Духовните отрови се однесуваат на причините за човечката несреќа и тага. Се верува дека постојат 7 духовни отрови што можат да ја загорчат вашата животна среќа. Како што сигурно веќе знаете, во човечката природа е да се негуваат желби и очекувања. Овие очекувања ги создаваат добрите и лошите емоционални состојби на човекот. Оттука може да се заклучи дека отровните очекувања ги предизвикуваат негативните животни состојби и тагата. Прочитајте за кои духовни отрови станува збор и како можете да ги надминете овие проблеми…rnrn
rn
1. Верувате дека животот создава можности
rnВистина е дека животот понекогаш мистериозно создава можности и дава одредени знаци. Но, тоа не значи дека треба да се откажете од идејата самите да барате можности. Погрешно е мислењето дека животот ќе ви го донесе секој избор пред врата. Тоа ќе ве доведе до ситуација да ви останат само ограничени опции во животот. Тоа исто така ќе ви ги уништи шансите за личен развој. Мора да верувате во напорната работа. Успехот постигнат преку вложениот труд секогаш трае долго. Па, како да барате можности? Бидете љубопитни. Не ја пропуштајте можноста да пробувате нови работи. Не живејте во границите на вашиот сопствен ум и запознавајте луѓе кои работат во различни области.rn
2. Имате потреба сите да ве сакаат
rnПостојат поединци што сакаат да им се допаднат на сите луѓе кои ќе ги сретнат. Ова создава големи проблеми во нивниот живот. Мора да разберете дека дури ни Бог не им се допаѓа на сите луѓе во светот. Сите ние сме човечки суштества. И покрај тоа што давате сѐ од себе, никогаш нема сите да ве сакаат. Во поголемиот дел од случаите, проблемот не е во вас, туку во минатото и природата на поединецот кој не може да ја прифати вашата добрина. Па, што можете да направите во врска со ова? Тргнете се од сите непотребни неволји. Кога ќе почнете да го правите ова, ќе забележите дека сте изградила неколку навистина значајни пријателства. Со текот на времето ќе почувствувате спокој и леснотија. Ќе се ослободите од непотребните грижи и повредени чувства.rn
3. Верувате дека животот е праведен
rnСите ние, во одреден момент, сме кажале „Животот не е фер“. Меѓутоа, многумина не можат да го прифатат овој факт. На потсвесно ниво, сите ние очекуваме дека животот е праведен. Очекуваме дека по некое време, животот сам ќе ни ги избалансира работите. Тоа ни помага да се опуштиме и да не си го трошиме времето и шансите. Ако чувствувате дека го правите ова веќе подолго време, време е да престанете. Мора да се подготвите за претстојната борба и да застанете во ваша одбрана.rn
4. Мислите дека луѓето ќе ве разберат
rnОвој проблем постојано се појавува во љубовните врски. Ова се случува кога ќе почнеме да очекуваме дека другите луѓе ќе знаат на што мислиме ако им даваме знаци. Добро е ако постојат луѓе што можат да ве разберат, но тоа нема да се случува цело време. Најчесто, ќе бидете погрешно разбрани, па и повредени поради тоа што некој не успеал да ги прочита вашите мисли и ве повредил со начинот на однесување. Ако сакате да се ослободите од овој проблем, мора да ја смените вашата перцепција. Поставувајте си го прашањето „Што мисли тој/таа?“. Во секој случај, искрениот разговор е вистинскиот противотров во вакви ситуации.rnrn
rn
5. Очекувате сите да се согласуваат со вас
rnОва е еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат луѓето. Секако дека другите треба да ги почитуваат вашите мисли и идеи. Треба да бидете чуени. Но, ако очекувате дека сите треба да се согласуваат со она што го кажувате, тогаш ситуацијата може да стане проблематична. Мора да разберете дека другите луѓе имаат различно потекло и не живеат во исти услови. Токму затоа, природно е да постојат некакви разлики. Гледајте го тоа како мислење што доаѓа од друга перспектива. Сите работи можат да бидат сфатени на најмалку 2 различни начина. Почнете да обрнувате внимание на важните работи и игнорирајте ги непотребните судири што не се воопшто продуктивни.rn
6. Барате среќа во материјалните богатства
rnМатеријалните работи се измислени за да го направат животот полесен. Тие можат само да ја зголемат удобноста на вашите секојдневни активности. Иако добро е да се имаат, не смеете да дозволите да верувате дека овие нешта ќе ви донесат апсолутна среќа и мир. Материјалните добра можат да ги исполнат само нашите физички потреби. Но, задоволството од вистинската среќа се наоѓа илјадници километри подалеку од материјалното богатство.rnrnДенес, речиси сите луѓе се борат за пари и луксуз. Меѓутоа, не ни текнува дека луѓето кои го поседуваат сиот тој луксуз, не спијат баш мирно навечер. За да се ослободите од оваа отровна идеја, мора да се уверите дека во животот има многу поважни нешта од материјалните богатства. Предметите нема да ви донесат мир и среќа и овој факт треба да се научи уште во детството.rn
7. Се сомневате во себе
rnЛуѓето кои се заглавени во овој страв од старт се осудиле себеси на неуспех. Во ред е да мислите дека не можете постојано да победувате. Меѓутоа, ако почнете да мислите дека никогаш не можете да победите, тоа значи дека сте изгубиле волја за победа. Почнете да верувате во себе. Мора да разберете дека поразот ви помага да научите нови работи. Подготвувајте се за новите подвизи со ентузијазам и жар. Откако ќе стекнете оптимизам и самодоверба, веќе ќе бидете на половина пат до успехот.rnrnНе дозволувајте вашите емоции да владеат со вас. Ако почнете да се борите против вашето внатрешно зло, ќе постигнете големи успеси и среќа во животот.rnrnВо продолжение прочитајте за следниве отровни мисли кои ви ја трујат визијата за подобар живот.

