Трендот „Уништи ја венчаницата“ станува сѐ попопуларен во светот во текот на изминатите години, иако дефинитивно не е за секого, особено за невестите кои сакаат да ја зачуваат својата венчаница, но и доколку истата била премногу скапа.rnrn
rnrnНо, ако невестата е подготвена да ја уништи венчаницата, а младоженецот својот костим (или барем целосно да ги наводенат) и ако тие сакаат посебни фотографии, тогаш трендот „Уништи ја венчаницата“ е создаден за нив.rnrn
rnrnСтанува збор за тренд каде што младенците после венчавката се фотографираат во вода или пак се поливаат со боја, па дури и се тркалаат во кал. Водата, секако, ќе биде најмалку штетна иако венчаницата после тоа најверојатно нема да биде иста, а младенците најчесто се одлучуваат за такво фотографирање ако имаат венчавка во близина на плажа или базен.rnrn
rnrnНевестите кои се подготвени да ја фрлат венчаницата, може заедно со својот новопечен сопруг да се извалкаат со бои или кал. Ако фотографиите се прават со бои, тогаш тие може да ја изберат својата омилена, за целото фотографирање да биде во таа нијанса.rnrn
rnrnФотографирањето „Уништи ја венчаницата“ гарантира забава и спомени за цел живот, но сепак за некои невести е незамисливо да ја уништат венчаницата на тој начин. Традиционалните фотографии од венчавката им се доволен спомен од тој преубав и важен ден. Дали вие би направиле нешто вакво?rnrn
rnrnМожеби ќе ве интересираат и овие нови адети за невообичаена свадба.
Tag: невеста
-

Нов свадбен тренд кој некои невести не можат ни да го замислат
-

5 правила за невестите кои сакаат да носат патики на својата венчавка
Бројот на невестите кои се одлучуваат за патики на својата венчавка се зголемува, особено во текот на пролетните и летните венчавки кога тие можат слободно да уживаат во удобноста на платнените патики. Но, исто како и кај чевлите со високи потпетици, така и овде постојат некои правила, па доколку сакате да изгледате беспрекорно, прочитајте ги следниве 5 совети.rnrn
rn1. Изберете соодветна големина
rnДоколку невестата планира да се пресоблече од високи потпетици во удобни патики, наш совет е да избере патики еден број поголем од оној што обично го носи. Причината за тоа е што честопати после целодневното носење високи потпетици, ногата може да отече. Уште еден мал трик е да ставите во патиките анатомска влошка, која е малку пополна, па тие ќе станат поудобни и тогаш танцувањето до зори ви е гарантирано.rn
2. Бојата на патиките треба да биде идентична со бојата на венчаницата (или букетот)
rnНикогаш нема да погрешите со изборот на патики во нежни пастелни нијанси како што се бојата на слонова коска или крем доколку вашата венчаница не е во снежно бела боја. Исто така, стилски совршено ќе се вклопи и ако додадете детаљ во боја на венчавката или букетот, на пример сатенски врвки или панделка. Освен тоа што на фотографиите ќе имате совршено совпаднати бои на сите модни додатоци, исто така на тој начин ќе додадете и сопствен печат на вашиот изглед.rn
3. Помалку е повеќе
rnСо рачно изработените патики, дизајнирани според фантазијата, само небото ќе ви биде граница, но иако имате слобода да изберете што ќе посакате, ви препорачуваме тоа да бидат модели со чипка, а најефективни ќе бидат патиките кои имаат од еден до два уникатни детали. Честопати се случува невестите да не можат да се одлучат што точно сакаат, па на крај сакаат сѐ. Наша препорака е доколку одлучите да ставите натписи од бочните страни, тогаш нема потреба да ставате и цртежи на двете пети, или пак доколку сакате некој цитат, тогаш изберете некој краток или половина цитат испишете на десната, а половина на левата патика. Исто така, ако во фокусот е раскошна панделка од чипка, дозволете ѝ таа да биде ѕвездата и немојте да го одвлекувате вниманието од неа на непотребните дополнителни детали.rnrn
rn4. Навремено одлучете се за вашиот модел
rnИмајте ги нарачано вашите патики неколку месеци пред големиот ден. Немојте да го правите тоа во последен момент. Понекогаш ателјеата кои изработуваат патики за невести создаваат само неколку модели, а поради лимитираните материјали, вашите желби може и да не се исполнат.rn
5. Бидете поразлични од другите
rnКласиката е сигурен избор и со неа никогаш нема да погрешите, но сепак постојат невести кои не се плашат да облечат атипични патики во силни бои, шарени дезени или рачно отсликани цртежи кои со нив нешто посебно претставуваат. За оние похрабрите и посмелите невести препорачуваме оваа сезона да изберат силна нијанса на розови патики со чипка.rnrnЗа младите невести: 5 клучни совети за избор на совршената венчаница!
-

