КАФЕ ПАУЗА

Tag: одговорност

  • Како да го научите детето да се однесува одговорно со парите?

    Како да го научите детето да се однесува одговорно со парите?

    Управувањето со парите е многу важна животна вештина која не се учи на училиште, туку дома. Како ќе го научите вашето дете да се однесува со парите, така и ќе се однесува со нив. Сигурно целта ви е од него да направите млад човек кој ќе се стреми кон финансиска независност, а не кон тоа да ве гледа вас како непресушен извор на пари и постојано да очекува да ги пополните дупките кои тој самиот ги направил. Тоа можете да го постигнете ако применувате некој од овие методи додека децата сè уште се мали и интензивно учат од вас.rnrnКако да го научите детето да се однесува одговорно со парите?rn

    Касичка

    rnСекое дете треба да има касичка во својата соба. Обрнете му внимание секогаш кога ќе ставите некоја паричка внатре за да сфати дека правите нешто важно, односно дека штедењето е важно. Растресете ја касичката и покажете му дека го цените тоа што штеди пари. Можеби на почетокот нема му биде мило што парите со кои може веднаш да добие нешто вие го терате да ги трга настрана, но кога ќе стигне наградата за тоа ќе биде помотивирано.rn

    Џепарлак

    rnПоголемите деца од пет години па нагоре веќе можат да добиваат џепарлак, се разбира доколку на таа возраст се доволно зрели за тоа, а сите деца не се развиваат исто. Ако му давате малку пари на почетокот на секоја недела и тоа знае дека со тие пари треба да помине до следната, кај него веќе ќе почне да се развива чувство на одговорност. Ќе научи дека количината на пари која секој човек може да ја потроши е ограничена и не може постојано да бара повеќе.rnrnКако да го научите детето да се однесува одговорно со парите?rn

    Касички за различни намени

    rnКога детето е поголемо и му давате џепарлак, насочете го кон штедење за различни намени. На онаа една касичка која ја има додајте уште две и сега едната нека биде за мали трошоци, како чоколатца и мали играчки, во другата нека штеди за да има пари самото да купи подарок за браќата, сестрите, другарите или другите блиски за роденден, а третата нека биде за некои поскапи работи. Секогаш кога ќе добие повеќе пари и малку ќе заштеди, ќе може да ги насочи каде што мисли дека треба.rn

    Овозможете им и охрабрете ги да заработат

    rnАко тоа сака да купи нови ролерки, скејтборд или нешто слично кое чини неколку илјади денари, со џепарлакот од неколку стотини никогаш нема да успее самото да собере пари. Но, ако му овозможите некако да си ги заработи тие пари и така да добие уште некој извор на приход, тоа е можно, а ќе сфати и дека ако работи повеќе ќе има повеќе. Дозволете му да ви помогне доколку имате некаква работилница или работите работа во која би можело да ви помогне доколку извршува некои поедноставни задачи или пак дајте му повеќе пари ако заврши повеќе домашни обврски од тоа што е вообичаено. Така ќе стекне и работна етика и подобро ќе ја научи врската меѓу поголемиот напор и поголемата награда.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 работи кои ги прави одговорниот татко

    9 работи кои ги прави одговорниот татко

    „Ни требаат татковци кои ќе сфатат дека обврските не завршуваат со зачнувањето. Треба да сфатат дека не те прави маж само способноста да имаш дете, туку храброста да го одгледаш.“ – Барак Обама

    rnrnРодителството не е работа само на мајката или пред сè нејзина, како што многумина веруваат. Татковците имаат подеднакво големи обврски кон детето и должни се да ги исполнат ако сакаат да се наречат добри родители. Ова се неколку работи кои секој од нив мора (или не треба) да ги прави.rnrn9 работи кои ги прави одговорниот таткоrn

    1. Нема да дава лош пример

    rnОдговорниот татко знае дека детето го следи неговиот пример, а не неговите совети. Затоа тој ќе внимава како се однесува пред своето дете. Ќе биде љубезен и културен со другите, па ако треба и ќе направи напор да го подобри своето однесување само за детето да види добар пример. Исто така, ќе внимава и на тоа да не ги лаже ниту децата ниту останатите пред нив. Децата бргу стануваат експерти во лажење, а тоа нема да донесе ништо добро.rn

    2. Никогаш нема да употреби физичка сила со децата

    rnТепањето е „педагошки“ метод на минатите векови кога луѓето не знаеле ништо за тоа како се формираат навиките кај децата и какви лоши последици носи кое било насилство, а особено она над децата. Одговорниот татко нема да примени таков примитивен метод на воспитување, туку некои кои се добри за развојот на неговото дете.rn

    3. Секогаш ќе им посветува внимание на децата

    rnКога се мали, родителите сочинуваат најголем дел од светот на децата. Затоа очекуваат тие постојано да се со нив. Одговорниот татко секогаш ќе биде тука за своето дете. Нема да го запоставува заради својата забава.rnrn9 работи кои ги прави одговорниот таткоrn

    4. Нема да ги заборави важните датуми

    rnТатковците секогаш треба да бидат присутни на важните настани како родендените или матурирањето. Децата формираат многу важни спомени за таквите датуми и затоа родителите треба да се околу нив во тие моменти.rn

    5. Никогаш нема да го критикува своето дете без основа

    rnПонекогаш родителите знаат да ги критикуваат децата само за да покажат некаков авторитет. Можеби родителот во тој момент ќе се чувствува подобро, но детето ќе остане зачудено од ситничарењето на родителот и ќе се исполни со гнев кон него. Одговорниот татко нема да го направи тоа, првенствено затоа што ќе го третира детето фер и согласно принципи, а не заради потреба да биде авторитетен. Никогаш нема ниту да го навреди и да го нарекува со имиња и така да му ја уништи кревката самодоверба.rn

