КАФЕ ПАУЗА

Tag: очекувања

  • 9 правила по кои се води вистинската жена

    9 правила по кои се води вистинската жена

    Општеството честопати создава голем притисок врз жените, бидејќи од нив се очекува да бидат мајки, сопруги, ќерки, пријателки, шефови… Овие барања можат да ја скршат жената и затоа таа треба да заборави на нив. Од таа причина, постојат 9 златни правила кои секоја вистинска жена ги почитува и кои би можеле да ви го сменат животот, но и вашата перцепција за самите себе.rnrn9 правила по кои се води вистинската женаrn

    1. Вистинската жена не ја брка среќата

    rnПотрагата по среќата е најпопуларната и најглупавата занимација што може да постои. Сите ние постојано се стремиме кон подобра иднина, подобро утре, наредна година… Вистинската жена го игнорира сето ова. Таа живее во сегашноста.rn

    2. Сегашниот момент е најинтересен и најважен за неа

    rnСекако дека таа има планови за иднината, но никогаш нема да го чека утрешниот ден. Таа живее денес. Таа знае дека речениците како „Кога ќе ослабам…“ и „Кога ќе го запознам вистинскиот…“ не се доволна причина за залудно да си го троши животот.rn

    3. Привилегија е да се биде вистинска жена и таа тоа добро го разбира

    rnТаа го почитува и цени фактот што е родена како жена. Да се биде жена не значи само да се однесуваш како жена. Таа го знае и го чувствува тоа. Да се биде вистинска жена за неа не претставува кошмар, туку подарок. Таа ја негува нејзината женственост на секое ниво: Внатрешно (емоции, чувства, мисли) и надворешно (тело, облека, однесување).rnrn9 правила по кои се води вистинската женаrn

    4. Таа има свое темпо на живеење

    rnКога животното темпо е премногу бавно, не можеме да уживаме во него. Кога е премногу брзо, немаме време за да уживаме. Секој од нас си има свое темпо на живеење. Вистинската жена го чувствува тоа и живее во хармонија со него. Таа ги организира настаните во нејзиниот живот онака како што нејзе ѝ одговара, и таа го одредува темпото на околностите. Вистинската жена живее со цел да ги оствари нејзините желби и да не го изгуби апетитот за животот. Таа многу добро го разбира значењето и причината за нејзиното однесување во секоја можна ситуација.rn

    5. Секогаш се става себеси на прво место

    rnТоа не значи дека таа е себична, нечувствителна, рамнодушна или цинична. Таа знае дека зад прекумерната желба на луѓето да се мешаат во туѓите проблеми, лежи стравот да се живее сопствениот живот. За разлика од нив, таа се интересира само за нејзиниот живот. Никогаш не заборава дека личниот простор е бесценет. И покрај тоа, таа е способна да даде поддршка, помош и да сочувствува со другите. Таа никогаш не вели „да“ ако нејзиното срце вели „не“ и секогаш се слуша себеси и верува во сопствените чувства.rn

    6. Таа нема потреба да ги исполнува очекувањата на другите

    rnСекое девојче уште во детството добива листа на работи кои се очекуваат од неа од родителите, наставниците, соседите, роднините, пријателите и колегите. Жените го посветуваат целиот свој живот на тоа да ги исполнат сите работи од овие листи. Вистинската жена нема потреба од тоа. Вистинската жена има свои животни цели: Таа самата ги создава и ги достигнува. Доколку нејзините цели не се согласуваат со општествените стандарди, тоа не е нејзин проблем. Таа им дозволува на другите да ја проценуваат онака како што сакаат, бидејќи знае дека е невозможно на сите да им се допаѓа. Вистинската жена работи на себе, но никогаш не го прави тоа за да добие нечие одобрување. Таа го прави тоа затоа што се сака себеси.rnrn9 правила по кои се води вистинската женаrn

    7. Нема потреба од тоа да биде „добра девојка“

    rn„Добрата девојка“ е ќерка која има само една задача: Да биде доволно добра и послушна за да добие одобрување, дури и ако нејзините желби се целосно спротивни. „Добрата девојка“ живее или според принципот „Јас треба“ или според принципот „Јас не треба“. Таа ретко се прашува себеси што навистина сака таа. Вистинската жена ја има оставено нејзината внатрешна „добра девојка“ во минатото, како и постојаната потрага по одобрување и пофалби. Таа не ги игнорира туѓите мислења за неа, туку едноставно не чувствува потреба да им докажува нешто на другите, особено не ако тоа не е во согласност со нејзините интереси. Таа не им обрнува многу внимание на нејзините недостатоци. Вистинската жена е свесна за нив, но не драматизира поради тоа. Не се обидува да ги скрие, но истовремено не ги ни покажува на целиот свет.rn

