку не внимавате може да се сврти против вас. Во тој случај решението треба да го барате во физичката активност и спортовите.rn

    Бик

    rnВие по природа сте хедонисти, склони кон уживање. Токму затоа и најмногу ве опушта седењето на вашата омилена фотелја, гледањето телевизија, вкусната храна и пијалаците.rn

    Близнаци

    rnВие сте љубопитни по природа и сакате да стекнувате нови знаења, па токму затоа и најмногу може да ве опушти читањето добра книга која самите сте ја избрале.rn

    Рак

    rnВие функционирате по емотивни принципи, па затоа гужвата може да ве направи нервозни. Најдобриот начин за опуштање го наоѓате во музиката.rn

    Лав

    rnВие ги сакате материјалните нешта и уживате кога се украсувате себеси, па токму затоа и шопингот ви е најдобар вид опуштање.rn

    Девица

    rnВие сте многу аналитични и програмирани, па затоа и најмногу ве опуштаат логичните игри, квизовите и посебно одбраните филмови.rn

    Вага

    rnВие сте креативни, ве опушта модата, цртањето, правењето различни нешта кои можат да го декорираат просторот, како и разговорот со луѓето.rn

    Скорпија

    rnВие сте мистични и затворени. Вам ве опушта вашиот свет, вашите мисли, повлекувањето во состојба на мирување, како и медитацијата.rn

    Стрелец

    rnВие сте огромно дете, па затоа може да ве опушти сè што на тој начин би влијаело и врз децата, како на пример, патувања, шеги, игри…rn

    Јарец

    rnВие својата стабилност ја барате во материјалниот свет, бидејќи парите едноставно многу ве опуштаат.rn

    Водолија

    rnВие сте непредвидливи, а најмногу ве опушта модерната технологија, како и учењето за сите оние идни пронајдоци кои се на граници на можното и невозможното.rn

    Риби

    rnВие мечтаете, склони сте кон идеализација и илузии, а ве опушта вашиот свет каде што можете да фантазирате, сонувате и да ги поставувате нештата онака како што вие сакате.

  • Тест: Дали треба да се опуштите?

    Тест: Дали треба да се опуштите?

    Како го живеете вашиот живот? Дали сте спонтани или пак, дури и најмалите ситници ви се испланирани? Можеби пак, сте ја нашле совршената средина помеѓу овие две крајности? Решете го следниов тест и дознајте…rnrnТест: Дали треба да се опуштите?rn

    1. Се движите кон вашиот омилен ресторан, каде што треба да се најдете со вашата пријателка, но таа ви испраќа порака да пробате некој нов тајландски ресторан. Вие ѝ одговарате:

    rnа) Може! Или можеби треба да пробаме кинеска храна? Или суши? Ах, не знам!rnrnб) Хм… Во ред! Мразам зачинета храна, па затоа ќе јадам само ориз.rnrnв) Не сум за тоа, ама пак ќе ги прифатам твоите промени на планот во последен момент, иако знаеш дека го мразам тоа.rn

    2. Во улога на деверица, вие најчесто ги исполнувате вашите должности така што:

    rnа) Ох леле, имам некои должности?rnrnб) Стискам заби и правам сè што е потребно… Покрај неколку чашки шампањ, можеби и повеќе одошто би требало.rnrnв) Праќам голем број мејлови до останатите деверици со инструкции изработени во Ексел за секоја од нив да си ја знае својата задача.rn

    3. Од 3-те женски ликови во ТВ серијата „Пријатели“, вие најмногу се идентификувате со:

    rnа) Фиби, бидејќи нема никаков животен план.rnrnб) Рејчел, затоа што е алфа во женскиот свет.rnrnв) Моника, бидејќи… Еј, кој го истурил тоа на масата?rn

    4. На забавите, вие најчесто:

    rnа) Разговарате со девојка која случајно се нашла зад вас во редот за тоалет и ја оставате вашата пријателка сама.rnrnб) Тивко ги озборувате останатите луѓе во просторијата, заедно со вашата најблиска екипа.rnrnв) Започнувате напната дебата за кризата во друштвото со момчето кое ви понудило пиво.rn

