КАФЕ ПАУЗА

Tag: обичаи

  • Традиции и обичаи на Скијатос

    Традиции и обичаи на Скијатос

    [message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrniguana-logornrnПогледнете ја понудата за Скијатосrnrn[/message_box]rnrnКрајбрежјето на Егејското Море и островите близу до него се подрачје на коешто се измешале многу култури и се смениле многу обичаи. Турбулентната историја на Скијатос, на крајот придонела островот да се здобие со богат духовен живот и посветена христијанска традиција.rnrntradicii-i-obichai-na-skijatos-kafepauza.mkrn

    Успение на Богородица

    rnНа овој голем христијански празник, се организира масовна прослава на островот, на 14 и 15 август. На првиот ден се организираат настани со музика, храна и пијалаци, додека на вториот ден се одвива ритуалната погребна процесија на Богородица, во манастирот Евангелистриа. Доколку во овој период се најдете на островот, не двоумете се и задолжително присуствувајте на прославата, за да доживеете едно автентично искуство.rn

    Културни настани на Бурци

    rnБурци е полуостровот што се наоѓа на извонредно погодна локација за културни случувања – помеѓу старото и новото пристаниште на Скијатос. Во текот на целото лето, во отворениот театар, во традиционалното грчко кафуле и по улиците се одржуваат најразлични претстави, перформанси, изложби, кино проекции на отворено, итн. За секој вљубеник во културата, Бурци е место што едноставно не смее да биде одминато.rn

    Фестивалот Кацониа

    rnОвој фестивал се одржува секоја година на 6 септември. Празнувањето е во чест на грчката подморница „Ламброс Кацонис“, што на овој датум во 1943 година била потопена недалеку од Кастро, Скијатос. Во нападот од Нацистите, загинале 32 членови на екипажот, 15 биле заробени, а неколкумина успеале да избегаат и пливајќи непрекинато 9 часа успеале да се скријат на островот, пред да се префрлат во Египет, каде што одново се соединиле со грчката флота. Во свеченостите учествуваат официјални претставници и голем број граѓани, а се преигрува и морнаричката битка, во чест на храбрите војници што се бореле за слободата на целиот свет.rnrn[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrniguana-logornrnПогледнете ја понудата за Скијатосrnrn[/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 интересни романтични традиции низ светот

    7 интересни романтични традиции низ светот

    Има стотици романтични традиции низ светот за кои веројатно никогаш не сте ни слушнале. За вас ги издвојуваме седумте најинтересни, кои се надеваме дека ќе ви се допаднат.rn

    1. Љубовни катанци

    rn7 интересни романтични традиции низ светотrnrnНиз Европа има безброј места каде се негува традицијата на љубовни катанци. Паровите купуваат катанче, на него ги пишуваат иницијалите и потоа го заклучуваат на мост. Со ова на светот му ја покажувате вашата љубов, која се смета дека ќе остане вечна, исто како и заклучениот катанец.rn

    2. Клупа за бакнување

    rn7 интересни романтични традиции низ светотrnrnВо 1912-та година, во САД, еден студент од универзитетот Сиракузи, изградил камена клупа. Со текот на времето станала место каде паровите се бакнуваат. Се смета дека сите оние кои таму ќе се бакнат, некогаш ќе се земат. Затоа, луѓето одат таму, обезбедувајќи си среќен брак и убава врска.rn

    3. Новогодишен бакнеж

    rn7 интересни романтични традиции низ светотrnrnСе смета дека луѓето кои нема да се бакнат на полноќ ќе бидат осамени во текот на целата наредна година. Во Шкотска, на Нова година, која тие ја нарекуваат Хогманај, треба да се бакнете со сите присутни на забавата. Тоа е обичај кој трае со децении.rn

    4. Љубовна колиба

    rn7 интересни романтични традиции низ светотrnrnВо регион на Камбоџа родителите градат љубовни колиби за нивните ќерки-тинејџерки. Кога ќе дојде време за мажење, различни момчиња влегуваат во колибата. Девојките зборуваат со сите, сѐ додека не го најдат идниот сопатник. Потоа тие подобро се запознаваат, водат љубов и бракот се остварува.rn