    8. Осаменоста за неа претставува подарок

    rnВистинската жена го сака и го цени времето кога е сама. Таа не се обидува да внесе непотребни луѓе во нејзиниот живот само за да не се чувствува осамено. Добро е да се поминува време со самата себе. Таа тоа го гледа како можност да го исполни животот со мир и значење.rn

    9. Таа е задоволна од своите години. Секогаш.

    rnВистинската жена ги искористува нејзините години. Таа никогаш не смета дека е предоцна или прерано да се направи нешто, било да се работи за нејзините 20-ти или 60-ти години. Таа смета дека спротивното размислување служи само како изговор за оние кои ги користат годините за да ги скријат сопствените стравови или внатрешни ограничувања. Вистинската жена може да направи сѐ на која било возраст. Затоа таа никогаш не се кае за работите што немала време да ги направи. Таа сѐ уште може да ги направи! Тоа не значи дека таа не се грижи за себеси и не се обидува да изгледа добро. Едноставно не се преправа дека е 20 години помлада ниту со нејзиниот изглед, ниту со нејзиното однесување. Таа знае дека секоја возраст има своја убавина, сексуалност и шарм.

  • Иднината е само една авантура, па затоа храбро и радосно дочекајте ја

    Иднината е само една авантура, па затоа храбро и радосно дочекајте ја

    Размислувањето за иднината може да ве држи до доцна во ноќта, да ве направи анксиозни и несигурни бидејќи понекогаш изгледа страшно. Особено кога не знаеме како да се подготвиме за непознатото. Целиот наш живот нѐ учат дека треба да бидеме спремни за наредните фази и поглавја од нашите животни приказни. Во основно училиште се спремаме за во средно, а од средно за на факултет. И во оној момент кога и тоа е готово, се подготвуваме за сѐ она што понатаму нѐ очекува и ќе ни застане на патот.rnrnИднината е само една авантура, па затоа храбро и радосно дочекајте јаrnrnГо третираме животот како да е авион пред уривање, воз пред судир или вртелешка пред паѓање. Ја корнеме косата и ја стегаме вилицата, секогаш спремни или за борба или за бегство. Никогаш не запираме пред да се соочиме со најлошото и никогаш не престануваме да се нервираме за „што би било кога би било“. Секогаш сме анксиозни, чекајќи ги новите предизвици.rnrnЛесно е да се чувствувате исплашено кога цел живот ве учат за бомбите кои доаѓаат кон вас. Но, некаде по патот, ќе се изморите од изгризените нокти, нападите на паника и несоницата. Затоа, да престанеме да се обидуваме да го контролираме својот живот.rnrnДа се тресеме во темнината и да се плашиме од силните звуци. Треба да прифатиме дека иднината не е големо, страшно суштество кое се подготвува за напад. Нашата иднина ќе биде она што сакаме да биде. И да, можеби е непозната, но зошто тоа непознато да не биде прекрасно и возбудливо?rnrnСе разбира дека ќе се соочиме со непријатни настани кои ќе нѐ соборат, но ние избираме како ќе реагираме на нив и како ќе се исправиме повторно на нозе. Ние имаме контрола врз своите чувства, независно што и да се случи.rnrnДа бидеме возбудени и нетрпеливи за нашата иднина, наместо да се криеме од неа. Да ги прославиме новите денови, новите почетоци и искуства кои ни стојат на патот. Да прославиме заедно со луѓето кои ги сакаме и оние кои допрва ќе ги запознаеме, да ја почувствуваме љубовта и пријателството. Нашата иднина е авантура и започнува токму сега.rnrnДа престанеме да ги затвораме очите на светот и да ја вртиме главата од животот. Сите имаме толку многу работи на кои можеме да се надеваме, да ги очекуваме и да бидеме благодарни за сѐ она што допрва доаѓа.

  • 4 работи кои модерните момци ги очекуваат од девојката на првиот љубовен состанок

    4 работи кои модерните момци ги очекуваат од девојката на првиот љубовен состанок

    Првите неколку љубовни состаноци се онаа фаза од врската кога не ни е баш пријатно да кажеме сè што очекуваме од другата личност, најчесто затоа што се плашиме дека ќе бидеме оценети како несоодветни за врска. Сепак, сите многу добро знаеме што точно сакаме, па така сега момците откриваат што очекуваат од девојките, а немаат храброст да го кажат гласно. Ќе се изненадите, но ни една од тие работи не е поврзана со сексот. Ова се 4-те најважни работи кои се пресудни за тоа дали ќе дојде до втор љубовен состанок…rnrn4 работи кои модерните момци ги очекуваат од девојката на првиот љубовен состанокrn

