КАФЕ ПАУЗА

Tag: неуспех

  • 17 нешта кои никогаш не би можеле да ги разберете без да ги искусите

    17 нешта кои никогаш не би можеле да ги разберете без да ги искусите

    Постојат нешта кои колку и да се трудиме, никогаш нема да можеме да ги сфатиме. Можеме да се обидеме да ги разбереме, но тие едноставно се надвор од нашите искуства и токму тоа ни ги прави недостижни. Па, како би знаеле какво е чувството да се биде заљубен ако никогаш не сме љубеле или пак, како се би чувствувале доколку ја најдеме нашата страст ако никогаш во животот за ништо не сме биле страсни?rnrn17 нешта кои никогаш не би можеле да ги разберете без да ги искуситеrn

    1. Вистински неуспех

    rnЕдно е да изгубите или да не ја постигнете вашата цел, но нешто сосема различно се случува доколку вложите сè што имате и работите едноставно се распаднат. Вистинскиот неуспех не е само загуба, туку е загуба на она што го посакувате повеќе од сè на овој свет.rn

    2. Вистинска љубов

    rnСкоро секој човек кој одел по површината на оваа планета дал сè од себе за да ја преточи љубовта во зборови, со цел да ја отслика доволно сликовито за оние кои никогаш не ја искусиле да можат да ја разберат. Но, досега никој не успеал.rn

    3. Губење на љубена личност

    rnЖивотот е неверојатно краток. Деновите, неделите, месеците, па дури и годините поминуваат додека трепнете, па кога ќе дојде тој момент да изгубите личност која ви значела сè на овој свет, чувството кое се појавува едноставно не може да се опише.rn

    4. Ситуација од која не можете да избегате

    rnБез разлика дали станува збор за физичка или психолошка злоупотреба, ова искуство можат да го разберат само оние кои поминале низ него. Сите можеме да се обидеме да замислиме како би било во оваа ситуација, но сфаќањето е надвор од нашите способности за разбирање.rn

    5. Скршено срце

    rnКолку што е магична и прекрасна љубовта, толку е ужасно скршеното чувство. Тоа е целосна спротивност на љубовта. Ова разочарување можат да го сфатат само оние кои го доживеале и е една од најинтензивните доживувања на човекот, па толку затоа многу тешко се надминува.rn

    6. Гордоста да се биде родител

    rnСигурно сте забележале како почнуваат да сјаат очите на родителите секој пат кога нивното дете ќе постигне нешто. Дури и да станува збор за нешто многу мало.rn

    7. Откривање на вашата страст

    rnФокусот. Гладот. Поривот. Многу лесно се разбираат чувствата кои се поврзуваат со страста во животот, но како би можеле да ја разберете самата страст доколку не ја почувствувате самите?rn

    8. Макотрпното работење за постигнување на вашите соништа

    rnДури и кога гледаме колку е тешко, колку пати сме паднале и повторно сме станале, но и колку пати сме биле на работ од откажувањето, сепак има нешто што продолжува да нè турка нанапред. Токму тоа чувство на продолжување е она кое мора да го доживеете за да го разберете.rn

    9. Неприпаѓање

    rnНекои луѓе се социјални пеперутки и можат да се вклопат во кое било друштво, но некои едноставно не знаат како. Дел од овие луѓе се интроверти, осаменици. Но, некои од нив не знаат како да се однесуваат со другите луѓе. Неможноста да се најде место во светот каде што навистина припаѓате е едно од најуникатните депресивни чувства кои постојат.rn

    10. Немањето вистински пријатели

    rnПостојат многу луѓе кои немаат вистински пријатели, кои едноставно не можат да се потпрат на своите познаници. Тие никогаш немаат рамо за плачење, ниту пак можност за гледање на светот од повеќе перспективи.rn

    11. Работа која ја презирате

    rnНа почетокот секој би рекол дека може да работи сè доколку му се потребни пари, но многу брзо почнувате да сфаќате дека оваа работа ви влијае негативно психолошки. Па, почнувате да се тешите дека вреди за парите или за вашето слободно време, но на крајот од денот работата која ја презирате ќе ве изеде однатре.rn

