КАФЕ ПАУЗА

Tag: невеста

  • Парализирана невеста која проодува на својата свадба ни покажува дека ништо не е невозможно

    Парализирана невеста која проодува на својата свадба ни покажува дека ништо не е невозможно

    Одот на невестата до олтарот е еден од најнезаборавните моменти од свадбената церемонија. Но, за оваа невеста, тоа било најемоционалниот момент. Џеки Гончер, која од својата 17-та година била парализирана од вратот надолу, ги изненадила сите гости кога станала од својата инвалидска столица и самата изодела до олтарот.rnrnrnrnОткако се здобила со повреда на ‘рбетот во несреќа со пливање, докторите тврделе дека таа најверојатно никогаш повторно нема да прооди. Но, таа почнала полека да им пркоси на шансите, така што чекор по чекор, полека ја враќала контролата на своето тело. Сепак, во следните 8 години, Џеки претежно зависела од својата инвалидска количка.rnrnБидејќи била спортистка пред несреќата, за неа најтешкиот дел бил да не вежба. Таа се обидувала да се врати на вежбањето, но била обесхрабрувана од сите падови во теретаната и со тек на време едноставно престанала да се обидува. Но, точно една година пред свадбата, Џеки си дала само една цел – да може да оди на нејзината свадба.rnrnКако што можеме да видиме од овие фотографии, таа не само што ја постигнала својата цел за одење, туку исто така и можела да танцува! Младоженецот е пресреќен што има олку силна и неверојатно прекрасна жена како сопруга. Им посакуваме само најдобро!rnrn

  • Совршениот сопруг за секој хороскопски знак

    Совршениот сопруг за секој хороскопски знак

    Дали сте една од оние девојки кои уште од деца сонувале за нивната свадба? Дали до најситниот детаљ смисливте како ќе изгледа вашиот фустан, цвеќињата, тортата… Дали си го замислувавте и вашиот принц? Најверојатно сите луѓе барем еднаш помислиле на својата потенцијална свадба и за тоа како би изгледал нивниот партнер или партнерка. Доколку ја следите астрологијата, и таа има да ви каже по нешто за тоа каков ќе биде вашиот избраник. Дознајте за каков тип маж ќе се омажите според вашиот хороскопски знак.rnrn(1) За каков човек ќе се омажите според вашиот хороскопски знак?rn

    Овен

    rnВам ви треба некој кој може да го следи вашиот чекор. Вие ќе се омажите за човек кој има ист авантуристички и натпреварувачки дух како вашиот. Тој би можел да биде силен, атлетски граден човек кој ужива во натпреварување и предизвици. Вашиот иден сопруг најверојатно ќе биде премногу темпераментен и нема да може да седи со скрстени раце, без да работи нешто продуктивно. Вашиот избраник нема лесно да се откажува од борбите кои ги води, а исто како и вас, ќе ужива во секс по смирување, по малите брачни расправии.rn

    Бик

    rnЧовекот со кој би се омажиле ќе биде многу приземјена личност, чувствителен и ќе ужива во сите задоволства и удобности што ги овозможува животот. Тој прилично ќе доминира во вашата врска, но не на насилен начин, туку ќе прави сè за да ве заштити и поддржи. Вашиот иден сопруг ќе биде човек со грб и цврст карактер.rn

    Близнаци

    rnНе постои ништо попривлечно за вас од тоа да најдете човек кој ѝ одговара на вашата интелигенција, кој ве забавува и некој со кој можете да водите конструктивни разговори. Животот никогаш нема да ви биде здодевен со ваков тип сопруг. Бидејќи првото нешто што ве привлекло кај него е неговиот ум и карактер, знајте дека и кога ќе остарите подеднакво ќе ви биде привлечен.rn