    1. Да им се јават први

    rnНекои момци се ловци и сакаат сè да направат сами, но на поголемиот дел сепак ќе им падне камен од срце доколку девојката преземе иницијатива. Девојката која се јавува прва понекогаш може да делува нападно, но сепак момците сакаат и тие да завршат дел од работата. Не чекајте секогаш тој да го направи првиот чекор бидејќи верувајте дека и тој се чувствува исто толку несигурно колку и вие, без разлика што делува толку самоуверено.rn

    2. Да им поставуваат прашања

    rnЕдна од најчестите работи на кои момците се жалат е фактот што девојките не се трудат околу нив онолку колку што тие би сакале. Тие ги испитуваат девојките за секакви ситници, додека девојките се поповлечени и мислат дека ќе мораат само да одговараат на прашања. Ако досега сте биле една од тие кои се плашат да прашаат нешто затоа што мислат дека ќе изгледаат премногу љубопитно, знајте дека момците сакаат прашања. Покажете дека сте заинтересирани за него и прашувајте го за некои секојдневни работи. Секако одбегнувајте ги прашањата за поранешните врски, барем на првите состаноци.rnrn4 работи кои модерните момци ги очекуваат од девојката на првиот љубовен состанокrn

    3. Да покажат интерес за работите што му значат

    rnНормално дека не треба да се преправате дека ве интересира фудбал, ако не ве интересира навистина, но момците велат дека девојките честопати ги игнорираат нивните страсти и хобија. Поставете му две-три прашања за она што го прави во слободното време и ќе добиете бонус поени.rn

    4. Да остават тој да ја плати сметката

    rnОва им е многу важно, не затоа што не веруваат во еманципација на жената туку затоа што сакаат да испаднат кавалери. Нормално, сакаат прво и девојките да се фатат за паричникот и да покажат дека се подготвени да платат, но на крајот сепак сакаат да се држат до традиционалните принципи и да платат тие. После првите неколку љубовни состаноци сосема е во ред да ја поделите сметката, а одвреме-навреме добро е да покажете дека и вие сте спремни да го почестите.

  • 7 работи со коишто го нервирате вашиот фризер

    7 работи со коишто го нервирате вашиот фризер

    Кога се чувствуваме лошо, одењето на фризер може да ги подобри работите. Не само затоа што на некој начин ќе нè разубави, туку и затоа што таму може да се чујат најновите гласини, па со тоа и дополнително да ни се подобри расположението. Сепак, постојат неколку работи коишто го нервираат вашиот фризер, па доколку личноста којашто ви ја средува косата е важна за вас, не би било лошо да прекинете да ги правите овие неколку работи.rnrnrn

    1. Барате фризура како на некоја позната личност, а не носите фотографија

    rnЛичноста којашто се занимава со разубавување сигурно ги следи трендовите, меѓутоа не очекувајте да ја знае баш секоја фризура на познатите личности. Посебно поради фактот што познатите честопати прават драстични промени кога е во прашање нивната фризура. Затоа, однесете исечок од весник или едноставно покажете фотографија од Инстаграм на телeфонот, па олеснете ѝ ја работата.rn

    2. Очекувате чудо

    rnОткако ги дадовте потребните инструкции, вие очекувате да изгледате идентично како личноста од сликата. Запаметете дека фризерот не е магионичар, а вие немате исти црти и квалитет на косата. Преголемите очекувања честопати завршуваат со разочарување, па затоа бидете реални и гледајте како одредена фризура ви стои вам, а не дали е идентична со онаа на сликата. Вашиот фризер сигурно ќе се потруди да ви ја исполни желбата, но и да се прилагоди на вас.rn

    3. Се трудите да ја промените косата од корен

    rnТоа е невозможно и прифатете го тоа! Драстичната промена на бојата и фризурата е едно, а квалитетот на косата и тоа што ви прилега на вашето лице е нешто сосема друго. Прифатете ги сугестиите од професионалците, споредете ги со вашите желби и мора да излезе нешто добро.rn

    4. Се сомневате во нивното мислење

    rnОсвен ако не сте отишле кај некоја ваша самоука сосетка на фризер, потребно е да знаете дека имате работа со професионалец којшто се едуцирал за тоа што го работи. Доколку тврди дека не би требало повеќе да ја осветлувате косата од причина што веќе доволно е оштетена, послушајте го и дозволете да ви даде предлог како повеќе да бидете задоволни со вашите резултати.rn

