КАФЕ ПАУЗА

Tag: очекувања

  • 13 причини зошто е добро да се биде песимист

    13 причини зошто е добро да се биде песимист

    Отсекогаш се сметало дека поквалитетен живот имаат оптимистите, бидејќи очекуваат убави работи во животот, па со својата карма ја привлекуваат среќата кон себе. Но, и песимистите имаат свои придобивки. Прочитајте ги следните 13 причини, зошто не е толку лошо да се биде песимист.rnrn1. Доколку некој ве извиси, ОК ви е бидејќи и онака немавте некои преголеми очекувања од таа личност.rnrn13 причини зошто е добро да се биде песимистrnrn2. Доколку некој се однесува грубо со вас, веднаш му го давате спремното превртување со очи, бидејќи сте имале доволно време во животот за да го усовршите изразувањето на вашето разочарување.rnrn13 причини зошто е добро да се биде песимистrnrn3. Исто така, нема да се шокирате доколку некој остро ве критикува или ви даде саркастична забелешка.rnrn13 причини зошто е добро да се биде песимистrnrn4. Знаете дека ако ги земете предвид сите работи кои би можеле да тргнат наопаку, ќе бидете повеќе подготвени доколку тоа навистина се случи.rnrn5. Едно истражување дури сугерира дека песимистите всушност се соочуваат со помал ризик од појава на попречености и смрт, во однос на оптимистите. Според истражувањето, предвидувањето на мрачна иднина, помага во преземањето претпазливи мерки.rnrn6. Плус, песимистите се повеќе подготвени за соочување со тешки настани, како што се природните катастрофи.rnrn13 причини зошто е добро да се биде песимистrnrn7. Кога работите ќе тргнат во лош правец, песимистот знае во кој момент треба да се откаже, наместо да се заглавува уште подлабоко, планирајќи некакви невозможни решенија.rnrn8. Реалистични сте и знаете дека едноставно, животот понекогаш не е баш убав.rnrn13 причини зошто е добро да се биде песимистrnrn9. Од друга страна, кога сè е супер, вие сте неверојатно возбудени бидејќи тотално не сте го очекувале тоа.rnrn13 причини зошто е добро да се биде песимистrnrn10. Исто така, кога вашите пријатели се тажни, знаат дека нема да ви пречи доколку ви се пожалат колку им е тешко.rnrn13 причини зошто е добро да се биде песимистrnrn11. Интересно е што постојат толку многу книги, филмови и уметнички дела за песимизмот и тешкотиите во животот, кои нудат одлични совети и поинакви перспективи за справување со сите видови катастрофи.rnrn12. Кога сè е црно, сепак знаете да уживате во малите нешта, како сркање цела кутија со сладолед или јадење 300 грама чоколадо.rnrn13 причини зошто е добро да се биде песимистrnrn13. Кога нешто убаво се случува, песимистот ќе го цени тоа повеќе од кој било друг, бидејќи е свесен дека е невозможно целосно да се ужива во убавините на животот, без да се препознаат неговите падови.rnrn13 причини зошто е добро да се биде песимист rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Очекувањата кога одиме на плажа наспроти реалноста

    Очекувањата кога одиме на плажа наспроти реалноста

    Колку пати ви се случило да одите на одмор и да очекувате одлични сончеви денови, а да добиете 6 од 10 облачни денови со дожд?rnrn(1) ochekuvanjata koga odime na plazha nasproti realnosta-www.kafepauza.mkrnrnБидејќи повеќето луѓе одат на летен одмор само 10 дена во годината, со душа ги чекаат да дојдат, за конечно да си дозволат тотална релаксација, забава и галење на кожата со сончевите зраци. Но, сепак нашите очекувања од условите кои ќе ги добиеме на плажата, најчесто се премногу големи и далеку од реалноста…rn