    6. Никогаш нема да биде авторитарен

    rnИма разлика меѓу тоа да се биде авторитетен и авторитарен. Авторитетниот родител знае да создаде пријатна семејна атмосфера во која децата ќе добијат можност да направат избор за одредени работи и да растат со тоа. Наместо тоа, авторитарниот родител секогаш „знае“ што е најдобро за децата и ќе се обиде да го наметне сојот избор во нивно име како знае и умее, па и на груб или насилен начин ако треба. Одговорниот родител е авторитетен, а не авторитарен.rnrn9 работи кои ги прави одговорниот таткоrn

    7. Нема да биде ниту премногу попустлив

    rnИ преголемата попустливост е сосема неодговорен чин. Светот е полн со препреки и граници за кои детето мора да научи дека постојат за еден ден да почне самото да ги совладува.rn

    8. Ќе внимава на своите деца

    rnТој нема да дозволи децата да му избегаат од вид додека си играат во ситуации во кои можат да се повредат. Иако ќе ги остави децата сами на некој умерен ризик и нема да ги затвори во стаклено ѕвоно за да ги заштити, сепак очите ќе му бидат свртени накај нив и ќе реагира доколку е потребно. Секогаш ќе биде тука и кога ќе им треба помош за нешто. Како што веќе напоменавме, родителството е подеднаква обврска на двајцата родители. Одговорниот татко нема да го испрати детето кај мајка му затоа што во моментот не сака да одговори на неговото барање за помош.rn

    9. Нема да дозволи односот со сопругата да влијае на децата

    rnОдговорниот татко никогаш нема да дозволи односот помеѓу него и сопругата да влијае негативно на децата. Одвреме-навреме ќе има проблеми во бракот, но тој нема да дозволи децата да се чувствуваат лошо поради тоа, а уште помалку да ги искористува за да се пресметува со сопругата.rn
    rn

    „Сите знаат како се прави бебе, но никој не знае како се прави татко.“ – стих од „Papaoutai“ на Стромае

  • Основни особини на лидерите

    Основни особини на лидерите

    Автор: Сара ТурановиќrnrnЛидерството е способност за преземање голема одговорност. Лидери се луѓето кои се спремни за акција, фокусирани на крајната цел и кои ефикасно ги насочуваат другите да извршат одредена работа. Сакате ли да дознаете кои особини ги поседуваат луѓето кои се лидери? Ви ги издвојуваме 10-те нивни основни особини.rnrnosnovni-osobini-na-liderite-kafepauza.mkrn

    Главните и основни особини на иницијативата и лидерството

    rnИницијатива е кога нешто работите пред да ви се каже тоа да го направите. Се состои во изборот на крајна цел и смислување план за нејзина реализација. Иницијативата е подлога и основа за успех. Погледнете кои се основните особини и проверете дали ги имате барем во мала мера. Она што вам ви недостига, доградете го и станете врвен лидер.rnrn1. Мора да знаете која е вашата цел.rnrn2. Составете практичен план за остварување на целта, со совети од вашиот тим.rnrn3. Опкружете се со луѓе кои имаат знаење и искуство потребно за да ја остварите вашата цел.rnrn4. Имајте доволно верба во себе и во своите планови и гледајте ја целта иако сè уште не сте започнале.rnrn5. Не обесхрабрувајте се без разлика на пречките. Ако вашиот првичен план пропадне, заменете го со нов.rnrn6. Не губете време на погодување, земајте ги фактите како основа за сите планови.rnrn7. Не дозволувајте некој друг да ве премисли за вашите цели и планови.rnrn8. Не ограничувајте го бројот на часови за работа. Лидерот мора да се посвети на својата задача онолку време колку што е потребно за успех.rnrn9. Сконцентрирајте се на една работа во моментот бидејќи нема да можете да ја распоредите целата енергија на повеќе работи истовремено.rnrn10. Префрлете ја грижата на потчинетите кога можете, но имајте систем со кој ќе проверувате дали тие успешно ја завршуваат дадената работа. Сметајте дека вие сте одговорни за спроведувањето на своите планови и имајте на ум дека неуспехот на вашите потчинети е исто и ваш неуспех.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 работи кои не ни ги кажале во бајките, а требало

    7 работи кои не ни ги кажале во бајките, а требало

    Пораснавме слушајќи, читајќи и гледајќи ги најпознатите бајки, восхитувајќи им се на принцезите и посакувајќи еден ден да ги сретнеме нашите принцови. Но, настрана од забавната страна на бајките, еве што заборавиле да нè научат нашите омилени бајки.rnrn7 работи кои не ни ги кажале во бајките, а требалоrn

    1. Не секогаш ќе има некој кој ќе ве спаси

    rnВо секоја бајка постои некој кој е жртва на негативецот и некој кој ќе го спаси. Да, луѓето се тука за да се поддржуваат и да си помагаат, но факт е дека не секогаш ќе има некој покрај нас и затоа мора да научиме самите да си бидеме свои херои.rn

    2. Не секогаш работата ќе оди со песна

    rnИако Пепелашка и Снежана постојано пееја забавни ноти при извршувањето на обврските, во реалноста не е така. Ќе има денови кога ќе заминете на работа со песна и ќе завршите со песна, но и денови кои нема да бидат така совршени и тоа е во ред.rn

