КАФЕ ПАУЗА

Tag: очекувања

  • Убијци на љубовта и страста: 4 најголеми проблеми во модерните љубовните врски

    Убијци на љубовта и страста: 4 најголеми проблеми во модерните љубовните врски

    Најголемите проблеми на денешните љубовни врски не вклучуваат пари, ниту пак неверства. Иако бројните истражувања тврдат дека токму овие нешта се главните причини за пукање на голем број врски, изгледа статистиката не ја кажува целата приказна. Погледнете ги следниве 4 проблеми во модерните врски кои имаат моќ да ја уништат врската, но и кои лесно можат да се решат доколку сте свесни дека постојат.rnrnУбијци на љубовта и страста: 4 најголеми проблеми во модерните љубовните врскиrn

    1. Лоша комуникација

    rnШто се подразбира под лоша комуникација? Кога не се слушате едни со други, вие меѓусебно се обвинувате и никогаш не го решавате целосно проблемот. Вие мислите дека партнерот има моќ да ви ги чита мислите или пак, сакате секогаш да сте во право во караниците и не кажувате искрено што ве мачи. Доколку ги правите овие нешта, мора да престанете што побрзо, особено ако сакате да ја зачувате вашата врска.rn

    2. Лоша забава

    rnАко сте престанале да излегувате заедно, со тек на време тоа ќе стане голем проблем. А ако мислите дека под „заедничко време“ се смета и тоа кога двајцата лежите во кревет, но секој се занимава со својот лаптоп, таблет или смартфон, тогаш сте во голема заблуда. Тоа не е квалитетно поминато време. Сетете се на сите оние интересни нешта кои сте ги правеле порано и обидете се повторно да ги вратите во живот.rn

    3. Премалку време

    rnБез разлика колку невозможно ви изгледа тоа, вие мора да пронајдете време еден за друг. Уште подобро ако имате можност секојдневно да го правите тоа. Правете што било заедно, не е многу важно што поточно и колку време. Вечерајте, разговарајте, направете кратка прошетка, излезете со пријателите, вежбајте… Ако преку недела сте презафатени со работа, посветете ги викендите еден на друг. Секој пар кој сака да опстане мора да има свои ритуали и време посветено само за нив.rn

    4. Нереални очекувања

    rnАко искрено сакате вашата врска да успее и да биде исполнета, мора да го сфатите следново – никој не е совршен! Исто така, вашиот партнер може малку да се промени малку за вас, но никогаш нема да се промени целосно. Па, доколку сакате вашата врска да има иднина, тогаш мора да го прифатите онаков каков што навистина е, заедно со добрите и лошите особини. Не постои друга формула за успешна љубовна врска.

  • Зошто момците кои имаат сестра се најдобри партнери?

    Зошто момците кои имаат сестра се најдобри партнери?

    Кога ќе запознаете некое момче, вие најчесто ја забележувате неговата коса, прекрасните очи и неверојатната насмевка. Но, сте се запрашале ли некогаш „Дали тој има сестра?“ Најверојатно не. Секако, тоа не е некоја мисла што веднаш ќе ви падне на памет, но верувајте дека е многу корисна. Момците кои имаат сестра развиваат некои добри квалитети, кои ги користат во врската, а секако ги научиле од своите сестри.rnrn1-zoshto-momcite-koi-imaat-sestra-se-najdobri-partneri-www.kafepauza.mk_rn

    1. Тој знае како да третира дама

    rnМомците кои пораснале со сестра, најверојатно слушале како таа сака да биде третирана од страна на еден маж. Таа најверојатно му има кажано што треба да прави, а што не кога ќе запознае девојка. После слушањето на сите тие приказни, тој ќе научи што очекуваат жените во врската и ќе биде подготвен да се посвети.rnrn2-zoshto-momcite-koi-imaat-sestra-se-najdobri-partneri-www.kafepauza.mk_rn

    2. Тој ги разбира девојките

    rnБидејќи бил опкружен со жени целиот негов живот, тој нема да има нереални очекувања од вас. Тој ќе разбира на пример колку болно може да биде кога сте во менструален циклус. Исто така ќе разбере и дека не може да носите шминка 24/7 и вашата коса да биде постојано средена.rnrn3-zoshto-momcite-koi-imaat-sestra-se-najdobri-partneri-www.kafepauza.mk_rn

    3. Тој бил сведок на скршено срце

    rnАко неговата сестра патела од скршено срце после сериозна врска, тогаш тој знае колку е тешко раскинувањето од женска перспектива. Тој ќе види како неговата сестра се справувала со тоа и каков ефект оставило тоа врз неа. Откако ќе види колку е тешко, тој ќе се погрижи да биде најдобар што може за да не ви се случи истото и вам.rnrn4-zoshto-momcite-koi-imaat-sestra-se-najdobri-partneri-www.kafepauza.mk_rn