  • Моќта на живеењето без очекувања

    Моќта на живеењето без очекувања

    Дали некогаш сте влегле во театар на претстава или во кино сала да гледате филм кој бил толку многу фален од сите околу вас, но по нивното завршување сфаќате дека ве разочарале бидејќи не ги достигнале вашите очекувања? Што кога отидовте да гледате друга претстава или филм за кои не знаевте ништо, а сепак си отидовте дома пријатно изненадени?rnrnМоќта на живеењето без очекувањаrnrnОва е само еден пример како нашите очекувања (или неочекувања) можат да играат огромна улога во начинот на кој ги дочекуваме нашите искуства. Ричард Бендлер еднаш рекол, „За разочарувањето потребно е соодветно планирање“. Токму оваа мисла допира до една многу важна вистина за падовите кои може да се појават од одредени очекувања во животот.rnrnБидејќи кога навистина ќе размислите за ова, ќе сфатите дека можете да бидете разочарани или незадоволни од нешто само ако претходно сте поставиле одредени стандарди како тоа искуство „би требало“ да биде. Ако не очекувате ништо за вашиот роденден и добиете автомобил за подарок, тогаш ќе бидете необично пресреќни за вашето ново возило, без разлика за која марка станува збор. Но, ако очекувате скап спортски автомобил и наместо него добиете Југо, најверојатно е дека целосно ќе се разочарате и воопшто нема да бидете задоволни со подарокот.rnrnКога ќе искусите некои ситуации без очекувања, тогаш е невозможно да бидете разочарани. Дури и во најлош случај, вие ќе си отидете од тоа искуство пријатно изненадени.rnrnНо, сепак не смееме да ги отфрлиме СИТЕ очекувања. Тие можат да бидат добри и корисни и многу е важно да имаме барем минимални очекувања пред да навлеземе во одредени ситуации. На пример, ако очекуваме дека ќе имаме испит на одреден датум, тогаш сигурно ќе почнеме порано да учиме и ќе се погрижиме колку е можно повеќе да бидеме подготвени.rnrnКако што веќе спомнавме, проектирањето во иднината и детерминирањето на тоа што ќе го очекуваме може да биде важна „алатка“ во подготовка за одредени ситуации, но не и за сите ситуации. Во наредниве неколку случаи, немањето очекувања може многу повеќе да ни помогне:rn

    Отвореност на умот

    rnКога запознаваме нова личност, ако го направиме тоа со одредени предрасуди (посебно ако се базирани врз стереотипите кои вклучуваат раса, пол, религија, кариера…), тогаш уште на почетокот поставуваме граници за тоа како ќе се поврземе со таа личност. Но, ако одлучиме да се запознаеме со таа нова личност без никакви претходни очекувања или судења, тогаш ние сме многу поотворени при запознавање на личноста онаква каква што навистина е.rn

    Спонтаност

    rnКога ќе се најдеме во ситуација со строги очекувања и со ограничувања за тоа како очекуваме одредена ситуација да се одвива, тогаш оставаме премногу мал простор за спонтаност. Но, ако во истата ситуација навлеземе без никакви очекувања, тогаш си даваме можност да дејствуваме на неочекувани начини. Ослободувањето од очекувањата е одличен начин да си отвориме врата кон нови можности. Понекогаш нашите претпоставки ја ограничуваат нашата перспектива и ги ограничуваат нашите избори. Доколку едноставно ги отфрлиме, тогаш ќе се појават сосема нови перспективи и флексибилност во нашите мисли и дејства.rn

    Креативност и решавање на проблеми

    rnИсто како што „неочекувањата“ можат да ја отворат вратата кон спонтаноста, тие исто така можат да им помогнат на нашата креативност и начинот на кој решаваме проблеми. Ова се случува поради тоа што кога ќе ја отвориме нашата тесна перспектива, си даваме себеси многу повеќе простор за размислување на различни потенцијални решенија за проблеми кои можеби воопшто и не би ги помислиле доколку сме се држеле до претходните очекувања.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Погрешниот начин на помагање

    Погрешниот начин на помагање

    Постои вистински, но и погрешен начин на кој можете да им помагате на луѓето. Многу е важно да запомните дека дури и кога дејствувате со вашите најдобри намери, тоа не мора да значи дека е најдобриот начин за некој друг. Погледнете ги наредниве неколку совети кои ќе ви помогнат да сфатите дали е потребно да го промените вашиот пристап на помагање на блиските…rnrnПогрешниот начин на помагањеrn

