Горењето тревки е честа практика во многу ритуали за лекување и шамански традиции. Тоа е начин на прочистување на просторот или некоја личност од негативна енергија и негативни влијанија. Аромата која ја испуштаат некои растенија има енергија со висока вибрација која ги штити и физичкото и духовното тело. Погледнете некои од најчестите свети тревки кои се користат за прочистување и за чистење на негативната енергија.rn
1. Жалфија
rn
rnrnЖалфија потекнува од латинскиот збор „salvare“ кој значи „лекува“. Исушената жалфија се користела во шаманските церемонии многу долг период со цел да го заштити и исчисти светиот простор, како и луѓето кои учествуваат во церемонијата. Се верува дека секој конфликт, гнев, болест или зло се апсорбира во чадот од жалфијата од енергетското поле на личноста. Чадот од жалфијата обично го менува јонскиот состав на воздухот и може да има директен ефект на намалување на стресот. rnrnМожете да горите суви листови од жалфија, или пак да запалите миризливо стапче пред да започнете ваш личен ритуал или медитација. Шаманите често користат жалфија и за да ги повикаат древните духови. Жалфијата ја враќа рамнотежата на чакрите, ја зголемува релаксираноста за време на медитација и ги отстранува психичките и емоционалните трауми. Често листовите жалфија се расфрлани на подот во сауни, или пак се замотуваат околу свети предмети, како на пример церемонијално луле. Користењето ливчиња од жалфија во чај помага при смирување, фокусирање и насочување на умот.rn
2. Слатка трева
rn
rnrnСлатката трева се гори заедно со жалфија со цел да се повикаат добрите духови на мирот и љубовта откако биле истерани лошите. Оваа тревка е една од 4-те свети лекови за северните Индијанци. Останатите 3 се тутун, жалфија и кедар. Индијанците ја сметаат оваа тревка за косата на мајка природа, а нејзината пријатна арома е потсетник за нежноста, љубовта и добрината која таа ги има за нас. rnrnТокму поради ова Индијанците ја плетат во плетенка со 3 нишки кои ги претставуваат љубовта, нежноста и добрината. Слатката трева се гори за време на многу свети церемонии и се користи за ритуали за лекување, заштита од духови и заштита од зло. Чајот од оваа тревка исто така има лекувачки ефект. Се користи за кашлица, повраќање, болно грло и крвавење.rn
3. Кедар
rn
rnrnИ кедарот ја „брка“ негативната енергија и носи добро влијание. Кога се гори, кедарот има улога на прочистувач. Тој ја чисти просторијата во која е запален и емитува пријатна арома. Оваа тревка често се фрла во логорски огнови за да прочисти поголем простор. Исто така гранките од кедар се користат и во сауни. rnrnСе верува дека кедарот има позитивно влијание на јасновидството, го оживува изморениот ум, тело и дух, и штити од болести. Кедарот се користи и за правење масла за воспалени мускули и настинки. Кога се меша со жалфија или чај, тој го чисти телото од инфекции. Исто така купките со кедар имаат многу добро лекувачко својство.rn
4. Пало Санто (свето дрво)
rn
rnrnСветото дрво се користи во церемониите за да ја задржи енергијата чиста. Ова е мистично дрво кое расте на брегот на Јужна Америка. Во превод од шпански, името Пало Санто значи свето дрво. Ова дрво се користи за настинка, грип, стрес, астма, главоболка, анксиозност, депресија, воспаление, емоционална болка и многу други работи.rn
5. Копал
rn
rnrnКопалот долго бил користен како темјан од Маите и Ацтеките. Копалот е всушност смола од дрво која е слатка, лута, земјена и дрвенеста. Ацтеките го гореле копалот во нивните храмови за време на церемонии, како и во нивните сауни. Маите го користеле како храна за боговите. Чадот од копал може да се користи за заштита и чистење на телото, како и за просветлување.rnrnКога се двоумите кои растенија да ги користите, одберете ги оние кои најмногу ви одговараат и оние со кои можете да се израмните на енергетско ниво. Исто така обидете се да покажете и благодарност кон нив. Без разлика дали го подготвувате вашето место за медитација и лекување, или пак само сакате да се опуштите и да го намалите стресот, користењето свети тревки е одлично за вашите тело и дух.rnrnПогледнете ги и овие начини на прочистување на вашата душа.



