Без разлика дали сте во сериозна врска, живеете заедно или пак штотуку сте започнале да се гледате, почнете уште денес да ги применувате следниве неколку совети, доколку сакате да бидете задоволни од вашата врска и љубовен однос. Во продолжение прочитајте кои одлуки треба да ги донесат партнерите уште на почетокот од 2018-та година…rnrn
rn
Правете здодевни работи заедно
rnНема да ви додеваме со секојдневните совети, како што се „одете заедно да танцувате“, „направете нешто ново“ и слично. Наместо тоа, почнете да правите здодевни работи заедно! Исчистете го домот, платете ги сметките, посетете ги напорните роднини! Правете работи за кои мислите дека немате доволно енергија. Одберете нешто што досега не сте го направиле, но тоа не смее да биде нешто интересно, туку токму спротивното. Здодевно ви е да миете садови? Одлично! Сега знаете што ќе правите заедно, и верувајте ни дека ќе се изненадите од тоа колку ќе ве зближат ваквите активности.rn
Почитувајте се меѓусебно дури и тогаш кога сте изнервирани
rnИако ова звучи како многу комплицирана и тешка одлука, обидете се да смирите во моментите кога партнерот толку многу ве изнервирал што не можете ниту да го гледате ниту да го слушате. Најпрво одредете колку сте гневни на скала од 1 до 10. Ако е повеќе од 5, кажете дека сте изнервирани и побарајте да го продолжите разговорот кога ќе се смирите, бидејќи во спротивно можеби ќе кажете нешто што ќе доведе до караница или раскинување. Кога ќе размислите со ладна глава, ќе сфатите зошто оваа тактика може да ви го спаси и подобри односот.rn
Кажете што сакате
rnЗапомнете дека никој не може да ви ги чита мислите и дека треба да кажете отворено што сакате, зошто сте вознемирени и што ви се допаѓа кај партнерот. Дајте си ветување дека ќе разговарате со партнерот за сите ваши желби и потреби за да не доаѓате до конфликт или пак да бидете незадоволни. Искрениот разговор може да ги реши сите проблеми.rn
Зборувајте со јазикот на љубовта
rnСигурно сте чуле дека постојат повеќе јазици на љубовта: Давање подароци, квалитетно поминато време заедно, афирмативни зборови, физички допир и правење мали услуги за кои знаете дека ќе ви бидат возвратени. Треба да ги научите сите овие јазици ако сакате да имате среќна и исполнета врска.rn
Грижете се за вашиот живот надвор од врската
rnВашиот партнер не треба да биде центарот на вашиот универзум, туку вие треба да си изградите сопствен свет каде што вашата врска ќе биде неговата најслатка состојка. Нормално е тоа што на почетокот од врската сте биле опседнати со вашиот партнер, но не дозволувајте тоа да ви прејде во навика. Колку и да го сакате партнерот, вашите пријатели биле во вашиот живот уште пред да ја започнете врската и тие ќе останат покрај вас во сите ваши среќни и тажни моменти. Поминувајте време со вашето друштво и дозволете му и на партнерот да си има свој живот.rnrn
rn
Разговарајте за иднината
rnТоа не значи дека треба да смислувате имиња за вашите деца и да го планирате медениот месец, но секој пар треба да знае каде оди врската и дали им се совпаѓаат плановите. Одредете датум кога ќе поразговарате со партнерот на некои важни теми. Дали тој не сака да има деца и планира да живее во странство? Ова е информација што треба да ја знаете на време за да одлучите дали сакате да ја продолжите врската со човек чии планови се разликуваат од вашите. Одберете го вистинскиот момент и отворено кажете што очекувате од врската и како ја замислувате вашата блиска иднина.rn
Гледајте се наместо да се допишувате
rnНајдобро е да се гледате очи во очи наместо да се допишувате со часови. Иако чекањето одговор е повозбудливо, ако разговарате преку видео повик на Скајп или Вајбер ќе можете да си ги видите изразите на лицето и емоциите. Тоа е нешто што пораките не можат да го пренесат. Освен тоа, на овој начин ќе ја намалите далечината што постои меѓу вас, ако минувате низ период кога не можете да бидете еден покрај друг.rn
Прашајте го партнерот како, а не дали можете да му помогнете
rnНикогаш не треба да го прашувате саканиот дали му треба помош, туку веднаш треба да се вклучите во решавањето на проблемот. Мажите со тешко срце признаваат дека нешто не им оди како што треба и дека им треба малку помош, така што најдобро е веднаш да понудите решение.rn
Покажете благодарност и поддршка
rnНе заборавајте одвреме-навреме да му покажете на партнерот колку сте среќни и благодарни што сте заедно. Партнерите во долги врски честопати забораваат да кажат „Благодарам“ за секојдневни работи и токму тука се раѓа проблемот. Постојат некои работи што мора да се негуваат во врската, а благодарноста и поддршката се дел од нив.rn
Престанете да пресметувате кој вложува повеќе труд во врската
rnВо среќната љубовна врска партнерите не пресметуваат кој за кого колку работи направил, кој прв се јавил, кој купил подобар подарок и слично. Треба да давате 100% љубов, внимание и поддршка, но и да го очекувате истото за возврат. Не треба да постојат пресметки и тактики. Работите треба да се одвиваат спонтано, без обвинувања и замерки.rnrnЗа да можете навистина да го подобрите вашиот однос со партнерот, прочитајте ги и следниве 9 грешки кои жените ги прават во љубовните врски.