КАФЕ ПАУЗА

Tag: обичаи

  • Необични сексуални обичаи ширум светот

    Необични сексуални обичаи ширум светот

    Дали некогаш сте слушнале дека во минатото во хавајската култура имало обичај да им се дава име на своите гениталии? Или пак, дека членовите од кралството и народот имале песни во кои ги опишувале своите полови органи? Постојат уште многу интересни, и малку бизарни обичаи, а дел од нив ви пренесуваме во продолжение.rnrn1-neobichni-seksualni-obichai-shirum-svetot-www.kafepauza.mk_rnrn1. Во стариот Египет се верувало дека текот на реката Нил е предизвикан од ејакулацијата на богот Атум. Поради тоа фараоните ритуално мастурбирале во славната река.rnrn2. Народот Гуајиро од Колумбија има занимлив облик на забава. Во церемонијалниот танц девојката може да му ја постави ногата на момчето. Ако го направи тоа, нивниот танц мора да заврши со секс.rnrn3. Жителите на малиот остров Инис Беаг на крајбрежјето на Ирска се меѓу најзатворените општества, кога станува збор за сексуалните активности. Возрасните луѓе никако не ја соблекуваат до крај својата долна облека, ниту во текот на сексуалниот однос и сите сметаат дека сексот е лош за нивното здравје.rnrn4. Во Средниот век црквата велела дека мисионерската поза е единствената „правилна“ поза за сексуален однос.rnrn5. Некои племиња на Хималаите практикуваат полиандрија и сите браќа делат една сексуална партнерка. Така тие немале многу деца кои не можеле да ги издржуваат поради суровите животни услови.rnrn6. На некои острови во Полинезија било сосема нормално да се набљудуваат родителите додека имаат секс. Децата спиеле во собата заедно со своите родители и биле присутни во текот на нивните сексуални односи.rnrnПрочитајте и за следниве неколку обичаи за првата брачна ноќ кои ќе ве шокираат!

  • Што се крие зад 3-те најголеми свадбени традиции?

    Што се крие зад 3-те најголеми свадбени традиции?

    Секој народ има свои свадбени обичаи кои се почитуваат и до ден денес, па затоа и нам ни се добро познати популарните традиции кои се практикуваат низ повеќето земји во светот. Некои од нив се прават и кај нас, како што е на пример фрлањето на бидермаерот, но сте се запрашале ли некогаш зошто е тоа така? Во продолжение прочитајте за потеклото на 3-те најголеми свадбени традиции во светот.rn

    1. На денот на свадбата, младоженецот не смее да ја види невестата

    rnШто се крие зад 3-те најголеми свадбени традиции?rnrnВо минатото, повеќето бракови биле однапред договорени и симболизирале еден вид бизнис договор помеѓу две фамилии. Татковците на невестите не им дозволувале на момците да ја видат својата идна сопруга бидејќи се плашеле дека договорениот брак може да пропадне доколку девојките не им се допаднат на младоженците, при што ќе донесат голем срам за својата фамилија. Затоа брачните парови се запознавале на денот на самата церемонија, кога веќе било доцна за откажување. Оттогаш па наваму, се вели дека е лоша среќа ако младоженецот ја види невестата пред свадбата.rn

    2. Жената која ќе го фати свадбениот букет е следна на ред за стапување во брак

    rnШто се крие зад 3-те најголеми свадбени традиции?rnrnВо средниот век, по крајот на свадбената церемонија, гостите ја следеле невестата до нејзината соба и се обидувале да земат дел од нејзината свадбена носија бидејќи се сметало дека тоа носи среќа. Така, венчалните фустани биле целосно уништувани. Затоа, невестите почнале да бараат алтернатива за оваа чудна традиција и започнале да ги фрлаат своите бидермаери кон гостите, за да им го одвлечат вниманието и да се обидат да побегнат. Оттогаш останало традиција невестата да го фрла свадбениот букет кон сите немажени дами.rn

    3. Младоженецот мора да ја пренесе невестата преку прагот на нивниот дом

    rnШто се крие зад 3-те најголеми свадбени традиции?rnrnОва е претежно традиција која ја практикуваат западните земји, а во древните култури се верувало дека прагот на заедничкиот дом е место на кое се собираат злите духови и дека тие лесно можат да ѝ донесат лоша среќа на невестата преку нејзините стапала. Затоа, младоженецот имал должност да ја пренесе својата сопруга преку прагот, за да ги спречи духовите да влезат во внатрешноста на домот и да им овозможи долг и среќен брак.

