КАФЕ ПАУЗА

Tag: одговорност

  • 12 квалитетни особини на големите лидери

    12 квалитетни особини на големите лидери

    Ова се дел од квалитетните карактеристики на големите лидери кои ќе ве мотивираат да бидете успешни и остроумни водачи.rnrn12 квалитетни особини на големите лидериrn

    1. Големите лидери носат тешки одлуки и ја преземаат одговорноста за последиците

    rnСекоја одлука во нашите животи носи последици. Кога лидерите носат одлуки, тие се подготвени да се сносат со секакви последици, бранејќи ги своите ставови. Големите лидери ги признаваат своите порази, учат од своите грешки, и продолжуваат да работат внимавајќи да не ги повторат грешките.rn

    2. Се концентрираат на крајниот исход

    rnПрвиот претседател на Јужноафриканската република, Нелсон Мандела, продолжи да се бори против апартхејдот, дури и по отслужувањето на 30-годишната затворска казна. Големите водачи знаат да преземаат ризици и да се жртвуваат, но секогаш остануваат цврсто на својот став, фокусирајќи се на крајниот резултат.rn

    3. Фокусирани се на иднината, свесни се за сегашноста и учат од минатото

    rnГолемите лидери учат од туѓите, како и од своите грешки од минатото. Сосема се свесни и гледаат да го искористат сегашниот момент, но секогаш имаат јасен план за тоа каде сакаат да се движат во иднина. Со својата организираност, имаат моќ да предвидат што би се случувало во иднина и секогаш се спремни за нови предизвици.rn

    4. Имаат способност да го одделат она што е важно од она што не е

    rnУмеат да ги игнорираат сите оние гласови кои им кажуваат дека не би можеле да успеат и се фокусираат на она што ги мотивира за понапред и за повеќе. Одделувајќи ги важните од неважните работи, тие ќе одбијат да потрошат време на нешто од што е јасно дека нема да добијат позитивен исход или нешто што залудно им го одзема времето.rn

    5. Вистинските лидери се визионери

    rnУспешните лидери секогаш гледаат надвор од кутијата, ги надминуваат границите и поставуваат нови граници. Целат кон она што навидум изгледа невозможно и никогаш не се сомневаат во себе. Нема да им се покорат на нормите поставени од општеството бидејќи знаат дека тие умеат да бидат различни. Секоја наметната забрана ја сметаат за предизвик.rn

    6. Посветени ѝ се на етиката


    rn

    „Нашите животи започнуваат да завршуваат кога молчиме за оние нешта кои се важни.“ – Мартин Лутер Кинг

    rnКога големите лидери ќе видат дека нешто не е правилно и коректно, нема да го свртат погледот туку ќе се потрудат да го поправат.rn

    7. Се трудат да го подобрат човештвото

    rnСе водат според принципот „остави повеќе отколку што ќе земеш“. Тие се фокусирани на целината која ја формира човештвото и се трудат целата таа целина да оди понапред. Нивните соништа се големи, но исто така и нивните успеси. Ќе направат онолку колку што можат. Ќе ги мотивираат луѓето, ќе им дадат до знаење дека сите ние ја имаме моќта да промениме толку многу нешта, и можеби нема да променат сè, но со сигурност ќе допрат до нечие срце.rn

    8. Знаат како да комуницираат со својата публика

    rnНивното однесување е рационално и промислено. Свесни се дека не се сите луѓе исти и затоа одбираат различни начини на пристап. Најважно од сè, никогаш не се поставуваат како апсолутно супериорни бидејќи свесни се дека така можат да научат многу нешта од другите, и да стекнат доверба во нечии очи.rn

    9. Свесни се за своите како и за туѓите силни и слаби страни

    rnДа се биде лидер на што било, значи да се доделуваат задачи и да се прават планови. Еден лидер никогаш нема да биде успешен доколку не знае да ја раководи својата група според способностите на секој поединец.rn