    Рак

    rnВие сакате чувствителни мажи, полни со разбирање. Би можеле да се омажите со човек кој ви нуди татковска заштита. Тоа значи дека сакате да најдете човек кој ќе ви овозможи и емоционална и финансиска безбедност. Лесно е да го замислите тој човек како татко на вашите деца. Тој ќе биде вашата карпа за потпирање и ќе сака да ви покаже дека покрај него сте заштитени и безбедни.rn

    Лав

    rnБидете искрени, вие секогаш сакате да блескате и да доминирате, но не би имале ништо против тоа покрај себе да имате иста таква машка верзија. Човекот со кој би се омажите би можел да биде шармантен, харизматичен и со добар физички изглед. Тој ќе биде екстремно великодушен, љубезен и целосно ќе ве разбира и ќе ве поддржува онакви какви што сте. Вие двајцата едноставно ќе владеете со светот.rn

    Девица

    rnВам ви треба човек кој ќе ги почитува вашите граници. Но, истовремено вашиот избраник ќе треба да го надополнува вашиот премногу аналитички свет со креативност и смеа. Тој ќе биде многу интелигентен (нема да прифатите ништо помалку од тоа), учтив и уреден. Вашиот избраник ќе има топол поглед и ќе знае да ја смири нервозната ситуација. Вие нема да сакате вашиот сопруг да биде вулгарен во јавност, но доколку сте дома, нема да ви пречи искрено да си ги покаже емоциите.rn

    Вага

    rnПостојат големи шанси да се омажите за маж Вага. Човекот со кој би се омажиле ќе биде многу добар говорник, отворен за дружење и комуникација и многу забавен. Дали споменавме дека истовремено ќе биде и многу физички атрактивен? Тој сака забави, театар кино, па затоа и никогаш нема да ви биде здодевно крај него. Дури и откако ќе стапнете на лудиот камен, романтичните моменти нема да запрат, затоа постојано ќе биде подготвен да ви приреди незаборавни моменти.rn

    Скорпија

    rnЖените Скорпии се привлечени од мажи кои изгледаат таинствено, активно и по малку опасно. Вие сте силни, посесивни и знаете понекогаш да биде опсесивни, но, голема е веројатноста овие карактеристики да ги има и вашиот иден сопруг. Постојано ќе се изненадувате од психолошката моќ на двајцата кога ќе минувате низ одредени борби во заедничкиот живот. Голема е веројатноста да најдете сопруг со кој ќе имате неверојатна сексуална поврзаност и неверојатни интимни моменти.rn

    Стрелец

    rnЖената Стрелец сака да најде сопруг со кој ќе може да ја дели страста кон постојаните авантури и патувањата, како и човек со кој ќе може да разговара за своите емоции. Човекот со кој би се омажиле може да има совршено чувство за баланс на искреноста, интегритетот, духовното и духовитоста. Тој ќе биде вашиот најдобар пријател, ваш учител и ваш водич. Никогаш нема да биде здодевен или депресивен, напротив ќе биде исполнет со љубов кон животот.rn

    Јарец

    rnЗа вас годините се само бројка. Доколку најдете човек кој добро ги знае своите потреби и цели, кој е успешен и со кој можете да изградите цврст заеднички живот, ќе се омажите без многу двоумење. Вашиот иден сопруг веќе ќе биде многу успешен во својата кариера кога ќе го сретнете. Знаете дека во бракот треба да се вложува, па затоа заедно со сопругот ќе давате сè од себе тоа да биде ваша успешна приказна.rn

    Водолија

    rnВие ќе се заинтересирате за човекот на вашиот живот уште во првиот момент кога ќе го видите. Тој ќе биде интересен, ексцентричен и непредвидлив. Тој ќе има бунтовна природа и ќе има ставови од кои многумина ќе останат шокирани. Но, вие и онака не сакате некој здодевен тип покрај вас. Вашиот избраник постојано ќе ве изненадува – ментално, емоционално, сексуално. Ќе го обожувате затоа што ќе сака да експериментира и да искусува нови работи.rn

    Риби

    rnВие сакате животот да го поминете со сонувач и некој кој е чувствителен. Многу често сакате да им помагате на луѓето, а ако вашиот избраник се наоѓа во тешка ситуација, секогаш ќе бидете покрај него. Од друга страна вие сте безнадежни романтичари и нема да имате проблем покрај вас да има „цврста рака“ која ќе ви помогне да ве спаси од сништата во кои често знаете да потонете. Вие ќе се омажите со човек кој ќе биде вашиот спасувач, но истовремено и ќе треба да го спасувате. Едноставно, вашиот избраник и вие ќе се стопите во една душа и ќе создадете неверојатно уникатна врска.