  • Симболи и обичаи за најубавиот ден во годината – Божиќ

    Симболи и обичаи за најубавиот ден во годината – Божиќ

    Денот пред Божиќ, 6 јануари, се нарекува Бадник. Од овој ден почнува Божиќното славење. Рано наутро се зема бадниково гранче и се пали оган. Жените во куќите месат колачи и торти и ја подготвуваат трпезата за Божиќ.rnrnrnrnПогледнете што означуваат дел од обичаите и симболите што се подготвуваат за еден од најубавите денови во годината – Божиќ:rnrn1. Сламата во домовите ги симболизира јаслите во коишто е оставено божјото новородено дете.rnrn2. Парите во сламата го симболизираат златото со коешто е даруван Исус.rnrn3. Оревите во сламата и во аглите на собите покажуваат дека Бог владее над сите четири страни на светот.rnrn4. Кадењето на домот со темјан го симболизира мирот.rnrn5. Погачата се крши и го симболизира самиот Исус Христос којшто за себе рекол: „Јас сум жив леб (леб на животот) којшто се симнува од небото; кој ќе јаде од овој леб ќе живее засекогаш; и леб којшто ќе му го дадам на светот“.rnrn6. Рибата е симбол на Синот Божји. На грчки јазик, преку којшто нашите предци го примиле христијанството, риба е „ihtis“, што е склоп од иницијалите на Исус Христос. Затоа, на почетокот на христијанството рибата била знак за распознавање на христијаните.rnrn7. Солта е симбол на силата и божјите благодати, којашто го чува божјото дело, како што лебот и рибата ги чува од мувла и гниење.rnrn8. Медот е производ од најчистите суштества под небото – пчелите. Тој ја симболизира сладоста на вечниот живот под божјата заштита.rnrn9. Виното ја претставува крвта на Спасителот којашто ја дал како откуп за спасување на човечките гревови.rnrn10. Свеќата којашто се пали на Бадник и Божиќ треба да е од чист восок. Таа со својата светлина го претставува Божеството коешто е без почеток и крај.rnrn11. Првиот гостин на самиот ден на Божиќ најчесто треба да биде дете, затоа што Спасителот велел: „Кој ќе го прими детето во мое име, ме прима мене“. Затоа првиот гостин се прима како самиот Господ којшто со своето раѓање во сите домови носи мир и добра волја.rnrn12. Бадниковото лепче се меси во чест на Исус Христос. Сребрените или златните парички се симбол на златото со коешто е дарувано Божјото новороденче. Лепчето се крши во рацете, а членот на семејството којшто ќе ја најде паричката ќе има бериќет во текот на годината.

  • Стари, народни верувања за Бадник: Еве како нашите баби и дедовци го прославувале овој празник

    Стари, народни верувања за Бадник: Еве како нашите баби и дедовци го прославувале овој празник

    Најзначајниот и најбогатиот со обичаи празник е токму Бадник. Иако тој се смета за христијански празник, народот низ минатото, па и денес го прославува на начин кој тешко може да се карактеризира како христијански.rnrnСтари, народни верувања за Бадник: Еве како нашите баби и дедовци го прославувале овој празникrnrnПовеќето бадникови и божиќни обичаи се темелат на сознанието дека во овие денови почнува новата година и на верувањето дека токму тогаш се одлучува судбината на домот и оние кои живеат во него за наредниот едногодишен период. Скоро сите магиски и култни обреди за овие празници се инспирирани од желбата за посреќна година и напредок во неа. Еве неколку од тие стари, народни обичаи кои сè уште се почитуваат во некои подрачја:rnrn1. Не е убаво на Бадник да се заспие додека не прегори бадниковото гранче, бидејќи некој од станарите ќе умре без предзнак.rnrnСтари, народни верувања за Бадник: Еве како нашите баби и дедовци го прославувале овој празникrnrn2. Кога станарите си легнуваат, бабата или некоја друга постара жена од фамилијата забодува нож во внатрешната страна на вратата или става колач од глог зад вратата и на него закачува малку лук, за станарите да бидат заштитени од уроци, вештерки и нечисти сили.rnrnСтари, народни верувања за Бадник: Еве како нашите баби и дедовци го прославувале овој празникrnrn3. На Бадник ништо не се позајмува од куќата, а ако нешто е позајмено порано, тоа се бара назад, бидејќи не е убаво она што припаѓа во домот да биде надвор од него на Божиќ.rnrn4. Жените на овој ден не треба да работат, т.е. треба да ги „затворат вретената“, бидејќи така ќе им ги затворат устите на ѕверовите.rnrn5. На Бадник не е убаво огнот да се разгорува со дување, за ветрот да не ја одвее пченицата. Наместо со дување во огнот, тој се распалува со лиснати гранки.rnrnСтари, народни верувања за Бадник: Еве како нашите баби и дедовци го прославувале овој празникrnrn6. На Бадник, вечерата на стоката се посипува со соја, жито и проја, за животните да се заштитат од болести.rnrn7. После вечерата се редат сите лажици по старост, па чија што лажица ќе падне, тој ќе умре во текот на годината.rnrnСтари, народни верувања за Бадник: Еве како нашите баби и дедовци го прославувале овој празникrnrn8. На Бадник, кога ќе се завршат сите работи, во една чинија се растопува маст и во неа се огледуваат сите станари. Кој што нема да ја види својата глава, тој ќе умре во текот на годината.rnrn9. Во некои овчарски краеви, овчарот на Бадник носел камче под јазикот, бидејќи се верувало дека така на волците ќе им се скаменат вилиците и нема да можат да ги колат овците.rnrn10. Ако е облачно на Бадник, годината ќе биде плодна.rnrn11. Ако на Бадник во огништето има многу пепел, се верува дека зимата ќе има многу снег.rnrn12. Ако на Бадник искрите од огнот излегуваат сами, иако никој не го чепка огништето, се верува дека ќе има многу мед и богатство.rnrnСтари, народни верувања за Бадник: Еве како нашите баби и дедовци го прославувале овој празник