    4. Тој ќе ве штити

    rnСигурно сте слушнале дека браќата се однесуваат заштитнички кон својата сестра кога станува збор за момчето со кое таа излегува. Можеби за некои ова звучи чудно, но има некоја вистина во тоа. Момчињата кои се однесуваат заштитнички кон својата сестра, ќе се однесуваат исто така и кон својата девојка. Тие ќе ја заштитат од наметливите момчиња кои ќе се обидат да флертуваат со неа, бидејќи тоа е негов природен инстинкт – да ги заштити оние кои ги сака и за кои се грижи.rnrn5-zoshto-momcite-koi-imaat-sestra-se-najdobri-partneri-www.kafepauza.mk_rn

    5. Тој знае како да зборува со девојки

    rnТој не е еден од оние момчиња кои ќе ви зборува колку време поминал во теретана или колку пива испил за да ве импресионира. Наместо тоа, тој ќе зборува за работи кои двајцата ги сакате, бидејќи знае дека девојките повеќе се заинтересирани за нештата за кои можат и тие да зборуваат.rnrn6-zoshto-momcite-koi-imaat-sestra-se-najdobri-partneri-www.kafepauza.mk_rn

    6. Тој знае колку ви се важни вашите пријателки

    rnТој знае дека девојките имаат тенденција во детали да зборуваат за нивните момчиња со најдобрите пријателки. Тој исто така знае дека за да го освои вашето срце, треба да има одобрение од нивна страна, што ќе го мотивира да остави што е можно подобар впечаток.rnrn7-zoshto-momcite-koi-imaat-sestra-se-najdobri-partneri-www.kafepauza.mk_rn

    7. Тој знае колку време ви е потребно да се подготвите

    rnРастејќи со сестра, тој сигурно чекал долго време пред бањата. Или пак, чекал долго време во трговскиот центар додека таа купувала нешто. Тој ќе ве разбере. На девојките им е потребно долго време за да се подготват кога сакаат да изгледаат убаво, но исто така и кога се во соблекувалната, за да се убедат да не купуваат разни непотребни парчиња. Тој тоа добро го знае.rnrn8-zoshto-momcite-koi-imaat-sestra-se-najdobri-partneri-www.kafepauza.mk_rn

    8. Тој знае кои квалитети да ги побара во една девојка

    rnТој знае како да ја пронајде девојката која е вредна за неговото време, бидејќи неговата сестра го има научено кои девојки треба да ги избегнува. Тој исто така нема да прифати ништо помалку од тоа што му треба, бидејќи знае што сака од една девојка и има реални очекувања.rnrn9-zoshto-momcite-koi-imaat-sestra-se-najdobri-partneri-www.kafepauza.mk_

  • Прво работно место: Очекувања наспроти реалност

    Прво работно место: Очекувања наспроти реалност

    Еден од најсреќните денови на секоја личност е кога конечно ќе успее своето знаење и труд да го претвори во пари. Доколку тој ден конечно пристигнал и за вас, тогаш добро е да ги погледнете следниве неколку нешта со кои неизбежно ќе се соочите. Ние не сакаме да ви ги срушиме соништата, но сепак имајте на ум дека не живеете во филм од Холивуд. Најважното нешто е дека со првата работа вие ќе се здобиете со многу искуства, ќе запознаете голем број интересни луѓе како и дека ќе бидете далеку поподготвени за следните предизвици во вашиот живот.rnrnПрво работно место: Очекувања наспроти реалностrnrnОчекувања: Својата прва плата ќе ја потрошите на сите оние прекрасни и прескапи нешта за кои сте мечтаеле додека сте студирале.rnrnРеалност: Да бидеме искрени, платата која ја добиваат почетниците е далеку од висока. Особено ако сте станале независни и ако сакате да им помогнете на вашите родители. Но, ова не треба да ве обесхрабри. Како што ќе поминува времето, така полека ќе можете да си ги дозволите сите оние нешта кои отсекогаш сте ги посакувале. Патот од 1.000 километри започнува со 1 чекор.rnrnОчекувања: Вашите колеги ќе бидат одлични и згодни момци и девојки.rnrnРеалност: Без разлика на вашето работно место, вие сигурно ќе имате барем еден колега или колешка. Да бевме дел од филмска приказна, оваа личност сигурно би била најдобрата во градот, згодна и прекрасна, богата, со која на почетокот не би се согласувале добро, но во која на крај неизбежно би се заљубиле. И покрај тоа што ова често се случува во филмовите и сериите, реалноста е далеку поинаква. Вие најмногу што можете да очекувате од вашите колеги е дека со тек на време ќе станете добри пријатели.rnrnОчекувања: Конечно заработувате, па веќе не зависите од родителите.rnrnРеалност: Замислете го следново сценарио… Петок. Вие седите во вашиот стан, јадете шпагети и го пропуштате отворањето на новиот клуб само затоа што вашата плата ќе ви пристигне дури за 1 недела. Добро би ви дошол некој денар од мајка ви и татко ви, се согласувате?rnrnОчекувања: Бизнис патувања, состаноци, отмен начин на облека…rnrnРеалност: Еден ден сигурно ќе ги доживеете овие нешта, но не можете да очекувате дека уште од првиот ден на работа ќе ви тече мед и млеко. Вие најпрво мора да стекнете работни навики, искуство, познанства… Токму затоа не се обидувајте да бидете нешто што не сте, па не ги брзајте нештата премногу. Дозволете си тие да се развиваат сами по себе, бидејќи никој не станал успешен преку ноќ.rnrnОчекувања: Ако докажете дека сте подобри од другите, вашиот шеф ќе го запомни тоа и брзо ќе напредувате.rnrnРеалност: Трудот, работата и упорноста се најважните доблести кои можете да ги покажете. Но, немојте да одите на работа исклучиво со идејата да се докажете брзо и врз основа на тоа да добиете награда. На првото работно место вие најпрво само ќе учите и стекнувате навики. Токму затоа и фокусирајте се да ги совладате овие нешта и да научите што е можно повеќе од вашиот ментор. Тие секако ќе го забележат вашиот напредок и труд, кој ќе биде соодветно награден. Доколку претерано се трудите во желбата да бидете забележани, можете да бидете доживеани како иритантни и напорни, а тоа нема никому да му се допадне.