    5. Група девојки

    rn7 интересни романтични традиции низ светотrnrnДаи луѓето од Кина ја имаат следнава традиција на додворување. Група девојки седат заедно во текот на вечерта. Од друга страна, група машки, замотани во црвени ќебиња, им приоѓаат и избираат една девојка на која ќе ѝ отпеат серенада. Ако и на неа ѝ се допаѓа момчето, таа ќе постави стол за тој да седне. Тој пак, ќе возврати на тој начин што ќе ја завитка со црвеното ќебе и така врската се смета за започната.rn

    6. Венчални прстени

    rn7 интересни романтични традиции низ светотrnrnВо Чиле, не е само жената таа што носи свршувачки прстен. И двајцата носат прстени на десната рака, а откога ќе се земат ги ставаат на левата.rn

    7. Завиткан ориз

    rn7 интересни романтични традиции низ светотrnrnВо Југозападна Кина, девојките готват ориз во различни бои. Мажите им приоѓаат, им пеат серенада, а тие на тоа одговараат со подавање на парче платно во кое има завиткано ориз. Она што е внатре заедно со оризот, го дава одговорот. Две стапчиња за јадење ориз значат дека ѝ се допаѓа, едно стапче дека љубезно го одбива, а чешне лук дека едвај чека да го откачи.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Невообичаените навики на познатите писатели

    Невообичаените навики на познатите писатели

    Автор: Ема ЈакимовскаrnrnСкапана храна, мастила во различни бои, совршено наострени моливи – ова се само некои од суеверијата и чудните навики на познатите писатели.rnrnСветските писатели се познати по ваквите свои интересни обичаи за кои веруваат дека позитивно влијаат врз креативниот процес и им ја будат инспирацијата. Иако некои се близу границата на опседнатост, сепак сите се интересни и уникатни.  Во продолжение ги издвојуваме  оние највпечатливите.Невообичаените навики на познатите писателиЏејмс Џојс речиси секогаш пишувал во својот познат бел костум. Поради сериозни проблеми со видот и многуте очни операции низ кои минал, бил принуден да пишува исклучиво со дречливи бои на мастило, и тоа на огромни парчиња картон.rnrnВирџинија Вулф пишувала со најразлични бои на пенкала: зелено, сино, виолетово. Виолетовото ѝ било омилено, наменето за пишување писма и водење на личниот дневник.rnrnЏон Стејнбек првичните верзии од своите дела сакал да ги пишува исклучиво со молив и од таа причина секогаш на бирото имал точно 12 совршено изострени моливи.rnrnФридрих Шилер во фиоката од бирото чувал скапани јаболка. Како што Гете кажал во една прилика, тоа го правел намерно, поради специфичната арома која се создавала и без која тој не можел да живее и работи.rnrnЧарлс Дикенс пишувал само со сино мастило. Не поради некакво суеверие, туку затоа што се сушело побрзо од мастилата во други бои и правело напишаното да изгледа посредено и почисто.rnrnЏек Лондон пак, секој ден пишувал по точно 1.000 зборови. Ни повеќе, ни помалку.rnrnТоа се само некои од навиките на познатите писатели. Се чини дека ваквите необични примери уште еднаш потврдуваат дека креативноста и чудните навики напати одат заедно.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Традицијата на прославувањето Нова година

    Традицијата на прославувањето Нова година

    Прочитајте ги следниве новогодишни занимливости и дознајте го значењето на многубројните традиции кои се практикуваат во овој период ширум светот. Занимливости поврзани со Нова година rn

      rn011

    • Првата прослава на Нова година се случила пред 4.000 години во древниот Вавилон, кога првата млада месечина по пролетната рамноденица ја одбележала годината.
    • rn011

    • Во 46 година п.н.е. Јулиј Цезар го создал календарот според кој годината започнува со 1 јануари. Овој месец бил наречен така во чест на Јанус, богот на почетоците.
    • rn011

    • Кога во 1907 година огнометот бил забранет, по три години од првата новогодишна прослава на Тајмс Сквер, властите на плоштадот пуштиле огромна топка направена од дрво и железо за да го означат крајот на старата и почетокот на новата година.
    • rn011

    • Бакнувањето точно на полноќ има долга традиција. Според англискиот и германскиот фолклор, годината ќе ни зависи од тоа која ќе биде првата личност што ќе ја сретнеме во новата година. Но, ова суеверие не се однесува само на оние кои не се во врска. Се верува дека и паровите кои нема да се бакнат точно на полноќ нема да имаат убава иднина заедно.
    • rn011