    5. Не се шишате редовно

    rnНа фризерите им е многу тешко кога гледаат суви краеви на косата, па едвај се воздржуваат да не ги скратат, дури и кога вие тоа не го посакувате. Прифатете дека расцветаните врвови навистина изгледаат неубаво, па затоа настојувајте да ви биде рутина да ги скратувате на секои 12 недели.rn

    6. Сами ги скратувате вашите шишки

    rnКога се шишате сами дома и подоцна одите кај фризер, тој најверојатно ќе треба да ги поправа работите. Скратувањето на шишките не чини многу, па доколку одлучите да го правите тоа, оставете го во рацете на професионалец. Тој ќе знае да го одреди обликот според вашето лице, а и нема да имате криви или прекратки шишки.rn

    7. Се правите дека сте задоволни, а не сте

    rnИако можеби ви е непријатно да му кажете на фризерот дека не ви се допаѓа каква излегла вашата фризура, не размислувајте за тоа дали имате работа со суетна личност, туку за свои пари имате право да излезете насмеани од салонот.rnrnПријателскиот однос е многу важен, па затоа, доколку ги правите некои од горенаведените работи, исправете ги што побргу. Така би биле задоволни и вие и вашиот фризер!

  • Очекувањата кои ги имаме од патувањата и реалноста со која се соочуваме

    Очекувањата кои ги имаме од патувањата и реалноста со која се соочуваме

    Денес, повеќето луѓе не носат розови очила кои ќе им помогнат да го гледаат светот поинаку. Наместо тоа, тие се одлучуваат за еден од филтрите на Инстаграм. Со самото тоа ќе се запрашате: Каде се тие идилични места кои ги гледаме на социјалните мрежи? Дали се навистина такви, или станува збор за паметен избор на добри фотографски трикови? Што всушност можеме да очекуваме кога патуваме во друга земја за да ги посетиме познатите туристички атракции и знаменитости? Во продолжение погледнете што навистина се случува кога ќе се одлучите да направите фотографија од некој познат монумент или место и кога ќе посакате да го споделите тоа искуство со вашите пријатели и познаници на социјалните мрежи.rnrn

    Очекувањата од посетата на Кинескиот ѕид
    Очекувањата од посетата на Кинескиот ѕид
    rnrn
    Реалноста од посетата на Кинескиот ѕид
    Реалноста од посетата на Кинескиот ѕид
    rnrn

  • 7 ефективни начини да се соочите со разочарувањето

    7 ефективни начини да се соочите со разочарувањето

    Според една стара поговорка:rn

    „Разочарувањето е очекување поделено од реалноста.“

    rnАко се водиме по оваа формула, тогаш најдобриот начин да го намалите разочарувањето би бил да ги намалите и очекувањата. Иако овој метод може да ги држи разочарувањата под контрола, сепак постои ризик од култивирање на песимистичко и негативно размислување кое може целосно да ги уништи храброста и надежта. Или, како што познатата авторка Џ.К. Роулинг нѐ потсетува:rn

    „Невозможно е да живеете без да доживеете неуспех во нешто, освен ако не живеете толку внимателно што можеби и воопшто не живеете – кога пак автоматски доживувате неуспех.“

    rn7 ефективни начини да се соочите со разочарувањетоrnrnНаместо да се обидувате да ги избегнувате разочарувањата, научете да пловите низ нив со помош на овие стратегии:rnrn1. Направете го спротивното. Во стресните ситуации, луѓето се повлекуваат и се кријат зад своите лоши навики, како што се лошата исхрана и недоволното спиење. Токму во овие моменти треба да се обидете да водите што поголема грижа за себе.rnrn2. Што би направил X? Помислете на вашиот идол или личноста на која ѝ се восхитувате и размислете што тие би сториле доколку се на ваше место. Логично е да не ги имате сите одговори. Не барајте совет и мудрост само во себе.rnrn3. Искористете ги вашите сили и предности. Најпрвин, одвојте малку време да ги идентификувате вашите силни страни. Потоа искористете ги на секој можен начин за да можете успешно да ги пребродите сите пречки и да продолжите понатаму.rnrn4. Што е најважно? Вашите вредности се она што ве дефинира, а не вашите достигнувања.rnrn5. Комуницирајте. Немојте да се обидувате сами да ги решите проблемите и да ги исклучите семејството и пријателите. Нивната поддршка е она што може успешно да ве води низ сите предизвици.rnrn6. Што можам да научам од ова? Поставувањето на ова прашање е основа за секое успешно созревање. Трудот не е секогаш сѐ. Бидете љубопитни и флексибилни. Што би направиле поинаку нареден пат?rnrn7. Бидете својот сопствен глас на разумот. Можеби ќе ви звучи малку чудно, но истражувањата покажуваат дека кога си се обраќате себеси во трето лице, посебно во позитивните ситуации, има многу поголема веројатност да бидете во контрола и да ја намалите анксиозноста (на пример, наместо да речете „Јас ќе успеам“, речете си „Стефанија, ти ќе успееш.“).