    12. Живеење на животот кој го сакате

    rnДоколку долго време водите живот од кој не сте задоволни, вие со тек на време толку многу ги намалувате вашите очекувања што тие скоро и да не се забележуваат. Но, доколку сте доволно мудри и среќни да си создадете живот на кој се гордеете, тогаш олеснувањето кое ќе го почувствувате воопшто не може ни да се опише со зборови.rn

    13. Брачна понуда

    rnБез разлика дали вие сте оној кој запросува, или пак вие сте оние кои ја добиле понудата за брак, чувството можат да го разберат само оние кои го доживеале. Велат дека одеднаш времето околу вас забавува и тогаш сфаќате дека сте ја нашле љубовта со која сте подготвени да живеете до крајот на вашиот живот. Тоа мора да е возбудливо.rn

    14. Сфаќањето дека залудно сте потрошиле X години од вашиот живот

    rnНе сè што се случува, се случува со причина. Всушност некои луѓе и ќе ви кажат дека не постои причина за ништо. Но, тоа не значи дека не можеме да учиме од нашите грешки. Можете да правите илјадници нешта со вашиот живот додека ја барате вашата страст, но стоењето во место е нешто што кога-тогаш ќе направи да се чувствувате лошо.rn

    15. Сфаќањето дека сте направиле ужасна грешка која ќе ви го смени животот, но која не може да биде промената

    rnСите правиме грешки, некои помали, други поголеми и ако не можете да ги смените тогаш едноставно нема потреба да се опседнувате со нив. Но, она на што треба да обрнете внимание е да не ја повторите грешката повторно.rn

    16. Моментот кога му доаѓа крај на вашето време

    rnНе сите имаат шанса да знаат кога нивниот живот ќе заврши, но оние кои ја имаат оваа шанса имаат уникатна можност да го доживеат животот од почеток и во целост.rn

    17. Она што доаѓа понатаму…

    rnДоколку имате можност да добиете одговор на само едно прашање, кое било прашање, 99% од луѓето на планетата ќе сакаат да знаат што доаѓа по смртта. Имајќи го ова на ум, половина од нив сигурно нема да имаат храброст да прашаат. Она што доаѓа (ако доаѓа) по животот е една од најголемите човекови мистерии. Но, нема потреба од брзање. Со тек на време сите ќе дознаеме, се согласувате?

  • Тест: Како ги преживувате љубовните неуспеси?

    Тест: Како ги преживувате љубовните неуспеси?

    Дали после љубовниот неуспех само ќе одмавнете со рамената и ќе продолжите понатаму, како ништо да не се случило, или пак тагувате и покрај тоа што знаете дека тоа ќе помине со тек на време, или можеби буквално ќе се разболите од љубов, ќе страдате и нема да сте во состојба да го продолжите секојдневниот живот? Решете го овој тест и откријте.rnrntest-kako-gi-prezhivuvate-ljubovnite-neuspesi-kafepauza.mkrn

    1. Верувате ли во љубов на прв поглед?

    rnА. Не, љубовта се случува кога двајцата партнери ќе се запознаат подобро.rnБ. Да, но тоа не е фатална љубов туку чувство кое може да се контролира.rnВ. Да, понекогаш може да се почувствува привлечност на прв поглед.rn

    2. Која фаза во врската ви се допаѓа најмногу?

    rnА. Не знам.rnБ. Кога ќе почувствувам дека меѓу нас постои доверба и почитување.rnВ. Фазата на заљубување, на почетокот на врската.rn

    3. Дали некогаш после раскинувањето на врската сте помислиле…

    rnА. Подобро е да бидеш сам отколку во лошо друштво.rnБ. На почетокот се однесуваше многу поразлично.rnВ. Навистина го преценив.rn

    4. Што мислите за следнава ситуација: Тој ѝ се додворува цела година. Таа на почетокот го одбива, но по некое време прифаќа.