    10. Се потпираат на својата интуиција

    rnНе секогаш, но некогаш ја слушаат својата интуиција, внатрешниот глас кој им кажува дали нештото треба да се стори или не. Секако дека големите одлуки ги донесуваме во целосно трезвена состојба, но за многу нешта ни помага внатрешниот глас во секој од нас.rn

    11. Тие се водени од некој кој го сметаат за пример

    rnИако се водачи, знаат дека не се семоќни. Во животот ќе ги одберат вистинските личности на кои ќе им се восхитуваат. Оние кои го минале истиот пат пред нив. Ќе се раководат од нечии грешки и успеси, земајќи ги како пример.rn

    12. Примарна цел не им се парите туку хуманоста

    rnМногу од нас се лидери, дури дел од нас не се ни свесни колкава одговорност имаат. Можеби сте учител/ка, постар/а брат/сестра во семејството и слично, така што секогаш е корисно да се потсетите дека вие всушност сте лидери и дека некој се огледува на вас. Затоа правилно преземете ја одговорноста. Фокусирајте се на благосостојбата на другите и за брзо ќе станете свесни како тоа прави да се чувствувате добро. Да, парите и моќта се важни, но кога нештото го правиш со љубов и целосна посветеност, но пред сè со човечност, сè останато ќе си дојде на свое место.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 навики на луѓето со лошо здравје

    10 навики на луѓето со лошо здравје

    Оние кои имаат лошo физичко и психичко здравје, сосем разбирливо имаат и „отровни“ навики кои треба да се избегнуваат. Ова се 10 лоши навики на луѓето кои не водат здрав начин на живот.rnrn10 навики на луѓето со лошо здравје rn

    1. Секогаш го очекуваат најлошото

    rnОвие личности секогаш го очекуваат најлошиот исход од што било. Претпоставуваат дека никој не ги сака, дека никогаш нема да бидат успешни, дека што и да направат нивниот труд ќе биде залудно потрошен, со еден збор за себе мислат дека се вистинска збрка. Секогаш мислат дека најлошите сценарија ќе се остварат и се разбира, тоа не им носи ништо добро. Доколку уште пред да започнете што било, вие го оставате неуспехот не само како опција, туку како најверојатен резултат, тогаш најверојатно нема да успеете.rn

    2. Не ја преземаат одговорноста за сопствените неуспеси

    rnВеруваат дека сè што им се случува е судбина над која тие немаат никаква контрола. Тоа е бидејќи не сакаат свесно и трезвено да преземат одговорност за нивните неуспеси или за она што го направиле погрешно. Секогаш е некој друг виновен и секогаш мислат дека тие се под нечие влијание.rn

    3. Безрезервно веруваат во реклами и најнови трендови

    rnНема да се распрашаат или да побараат совет од експерт. Едноставно доколку некој спомне дека одреден производ е добар, ќе го купат. Ако слушнат дека новиот производ за слабеење прави чуда, ќе го пробаат, ако за некој лек се тврди дека е добар, ќе го купат. Никогаш нема критички и реално да размислат дали тој производ ги дава саканите резултати, ниту пак дали е добар за здравјето.rn

    4. Секогаш го одбираат полесниот пат

    rnСекогаш очекуваат веднаш да бидат наградени за нивниот труд и сакаат инстант резултати. Кога имаат можност ќе го одберат полесниот пат бидејќи сметаат дека и со помалку работа можат да постигнат големи резултати. А дури и да не успеат, секогаш ќе можат да обвинат некој друг за тоа.rn

    5. Не си поставуваат цели

    rnТие не си поставуваат цели. Не работат за вистинска промена на она што не им одговара во животот и не се трудат да го дадат најдоброто од себе. Може да речат дека сакаат нештата да се подобрат, но нема да направат стратегија за подобрување.rn

    6. Завидливи се на туѓиот успех

    rnЗавидливи се кога некој друг е успешен. Чувствуваат лутина кога некој друг е попривлечен од нив, заработува повеќе пари или живее подобар живот. Не гледаат колку напор другата личност вложила за да ужива во она што го поседува, туку едноставно сметаат дека не е праведно што тие тоа го немаат.rnrn10 навики на луѓето со лошо здравје rn