  • Поради овие причини реалната љубов се разликува од нашите очекувања

    Поради овие причини реалната љубов се разликува од нашите очекувања

    Реалноста на љубовта не се состои само во чувствата, кои се развиваат спонтано, но исто така и се гасат. Ние треба да го одржуваме тој однос, кој вклучува и лоши периоди, соочување со погрешни мислења и постојано поддржување на партнерот за кој искрено се грижиме.rnrnЉубовта не доаѓа сама, како некоја сила која може да ги реши сите работи, освен на самиот почеток. А кога таа ќе го изврши својот идеалистички дел од работата, мораме со сопствени сили да се соочиме со реалноста. Често ја немаме таа сила, па мислиме дека сме погрешиле, дека сме ја сакале погрешната личност и дека следниот пат ќе биде подобро. Но, следниот пат ќе го полагаме истиот испит на кој веќе сме паднале.rnrn1-poradi-ovie-prichini-realnata-ljubov-se-razlikuva-od-nashite-ochekuvanja-www.kafepauza.mk_rn

    1. Не ни се допаѓа она што го гледаме околу нас

    rnНабљудувајќи ги нашите родители и сите останати парови во нашето опкружување, заклучуваме дека тоа не е вистинското нешто, дека всушност меѓу нив нема вистинска љубов. Љубовта не треба да биде она што го гледаме – напнување, карање, компромиси, периоди на оддалечување, недоразбирања, повредување. Воопшто не ни се допаѓа она што го гледаме и заклучуваме дека тоа не е љубов.rnrnНие не сме во состојба да разбереме зошто луѓето не можат да се снајдат во својата врска и зошто сепак остануваат заедно кога пропаѓаат во своите обиди и борби. Не земаме предвид дека тие започнале заљубени и понесени од нивните емоции и дека никогаш не ги научиле потребните вештини за одржување на односот и продлабочување на блискоста, бидејќи верувале дека љубовта може да ја исправи секоја неправилност и да ја пополни секоја пукнатина. Но, за љубовта да стане толку силен градежен материјал потребно е многу практична и напорна работа, а тоа е она што не го гледаме во односите помеѓу другите.rn

    2. Ги пронаоѓаме нашите идоли во литературата и филмовите

    rnКога не ни се допаѓа реалноста, го бараме она што е по наша мерка во креативната околина наместо во реалниот свет, во приказните за голема љубов, во среќните краеви и шаблони кои ги прифаќаме како идеали. И токму со нив ја мериме реалноста. Но километрите не можеме да ги измериме со домашна вага. За мерење на реалноста потребни се соодветните мерни единици, како што се: разбирање, прифаќање, прилагодување, отвореност и ранливост во однос на партнерот, како и грижа кон него, но и кон себе.rn

    3. Мислиме дека ќе можеме подобро од другите

    rnИ можеме, ако ги развиеме соодветните вештини, ако се описмениме емотивно и започнеме да живееме во реалноста и практиката. Затоа најпрво треба да ги искусиме грешките и неуспехот, баш како и сите други.rnrn2-poradi-ovie-prichini-realnata-ljubov-se-razlikuva-od-nashite-ochekuvanja-www.kafepauza.mk_rn

    4. Не го наоѓаме во другите она што го немаме во себе

    rnЕдна мудрост вели дека треба да го дадеме на другите она што нам ни треба најмногу, бидејќи само така ќе го имаме во изобилство, а тоа е начинот за да ги нарачаме специјалитетите од космичката кујна на нашата трпеза. А ние се однесуваме потполно обратно – го бараме во другите она што нас ни недостига, што го немаме во себе и што мислиме дека може да го примаме и да го вградиме во себе, ако некој тоа ни го пружи. Работите едноставно не одат така. Тоа е фокусирање на немањето, кое води до очај, а ниту еден очај во љубовта не пронашол нешто друго освен очај.rn