    Ги правите луѓето зависни од вас

    rnЕдна стара изрека вели, „Дајте му на човек риба и ќе јаде еден ден. Научете го човек да рибари и ќе се исхранува цел живот.“rnrnКога постојано се фокусирате на моменталните потреби на луѓето и не ги учите како тие понатаму во слични ситуации да се грижат самите за себе, на некој начин ги правите свои „затвореници“. Ако некој е целосно зависен од некој друг, без разлика дали станува збор за храна, среќа или успех, тие никогаш нема да бидат вистински слободни, ниту пак ќе имаат контрола врз својот живот.rnrnОвој вид зависност може да биде од помош, но само во ретки случаи кога одредени луѓе од одредени причини воопшто не можат да се грижат за себе. На пример, кога станува збор за потешко ментално или физичко нарушување. Во сите други случаи, одржувањето на ваков вид зависност често е негативно и нездраво.rn

    Се обидувате да правите нешта надвор од вашата моќ

    rnЕден од најлошите начини да им помагате на луѓето е да се обидете да смените нешто што е комплетно надвор од вашата моќ. Кога се мешате во проблеми, посебно во оние за кои немате доволно знаење или искуство, можете многу лесно да ги направите работите уште полоши. Сепак, вие сте само човек и немате ни доволно време ни доволно ресурси за да му помогнете секому во секоја дадена ситуација.rn

    Се обидувате да им помогнете на луѓе кои очигледно не ја сакаат вашата помош

    rnУште една честа грешка. Кога се обидувате да смените нешто против нечија волја, често се случува тие да ви се налутат и да се свртат против вас. Дури може да го направат и спротивното од она што сте им го кажале, без разлика дали е добро или лошо за нив, бидејќи едноставно не сакаат да го следат вашиот совет.rnrnДоколку некој не ја сака вашата помош, многу е важно да го почитувате тоа. Како што споменавме погоре, вие не знаете секогаш што е најдоброто за сите околу вас и понекогаш перспективата на некој друг може да е многу поразлична од вашата. Обидете се да ги почитувате границите на луѓето.rn

    Помагате само со очекување нешто за возврат

    rnВо некои ситуации, сигурно се случува да забележите дека им помагате на одредени луѓе само зашто очекувате некако да ви вратат за таа помош во иднина. Но сепак, и покрај тоа што ова однесување во поголем или помал степен е дел од секој човек, не треба да биде главната причина за вашата помош.rnrnМногу луѓе не сакаат помош од оние кои не го прават тоа затоа што навистина сакаат. Некои од нив дури го сметаат и за навредливо. Кога им помагате на другите, бидете внимателни да немате некои скриени мотиви, туку само вашата искрена желба за тие да бидат посреќни и поуспешни. И никогаш не заборавајте, ако добиете нешто за вашето добро дело – супер. Ако не, тогаш самото задоволство од помагањето на некој кој има потреба од тоа треба да ви биде доволно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: Што возбудливо ќе ви се случи во сексот во 2013 година?

    Тест: Што возбудливо ќе ви се случи во сексот во 2013 година?

    Решете го тестот и дознајте каков ќе биде вашиот сексуален живот оваа година. rnrnТест: Што возбудливо ќе ви се случи во 2013 година?rnrn

    1. Кое е најинтересното место на кое сте воделе љубов?

    rnа) Преку ден, на клупа во паркот.rnrnб) Во близина на шумскиот поток.rnrnв) На работ од креветот.rnrn

    2. Мечтаете за жешки игри со повеќе личности кои ве опкружуваат. Кои се тие?

    rnа) Пет личности кои ги запознавте на работното место.rnrnб) Неколку протагонисти од некој љубовен роман.rnrnв) Мечтаете само за една личност.rnrn

    3. На скала од 1 до 10, оценете го интензитетот на вашата сексуалност.

    rnrnа) Чиста десетка.rnrnб) Повеќе сте како добротворка, коректна и по малку заводлива, со просечна оценка 7.rnrnв) Двојка. Во орманот чувате мини здолниште кое сè уште не сте го пробале.rnrn

    4. Како изгледа вашиот одмор од соништата?

    rnrnа) Екстремни спортови кои вклучуваат непредвидливи страсни пространства во комбинација со неодолив зависник од адреналин.rnrnб) Романтична прошетка покрај море или интимни моменти во куќичка покрај езеро.rnrnв) Посета на роднините кои одамна не сте ги виделе.rnrn

    5. Како најчесто изгледаат вашите новогодишни дочеци?

    rnrnа) Излегување со пријателките во најдобрите клубови во градот каде што ќе добиете ВИП третман.rnrnб) Го пропуштивте ова прашање заради страсното гледање со партнерот очи во очи.rnrnв) Претходните години сте си дозволиле чаша шампањ за време на подготвуањето на вечерата.rnrn