    • Најчестиот избор на пијалак за Нова година е шампањот. За таа цел, секоја година во областа Шампањ во Франција се произведуваат околу 300 милиони шишиња со ова пенливо вино. Сепак, пенливите пијалаци потекнуваат од 17 век, кога била измислена тапата која ги задржувала ферментираните гасови.
    • rn

    rnЗанимливости поврзани со Нова година rn

      rn011

    • Раширено е верувањето дека бенедиктискиот монах Дом Перињон го измислил шампањот, но ваквото верување не е точно. Но, легендарниот свештеник сепак имал клучен придонес во развојот и производството на пијалаците.
    • rn011

    • Карактеристични за новогодишните и божиќните празници се и слатките. Во Мексико и Грција се подготвуваат специјални новогодишни торти во кои се крие мала награда. Оној кој ќе го добие парчето со наградата се верува дека ќе го следи среќа целата година.
    • rn011

    • Во Шведска и Норвешка се практикува слична традиција со тоа што се сокрива бадем во сутлијаш. Во Италија новогодишните слатки се прават со мед затоа што се верува дека така годината ќе биде блага. Крофните кои имаат кружна форма се карактеристични за Полска и Унгарија.
    • rn011

    • Шпанците за Нова година јадат 12 зрна грозје точно на полноќ, за годината да им биде плодна. Оваа традиција настанала во 1909 година, како резултат на суфицитот на грозје, а подоцна се проширила и во Португалија, Венецуела, Куба, Мексико, Еквадор и Перу.
    • rn011

    • Уште една новогодишна традиција поврзана со храната се практикува во Јужна Америка каде што луѓето јадат зелка, кељ и слични зелјести растенија затоа што зелените листови од овие растенија ги симболизираат банкнотите. Освен зелјести растенија, често се консумираат и мешунки кои ги означуваат монетите. Заради тоа, во Бразил првиот оброк во новата година се состои од леќа или ориз.
    • rn

    rnЗанимливости поврзани со Нова година rn

      rn011

    • Во земјите од Јужна и Средна Америка оние кои се во потрага по љубов носат црвена долна облека, а оние кои се во потрага по пари носат жолта. На Филипините луѓето носат долна облека со точки за новогодишната ноќ.
    • rn011

    • Не секој ја прославува Нова година на 1 јануари. Кинеската Нова година започнува со првиот ден од лунарниот календар, на крајот од јануари или на почетокот од февруари. Во тој период вообичаено за секое семејство е темелно да се исчисти домот за да се избрка лошата судбина, да се јадат традиционални специјалитети со ориз и вечерта да се заврши со пукање петарди.
    • rn011

    • Многумина веруваат дека ако скршат нешто за време на најлудата ноќ, тоа навестува кршење и на некое пријателство или љубовна врска. Наместо тоа, многу луѓе ширум светот за Нова година пукаат петарди и слични пиротехнички средства затоа што веруваат дека така ќе ги исплашат лошите духови и ќе обезбедат нов почеток.
    • rn

    rnЗанимливости поврзани со Нова година
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Свадбено слатко задоволство – свадбени торти

    Свадбено слатко задоволство – свадбени торти

    Автор: Бојана МандевскаrnrnМора да признаете дека еден од омилените моменти на свадбата е дегустацијата на свадбената торта. Целата церемонија која следува после вечерата, внесувањето на тортата во салата, нејзиното сечење и делење се забавни и интересни.rnrnСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиrnrnМалото запознавање со историјата на свадбената торта, како и дознавањето на некои интересни информации за обичаите и адетите поврзани со неа и сликите кои се прикажани подолу можеби ќе ви бидат од корист при изборот на вашата свадбена торта.rnrnСвадбената торта има долга традиција. Најраните приказни поврзани со свадбената торта потекнуваат од Антички Рим, Централна Англија и Франција. Наместо денешната свадбена торта, во минатото се правел леб-погача кој се кршел со цел да ѝ донесе среќа на двојката. Младоженецот го кршел лебот врз главата на невестата за да ја скрши девствената состојба, како и да доминира врз неа. Скршената погача се делела на гостите.rnrnСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиrnrnВо некои делови од светот пак се правеле мали колачи кои исто така се делеле на гостите. Подоцна почнало на свадбената церемонија  да се дели блага невестинска пита. Во невестинската пита се ставал стаклен прстен. Следен за женачка/мажачка бил оној што ќе го најдел прстенот. Исто така се верувало и дека доколку не се изеде невестинската пита тоа значело непристојност и лоша среќа. Денес овој обичај е заменет со фрлањето на бидермаерот.rnrnСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиrnrnБидејќи се сметало дека овошјето било симбол за плодност и долговечност, свадбените торти ги украсувале со овошје, односно овошната торта ја заменила невестинската пита. Со текот на годините, за најпрефинета и најдобра почнала да се смета тортата направена од бел шеќер. Рафинираниот шеќер бил скап и достапен само за високата класа. Колку тортата била побела и со повеќе шлаг тоа било знак за повисок социјален статус и големо богатство. Но денес, кога секоја состојка е достапна речиси за секого, шеќерот и шлагот повеќе не претставуваат симбол за висок социјален статус. Симболиката на денешната свадбена торта е плодноста, а заедничкото сечење од страна на младоженците означува заедништво, помагање и меѓусебна поддршка.rnrnСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиrnrnСè што треба да направите при изборот на својата свадбена торта е да одберете вкус кој најмногу ви се допаѓа, но и да гледате таа да се вклопи во годишното време на вашата свадба, на пример може овошна торта за пролет, чоколадна за зима, торта од сладолед за лето. Потоа размислете за формата, дезенот и декоративните елементи, и на крајот изберете ја слаткарницата и мајсторот кој сакате да ви ја направи вашата свадбена торта.rnrnСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Погледнете ги најчудните фестивали во светот