    5. Не очекуваме дека треба да се промениме

    rnНашето его не прави ништо кога некој друг се менува со цел да се прилагоди на нас, но кога истото се очекува од нас, односно кога ние треба да направиме промена, сè во нас се побунува и прави воен распоред. Спремни сме да се браниме. Мислиме дека е нелогично. Зошто ние да се менуваме? Освен ако не поради тоа што промената е закон на животот во кој нема дупка низ која би ги впериле нашите пушки за одбрана и би пукале.rnrn Љубовта не е борба, туку преговарање. Правење отстапки. Броење до десет и преземање одговорност. Слушање и сфаќање. Решавање на проблемите без насилство, огорченост, омаловажување и бес. Ставање на заедништвото пред сопствените убедувања и наредувања од околината. А промената за која не сакаме да знаеме се нарекува созревање.

  • 10 нешта кои треба да ги знаете доколку започнете врска со девојка која долго време била сингл

    10 нешта кои треба да ги знаете доколку започнете врска со девојка која долго време била сингл

    Доколку сте започнале љубовна врска со девојка која подолго време била сингл, тогаш треба да знаете неколку нешта доколку сакате да го одржите вашиот однос. Најпрво, треба да бидете трпеливи затоа што таа е навикната на сосема различен живот. Од друга страна, ако навистина ѝ се допаѓате таа ќе направи сè за да ве задржи покрај себе, па не се плашете доколку ви настапи малку погрубо од она на што сте навикнати…rnrn10 нешта кои треба да ги знаете доколку започнете врска со девојка која долго време била синглrnrnПогледнете ги следниве 10 нешта кои можете да ги очекувате од девојка која долго време била сингл…rnrn1. Тaa спиe на целиот кревет. Токму затоа подгответе се да бидете истуркани на самиот раб бидејќи тие едноставно не се навикнати да го делат својот кревет. И покрај тоа што многу сакаат да се прегрнуваат, тие уште повеќе сакаат да се протегнуваат.rnrn2. Нејзиниот избор на долна облека може да е малку чуден. Кога тие чувствуваат дека ќе бидат дел од потенцијална долготрајна врска, не се плашат да инвестираат во чипка која може да ги полуди сите момци.rnrn3. Таа има голем апетит. И покрај тоа што не се навикнати да ја делат својата храна, а уште помалку својот десерт, сепак се трудат најдобро што можат, па токму тоа и треба да го цените.rnrn4. Нејзиното семејство не знае ништо за вас. Бидејќи ако им спомнат било што, тие ќе бидат толку многу возбудени што нема да се смират додека не ги дознаат сите детали за вас. Токму затоа, сега за сега, полесно им е да ги чуваат работите во тајност.rnrn5. Но, нејзините пријатели знаат сè. Тие се толку возбудени што едноставно морале да ја споделат оваа новост со нивните пријатели, притоа анализирајќи го заедно секое ваше движење…rnrn6. Таа понекогаш знае да игра топло – ладно. Едноставно потребно им е малку време да сфатат како тие самите функционираат во врските, па токму затоа не се нервирајте доколку нивното расположение ненадејно и без никаква причина се менува.rnrn7. Таа е многу зафатена. Бидејќи немале друга личност покрај себе, тие се навикнати да одржуваат густ социјален календар, па токму затоа ќе им биде потребно малку време да го намалат своето присуство на сите можни настани во градот и пошироко.rnrn8. Љубовните состаноци во недела вечер се совршени за неа. Наместо да лежат на својот кауч, со ужасен мамурлак, тие многу повеќе би сакале да го поминат ова слободно време со вас.rnrn9. Нејзините пријателки сигурно многу ве осудуваат. Најверојатно тие немаат ништо лично против вас, туку едноставно реагираат по навика поради сите оние лоши момци кои нивната пријателка ги запознала во минатото. Оставете им малку време да се навикнат на вас и работите брзо ќе се подобрат…rnrn10.  Има ниска толеранција. Тие поминале низ многу лоши врски, како и низ многу осамени денови, па токму затоа доколку си играте со нив, тие ќе го почувствуваат тоа во истиот момент и големи се шансите дека никогаш повеќе нема да ги видите.