    7. Не преземаат одговорност за своите здравствени проблеми

    rnНе се однесуваат одговорно кога станува збор за нивното здравје. Доколку имаат проблеми со тежината или со некаква болест, едноставно ја префрлаат вината на гените. Наместо наследните болести или ризичните фактори на здравјето во семејството да ги сметаат за предупредување да водат поздрав начин на живот, тие ги сметаат за неизбежна несреќа.rn

    8. Не слушаат совети од експерти

    rnСекој кој ќе ги поттикне да преземат поголема одговорност, според нив е човек кој „соли памет“ и не знае да гледа за себе. Нема да го послушаат советот од докторот да прекинат со пушење или консумирање алкохол, ниту пак совет од стоматолог, адвокат или финансиски советник.rn

    9. Одбегнуваат барање креативни решенија на проблемите

    rnВеруваат дека постои еден начин да се реши некој проблем и доколку тоа не успее проблемот просто нема решение. Нема да се обидат да изнајдат поинакви, креативни начини на решавање на одредени потешкотии, туку за брзо ќе кренат раце.rn

    10. Озборуваат

    rnНаместо да се фокусираат како да го подобрат својот живот, тие зборуваат за туѓите животи. Шират озборувања и гласини и им годи да зборуваат за другите. Наместо да гледаат за себе, зборуваат што другите би требало да прават различно. Туѓите несреќи и проблеми се мерило за нивниот успех.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 17 работи за кои никогаш не треба да барате оправудвања

    17 работи за кои никогаш не треба да барате оправудвања

    За некои работи чувствуваме вина иако не сме одговорни за ништо, а во такви ситуации бараме изговори и оправдувања иако одговорноста не лежи кај нас. Одговараме за нашите постапки, но не и за следните ситуации.rnrn17 работи за кои никогаш не треба да барате оправудвањаrnrn1. Ако сакате да сте на само или во моментот не сакате да зборувате со некого. Понекогаш ви е потребно време да останете сами со себе и да ги средите мислите, а другите се должни да го почитуваат тоа.rnrn2. Критериумите за успех. Некој се дефинира себеси како успешен ако е богат и влијателен, друг ако е успешен во професијата, трет ако ужива на свој начин во животот и има некаков душевен мир. Секој критериум е легитимен, никому не одговарате поради тоа.rnrn3. Психички нарушувања. Сè уште постојат луѓе кои ги стигматизираат оние со некакви психички нарушувања, иако депресијата или анксиозноста најчесто не се резултат на наше дејствие ниту личен неуспех.rnrn4. Што оној/онаа која ви значи прави или не прави. Луѓето сакаат да знаат за вашиот партнер што прави во животот, колку е образован, колку е богат, итн., но не смеат да ви судат поради тоа. Вие сте вљубени и немате потреба да смислувате изговори за нивните забелешки.rnrn5. Како изгледа вашата девојка или момче. Иако секој е свесен дека сопствениот вкус е различен од сите останати, многумина и понатаму судат според општо прифатените норми за убавина. Секој има право на свое мислење за некого, но во ваква ситуација не само што не треба да барате оправдувања за тоа, туку имате право да се чувствувате навредени.rnrn6. За тоа како изгледате и се негувате. Има основни правила за хигиена кои мора да ги следите за да не им пречите на другите, но тоа дали ќе се тетовирате, каква фризура ќе носите и каква кошула ќе облечете е само ваша работа.rnrn7. На што ги трошите парите. Вашите пари се ваше право. Ваш е изборот дали ќе ги инвестирате во нешто или ќе живеете од денес за утре.rnrn8. Семејниот живот. Сами бирате дали млади ќе стапите во брак или прво ќе се посветите на кариерата, а можеби и никогаш нема да се ожените или омажите. Секогаш ќе има некој кој смета дека треба да направите вака или онака, но никој од нив не е во ваша кожа и нема да ви се извини за евентуалниот лош совет.rnrn9. Со кого имате секс и колку често. Правилата за тоа колку сексуални партнери треба да имате во текот на животот се производ на човековиот ум, а не на природата.rnrn10. Грешките во минатото. Важно е каква личност сте во сегашноста. Сигурно сте правеле грешки во минатото, но ако сте успеале да „се препородите“ и да смените некои нешта од корен, никој нема право минатото да ви го земе за зло.rnrn11. Ако имате нарушени односи со член на семејството. Добрите односи со семејството се еден од основните услови за среќа, но понекогаш работите можат да бидат такви што најдобро за вас ќе биде малку да се оддалечите. Едноставно, вие така поубаво се чувствувате и нема потреба да објаснувате зошто е тоа така.rnrn12. Кој број фармерки носите. Оправдувањата од типот дека „стомакот ви е капитал“ или дека „вистинските жени имаат облини“ е индиректно извинување кон светот затоа што не сте во склад со нивниот идеал за убавина. Такви сте какви што сте и толку.rnrn13. За тоа како се храните. Вашето тело е ваша работа. Никој не може да ви каже дали да го храните со брза храна или само со овошје и зеленчук.rnrn14. Ако сте раскинале некому. Чувствата кои со тој чин сте ги предизвикале кај другата страна може да ви предизвикаат чувство на вина, но не смеете да си дозволите да се извинувате поради тоа. Вие сепак не сте должни да останете со некого во врска која не ве исполнува, без разлика на тоа колку е таа долга или колку таа/тој не може да живее без вас.rnrn15. Книгите, филмовите или музиката што ги сакате. Овие работи служат за лична надградба, но и за задоволство. Сами си го барате патот кон задоволството.rnrn16. Каде излегувате. Постои мислење дека мора да излегувате во одредени клубови или кафеани за да си поминете убаво, но повторно, сами го избирате патот кон личното задоволство. На крајот на краиштата, ако следната сабота навечер сакате да је поминете дома, кој може да ве убеди дека тоа е погрешно?rnrn17. Затоа што сè ви оди добро во животот. Знаете како да си го средите животот и затоа сè ви оди како подмачкано. Не мора да се оправдувате дека имате среќа или нешто слично.