    БОДУВАЊЕ:

    Најчесто заокружената буква го дава одговорот.rnrn

    Најмногу одговори под А:

    rnОваа година можете да очекувате бурни сексуални игри, но тоа најмалку ќе се случува помеѓу чаршафите. Ќе ве привлекуваат места во природа, под отворено небо. Ќе бидете заинтересирани за повеќе партнери и само вие ќе знаете до каде ви е границата.rnrn

    Најмногу одговори под Б:

    rnВо 2013 година подгответе се за романтични вечери со свеќи и љубовни игри обвиени со таинственост и мистерија. Ве очекуваат сексуални искуства кои не би можеле да ги пронајдете ниту во омилените романи. Вашите соништа конечно ќе станат јаве.rnrn

    Најмногу одговори под В:

    rnВие и оваа година ќе сметате дека нема ништо лошо во сигурниот, проверен и удобен секс со личноста која ви значи и во која верувате. Затоа започнете со предигра која ќе ви овозможи да почувствувате врвно задоволство пред да заспиете и ќе ви ја направи среќна новава година.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што треба секоја жена да знае за љубовта до 30-тата година?

    Што треба секоја жена да знае за љубовта до 30-тата година?

    Љубовните врски на позрели години, носат поинакви очекувања и поинакви лекции за љубовта. Ова се нештата кои секоја жена би требало да ги знае за љубовта до триесеттата година од својот живот.rnrnШто треба секоја жена да знае за љубовта до 30-тата година?rn

    Љубовта бара географска блискост

    rnНајчесто надежите дека врската би успеала и на далечина, се уриваат за време на студентските денови. Тогаш кога ќе ви стане јасно дека студирањето во различни градови не го разгорува жарчето на љубовта, туку го гасне. Ако не сте го сфатиле тоа додека сте биле студенти, можеби ви станало јасно малку подоцна. Да, можеби ќе копнеете еден за друг и ќе ви биде многу мило кога ќе се видите, но додека сте сами и разделени, ќе почувствувате потреба од нешто друго. Интернетот ни носи многу погодности, но скајпот, на пример, не може да ја замени романтичата вечера, одењето во кино, гушкањето и бакнежот за добра ноќ. Она што речиси секоја жена го сфаќа до триесеттата година од животот, е тоа дека вложувањето премногу за да успее врската на далечина на подолг рок, е губење време.rn

    Глупавите девојки не се снаоѓаат подобро во љубовта

    rnПо филмовите и сериите често среќаваме женски ликови кои премногу размислуваат. Паметни жени со кариера на кои, по сè изгледа, не им е баш сјајно во љубовта. Тие размислуваат премногу за причината поради која тој не се јавил или не се појавил некаде или ги повикал по долго време. Мислевте дека девојките кои не размислуваат многу или, со други зборови, не се замараат, поминуваат полесно во љубовта? Тие без проблем ќе излегуваат со бившиот на својата другарка или со најдобриот другар на бившиот или нема да рзмислуваат дали да му се вратат на оној кој лошо се однесувал со нив. Не дека би требало да си ја чукате главата од ѕид, преопторувајќи се за секоја негова постапка, но паметните девојки кои го користат својот мозок кога станува збор за љубовта, имаат поздрави врски. Трудењето да го разберете неговото однесување, да го анализирате неговото размислување и вашиот однос, значи дека учевствувате во врската не само со вашето тело, туку и со вашето срце и ум.rn

    Никакви очекувања не е исто со ниски очекувања

    rnЧесто знаеме да си ги расипеме работите или премногу да се разочараме бидејќи нашите очекувања биле навистина високи. Затоа, кога се трудите вашите очекувања да бидат разумни и реални, ќе има ситуации кога би биле разочарани, но побројни ќе бидат ситуациите кога би биле задоволни со исходот. Реалните очекувања и имањето на ум дека луѓето од реалниот живот не изгледаат како филмски ѕвезди, може да направи да поминете прекрасно на состанокот на слепо со низок маж кој има малку повќе килограми. Не дека треба да ги погазите своите стандарди и принципи, но некогаш поставувањето превисоки стандарди би ви било од штета. Дозволете си да ги оцените луѓето откако ќе ги запознаете.rn

