Што може да се случи кога судбината ќе спои двајца непријатели? Никогаш не исклучувајте ја можноста омразата да прерасне во љубов. Книга која ќе ве насмее до солзи и ќе направи да посакате да имате свој ФБИ агент.
rn
Наслов на оригиналот: Something about you – Julie James
rnrn
Жанр: Современа романса
rn
Џули Џејмс ја започнува својата кариера во Апелационен суд, за подоцна да разбере дека е родена за да пишува, и тоа не какви било новели, туку бестселери. По одличниот успех на нејзините први дела, Џејмс целосно се откажува од кариерата како правник и се посветува на пишувањето.
rn
Нејзините новели се на листите на најдобри современи романси за 2011, 2012 и 2013 година, а се преведени на 13 светски јазици. „Мојот личен ФБИ агент“ е издадена во март 2010, додека нејзината најнова книга се очекува да излезе во април оваа година. Џули Џејмс живее во Чикаго со својот сопруг и две деца.
rn
rn
Синопсис
rn
Камерон Линд, хероината во оваа новела, работи како помошник правник. Поради реновирањето на нејзиниот дом, таа е приморана да престојува во хотел во Чикаго, но останува будна до доцна во ноќта поради гласниот секс во соседната соба. На работ на своите нерви, го повикува хотелското обезбедување, но пред да пристигне, вревата се смирува. Камерон само за момент го погледнува човекот кој ја напушта соседната соба, што ја прави главен сведок на злосторството кое се случило.
rn
Кога обезбедувањето пристигнува, во соседната соба ја наоѓаат убиената проститутка. Главен осомничен за убиството е американски сенатор. Иако Камерон не го виде добро мажот кој излегува од собата, таа е сигурна дека тоа не беше сенаторот. Поради нејзиното сведочење, таа добива смртни закани, а ФБИ агентот Џек Палас добива задача да ја заштити како главен сведок на убиството.
Камерон и Џек имаат бурно и интересно минато. Имено, пред три години двајцата работеле заедно на решавање на криминален случај. Кога истрагата на случајот се покажала како неуспешна, Џек ја обвинил Камерон и тоа јавно во медиумите. Како казна, Џек е испратен во Небраска. Сега кога се враќа од таму, добива задача да ја штити Камерон, што нему му изгледа како невкусна шега.
rn
Дали е ова само игра на судбината? Како се случува личноста која толку ја мразиш и која ја обвинуваш за уништување на твојата кариера, така ненадејно да ти стане толку мила што правиш сè за да ја заштитиш? Колку е тешко да се остави минатото зад себе и да се признае љубовта?
rn
Лична критика
rnrnЏули Џејмс не пишува плитки романтични новели во кои секој нареден чекор е предвидлив и очекуван. Таа пишува на мудар начин кој ќе ве остави фокусирани сè до самиот крај. Убиството кое се случува ја прави оваа приказна несекојдневна романса со примеси на трилер. Камерон и Џек се паметни и добро осмислени карактери. Сексуалната тензија меѓу нив двајца е насетлива, но и двајцата одигруваат професионално, потиснувајќи ги чувствата еден за друг.rnrnИнтересните дијалози ќе ве насмеат до солзи, а по читањето на книгата ќе посакате да имате свој ФБИ агент. Делата на Џули Џејмс се дефинитивно нешто што треба да се доживее. Јас би ги дефинирала како погодни и за дамите и за момците на секоја возраст. Во потрага сте по добра книга? Не двоумете се, новелите на Џули Џејмс се секогаш одличен избор.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
rn


rnrnСè е празно,rnсобата пуста,rnкреветот сè уште топол,rnкрвта и ладна и врела,rnсрцето и стои и чука,rnтелото и мртво и живо.rnrnНема љубов,rnнема омраза,rnсамо празнина.rnrnТишина…rnrnТишина горка,rnтишина болна,rnтишина мачна.rnБездна… напуштена душа.rnrnУтрото не е повеќе среќно,rnсветлината не е светла,rnчовекот не е повеќе човек.rnrnБладам јас – бладаш ти,rnстрадаме двајцата.
Главни ликови: Џерард Батлер, Џејми Фокс, Колм Мини, Брус Мекгил, Лесли Биб, Мајкл Ирби…rnrnРежисер: Феликс Гери ГрејrnrnЖанр: трилер, драма, акцијаrnrnВреметраење: 108 мин.rnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 октомври 2009rnrnМузика: Боб Дилан, Чино Морено, Ченг Чи, Марк Фарнер…rnrnВеб-сајт: 

