Автор: Ана АнгеловаrnrnЗапочна новогодишната еуфорија низ градовите. Како и секоја година во овој период, жените, а посебно младите девојки најмногу обрнуваат внимание на облеката што ќе ја носат на новогодишната ноќ. Тоа е нешто посебно што треба внимателно да се одбере. Секако, секоја девојка посакува да биде најубава, па еве 10 предлози коишто би можеле да ви помогнат во изборот на облеката.rnrn
rn
1. Светкав фустан
rnТренд којшто почнува да ги освојува модните писти и светските метрополи на модата. Светкавиот фустан кој на него има безброј мали светкави парченца е совршен за новогодишната ноќ. Во него не само што ќе бидете шик и тотално модерни, туку и ќе бидете во центарот на вниманието.rnrn
rn
2. Мини здолниште со карнери и топ маичка
rnСовршена комбинација за оние коишто сакаат да бидат модерни и истовремено да се чувствуваат лежерно во облеката што ја носат. Доколку се одлучите за ваква комбинација, потребно е маичката да биде едноставна (како на сликата подолу). За да ја „освежите“ комбинацијата можете да додадете и болеро.rn
Неутрална шминка на оваа комбинација би изгледало совршено. Се препорачува маичката да биде внатре за да не се покрива мини здолништето со што се добива и подобар изглед.
rn

rnrn
3.Тантела
rn
Оние кои обожаваат сè што има тантела, ова е полн погодок за нив. Црн, бел или црвен фустан… без разлика каква боја ќе одберете, ако има тантела, ќе изгледате сексапилно, заводливо и моќно. Со ваков фустан, ќе заведувате машки очи цела вечер. Ваквиот „аутфит“ не заборавајте да го комплетирате со високи потпетици, а совршени би биле и оние со голема платформа.
rn

rnrn
4. Опуштено
rn
За оние кои сакаат да имаат добра забава на новогодишната ноќ и да се чувствуваат лежерно, опуштено и „кежуал“, најдобар избор се плетените туники или пак топлите фустанчиња коишто личат на туники. Не грижете се, доколку изберете ваков тип „аутфит“ нема да погрешите. Би било добро доколку под туниката облечете хулахопки во боја. Така нема да изгледате дека сте сакале да бидете „кежуал“, туку повеќе ќе оставате впечаток како да велите „сакам да сум секси“.
rn

rnrn
5. Фустан на едно рамо
rn
Еден од најпопуларните модни трендови што направи бум во модата… Нема некоја позната личност која не облекла ваков фустан. Од Ким Кардашијан, Тејлор Свифт, па сè до „Очајните домаќинки“. Нема да погрешите доколку изберете ваков тип фустан и го искомбинирате со балетанки или високи потпетици.
rn

rnrn
6. „Ледена убавица“
rnЗамислете, влегувате во објектот и гледате сите избрале темни бои на облека. А вие бело, снежно бело. Какво освежување би направиле таа вечер. Изберете ваков тип фустан или мини здолниште и ќе бидете посебни.rnrnДополнете со мала плик чанта или мала чанта на рамо со тенки прерамки до вашата половина. Најубава комбинација би била со свилени беж боја хулахопки, чанта на рамо, балетанки во светла боја (никако чизми) и мала бела лента во косата. Комбинација WOW.rnrn
rn
7. Огнено црвено
rnОва е за оние похрабрите, посмелите и за оние коишто сакаат да се во центарот на вниманието. Најдобро би било да изберете краток црвен фустан со длабоко деколте. Машките очи нема да се тргнат од вас.rnrn
rn
8. Безвременско шаренило
rnБез разлика дали ќе станува збор за мини здолниште, фустан, туника… ова е полн погодок ако се одлучите за ваков тип. Дали ќе има асиметрични фигури на него, цветен дезен или какви било шари, сеедно. Но, без претерување, инаку би испаднало кич. Еве една комбинација во која доаѓаат до израз сите ваши облини.rnrn
rn
9. Долги, елегантни фустани
rnОвие безвременски парчиња облека ќе ве направат да се чувствувате како некоја позната ѕвезда која што ќе свети цела ноќ. Најдобро би било да се одлучите за црната, белата, црвената или темносината боја. И секако, треба да внимавате да нема многу детали на него. Колку помалку детали, толку повеќе овој фустан ќе ве прави како ѕвезда. Можете да се одлучите за фустан со тул или без. Доколку се одлучете фустанот да биде со тул, подобро не избирајте бела боја и внимавајте да нема многу слоеви бидејќи во спротивно можете добиете ефект на „невестински фустан“.rnrn
rn
10. Разни стилови
rnКако последен предлог за новогодишен „аутфит“, еве уште неколку видови фустани: тесни, фустан со паднат ракав за позатворени жени, нешто „покежуал“.rnrn

rnrnКој стил би го избрале вие за новогодишната ноќ?rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.