    rnА. Тоа може да биде почеток на успешна врска. Не е важно како започнала.rnБ. Тој ќе биде несреќен, бидејќи ќе ја сака повеќе одошто таа него.rnВ. Таа нема да биде среќна, бидејќи не го сака.rn

    5. Вашиот партнер доцни и не одговара на вашите повици. Како се чувствувате во таква ситуација?

    rnА. Бесни сте.rnБ. Загрижени сте.rnВ. Изгубени сте.rn

    6. Кои од овие детали би ве навеле да се посомневате во неговата љубов?

    rnА. Особините како што се нетолерантност и непочитување.rnБ. Неговите зачестени доцнења и тајните телефонски повици.rnВ. Недостаток на внимание.rn

    7. Кога љубовта ќе згасне, човек треба…

    rnА. Да тргне во лов по нов партнер.rnБ. Да почека времето да ги излечи раните.rnВ. Целото свое внимание да го посвети на други работи.rn

    8. Победник сте во наградна игра, но мора да изберете помеѓу три понудени награди. Што би избрале?

    rnА. Луксузно крстарење за една личност.rnБ. Еден ден во друштво со позната личност на која сте голем фан.rnВ. Една недела на море за две личности.rn

    9. Која одлука е најтешка да ја донесете?

    rnА. Кога не сте сигурни дали да прифатите или да одбиете нечие додворување.rnБ. Кога ќе се запрашате дали да стапите во врска со личност за која не сте сигурни што чувствувате.rnВ.   Кога не го знаете одговорот на прашањето дали сте спремни да започнете заеднички живот со личноста во која сте заљубени.rn

    10. Како ги замислувате поетите кои пишуваат прекрасни љубовни стихови?

    rnА. Тој е грд, осамен, несреќен.rnБ. Тој е ведра, насмеана, имагинативна личност.rnВ. Тој е лудо заљубен.rn

    11. Се плашите дека е крај кога вашиот партнер ќе ви каже:

    rnА. Вечерва нема да се видиме.rnБ. Заљубен сум.rnВ. Треба да разговараме.rn

    12. Како реагирате кога вашиот партнер ќе добие СМС порака и веднаш ќе ја избрише?

    rnА. Лути сте.rnБ. Загрижени сте.rnВ. Ова ви се нема случено.rnrntest-kako-gi-prezhivuvate-ljubovnite-neuspesi-kafepauza.mkrn

    Најмногу одговори под А:

    rn

    Најмногу се сакате себеси

    rnЛичност како вас никогаш нема да се разболи од љубов бидејќи премногу се сака себеси. Не сте спремни поради некого да си го загрозите вашето здравје и психички мир. Сепак, заљубувањето во вас предизвикува немир и возбуда па го нарушува вашиот секојдневен начин на живот. И вам ви се случува да бидете бесни поради неговото неверство или пак затоа што ве напуштил, но ова трае релативно кратко и не остава никакви последици. Вие имате способност брзо да заборавите и уште побрзо да оздравите од љубовниот неуспех. Вашата тага не трае долго и од овие ситуации излегувате неповредени.rn

    Најмногу одговори под Б:

    rn

    Премногу сте чувствителни

    rnКога се радувате, но и кога тагувате вие не сте во состојба да ги контролирате своите емоции и паѓате во некоја чудна, болна состојба како навистина да сте болни. Кога ќе ве стигнат овие емоции вие се чувствувате како да сте на крајот од некоја бездна и нема никој кој може да ве спаси. Меланхолични сте, но понекогаш и вам ви се качува адреналинот. Вам не ви е доволно да почувствувате само физичка привлечност кон некого туку барате длабоки чувства и личност која би ви го променила животот.  Љубовните неуспеси тешко ги поднесувате и потребно ви е време да ги излечите своите рани. Прекинувањето на врската може длабоко да ве погоди, но не и да ве уништи.rn

    Најмногу одговори под В:

    rn

    Хронично боледувате од љубов

    rnЉубовта ја доживувате како голема тага, но и екстаза. Секоја досегашна врска ја следеле длабоки проблеми кои со тек на време стануваат хронични и на крај се претвораат во права експлозија од силни емоции и оставаат длабоки лузни во вашата душа. Премногу сте ранливи, лесно се препуштате на страста, но и на тагата. Заљубувањето потполно ви ја одзема слободната волја, а прекинувањето на врската го убива и последниот атом на сила во вас. Секоја безначајна караница за вас претставува причина за паника, а долготрајните мирни периоди во вас будат внимателност и сомнителност. Љубовта ја споредувате со страдањето и верувате дека тоа е најдобар доказ за вистинската љубов.

