КАФЕ ПАУЗА

Tag: неуспех

  • 15 карактеристики на оние кои живеат со страст

    15 карактеристики на оние кои живеат со страст

    Секојдневно сме сведоци на луѓе кои работат и живеат со страст, кои ја вложуваат целата своја способност и сиот свој труд во она што го работат и го прават до перфекција. Ова се 15 работи кои луѓето што живеат со страст ги прават поразлично од останатите. Присвојте ги како свои навики уште веднаш.rnrn 15 карактеристики на оние кои живеат со страстrn

    1. Возбудата е дел од нивното секојдневие

    rnВозбудата е гориво со кое се движат иновативноста и успехот. Иако за другите навидум е смешно и несфатливо, оние кои живеат со страст се возбудуваат и на најмали нешта, креирајќи во мислите некаква цел или совршен план за пат до успехот. Најдете возбуда во секој проект или задача која ви е дадена, направете си сами проекти и предизвици, посветете им се целосно и безрезервно бидејќи токму тоа го прават оние кои живеат со страст.rn

    2. Ги посветуваат своите животи на соништата

    rnКога го сакате она што го правите и кога сте навистина страсни за тоа, вие ги храните своите соништа со љубов и грижа кои им се потребни за да станат реалност. Целосната посветеност можеби е ризик, но останува на оние кои го вдишуваат секој здив со страст да откријат дали одреден ризик ќе им се исплати или не. Ако одговорот е негативен, секогаш ќе бидат побогати за едно искуство повеќе.rn

    3. Нивната работа станува дел од нив самите

    rnКога ќе најдете нешто што вистински го сакате, лесно ќе стане дел од вашиот живот. Оние кои го искусуваат животот со страст наоѓаат начин да ја внесат работата во секој аспект од својот живот. Тоа не значи дека треба да бидете преокупирани со работа, туку да најдете начин вашата работа да престане да ви биде обврска туку уживање. Ширете го вашиот талент и знаење, инспирирајте ги другите и дозволете да бидете инспирирани. Она што го сакате и го работите со страст е дел од вашиот живот и дел од она што сте.rn

    4. Оптимисти се за иднината

    rnКога верувате во себе и го вложувате својот максимум, имате помалку страв од иднината бидејќи и не е сè толку неизвесно кога знаете кон што се стремите. Оние кои живеат со страст се радуваат чекајќи ја иднината и се отворени на сите предизвици кои таа би можела да ги донесе.rn

    5. Секогаш на ум ја имаат својата страст

    rnБараат начини како да го подобрат она што го прават, како да се инспирираат, како да се унапредат, и никогаш не престануваат да се борат со цел од ден во ден да стануваат сè подобра верзија од себеси.rn

    6. Отворени се на ризици

    rnОној кој не ризикува не добива. Без разлика дали станува збор за напуштање на работно место кое ги спречува да ги остварат своите соништа, или голем влог во нешто, оние кои живеат со страст свесни се дека животот носи многу ризици.rnrn 15 карактеристики на оние кои живеат со страстrn

    7. Ги прифаќаат последиците

    rnСекоја наша одлука носи последици и самите треба да се сносиме со последиците од нашите одлуки. Токму ова е принципот по кој се раководат ваквите личности наместо да одберат да ги обвинуваат другите за последиците со кои мора да се носат.rn

    8. Работите кон кои негуваат страст ги назначуваат за приоритети

    rnАко сакаш да успееш најди го она за што негуваш страст, направи го приоритет, вложувај во него и верувај во себе. Постојат премногу неважни работи, доволно моќни да ни го одвлечат вниманието и времето од она што е вистински важно.rn

    9. Не се предаваат

    rnСекој во животот се соочува со предизвици и константни потсетувачи на некои минати неуспеси. Но, тие кои живеат со страст кон животот не ѝ се предаваат на ваквата игра. Туѓите сомнежи и обиди за обесхрабрување ги доживуваат како инспирација.rn

    10. Се фокусираат на она што е важно

    rnЗнаат да се фокусираат на она што е важно, на нивните цели и на она за што се борат. Вложуваат 100% од себеси, фокусирајќи се на она што го работат.rn