  • 6 знаци дека таа очекува да ја запросите

    6 знаци дека таа очекува да ја запросите

    Ако сте во врска со девојка со која можете да ја замислите својата иднина, тогаш постои голема веројатност дека и таа на истиот начин гледа на вас. Ако сака таа иднина да ја обезбеди преку стапување во брак, овие шест знаци ќе ви укажат на тоа дека таа е спремна на таков чекор и чека да ја побарате за жена.rnrn6 знаци дека таа очекува да ја запроситеrn

    1. Сака да зборува за заедничката иднина

    rnКога зборува за идните планови не кажува што таа ќе направи, туку што вие ќе направите. Очигледно дека не мисли да се одвои од вас. Ако зборува за заеднички одмор по пет години или ви кажува каков тип на дневна соба сака во истиот период, таа веќе ви дава знак.rn

    2. Зборува за деца

    rnНе за децата на сестрите и другарките и каква тетка е, туку за деца кои таа сака да ги роди. Девојките кои се спремни да бидат мајки честопати зборуваат за тоа какви деца сакаат да имаат, какви имиња ќе им стават или каков татко би бил нивниот партнер.rn

    3. Иницира фамилијарни дружења

    rnСака да се дружи со вашето семејство и се труди добро да се сложува со нив. Истовремено се обидува да ве направи што е можно поблизок со нејзиното семејство и покажува колку ѝ значи тоа што работите на ова поле одат мазно.rn

    4. Зборува за свадби

    rnНе само што сака да оди по свадби, туку постојано има мислење и за тоа како ќе изгледа секој детаљ од нејзината. Знае каков фустан сака, каква музика треба да се свири и сл. Можете да бидете сигурни дека вие сте најважниот детаљ во нејзината фантазија.rn

    5. Постојано сте опкружени со брачни парови

    rnТаа ужива да се дружи со брачни парови и да разговара на темите кои ним им се интересни и сака да биде како нив. Можеби и нема избор затоа што повеќето од другарките веќе се омажиле, но и во таков случај сигурно мисли на брак со оглед на притисокот кој го трпи од нив.rn

    6. Нејзината сестра или другарка „невнимателно“ ви дава знаци

    rnАко таа очекува да клекнете на колена и да ја побарате за жена, сигурно за тоа веќе има зборувано со сестра ѝ или со најдобрата другарка. Тие онака „невнимателно“ ќе ви дадат по некој знак за нејзините очекувања или ќе почнат да ве задеваат за тоа кога конечно ќе се земете. Можете да бидете сигурни дека и вашата девојка стои зад тоа и очекува да ја запросите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Што нема да најдете во една продуктивна канцеларија?

    Што нема да најдете во една продуктивна канцеларија?

    Ако порано единственото нешто што се барало од работниците било вложување максимален труд, бројни часови минати на работа и ставање акцент единствено на продуктивноста, денес за среќа работите се менуваат. Модерните и современи менаџери сè повеќе обрнуваат внимание на креативниот процес во работата, кој пак загарантирано резултира со поголема продуктивност, но и поголема љубов кон она што вработените го прават.rnrnСекој сака продуктивно и исполнето работно место каде вработените вложуваат труд, но и креативни решенија за работата. Доколку сакате да се подобрите во овој аспект од работата, имајте ги на ум овие нешта на кои мора да внимавате. Ова се нештата кои нема да ги најдете во една продуктивна и исполнета работна средина.rnrnШто нема да најдете во една продуктивна канцеларија?rn

    Притисок

    rnКако што веќе рековме, времињата се менуваат. Вработените не се веќе марионетки кои мора максимално да се вложуваат себеси секој ден од 8 до 4. Доколку сакате успешно да менаџирате, ослободете ги од овој притисок. Секако, работната дисциплина е на прво место и никој не смее да ескивира од дадените работни задачи, но намалете го притисокот и умешно вметнете поголема слобода во работењето.rn

    Нереални очекувања

    rnКога имате пред вас група вработени, не ги гледајте како компјутери туку како личности со комплексна психологија од кои не можете да очекувате да се однесуваат совршено или да постигнат работи кои не се реални. Доколку им наметнете нереални очекувања, вработените нема да знаат кон што точно да се стремат. Не си задавајте преголеми залаци, не барајте од нив да се вклучат на некаква норма. Обрнете внимание на квалитетот наспроти квантитетот.rn

    Неплански делувања

    rnДобрите менаџери, а и вработените секогаш се раководат според некаков план. Доколку не планирате се губите во морето од можности и задачи. Многу е полесно кога ќе се насочите кон одредена цел или идеја. Во продуктивна и успешна работна средина, планското работење е неизбежно. Затоа започнете ја секоја работна недела со неделен план.rn

    Групна оценка

    rnУспешната работа во групи и тимови е важна за секој работодавач, но само успешните менаџери знаат да ги издвојуваат сите вработени поединечно според нивните уникатни вештини и способности. Не секој има талент за сè и не се сите исти. Избегнете презентирање на резултатите и работата во групи, така лесно ќе се изгубат одредени вработени кои немаат доволно храброст да се истакнат меѓу другите и уште полесно ќе се разочараат гледајќи како нивниот квалитет се губи некаде во тимот, па ќе престанат да вложуваат толку. Тимската работа е важна, но обрнувајте внимание на секоја индивидуа поединечно.rn

    Мултитаскинг

    rnИскусните менаџери никогаш не ги мотивираат своите вработени да се фокусираат на повеќе работи истовремено, туку квалитетно да се насочат кон тоа што во моментот е примарно.rn