    5. Вашиот дечко се обидува да ве убеди да се извлечете од работа и да одите со него на продолжен викенд. Вашиот одговор?

    rnа) Само викенд? Ајде да одиме цела недела!rnrnб) Имам тон обврски кои треба да ги завршам, но… Ајде, зошто да не?rnrnв) Некои од нас имаат сериозни обврски. Не се занесувај.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговори” active=”false”]rn

    Најмногу одговори под А – Лесни како перо

    rnВас не е тешко да ве сакаат, бидејќи секогаш сте расположени за секоја идеја. Но, многу сте непостојани и тешко ви е да останете доследни на вашите ставови. Наместо да ги прифаќате сите каприци на вашите пријателки, одвреме-навреме послушајте ја и вашата интуиција. Не значи дека ќе се претворите во диктатор само затоа што и вие понекогаш сакате да изберете место за кафе.rn

    Најмногу одговори под Б – Флексибилни, но не по ваша волја

    rnВие сте горди на вашата спонтаност. Но, кога ќе ве понесе силна струја, а вие јурите со главата надолу, се претворате во мрзливи полноглавци. Наместо да објаснувате колку би сакале да сте кажале не, обидете се да ги утврдите приоритетите околу кои вреди да се прави компромис (правење маички за моминската вечер) и оние кои не вредат за тоа (идентични неонски маички со имињата на сите девојки присутни на моминската вечер).rn

    Најмногу одговори под Ц – Крути како даска

    rnВие сте лојални и доследни на вашите принципи, што е доказ за вашата свесност за себе. Но, кога вашите пријатели во одредени ситуации не ги достигнуваат вашите стандарди, вие умеете да бидете малку критички настроени и да се дистанцирате од нив. Опуштете се малку и обидете се да научите да бидете пофлексибилни. Кога некој ќе ви каже да оладите, тоа не значи дека е време да ја вклучите климата.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]

  • 8 новогодишни совети против стрес

    8 новогодишни совети против стрес

    Доколку чувствувате нервоза и не стигнувате да ги завршите сите задачи во текот на денот, ви предложуваме да ги разгледате следниве неколку совети кои ќе ви помогнат релаксирано да ги дочекате новогодишните празници.rnrn(0)-8-novogodishni-soveti-protiv-stres-kafepauza.mkrn

    1. Броење

    rnДоколку во текот на денот одеднаш почувствувате стрес, почнете бавно да ја разгледувате просторијата во која се наоѓате. Застанете со погледот на секој предмет, дури и на најмалите ситници и избројте ги. Со овој едноставен трик брзо ќе ја смирите вашата нервоза. Доколку се изгубите во броењето почнете од почеток, но најважно е да не брзате. Стресот ве забрзува и затоа треба да се обидете да го намалите интензитетот на емоциите кои ги чувствувате.rn

    2. Цртање

    rnВо секоја напната ситуација каде што мора да се воздржите од зборување, најдете хартија и молив и веднаш почнете со цртање. Цртајте што било – портрет, кругови или чкртаници. Едноставно дозволете им на вашите емоции да почнат да течат од несвесното кон свесното преку вашата рака.rn

    3. Исклучете го стресот

    rnАко сте гледале индиски филмови, веројатно сте забележале дека танчарките прават комплицирани движења со прстите. Што мислите, зошто? Најкраткиот одговор е дека нашите дланки и прсти се проводници кои се тесно поврзани со централниот нервен систем. Допирот може да го подобри расположението, да ве смири и да ви даде сила. За да ја отстраните анксиозноста или нападот на паника, со палците притиснете на средина од дланката и вдишете длабоко. Повторувајте го истото десетина секунди.rn

    4. Релаксирање

    rnБрадата е зона во која се концентрира напнатоста. Токму затоа и кога сме лути инстиктивно почнуваме да ја собираме вилицата. Па, доколку сакате да го вратите доброто расположение, малку подотворете ја устата и полека свртете ја главата десно, па лево и притиснете ја брадата на градите. Повторете го ова 10 пати и веднаш ќе почувствувате опуштање.rn