Што треба да знае секоја невеста пред да одлучи дали да го задржи моминското презиме?
Планирањето свадба не е воопшто лесно и токму затоа сопружниците не размислуваат што ќе се случува откако ќе се венчаат. Невестите најпрво размислуваат за тоа дали треба да го променат презимето по бракот или да го задржат нивното моминско презиме. Во денешно време, кога феминизмот има земено голем замав, не би требало да се инсистира на тоа жените да се откажат од нивното презиме. Сепак, според истражувањата, повеќе од 70% од возрасните луѓе веруваат дека жената треба да го промени презимето откако ќе се омажи.rnrn
rnrnЕмили Фицгибонс Шејфер, професорка по социологија на државниот универзитет во Портланд, заклучила дека изборот на жената не го менува мислењето на другите луѓе за неа, односно не го менува мислењето што го имаат нејзините другарки и високо образованите мажи. Но, зошто толку многу луѓе мислат дека жената треба да го земе презимето на сопругот? Дали постои причина зошто жените треба да го менуваат презимето или не? И дали преземањето на презимето на сопругот е непочитување кон правата на жената? Експертите ги објасниле позитивните и негативните страни на преземањето на презимето на сопругот, кои секоја идна невеста треба ги прочита…rnПозитивни страни на преземањето на презимето на сопругот
rnПостојат многу практични причини зошто жените би требало да го носат истото презиме како и нивните деца. Но, ако практичните причини не ви се доволно убедливи и ако не сакате да го направите тоа како симбол на вашето вклучување во неговата фамилија, погледнете го сето ова од аспект на неговата индивидуалност.rnrnВо денешно време, мажите прават сѐ што можат за да ги направат среќни нивните сопруги, што не било чест случај во минатото. Лошо е тоа што жените почнуваат да се чувствуваат како да го контролираат животот на нивните сопрузи и како да ја преземаат улогата на нивните мајки, што воопшто не е добро за бракот.rnrnАко го земете неговото презиме, ќе му помогнете да ја задржи неговата мажественост, а тоа ќе му помогне да ги исполни вашите очекувања од него во бракот како сопруг и татко.rn
Позитивни страни на задржувањето на моминското презиме
rnНема ништо лошо во тоа да ја задржите вашата независност и моминско презиме. Во денешно време, оваа одлука е сосема прифатлива. Во зависност од вашиот напредок на професионален план, можеби сте постигнале толку големи успеси, што едноставно не вреди да го менувате презимето, без разлика колку сте традиционални.rnrn
rnrnНо, постои една негативна страна која веројатно не ви паднала на памет. Госпоѓа Крстевска нема да има проблем да ги запише нејзините деца Горан и Ана Крстевски на училиште, но Госпоѓа Андоновска ќе треба да докажува дека таа е мајка на децата. Ова можеби нема да претставува толку голем проблем понатаму во животот, но сигурно ќе наидувате на пречки кога ќе сакате да патувате со децата со авион. Практичноста не е најголема причина за да го земете презимето на сопругот, но дефинитивно треба да го имате предвид и тоа.rnДали да направите комбинација од двете презимиња?
rnМожеби најдобро би било да ја прескокнете оваа опција, освен ако немате навистина кратки презимиња. Имајте на ум дека ако вашите презимиња се долги и комплицирани, никој нема да може да ги запамети и изговори правилно. Постојат и големи шанси дека вашите деца ќе одлучат да задржат само едно од презимињата. Доколку сепак сметате дека оваа опција најмногу ви одговара, тогаш само напред!rn
Што да направите ако не ви се допаѓа ниту едно од овие решенија?
rnБез паника! Постои уште едно решение што можеби ќе ви делува откачено, но ако ви се допаѓа и вам и на вашиот сопруг, тогаш сте го пронашле вистинскиот избор! Одберете сосема различно презиме што и на двајцата ви се допаѓа и двајцата сменете си ги презимињата. Заедно одберете си го вашето фамилијарно презиме! На крајот на краиштата, во бракот постојано треба да се прават компромиси, а има ли подобар компромис од тоа ниту еден од вас да не си го задржи презимето и да почнете од почеток?!rnrnСекако дека не постои едно вистинско решение, така што одберете го она што најмногу ви одговара вам.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте ги овие закони кои го штитат моминското презиме.
-

Свадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското Море
Тешко е да се планира свадба, а уште потешко е кога невестата решила да го каже судбоносното „Да“ во водите на Карипското Море. Сузана Замос и младоженецот Џовани, кои живеат во Бостон, го одбрале совршеното место за да ја одржат нивната венчавка во ноември 2016 година. На почетокот, многумина се сомневале во остварувањето на нивната венчавка од соништата.rnrn
rn„Имавме свадбен планер кој ни кажа ’Не! Не можете да го направите тоа! Премногу е комплицирано!’“, открива Сузана.
rn
rnrnИдниот брачен пар само што не се откажал од идејата, кога свадбените фотографи од „Del Sol Photography“ ги охрабриле да продолжат со нивните планови.rn„Идејата да се одржи цела свадбена церемонија во вода е неверојатна. Можев да ги замислам прекрасните фотографии. Кога друг пат ќе добиете шанса да фотографирате венчавка во океан, со даска за сурфање и олтар?!“, изјавил Сол Тамарго, главниот фотограф.
rn
rnrnВо Козумел, Мексико, парот заедно со нивните 100 гости биле однесени со помош на два брода и јахта до песочникот кој се наоѓал сред Карипското Море.rnrn
rnrnСузана носела розова венчаница на денот на свадбата иако имала вкупно 5 фустани.rnrn
rnrnФотографите целосно ги прифатиле предизвиците што им ги наметнала ваквата необична венчавка во вода и користеле дрон за да направат прекрасни снимки од поголема височина, а самиот Тамарго направил фотографии со голем подводен фотоапарат.rnrn
rn„Фотографирав од бродот и потоа скокнав во вода со опрема за нуркање“, открил Тамарго.
rnТимот бил составен од вкупно 8 фотографи, видеографи и управувачи на дрон. Сите заедно помогнале да се овековечи овој посебен ден со помош на три подводни фотоапарати, две обични камери и дрон.rnrn
rnrnНевестата која себеси се нарекува „сирена“ открила дека денот не можел да помине посовршено.rn„Отсекогаш сум ја сакала водата. Обожавам да нуркам и имав среќа да пораснам со базен во градината, а и морето не ми беше многу далеку. Моите најсреќни денови секогаш биле под вода“, објаснила Сузана.
rn
rnrnКоја девојка не би посакала да се претвори во сирена макар на еден ден?!rnrn
rnrnВо продолжение погледнете го и видеото од неверојатната свадба на сирената Сузана и Џовани…rnrn -