  • 5 грешки кои ги прават невестите кога е во прашање шминката

    5 грешки кои ги прават невестите кога е во прашање шминката

    Време е за ударната сезона на венчавки и со самото тоа радосен период за многубројни идни невести. Меѓутоа, додека венчаницата и чевлите се испробуваат и купуваат месеци однапред, без оглед на пробното шминкање, сè до последен момент нешто може да тргне на лошо. Сетете се само на многубројните фотографии на кои невестата изгледа чудно, премногу нашминкано, постаро или пак на вратот ѝ се познава портокалов премин од пудрата, а на образите гордо сјаат две крукчиња руменило… За жал, многу шминкери мислат дека свадбениот изглед мора да вклучува тешка шминка, но вие слушајте го вашето лице и своето огледало и обидете се да ги избегнете овие класични грешки.rnrnBeautiful elegant girl model with jewelry, makeup and retro hairrn

    1. Заборавете на „кречот“

    rn„Шминката мора да стои цела ноќ“, честопати кажуваат шминкерите и ставаат тонови пудра на лицето на кутрите невести. Ако вие сакате да нанесувате многу пудра, тогаш е во ред, во спротивно ве советуваме да пронајдете добра пудра која ќе го изедначи тенот и ќе ја матира кожата, но нема да се топи, размачкува, ниту да се впикува во брчките и на тој начин да ви додаде плус 5 години.rn

    2. Пудра околу очите

    rnКога ќе се насмеете (а ќе се смеете многу), на сите фотографии ќе ви се забележуваат брчките околу очите доколку ги намачкате со дебел слој пудра. За подочниците нека биде заслужен кремастиот коректор, а малку хајлајтер на врвот од јаболкниците ќе ја одбива светлината и на тој начин ќе ги направите брчките невидливи.rn

    3. Предолги трепки

    rnАко имате ситни очи, дали мислите дека ви се потребни најдолгите вештачки трепки? Огромните пластични трепки на сите изгледаат смешно и го одвраќаат погледот од очите и убавите црти на лицето. Изберете природни вештачки трепки кои само ќе ги потполнат вашите и ќе им дадат на должина, без никој да го забележи тоа.rnrnrn

    4. Премногу оцртани усни

    rnСите знаеме дека тоа го прави Кајли Џенер, а и многубројните Јутјуберки. Сепак, вас ќе ве гледаат стотина луѓе одблизу цел ден и цела ноќ, па цртата која ќе излегува од работ на усните ќе изгледа само смешно.rn

    5. Претерување со руменилото

    rn„Невестата мора да изгледа свежо“, е уште една популарна реченица на професионалните шминкери. Се сложуваме, но тоа не значи дека на образите треба да натрупате премногу розово или портокалово руменило, или уште полошо, темен бронзер. Запомнете го ова правило – руменилото не треба да биде првата работа што ќе „падне“ во очи кога некој ќе ве погледне.rnrnPortrait Of Beautiful Bride