    Ако вели дека не сака деца…

    rnАко ви вели дека не сака деца и неговото однесување покажува дека не планира наскоро да се „среди“, тоа значи дека навистина нема да го стори тоа. Тој нема да сака деца и ако ослабете, ставите силикони, се трудите да бидете подобра жена за него, сакате да се промените, или ако пробувате да го убедите. Ако рече дека не сака сериозна обврска, нема ништо двосмислено или метафорично во неговата изјава, кажал така како што мислел.rn

    „Стави го појасот“ може да биде знак на љубов

    rnАко живеевме во совршен свет како од филмовите, мажите за да ја покажат својата љубов ќе трчаа по нас со големи натписи, цвеќиња и балони, можеби ќе им пишуваше и на чело дека нè сакаат или ќе организираа цел оркестар на сред плоштад, а во меѓувреме ќе напишеа и песна. Но, живееме во реален, вистински свет, каде знаците дека некој ве сака или му значите не се се потенцирани со светкави букви пред вашите очи, некогаш треба да ги пронајдете. Кога вашиот партнер ќе истрча по вас и ќе ве потсети да го ставите појасот во автомобилот, или ќе додаде моркови во вашата супа мислејќи на вашето здравје, тој на други начини, можеби и несвесно покажува колку му значите.

  • Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?

    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?

    Прочитајте ги барањата и очекувањата на неколку студенти од Универзитетот „Лин“, адресирани до идниот лидер на САД…rnrn

    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Права на хомосексуалците
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Повеќе пари, намалување на возрасната граница за консумирање алкохол, повеќе работни места, да нема војна, да нема корупција, да има поголема едукација, да нема неправда и расизам
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Повеќе можности за работа за странците кои живеат и студираат во САД
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Да се легализира марихуаната и да се дозволат хомосексуалните бракови насекаде
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Тетовиран претседател
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Да станам американски државјанин и да имам работа
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Повисока плата за наставниците, повеќе стипендии за деца кои сакаат да го продолжат своето образование, да легализира и реализира
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Работни места, образование, мир во Израел, здравство и надворешна политика
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Да ја легализира марихуаната
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Истражување на вселената. Што е областа 51? Експедиции длабоко во морето, да им помогне на оние на кои навистина им е потребна помош, да се намали дефицитот на САД, стоп за војната, подобрување на односите со странските земји, да престане да биде во центарот на вниманието заради погрешни причини
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Сакам многу работи! …Дрога-тестови за корисниците на социјална помош
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Мир во светот, оргии низ целиот свет! Пари! Слава! Среќа! Ромни!!! Секс, дрога и рокенрол!!!
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Работни места! Да нема повеќе долгови. Мир. Да нема повеќе војнa!
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Повисока плата за професорите, повеќе работни места, хомосексуални бракови, пониска школарина, подобар државен училишен систем, права на жените
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Помалку тешкотии за средната класа
    rnrnИмате ли и вие некоја порака за нашиот актуелен или иден претседател? :)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Незаборавни цитати од незаменливата Одри Хепберн

    Незаборавни цитати од незаменливата Одри Хепберн

    Одри Хепберн (4 мај 1929 – 10 јануари 1993) беше британска актерка и хуманитарка. И покрај тоа што била многу скромна за своите актерски способности, таа се смета за една од најголемите легенди на филмското платно на сите времиња. Хепберн во светот е најпозната како актерка и модна икона на 20-от век, која со својот стил му дала ново значење на зборот гламур и поради тоа сè уште се наоѓа на интернационалната листа на најдобро облечени.rnrnНезаборавни цитати од незаменливата Одри ХепбернrnrnПокрај својата слава на големите екрани и во модната индустрија, многу луѓе долго ќе ја паметат и по нејзините незаборавни цитати. Таа на многу духовит и интересен начин совршено доловува секојдневни и несекојдневни ситуации од животот. Еве еден мал дел од нив во кој сигурно ќе се пронајдете и вие:rn

    „Запомнете, ако некогаш ви е потребна ‘дланка’ за помош, таа се наоѓа на крајот од вашата рака. Како што ќе стареете, не заборавајте дека имате уште една рака. Првата ви е за да си помогнете на себе, втората да им помогнете на другите.“

    rnНема нешто што не можеме да го постигнеме сами. Всушност, кога тоа ќе го направиме на наш начин, без никаква помош – ние се чувствуваме најуспешно и најисполнето. Секако, истото чувство се појавува и кога ќе им помогнеме на другите. Поради тоа трудете се колку што можете повеќе сами да си помагате на себе, но и да бидете несебични кога ќе треба да помогнете на некој друг.rn