  • 17 кратки, но моќни лекции кои можете да ги научите од неуспешните врски

    17 кратки, но моќни лекции кои можете да ги научите од неуспешните врски

    Автор: Сара ТурановиќrnrnСреќните моменти, ноќите поминати во плачење после караницата, скршеното срце – сите овие животни искуства го збогатуваат нашиот живот и ни овозможуваат подобро да се справиме со сличните ситуации во иднина. Читателите на „Хафингтон пост“ ги споделија своите 17 највредни лекции кои ги научиле од своите неуспешни врски.rnrn17 кратки, но моќни лекции кои можете да ги научите од неуспешните врскиrnrn1. Во врската најважно е да го зачувате својот интегритет и личен простор. Споделете ги своите интереси со партнерот, но задржете нешто во кое ќе уживате само вие.rnrn2. Ако сакате некој да ве слушне, мора да научите да зборувате. Ако сакате нешто да промените, тогаш мора да научите да слушате.rnrn3. Важно е да пронајдете некој со кој ќе делите исти вредности, сè останато ќе дојде на место со тек на време.rnrn4. Немојте да мислите дека некој е лош, можеби е само глуп.rnrn5. Не може да сакате за двајцата.rnrn6. Дури иако бракот не успее, разводот може да ве направи посилни.rnrn7. Немојте стравот од неуспех да ве парализира и да ве натера да заборавите што навистина сакате.rnrn8. Секој ден (по)кажувајте му на партнерот колку ви значи. Тој/таа би требало да го слуша тоа почесто.rnrn9. Запрашајте се „Дали јас би излегол/ла со мене?“ Така ќе можете да ги видите сите ваши лоши страни и навики. Овој принцип ќе ви помогне да се справите со сличните ситуации во новата врска.rnrn10. Добрата смисла за хумор и високата интелигенција траат подолго од добриот изглед.rnrn11. Ситниците кои ве нервираат се она што најмногу ќе ви недостига откако ќе заврши врската.rnrn12. Сосема е во ред да бидете пребирливи. Некои работи може да ги толерирате, додека други не. Најважно е да сфатите што сакате да толерирате, а преку што не можете да прејдете.rnrn13. Вие сте господар на својата среќа. Мора да бидете задоволни со себе за да имате здрава и среќна врска.rnrn14. Во врската не треба секогаш да дозволите срцето да го победува разумот.rnrn15. Немојте да ги запоставите „предупредувањата“ бидејќи најверојатно се во право.rnrn16. Не е добро да барате внимание. Треба да бидете во врска со некој кој навистина ве сака, а не со некој кој само се плаши да не остане сам.rnrn17. Со комуникацијата не треба да го убедите партнерот дека греши, туку да му помогнете да ве разбере.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што треба да запомните во лошите периоди?

    Што треба да запомните во лошите периоди?

    Секој од нас минува низ лоши периоди во животот. Тогаш ни се чини дека сè заминува надолу и работите никако да тргнат како што треба. Факт е дека ничиј живот не е совршен и секој се соочува со падови, само што некои личности полесно ги пребродуваат лошите периоди. Која е нивната тајна и што треба сите ние да знаеме кога се соочуваме со овие моменти?rnrnШто треба да запомнете во лошите периоди?rn