  • 20 работи со кои несвесно ја нервирате невестата на свадбата

    20 работи со кои несвесно ја нервирате невестата на свадбата

    Пролетта е период во кој се случуваат многу свадби и сигурно и самите веќе сте поканети на неколку. Добивте прекрасно декорирана покана за свадбата на вашата најдобра пријателка од средно, вашиот колега или втор братучед (кој сте го виделе три пати во животот), па и вие самите дозволивте свадбарската еуфорија да ве понесе. Но, пред да одговорите на поканата, имајте ги на ум овие неколку работи што несвесно ги правите, а кои страшно ја нервираат невестата…rnrn20 работи со кои несвесно ја нервирате невестата на свадбатаrnrn1. Не одговарате дали ќе присуствувате до последен момент.rnrn2. И потоа кога ќе се решите дека сепак ќе одите на свадбата, кажувате дека ќе дојдете со вашиот партнер.rnrn3. И вашите деца (кои не биле поканети).rnrn20 работи со кои несвесно ја нервирате невестата на свадбата rnrn4. Постојано ѝ се јавувате на невестата за да ја прашате како треба да бидете облечени.rnrn5. И како да стигнете до местото.rnrn6. Иако секој од тие детали го пишува на самата покана.rnrn7. Го наметнувате вашето мислење за изборот на менито.rnrn8. И распоредот на седење. („Навистина ќе ме ставиш да седам на таа маса со пијаниците?“)rnrn20 работи со кои несвесно ја нервирате невестата на свадбатаrnrn9. И за музиката. („Нема да имате бенд, сериозно?!“)rnrn10. И покрај сите разговори околу дрес кодот на свадбата, вие се појавувате по патики.rnrn11. И во бело.rnrn12. За време на церемонијата му го блокирате погледот на скапиот фотограф со вашиот смартфон.rnrn20 работи со кои несвесно ја нервирате невестата на свадбатаrnrn13. И објавувате фотографии од невестата на Фејсбук уште пред таа да го каже судбоносното „да“.rnrn14. Не го почитувате распоредот на седење и седнувате на друга маса.rnrn15. И го менувате вашиот избор на мени.rnrn16. Ја нарачувате „Елено моме“ не еднаш, туку два пати.rnrn17. И за несреќа донесувате пијана одлука да играте чочек на песната.rnrn20 работи со кои несвесно ја нервирате невестата на свадбатаrnrn18. Пред да направите неприкладна здравица.rnrn19. Затоа што со седумте чаши шампањ го пречекоривте лимитот за една чаша (или можеби пет).rnrn20. И правите сцена со која целосно ѝ ја уништувате свадбата на невестата, иако денот е нејзин, а не ваш!