    „Мојот живот е многу повеќе од бајка. Имав и потешкотии, но секогаш кога ќе ги надминев, на крајот добивав награда.“

    rnХепберн со овој цитат индиректно ви вели никогаш да не се откажувате. Пробајте животот да го гледате како нешто прекрасно, со голема доза на оптимизам и на тој начин полесно ќе се справувате со проблемите. И не заборавајте дека со секое нивно надминување, ве очекува пријатно и позитивно изненадување.rn

    „Сè што научив во животот – го научив од филмовите.“

    rnНикогаш не потценувајте ја моќта на филмовите и ТВ сериите. Можеби токму последниот филм кој сте го гледале, ви помогнал да сфатите голема животна лекција. Или пак, можеби поради него сте го положиле најтешкиот испит…rnrnНезаборавни цитати од незаменливата Одри Хепбернrn

    „За прекрасни очи – гледајте го доброто кај другите, за прекрасни усни – зборувајте само добри зборови, а за достоинство – движете се знаејќи дека никогаш не сте сами.“

    rnСо овој неверојатен цитат, Хепберн вели дека добрите луѓе се прекрасни луѓе. Понекогаш навистина сè што ви е потребно во моментот и на вас и на оние околу вас е да ги забележите нивните добри особини или пак, да ги пофалите за нешто што направиле… На тој начин со сигурност ќе им го разубавите денот. И секако, никогаш не заборавајте дека некој постојано мисли на вас и дека доколку ви е потребен, доволно е само да му/ѝ кажете.rn

    „Верувам во маникирот. Верувам во дотерување. Верувам во препуштање на задоволството и носење кармин. Верувам во розово. Верувам во бакнување, во многу бакнување. Верувам дека може да се остане силен и во најтешките мигови. Верувам дека среќните девојки се најубави. Верувам дека утре е само уште еден ден и… Верувам во чуда.“

    rnСекој си има свои верувања. Некои се посекојдневни, некои се сосема необични. Но, можеби најважното од сите верувања е верувањето во чудата. Секако, Хепберн не сака да ви каже дека вие не треба ништо да преземете и дека тие „ќе ви паднат од небо“ – туку дека доволно е само да верувате во нив и тие ќе ви помогнат кога ќе ви бидат најпотребни.rn

    „Решив, уште многу одамна, да го прифатам животот безусловно. Никогаш не очекував да направи нешто посебно за мене, но сепак постигнав многу повеќе отколку што се надевав. Скоро секогаш тоа се случуваше кога воопшто не барав.“

    rnПостои едно непишано правило – колку ни се пониски очекувањата, толку повеќе ќе ги надминуваме. Но, тоа не значи дека не треба воопшто да ги имате. На тој начин едноставно нема за што да се борите. Пробајте да бидете умерени во своите планови за иднината и не барајте многу од животот – само така ќе бидете навистина среќни.rnrnНезаборавни цитати од незаменливата Одри Хепбернrn

    „Обожавам луѓе кои ме смеат. Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.“

    rnОвој цитат е и научно потврден. Има многу придобивки од смеењето, и на здравствено ниво и на психолошко ниво. Понекогаш доволна ни е само мала насмевка за да ни „тргне“ денот на подобро. Исто така таа е и најдобриот моден додаток, не ја заборавајте во ниеден момент…rn

    „Јас бев среќна. Можностите не доаѓаат многу често. Затоа кога ќе дојдат, грабнете ги.“

    rnОвој цитат на Хепберн одлично ни го покажува нејзиниот „рецепт“ за успех. Точно е дека можностите не нè следат во секој чекор. Но и кога ќе се отворат, големи се шансите случајно да ги пропуштиме. Поради тоа мора да знаеме како да ги препознаеме. Секогаш држете ги очите широко отворени, бидејќи никогаш не се знае што може да ви донесе животот на наредниот свиок.rn

    „Ако треба да бидам искрена, ќе ви кажам дека сè уште читам бајки. И ги сакам повеќе од сè останато.“

    rnСекој човек треба да гледа на животот барем малку како на бајка. Всушност тоа е на некој начин многу оптимистичен поглед кон светот… И во никој случај не може да биде негативен, баш напротив. Но, немојте да претерувате многу со овој вид оптимизам, бидејќи така може да не забележите многу лоши работи кои можат да ви наштетат.