    Погледнете ги најчудните фестивали во светот

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnЏереми Хантер е исклучителен фотограф, кој во своето 35 годишно искуство како новинар успеал да документира најразлични традиции, фестивали и обичаи во скоро 60 земји. Некои од овие фестивали се стари дури илјадници години, но сепак се слават и ден денес. Додека пак други, како резултат на глобализацијата, се исчезнати.rnrnЗа својата работа, а особено за својот придонес во антропологијата, фотографијата и уметноста, Хантер е награден со 2 награди од УНЕСКО. Издвојуваме мал дел од фотографиите на кои се документирани едни од најчудните фестивали во светот.Погледнете ги најчудните фестивали во светотОвде е прикажан жител на Папуа Нова Гвинеја, држава во Океанија која е една од најретко истражените во светот. Со векови овде луѓето се бореле за земја, жени и свињи. Клановите, за да ја заштитат својата земја, ги мачкаат телата со кал, а на лицата ставаат страшни маски, како дел од психолошката интрига што треба да го маѓепса непријателот.Погледнете ги најчудните фестивали во светот„Црниот танц на змијата“ е ритуал кој исто така се практикува во Папуа Нова Гвинеја. Овој танц има голема улога во културниот живот на племињата, со кои тие ја искажуваат поврзаноста на групата како целина.Погледнете ги најчудните фестивали во светотНа сликата гледаме жена, која е препознатлива по кружната плоча во нејзината уста. Припаѓа на племето Мурси, кое живее во Јужна Етиопија. Според стручњаците, плочата го означува социјалниот статус на жената. Може да се извади само додека јаде и пие, но никако во присуство и во близина на мажи.Погледнете ги најчудните фестивали во светотАнгличаните го слават „Танцот на роговите“, стар фестивал на плодноста. Овој пагански празник секогаш се слави во определен термин, а тоа е понеделник, по првата недела после 4 септември. Учесниците носат рогови од ирвас, како дел од паганскиот обичај на ловење.Погледнете ги најчудните фестивали во светотФестивалот „Alphorn“се слави во Баварија. Наречен е по уникатните инструменти кои го добиле името alphorn. Овие несекојдневни направи се стари и по 100.000 години. Нивната вообичаена намена била да сигнализираат за време на војни, но на Алпите се користеле за да ги означат секојдневните случувања.Погледнете ги најчудните фестивали во светотОваа жена е сликана во Кајена, главниот град на Француска Гвајана, за време на фестивалските денови. Во овој период популарни се танцот и неверојатните костими, а жителите подготвуваат и интересни капи, означувајќи ги празниците.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Свадбени обичаи од различни делови на светот

    Свадбени обичаи од различни делови на светот

    Автор: Тања ИлиевскаrnrnЗошто светот е привлечен? Заради различноста. Ист повод, но различни обичаи. И сè во името на новиот почеток.Свадбени обичаи од различни делови на светотrn