  • Привлечете ги среќата, парите и љубовта кон вас: Направете ги овие ритуали на новогодишната ноќ

    Привлечете ги среќата, парите и љубовта кон вас: Направете ги овие ритуали на новогодишната ноќ

    Независно од тоа дали себеси се сметате за суеверна личност или не, некои од овие ритуали можете да ги направите околу Нова година и да си дадете поголема шанса за повеќе среќа догодина. Следуваат најчестите верувања кои важат за денот во пресрет на новата година и на самата вечер (31 декември и 1 јануари), за кои се верува дека во наредната година ќе ви донесат среќа.rnrnПривлечете ја среќата, парите и љубовта кон вас: Направете ги овие ритуали во новогодишната ноќ rn

    1. Новогодишната вечера

    rnКога е во прашање празничната трпеза, според верувањата на некои култури, ако подготвувате јадење од месо, пожелно е тоа да биде од животни кои немаат крилја. Според одредени народни верувања, со тоа си обезбедувате мирот и спокојството да останат во вашата куќа, односно да не „одлетаат“ од вашата маса.rn

    2. Работна година

    rnНаправете некоја симболична работа на првиот ден од новата година, иако е празник. Ако на пример, сте добиле роковник како подарок, запишете го датумот и неколку збора… задржете го вниманието, размислувајте за работата барем неколку минути тој ден. Според верувањата, овој чин симболизира дека во текот на наредната година ќе имате доволно работа и дека ќе работите со волја и задоволство.rn

    3. Бакнежи за среќа

    rnПривлечете ја среќата, парите и љубовта кон вас: Направете ги овие ритуали во новогодишната ноќ rnrnНа полноќ задолжително споделете бакнежи со драгите личности. Тоа се смета за потврда дека во претстојната година вашата љубов и блискост ќе траат.rn

    4. Односи со пријателите

    rnСлично на обичајот кој важи за Божиќ, важно е и кој прв ќе влезе во вашиот дом, односно кој прв ќе ве посети на 1-ви јануари. Ова е важно бидејќи се смета дека таа личност значително влијае врз вашиот живот и тоа влијание ќе го има и во наредната година.rn

    5. Црвено за среќа

    rnПривлечете ја среќата, парите и љубовта кон вас: Направете ги овие ритуали во новогодишната ноќ rnrnОпштопознатото правило вели дека во пресрет на новата година е добро да облечете нешто ново. За среќа во љубовта, се верува дека е добро да носите долна облека во црвена боја.rn

    6. Постојат неколку верувања кои се однесуваат на она што може да го правите во текот на овие два дена:

    rnДури и ако не сте љубители на СМС-пораките, телефонирањата, праќањето мејлови… не пропуштајте да им ја честитате новата година на драгите личности, како и да одговорите на честитките. Со тоа симболично ги јакнете односите меѓу вас и го развивате чувството на топлина и пријателство.rnrnНа самиот почеток на годината, избегнете го позајмувањето пари. Симболиката е јасна – укажува на тоа дека во текот на годината ќе имате материјални проблеми, односно нема да имате доволно пари.rnrnОва верување сигурно не се поклопува со вашата досегашна практика, а тоа е дека на 1-ви јануари не би требало ништо да изнесувате од домот. Иако сите сакаме да разменуваме колачи и јадења кои сме ги подготвиле за новогодишната ноќ, сепак според ова верување тоа не треба да го правиме. Почестете ги сите ваши гости, тоа е секако добар знак, но при посетувањето на другите не носете ништо со вас. За тоа почекајте го 2-ри јануари.rnrnВо некои култури перењето облека на 1-ви јануари е неприфатливо. Имено, се смета дека перењето на што било треба да се сведе на минимум, бидејќи може лошо да влијае на здравјето на домашните во наредната година.rnrnИсто така, потрудете се да бидете внимателни и со садовите и општо со кршливите предмети, бидејќи кршењето на работите се смета за повикување несреќа.rnrnПривлечете ја среќата, парите и љубовта кон вас: Направете ги овие ритуали во новогодишната ноќ rn