    5. Синхронизација

    rnСинхронизираните движења ги инхибираат нервните процеси. Токму затоа и плетењето ги смирува нервите. Ако не сте во состојба да носите игли за плетење, тогаш погрижете се со вас секогаш да имате мастики за џвакање. Не е ни чудно што малите деца плачат кога ќе им ја одземат цуцлата.rn

    6. Враќање во детството

    rnКога ќе се вратите од работа уморни, не гледајте вести на телевизија, туку пуштете цртани филмови или некоја од вашите омилени филмски бајки. Детскиот свет е свет на безгрижна среќа кој не мора да го оставите зад себе откако ќе пораснете.rn

    7. Танцување

    rnТанцувањето како спорт го стимулира лачењето на ендорфини – хормонот за среќа. Тоа исто така е и еден начин на самозапознавање. Дали сметате дека сте пред емотивна експлозија? Пуштете ја вашата омилена музика и заиграјте, колку тоа и да ви изгледа тешко во тој момент.rn

    8. Туширање

    rnПуштете млака вода, застанете под туш и затворете ги очите. Дозволете ѝ на водата слободно да паѓа од вашата глава кон петите. Откако ќе почнете да чувствувате смирување, кажете ѝ на водата гласно што ве мачи, бидејќи таа има моќ да ги измие лошите нешта од вас и многу да ви помогне.

  • Психолозите тврдат дека боењето е најдобрата алтернатива на медитацијата

    Психолозите тврдат дека боењето е најдобрата алтернатива на медитацијата

    Боењето често се смета за хоби во кое уживаат само најмалите. Но, што ако ви кажеме дека тоа има позитивно влијание и врз возрасните? Со помош на неколку нови студии, психолозите откриле дека боењето го намалува стресот и им помага на индивидуите да го отклучат нивниот внатрешен потенцијал така што ги потсетува на детските сеќавања, кога нештата биле многу поедноставни. И да, боењето дури се споредува и со медитацијата.rnrnПсихолозите тврдат дека боењето е најдобрата алтернатива на медитацијатаrnrnПостои долга историја на поврзаност помеѓу ментално несигурните личности и боењето. Карл Јунг, познат психолог, го користел боењето како техника со чија помош неговите клиенти се фокусирале и добивале контрола врз својата потсвест. Барем на одредено време. Психологот Антони Мартинез исто така објаснува дека сите ние можеме да го користиме овој третман со боење за да влеземе во покреативна состојба. Практиката во тивка атмосфера со амбиентална музика може да им помогне на боите да ви повикаат прекрасни мисли.rnrnПа, дали боењето навистина помага при намалување на стресот? Според техниките на Јунг, боењето во кружни форми и соодветни геометриски фигури може да активира различни области во мозокот. Техниката се состои од логика, како и од креативност. Боењето геометриски форми вклучува логика, додека мешањето бои кои одговараат вклучува креативност. Токму оваа комбинација од логика и креативност ги активира областите во церебралниот кортекс и овозможува опуштеност која ја намалува активноста во амигдалата, односно во оној дел од мозокот кој ги контролира емоциите.rnrnНа кратко, ние успеваме да го намалиме нашиот стрес само затоа што сме фокусирани на одредена активност која е всушност забавна за правење. Ние едноставно се фокусираме само на неа и на ништо друго. Од друга страна пак, таа нè потсетува и на оние денови од нашиот живот кога воопшто не сме ни знаеле што е стрес – на детството. Според оваа студија, во најпродаваните 20 книги на Амазон се наоѓаат 6 боенки за возрасни. Тоа е знак дека оваа техника со боење навистина работи. Додека работеле на своето истражување, психолозите ги читале и коментарите под овие боенки со цел да откријат какво искуство имале луѓето кои ги купиле. Еден од корисниците напишал:rn