Зошто невестата стои од левата страна на младоженецот? Причината не е воопшто романтична!
Според обичајот, невестата секогаш стои од левата, а младоженецот од десната страна. Тоа не е така случајно, туку постои причина која воопшто не е романтична. Имено, во минатото мажот требало да ја киднапира жената за да се венча со неа. Овој обичај постоел илјадници години и е забележан во грчката митологија (кога Парис ја киднапирал убавата Елена Тројанска), во библијата и во многу други историски документи.rnrn
rnrnОвој обичај има влијание и ден денес и тоа преку начинот на кој невестата и младоженецот се наместени на свадбата. Според податоците во енциклопедијата „The Knot and Compton“ постои причина за тоа: Во минатото десната рака на мажот требало да биде слободна за да може да го извлече мечот ако има потреба.rnrnКако и Парис кој бегал со Елена држејќи ја во левата рака, потенцијалниот младоженец очекувал отпор од страна на семејството на невестата и другите додворувачи, па затоа морал секогаш да биде подготвен да го употреби мечот ако некој му застане на патот. Ова се случувало сѐ до Средниот век.rnrnСо оглед на тоа што повеќето мажи се деснаци, погодно било невестата да стои од левата страна за десната рака на младоженецот да биде слободна. Не звучи многу романтично, се согласувате?rnrnПрочитајте ги и овие обичаи за првата брачна ноќ кои ќе ве шокираат. -

5 нови свадбени трендови кои треба да ги знае секоја идна невеста
Кој не би сакал свадбениот ден да го направи најубав и вреден за паметење? Како што се приближува тој датум, така расте и возбудата. Па, за да бидете уникатни и на вашите гости да им подготвите една прекрасна и необична атмосфера, погледнете ги овие интересни идеи.rnrn
rn„Голи“ торти
rnКога се во прашање слатките работи на венчавката, „голите“ торти без фондан и тешки глазури, ќе бидат тренд во 2017 година. За декорација избирајте свежо цвеќе и овошје кои ќе го надополнат овој сладок изглед.rn
Цртежи наместо фотографии
rnОрганизаторите на венчавки советуваат дека фотографирањето од маса на маса со гостите е веќе застарено. Ако сте во можност, понудете им на своите гости нешто ново и неочекувано – насликан портрет. Додека вашата прослава се одигрува пред очите на уметникот, сигурно ќе бидат создадени прекрасни дела во кои долго ќе уживате.rn
Искористете ја природата како најдобра декорација
rnИако венчавката на отворен простор може да донесе многу двоумења и несигурности поради временските прилики и други технички прашања, сепак, нема ништо поубаво од расцветените дрвја како декорација за вашиот најубав ден во животот. Исто така во склоп со природата можете да ги декорирате и масите и столовите, а камењата, земјата и мирисот на тревата ќе бидат апсолутен хит.rnrn
rnХрана на тркала
rnАко планирате да го изговорите судбоносното „да“, тогаш размислете за поставување комбе со храна, кој ќе биде како еден вид киоск. Наместо да имате келнери кои постојано ќе се шетаат наоколу, ваквата оригинално поставена шведска маса ќе ги намали вашите трошоци за храна, а на гостите ќе им приредите една необична и помалку формална атмосфера.rn
Футуристичко мапирање
rnИнтересен тренд во 2017 година е мапирањето на тортата. Всушност, тоа значи вклучување нови технологии кои го трансформираат просторот во кој се изнесува свадбената торта, со светла во самото послужување. На тој начин добивате подвижни слики кои се многу поинтересни од класичните огномети или свеќи кои обично ги красат свадбените торти.
-

Моден стил или сосема друга приказна: Знаете ли зошто невестите носат вел на нивната венчавка?
Сите ние слепо ги следиме традициите кои се врзани за венчавките, без навистина да го знаеме нивното потекло. Една од таквите традиции е и носењето вел на денот на венчавката. Потеклото на оваа традиција датира од времето на Римското Царство.rnrn
rnrnТогаш, невестата од глава до пети била покриена со црвено платно кое го нарекувале „фламеум“, а целата на покривањето била таа да изгледа како да гори. Всушност, „запалената невеста“ на тој начин би требало да ги истера злите духови кои планирале да го уништат денот на нејзината венчавка.rnrnНо, тогашните долги платна и венчаници имале уште една цел, а тоа е да го отежнат бегството на невестата.rnrnКако што поминувале вековите, така велот имал различни задачи. Кога биле во прашање договорените бракови, невестата морала да носи вел сè додека не биле договорени условите, бидејќи се стравувало дека ако младоженецот ја види идната сопруга пред договорот и таа не му се допадне, можел да го одбие склопувањето на бракот.rnСтатусен симбол
rnИсто така, во многу религии велот е знак на понизност и почитување на божествата во текот на религиската церемонија. Но, во Викторијанската доба велот станал статусен симбол. Тежината, должината и квалитетот на велот ја означувале материјалната состојба на невестата. Секако, невестите од кралските семејства имале најдолги велови и венчаници. Велот се користел и за да го замагли видот на невестата. Затоа до олтарот морал да ја следи нејзиниот татко или некој друг за да ја „предаде“ на идниот сопруг, бидејќи во спротивно самата многу веројатно не би успеала да го изоди тој пат без застанување или удирање во нешто.rnrnИ како за крај, според суеверието, кое е познато и денес, се смета дека лоша среќа ќе го следи заљубениот пар, ако младоженецот ја види невестата пред церемонијата, па затоа и таа се крие под својот вел.
-