    11. Не тапкаат во место

    rnВо природата на човекот е да се стреми кон повеќе и да научи повеќе. Да, треба да бидеме задоволни со она што сме го постигнале, но нашата работа во која вложуваме страст треба да нè надградува и мотивира за повеќе.rn

    12. Не сонуваат напразно

    rnРазликата меѓу едни и други сонувачи е во тоа што едните одбираат да се разбудат и да ги реализираат своите соништа а не да останат пасивни.rn

    13. Ги инспирираат другите

    rnСтраста е заразна. Кога ќе видите човек кој ја работи својата работа со страст, кој вложува страст макар и во најмалите работи кои ги прави, ве инспирира истото да го сторите и вие. Живејте со страст и инспирирајте ги другите да го прават токму истото. Кога сите ние би вложиле повеќе љубов во она што го работиме, светот би бил многу подобро место за живеење.rnrn 15 карактеристики на оние кои живеат со страстrn

    14. Знаат да го преболат неуспехот

    rnНеуспехот е дел од сечиј живот. Тоа не значи дека вие не вредите или дека нема никогаш да успеете. Тоа е само една лекција која ве донела поблиску до она што моментално сте си го зацртале како цел.rn

    15. Зрачат со страст кон животот

    rnЗрачат со позитивност и желба за успех, желба да го подобрат светот онолку колку што се во можност, желба да променат нешто. Таквите личности се познаваат од километар.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го надминете стравот од неуспех?

    Како да го надминете стравот од неуспех?

    Стравот од неуспех е нормална работа сѐ додека не стане постојан и не почне да нѐ блокира во намерите да стигнеме до успех на кое било поле. Личностите кои имаат проблем со овој страв честопати дури и ги избегнуваат ситуациите во животот кои не гарантираат успех, не преземаат никакви ризици и на крај животот го претвораат во монотоно искуство без посебна убавина. Сето ова поради тоа што се плашат од моментот кога можеби ќе се покаат за грешката која ја направиле.rnrnКако да го надминете стравот од неупех?rnrnЗа да дознаете дали спаѓате во оваа група можете да го направите следниот тест подготвен од д-р Бил Кнаус. Одговорете со точно и неточно.rn

      rn011

    • Се плашам дека нема да успеам.
    • rn011

    • Премногу играм на сигурно.
    • rn011

    • Се плашам дека ќе загубам здив на последниот чекор.
    • rn011

    • Се плашам од правење грешки.
    • rn011

    • Се плашам од осуда.
    • rn011

    • Се плашам дека ќе изгледам како да не разбирам ништо.
    • rn011

    • Се плашам дека нема да бидам доволно добар.
    • rn011

    • Немам доверба во сопствените способности.
    • rn011

    • Многу се вознемирувам кога не сум сигурен во нешто.
    • rn011

    • Другите гледаат негативно на мене.
    • rn

    rnАко некаде сте одговориле со „точно“, сте го нашле вашето поле за работа кон самоунапредување. За една личност да го надмине стравот од неуспех потребно е активно да работи на полињата каде што има простор за напредок. Според д-р Кнаус најдобар начин за тоа е личноста да се однесува како истражувач, односно да испробува што функционира во животот, а што не. Тој нуди 5 совети за да го постигнете тоа.rn

      rn011

    1. Однесувајте се како научници. Научникот секогаш испитува бројни идеи кои ветуваат добри резултати, но потребно е време додека го пронајде вистинското решение. Исто е и во животот.
    2. rn011

    3. Како и на секој почеток на научно истражување, поставете си прашање. Вашето нека биде: „Што треба да направам за да го надминам стравот од неуспех?“
    4. rn011

    5. Ретко кои ситуации во животот поминуваат толку добро или лошо колку што очекуваме. Очекувајте вашите перформанси да варираат и ќе имате повеќе храброст за идните предизвици.
    6. rn011

    7. Запрашајте се што значи да не успеете. Одговорот е дека тоа значи дека не сте успеале да одговорите согласно одреден стандард според кој го мерите вашиот успех во животот.
    8. rn011