  • Астрологијата и вашите желби за оваа есен

    Астрологијата и вашите желби за оваа есен

    Конечно се почувствува доаѓањето на есента и како што сите полека се враќаме на работните обврски со полна пареа, температурите почнуваат да опаѓаат и полека почнуваме да ги сумираме впечатоците од изминатово лето, така и новите желби и планови за нашиот живот си дојдоа во пакет. Што очекувате да ви се случи во овој период од годината? Работење на добар проект, среќна љубовна врска, емоционална стабилност или добра забава? Видете што мислат ѕвездите околу ова прашање.Астрологијата и вашите желби за оваа есенОвните се со цело срце и ум насочени кон некој голем проект или нова идеја која може да им ги прошири хоризонтите. Тоа може да вклучува некое подолго патување во странство или започнување ново хоби, кое ќе им го одржува умот активен и ангажиран.rnrnБикот копнее по поголема интимна поврзаност со неговиот партнер, но за да го добие тоа што го сака, мора прво да направи промени кај себеси и сопствените чувства околу некои работи. Претставниците на овој хороскопски знак, исто така се надеваат на подобра финансиска ситуација во блиска иднина, а среќата ќе биде на нивна страна.rnrn Близнаците, како и вообичаено, постојано се премислуваат во врска со тоа дали сакаат нешто или не, но дефинитивно на врвот на нивната листа на желби е градењето цврста љубовна врска. Тие во моментов сакаат здрава, убава љубов, повеќе од сè друго на светот.rnrn Ракот сака да почне да работи нешто, за да почне да се чувствува корисно. Тој исто така, сака да го прошири кругот на пријатели, односно да запознае нови луѓе, кои ќе имаат потенцијал да му станат најдобри другари.rnrn Лавот копнее по забава, возбуда и многу внимание. Поточно кажано, тој сака љубов, љубов и само љубов оваа есен. Едно е сигурно – лавовите ќе ја добијат од луѓето потребната количина љубов, доколку се спремни и самите да ја споделат својата.rnrnДевиците сакаат да внесат среќа и комфор во нивниот дом. Тие ќе се восхитуваат на сè што е доволно елегантно и практично за нивното „гнездо“. Исто така, претставниците на овој знак планираат да започнат да работат на некој креативен проект, врз основа на кој ќе се обидат да  ја „заработат“ почитта од луѓето во нивниот живот.rnrnВагата во овој период од годината ќе очекува малку повеќе нежност и дарежливост од универзумот. Доста ù е од скромни очекувања. Таа сака да почне да го живее животот на висока нога и под нејзини услови!rnrn Скорпијата копнее по чувство на независност и сигурност (финансиска, но и емоционална). Ако доволно се фокусира на својата листа на желби, постои голема веројатност да ги реализира истите.rnrnСтрелецот има многу едноставна и единствена желба – да биде онаков каков што вистински е. Тој едноставно сака да излезе од својот оклоп и да биде бестрашен, самоуверен и бесрамен. Ако се доволно храбри и уверени дека ќе успеат, на стрелците ќе им зачукаат правдата и среќата на врата.rnrnНа јарецот повеќе од сè на светот му е потребно време посветено само за себе. Тој чувствува потреба да се изолира од надворешниот свет и да се затвори во рамките на сопствениот, каде сака да спореди нешто од неговото минато, со сегашната состојба, за да добие подобра претстава за она што му се случува во животот во моментот.rnrn Водолијата во моментов сака да биде опкружена со поголем број пријатели кои ќе ù го освежат животот. Кога размислува на едно идеалистичко ниво, таа сака на некој начин да придонесе општеството во кое живее, да постане подобро место за живеење.rnrn Рибите се во потрага по храброст; потребно им нешто што ќе ги поттурне на патот кон покажување на нивниот вистински талент на виделина. Тие сакаат да добијат признание за вложениот труд и нема да дигнат раце додека тоа не се случи.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да бидете добар обучувач?

    Како да бидете добар обучувач?