Блеснете во црно: Невестински фустани кои ќе ја откријат вашата темна страна
Белиот невестински фустан е елегантен и убав, но има нешто посебно кај невестите кои се осмелуваат да ја прекршат традицијата и да облечат фустан во црна или друга потемна боја. Доколку не сакате да ги шокирате гостите, нема ништо лошо во тоа да се држите до класичниот бел фустан. Меѓутоа, ако сакате да се издвоите од останатите невести, блеснете во црно и покажете ја вашата темна страна!rnrn
rnrnПогледнете ги следните црни невестински фустани кои можеби ќе ве инспирираат и ќе ве поттикнат да ги срушите нормите…rnrn -

Уникатни невестински фустани кои ќе ве натераат да заборавите на класичната бела боја
Секоја девојка уште од рана возраст почнува да си ја замислува нејзината свадба. Но, кога конечно ќе дојде тој судбоносен ден, невестата се соочува со голем број одлуки што ѝ предизвикуваат главоболка, особено оние поврзани со невестинскиот фустан. Белиот невестински фустан е класичен избор со кој не можете да погрешите, но во последно време невестите сакаат да бидат покреативни па одбираат фустани во похрабри бои.rnrn
rnrnДоколку сакате да оставите посилен впечаток и да се издвоите од останатите невести, погледнете ги следниве уникатни невестински фустани кои несомнено ќе ве инспирираат и ќе ја разбудат вашата креативност.rnrn -

Незамисливата одлука на оваа невеста доби пофалби од сите мажи
Фотографијата од невестата, која на денот на свадбата донела за многумина „незамислива“ одлука, со неверојатна брзина се рашири на Интернет.rnrn
rnrnБусола Џонсон на нејзината свадба изгледала како вистинска традиционална невеста во бела венчаница, но нејзината одлука била сѐ само не традиционална.rnrnИмено, Бусола не се нашминкала за нејзиниот најважен ден во животот.rnrn
rn„Одбив да носам шминка. И на мојот сопруг тоа му се допаѓа“, напишала таа на нејзината фотографија објавена на Фејсбук.
rnФотографијата набрзо се раширила на Интернет и наишла на позитивни реакции од жените, но и од мажите ширум светот.rnrn
rn„Ти си една во милион, тешко е да се најде жена како тебе“, гласи еден од коментарите.
rnЗа многу поранешни и идни невести оваа одлука е незамислива. Повеќето жени сакаат да заблескаат во полн сјај на денот на нивната свадба и со помош на шминка дополнително да ги нагласат сите главни адути на нивното лице, како што се очите, усните или едноставно да покријат некое мозолче.rnrn
rnrnМала е веројатноста дека жените целосно би се откажале од шминката, но Бусола на сите им покажа дека би требало помалку да се нервираме околу нашиот изглед, дури и во вакви ситуации кога сите погледи ќе бидат свртени кон нас.rnrn
rnrnБусола нѐ учи на една важна животна лекција дека постојат многу позначајни работи од оние површните, како што е надворешниот изглед. Дали доколку поминеме цел ден во нервирање околу фризурата и шминката ќе бидеме опуштени и ќе можеме вистински да уживаме во свадбата? Веројатно не. Во ред е да сакаме да изгледаме убаво, но тоа никако не смее да стане нашата главна преокупација поради која ќе ги заборавиме нештата кои навистина вредат.rnrn












