    9. Луѓето кои се плашат од неуспех секогаш се потчинуваат на високи стандарди за човечката вредност. Тие не можат да одговорат на следното прашање: Ако ја цените човечката вредност и достоинството, тогаш зошто се потчинувате на толку високи стандарди кои ве спречуваат да ја искусите таа вредност и достоинство? Оттука веќе ќе можете да тргнете на патот кон самоунапредувањето и надминувањето на стравот од неуспех.
    10. rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Перфекционизам и одолговлекување – комбинација која гарантира неуспех

    Перфекционизам и одолговлекување – комбинација која гарантира неуспех

    Честопати сме ставени под голем притисок кој го носи желбата за совршенство. Се трудиме нештата да бидат изработени до перфекција, работите околу нас подредени во совршен ред, нашите обврски да бидат организирани и да имаме контрола над целата ситуација. Но, сиот тој притисок поради стремежот кон перфекција, во комбинација со одложувањето на обврските за подоцна е рецепт за неуспех и неисполнување на главните зацртани цели. Тоа нè прави најголеми непријатели на самите себе. Како да се поштедиме од овие навики и колку би можел еден перфекционист да се промени во овој поглед со цел да се спаси себеси од притисокот и стравот од несовршеното?rnrnПерфекционизам и одолговлекување – комбинација која гарантира неуспехrnrnНајпрво да ги дефинираме и двата поими, за кои психолозите тврдат дека во комбинација се гаранција за неуспех. Што е перфекционизам, а што одолговлекување?rnrnПерфекционизмот би можеле да го дефинираме на многу начини, но секој од нив кој е поврзан со потрагата по совршенство би бил точен. Перфекционистите се стремат кон извонредност на речиси секое поле во животот, трагаат по одлични резултати и се залагаат за сите сфери во кои би можеле да постигнат успех. Имаат потреба и нагони да го поправаат несовршеното, дури и кога станува збор за ситници и небитни детали. Одолговлекувањето претставува одложување на обврските, најчесто за некој друг, подобар и посоодветен ден. Не можам денес, но ќе го направам тоа утре или наредната седмица. Една шпанска поговорка вели: „Утре е најзафатениот ден од неделата.“ Станува збор за одлагање на важни обврски со цел да се извршат оние кои не се примарни.rnrnПерфекционизам и одолговлекување – комбинација која гарантира неуспехrnrnЗошто се јавува одолговлекувањето? Најчесто е поради стравот од неуспех и недоволното ниво на самодоверба. Се плашите дека нема да успеете, дека не сте доволно добри, дека ви е потребно повеќе време. Така тоа се претвора во навика за речиси сè во животот и вие почнувате константно да ги одлагате обврските.rnrnКоја е поврзаноста помеѓу перфекционизмот и одолговлекувањето? Перфекционистите се луѓе кои знаат до детаљ да ги испланираат своите зацртани цели и начините како да дојдат до нив. Но, често се случува работата да остане само на планирање, без да се преземе акција бидејќи се одлага за понатаму. Поради стравот од неуспех или страв дека нешто нема да излезе перфектно, чувствуваме дека ни треба повеќе време за да се подготвиме пред да дејствуваме.rnrnПерфекционизам и одолговлекување – комбинација која гарантира неуспехrnrnПланирањето на обврските сè до најситен детаљ одзема време. Нè прави да се чувствуваме безбедно, како да имаме контрола над ситуацијата. До некаде тоа е добро бидејќи сте подготвени за она што доаѓа. Но, мора да постои момент кога ќе почнете да дејствувате. Претераното размислување и планирање ги уништува работите.rnrnЕве еден мал пример. Се подготвувате да учите со цел да го положите испитот. Но, не само да го положите, туку да извлечете најмногу што можете, па притисокот станува уште поголем. Вашиот план за учење е направен, материјалите се собрани, но имате „поважни“ обврски. Прво ќе си ја средите собата, ќе го разлистате омиленото списание, ќе видите што има ново на интернет за да бидете во тек со новостите, ќе излезете на пазарење за да не мислите што треба да купите додека учите… и на крај ви станува јасно дека оваа листа на „обврски“ нема крај. Решението е примарната обврска и задача да ја направите пред сите останати.rnrnСо сфаќањето дека имаме проблем со потрагата по перфекција и со одлагањето на важните обврски, сме на самиот пат кон решението. Некогаш перфекционизмот ни носи навистина совршени резултати, но проблемот е што по некое време не би биле задоволни со ништо помалку од совршеното.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 начини на кои се саботираме самите себеси