    7. Познати се и неколку вкоренети верувања кои се однесуваат на временските прилики во текот на тие два дена:

    rnАко тој ден дува јужен ветар, тоа е знак дека наредната година ќе биде добра и богата.rnrnАко дува северен ветар, тоа е знак дека целата година ќе биде студена и со лошо време.rnrnАко 1-ви јануари е ведар и сончев, без ветар, тоа е знак дека нè чека весела година.rn

    8. За среќа со парите

    rnПривлечете ја среќата, парите и љубовта кон вас: Направете ги овие ритуали во новогодишната ноќ rnrnМал ритуал – во секој паричник кој го имате во куќата, ставете пари. Тоа е знак дека следната година ќе тече во благосостојба. За среќа со парите важи и верувањето дека добар знак е да влезете во новата година без долгови и неплатени сметки.rn

    9. Раѓање

    rnПривлечете ја среќата, парите и љубовта кон вас: Направете ги овие ритуали во новогодишната ноќ rnrnБебињата родени на 1-ви јануари се сметаат за „деца на среќата“.

  • 10 чудни човечки и животински навики за размена на подароци

    10 чудни човечки и животински навики за размена на подароци

    Без разлика кои сте или од каде доаѓате, секој сака да добива подароци. Какви се подароците… тоа е веќе друго прашање.rnrn(5)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mkrnrn1. Вашата мачка не ви го дава нејзиниот плен само како знак на благодарност или великодушност. Таа веројатно ги забележала вашите очајни ловечки способности и се обидува да ве научи, исто како што ги учи своите мали мачиња.rnrn(8)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mkrnrn2. Во текот на сезоната на парење, мажјакот мора да го декорира гнездото во соодветни бои, прифатливи за женката. Ако женката не е импресионирана од неговиот дизајнерски вкус, може да одлета кај друг мажјак.rnrn(3)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mkrnrn3. Истражување спроведено на Универзитетот Дјук покажа дека мајмуните бонобо доброволно ја споделуваат својата храна, дури и со непознати бидејќи сакаат да се социјализираат и уживаат во секоја интеракција. Но тие ќе ги споделат своите богатства без разлика дали ќе се формира нова врска.rnrn(0)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mkrnrn4. Луѓето од племето Масаи од Кенија и Танзанија плукаат на предметите кои имаат намера да ги подарат. Тие тоа го прават поради обострана почит. Плукањето се смета како благослов, а не навреда.rnrn(4)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mkrnrn5. Омијаги (јапонски збор за сувенир) во Јапонија се сфатени сериозно, така што постои општествена одговорност да донесете подароци за вашето семејство и колегите кога ќе се вратите од одмор.rnrn(6)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mkrnrn6. Кога авиокомпанијата Јунајтед воведе лет од прва класа до Хонгконг, вработените и патниците ги даруваа со бели каранфили без да знаат дека во тој регион од светот тоа значи несреќа и смрт.rnrn(1)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mkrnrn7. Во Азиските култури се избегнува да се подарува огледало на свадби. Бракот треба да трае додека смртта не ги раздели сопружниците, па поради кршливоста на огледалото и несреќата што ја симболизира скршеното огледало, се смета како ризичен подарок.rnrn(2)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mkrnrn8. За Денот на мртвите некои семејства трошат повеќе од две месечни плати на подароци и декорации во чест на мртвите роднини, со надеж дека нивните духови ќе им обезбедат заштита, среќа и мудрост.rnrn(7)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mkrnrn9. Без разлика дали тоа бил убав камен, коска, заб од животно, гранка од дрво или каков било друг предмет од природата, подарувањето било вообичаено многу векови пред да се создадат напредните цивилизации.rnrn(9)-10-chudni-chovechki-i-zhivotinski-naviki-za-razmena-na-podaroci-kafepauza.mkrnrn10. Постои традиција ловците на китови од племето Инупиак да споделат голем дел од својот улов со останатите соселани. За возврат, стекнуваат почит во селото и си обезбедуваат повисок статус во општеството.