    Прекинување и деконцентрација

    rnВо една продуктивна работна средина не се слуша звукот на известувањето за пристигнат мејл, ниту пак гласното зборување на телефон на колегите. Никој не е должен да трпи нешто што му го одзема фокусот од работата.rn

    Забрана за долги паузи

    rnСтарото работно правило е да се прават кратки и исклучиво неопходни паузи. Но, да се навратиме на идејата за модерното работење и слободниот процес на креативност во работата. Паузите се неопходни. Оставете ги вработените да се напијат кафе, да излезат на воздух, да прочитаат весник. Доколку мислите дека некој може да биде максимално сконцентриран подолго од 2 часа, се лажете.rn

    Забрана за кратење на работното време

    rnСлободно организирајте турнир во фудбал на пример, кој во одредени денови би им овозможил на вашите вработени да го напуштат работното место еден час порано. Така не губите, така добивате.rn

    Забрана за флексибилни работни часови и работа од дома

    rnРаботното време од 8 до 4 на пример, не значи задолжително дека е најпродуктивното работно време за секого. Доколку процените дека некој од вработените би бил попродуктивен навечер, а доколку вашата фирма го дозволува тоа, оставете дел од работата да ја заврши од дома, наместо принудно да седи на работното место.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 нешта кои не би требало да ги очекувате од луѓето околу вас

    6 нешта кои не би требало да ги очекувате од луѓето околу вас

    Кога очекувате нешто од некого, најчесто останувате разочарани. Личноста можеби и го исполнила очекуваното, но не на начинот на кој вие сте го замислиле или посакувале тоа, а можеби и се случило сосема спротивното. Во секој случај, вие сте разочарани, а тогаш чувствувате сѐ освен среќа, задоволство и исполнетост. А нели би било поубаво кога би постоело начин тоа разочарување да се минимизира и во идеален случај да се елиминира?rnrn6-neshta-koi-ne-bi-trebalo-da-gi-ochekuvate-od-lugjeto-okolu-vas-kafepauza.mkrnrnЕдинственото нешто кое можете да го направите доколку не сакате да се разочарате е да престанете да очекувате луѓето да направат некои работи или да се такви какви што вие ги имате замислено. Една работа која е пожелно да ја имате на ум е тоа дека секој функционира на свој начин и не би требало од никој да барате да го смени тоа. Со оглед на ова, очекувањата кои ги имате не ви се поддржани ниту, пак, оправдани. Бидете подготвени на сѐ и сешто од секого и помирете се со фактот дека она што вие го давате не секогаш е она што го добивате.rn

    1. Не очекувајте да ве почитуваат доколку вие самите не се почитувате себеси и другите, па ни тогаш

    rnОдносот кој вие го имате самите кон себе е неверојатно важен. Сликата која вие ја претставувате е онаа преку која луѓето комуницираат со вас, која ги привлекува или одбива. Ако вие не се почитувате себеси тогаш зошто воопшто и би помислиле дека другите ќе го прават тоа? Сакајте се и почитувајте се себеси такви какви што сте и на другите ќе им биде многу полесно да го направат тоа. Исто така, доколку вие почитувате некого не мора да значи дека таа личност ќе ве почитува вас. Не очекувајте почит од никого, но доколку ја добиете тогаш тоа е само позитивно.rn

    2. Не очекувајте луѓето да знаат што размислувате

    rnАко сакате некој да знае нешто, кажете му го тоа. Јасно и гласно. Никој не може да ги прочита вашите мисли. Па наместо да очекувате дека тоа сепак ќе се случи, скратете си ги маките и на себе и на другите и искажувајте ги вашите ставови. Така поедноставно ќе им биде на сите да ги пресретнат вашите желби и барања, што не би било случај кога би губеле време на објаснување што, зошто и како. Вака си заштедувате многу време, нерви и недоразбирања како на себе, така и на другите.rnrn(1)-6-neshta-koi-ne-bi-trebalo-da-gi-ochekuvate-od-lugjeto-okolu-vas-kafepauza.mkrn

    3. Не очекувајте други да ве направат среќни

    rnВашата среќа е само ваша одговорност. Вие сами одлучувате што ве прави среќни и што сакате од животот, а кога имате зацртани цели тогаш е многу полесно истите да ги достигнете. Не можете да се потпирате на идејата дека некој друг наместо вас ќе го направи потребното за вие да бидете среќни. А уште помалку да го очекувате тоа од некого. На крајот на краиштата, среќата доаѓа само тогаш кога знаете дека самите сте направиле сѐ што е во ваша моќ да постигнете нешто. Затоа пронајдете што ве прави среќни и дозволете си себеси да уживате во тоа.rn