  • 6 совети за оние коишто доцнат секое утро

    6 совети за оние коишто доцнат секое утро

    Дали честопати се чувствувате како некаде да брзате и никогаш не стигате да ги завршите сите обврски коишто ги имате во текот на денот? Стручњаците велат дека основната грешка којашто ја правиме е во тоа што се однесуваме како да е проблемот во недостатокот од време, а не во самите нас. Како последица на тоа, го потценуваме времето кое нам ни е потребно за да завршиме некоја задача или пак, лажеме и закажуваме состанок во одредено време, иако сме потполно свесни дека нема да можеме да стигнеме. rnrnЕве што треба да направите доколку сакате да ја промените оваа лоша навика, за којашто сите луѓе околу вас ви замеруваат.6 совети за оние коишто доцнат секое утроrn

    1. Го одложувате станувањето од кревет

    rnДоколку секое утро сте истоштени и спиете до последниот возможен момент кога сфаќате дека нема да имате време за да се подготвите, редно време е да почнете да планирате порано да си легнувате во кревет навечер. Голем број луѓе не спијат доволно часови во текот на ноќта, а недостатокот од сон навистина ја намалува вашата среќа и здравје. Не заборавајте, сонот е пред сѐ!rn
    rn

    2. Веќе доцните, ама морате уште нешто да завршите

    rnСе обидувате да завршите барем уште една работа пред да излезете наутро од дома? Ова е уште една особина на луѓето коишто стално доцнат. Доколку секогаш се трудите да одговорите на уште еден имејл или да наполните уште една машина за перење пред да излезете и поради тоа секогаш доцните на работа или на предавања, има попаметно решение. rnrnЗададете си задача откако ќе пристигнете на вашата посакувана дестинација и потоа, откако ќе ви завршат дневните обврски, вратете се дома 10 минути порано. Кажете си себеси дека ви требаат токму тие 10 минути откако ќе пристигнете дома, за да ги разгледате тие брошури или сметки со кои планиравте да си го потрошите времето потребно за превоз сабајлето.rn
    rn