  • 8 нешта кои имате право да ги очекувате во вашата љубовна врска

    8 нешта кои имате право да ги очекувате во вашата љубовна врска

    Понекогаш е тешко да знаете со сигурност кои нешта се разумни да ги очекувате од вашиот партнер. Дали таа треба да ви врати на пораката во најбрзо време? Дали тој треба да најде време за секој викенд да се гледате? Дали би требало да ја поделите сметката на половина секој пат кога јадете во ресторан?rnrn8 нешта кои имате право да ги очекувате во вашата љубовна врскаrnrnНо, пред да ги решите овие прашања, вие најпрво треба да поставите основи – кои нешта треба да ги побарате, со самодоверба, од секоја врска. Следуваат 8 вакви основни нешта кои имате право да ги очекувате од секоја романтична врска. Исто така, имајте на ум дека и вашиот партнер треба да ги очекува овие нешта од вас.rn

    1. Поврзаност

    rnВашиот партнер може ова да ви го покаже со зборови, дела или со двете, но физичката поврзаност, како што се прегратките, бакнежите, масажата на грбот и стапалата, како и држењето за раце се особено важни во романтичните врски. Вашиот партнер треба да ве сака како личност и да биде способен или способна да ви го покаже тоа.rn

    2. Сочувство

    rnКога страдате, вие имате право да очекувате вашиот партнер да биде „мекото место врз кое ќе паднете“. Тој или таа треба да бидат нежни кога сте во болка. Партнерот нема обврска да ви ги чита мислите, да биде секогаш во вашата глава или пак, да се чувства на истиот начин како и вие. Сè што треба е тој или таа да сфаќа дека ви е лошо и да ви понуди поддршка.rn

    3. Почит

    rnДобриот партнер покажува почит, како за вас лично, така и за вашите граници. И покрај тоа што тој или таа нема секогаш да се согласува со вашето мислење, во здравата љубовна врска нема простор за навреди или исмејување. Дури ни кога „само се шегувате“. Партнерот кој има почит за вас ги знае и почитува вашите силни страни, но ги прифаќа и послабите, знаејќи дека и двете ве прават онаа личност која навистина сте.rn

    4. Обѕир

    rnПартнерот треба да има обѕир како неговото или нејзиното однесување влијае врз вас. Тие не треба да ви овозможуваат сè што ќе побарате од нив или вие да направите сè што тие сакаат, но сепак треба да се доволно трпеливи да ги согледаат нештата од ваша перспектива пред да дејствуваат.rn

    5. Време

    rnСекоја врска е базирани врз основа на споделување на времето. Имајќи го тоа на ум, многу е лошо за врската ако вашиот партнер постојано е далеку од вас. Ако тој или таа ретко имаат време за вас, или пак, мора да се пазарите за часовите кои ги поминувате заедно, можеби е време да се прашате колку од вашето време треба да биде изгубено во потрага по нив.rn

    6. Интерес

    rnСосема е разумно да очекувате дека вашиот партнер ќе има голем интерес за вас. Барем за одреден дел од вашите активности, размислувања, мисли, чувства и слично. Партнерот кој не се интересира за вас како за личност, можеби е во оваа врска само за да избегне да биде сам. Ако тоа се случува, и двајцата заслужувате нешто подобро.rn

    7. Интимност

    rnИнтимноста не треба да биде изедначувана со секс. Таа се појавува кога ќе си дозволите да бидете запознаени и ќе сакате вистински да го запознаете вашиот партнер на подлабоко ниво. Вистинската интимност е кога се знаете во секое светло, дури и во најлошото. Вие не можете да почувствувате вистинска љубов ако не сте отворени и ранливи пред вашиот партнер.rn

    8. Дарежливост

    rnВистински дарежливиот партнер ужива да помага, да смирува и да наоѓа најразлични нешта да ве направи среќни. Тоа не значи дека од него или неа постојано треба да добивате материјални подароци или скапи патувања. Да се предадете себеси во врската е најголемиот подарок за вашиот партнер, и доколку тоа се случи – знаете дека сте со вистинската личност.