    „Боењето е најдобриот начин да се ослободите од стрес. Тоа исто така ги држи настрана и медикаментите!“

    rnДруг корисник дал подетално објаснување:rn

    „Како дете обожавав да бојам, но никогаш не мислев дека ќе се чувствувам на истиот начин и кога ќе пораснам. Откако го пробав тоа, не бев воопшто разочаран. По само неколку минути боење, бев толку опуштен и освежен што можев да се соочам со сè што ќе ми наиде.“

    rnНекои доктори исто така го понудиле своето размислување на оваа тема. Еден од нив напишал:rn

    „Почнав да поставувам боенки за возрасни и боички во чекалната на мојата болница со цел пациентите и нивното семејство да можат да ги користат за да се опуштат малку.“

    rnЛуѓето чувствуваат дека боењето им помага при намалувањето на стресот до тој степен што дури и престануваат со земање лекови за смирување. Па, дали и вие се чувствувате како да поминувате низ тежок период? Слободно земете неколку боички и почнете да боите. Време е одново да го пронајдете детето во вас и да им дозволите на боите да го подобрат вашиот живот.

  • Откријте зошто 10 милиони луѓе заспиваат покрај ова неверојатно видео

    Откријте зошто 10 милиони луѓе заспиваат покрај ова неверојатно видео

    Гледањето на ова видео опушта толку многу што слободно можеме да кажеме дека е еден од најдобрите методи за заспивање. На видеото се наоѓа една река во северна Ирска, која е окружена со шума и врз која поминува мал мост. Покрај тоа што станува збор за прекрасен пејзаж, видеото станало екстремно популарно поради звуците од природата кои неверојатно многу опуштаат.rnrnОткријте зошто 10 милиони луѓе заспиваат покрај оваа неверојатно видеоrnrnТоа е направено од страна на визуелниот уметник Џони Лосон, така што две години ја снимал истата сцена во природа, токму на таа река. Тој воопшто не ни помислил колкава моќ ќе има неговото видео и колку ќе им помага денес на сите луѓе кои имаат проблеми со стрес и несоница. Тој почнувал да добива пораки од луѓе ширум целиот свет, импресионирани од начинот на кој видеото ги успива.rnrnВидеото трае нешто повеќе од 8 часа, точно онолку време колку е доволно за здраво спиење. Благодарение на должината на видеото, ако некој се разбуди сред ноќ, звуците одново брзо ќе му помогнат да заспие. Ова видео веќе има повеќе од 10 милиони прегледи, па ако сакате да дознаете зошто, проверете самите вечерва.rnrn

  • Комбинирајте ги овие две состојки и испијте ги пред спиење: Следното утро ќе бидете вчудовидени

    Комбинирајте ги овие две состојки и испијте ги пред спиење: Следното утро ќе бидете вчудовидени

    Квалитетниот сон е многу важен за вашето општо здравје. Доколку се разбудите уморни и нервозни, тоа сигурно негативно ќе се одрази на вашите секојдневни активности. Но, доколку направите комбинација од банана и цимет во форма на смирувачки чај, тогаш секое утро ќе се будите полни со енергија и целосно релаксирани.rnrnКомбинирајте ги овие две состојки и испијте ги пред спиење: Следното утро ќе бидете вчудовидениrnrnЗошто банана? Ова вкусно овошје е одличен извор на калциум и магнезиум кои според резултатите на големи научни студии, влијае поволно врз сонот. Минералите во бананата ги опуштаат мускулите и го намалуваат негативното влијание на претераното лачење кортизол – стрес хормонот. Зошто цимет? Бидејќи и покрај тоа што му дава пријатен вкус на чајот, циметот целосно ќе ве опушти. Од друга страна, циметот го регулира варењето и циркулацијата, па тоа дополнително ќе влијае врз квалитетот на вашиот сон.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 литар вода
    • rn011

    • 1 банана
    • rn011

    • Прстофат цимет
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСварете ја водата и додајте ѝ ја бананата откако ќе ѝ ги исечете краевите и добро ќе ја измиете. Оставете ја да се вари 10-тина минути, а потоа исцедете ја и сипете ја во шолја. На крај додајте го и циметот. Испијте го овој чај еден час пред да си легнете да спиете. Вие ќе имате мирен сон и ќе се разбудите енергични и одморени.