    3. Го потценувате времето потребно за превоз?

    rnМожеби вие упорно си кажувате себеси дека ви се потребни 20 минути за да стигнете до работа, но во суштина се најмалку 35. Тоа е така бидејќи никогаш не го пресметувате времето коешто ви е потребно за да стигнете до автобуската станица, да го чекате автобусот којшто неретко доцни или сосема изумувате дека во колата немате бензин, па не ви ни паѓа на памет дека на бензинската станица можеби ќе има цел ред со други коли пред вас. 6 совети за оние коишто доцнат секое утроЗа да не ви се случува ова и понатаму, од утре цело време гледајте на часовникот и измерете колку точно минути ви се потребни за да стигнете до посакуваната дестинација и додадете плус десетина минути, зашто честопати се случува да има гужви, протести или сообраќајки низ град. На тој начин ќе знаете точно во колку часот треба да излезете од дома, па ако го надминете тоа време, ќе знаете колку точно минути ќе доцните.rn
    rn

    4. Каде ли ги оставивте клучевите, часовникот, телефонот, очилата за сонце?

    rnНема нешто што повеќе оди на живци, од барањето изгубени предмети низ домот кога знаете дека веќе доцните. За да го избегнете овој проблем наутро, определете си место во домот каде што секогаш ќе ги оставате битните предмети, како на пример клучевите од автомобилот и секогаш оставајте ги од вечерта на истото место. Мобилните телефони честопати се губат низ домот, ама наместо да губите време барајќи го зад каучот, заѕвонете си од фиксниот телефон и проблемот е решен, а вие нема да задоцните и денес.rn
    rn

    5. Си спремате сендвич за појадување?

    rnНајекономично, а богами и највкусно е секогаш домашно приготвеното јадење. Доколку честопати си спремате сендвичи за на работа од дома и затоа доцните, правете го тоа од вечер и чувајте го во фрижидер во затворено кесе, од кое убаво ќе го истиснете воздухот и ќе го затворите со ластиче. Утрото сендвичот ќе биде подеднакво свеж, како да е тукушто приготвен, а вие ќе бидете сталожени наутро и нема да ве фаќа хистерија од трчање низ домот.6 совети за оние коишто доцнат секое утроrn

    6. Научете да се носите со последиците

    rnДури и ако сте од оние коишто стално доцнат, сепак мора да признаете дека ќе стигнете навреме доколку станува збор за важни, неодложни обврски. Така на пример, нема си ја местите фризурата пред огледало повеќе одошто ви дозволува времето, кога треба да одите да го фатите летот на аеродром, зашто сте свесни дека авионот нема да ве чека вас. rnrnА има ли нешто полошо од тоа да задоцните на интервју за работа? Така треба да ги третирате и обврските и луѓето коишто ве чекаат да пристигнете во точно договореното време. Нареден пат кога ќе задоцните, ставете 50 денари во прасенцето за пари и тоа правете го секојпат кога нема да стигнете навреме. За одреден период ќе го наполните прасето со пари, кое само по себе ќе ви покаже колку сте неодговорна и несовесна личност!rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Од понеделник…