  • За младите невести: 5 клучни совети за избор на совршената венчаница

    За младите невести: 5 клучни совети за избор на совршената венчаница

    Рачниот вез, 3Д ткаенините и елегантните чипки добиваат клучна улога при сите модели кои рачно се изработуваат според мерките на клиентите, а самиот дизајнер многу добро знае низ што сè треба да поминат девојките со цел да ја пронајдат идеалната венчаница за нив. Процесот на одбирање започнува месеци, а можеби дури и години пред самата свадба, па ништо чудно што дамите се толку пребирливи за тоа што ќе го носат за време на нивниот голем ден. Токму затоа погледнете ги следниве корисни совети со цел да можете да ја изберете совршената венчаница за вас и да изгледате како филмска ѕвезда на почетокот од вашиот нов живот.rnrn(1) За младите невести: 5 клучни совети за избор на совршената венчаницаrnrn1. Информирајте се. Испратете им мејл или порака на социјалните мрежи на дизајнерите и распрашајте се за цените и роковите на изработка. Многу од идните невести очекуваат дизајнерите да имаат превисоки цени, па затоа и ги избегнуваат, но би се изненадиле колку тие најчесто се подостапни одошто мислите.rnrn2. Започнете ја потрагата по венчаницата најмалку 6 месеци пред свадбата. Тоа е сосема доволно да испробате различни модели, да го пронајдете совршениот за вас и да има време да се изработи квалитетно. Но, внимавајте венчаницата да не ви биде готова прерано, бидејќи многу од невестите под влијание на стрес ја намалуваат тежината пред свадбата, па во тој случај ризикувате таа да ви биде преголема за вашиот голем ден.rnrn3. За време на потрагата по совршениот модел, имајте барем 2 блиски личности крај вас. Тие ќе ви ја прошират перспективата и ќе ви помогнат полесно да го изберете оној модел кој најдобро одговара на вашето тело. Но, внимавајте да ги изберете оние личности кои ќе бидат способни да го стават вашиот моден вкус на прво место, над нивниот.rnrn(2) За младите невести: 5 клучни совети за избор на совршената венчаницаrnrn4. Нема потреба да ги пробате сите модели кои ќе ги видите. На тој начин само ќе си нанесете дополнителна збунетост и ќе си го отежнете процесот на одбирање. Јасно кажете ги вашите желби и испробајте ги оние модели кои претходно сте си ги замислувале, како и нешто плус што самиот дизајнер ќе ви го препорача на лице место.rnrn5. Не мора строго да се придржувате до најновите трендови. Венчаницата е фустан во кој треба да изгледате прекрасно, но и во кој треба да се чувствувате удобно. Исто така имајте на ум дека моделот треба да изгледа добро и на фотографиите, бидејќи понатаму тие ќе ви бидат најсилниот потсетник за целиот настан. Крутите постави, сјајните ткаенини и ниско исечените корсети со монистри најчесто претерано блескаат на фотографиите, ставајќи ве вас во втор план.rnrnСовет плус: Внимавајте моделот на венчаницата да одговара на вашиот облик на тело. Барајте ги оние дизајни кои ќе ги кријат вашите недостатоци, а ќе ги нагласат позитивните страни на вашето тело.rnrn(3) За младите невести: 5 клучни совети за избор на совршената венчаница

  • За да бидете оригинални треба да бидете поразлични! Заменете го традиционалниот букет со овие алтернативи

    За да бидете оригинални треба да бидете поразлични! Заменете го традиционалниот букет со овие алтернативи

    Ако наскоро треба да бидете невеста и ако сакате традиционалниот букет да го замените со нешто ново, несекојдневно и поразлично од останатите, тогаш погледнете ги овие алтернативи. Кога би се одлучиле за букет од свежи цветови, знаете дека тој ќе трае неколку дена. Но, рачно изработениот букет може да трае со години и секогаш кога ќе го погледнете ќе ве потсетува на најсреќниот ден од вашиот живот. Во зависност од тоа во кое годишно време ја планирате вашата венчавка, за вас издвоивме неколку интересни идеи за букети кои ќе ве направат оригинални и поразлични од останатите.rnrn1-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_rn

    1. Прекрасни школки

    rnОдлични за венчавка на плажа, но и за сите венчавки во летниот период. Школките се прекрасна алтернатива на традиционалниот букет. Тие доаѓаат во сите големини и форми, во разни бои и што е најважно, лесно се достапни. Украсете ги со разни ленти во боја и додадете некој свој детаљ.rnrn2-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_rn

    2. Разлетани пеперутки

    rnВенчавка во градина? Овој букет е разигран и има прекрасен излив од бои. Совршен е за во пролет. Побарајте вакви пеперутките во продавниците за украси и накит. Тие се многу лесни за креирање на букет. Среќно!rnrn3-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_rn

    3. Разнобојни брошови

    rnАко успеете да го изработите, верувајте дека нема да зажалите. Овој букет ќе додаде малку повеќе „искри“ на вашата венчавка. Ако немате доволно брошови, замолете ги вашите пријателки да ви позајмат. Погрижете се после венчавката да им ги вратите. Со тоа, ќе имате мал детаљ со себе од секоја. Прашајте ги вашите пријателки за помош и забавувајте се!rnrn4-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_rn

    4. Снежни шишарки

    rnАко вашата венчавка е во периодот есен-зима, погрижете се да соберете шишарки. Овој букет е многу лесен за изработка и нема да одземе многу средства од вашиот буџет. Во него има елементи на природата.rnrn5-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_rn