  • Сè што треба да знаете ако веќе наполнивте 23 години

    Сè што треба да знаете ако веќе наполнивте 23 години

    Овие години се најчудната доба помеѓу тинејџер и зрел човек. Ви се чини дека многу нешта сте доживеале (љубовни разочарувања, помеѓу останатото), а знаете и дека сè е допрва пред вас. Образованието е при крај, кариерата сè уште не започнала, сериозната врска ја нема на повидок, некои стари пријателства се гасат, некои нови не ветуваат дека ќе траат – во овој момент, во 23-тата година, сè е можеби, веројатно и ако. Но, можеби е време да прифатите дека така ќе биде најверојатно долго време, ако не и цел живот.rnrn1-se-shto-treba-da-znaete-ako-vekje-napolnivte-23-godini-www.kafepauza.mk_rn

    1. Нема да бидете сами до крајот на животот

    rnКога имате 23 години, можеби сте осамени, бидејќи пополека се одвикнувате од заедничкиот начин на живот и се обидувате да ја смирите својата индивидуалност со колективни вредности. Пред себе имате сосема доволно време да научите да уживате во самотијата и за пријатели да ги избирате само оние луѓе покрај кои навистина нема да се чувствувате сами.rn

    2. Не мора веднаш да ја пронајдете вашата работа од соништата

    rnРеално е да очекувате дека ќе работите различни работи и можеби ќе постигнете успех во област за која воопшто не сте образовани. Следете ги вашите соништа, патот поплочен со жолти тули, и сетете се дека волшебникот од Оз случајно ја направи својата кариера како волшебник.rn

    3. Сите понекогаш се чувствуваат изгубено

    rnПостојат моменти и периоди на неориентираност, дури и кога го постигнувате баш она што го сакате. Треба време за доживувањата да се процесираат, да се примат пораките, да се научат лекциите. Кога не знаете што да правите, не правете ништо.rnrn2-se-shto-treba-da-znaete-ako-vekje-napolnivte-23-godini-www.kafepauza.mk_rn

    4. Некој повторно ќе ве сака

    rnНа 23 години би требало да имате искуство со скршено срце зад себе. Но, луѓето се заљубуваат цел живот и големи се шансите дека ќе има уште неколку партнери кои ќе ве сакаат.rn

    5. И вие некого повторно ќе сакате

    rnСекогаш е различно. Никогаш нема да сакате исто, бидејќи различни луѓе се сакаат различно. Ќе запознаете уште неколку начини на кои можете да сакате. Некои подобри начини.rn

    6. Имате време да згрешите уште многу пати

    rnСамо што започнавте. Ако на некој проект во вашиот живот (работа, врска) му посветите две-три години и тогаш испадне дека тој не бил вистинското нешто, тогаш ќе се обидете да ја откриете следната вистинска работа, и следната и следната. Секој нареден пат ќе ви треба помалку време за да сфатите дека сте погрешиле. Така се учи. Цел живот.rn

    7. Не мора да му одговорите на секој предизвик

    rnИако сите околу вас сè уште го имаат оној тинејџерски дух и глад за авантури и ризици, глумејќи дека тоа го прават на возрасен начин, вие не морате. Избирајќи ги предизвиците на кои ќе им одговорите, избирате да научите повеќе со помалку лошо искуство.rnrn3-se-shto-treba-da-znaete-ako-vekje-napolnivte-23-godini-www.kafepauza.mk_rn

    8. Сигурно имате нечија поддршка

    rnНе сте сами против сите. Никогаш не сте биле, ниту ќе бидете. Тоа е субјективно чувство, но не вистинско.rn

    9. Ако сте разочарани од себе, тоа само значи дека можете многу подобро

    rnСте очекувале дека ќе се покажете подобро? Па добро, обидете се повеќе наредниот пат.rn

    10. Не треба да ги остварувате туѓите соништа

    rnНиту на своите родители кои сакаат да бидете стабилна, уважена личност со став, ниту на својот занесен партнер кому му е потребен верен обожавател, ниту на своите пријателки кои мечтаат за брак и многу деца.rnrn4-se-shto-treba-da-znaete-ako-vekje-napolnivte-23-godini-www.kafepauza.mk_rn

    11. Научете да кажувате НЕ

    rnМногу е важно да му кажете ДА на животот во секој негов облик, бидејќи тоа ДА е основа за креативни и конструктивни акции и реакции. Но исто така е важно да ги препознаете неживотните и деструктивни работи, на кои треба да им кажете НЕ.rn

    12. Никој не може да ги чита вашите мисли, барајте го она што го сакате

    rnВремето на срамежливост и очекувањето да се повикаат возрасните таму каде што треба, би требало одамна да е поминато. Сега и вие сте возрасни и треба да се заложувате за себе, баш онака како што ви зборувале вашите родители. Само помислите што тие би направиле сега и направете го тоа сами.rn