    Менување фустани

    rnВо модерна Кина невестата избира не еден, туку три свадбени фустани. Еден е традиционалниот фустан „qipao“ или „cheongsam“ кој е навезен и кој за свадби вообичаено се прави во црвена боја, бидејќи во Кинеската култура црвената боја е симбол на среќата и се смета за силна боја која може да ги избрка злите духови. Другиот е раскошен, бел, балски фустан, додека последниот е коктел фустан, кај кој нема ограничување во поглед на бојата.Свадбени обичаи од различни делови на светотrn

    Цртање по рацете

    rnЦртањето по раце е обичај кој е застапен во Индија. Пред свадбата, уникатни дизајни се аплицираат на рацете и нозете на Индиската невеста, процес познат под името „mehndi“.rnrnВаквите дизајни се привремени, траат неколку недели, а се прават со користење на исушени листови к’на.  Процесот на аплицирање бара време и тоа не само да се исцртаат дизајните, туку потребно е време за к’ната да се исуши на кожата. Вообичаено семејството на невестата прави мала забава во текот на која се цртаат дизајните.Свадбени обичаи од различни делови на светотrn

    Мазел тов

    rnПри крајот на церемонијата, за време на традиционална Еврејска свадба, обичај е младоженецот да скрши чаша со десната нога. Симболиката на оваа традиција се толкува на различни начини, а еден од нив е дека и во моментите на голема радост, треба да се потсетиме дека животот носи и тага. Откако стаклото ќе се скрши, гостите извикуваат „Mazel Tov“, што значи „Со среќа“.Свадбени обичаи од различни делови на светотrn

    Прескок на метла

    rnПрескокнувањето метла се смета за африканско-американски свадбен ритуал. Метлата се украсува со ленти, цвеќиња  и предмети кои имаат симболичко значење. Скокот претставува нов почеток,  бришење на грижите и стариот начин на живот и навлегување во нова авантура како маж и жена.Свадбени обичаи од различни делови на светотrn

    Мали деверуши

    rnОвој обичај е најкарактеристичен за кралските свадби во Велика Британија. Невестата е придружувана од страна на мали девојчиња, наместо од деверуши на нејзина возраст. Така во 1947 година кралицата Елизабета II, која тогаш имала 21 година, имала 8 деверуши, од кои повеќето помали од неа. Принцезата Дајана имала 5 деверуши, од кои најмалата имала 5, а најголемата 17 години. Најмалото девојче кое ја придружувало  Кејт Мидлтон имало 3 години.Свадбени обичаи од различни делови на светотrn

    Влечење ленти од свадбената торта

    rnВо Перу, девојките кои се немажени учествуваат во традиција која е послатка од фрлањето на бидермаерот. Секоја од нив влече една од лентите кои се поставени помеѓу слоевите на свадбената торта. На крајот од една лента се наоѓа лажна бурма, па се смета дека девојката која ја извлекла лентата со бурмата е следната која ќе се мажи.Свадбени обичаи од различни делови на светотrn

    Весела поворка

    rnВо Либан свадбите започнуваат со многу музика, играње и извици од радост веднаш пред вратата на младоженецот. Ова се вика „Zaffe“, поворка составена  од семејството и пријателите на младоженецот, кои заедно со него одат до куќата на невестата. Дел од оваа поворка можат да бидат и професионални музичари и танчери. Оваа група потоа го испраќа брачниот пар со многу благослови и цветни ливчиња.Свадбени обичаи од различни делови на светотrn

    Жртвување животни

    rnТрадиционалните свадби од Зулу, Јужна Африка, се одбележани со живописни бои и со надигрување помеѓу семејствата на невестата и младоженецот. Како и многу невести од светот, така и невестата од Зулу се облекува во бела венчаница, која по венчавањето во црква може да ја замени со традиционална облека. Обичај е фамилијата на младоженецот да заколе крава во знак на добредојде за невестата, а невестата става пари во стомакот на кравата, како знак дека и таа сега е дел од тоа семејство.Свадбени обичаи од различни делови на светотrn

    Откуп на невеста

    rnТрадиционален свадбен ритуал во Русија е откупот на невеста или „vykup nevesty“. Младоженецот пред свадбата најпрво оди во куќата на неговата идна сопруга, каде го пречекуваат нејзините пријатели и семејство и тие на шега не му даваат да ја види својата сакана, сè додека не им даде пари или подароци. Понекогаш младоженецот треба да погодува гатанки, да танцува или да изведе нешто едноставно што ќе се побара од него. Откако ќе ги импресионира семејството и пријателите на овој начин, тие му дозволуваат да ја види саканата. Сличен ритуал се практикува и во Македонија.Свадбени обичаи од различни делови на светотrn

