Оваа фотографија била споделена од страна на Арон Бевин, на социјалната мрежа Фејсбук, која на прв поглед изгледа како обичен ѕид. Но, погледнете подобро, бидејќи во неа се крие нешто што е скриено помеѓу циглите и што ретко кој успеал да го забележи без помош.rnrn
rnrnСè уште не можете да го видите? Истото се случувало и со поголемиот дел од 44-те илјади коментатори на оригиналната објава. Бевин самиот тврди дека му требале добри 5 минути за да го забележи скриениот елемент кој си поигрувал со неговите очи, како и со очите на голем број луѓе ширум светот кој очајно зјапале во фотографијата, барајќи го решението…rnrnПа, успеавте да го најдете скриениот објект? Ако не сте сигурни, еве уште една шанса внимателно да ја проучите фотографијата пред големото откривање на решението!rnrn
rnrnЕве и поблизок поглед кон областа на која треба да се фокусирате. Го забележавте? (Ако не, не грижете се, не сте единствени.)rnrn
rnrnПодготвени сте за решението? Кликнете подолу ако сакате да го откриете.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Има цигара заглавена помеѓу циглите.
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnА сега кога го видовте објектот, не можете повторно да не го гледате, нели? И ние исто!
Tag: објект
-

Оптичка илузија со ѕид од цигли која ги полуди сите луѓе ширум светот
-

Објект целосно замрзнат однатре
Кога архитектонскатa компанија од Чикаго „Hartshorne Plunkard“ добила задача да претвори објект кој се наоѓа во реонот за месопреработувачка, во објект за производство на велосипеди, прво нешто што нејзиниот тим требал да стори, е да го одмрзне целиот простор. Откако бил користен како складиште за замрзнато месо во текот на цели 9 декади и поради лошо одржување, целиот ентериер на објектот бил целосно покриен со „вонземски“ мразулци.rnrn


rnrnПред тимот да започне да ги одмрзнува дебелите слоеви мраз со пропански грејачи, фотографот Гери Џенсен ја искористил несекојдневната прилика да направи неколку одлични фотографии од надреалниот ентериер. Откако ќе поуживате во интересните фотографии, погледнете го и „time lapse“ видеото, за да видите како постепено се топел масивниот ладилник.rnrn





rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Штала трансформирана во модерна куќа со базен
Оваа куќа е трансформација на една штала лоцирана во пространа околина. Идејата за реновирањето била да се направи куќа која природно ќе се вклопи во тој крај. Куќата е традиционална земјоделска градба во која е доволно удобно за да се живее во модерен животен стил. На постојната градба и се додадени 2 дополнителни крила и базен.

Главниот објект претставува еден широк простор со таван од дабови даски, висок 9 метри. Употребата на дрво и големиот модерен камин му даваат топлина на местото. Сите објекти вклучуваат палета од едноставни материјали: камени подови, дабови подови, греди, врати и тавани, како и бело малтерисани ѕидови. Енергијата која е потребна за работа на подземниот систем за греење доаѓа од пумпи за загревање кои се закопани во околното земјиште.


rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.