  • Најинтересните и најубави велигденски прослави ширум светот

    Најинтересните и најубави велигденски прослави ширум светот

    Велигден е еден од најубавите и најважни христијански празници. Тоа е денот кога христијаните насекаде во светот го слават воскресението на Исус Христос, па заедно и во убава атмосфера се радуваат. Но покрај религиозните ритуали и обичаи кои се прават на овој ден, секоја земја има свој, уникатен начин на кој го празнува. Следниве земји ги имаат едни од најуникатните прослави.rn

    Аргентина

    rnВелигден е голем ден за народот во Аргентина. Во текот на Светата недела се практикуваат најразлични традиции, додека народот го почитува постот. Традицијата во Аргентина налага споделување на велигденски јајца и јадење специјална велигденска торта наречена Rosca de Pascua. Прославата кулминира кога луѓето одат на велигденската миса, после која следи голема семејна гозба. Меѓу другото, општината во поголемите градови организира потрага по скриено богатство во која може да учествува секој кој сака да се забавува.rnrn(1)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrn

    Грција

    rnУште од времето на боговите, па сè до почитувањето на христијанската вера денес, Грците секогаш биле многу ревносни кога станувало збор за верските обичаи. Грчката црква го следи византискиот календар, па Велигден се слави на различен ден одошто кај повеќето православни цркви, но сепак останува најсветиот празник во Грција кој се празнува цела една недела.rnrnПрославата во Атина започнува на Велики петок кога реплика на Исусовиот гроб се носи низ градот. Следниот ден се оди во црква на полноќна миса после која, точно на полноќ, луѓето си го честитаат празникот со зборовите Христос воскресна и Вистина воскресна. Целата велигденска прослава е проследена со многу забава, музика, огномет и многу храна. Оној обичај кој многу потсетува на нашиот е чукањето со јајца со пријателите, обичај за кој се верува дека му носи среќа на оној кој ќе победи.rnrnGreek Orthodox Patriarch of Jerusalem Thrn

    Либан

    rnХристијаните во Либан сочинуваат половина од неговото население и се едни од најстрасните верници во светот. Улиците, продавниците и куќите низ Либан се богато украсени со најразлични декорации, велигденски чоколадни зајачиња, шарени јајца и што ли уште не. Велигденската миса е дел од прославувањето и обичаите кој никој не го пропушта. Карактеристично за овој голем ден во Либан е обичајот Shanineh кој се одржува во црква, кога на децата им се даваат свеќи украсени со украсни ленти и цвеќе и тие потоа кружат во поворка околу црквата. Исто уникатни се и слатките Ma’amoul, специјално приготвени за овој ден, а со преубав вкус на мешавина од гриз и путер, исполнета со ореви и шеќер во прав.rnrn(3)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrn

    Шкотска

    rnВелигден е доста лежерен празник во Шкотска. Иако како верници Шкотланѓаните ги почитуваат верските обичаи, како што е одењето на миса, сепак ова е ден кој тие го прават доста забавен. И сѐ се врти околу велигденските јајца. Откако ќе ги сварат, бојадисаат и украсат со најразлични декорации, секој со своето јајце се упатува кон зелените ридови на тркалање. Целта е да се види чие јајце е најсилно и кое од многуте ќе го издржи тркалањето по ридот. Забавно, но и симболично, овој обичај го претставува тркалањето камења од Исусовиот гроб со што би му се помогнало да воскресне.rnrn(4)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrn

    Шпанија

    rnКако најважен верски празник во Шпанија, Велигден е обележан во карневалска атмосфера, со труби, тапани и весели лица. Еден од регионите со најуникатна велигденска традиција е Севилја. Со своите педесет и две различни религиозни братства чии членови маскирани во покајници парадираат по улиците цела недела, Велигден во Севилја е навистина доживување. Во текот на 24 часа, поворките ги манифестираат случувањата од трите дена, почнувајќи од распнувањето, па сѐ до воскреснувањето на Исус Христос кое е прославено со многу музика, традиционални колачи, танци и секако свеќи украсени со цвеќе.rnrn(5)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrn

    Шведска

    rnОва е земјата во која Велигден е целосно посветен на семејството, добрата музика, богатата гозба и забавувањето. Многу од шкотските велигденски обичаи ги вклучуваат децата, па така, вечерта пред Велигден (сабота вечер), малите деца се облекуваат како добри волшебници и на луѓето им делат писменца и картички за да го разбудат во нив велигденскиот дух, додека за возврат добиваат парички и бонбони. Дента на Велигден, центар на внимание се богатите трпези полни со секакви јадења, од кои во најголеми количини ја има рибата. Главна атракција се секако внимателно декорираните велигденски јајца кои подоцна се разменуваат и употребуваат во игра слична на онаа во Шкотска, само овој пат јајцата се тркалаат по ќерамиди.rnrn(6)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrn

    Франција

    rnИако црковните ѕвона ѕвонат секој втор ден во Франција, трите дена на Велигден нема да ги чуете. Според старата легенда, се верува дека е така бидејќи тие заминале во Рим за да бидат благословени. Неделата за Велигден, тие повторно може да се слушнат бидејќи ја поминуваат цела земја оставајќи чоколадни јајца, кокошки и зајчиња во секоја градина. Попладнето децата трчаат во градините за да го пронајдат скриеното богатство оставено само за нив од црковните ѕвона. Во поглед на велигденската гозба, изборот на цела Франција е јагнешко месо.rnrn(7)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrn

    Германија

    rnДефинитивно земја со една од најубавите традиции кога станува збор за детската радост – секој Велигден, секое дете од своите родители добива кошничка полна со подароци, чоколади и велигденски јајца. Овие кошнички се скриени во дворот, па по враќањето од миса, секое дете весело и возбудено ја бара својата кошничка. Додека ваквиот обичај е попопуларен во руралните области каде куќите имаат големи градини, во урбаните делови на Германија луѓето одат на велигденска прошетка во природа, па ги кријат велигденските гнезда полни со вистински и чоколадни јајца некаде низ дрвјата и грмушките за да можат децата да се забавуваат додека ги бараат. Исто убав обичај е навиката на Германците да ги китат дрвјата во дворовите со дрвени ишарани јајца.rnrn(8)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrn

    Америка

    rnМисата е секогаш на прво место. Велигден е празникот кога сите христијани во Америка се облекуваат во најубавата облека и одат во црква на велигденска миса. А потоа на ред доаѓаат колачите и чоколадата. Некои компании за производство на чоколади специјално за Велигден произведуваат велигденски чоколади кои можат да се најдат во продажба само тој период. Она што особено го заслужува вниманието на оние кои живеат во Вашингтон е фактот дека, само за Велигден, вратите од градините на Белата куќа се отворени за децата и нивната игра која се состои во тркалање јајца. Ова е традиција која датира од 1878 година.rnrn(9)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrn

    Канада

    rnПрославите во Канада вклучуваат фестивали, вкусна храна и многу забава. И религиозните и нерелигиозните Канаѓани земаат учество во верските обичаи, актерските претстави, велигденските пеења и сите други активности, меѓу кои и одењето на миса. Богатото мени е разновидно и по желба, но она кое го има на секоја маса се колачите со јаболка и печениот грав. Главна атракција на Велигден е големото јајце конструирано во 1975 година во чест на Украинските спогодби во Едмонтон. Ова е најголемото Велигденско јајце кое постои во светот и како такво претставува архитектонско ремек-дело кое е симбол на животот, просперитетот, вечноста и добрата среќа.rnrn(10)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нови адети за невообичаена свадба

    Нови адети за невообичаена свадба

    Ако сте од оние кои сакаат свадбата да им изгледа уникатно и ослободена од традиционалните адети, ви нудиме 8 оригинални решенија.rn

    1. Светулки во воздухот

    rn1-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnТие може да претставуваат замена за традиционалното држење свеќи. Палењето на ваквите светилки ќе ја задржи истата симболика како и пламенот на свеќата, само што овој пат ќе може сите поканети да бидат активно вклучени.rnrnОткако вие и вашиот иден сопруг ќе ја пуштите првата светилка да се издигне во воздухот, тогаш и гостите можат да ги пуштат своите светулки кои ќе бидат во различни бои од вашата. Тоа ќе биде симбол на нивната надеж за вашата љубов и меѓусебно разбирање.rnrnДруга идеја поврзана со светулките е секој од гостите да ви напише по една желба која посакува да ви се оствари и да ја пушти на небото задно со светулката. Така ќе добиете јато од пораки кои ќе бидат испратени до небото.rn

    2. Порака во јајце

    rn2-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnОва е идеја за сите оние парови кои сакаат меѓусебно да си подарат добро осмислен подарок. Она кое треба да го направат е и двајцата сопружници да земат по едно јајце. Јајцето ќе го прободете од горната и долната страна, за да истече целата течност од него и да остане само лушпата. Преку тесниот отвор ќе внесете едно ливче со ваша порака или желба до партнерот. Лушпата украсете ја онака како што вие сакате и на свадбата разменете си ги јајцата. Пораките кои се во нив прочитајте ги за време на некој ваш значаен момент: Раѓањето на вашето бебе, годишнина од брак итн. А до тогаш јајцето ќе претставува убава декорација и потсетник на вашата љубов.rn

    3. Отпечатоци од прсти

    rn3-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnАко сте од оние кои не сакаат да се расфрлаат со пари за скапи прстени и сметате дека подобро истите пари да ги дадете за ексклузивен меден месец, тогаш имаме идеја за вас.rnrnОд надворешната или внатрешната страна на вашиот златен или сребрен прстен отпечатете го отпечатокот од прстот на вашиот партнер.rnrnСимболиката е да имате отпечаток со кој вашиот партнер го закружува вашиот прст во симбол на единство.rn