    4. Престанете да се потпирате на другите кога станува збор за вашето добро

    rnМоментот кога станувате зависни од некој друг да се грижи за вас, вие престанувате да се грижите самите за себе. Што ќе се случи кога таа личност ќе престане да го прави тоа или веќе нема да биде во можност да биде тука за вас? Престанете да очекувате дека некој секогаш ќе се грижи за вас. Потребно е самите да се погрижите за себе, за вашите потреби и желби. Мора да сте способни самите да го правите тоа бидејќи во спротивно постојано ќе бидете во исчекување и очекување на другите да ве стават вас на прво место и да се погрижат вас да ви биде добро. Никој не треба да има поголема контрола врз вас од самите вие.rnrn(2)-6-neshta-koi-ne-bi-trebalo-da-gi-ochekuvate-od-lugjeto-okolu-vas-kafepauza.mkrn

    5. Не очекувајте дека луѓето секогаш ќе бидат добро

    rnКога ќе се навикнеме на некој секогаш да биде насмеан и среќен, многу е тешко да прифатиме дека постојат моменти кога не е. Но ние не сме секогаш со таа личност и не можеме да знаеме низ што сѐ поминува ниту, пак, зошто се чувствува како што се чувствува во некој момент. Тогаш зошто воопшто би очекувале секогаш да биде расположена и среќна? Како и самите ние, секој се соочува со некои свои работи. Некогаш луѓето се среќни, некогаш се тажни, некогаш опуштени и насмеани, некогаш загрижени и намуртени. Бидете подготвени на секакво расположение и однесување, но немојте веднаш да судите и донесувате одлуки базирани на одредени моменти. Секој има причина и право да се чувствува и однесува како што сака и има потреба.rn

    6. Престанете да очекувате луѓето да ги исполнат вашите очекувања за тоа кои се и што се

    rnПосакувајте подобри верзии од луѓето, но не очекувајте дека тоа и ќе се случи. Луѓето се тие што се, а карактери се менуваат многу тешко. Наместо да очекувате дека ќе се сменат и ќе ги задоволат вашите идеи за тоа какви треба да бидат, обидете се да ги прифатите какви што се. Неверојатно непријатно и тешко е и за двете страни кога едната чувствува потреба да се прилагоди на очекувањата од другата. На крајот најчесто тоа не се ни случува. Бидете тие што сте и не очекувајте од другите ништо помалку ни повеќе од тоа. Бидејќи веројатноста е дека ни тогаш не би ви се допаѓале.rnrnВклопувањето во нечиј круг на очекувања е многу комплицирана работа. Може да предизвика многу расправии и недоразбирања кои знаат да имаат непосакувани последици и за двете страни. Следниот пат подобро размислете. Дали сте се запрашале воопшто што тоа барате од некого? Дали сте свесни кои се вашите очекувања и дали најпрво вие самите ги исполнувате? Обидете се да се ставите во нечија кожа пред да поставите некакви очекувања пред таа личност. И никогаш не очекувајте другите да го направат она што можеби ни вие самите не го правите.

  • Колку сме НАВИСТИНА отворени за промени?

    Колку сме НАВИСТИНА отворени за промени?

    Автор: Калин БабушкуrnrnИако сме сите свесни дека промените се случуваат околу нас и дека се нешто од што не можеме да избегаме, мислам дека луѓето не се подготвени за промени. Имајќи го тоа предвид, можеме едноставно да ги поделиме луѓето во две групи:rn

      rn011

    • Луѓе кои се отворени кон промени и
    • rn011

    • Луѓе кои не се отворени кон промени
    • rn

    rnkolku-sme-navistina-otvoreni-za-promeni-kafepauza.mkrnrnНемојте да пробувате да се најдете во некоја од овие две групи, затоа што сите ние би сакале да припаѓаме на првата група. Па, кого било да прашате, ќе ви каже дека е отворен за промени.rnrnПрашањето е колку сме НАВИСТИНА отворени за промени. Колку сме свесни за тоа и колку не сме свесни за тоа дека промените се потребни. Еве ви неколку совети – како да станете свесни за промените и да прифатите дека промените мора да се случуваат, ако сакате да напредувате лично и професионално:rnrnРазберете веќе еднаш дека промените нон-стоп ќе се случуваат – Ова е првата и најважна работа и кога ќе го прифатите ова, сè друго ќе ви биде полесно.rnrnНекои промени нема да бидат баш пријатни – И ова е дел од промените, но затоа нашите предци нашле решение и за ова, па рекле: секое лошо за добро е.rnrnНамалете ги очекувањата – Доколку вие ја правите промената, немојте да поставувате многу високи очекувања. Немојте тоа да го правите, затоа што ако не ги остварите, тогаш секоја нова промена ќе ви биде со големи стравови.rnrnУчете од секоја промена – Учете од сопствените, но и од промените кај другите околу вас. Секоја научена и прифатена промена ве прави посилни при новите промени.rnrnЗнајте кога да ги прифатите промените, а кога да не ги прифатите – Со тек на време станувате сè поискусни и ќе знаете кога ќе донесете вистинска одлука.rnrnОпуштете се – Земете воздух… избројте до 100 (не знам дали помага, но штом толку многу го споменуваат, мора да помага). Вежбајте… ако сте опуштени тоа ќе ви овозможи полесно да се справите со промените.rnrnБидете подготвени – Доколку знаете дека некоја промена ќе се случи, би било паметно да бидете подготвени.rnrnЗабележете ги знаците – Промените не доаѓаат туку така. Мора да има некои знаци кои ќе навестат дека ќе има промена, па пробајте да видите.rnrnСекоја промена носи нови работи – Бидете подготвени дека ќе треба да живеете нов живот, да работите на нов начин и ред други работи, па затоа дајте си време да се навикнете на новиот начин.rnrnКако што можете да видите, промените не се случуваат туку така. Ние сме тие што ги правиме, но понекогаш не сме свесни дека ние ги правиме. Но и да не ги правиме ние, промените имаат огромно влијание врз сите нас индивидуално или групно.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку е тешко да ги остварите вашите соништа?

