КАФЕ ПАУЗА

Tag: очила

  • 5 невообичаени примени на пастата за заби

    5 невообичаени примени на пастата за заби

    Многу средства кои ги користиме во секојдневието имаат поширока намена од онаа која им е основна. Пастата за заби, освен за одржување на хигиената во вашата уста, можете да ја примените за уште неколку работи во домаќинството. Еве 5 кул примени на пастата за заби кои ќе ве изненадат и можат да ви го олеснат животот во даден момент.rnrn5 невообичаени примени на пастата за забиrn

    1. Отстранете ги чкртките од ѕидовите

    rnЗа овој домаќински трик ви треба паста за заби која не е во вид на гел. Истиснете малку врз површината на ѕидот каде што вашите деца или внуци претходно решиле да ја изразат својата креативност и нежно протријте со мека крпа. Потоа пребришете користејќи крпа натопена во топла вода. За потврдокорни дамки, оставете ја пастата да постои 5 минути, пред да избришете.rn

    2. Отстранете ја лошата миризба од рацете

    rnДоколку за денешниот ручек користевте лук или кромид и сега никако не можете да ја отстраните интензивната миризба, обидете се да ги измиете со малку паста за заби.rn

    3. Светнете го ѓонот на патиките

    rnЗемете стара четка за заби и паста која не е во вид на гел. Ставете на гумениот дел од патиките и силно тријте за да ги извадите сите траги на нечистотија. Ќе станат како нови.rn

    4. Исполирајте ги изгребаните дивидија

    rnСтиснете малку паста за заби на едно топче памук и со него, правејќи кружни движења бришете од центарот кон краевите на дискот. Потоа исплакнете го под млаз вода и на крајот избришете го со сува крпа која не пушта влакненца. Овој трик може да ги спаси дисковите со благи гребнатинки, кои правеле проблеми при вчитувањето на податоците кои ги чувате на нив.rn

    5. Избистрете ги вашите очила за пливање

    rnПребришете ја внатрешната страна на вашите очила за пливање со паста за заби, а потоа исполирајте со чиста крпа. Тие ќе бидат кристално чисти.rnrnЗа што друго вие ја имате употребено пастата за заби?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слатки мачиња со очила

    Слатки мачиња со очила

    На многумина најмилото и најинтересно домашно животно, сега можете да го видите во едно поинакво светло. Без разлика дали со „шик“ или со бабински очила, во оваа колекција мачињата изгледаат извонредно и крајно интересно. Едни наместени на спиење, други родени глумци, сепак тие повторно докажуваат дека се прави шоумени и едни од најинтересните миленичиња. Уживајте во овие нивни смешни фотографии.rnСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очилаСлатки мачиња со очила
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 12 лоши навики кои прават да изгледате постаро

    12 лоши навики кои прават да изгледате постаро

    Сите знаеме дека е невозможно да изгледаме младо цел живот, но затоа понекогаш можеме да го спречиме времето кое маршира низ нашето лице. Затоа, не дозволувајте овие 12 грешки кои ги правите секојдневно да го направат вашиот лик предвреме да изгледа постаро.rnrn12 лоши навики кои прават да изгледате постароrn

    1. Немојте да сте премногу слаби

    rnГолемиот недостаток од масни наслаги на вашето лице, ќе направи тоа да изгледа коскесто, постаро, бледо и без живот.rnrn1-12-loshi-naviki-koi-pravat-da-izgledate-postaro-kafepauza.mkrn

    2. Престанете да ги триете очите

    rnТриењето, тегнењето и почестото допирање на очите предизвикуваат подочници и темни делови околу нив.rn

    3. Спијте попладне

    rnКожата ја има таа способност да се обновува преку ноќ. Затоа, попладневната дремка секогаш одлично влијае и врз мозокот и врз кожата на лицето.rnrn2-12-loshi-naviki-koi-pravat-da-izgledate-postaro-kafepauza.mkrn