    4 начини на кои се саботираме самите себеси

    Добро е познато дека во одредени ситуации може да се јави она мало ѓаволче на рамото и на нашите мисли да им даде непосакувана насока. Кои се тие непријатели што се кријат во секој од нас и кои го движат процесот на саботирање на самите себеси?4 начини на кои се саботираме самите себеси

    rnrn

    Избегнување на лошите чувства

    rnИзбегнувањето на лошите чувства води до уште полоши. Понекогаш, во обидот да си помогнеме против негативните емоции, ние всушност успеваме да си нанесеме само штета.rnrnВо ситуација кога некој се чувствува осамен, почесто бара од блиските да му покажат дека сè уште им значи, а кога ќе се претера, тоа може да ги оттргне другите луѓе од него и да дојде до вистинска осаменост.rnrnДруг начин на избегнување на лошите чувства е наоѓање на утеха во храната, по што доаѓаат проблемите со телесната тежина и здравјето. Во ваков случај најдобро е да се соочиме со вистинскиот интензитет на лошите чувства за тие што побрзо да исчезнат.rn
    rn

    Одложување на обврските

    rn

    Кога имаме намера да направиме нешто што ни причинува тешкотија, најлесното решение е тоа да се одложи со изнаоѓање некаков изговор. Кога некој ќе реши од денес да почне да вежба, тоа ќе го одложува до секој нареден понеделник затоа што е уморен од нешто друго, а тоа е еден од начините да си оневозможи себеси да стигне до остварувањето на својата крајна цел во обидот да го избегне напорот од вежбањето. Во ваков случај, неопходно е да се научи како да се престане со одложувањето на обврските.4 начини на кои се саботираме самите себеси

    rnrn

    Претерана скромност

    rnИако скромноста важи за позитивна вредност, претерувањето со неа треба да се сфати во негативен контекст. Поради воспитувањето дека треба постојано да се докажуваме пред околината, настапува претерано скромното гледање на сопствените вредности, односно ниска самодоверба, со што се лишуваме од многу можности кои ни излегуваат во пресрет. Исто така, ова луѓето го прават и со цел да избегнат да бидат посочени како егоисти, поради што дури целосно ги негираат своите квалитети.rn
    rn

    Зависност

    rnЗависноста најчесто започнува како начин да се избегнат негативните емоции. Тоа е доста едноставна форма на бунт против одредени пречки во остварувањето на целите. На пример, еден тинејџер може да почне да пие за да се бунтува против претераната рестриктивност на неговите родители. Иако неговата цел не е да си нанесе штета со алкохолот, тој сепак ја саботира својата потреба да напредува во животот во обидот да им даде до знаење на родителите дека му пречат во остварувањето на неговите цели.rn
    rn


    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Незаборавни филмски реплики

    Незаборавни филмски реплики

    За да ни стане некој филм омилен, понекогаш е доволна само една реплика…rnrnНезаборавни филмски репликиrn

    „Ај да ми бидеш живо и здраво детуле. Да пораснеш големо. На лице бело и црвено како тетовско јаболко, на снага-вита ела пиринска. Грло бисер да ти рони. Гласот да ти биде како на славејче…“ – Петре Прличко како Манданата во легендарниот „Мис Стон“

    rn

    „Куфер ко куфер, празан.“ – Мето Јовановски (Илко) во „Тетовирање“

    rn

    „Постојат три начини да се направи нешто: вистинскиот, погрешниот и начинот на кој јас го правам тоа.“ – Роберт де Ниро во улога на Сем во филмот „Казино“