    5. Прецизни оригами

    rnОвој букет е најтежок и одзема најмногу време од сите останати букети на листава. Но, ако имате желба и добро се снаоѓате во изработувањето на оригами, тогаш ова е вистински предизвик за вас. Резултатот ќе ви го одземе здивот. Ова ќе биде предмет кој гордо ќе го покажувате и на кој ќе се сеќавате засекогаш.rnrn6-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_rn

    6. Макси цвет

    rnОва е еден необичен букет. Не е традиционален, но е енергичен исто како свежиот букет. Можете да ја прилагодите бојата за да се совпаѓа со букетите на вашите деверици. Секако, нивните букети ќе бидат помали. Па, затоа повикајте ги и имајте забавно попладне. Бонус е тоа што не е потребно многу материјал.rnrn7-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_rn

    7. Волшебни цветови од ткаенина

    rnИст букет како свежиот, но цветовите се направени од ткаенина. Овој букет ќе трае засекогаш. Ако сакате да постигнете подобар ефект, искористете ткаенини како свила или сатен, бидејќи тие го имитираат нежниот ефект на цветовите. Уште една придобивка од овој букет е тоа што е лесен и обликот може да се прилагоди за тој да изгледа волшебно.rnrn8-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_rn

    8. Новогодишни лампиони

    rnДали некој кажа венчавка во зима? Доловете ја вашата зимска бајка со букет изработен од новогодишни лампиони. Кога светлината ќе допре до нив тие ќе засветкаат и ќе направи да изгледате магично. Овој букет е деликатен, но тој засветкува на секој ваш потег којшто ќе го направите.rnrn9-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_rn

    9. Цветови со мазна површина

    rnПоследен, но исто така многу интересен. Потребен ви е филц материјал, за да ја задржи формата и структурата на цветот. Ова е прекрасна идеја и добра можност за вас да ја покажете вашата креативност.rnrn10-za-da-bidete-originalni-treba-da-bidete-porazlichni-zamenete-go-tradicionalniot-buket-so-ovie-alternativi-www.kafepauza.mk_

  • 4-годишно девојче со неочекуван бакнеж го украло целото внимание на свадбата на нејзината мајка

    4-годишно девојче со неочекуван бакнеж го украло целото внимание на свадбата на нејзината мајка

    За време на свадбите, во центарот на вниманието најчесто се наоѓаат невестата и младоженецот, но изгледа никој не ѝ го објаснил тоа на 4-годишната Андерсон. На свадбата на нејзината мајка, Андерсон станала ѕвезда на денот откако го бакнала момчето кое ги носело прстените во истиот момент кога фотографот Лија Булерд ја направил фотографијата од новиот брачен пар.rn

    „Ја поставив сцената за формална фотографија, како што правам на секоја свадба и тогаш побарав од невестата и младоженецот да се бакнат“, вели фотографот. „Бидејќи Андерсон цел ден се нарекуваше невеста, сигурно претпоставила дека го барам тоа од неа, па токму затоа и таа си доби бакнеж.“

    rn4-годишно девојче со неочекуван бакнеж го украло целото внимание на свадбата на нејзината мајка

  • Пролетна инспирација: 17 најубави бидермаери за вашата свадба

    Пролетна инспирација: 17 најубави бидермаери за вашата свадба

    Пролетта е најубаво време за свадби. А цвеќињата т.е. бидермаерите им се многу важни на идните невести. Една од причините поради која месеците мај и јуни се најпогодни за свадби е и изборот на свежи цвеќиња кои можете самите да ги наберете и да ги обедините во еден букет.rnrn0-proletna-inspiracija-17-najubavi bidermaeri-za-vasata-svadba-kafepauza.mkrnrnИли пак, ако веќе сакате, одете кај професионалец каде што има голем избор на разни цвеќиња и побарајте аранжман кој ќе ги исполни вашите замисли. Ние избравме 17 најубави бидермаери за да ве инспирираме и да ви дадеме идеја што точно да барате.rnrn1-proletna-inspiracija-17-najubavi bidermaeri-za-vasata-svadba-kafepauza.mk 2-proletna-inspiracija-17-najubavi bidermaeri-za-vasata-svadba-kafepauza.mkrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нови адети за невообичаена свадба