    Да се спроведе квалитетна обука не е воопшто лесна работа. Учесниците очекуваат да научат многу од предавањата, а вие не сте сигурни дали ќе успеете да направите сè што е потребно за да ги задоволите нивните потреби, а и своите како обучувач. Затоа облечете нешто удобно, однесувајте се природно и секогаш потпирајте се на следниве техники, кои се од круцијално значење за успешноста на вашето предавање.Како да бидете добар обучувач?.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Пред да започне обуката:

      rn

    • rn

    rnНаправете копии од материјалот за сите учеснициrnrnОбезбедувањето материјали за присутните, пред започнувањето на обуката, е многу важно за успешноста на истата. Учесниците ќе можат многу полесно да го следат предавањето доколку им поделите печатени копии од вашата PowerPoint презентација. Исто така, под или до секој слајд оставете простор за фаќање белешки, каде што учесниците ќе можат да забележуваат некои додатни информации кои ќе ги „уловат“ додека зборувате.rnКако да бидете добар обучувач?Бидете подготвени 30 минути пораноrnrnВклучете го лаптопот, наместете го проекторот, поделете ги копиите и направете ги сите потребни подготовки 30 минути пред да започне обуката. На тој начин, учесниците нема да треба да ве чекаат да започнете со предавањето и да разговараат меѓусебно, што е минус за вас, а и негативно ќе се одрази врз нивната концентрација.rnКако да бидете добар обучувач? После 15 минути непрестајно зборување, устата ќе ви биде сува како Сахара. За да не се случи тоа, имајте постојано чаша вода пред вас и поделете неколку шишиња вода и пластични чаши на масите за сите останати луѓе.rnrnПрашајте ги учесниците какви им се очекувањатаrnrnНеколку дена пред да ја одржите обуката, пратете им имејл на сите учесници во кој ќе ги прашате што очекуваат да научат на предавањата. Нивните одговори може да ви бидат добра насока во подготовката на работниот материјал.rnКако да бидете добар обучувач?Краток тест за ефикасна обукаrnrnНајдете соработник кој ќе им поставува кратки прашања на учесниците во текот на обуката, а кои се во врска со содржината која се предава. Врз основа на одговорите кои ги собрал вашиот колега, ќе дознаете колкави познавања имаат присутните членови на темата и во таа насока ќе го определите нивото на кое треба да предавате.rn. rn

      rn011

    • rn

      Во текот на обуката:

      rn

    • rn

    rnМобилни исклучени, лаптопи затворени!rnrnВниманието на учесниците е најбитно за вашата презентација. За да не се случи некој од нив да пишува смс, да зборува на телефон или да испраќа имејл, понесете една кутија во салата и замолете ги сите да ги исклучат мобилните телефони и да ги остават во неа во текот на часот.rnrnДавајте им паузиrnrnБез разлика колку и да мислите дека е интересна вашата презентација, не можете да очекувате дека некој ќе го држи концентрација да ве слуша два часа без престан. Ако ви е навистина битно учесниците да научат нешто на вашите предавања, давајте им пауза после секои 45 минути предавање. 15 минути е сосема доволно време за да се освежат, да се напијат кафе, да отидат до тоалет и да ги проверат телефоните.rnКако да бидете добар обучувач?Направете го часот интерактивенrnrnСекогаш давајте им можност на учесниците да партиципираат во текот на предавањето. Кога некој од нив ќе постави прашање, веднаш дадете му кратко објаснување, за да продолжи активно да следи што зборувате. Одложувањето на одговорот за крајот на часот, не би било од полза.rn. rn

      rn011

    • rn

      По завршувањето на обуката:

      rn

      rn

    • rn

    rnСпроведете евалуацијаrnrnПоделете им копии со прашања на сите присутни, во врска со нивните впечатоци од спроведената обука. Тоа не мора да биде нешто премногу долго, но знаењето колку учесниците се (не) задоволни од вашата обука, ќе ви помогне да ги коригирате грешките и да го усовршите материјалот за во иднина.rnКако да бидете добар обучувач?Обезбедете им електронска копија од материјалотrnrnИ покрај тоа што на почетокот на обуката на учесниците им поделивте „тврди“ копии од материјалот, во денешно време луѓето сакаат сè да имаат и во електронски облик. Соберете ги имејл адресите на сите партиципанти и испратете им ја презентацијата по завршувањето на предавањето.