    13. Не треба да ви биде непријатно поради сопствениот избор

    rnСакате да плетете? Да ги храните бездомниците? Да волонтирате? Вашето момче не е некој убавец? Сте пронашле вечерна работа како чистач во кафулето? Тоа е она што го сакате, нема тука ништо повеќе да се коментира.rnrn5-se-shto-treba-da-znaete-ako-vekje-napolnivte-23-godini-www.kafepauza.mk_rnrnПродолжете на втората страница…rn

  • 7 причини зошто никогаш не треба да го ставате вашиот партнер на пиедестал

    7 причини зошто никогаш не треба да го ставате вашиот партнер на пиедестал

    Љубовта е прекрасна и сите посакуваме да ни се случи онаа вистинската, која едноставно знаеме дека е совршена за нас. Но, таа исто така може да биде и слепа. Вашиот партнер во вашите очи е најсовршеното суштество во универзумот, но сепак имајте на ум дека и тој/таа е само човек. Погледнете ги следниве неколку причини зошто никогаш не треба да ги ставате вашите љубени на пиедестал. rn

    7 причини зошто вашиот партнер да не го ставате на пиедестал

    rn

    1. Вашиот партнер е човек, а не бог.

    rnБез разлика колку мислите дека вашите партнери се прекрасни, сепак и тие со тек на време ќе направат грешка. Тие ќе паднат од пиедесталот на кој сте ги поставиле и кога ќе можат да се исправат на нозе, ќе сакаат да останат спуштени на земја, на вашето ниво.rn

    2. Вашиот партнер нема да успее обидувајќи се да ја оствари вашата идеја за совршенство

    rnВосхитот што го покажувате кон некого знае да ласка, но кога тој ќе премине во очекувања кои вашиот партнер чувствува дека треба да ги исполни, се претвора во притисок кој може да биде неиздржлив. Колку повеќе им кажувате дека се совршени, толку повеќе тие чувствуваат притисок да го докажат тоа. Никој не е совршен. Направете вашите партнери да се чувствуваат специјално, дека тие се сѐ што ви е потребно, но не притискајте ги постојано да докажуваат некаква совршеност.rn

    3. Ненамерно ќе го сопрете нивниот развој

    rnПрекрасно е да имате некој кој ве мотивира да станете подобри, но кога го ставате вашиот партнер на пиедестал, му испраќате порака дека e најдобар што може да биде. Понекогаш е полесно да се поправите и сами да го изградите патот до врвот, отколку да останете онаму каде што моментално се наоѓате.rn

    4. Создавате слика за личност која вие сакате да ја видите во вашиот партнер

    rnИ тие ќе се обидат да ги исполнат очекувањата кои ги имате за нив. Она што не го разбирате е дека сликата што ја имате за нив, не секогаш одговара на реалноста и партнерот се обидува да стане она што не е. Тие ќе се обидуваат да бидат онакви какви што вие сакате да се, а не какви што навистина се. Тоа неизбежно води кон пропаст.rn

    5. Можно е да предизвикате несигурност

    rnТешко е самите да се видиме онака како што другите нѐ гледаат, па ако го гледате вашиот партнер како совршенство, тој можеби ќе почне да размислува за своите недостатоци. Пиедесталот на кој го местите вашиот партнер е толку висок, што тој ќе почне да се прашува како воопшто успеал да стигнал таму.rn

    6. Ќе им биде непријатно да ви ги покажат своите несовршености

    rnВие треба да ја сакате оваа личност поради нејзините или неговите квалитети и слабости, бидејќи секој човек ги има и двете. Кога партнерот ќе почувствува дека вие ги препознавате само неговите или нејзините квалитети, ќе се исплаши и никогаш нема да ви ги покаже мааните. Љубовта е прифаќање и вашиот партнер очекува да го прифатите онаков каков што навистина е.rn

    7. Пиедесталот може да е причина за разделба

    rnСовршениот партнер во одреден момент може да направи голема грешка и некогаш е толку исплашен дека ќе ве разочара што си заминува пред да се случи тоа. Никогаш нема да го видите нивното несовршенство бидејќи ќе избегаат пред да имате шанса за тоа и на тој начин ќе останат на пиедесталот и после нивното заминување.

  • Време на празници: Како да поставите граници за да се чувствувате посреќно?

    Време на празници: Како да поставите граници за да се чувствувате посреќно?