    Откуп на чевли

    rnЗа разлика од Руските младоженци, мажите во Пакистан треба да платат доколку сакаат да си ги задржат чевлите. По Пакистанската свадба, парот се враќа дома за церемонијата наречена „откривање на лицето“. Семејството и пријателите држат зелена шамија над главите на невестата и младоженецот и невестата го симнува превезот кој го носи во текот на свадбената церемонија. И додека сето ова трае, женските роднини на невестата ги земаат чевлите на младоженецот и бараат пари за да му ги вратат.Свадбени обичаи од различни делови на светот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Божиќни цветни декорации

    Божиќни цветни декорации

    Автор: Бојана МандевскаrnrnЉубов, тоа е вистинското значење на Божиќ. Празник над празниците. Доказ за раѓањето и постоењето на доброто, искреноста, чесноста и вербата како дел од човекот. Период од годината кога се шири добрина и љубезност. Споделувањето, радоста, среќата се доблести кои го прават Божиќ поважен од останатите празници. За надополнување и разубавување на празничната атмосфера неопходен дел се божиќните песни, декорации, цвеќиња, храна.rnrnБожиќни цветни декорацииrnrnЦвеќето се користи во различни видови декорации. Аранжманите со цвеќиња и нивното поставување во одредени делови од домот може да го подигнат расположението и да дадат подобар изглед на празничната атмосфера. Украсувањето на домовите претставува обичај кој ја следи традицијата уште од времето кога се мислело дека цвеќињата имаат магична моќ. Божиќните цвеќиња се симбол за веселост, љубов, убавина, надеж и „виновници“ за будењето нежни емоции во човечките срца. Најкористени цвеќиња во божиќните декорации се бршлен, имела, рози, млечка, зеленика, кактус, шишарки и секако, дабови гранчиња.rnrnЕве неколку предлози како би можеле да го употребите цвеќето за декорации во божиќен дух.rnrnБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Божиќен пакет

    Божиќен пакет

    Божиќ е посебен ден, исполнет со среќа, хармоничност и мир, а најважно од сè, претставува раѓање на новата надеж. Православниот Божиќ ни е на прагот, но сè уште има време за да се подготвите за совршена божиќна прослава. За таа цел, послужете се со нашиот божиќен пакет кој се состои од божиќни песни, идеи за божиќни пораки и подароци и обичаи за Божиќ.rnrnБожиќен пакетrnrn

    Божиќни песни

    rnОва се песните кои задолжително треба да се најдат во вашата божиќна плејлиста:rnrn1. Mariah Carey – All I want for Christmas is yourn2. Elvis Presley – Blue Christmasrn3. Frank Sinatra – Let it snowrn4. Kenny Rogers and Dolly Parton – A Christmas to rememberrn5. Enya – Adeste Fidelesrn6. Bon Jovi – Bells will be ringingrn7. Celine Dion – So this is Christmasrn8. Chris Tomlin – Angels we have heard on highrn9. Alabama – The Christmas shoesrn10. Wham – Last Christmasrn11. Coldplay – Christmas lightsrn12. Frank Sinatra – The first Noelrn13. Amy Grant – Breath of heavenrn14. Band Aid – Do they know it’s Christmasrn15. Jose Feliciano – Feliz Navidadrn16. Train – Shake up Christmasrn17. Bing Crosby – Silent nightrn18. Mia Rose – What would Christmas be like?rn19. ‘N Sync – Mery Christmas, happy holidaysrn20. Brenda Lee – Rocking around the Christmas treern21. Dean Martin – Let it snowrnrnЕве ја и целата листа подготвена за преслушување. Треба само да притиснете плеј.rnrnrn

    Божиќни пораки

    rnНе заборавајте да им го честитате овој свет празник на вашите блиски. Еве неколку идеи за божиќни честитки или пораки:rn
    rn