    3. Нема секој ден да имате совршена фризура

    rnРеалните луѓе не се будат со совршена фризура, има денови кога ни едно влакно нема да стои на место. Совршениот изглед на принцезите во бајките не ни го кажува тоа. Во ред е, никој не бара од вас да изгледате како принцези 24 часа на ден, секој ден.rn

    4. Убавината доаѓа во различни пакувања

    rnНе се само слабите, бели принцези со руса коса синоним за убавина. Убавината зрачи од внатре и секој е убав на свој начин. Тоа е од огромно значење и покрај тоа што поинаку ни било претставено во приказните.rn

    5. Некогаш ќе треба да бидете груби

    rnПринцезите во бајките се добри, наивни, никому не му мислат лошо, секогаш се љубезни и полни со разбирање. Обичните луѓе не можат да бидат толку совршени. Ниту пак треба. Иако секој треба да биде добар и љубезен, некогаш едноставно ќе мора да покажете заби.rn

    6. Секој носи последици од своите одлуки

    rnАко сомнителен странец ти понуди јаболко, ти му отвориш врата од домот и го земеш јаболкото, сам си виновен за последиците, не судбината.rn

    7. Не постои целосно среќен и совршен крај

    rnНе значи дека откако принцот и принцезата ќе стапат во брак и ќе го уништат негативецот ќе живеат совршен, среќен живот исполнет со хармонија. Да, сите треба да се трудиме да ја одржиме хармонијата во нашиот живот, но мора да се соочиме со фактот дека не постои совршенство, едноставно понекогаш се случуваат лоши работи со кои треба да се справиме.

  • Дали знаете да работите во тим?

    Дали знаете да работите во тим?

    Автор: Петар ЛазаровrnrnАко земеме предвид дека ние луѓето првенствено не можеме меѓусебно да се разбереме (ако не се сложувате со ова само погледнете што се случува околу нас и пошироко), а за да функционираат повеќе индивидуи на едно место пред сѐ треба да се разберат, тогаш јасно е дека не е многу лесно да се вклопиме во еден тим. Функцијата на тимот е многу јасна – група луѓе собрани со определени комплементарни вештини за да остварат некоја иста цел, задача или проект. Имаме иста цел, сакаме исти работи, сами тешко може да ги исполниме задачите, а пак, е многу тешко да се здружиме и заеднички да работиме на секојдневните предизвици.rnrndali-znaete-da-rabotite-vo-tim-kafepauza.mkrnrnОд една страна, сите зборуваме дека заедно сме посилни, дека две глави мислат подобро од една, сите зборуваме за тим и тимско работење, одиме по обуки, се дружиме после работа, но од друга страна, често имаме проблем со колегата кој нема да си ја заврши работата, некој ќе го „намести“ другиот, ќе му стави сопка или ќе изневери во најважниот момент.rnrnПроблемот е во тоа што нашите индивидуални особености и карактеристики ги надвладуваат тимските цели и принципи на работење. Со цел подобро да функционираме како тим ние мора свесно и макотрпно да работиме на себе и на сите членови на тимот, како и да ги следиме некои од основните правила и принципи на функционирање во тим.rnrnВо прилог неколку правила и принципи кои мора да ги имате на ум кога формирате или работите во тимови:rnrn1. Цел – Која е вашата индивидуална цел и дали таа е комплементарна со целите на другите, како и целите на колективот (компанијата) во целост?!rnrn2. Улоги во тимот – Секој тим треба да е составен од индивидуалци кои имаат комплементарни вештини и точно определени улоги и задачи. Тоа по „странски“ се вика „Job Description“. Доколку ги немаме дефинирано улогите и задачите, тогаш многу лесно ќе се случи една личност да извршува нечии други задачи, или некоја задача да не се изврши воопшто. Незадоволството е неизбежно.rnrn3. Тим лидер – Секој тим мора да има една личност која ќе го води тимот и ќе ја преземе одговорноста за успехот или неуспехот на тимот. Лидерот мора да ги постави процедурите на работа, будно да го набљудува и следи својот тим, да биде заштитник и мотиватор.rnrn4. Одговорност – Секој индивидуално треба да преземе одговорност за своите постапки. Ако поради која било причина не сакаме да преземаме одговорност, тогаш веројатноста за да ги исполниме нашите индивидуални задачи како и тимските цели, ја сведуваме на минимум.rnrn5. Заедништво – Меѓусебно помагање на сите членови во тимот. Наполеон Хил вели дека најдобро и најбрзо ќе успееме ако им помогнеме на другите да успеат. Исто така се вели дека еден синџир е силен колку што е силна најслабата алка. Ако не ги поддржиме и помогнеме оние кои се послаби од нас, целиот тим губи (и ние самите).rnrn6. Конфликт – Конфликтот е неизбежен дел од функционирањето на еден тим. Но, доколку членовите промовираат отворена комуникација и искрено разговараат за своите проблеми, секогаш ќе може да се најде заедничко решение без притоа некој да прави огромни отстапки.rnrn7. Доверба – За еден тим да функционира беспрекорно, мора да постои доверба помеѓу членовите. Најдобар начин на градење доверба во тим е доколку првично ние сме луѓе од доверба. Отворената комуникација е исто така важен фактор во процесот на градење на доверба во тимот.rnrn8. Активно слушање – За да се разбереме, мора да се слушаме. Слушањето е ментален предизвик и природно тешко ни оди да го спроведеме. За да станеме подобар слушател, основно е да престанеме да зборуваме и да мислиме дека нашето е подобро, попаметно и поважно од она на другиот.rnrn9. Прашања, повратна информација и парафразирање – Употребувајте ги овие алатки со цел да ја подобрите комуникацијата во тимот. На овој начин ќе ги намалиме претпоставките, нејаснотиите и нецелосните информации.rnrn10. Обука – Мора постојано да ги надградуваме нашите знаења и вештини, и да ги имплементираме и тестираме истите во пракса. Само на тој начин може да очекуваме подобрување на нашите индивидуални вештини, но и перформансите на тимот во целина.rnrnГуските летаат во формација „V“ и на тој начин заеднички, подобро му се спротивставуваат на ветерот и достигнуваат далечини дури до 71% поголеми отколку што може една гуска сама. Ако лидерот се замори, веднаш го заменува некоја од гуските, а во случај на замор, поиздржливите ги бодрат послабите со квакање.rnrnДа учиме од природата!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 години

