Автор: Марија СмокварскаrnrnОвој тип на нуркање е специфичен и екстремен заради замрзнатата покривка над главите на нуркачите кои треба да знаат да ја заобиколат за да излезат на воздух. Ова ја прави возбудата поголема, но истовремено и ризикот.
Поради условите во кои се одвива (претерано ниска температура на водата и само еден влез и излез), за него е потребна специјална обука која се разликува од онаа која му претходни на класичното нуркање. Таа вклучува добивање податоци за формирањето на мразот, препознавање на тенок мраз, барање на соодветна опрема и сл. Нуркачите, пред да влезат во водата под мразот, на себе ставаат специјални појаси во функција на изолатори од студената вода, а за нив се прикачени големи сајли кои се прикрепени за надворешната површина. Нуркањето под мраз е тимска игра која не само што бара дисциплина, туку и голема храброст.








Tag: нуркање
-

Екстремно нуркање под мраз
-

Скутер за под вода
Дали понекогаш посакувате да поминете подолго време под вода, восхитувајќи му се на растителниот и животинскиот свет? Секако тоа е возможно за оние кои знаат да нуркаат. Но, што да правите доколку не знаете, а сепак сте љубител на подводни авантури?
„Hidrobob“ е скутер кој им овозможува на сите оние кои не се нуркачи, да уживаат во едно прекрасно искуство, доближувајќи му се на подводниот свет.
Интересно е тоа што е многу лесен и едноставен за користење. Сѐ што треба е да ја ставите главата во балонската шуплина, да седнете и спремни сте за незаборавна лудорија. Дури не е потребно ниту да знаете да пливате. Скутерот овозможува поглед од 180 степени и со него лесно се маневрира. За жал на ваков скутер можете да се возите само во Флорида, а задоволството би ве чинело 25 американски долари за еден час.rn