    Од понеделник…

    Го спушташ пенкалото на последниот испит од сесијата, го предаваш листот и да те нема низ врата. Се осеќаш ко преродена личност. Излегуваш од факултет и ти се чини дека светот го гледаш сосема поинаку. Еј, луѓе, животот е убав! La vita è bella! Сабајлево ми се превртуваше стомакот, ама сеедно, видете сега, сонцето свети, славејчињата пеат, т.е. не баш, сè уште не дошла пролетта, ама сеедно, ти се причинува дека слушаш песна на славејчиња.rnrnПа се враќаш дома. Прво и основно, си ја враќаш собата во нормала. Од соба која изгледа како да припаѓа на помалку (или повеќе) налудничава личност, си ја претвораш во твојата стара, убава, удобна соба. Ги тргаш шолјите за кафе, во секоја од нив останале по неколку капки кафе и се здрвиле на дното. Мама има да вика. Нека вика. Тебе не ти е грижа, ти леташ, ти поминаа испитите. После ги тргаш сите листови, копии, скрипти кои ти стоеле на подот. Од некои навистина си учел, а други стоеле пред тебе колку да те тешат. Демек си ги отворил, тука се. Можеби во текот на ноќта некако магично, целото знаење ќе ти се всади во глава. Одиш наредниот ден на испит и сфаќаш дека методот ти бил погрешен, требало да прочиташ нешто.rnrnОд Понеделник...rnrnЕ добро, супер, да не драматизираме многу, не дека сме биле ослободени од некој логор, иако можеби по малку така се чувствуваш. И сега што? Ти останува нервозно да се логираш на секој половина час и да чекаш резултати. Некогаш па, потсвесно посакуваш да ги нема. Денот ти е убав, зошто да си дозволиш да ти го расипат? Зошто, ете на пример, баш денес да се разочараш? И така сè до наредната сесија…rnrnАма сè е тоа психа. Тоа ти е како, не учам сега, сè уште е рано, сè ќе заборавам до испитот. Па си ја вртиш познатата, од понеделник ќе почнам да учам, таман една недела пред испит. Па доаѓа понеделник, тебе ти текнува дека собата не ти е средена и дека всушност треба да си направиш шопинг листа, за да знаеш точно што треба да си купиш. Нели, да си имаш претстава до каде стоиш со работите, за после на мира да си учиш. Леле на какви сè глупости ти истекнува кога имаш важни обврски. А шопинг листите, е тие се чудо. Значи никогаш, ама баш никогаш не остануваш стриктно до напишаната листа. Сè нешто ќе ти истекне. Или па, ќе има попуст, специјална акција, па и тоа на што никогаш не си помислил, сега очајно ти треба како да животот ти зависи од него. Сеедно, си го купуваш, еднаш се живее….rnrnОсвен шопинг листа, си правиш и must do листа. Всушност, не разбирам, зошто некои луѓе се против must do? Ок, по малку е застарен методот, сега можеш да си напишеш планер или роковник во телефон, и го правиш тоа, само што се чувствуваш подобро кога истото ти е напишано на лист хартија. И так, залепено на огледало, и ај сега да те видам не забележи го! Неодамна, во книга во која авторот советува како навремено да си ги извршиме обврските, доживеав вистинско откровение (добро, не до толку, само сакам да преувеличувам). Патем, книгата се вика Getting Things Done: The Art of Stress – Free Productivity, во случај да сакате да си ја прочитате. Во ред се must do листите, навиката сама по себе не е лоша. Она што е погрешно е начинот на кој ги правиме. На пример, нема да напишеш само она што треба да го завршиш, туку ќе го напишеш и начинот на кој истото би било направено. Па така, наместо Проектот да ти биде готов до петок, со три извичници на крај, пишуваш: собери материјали, договори се за консултација со професорката, напиши драфт и сл. Супер, сега знаеме како правилно да ги составуваме. Ама пак има проблем, во многу случаеви пак се јавува она познатото ОД ПОНЕДЕЛНИК. Е веќе, аман! А во понеделник наутро, обично изгледаме вака:Од Понеделник...Понеделник е нешто како магичен ден. Ден кога сите обврски ќе бидат извршени. Нов почеток, нова работна седмица. Демек, оние кои многу често своите обврски ги одлагаат за понеделник, биле неодговорни, речиси никогаш не ги исполнувале… Како да не! Па јас не кажав точно на кој понеделник мислам!rnrnОд понеделник најчесто се започнува и диета, нешто како од понеделник има да се хранам здраво. Мижи да те мамам. Мојот прв, и до сега единствен обид за диета, (кој бил резултат на тинејџерски хормони), резултирал со јадење повеќе од половина кутија карамели. Видете, во средина имаа лешници, а јас сум само човек, обичен смртник кој не може да одолее на божественото, така што, give me a break.rnrnА вие која обврска си ја закажавте за „од утре“?rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да станете успешен лидер?