    25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 години

    Сите ние во 20-тите години свесни сме дека имаме многу лоши навики кои треба да прекинеме да ги правиме, но никако да го сториме тоа. Еве што нè советуваат постарите. Ова се нештата од кои треба да се одвикнеме пред на нашата роденденска торта да стои бројот 25.rnrn25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 годиниrn

    1. Јадење во кревет

    rnОсвен доколку сакате вашиот пријател глушец да ве посетува почесто во кревет.rn

    2. Јадење брза храна

    rnДа, некогаш ќе имате мерак за хамбургер или хот дог, но не секој ден и не секој оброк. Пожелно е свеста за здравиот начин на исхрана да ја развиеме до 25-тата година од нашите животи.rn

    3. Губење време со лоши партнери

    rnИ самите знаете дека немате иднина, зошто упорно одите со главата во ѕид? Не, нема да се промени.rn

    4. Неконтролирано трошење на парите

    rnЕден ден ќе имаме семејства за кои ќе треба да се грижиме, а ако сме искрени, моментално и за нас самите не ни остануваат доволно пари.rn

    5. Гледање серии по цела вечер

    rnИако другиот ден немате утрински обврски, не останувајте будни цела вечер. Добриот сон е многу важен.rn

    6. Неконтролирано порачување пијалаци по барови и клубови

    rnНе, не давајте знак дека секогаш кога вашата чаша е празна треба да ви се донесе ново вино. Другиот ден многу ќе вложите напор во обидот да се сетите каде ви избегале парите.rn

    7. Споредување на себеси со други

    rnКако вашите пријатели на ФБ, или бившите соученици. Споредувањето е лоша навика со која мора да престанеме. Сечиј живот е различен а споредбите мора да прекинат.rn

    8. Потфрлање со личната хигиена

    rnНе сме мали деца па нашите мајки да трчаат по нас велејќи ни да си ги измиеме забите.rn

    9. Постојан мамурлак

    rnВо ред е да ви се случи еднаш, два пати, на важни датуми и сл. Лошо е ако луѓето многу долго ве немаат видено трезни и свесни. Грижата за себе, за добриот сон и контролираната консумација на алкохол се навики кои мора да се стекнат додека не е предоцна и додека не сме почнале да преминуваме некои граници.rn

    10. Остварување комуникација само преку СМС и социјални мрежи

    rnДа, корисно е да се вежба комуникација во живо.rn

    11. Спиење до пладне

    rnНекогаш ќе ви се случи, но многу неодговорно е да го започнувате денот на пладне. Плус, го пропуштате најубавиот период од денот – утрото.rn

    12. Озборување

    rnНе, доволно сме возрасни за малограѓанско однесување.rn

    13. Губење на професионалноста на работното место

    rnМлади сме и треба да покажеме способност и знаење. Лакирањето на работно место е строго забрането дури и ако никој не ве гледа.rnrn25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 годиниrn

    14. Неодржување хигиена во домот

    rnИако ви е мака, сепак фрлајте го ѓубрето редовно.rn

    15. Премногу откривање на вашата приватност на социјалните мрежи

    rnКако што растеме учиме да откриваме сè помалку бидејќи знаеме дека навистина е непотребно.rn

    16. Неконтролирање на сопствените емоции

    rnАко размислувате за зголемување на емоционалната интелигенција, сега е вистинското време.rn

    17. Неодговорно однесување

    rnАко сте ветиле дека ќе направите нешто сторете го, ако треба да бидете негде, стигнете на време.rn

    18. Позајмување и не враќање на позајменото

    rnВаквото однесување воопшто нема да им се допадне на вашите пријатели а и самите сте свесни дека ги ставате во незгодна позиција.rnrn25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 годиниrn

    19. Постојано доцнење за да фатите автобус

    rnИ не само автобус. Време е да се навикнете да пристигнувате на време.rn

    20. Наивно размислување

    rnНе, не може странец од улица да проба да ве разубеди во вашите основни верувања и ставови во животот, ниту може да ве натера да ги дадете вашите пари негде.rn

    21. ФБ прогонување на старите љубови

    rnЕдноставно оставете ги таму каде што им е местото – во минатото.rn

    22. Непланско пазарење

    rnЗнаеме дека е тешко да се контролираш себеси во преполн маркет или во бутик каде само што стигнала сезонската облека, но мора да размислуваме како возрасни.rn

    33. Дозволување гордоста да надвладее со нас

    rnВо ред е да побарате помош и да признаете слабост.rn

    25. Неследење на временската прогноза

    rnМожеби ви звучи смешно, но многу е добро да имаш со себе чадор кога на сред улица ќе те фати дожд.rn

    25. Заборавање да се каже „благодарам“

    rnОва за многумина не е сериозен проблем, но благодарноста е клучна во животот. Тогаш кога ќе научиме да бидеме благодарни и за најмалите нешта, ќе научиме вистински да ги вреднуваме нештата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како домашните миленици ви помагаат да живеете посреќен и подобар живот?