    rn

    „Мајка ми секогаш велеше дека животот е како кутија со чоколатца. Никогаш не знаеш што ќе добиеш.“ – Том Хенкс (Форест Гамп) во филмот „Форест Гамп“

    rn

    „Чувај ги пријателите блиску до себе, а непријателите уште поблиску.“ – Ал Пачино (Мајкл Корлеоне) во „Кум 2“

    rn

    „Ќе му направам понуда, која нема да може да ја одбие.“ – Марлон Брандо (Дон Вито Корлеоне) во „Кум“

    rn

    rn

     „Потребна е голема храброст за да им се спротивставиш на непријателите, но уште поголема за да им се спротивставиш на пријателите.“ – Ричард Харис како Дамблдор во „Хари Потер“rnrn„Љубовта не може да се пронајде таму каде што не постои, ниту пак може да се сoкрие онаму каде што навистина ја има.“ – Дејвид Швимер (Макс Абит) во филмот „Бакнувајќи ја будалата“

    rn

    „Стравот те држи во заробеништво, надежта може да те ослободи.“ – од филмот „Бегство од Шошенк“

    rn

    „Ако си добар во нешто, никогаш не го прави тоа за џабе.“ – Хит Леџер како Џокерот во филмот „Бетмен: Црниот витез“

    rn

    „Животот е прекраток за да живееме два пати ист ден.“ – Џенифер Лопез (Шарлот) во „Свекрва-монструм“

    rn

    „Мене ми зборуваш?“ – Роберт де Ниро (Тревис) во „Таксист“rn

    rn

    rn

    „Животот се движи многу брзо. Ако повремено не застанете и погледнете наоколу, може да го пропуштите.“ – Метју Бродерик како Ферис во филмот „Слободниот ден на Ферис Буелер“rnrn„За седум дена Господ го создал светот, јас за седум секунди го срушив својот.“ – Вил Смит (Бен Томас) во „Седум фунти“

    rn

    „И после сè, утре е нов ден“ – Вивиен Ли (Скарлет О`Хара) во филмот „Однесено од виорот“

    rn

    „Претпоставувам дека на крајот, почнуваме да размислуваме за почетокот.“ – Бред Пит (Mr. Smith) во филмот „Г-дин и Г-ѓа Смит“

    rn

    „Животот не е секогаш изгрејсонца и виножита. Тој е исто така и злобно и валкано место. Ќе ве победи и фрли на колена и таму ќе ве држи перманентно, ако тоа му го дозволите.“ – Силвестер Сталоне (Роки Балбоа) во филмот „Роки“

    rn

    „Моето име е Бонд. Џејмс Бонд.“ – најпознатата реплика од сите досегашни Џејмс Бонд филмовиrn

    rn

    rn

    „Во животот нема ништо поголемо од малите нешта.“ – Том Круз (Дејвид) во „Небо од ванила“rnrn„Полесно е да го повлечете чкрапалото отколку да свирите гитара. Полесно е да уништите, отколку да креирате.“ – Антонио Бандерас (Ел Мариачи) во филмот „Десперадо“

    rn

    „Запомнете, она што се случува во Вегас, останува во Вегас. Освен херпесот. Тој се враќа со вас.“ – Џефри Тамбор (Сид Гарнер) во „Мамурлак“

    rn

    „Се обидуваш, не успеваш, се обидуваш, не успеваш… Но, единствениот вистински неуспех е тогаш кога ќе престанеш да се обидуваш.“ – Џенифер Тили (Лиота) во „Опседнатиот замок“

    rn

    „Хјустон, имаме проблем.“ – Том Хенкс како Џим Ловел во „Аполо 13“

    rn

    „Јас не сум лоша. Јас сум само така нацртана.“ – Џесика Ребит во полуанимираниот филм „Кој го намести зајакот Роџер“

    rn

    rn

    „Кога легендата станува факт, испечати ја легендата.“ – Карлтон Јанг како Максвел Скот во филмот „Човекот кој го застрела Либерти Валанс“rnrn„Сите ние понекогаш по малку полудуваме.“ – Ентони Перкинс во улога на Норман Бејтс во филмот „Психо“