    Како да станете успешен лидер?

    Повеќето вработени велат дека не му завидуваат на шефот и неговата посебна канцеларија. Но, вистината е дека вработените сепак би прифатиле поголема канцеларија, но не и поголеми одговорности што доаѓаат заедно со повисоката позиција. Следуваат неколку совети како да станете успешен лидер и полесно да ги надминете главоболките.Како да станете успешен лидер?rnrn

    Подобрете ја комуникацијата

    rnИмајќи предвид дека живееме во ерата на информатичка технологија, способноста за комуникација и мотивација на вработените е од суштинско значење. Поранешниот претседател на Крајслер, Ли Лакока, вели: „Ако имате брилијантни идеи, но не можете да ги презентирате, вашите идеи нема да ве одведат никаде“.rnrnКолку сте подобри во писмената и во усната комуникација, толку поголема добивка ќе имате. Усовршете ги комуникациските вештини прифаќајќи да држите презентации и да пишувате извештаи. Ако не ви е пријатно да бидете центар на внимание, зголемете ја самодовербата така што ќе се вклучите во организирање на јавен говор или ќе започнете со курс по деловна комуникација.rn
    rn

    Слушајте внимателно

    rnВнимателните лидери поминуваат исто толку време во слушање, колку што зборуваат. Иако се самоуверени, сепак ги немаат одговорите на сите прашања. За нив се добредојдени повратните информации, алтернативните гледишта и новите идеи. И покрај тоа, нивната политика за поттикнување на вработените е да допрат до нив преку поставување прашања и покажување на загриженост за нив.rnrnВежбајте „активно слушање“.  За време на дискусија фокусирајте се на тоа што се зборува, не прекинувајте го соговорникот и не наведувајте го на одговор што вие сакате да го слушнете. Повремено климајте со главата, не погледнувајте пречесто во телефонот и постојано одржувајте контакт со очите.rn
    rn

    Имајте висок морал

    rnЕтиката и одговорноста не се само празни зборови; тие се императиви во бизнисот. Всушност, извршните директори го наведуваат интегритетот како најважна карактеристика која ја бараат кај идните лидери. Штом вашиот карактер се доведе во прашање, штетата може да биде голема.rnrnЗаштитете го вашиот углед со чесно и темелно работење. Бидете сигурни дека се водите според вистинските вредности. Ако евентуално направите грешка, преземете ја целосната одговорност и веднаш поправете ја.rn
    rn

    Изградете силна внатрешна мрежа

    rnВлијателните менаџери знаат дека добрата поврзаност и почитта која ја имаат се клучни за добивање на информации од различни извори. Тие исто така знаат дека полесно ќе ги „продадат“  своите идеи  доколку имаат сојузници што ќе ги поддржуваат. Заради тоа потребно е постојано да ја одржувате силна мрежата во организацијата.rnrnПроширете ги вашите достигнувања така што ќе се спријателите со колегите од компанијата. Присуствувајте на настани организирани од компанијата и бидете тимски играч. Споделете го успехот и помагајте кога сте во можност затоа што сето тоа ќе ви биде возвратено.rn
    rn

    Бидете флексибилни

    rnВрвните менаџери се прилагодливи, креативни и способни да размислуваат. Тие се отворени за нови начини на извршување на работите и знаат дека не постои само еден единствен правилен начин за постигнување на целта. Ако приоритетите во бизнисот се променат, или ако од вас биде побарано да работите на проект кој не е дел од вашите работни задачи, бидете отворени и подготвени за промена. Прифатете го новиот предизвик со позитивен став.rn
    rnЗа крај, потребни се време и посветеност за да се развијат лидерските особини. Но, напорот се исплатува. Ако се чувствувате малку непријатно или исплашено додека ги совладувате овие вештини, сетете се дека ниеден лидер не се родил како таков. Сите тие напорно работеле за да станат лидери какви што денес ги знаеме.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.