    Како домашните миленици ви помагаат да живеете посреќен и подобар живот?

    Домашните миленици се повеќе од животни. Тие се наши пријатели и наше друштво кога сме осамени. Секојдневно од нас бараат да им даруваме грижа и заштита, правејќи нè подобри и повнимателни личности. Нè тераат да играме со нив за да заборавиме на сè она што нè мачи. Сакајте ги и чувајте ги вашите домашни миленици, тие ви помагаат да бидете подобри и посреќни личности и ве учат да водите здрав и исполнет живот.rnrn1-kako-domashnite-milenici-vi-pomagaat-da-zhiveete-posrekjen-i-podobar-zhivot-www.kafepauza.mk_rn

    Милениците им се посветени на своите стопани

    rnЛесно ќе запознаете човек кој е разочаран од другите луѓе, од нивната негативност, лицемерие или предавство. Но, тоа не важи за домашните миленици. Никогаш нема да се разочарате од својот миленик. Тие се приврзуваат за своите стопани и подготвени се да се жртвуваат за да го одбранат домот.rnrnКога и да се разочарате од луѓето, посветете му повеќе внимание на домашниот миленик. Ќе ве забавува, ќе ви ја оттргне главата од она што ве мачи и ќе ви покаже дека постои искрено пријателство.rn

    Милениците прават да станеме подобра верзија од себеси

    rnМожеби сте биле сведоци на ситуација каде човек кој навидум се грижел само за себе, почнува безрезервно да дарува грижа, љубов и заштита на својот миленик. Домашните миленичиња прават чуда. Тие се паметни и мили и нè учат да бидеме безгрижни, но и верни на оние кои ни се блиски.rn

    Имаат лековити моќи

    rnКолку и да ви звучи чудно, животните може да излекуваат физичка и психичка болка. Тие не само што ги следат своите животински инстинкти, туку чувствуваат и размислуваат. Ако се вратите дома разочарани ќе дојдат покрај вас барајќи да им посветите внимание и ќе ви го излекуваат духот. Ако прашате сопственик на мачка ќе ви каже како, кога има болки, мачката ја положува главата на болното место и почнува да преде. Научно е докажано дека мачките може да ја почувствуваат физичката и психичката болка на своите сопственици. Некогаш е доволно едно мјау за да ви се разубави денот.rn

    Нè прават поорганизирани и поодговорни

    rnАко заборавите да го нахраните, искапете или прошетате вашиот миленик знаете дека таа постапка ќе носи последици и затоа внимавате да ги исполнувате своите должности кон вашиот мал пријател. Така, колку и по природа да не сте организирани или одговорни, миленикот ќе ве научи да си го организирате времето за да можете да му посветите внимание, да го храните редовно и да се грижите за него, станувајќи многу поодговорни. Доколку ви фали дисциплина или одговорност, само присвојте домашно милениче.rn

    Милениците претчувствуваат незгода

    rnНе занемарувајте ги промените во однесувањето на вашиот миленик. Милениците насетуваат незгода, невреме или каква било опасност, па така може да се потпрете на нивниот инстинкт.

  • 30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30

    30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30

    Дваесеттите се луди и незаборавни, но неизбежен е фактот дека созреваме и колку и да е прекрасна таа декада од нашиот живот, сепак се движиме кон 30-тите. Тоа не значи дека животот ќе престане да ни биде забавен, напротив. Сите ние се менуваме со тек на време и лошите навики треба да ги оставиме зад себе. Еве на што треба да престанете да трошите време во вашите 20-ти и воедно што треба да престанете да правите.rnrn30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30rn

    1. Да се однесувате како домот на вашите родители да е хотел

    rnВие сте возрасни и имате обврски во домот и иако секогаш ќе останете нивни „деца“, вашите родители не се должни да се грижат за вас кога сте возрасни. Во текот на оваа декада најверојатно ќе се иселите од нивниот дом и треба да покажете колку сте созреале.rn

    2. Да продолжите да одите кај лош фризер

    rnВо неколку наврати се покажало дека вашата фризерка знае како да ви ја утне фризурата, но вие сепак продолжувате да одите кај неа. Доколку седите на столчето молејќи се во себе дека овој пат ќе излезе на добро, значи дека е време да го смените фризерот. Животот е премногу краток за да имате лоша фризура.rnrn30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30rn

    3. Да купувате тинејџерска облека

    rnНе значи дека треба да почнете да се облекувате како баби, но премногу разголени и провокативни парчиња веќе не ви прилегаат. Секако дека ќе покажете дека сте секси, но на софистициран и женствен начин. Престанете да се облекувате како тинејџерка доколку наближувате 30.rn

    4. Да носите здодевни патики

    rnСекако, белите и црните патики се супер бидејќи одговараат со сè и нема да направите утка. Но, охрабрете се и купете ги тие дреч розови патики кои веќе подолго време ги гледате во излог. Тоа што станувате дел од светот на возрасните не значи дека треба да станете здодевни.rn

    5. Да се преоптоварувате со броење калории

    rnУживајте во храната наместо да се преокупирате со калории и да кукате за накаченото кило. Верувајте, така сте им здодевни на сите околу вас. Сите ние понекогаш знаеме да претераме со храната, но тоа не е грев. Секогаш можете да истрчате неколку круга и да се чувствувате повторно фит.rnrn30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30rn