    Нови адети за невообичаена свадба

    Ако сте од оние кои сакаат свадбата да им изгледа уникатно и ослободена од традиционалните адети, ви нудиме 8 оригинални решенија.rn

    1. Светулки во воздухот

    rn1-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnТие може да претставуваат замена за традиционалното држење свеќи. Палењето на ваквите светилки ќе ја задржи истата симболика како и пламенот на свеќата, само што овој пат ќе може сите поканети да бидат активно вклучени.rnrnОткако вие и вашиот иден сопруг ќе ја пуштите првата светилка да се издигне во воздухот, тогаш и гостите можат да ги пуштат своите светулки кои ќе бидат во различни бои од вашата. Тоа ќе биде симбол на нивната надеж за вашата љубов и меѓусебно разбирање.rnrnДруга идеја поврзана со светулките е секој од гостите да ви напише по една желба која посакува да ви се оствари и да ја пушти на небото задно со светулката. Така ќе добиете јато од пораки кои ќе бидат испратени до небото.rn

    2. Порака во јајце

    rn2-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnОва е идеја за сите оние парови кои сакаат меѓусебно да си подарат добро осмислен подарок. Она кое треба да го направат е и двајцата сопружници да земат по едно јајце. Јајцето ќе го прободете од горната и долната страна, за да истече целата течност од него и да остане само лушпата. Преку тесниот отвор ќе внесете едно ливче со ваша порака или желба до партнерот. Лушпата украсете ја онака како што вие сакате и на свадбата разменете си ги јајцата. Пораките кои се во нив прочитајте ги за време на некој ваш значаен момент: Раѓањето на вашето бебе, годишнина од брак итн. А до тогаш јајцето ќе претставува убава декорација и потсетник на вашата љубов.rn

    3. Отпечатоци од прсти

    rn3-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnАко сте од оние кои не сакаат да се расфрлаат со пари за скапи прстени и сметате дека подобро истите пари да ги дадете за ексклузивен меден месец, тогаш имаме идеја за вас.rnrnОд надворешната или внатрешната страна на вашиот златен или сребрен прстен отпечатете го отпечатокот од прстот на вашиот партнер.rnrnСимболиката е да имате отпечаток со кој вашиот партнер го закружува вашиот прст во симбол на единство.rn

    4. Катанец и клуч

    rn4-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnЗа оваа идеја ви се потребни два катанци и два клуча кои ќе ја симболизираат личноста на сопружниците. Можете да изберете какви било катанци и клучеви, раскошни или обични сеедно.rnrnИма повеќе варијанти на оваа идеја. Едната е доколку има вода во близина на церемонијата заклучените катанци со клучевите да ги фрлате во водата. Но, доколку не сте во близина на вода, тогаш повторно симболично ги заклучувате катанците, но клучевите ги чувате, за потоа да ги отклучите катанците во вашето ново живеалиште.rnrnУште една варијанта е, по церемонијата да ги поставите катанците на местото каде прв пат сте се сретнале. Идејата е засекогаш да останат заедно заклучени и да ја чуваат безбедноста во бракот.rn

    5. Мапа за патувања

    rn5-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnОваа идеја е поврзана со медениот месец и ги вклучува и вашите најблиски. Она што треба да го направите е да земете една голема карта на светот. Дајте им ја на вашите родини и пријатели тие да ви посочат места за меден месец кои сметаат дека вам ќе ви бидат најинтересни и да ги назначат со иглички на картата. За меден месец одберете го местото кое има најмногу забодени иглички. Потоа урамете ја и закачете ја картата на ѕид и отворете „штеден фонд“ за вашите следни патувања. Па, така во текот на вашиот заеднички живот, остварувајте ги сите патувања кои ви ги предложиле блиските.rn