rn

rn
rnrnОва се примери на случаи кога негативните очекувања ги попречуваат позитивните резултати. За жал, нашите очекувања честопати се погрешни и субјективни. Ако се фокусираме само на стресниот аспект од идните ситуации, нема да можеме да дејствуваме разумно. Не треба да донесуваме одлуки врз основа на тоа како очекуваме дека ќе се чувствуваме, бидејќи тоа може да биде многу погрешно. Можеби тоа што постојано ги очекувате несаканите ефекти од лековите што ги земате се до некаде оправдани, но тие имаат многу поголемо влијание на крајните резултати одошто мислите. Ваквите очекувања се толку моќни што можат да доведат до негативни последици, дури и да нема основа за тоа. Оваа појава се нарекува ноцебо ефект, што е спротивно на познатиот плацебо ефект.rnrnПостојат и многу примери каде позитивните очекувања придонеле за постигнување одлични резултати кога станува збор за заболувањата од рак. На пример, луѓето кои го победиле ракот во детството и имале позитивни очекувања за тоа како ќе се одвива нивната болест, биле физички и психички поздрави од оние кои имале негативни очекувања.rnrnБила спроведена и лонгитудинална студија која докажала дека пациентите со рак на простатата кои имале попозитивни очекувања пред операцијата (околу тоа дали ќе имаат проблеми со уринарниот систем, дали ќе бидат способни за сексуални односи, како ќе бидат прифатени од партнерката и какви ќе бидат резултатите од терапијата) живееле многу поквалитетно од останатите.rnrnОд сето ова може да се заклучи дека очекувањата имаат големо позитивно или негативно влијание на превенцијата и терапијата за рак. Луѓето треба да го разберат нивниот моќен ефект за да можат да ги спречат или олеснат несаканите последици по сопственото здравје.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте ги и 
rn
rn
rnrnВие ќе бидете вистински среќни ако научите да се слушате себеси. Одвлекувањето на вниманието, очекувањата и двојните стандарди честопати го презаситуваат вашиот ум и ве спречуваат да пронајдете мир во самите себе. Вашите сопствени гласови стануваат помали и подалечни. Најдете го вашиот глас и откажете се од овие работи, па ќе бидете чекор понапред кон пронаоѓањето вистинска среќа.

rn
rn
rn