rnrnМаслото од лаванда е едно од најпопуларните. Познато е дека ги намалува симптомите на депресија, стрес, анксиозност, па дури и симптомите на посттрауматскиот стрес. Лавандата помага во спиењето, па е одлична за луѓето кои страдаат од несоница. Неколку капки масло од лаванда е сè што ви е потребно за да се чувствувате подобро.rn
rnrnЕсенцијалното масло од нане има магична моќ да ве разбуди кога тоа ви е најпотребно. Можете да го ставите во сад за горење есенцијално масло, или пак да нанесете неколку капки на вашата кожа. Ако се чувствувате лошо, употребете го ова масло кое ќе ве расположи и ќе ви ги исчисти мислите.rn
rnrnМаслото од сандалово дрво има смирувачки и терапевтски ефект. Покрај тоа мириса прекрасно. Ова есенцијално масло ги спречува и воспаленијата, а може да намали и некои болки. Ако сте имале лош ден, маслото од сандалово дрво ќе се погрижи да се чувствувате подобро.rn
rnrnСлично како нането, така и ванилата спаѓа во аромите кои или ги сакате или не можете да ги поднесете. Маслото од ванила може дури и да воспостави рамнотежа на вашите хормони, а ова има големо влијание на вашето променливо расположение.rn
rnrnЕсенцијалното масло од камилица се добива од цветот камилица, исто како и чајот. Ова масло е одлично во борбата против инфекциите и може да ги намали симптомите на депресија и да ве смири ако чувствувате гнев. Исто така го подобрува здравјето на нервниот систем. Без разлика дали пиете чај од камилица, или ќе нанесете неколку капки масло на вашата кожа, тоа сигурно ќе го опушти вашиот ум и ќе ви помогне со концентрацијата.rn
rnrnМаслото од јојоба е чудотворно за вашите кожа и коса. Одлично е за справување со инфекции и акни, а го навлажнува и вашиот скалп. Исто така може да ги ублажи болките предизвикани од ревматизам и артритис. Обидете се да го комбинирате маслото од јојоба со пенлива купка за вистински да се релаксирате после напорниот ден.rn
rnrnРастението еукалиптус одамна се користи во медицината, па не е ни чудно што маслото од него е одлично за вашите ум, тело и душа. Кога имате вртоглавица, вдишете малку од маслото и веднаш ќе се чувствувате подобро. Маслото може да се користи и за отстранување непријатни миризби, чистење на вашите раце, како и за намалување на симптомите на настинка и грип.rn
rnrnМаслото од темјан е познато како „крал на есенцијалните масла“. Ова масло го подобрува вашиот имунитет и е одлично за навлажнување на вашата кожа. Покрај тоа, неговата арома е прекрасна и речиси сигурно ќе ви помогне да се релаксирате.rnrnПогледнете и зошто е добро да користите 
rnrnВо ова ремек-дело играчот треба да решава загатки со помош на портали. Од црниот хумор на вештачката интелигенција која ве придружува во играта, до неверојатната физика и дизајн на загатките, Portal е можеби една од најдобрите игри од овој вид. Продадени се 4 милиони копии од играта, а големиот успех резултирал и со втор дел.rn
rnrnОд сите игри со отворен свет, малку се оние кои ви ја нудат слободата која ја имате во Minecraft. Со оваа игра ќе се вратите во детството и ќе можете да изградите сè што ќе замислите. Играта има неверојатна онлајн заедница и безброј можности, па единствената граница е вашата фантазија.rn
rnrnОваа игра е 90-минутна авантура каде што вашата цел е да стигнете до врвот на една планина. Критичарите, како и играчите се воодушевени од невербалната нарација на играта. Оваа игра е пример за високо квалитетен минимализам во видео игрите.rn
rnrnВо оваа игра вие сте октопод кој се обидува да преживее како нормален човек кој е татко. И тоа е целото дејство на играта. Она што ја прави интересна е апсурдноста на вршењето дури и најобични активности. Често ќе ја удирате сопругата со вашите пипки, ќе уништувате излози и само ќе се надевате дека луѓето нема да ве препознаат поради вашата несмасност.rn
rnrnОва е една од најпознатите видео игри без насилство. Целиот серијал има продадено над 100 милиони копии ширум светот, а играта е популарна со години. Со уникатните мапи кои се од патишта во вселената, до внатрешноста на пинбол машина, оваа е најдобрата игра со трки.rn
rnrnОва е игра за двајца каде што секој играч се обидува да ја изгради својата кула, но притоа ја саботира изградбата на противникот. Можеби ќе растурите неколку пријателства, но оваа игра е одличен начин да го поминете слободното време.rnrnПродолжува на 
rn
rnrnДа, вие редовно излегувате по 10-тина минути со него, но овој пат дозволете си малку повеќе време за шетање и брзо ќе забележите дека панталоните подобро ви стојат. Со подолгото и побрзото истражување на маалото со вашето крзнено пријателче, вие можете да согорите и до 225 калории за 1 час.rn
rnrnОва можеби е најдобрата активност на оваа листа. Сѐ што треба да направите е да се испружите и опуштите бидејќи едночасовната масажа може да ви помогне да согорите и до 67 калории! И покрај тоа што ова не е доволно за да го купите тесниот фустан што веќе некое време го гледате, сепак е подобар избор од трчањето на подвижна лента!rn
rnrnЕве една кратка лекција по биологија: Вашето тело користи зачувана енергија (односно калории) за сѐ што прави. Започнувајќи од дишењето, па сѐ до варење на ручекот и спиењето, калориите се горат во секоја минута од денот со цел да можете да функционирате. Имајќи го тоа на ум, едночасовната дремка може да ви помогне да согорите дополнителни 68 калории! А замислете само што може да направи квалитетниот 8-часовен сон.rn
rnrnСите ние знаеме дека е многу лесно да ги откажете плановите со пријателите по долгиот ден на работа, но освен тоа што тие се одличен начин да се ослободите од стресот, една студија од Универзитетот Вандербилт открила дека доволно е од срце да се смеете со вашите најблиски 10 до 15 минути и вие ќе согорите до 40 калории! Замислете колку ќе се зголеми оваа бројка за цел час!rnrnПрочитајте ги и овие 

rn
rn
rn












rn