    6. Да трошите пари на неквалитетни парчиња облека

    rn„Не сум толку богат за да купувам евтино.“ Ставете им крај на крпчињата кои ги купувате на распродажба само затоа што се евтини, а ако размислите подобро сте ги облекле само еднаш или ни еднаш. Паметно раководете со вашите финансии и купувајте квалитетни парчиња. Се сеќавате како вашата мајка секогаш го проверуваше квалитетот на секое парче пред да ви дозволи да го пробате и купите? Време е да бидете зрели и паметни исто како вашите мајки. Покрај цената забележете го и квалитетот и секако, реално размислете дали тоа парче ви е потребно и дали ќе го облечете повеќе од еднаш.rnrn

    7. Да ги обвинувате другите за сè што не ви одговара

    rnСте чуле ли дека кога покажувате со прст кон некој друг, другите три прста се свртени накај вас? Кога ќе научите прво себеси да се преиспитувате и реално да размислите што е тоа што вие можевте да го направите подобро, ќе почнете повеќе да успевате и да не си ги повторувате грешките. Не сте веќе деца и не може да цимолите за секој ваш неуспех обвинувајќи некој друг. Време е да преземете одговорност.rn

    8. Да не почитувате договори

    rnНе заборавајте што сте ветиле и каков договор сте направиле. На вашите пријатели им треба човек на кој може да се потпрат. Доколку вашата пријателка зела слободен ден и организирала одење негде, не смеете да ѝ откажете во последен момент со некој беден изговор.rn

    9. Да се срамите од она што ве прави среќни

    rnНе е грев тоа што во сабота навечер сакате да останете со семејството и да гледате филм. Тоа ве прави среќни и тоа ви е потребно во моментот.rnrn30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30rn

    10. Да носите стари, големи пижами

    rnСлободно бидете секси и не одете на спиење како да сте во вреќа. Малку чипка не е на одмет.rnrn

  • 15 едноставни чекори кон самоподобрување кои ќе ви го променат животот

    15 едноставни чекори кон самоподобрување кои ќе ви го променат животот

    Подобрувањето на вашиот живот не е тајна, ниту се крие на другиот крај на светот, па потребно ќе ви биде долго патување за да го најдете, да го откриете тоа што ќе ви го промени животот. Напротив, промената лежи во вас самите, само треба да бидете доволно упорни, одлучни и истрајни за да ја постигнете.rnrnНаместо да седите пасивно и да го чекате тоа „утре“ кое никако не доаѓа, земете ги работите во ваши раце, бидете самите водачи на вашите животи и чекорете кон подобра верзија од себеси. Еве како.rnrn15 едноставни чекори кон самоподобрување кои ќе ви го променат животот rn

    1. Одбирајте го потешкиот пат

    rnОна што во моментов ве плаши и ви изгледа тешко е токму она што треба да го направите. Прифатете го фактот дека големите цели и желби од вас бараат многу жртви и дека напорната работа е неизбежна. Наместо да барате изговори наоѓајте начини и работете напорно. Помислете на последната работа која ја сакавте, а не ви се оствари. Дали изнаоѓавте полесни патишта до целта? Дали баравте изговори да не успеете? Дали вложивте доволно? Клучно е да сфатиме дека лифтот до успехот не работи па ќе мора да одиме по скалите, една по една.rn

    2. Формирајте круг на пријатели на кои секогаш може да им се обратите

    rnМногу е важна поддршката од вашите блиски, луѓето кои ви значат и чие мислење го почитувате. Кога нешто правите погрешно или кога ситуацијата е лоша, потребни ви се луѓе кои ќе бидат искрени со вас и кои ќе ви ги отворат очите и луѓе кои ќе ве мотивираат и поттикнат да не се откажувате за време на тешките периоди. Ако сакате промена во вашиот живот кон подобро, формирањето круг од квалитетни пријатели е нешто што не смеете да го изоставите.rn

    3. Научете да се прилагодите на околностите

    rnСекој искусува лоши периоди во животот. Сте го изгубиле работното место или долгогодишниот партнер и останувате заглавени во депресивни мисли. Животот носи секакви периоди, добри и непожелни изненадувања. Наместо да се преоптоварувате со тешки мисли, научете да ги прифатите нештата кои не можете да ги промените. Времето не се враќа назад, секој пад е важна лекција за животот, прифатете ја.rn

    4. Осигурајте се дека времето не го трошите залудно

    rnСекој миг од вашиот живот е вреден, не трошете го залудно. Дали им посветувате доволно внимание на блиските? Дали си посветувате доволно внимание себеси? Паметно распоредете го времето фокусирајќи се на нештата кои сакате да ги правите и секогаш резервирајте си време само за вас.rn

    5. Секогаш бидете упорни и посветени

    rnНе откажувајте се лесно. Паднавте по втор пат на испитот и веќе размислувате да се отпишете од факултет? Или почнавте со часови по некој спорт и по две недели кревате раце? Тоа со сигурност не е начинот да се стигне до подобрата верзија од себеси. Бидете упорни, посветени и внесени во она што го работите. Бидете постојани и одговорни, вклучени во вашата работа, интереси, врски со други луѓе. Тоа од вас ќе бара да станете од кревет кога порадо би поспале уште некој саат, но тој ризик секогаш е исплатлив.rnrn15 едноставни чекори кон самоподобрување кои ќе ви го променат животот rn

    6. Откријте што е она што сакате да го правите

    rnМожеби имате хоби и разни нешта кои ги практикувате во слободно време, но стоп, што е она што навистина го сакате, она во што навистина уживате? Доколку не можете јасно и прецизно да ја именувате таа работа тогаш уште веднаш посветете се на нејзиното откривање. Мора да постои нешто што ве исполнува максимално, што ве прави среќни, што го извлекува најдоброто од вас. Дали е готвење, пишување, читање, изработка на некакви предмети, земање активно учество во хуманитарни акции… што и да е, посветете му се.rn