    4. Не спијте само на една страна

    rnСпиењето на страна можеби е удобно, но тоа и штети на кожата. Притискајќи го лицето на перницата осум часа во текот на ноќта, често предизвикува брчки.rn

    5. Не пијте од цевка

    rnПиејќи од цевка (ова се однесува и на пушење цигари) ги притискате усните, што потоа доведува до брчки околу нив.rnrn3-12-loshi-naviki-koi-pravat-da-izgledate-postaro-kafepauza.mkrn

    6. Не барајте секоја крема да е против брчки

    rnНа пазарот има многу производи со состојки против стареење, но тие најчесто не се застапени во доволен процент во кремата или млекото за чистење лице. Затоа, ваквите креми можат негативно да влијаат на лицето, бидејќи ја немаат потребната концентрација.rn

    7. Без стрес

    rnКоризол, главниот стрес хормон, го уништува колагенот, што пак доведува до бледа кожа, брчки и предизвикува воспалување.rnrn4-12-loshi-naviki-koi-pravat-da-izgledate-postaro-kafepauza.mkrn

    8. Не се потпирајте на козметиката за сончање

    rnИако има козметики кои штитат од штетните ултравиолетови зраци, тие не ги блокираат зраците кога се судираат со кожата. УВ зраците предизвикуваат темни точки на лицето и ги зголемуваат порите.rn

    9. Не се фокусирајте само на брчките

    rnБрчките не се единствениот доказ дека кожата старее. Ако ги имате, не значи дека кожата ви е стара или дека сте почнале да стареете. Темните флеки на лицето и пигментацијата се уште еден знак за тоа каква е вашата кожа.rnrn5-12-loshi-naviki-koi-pravat-da-izgledate-postaro-kafepauza.mkrn

    10.  Не ги занемарувајте вратот и рацете

    rnВратот и рацете многу ретко ги добиваат потребната нега и внимание. Со едно истражување во кое учествувале жени од различни возрасти, се покажало дека оние кои имаат брчки и темни флеки на рацете, се постари од оние кои имаат брчки на лицето.rn

    11. Не ги заборавајте очилата за сонце

    rnПовторливите движења како смеење, мижење и намуртеност влијаат долгорочно на лицето. Изложувањето на сонце го уништува колагенот на кожата околу очите.rnrn6-12-loshi-naviki-koi-pravat-da-izgledate-postaro-kafepauza.mkrn

    12. Не користете сапун

    rnСапуните најчесто содржат тешки детергенти кои многу лошо влијаат на кожата. Сувата кожа е непривлечна и груба и на неа полесно се забележуваат брчките и сите нејзини недостатоци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очи

    Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очи

    Ако досега ви се случило да ви биде напорно читањето, па во потрага по олеснување сте наишле на конвертор кој текстот го претвора во аудио, денес е веќе возможно и спротивното. Бејблфиск е уред во вид на очила кој ги претвора изговорените зборови во текст и тоа директно пред очите на оној кој ги носи.Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиrn

    Видете го она што го зборувате.

    rnОчила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиТоа е всушност софтвер за препознавање на говор кој се базира на алгоритми за помагање на слушањето кои овозможуваат препознавање на говор дури и во бучни средини. Штом зборовите се чуени, тие веднаш се преобразуваат во текст. Оваа функција ја овозможуваат вградените конторлори, додека двата микрофони детектираат од каде доаѓа звукот.Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиОвој иновативен уред може да најде различна примена. Мрзеливите ученици можат да го применат за да се покажат при презентирање на училишните проекти, додека студентите би можеле полесно да си поминат при полагање испити. Бејблфиск може практично да се примени и во работни услови, како на пример за време на состаноци или предавања. Сепак, најкорисен е за луѓето кои имаат оштетување на слухот.Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиСлушнатото со Бејблфиск веднаш се зачувува на флеш меморија во аудио и во текст формат, заради што е достапно и за понатамошна употреба. Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиАко вам ви паднат пар Бејблфиск очила во рака, сами одлучете дали ќе ги употребите или злоупотребите. Не ја обвинувајте иновативноста и креативноста за сè што може да произлезе од неа.