    „Како што бадниковиот оган се ложи,rnво вашиот дом среќа да се множи,rnнека светла ѕвезда во животот вас ве води,rnзашто денес е Божиќ – Христос се роди!“

    rn

    „Денешниот блажен ден нека ви биде радосен!rnБожиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати.rnАнгел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди.“

    rn

    „Додека бадниковиот ден догорува,rnслушни го Бога што ти зборува,rnследи го патот на срцето што до среќа те води.rnСреќен Божиќ – Христос се роди!“rn

    rn

    „Во телото здравје, во душата мир,rnво мислите спокој, во срцето младост.rnЧестит Божиќ, ти испраќам полна вреќа радост!“

    rn

    „Божјата милост насекаде нека ве прати,rnнека за доброто со добро ви се вратиrnХристос насекаде да ве води,rnСреќен Божиќ, Христос се роди.“

    rn

    „Бадниковата вечер нека го избрише сето она што сакаш да го заборавиш,rnа Божиќното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и Божји благослов!

    rn

    „Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди,rnсреќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари.rnСите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е на здравје!rnБериќет и к`смет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!“

    rn

    Божиќни подароци

    rnПродолжуваме со одбирање божиќен подарок. Запомнете, тој мора да е подарен со љубов и внимание, а не секогаш треба да потрошите многу пари за да го одберете совршениот.rnrnБожиќен пакетrnrnЗа вашиот близок пријател од посилниот пол или пак за вашиот партнер купете приврзок за клучеви, масажер, дивиди со неговиот омилен филм, футрола за мобилен телефон, рачен часовник или убав машки шал.rnrnЗа вашата блиска другарка, одберете голема шолјичка за кафе или чај со интересен натпис или пак слика. Уште подобро би било ако успеете да најдете чаша за вино со изгравиран натпис.rnrnЗа вашата пријателка или колешка од работа, одличен подарок би била и кутија со чоколатца, термос за кафе, цеде со фитнес-вежби, омилената книга или книга од омилениот автор, плишано меченце за чистење екран од мобилен или компијутер, а доколку е нежна и женствена, нема шанси да не ѝ се допаднат интересни бушави топлинки за низ дома.rnrnДоколку личноста ви е блиска и драга, подарете ѝ кутија со кочачиња, спа-колекција со миризливи свеќи и купка за капење или најново издание од омиленото месечно списание, а во тој случај, не би било лошо да ставите црвена панделка на насловната страна.rnrnБожиќен пакетrnrnЗа вашиот неженет чичко, вујко или постар братучед, одберете интересна новогодишна честитка со Баба Мразица или пак комплет од омилениот алкохолен пијалак со брендирана чаша од истиот.rnrnОдличен подарок за вашиот татко или дедо е шише добро вино, сет отворачи за вино или пак малечка сталажа или држач за вино.rnrnВашата мајка, тетка или стрина најверојатно намногу би се израдувале на убав сервис за кафе, голем магнет за на фрижидер со некаков натпис или форма, марама, божиќен венец или вазна за цвеќиња.rnrnЗа вашиот шеф одберете убав сет пенкала, ѕиден часовник или паричник.rnrnЗа вашата сестра или братучетка одберете убав комплет шал и капче во нејзината омилена боја, можеби омиленото домашно милениче кое долго време го посакува, термофор (предмет направен од гума кој се полни со топла вода и служи за топлење) со некаков божиќен мотив како снешко или Дедо Мраз или пак приврзок за ланче или мобилен телефон со нејзиното име.rnrnЗа вашиот помал брат или братучед, купете ламба за во детска соба со интересни бои или облици, некаква друштвена игра како „Монопол“ или „Не лути се човече“, гумена играчка за во када или плишана перница во облик на животно како тигар, мече или слатко кученце.rnrnСовршен подарок за вашиот брат или сестра, е зголемена и врамена верзија од вашата заедничка слика со Дедо Мраз што сте ја направиле кога сте биле малечки. Со сигурност ќе донесе насмевки и убави спомени.rnrnБожиќен пакетrnrn