    Празниците се ближат и ова е возбудливо и весело време, но и период во кој лесно може да се почувствувате преоптоварено со рокови, да се впуштите во брз начин на живот и да доживеете стрес. Овој период брзо ќе помине, но ќе ви одземе многу енергија и време, па затоа е добро да си ги знаете границите.rnrn0-vreme-od-praznici-kako-da-postavite-granici-i-da-se-chuvstvuvate-posrekjno-kafepauza.mkrnrnКога ви е јасно што е приоритетно, а што може да почека, многу е полесно да ја согледате целосната слика и да се ослободите од малите нешта кои ви одземаат време и енергија. Ако во текот на празниците вообичаено чувствувате поголем стрес од вообичаено и имате тешкотии при балансирање на вашите потреби и оние на луѓето кои ги сакате, тогаш со поставување граници многу полесно ќе се справите со овој период од годината.rn

    1. Научете да кажувате „не“

    rnЕден од најдобрите начини да си пружите себеси грижа е доколку научите да кажувате „не“. Не е себично ако си ги знаете границите – всушност тоа може добро да ви влијае. Многу е тешко да им кажувате „не“ на членовите на фамилијата околу празниците, особено ако се навикнати да бидете присутни на одредени настани или во одредено време. Сепак, да се каже „не“ е здрава навика која треба да ја практикувате. Ако некој тоа го сфати лично, тоа е негов проблем, а не ваш. Вашата грижа за себеси мора секогаш да ви биде на прво место.rn

    2. Ослободете се од очекувањата

    rnДа бидеме искрени – сите имаат очекувања за празниците. Постои притисок дека мора да бидеме среќни и радосни, па затоа не е ни чудо што скоро 25% од популацијата се чувствува депресивно во овој период. Ако нештата за време на празниците не одат како што треба, тогаш може да се чувствувате како да сте потфрлиле.rnrnОслободувањето од очекувањата ви помага да се приземјите во реалноста и да си дадете дозвола да уживате во она што го правите. Природно е да сакате да бидете постојано среќни за празниците, но кога имате високи очекувања, голем предизвик е да се биде во сегашноста и да се ужива во она што моментално се случува.rnrnОва е одличен период да си дозволите себеси и на вашата фамилија да се опуштите малку – препознајте го овој стресен период од годината и дадете максимум од себеси да се фокусирате на она што е пред вас.rn

    3. Признајте ја тагата

    rnПразниците честопати ни навраќаат меланхолични и носталгични чувства. Сосема е нормално да се чувствувате тажно кога поминувате низ тежок период или ви недостига сакана личност. Ако се чувствувате тажно поради недостатокот на некој кој повеќе не е тука, сетете се што таа личност ви значела. Не постои точно или погрешно време за да се справите со тагата за време на празниците. Најдоброто нешто е да бидете искрени за она што го чувствувате и да побарате поддршка од луѓето на кои им верувате.rnrn1-vreme-od-praznici-kako-da-postavite-granici-i-da-se-chuvstvuvate-posrekjno-kafepauza.mkrnrnАко не можете да доседите или ако воопшто не сакате да одите на одреден собир или забава, знајте дека е во ред да го промените мислењето и да си замините или воопшто да не отидете. Доколку ги осознаете вашите чувства и се потпрете на нив (ако можете), многу полесно ќе си поставите граници и така добро ќе се грижите за себе.rn

    4. Намалете ја брзината

    rnПравењето напор да намалите со нештата во овој период од годината е уште еден ефективен начин да си поставите граници. Кога ќе почнат славите и домашните посети сѐ почнува да се движи забрзано и кога – ете, веќе дошла Нова година. Живеењето на овој интензивен начин предизвикува телото да создава повеќе хормони на стрес, а дополнителниот стрес во телото создава проблеми со спиењето (скоро е невозможно да заспиете) и ве тера да посегнувате по слатки.rnrnНајбрзиот и најефективниот начин да ги намалите стрес хормоните е да го забавите дишењето. Кога ќе забележите дека имате побрзо чукање на срцето од некоја активност освен физичка, практикувајте да дишете длабоко за да го смирите нервниот систем. Ако ова го правите барем една минута, веднаш ќе почувствувате смиреност.rn

    5. Грижете се за себеси

    rnВообичаено за време на празниците сѐ се врти околу грижата за другите, а грижата за себе е занемарена. Факт е дека ако немате време и енергија да ги правите нештата сами, тогаш ќе ви биде тешко да ги правите и за другите. Кога се почитувате и се грижите за себеси, вие станувате моќен пример на кој сите се огледуваат.rnrnОдвојувањето малку време за одмор, за да одите на вежбање или да јадете здраво е одличен начин да си докажете себеси дека можете да поставите граници и да ги намалите стресните ситуации во вашиот живот. Кога овие потреби ќе ги ставите на прво место, ќе се чувствувате приземјено и ќе имате многу повеќе љубов и радост кои ќе можете да ги споделите со луѓето околу вас. Па, за тоа служат празниците, нели?