    4. Катанец и клуч

    rn4-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnЗа оваа идеја ви се потребни два катанци и два клуча кои ќе ја симболизираат личноста на сопружниците. Можете да изберете какви било катанци и клучеви, раскошни или обични сеедно.rnrnИма повеќе варијанти на оваа идеја. Едната е доколку има вода во близина на церемонијата заклучените катанци со клучевите да ги фрлате во водата. Но, доколку не сте во близина на вода, тогаш повторно симболично ги заклучувате катанците, но клучевите ги чувате, за потоа да ги отклучите катанците во вашето ново живеалиште.rnrnУште една варијанта е, по церемонијата да ги поставите катанците на местото каде прв пат сте се сретнале. Идејата е засекогаш да останат заедно заклучени и да ја чуваат безбедноста во бракот.rn

    5. Мапа за патувања

    rn5-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnОваа идеја е поврзана со медениот месец и ги вклучува и вашите најблиски. Она што треба да го направите е да земете една голема карта на светот. Дајте им ја на вашите родини и пријатели тие да ви посочат места за меден месец кои сметаат дека вам ќе ви бидат најинтересни и да ги назначат со иглички на картата. За меден месец одберете го местото кое има најмногу забодени иглички. Потоа урамете ја и закачете ја картата на ѕид и отворете „штеден фонд“ за вашите следни патувања. Па, така во текот на вашиот заеднички живот, остварувајте ги сите патувања кои ви ги предложиле блиските.rn

    6. Крофна торта

    rn6-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnНаместо да давате вртоглави суми за свадбени торти и колачи, поедноставете ја работата со крофни. Поставете ги крофните во сад на катови, прекријте ги со шлаг или со шеќер во прав за да изгледаат поелегантно. За поспецифичен вкус додадете ванила или друг вид арома.rnrnНе само што ова е поевтина варијанта туку е и поедноставна и за децата затоа што се полесни за сервирање и за јадење.rn

    7. Артистички букет

    rn7-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnОва е супер идеја за сите оние девојки кои се љубители на читањето и некоја која почесто ќе можете да ја најдете во кафетерија отколку во ноќен клуб. Наместо цветови кои се скапи и кои ќе овенат за една недела направете уникатен букет од омилените книги и извадоци.rnrnСо фаќање на букетот не само што споделувате среќа, туку споделувате и книжевен вкус. Истава идеја може да се направи и со листови со петолиние за музичари или со цртежи за ликовни уметници.rn

    8. Здравица

    rn8-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnСмислете рецепт за коктел кој подоцна ќе го именувате по невестата и младоженецот. Кога ќе биде главната здравица сите да наздрават за среќа на брачниот пар со тематскиот коктел. Исто така можете да приложите мени каде што имињата на коктелите ќе бидат поврзани со некои ваши носталгични моменти и гостите ќе треба да погодат според името за кој коктел станува збор.

  • 10 необични обичаи ширум светот за посакување добредојде на новороденчињата

    10 необични обичаи ширум светот за посакување добредојде на новороденчињата

    Дали сте знаеле дека постојат средини каде што пораѓањето го сметаат како нешто што ја прави жената нечиста? И зошто некој би сакал да го бања своето дете во ледена вода? Ова се само дел од необичните обичаи кои го следат раѓањето на детето ширум светот.rnrn10 необични обичаи ширум светот за посакување добредојде на новороденчињатаrn

    1. Погребување на плацентата

    rnОва е само еден од многу интересните обичаи на индонезискиот остров Бали, но дефинитивно не е најнеобичен. Жителите на овој остров веруваат дека плацентата има сопствена душа која се однесува како ангел чувар на детето и токму затоа внимателно ја погребуваат на посебни гробишта.rn

    2. Плацентофагија

    rnКонсумирањето на плацентата по раѓањето на бебето се случува често во светот на животните, но тоа исто така може да се забележи и кај некои луѓе. Традиционалната кинеска медицина ја препорачува плацентофагијата иако мајките ретко ја јадат својата сопствена плацента. Овој обичај бил забележан и во Јамајка и во делови на Индија и Африка. Но, она што е најинтересно е дека во последниве години станува сè поголем хит ширум целиот свет.rn

    3. Свадбена торта на главата на бебето

    rnНекои парови во Ирска го чуваат последното парче од свадбената торта за крштавката на нивното дете, каде што тие ја поставуваат на главата на бебето со цел да му повикаат среќа. Некои од нив чуваат и неколку голтки шампањ од свадбата кој го посипуваат врз бебето за време на обичајот за крштавање.rn