    7. Не занемарувајте ги вашите емоции

    rnОбрнете внимание на вашите емоции. Што чувствувате кога го гледате изгрејсонцето, или кога ќе ви се насмее вашето дете? Што кога конечно по долго време ќе ви се оствари вашиот сон? Како се чувствувате во прегратката на вашиот/ата љубен/а? Не потценувајте ги тие мали моменти кога ве преплавуваат емоции. Застанете за миг и вистински чувствувајте.rn

    8. Секогаш бидете отворени за ризици

    rnИзлезете од безбедната зона и направете го она од што секогаш сте се плашеле. Без разлика дали тоа е некаков екстремен спорт, телефонски повик кој одамна го одолговлекувате, или разговор кој ве плаши. Соочете се со предизвикот и научете да ризикувате и да излезете од сигурната зона. Така полесно ќе ги дочекувате животните предизвици, бидејќи колку повеќе го одолговлекувате проблемот, толку поголем станува.rn

    9. Бидете подготвени да пружите помош

    rnПомагајте секогаш кога имате прилика. Несебично давајте ја вашата помош, и не заборавајте дека никој не може сè да постигне сам. Помагањето не им е од корист само на оние кои добиваат помош туку и на оние кои ја даваат.rn

    10. Живејте во сегашноста

    rnМногу лесно е да се каже но тешко да се направи. Сите ние можеби и премногу живееме во минатото или иднината, мислејќи за нешто што поминало и планирајќи нешто што допрва треба да дојде. Научете да се фокусирате на сегашниот момент бидејќи само тој е вистински, сè останато е резултат на нашата фантазија. Не чекајте некое посебно време кога ќе почнете да живеете туку впијте го максимално она што е пред вашите очи сега.rnrn15 едноставни чекори кон самоподобрување кои ќе ви го променат животот rn

    11. Научете нешто ново

    rnСтремете се кон нови искуства и нови знаења. Секогаш бидете отворени на нови лекции во животот. Така не само што ќе станете желни за секаков облик на знаење туку и ќе бидете желни да го пренесете вашето знаење.rn

    12. Бидете физички активни

    rnФизичката активност не е важна само за надворешниот изглед туку и за духот. Редовната физичка активност ни го подобрува расположението и погледите на светот. Чувствувајте се добро на секој можен начин и живејте здраво. Тоа во секој случај е подобар избор од седењето пред телевизор.rn

    13. Патувајте и искусувајте

    rnПатувајте секогаш кога имате можност, но не правете го тоа механички. Патувајте за да научите, искусите, пробате, запознаете. Бидете авантуристи во душата и отворете ги вашите видици.rn

    14. Слушајте позитивна музика

    rnМоќта на музиката е голема. Може да ве подигне, расположи, да внесе позитива во вашето секојдневие. Слушајте музика често и препуштете им се на емоциите кои музиката ги предизвикува во вас.rn

    15. Станете ранобудници

    rnВажно е како ќе го започнете денот. По часови минати во одмор, вашиот мозок е подготвен да работи турбо. Успешните луѓе неретко се ранобудници. Наместо излежување во креветот одберете утринска рутина која ќе ви го подигне духот и ќе ве направи попродуктивни во текот на целиот ден.