    rn

    „Кога првпат ве видов, мислев дека сте згоден. Потоа, се разбира, прозборевте.“ – Хелен Хант како Керол Конели во „Колку е добар, толку и ќе добие“

    rn

    „Најголемиот трик на ѓаволот е неговото убедување дека тој не постои.“ – Кевин Спејси како Роџер во филмот „Вообичаено осомничени“

    rn

    „Повеќето луѓе животот го гледаат само во црно-бело. Тие не сфаќаат дека постои сива област некаде на средината. Таму би требало да живееме ние.“ – Дејмон Вејнс како Китс во филмот „Отпорен на куршуми“

    rn

    „Гледам мртви луѓе.“ – шепотот на Хели Џоел Осмент, во улога на Кол во „Шесто сетило“

    rn

    rn

    „Суетата е дефинитивно мојот омилен грев.“ – Ал Пачино (Џон Милтон) во „Адвокатот на ѓаволот“rnrn„Доверба е кога со некого се чувствуваш безбедно.“ – Мет Дејмон (Едвард Вилсон) во „Добриот Пастир“

    rn

    „Господа, не можете да се борите тука. Ова е воена соба.“ – Питер Селерс како претседателот Меркин Мафли во комедијата „Д-р Стрејнџлов“

    rn

    „Не постои место како дома.“ – Џуди Гарланд (Дороти) во „Волшебникот од Оз“

    rn

    „Искрено, драга, баш ми е гајле“ – Кларк Гејбл како Рет Батлер во „Однесено од виорот“

    rn

    „Скапоцено мое“ – Енди Серкис како Голам во филмот „Господарот на прстените: Двете кули“

    rn

    „Аста ла виста, бејби.“ – Арнолд Шварценегер во „Терминатор“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 совети како да се справите со неуспехот

    5 совети како да се справите со неуспехот

    Неуспесите се дел од секојдневното живеење. Некој ги пречекува подготвено и знае да се соочи со нив, друг е во постојан страв дека ќе се случат и не знае да ги дочека достоинствено. Животот некогаш знае да биде нељубезен. Но, тоа не е причина да бидете огорчени. Напротив, учете од грешките, оставете ги работите да поминат и одете напред во животот. Со други зборови, најдете начин неуспесите да ги претворите во успеси.5 совети како да се справите со неуспехотrn

    1. Воочете ги сопствените грешки

    rnНајдобар начин да се соочите со неуспехот е да ги воочите и признаете сопствените грешки и мани. Само тогаш ќе можете да продолжите понатаму во вистинскиот правец за да ги поправите.rn

    2. Проценете ја ситуацијата

    rnНаправете еден чекор назад и размислете како би можете да ја поправите ситуацијата која ве довела до неуспех. Размислете што било погрешно и како би постапиле поинаку.rn

    3. Разговарајте со луѓето на кои им верувате

    rnКога се соочувате со каков било неуспех, стресот и грижите се најважните причини зошто не можете да размислувате трезвено. Затоа, добро е своите чувства да ги споделите со оние кои ја заслужиле вашата доверба. Тие ќе можат правилно да ве посоветуваат и да ви поделат неколку утешни зборови, кои ќе ви помогнат подобро да се соочите со моменталната ситуација. Не плашете се да побарате помош. Никој не е совршен. Можеби пријателите и најблиските се соочиле со слична ситуација како вашата, па можат да ви дадат добар совет.rn

    4. Учете од своите погрешни одлуки

    rnНајдобар начин да се соочите со неуспесите што животот ги носи во кој било дел од живеењето е да учите од погрешните одлуки кои сте ги донеле и да се обидете да не ги повторите истите грешки.rn

    5. Продолжете понатаму

    rnПростете си себеси и едноставно продолжете понатаму. Оставете го минатото и силно, бескомпромисно зачекорете кон светлата иднина. Пробувајте сè додека да успеете во остварувањето на вашиот сон.rnrnМожеби ќе ве интересира и како подобро да се справувате со конфликтните ситуации.rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.