    Прославувањето на Божиќ во Македонија

    rnБожиќ во Македонија се прославува според Јулијанскиот календар по кој се раководи Православната црква. На 6 јануари се прославува Бадник (зборот доаѓа од страро-македонски збор со значење „да бидеш буден“), а суштината на празникот е да се одбележи радоста пред Христовото раѓање. На овој датум навршуваат Божиќните пости кои траат 6 недели. На различни места постојат различни обичаи за Бадник по кои луѓето се раководат. Многу од нив црквата ги смета за пагански обичаи, но и покрај тоа сè уште се применуваат.rnrnБожиќен пакетrnrnВо македонските православни цркви има целодневна бадникова служба и црковно пеење. Рано наутро на Бадник, деца (коледарчиња) одат по куќите со песни и добиваат подароци, како: пари, ореви, костени, овошје и слично. Една од најпеаните бадникови песни е „Коледе леде“, објавена во запис во 1893 година.rnrnПразникот се обележува со традиционална, посна и свечена вечера во кругот на семејството. Обичај е по вечерата да не се крева софрата, туку храната да остане поставена на маса цела вечер. Во многу семејства на Бадник се меси лепче (кравајче) или погача, во која се става паричка. За време на вечерата кравајчето се крши на онолку делови колку што има членови во потесното семејство. За оној кој ќе ја најде паричката, се смета дека ќе биде најсреќниот во претстојната година.rnrnВечерта на Бадник спроти Божиќ се палат коледарски огнови, се гори бадниковото дрво, а најчесто за таа цел се употребува пенушка од даб. Тоа е обичајот наречен „коледица“, а околу запалениот оган се пее и најчесто се останува буден цела ноќ за да се пречека Христовото раѓање.rnrnНа Божиќ се оди во црква. Оние кои ги почитувале божиќните пости се причестуваат со пеено вино и нафора, кои ги симболизираат Исусовата крв и тело. Ова е ден за веселба, за игри и песни, ден кога задолжително заборавате на обврските и им посветувате време на најблиските.rnrnЗа крај, не заборавајте на старата поговорка: „Пред Божиќ, зад Божиќ, кај и да си дома да си!“ Овој Божиќ прославете го во вашиот топол дом, со најмилите, најсаканите. И најважно е да запамтите дека во овој ладен период, најбезбедно и најудобно е во сопствениот дом.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни новогодишни традиции

    Интересни новогодишни традиции

    Ако за најлудата ноќ планирате да заминете надвор од земјата, немојте да се изненадите ако наидете на некоја од следните традиции.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Данска

    rnВо оваа земја, точно на полноќ луѓето скокаат од столици, со надеж дека ќе ги исплашат лошите духови и ќе им забранат влез во новата година. Покрај ова, традиција на овој скандинавски народ е и кршењето чинии од вратите на пријателите. Ако утрото не можете да излезете од дома, тоа значи дека имате навистина многу пријатели :).rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Јужна Америка

    rnВо јужноамериканските држави, се верува дека ако новата година ја дочекате со црвени гаќички на вас, наредните 365 дена ќе имате среќа во љубовта. Оние пак, кои повеќе преферираат пари, треба да облечат жолта долна облека.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Шпанија

    rnШтом започне отчукувањето на часовниците со кои ги броиме последните секунди до новата година, жителите на оваа земја брзаат да изедат 12 зрна грозје. Ако тоа го сторат пред да завршат отчукувањата, се верува дека ќе ги следи среќа.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Белорусија

    rnТаму столбот на новогодишната традиција се немажените моми. Тие во текот на најлудата ноќ организираат игри на среќа и меѓусебни натпревари во различни вештини. Меѓу најинтересните е играта со пченка и петел. Пред себе ставаат зрна пченка и го чекаат петелот да почне да колва од нив. Веруваат дека прва ќе се омажи таа до купчето со првото изедено зрно.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Филипини

    rnКај филипинците сè е во форма на круг. Се надеваат дека годината ќе им биде бериќетна, ако носат облека со кружни форми и дезени и ако за време на новогодишната забава јадат топчести овошја, како на пример, грозје. Округлите работи ги симболизираат железните пари и значат просперитетна година.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Еквадор

    rnВо многу земји палењето фотографии значи лоша среќа. Но, во Еквадор верувањето е сосема спротивно. На новогодишната ноќ тие палат фотографии на кои има работи што не сакаат да им се случат или да им се повторат во годината што доаѓа.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Порторико

    rnТаму луѓето фрлаат вода од прозорците за да ја испратат старата година, а со неа и проблемите. Тогаш ги чистат и декорираат домовите, убедени дека со тоа ќе ги избркаат лошите духови.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Австрија и Германија

    rnВо овие две земји за новогодишниот дочек се истура стопено олово во голем сад со вода. Формите што ќе ги направи оловото, треба да одредат каква ќе ви биде годината.  Ако се формира круг, ќе ве следи среќа, но ако се појави крст,  тоа според нивните верувања, значи смрт.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Чиле

    rnЗа Чиле пак, може да се рече, дека гаи по малку морбидна новогодишната традиција. Таму масовно се посетуваат гробиштата, со цел новата година да ја дочекаат заедно со починатите лица од нивните семејства.rnrnИнтересни новогодишни традицииrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.