    Колку е тешко да ги остварите вашите соништа?

    Кога мислите дека сте далеку од остварувањето на некоја ваша животна цел, како на пример наоѓање на добар партнер или работа од соништата, веројатноста е голема дека ќе бидете под стрес и ќе се чувствувате беспомошно. Потоа ќе помислите како вашите пријатели или членови на семејството го имаат сето тоа што вие го посакувате. Вашиот заклучок би бил дека животот не е фер, а вашата самодоверба ќе го достигне дното, бидејќи перцепцијата што ќе ја имате самите за себе е човек кој нема ништо и е осуден на неуспех.rnrnКолку е тешко да ги остварите вашите соништа?rnrnЗа жал, она што не го гледате е дека вашето мислење за себе и за вашата ситуација ни најмалку не е точно. Негативните мисли ве затвораат во негативен круг кој постојано го оптоварува вашиот мозок и не прекинува. Она што се случува е повторување на сите негативни шеми, а со тоа и минимизирање на вашата вредност како личности. Вие одбирате да се фокусирате на негативностите во вашиот живот, а да ги минимизирате сите позитивни аспекти. Па така одбирате да не бидете благодарни за сето она што го имате, да не се гордеете со сè она што сте го постигнале како и со тешките ситуации со кои успешно сте се справиле.rnrnКога се соочувате со фрустрација и притисок поради остварување на некоја цел, првичната реакција на мозокот е панични обиди да се најде решение на ситуацијата, бегање од проблемот или помирување со беспомошноста и немоќноста да се влијае. Токму такво справување со проблемите е она што треба да го избегнете.rnrnСтремежот кон остварување на нашите соништа може да придонесе за многу стрес. Да, јасно е дека треба да имаме цели, да се стремиме кон нешто, да знаеме каде се движиме, но кога поставувањето цели почнува да влијае негативно на нас? Како да се справите со тешката ситуација, да ја вратите самодовербата, а со тоа да ги остварите вашите очекувања чувствувајќи се добро самите за себе?rn

    Променете ги вашите очекувања

    rnЖивотот не е филм во кој 20-и-нешто годишниците живеат во луксузни станови, имаат совршена врска, пари, полн гардаробер и работа од соништата. Нашите очекувања за самите себе најчесто се навистина големи и нереални, затоа не јадосувајте се бидејќи животот „по дефиниција“ не ни треба да биде совршен. Тоа што сте мајка, а немате совршена шминка и фризура 24/7, ниту пак можете лесно да врзете крај со крај од сите обврски што ги имате, не значи дека вашиот живот е тотален неуспех. Да, треба да бидете успешни и да се стремите кон големи работи, но не поставувајте си нереални очекувања. Дајте си простор за други опции.rnrnКолку е тешко да ги остварите вашите соништа?rn

    Променете го пристапот кон нештата

    rnЕдна позната изрека вели дека дефиницијата за лудило е правење на истата работа пак и пак, очекувајќи различни резултати. Секако, постојат ситуации кога вреди да се обидувате и да бидете упорни. Всушност, упорноста е една од најдобрите човечки карактеристики. Но што се случува кога е јасно дека добивате негативен фидбек и дека си го трошите времето залудно? Тоа веќе не е упорност туку одење со главата во ѕид. Некогаш подобрата опција е да отстапите за момент, да размислите со ладна глава и да го промените методот, пристапот или пак целта.rn

    Променете ги вашите цели


    rn

    „Не е најсилен ниту најинтелигентен оној ќе преживее, туку оној кој успешно ќе излезе на крај со промените.“ – Чарлс Дарвин

    rnМожеби стоите цврсто до идејата за она што би ве направило среќни, како на пример промена на работното место или основање на сопствена фирма. Но животот не можете прецизно да го планирате ниту пак би можеле да ги предвидите сите можни ситуации и препреки кои би ви излегле на патот. Со тек на време може да ви стане јасно дека цврстото држење до одредена цел само ве уназадува и бесцелно ви ја троши енергијата. Најтешко е прифаќањето на реалноста која ви вели дека вашата цел едноставно не е достижна во моментот.rnrnКолку е тешко да ги остварите вашите соништа?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.