    4. Плукање по бебето

    rnНародот Волоф, кој живее во Мавританија и околните земји веруваат дека плунката во себе ги содржи нашите зборови, па токму затоа постои обичај да се плука по новороденчињата со цел да се овековечат благословите. После секое плукање следува триење на плунката врз бебешката глава.rn

    5. Бањање во ледена вода

    rnЗа да не им биде топло на новороденчињата и со цел да се заштитат од осипи, Маите ги бањаат своите бебиња во ледена вода. За децата ова искуство е исклучително непријатно, но дури и покрај нивниот непрекинат плач, мајките веруваат дека на овој начин им помагаат полесно да заспијат.rn

    6. Изолирани мајки

    rnКалашите, кои живеат во северен Пакистан, имаат обичај да ги тераат трудниците откако ќе започне породувањето да се тргнат од нивната фамилија, бидејќи веруваат дека жената е нечиста во моментите додека доведува дете на овој свет. Породувањето се одвива во куќа која е исклучиво намената за жени кои раѓаат деца и за жени на кои им започнал месечниот циклус. Во овие куќи на тие кои се породуваат може да им помогнат само оние жени кои во тој момент имаат менструација. На останатите жени им е забрането да се приближат, додека пак мажите воопшто не им се приближуваат со цел да не го почувствуваат мирисот кој го следи породувањето.rn

    7. Непријатно добредојде

    rnВо Северна и Јужна Кореја многу често неизоставен дел од породувањето е присуство на жена која се нарекува Самшин Халмон и која го удира бебето по задникот веднаш по породувањето со цел да му даде до знаење дека се наоѓа во сосема нов свет. Но, она што е уште поинтересно е фактот дека малите од Северна и Јужна Кореја се раѓаат со син белег (монголска флека) на овој дел од телото.rn

    8. Моќта на бојата

    rnВо Бразил, родителите многу често ги облекуваат своите новороденчиња во црвена облека бидејќи веруваат дека оваа боја ќе им донесе многу среќа, но и дека ќе ги заштити од погледи кои предизвикуваат „уроци“.rn

    9. Голема прослава

    rnСедмиот ден по доаѓањето на детето на овој свет, се одржува Себу, прослава која се смета за една од најстарите египетски обичаи. Таа започнува со ритуално капење на бебето и облекување во бел памучен фустан. Мајката и другите жени од фамилијата почнуваат да подготвуваат богата гозба, додека бебето лежи во декорирана корпичка на свечено место. Важен дел од овој ритуал е акика, односно жртвувањето јагне.rn

    10. Ритуал во Србија

    rnВо Србија, најмногу во руралните средини, постои традиција да не се изнесува од куќата ништо додека бебето е сè уште мало. Овој обичај потекнува од прастариот обичај со соседите да не се споделува оган бидејќи на тој начин куќата ќе биде темна и бебето со својот плач ќе повика зло.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Обичаи за првата брачна ноќ кои ќе ве шокираат

    Обичаи за првата брачна ноќ кои ќе ве шокираат

    Ставот кон невиноста, машкоста и сексот воопшто бил значително различен и чуден во минатото во разни делови од светот. Од зашивање на женските гениталии за да се лажира невиноста, до секс со сите мажи на свадбата – ова се најлудите светски обичаи за првата брачна ноќ.rnrnobichai-za-prvata-brachna-nokj-koi-kje-ve-shokiraat-kafepauza.mkrn

    Првата брачна ноќ има посебно место во многу култури

    rnКолку била важна потврдува појавата на лажната девственост во Европа во текот на 19. век. Девојките кои ја изгубиле невиноста пред брак се труделе тоа да го скријат од новиот сопруг така што го лажирале крварењето ставајќи сунѓери натопени во крв. Исто така ги зашивале гениталиите за да не може нивната посилна половина да се посомнева во ништо.rn

    Секс со сите мажи на свадбата

    rnВо Француска Полинезија, првата брачна ноќ започнувала со песна и танц, а потоа продолжувала со сексуални односи. Тазе невестата морала да има односи со сите мажи кои се повикани на свадбата, со тоа што прв на ред бил најстариот маж, а не младоженецот.rn

    Право на прва брачна ноќ

    rnВо средниот век во Европа имало право на првата брачна ноќ. Мажите од благородничката класа имале право да ја одземаат невиноста на новите невести. Меѓутоа во историските писанија пишува дека постојат индикации дека такво право постоело, но дека никогаш не се користело. Сепак, селаните, наместо невиноста на својата сопруга, можеле да платат данок.rn

    Плаќање за невиност

    rnВо африканската земја Бенин, невиноста е на цена. Мајката ѝ ветува на својата ќерка дека ќе ѝ даде пари ако се покаже дека на првата брачна ноќа дека е невина. Како доказ таа наутро бара траги од крв на чаршафите.