  • Научете да бидете одговорни

    Научете да бидете одговорни

    Автор: Петар ЛазаровrnrnДали знаете дека број 1 причина за неостварување на нашите цели (деловно и приватно) е немање или недостаток на одговорност?!rnrnnauchete-da-bidete-odgovorni-kafepauza.mkrnrnОдговорноста е една од најважните човечки карактеристики. Правејќи истражување за оваа тема и анализирајќи го значењето на (не)одговорноста како особина, налетав на неверојатен број аспекти каде и како таа ни се одразува на нашиот приватен и деловен живот, а ние не сме свесни дека тоа е поради таа карактерна особина.rnrnОдговорноста го развива и прави нашиот карактер посилен, го зголемува нашиот кредибилитет, влијае на остварување на нашите цели, а и ги прави другите околу нас посреќни. Нискиот степен на одговорност нѐ прави многу слаби и ранливи. Многу лесно може да ни избега паметот, да се занесеме по други „глупости“ и да правиме многу пропусти. И доколку не се менуваме и не работиме на развој на нашата одговорност, ќе стагнираме во развојот и работата и другите ќе нѐ престигнат.rnrnСамоодговорноста се одразува на нашата самодоверба. Помало ниво на одговорност, помала самодоверба и обратно. А самодовербата е таа што нѐ води во животот и ни помага да ги поминеме и најголемите пречки, како на работа така и приватно. Луѓето со поголема самодоверба имаат поголема контрола на својот живот и се поефикасни во извршување на своите задачи. Тие ја преземаат одговорноста за своите емоции, мисли и постапки. Тоа значи дека тие се свесни и одговорни за последиците од своите постапки (позитивни или негативни), и наместо да ги обвинуваат другите или себеси, се фокусираат на решенијата и учење од тие ситуации.rnrnЕдна од најкарактеристичните одлики на неодговорните личности е што многу брзо им се здосадуваат работите. Поради тоа губат интерес за тековните работи, губат фокус и прават грешки. Си викаат дека одговорностите сега им се досадни, неважни и глупави. Ако имале поголеми одговорности, ќе се однесувале попрофесионално и ефикасно. Но, мора да сфатиме, никогаш никој нема да ни даде повеќе или поважни одговорности, доколку не си ги завршиме најпрофесионално и ефикасно сегашните, тековни одговорности. Малите работи најдобро го отсликуваат нашиот вистински карактер.rnrnВо прилог еве една листа на фактори/начини како да влијаете на јакнење на вашата одговорност:rnrn1. Свесност: Секогаш кога сакаме да влијаеме на некоја наша карактерна особина мора да имаме на ум дека треба да сме свесни за сите работи што ги правиме и што ни се случуваат. Да бидеме свесни за нашите постапки и како тие се одразуваат на нас самите, а и на другите. Бидете свесен набљудувач и не се плашете од вистината. Тешко е да ја прифатиме вистината и затоа секогаш мозокот ќе си најде одговор зошто ние го правиме тоа, а не дека сме помалку одговорни.rnrn2. Работете на вашето его: Егото во суштина е најголемата пречка да увидиме и прифатиме дека сме неодговорни. Тоа ќе ѝ застане на патот на нашата свесност да ги воочи нашите пропусти и слабости. А не постои полошо нешто ако сме убедени дека сме многу одговорни, а во реалноста да е сосема спротивно. Тоа значи дека можеби никогаш и нема да се освестиме и да направиме некаква промена за да ја развиеме нашата одговорност. Егото не постои, тоа е измислица на нашиот ум, тоа е наш создаден принцип и заклучок. Сменете ги мислите и принципот/заклучокот ќе се смени.rnrn3. Развивајте ја вашата самодисциплина: Дисциплината е карактеристика на одговорните луѓе. Дисциплина значи поставување на цели, без разлика дали микро, мали, средни или големи и нивно остварување, без притоа да ни летне паметот на други места. Често на нашата дисциплина влијаат надворешните фактории, нѐ заведуваат и оттргнуваат од тековните работи. Наша задача е да не потклекнеме и да бидеме цврсти на зборот/ветувањето што си го имаме дадено на себе и на другите и да ги извршиме зададените цели. Дисциплината најдобро се учи на ситни задачи и обврски. Направете листа на мали работи што сакате да ги направите денес и бидете дисциплинирани во нивната реализација.rnrn4. Развивајте ја вашата вештина за мултитаскинг (работење повеќе работи одеднаш): Малку е контрадикторно со мојот претходен текст за мултитаскинг и тврдењето дека не може ефикасно и ефективно да се работат повеќе работи одеднаш. Но, со свесно развивање (вежбање) на мултитаскингот, го напрегаме мозокот и го тераме да мисли повеќе. Со работење на неколку работи одеднаш, а со цел да ги сработиме ефикасно и квалитетно ќе мора да бидеме повеќе одговорни, фокусирани и внимателни при сите активности.rnrn5. Престанете да барате изговори и да ги обвинувате другите: Изговорите се одлика на неодговорните. Наместо да се фокусирате и да трошите енергија на барање на кривецот (колега, менаџер, времето, кризата, Марсовците итн..) фокусирајте се на причината и признајте си зошто не сте ја завршиле работата. Дали поради тоа што ве мрзело, не ви било предизвик, ви било досадно, сте биле уморни, сте сакале да си работите нешто поинтересно, не сте биле заинтересирани итн. Исто така ако постојано барате кривец во некој друг, се жалите дека тие се виновни за вашите неуспеси, нема да стигнете многу далеку.rnrn6. Признајте ги вашите грешки: Одговорните луѓе не се плашат и не кријат да си ги признаат своите грешки. Луѓе сме и грешиме. Наместо да ги криеме работите и да ги ставаме под черга, треба да се соочиме со нашите грешки, да си ги признаеме, да научиме од нив и да продолжиме помудри понатаму. Ако не ја признаеме грешката ем ќе изгубиме време во нејзино поправање и прикривање, ем нема да научиме од неа (и истата грешка ќе ја направиме следниот пат). А дополнително, доколку ја прикриваме, може подоцна да ни направи уште поголем проблем.rnrn7. Бидете проактивни: Ако видите дека нешто не се прави, а верувате дека ќе биде добро за сите, преземете иницијатива и направете го. Исто важи и за работи што не сакате да ги направите, бидејќи тоа е задача на друг колега (да се исчисти кујната).Тоа ќе ве направи посилни и позадоволни, и повеќе одговорни за работите што се околу вас. На тој начин работите паралелно и на правење работи што не ви се допаѓаат. Тоа пак влијае на подобро искористување на времето (time management). Одложувањето на работите што не ни се допаѓаат е еден од 3-те најважни фактори за лошо менаџирање на времето.rnrn8. Немојте да одложувате: ОДЛОЖУВАЊЕТО е врвот на неодговорноста. Одговорна личност ќе ја заврши работата бидејќи така рекла дека ќе направи. Секое одложување е поврзано со некоја слабост на карактерот – недисциплина, невреднување на нашиот збор, мрзеливост итн.rnrn9. Помагајте на другите: Ќе станете повеќе одговорни, бидејќи не станува збор за вас. Тука треба да мислите за другите. Нашите грешки и пропусти ќе влијаат на другите (може и фатално). Дали ви се случило да ви умре рипката бидејќи сте заборавиле да ја нахраните?! Размислувајте како вашите постапки ќе влијаат на другите. На овој начин ја развивате и вашата вештина за емпатија и ќе го направите она што многу малку луѓе го прават (ние луѓето не размислуваме како нашите постапки влијаат на другите, а во некои ситуации дури заземаме и „баш ми е гајле“ став).rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.