    6. Крофна торта

    rn6-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnНаместо да давате вртоглави суми за свадбени торти и колачи, поедноставете ја работата со крофни. Поставете ги крофните во сад на катови, прекријте ги со шлаг или со шеќер во прав за да изгледаат поелегантно. За поспецифичен вкус додадете ванила или друг вид арома.rnrnНе само што ова е поевтина варијанта туку е и поедноставна и за децата затоа што се полесни за сервирање и за јадење.rn

    7. Артистички букет

    rn7-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnОва е супер идеја за сите оние девојки кои се љубители на читањето и некоја која почесто ќе можете да ја најдете во кафетерија отколку во ноќен клуб. Наместо цветови кои се скапи и кои ќе овенат за една недела направете уникатен букет од омилените книги и извадоци.rnrnСо фаќање на букетот не само што споделувате среќа, туку споделувате и книжевен вкус. Истава идеја може да се направи и со листови со петолиние за музичари или со цртежи за ликовни уметници.rn

    8. Здравица

    rn8-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnСмислете рецепт за коктел кој подоцна ќе го именувате по невестата и младоженецот. Кога ќе биде главната здравица сите да наздрават за среќа на брачниот пар со тематскиот коктел. Исто така можете да приложите мени каде што имињата на коктелите ќе бидат поврзани со некои ваши носталгични моменти и гостите ќе треба да погодат според името за кој коктел станува збор.

  • Вереникот ја оставил на олтарот, но таа сепак имала неверојатно забавен ден за паметење

    Вереникот ја оставил на олтарот, но таа сепак имала неверојатно забавен ден за паметење

    Кога Шелби и нејзиниот вереник ја откажале свадбата, таа веднаш морала да извести многу гости и снабдувачи за настанот. Била потиштена бидејќи чувствувала дека сите нејзини пријатели и роднини ќе бидат шокирани и разочарани и нема да знаат како да се однесуваат со неа. Но Шелби вели „Забава од сожалување беше последното нешто што сакав и ми требаше.“rnrn3-verenikot-ja-ostavil-na-oltarot-no-taa-sepak-imala-neverojatno-zabaven-den-za-pametenje-.kafepauza.mkrnrnСо помош на фотографката Елизабет Хоард, таа дошла до перфектен план сите заедно да го прослават тој ден кој требало да биде нејзиниот свадбен – да организираат фотосесија „Уништи го фустанот“.rn
    rn

    Шелби вели: „Први ноември требаше да биде забавен и среќен ден, да бидам опкружена со пријатели и роднини кои ме сакаат. Одлучив да не дозволам грешката на мојот поранешен вереник што ме напушти да ми го одземе тоа.“

    rnЗаедно со нејзините родители и со девериците, сите дотерани во нивните фустани и одела, Шелби во нејзиниот невестински фустан учествувала во огромна „тепачка“ со бои. Тој ден бил исполнет со смеа и возбуда, дозволувајќи им на сите да уживаат во меѓусебното друштво.rnrnТоа било толку катарзично и токму она што ѝ било потребно на Шелби. На крајот, сите многу се забавувале.rn
    rn

    „Моментот кога првата капка боја се најде на мојот фустан, јас бев слободна“, вели Шелби.

    rnА фустанот изгледал дури и подобро после забавата. Тој ќе биде изложен во локална продавница во Мемфис на почетокот на јануари, а дел од средствата ќе оди за „Be Free Revolution“, непрофитна организација која помага во едукацијата и поттикнувањето на младите во Кенија и Уганда.rn
    rn

    А на својот вереник таа му порачува: „Ти благодарам што ме поштеди од поголема болка и загуба. Ти благодарам што ме оттурна од себе за да сфатам колкава е мојата сила… Ти благодарам што ме научи дека никој не може да ми ја одземе среќата. Ти благодарам што ме остави за да можам еден ден вистински да искусам што значи возвратена љубов. ТИ БЛАГОДАРАМ!“

    rn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.