    Прифатете ја ситуацијата

    rnДоколку имате моќ и влијание да ги смените нештата, дајте сè од себе. Но, постојат работи на кои не можеме да влијаеме колку и да сакаме. Нашето страдање се случува токму поради одбивањето да ги прифатиме нештата. Да, нешто тргнало наопаку, да можело да биде и подобро. Но опседнатоста со таквата ситуација само ќе донесе уште лошо и уште повеќе негативност.rn

    Проблем е само ако вие го сметате за проблем

    rnДа бидеме искрени, најчесто самите себе сме си најголеми непријатели. Сè зависи од нашата перспектива, и како ние гледаме на нештата. Ако нешто го сметате за огромен и нерешлив проблем, многу поголем од вас, тогаш токму така и ќе биде. Среќата е начинот на кој гледаме на нештата. Наместо да го сметате за нешто што ќе ве уништи гледајте го како животна лекција и како нешто во што ќе бидете подобри во иднина.rn

    Ако сакате промена, почнете со самите себе

    rnНадворешниот свет е само рефлексија од нашиот внатрешен свет. Сигурно познавате личности чии животи се еден огромен хаос. Постојано се во брзање, постојано се жалат, постојано ништо не им оди по ќеф. Тоа е така бидејќи самите тие го создаваат тој хаос. Повеќето од нас сосема погрешно ја сфаќаат ситуацијата. Вистината е дека не треба да чекаме да се променат околностите за да се смениме ние, напротив, треба да почнеме од нас, ние да бидеме таа промена која сакаме да ја видиме. Подоцна и околностите ќе се променат.rn

    Не постои неуспех – тоа се вика лекција

    rn

    „Не е дека не успеав. Едноставно најдов 10.000 начини кои не носат успех.“ – Томас Едисон

    rnИзбришете го зборот „неуспех“ од вашиот речник. Многу големи и познати личности доживеале „неуспех“. Тоа се вика лекција. Падот ве учи како да постапите поинаку во иднина. Бидете благодарни за лекцијата, добро запаметете ја и продолжете понатаму.rn

    Ако не го добиете она што го сакате тоа значи дека нешто многу подобро е на пат

    rnКажете што сакате, но во животот сè се случува со причина. Можеби во моментот нема да ви биде јасно зошто тоа ви се случило вам, но подоцна ќе сфатите. Сигурно постои добра причина зошто не го добивте посакуваното работно место. Само бидете трпеливи и достапни за новата подобра и поплатена работа. Само имајте верба дека сè се случува онака како што треба да се случи.rnrnШто треба да запомнете во лошите периоди?rn

    Ценете го сегашниот момент

    rnОва е сегашниот момент, и нема да се повтори. Не се враќа назад, нема да имате можност повторно да го доживеете. Апсорбирајте сè што има да ви понуди. Често сме заглавени во она што се случило вчера или она што ќе се случи утре, па забораваме да го живееме она што ни се случува денес.rn

    Држете ги емоциите на неутрално ниво

    rnНаучете да се справувате со подемите и падовите. Не летајте високо кога ќе ви се случи нешто добро, но и не закопувајте се под земја кога ќе доживеете неуспех. Она што за вас е големо и ви изгледа како да не можете да го апсорбирате во моментот, држете го на неутрално ниво. Верувајте, ништо не е толку страшно колку што ви изгледа сега.rn

    Бидете свесни за своите стравови, но и благодарни за нив

    rnЗа да надминете некој страв едноставно ви треба пракса. Стравот не е вистина, стравот е илузија. Секој се плаши од нешто, и секој од нас го искусил она чувство на тресење на нозете кога се соочува со некој свој страв. Бидете благодарни за вашите стравови. Тие ви носат прекрасно чувство на победа штом еднаш ќе се соочите со нив. Подоцна ќе може да ја свртите главата назад и да им се насмеете победнички.rn

    Дозволете си да доживеете среќа

    rnБи биле изненадени колкав е бројот на оние кои не знаат да им се радуваат на нештата. Секогаш сакаат повеќе, секогаш мислат дека можело да биде подобро и никогаш не се задоволни. Вие не станувајте дел до оваа група личности. Научете да им се радувате на малите нешта, да ги апсорбирате сите убости на животот и дозволете си да бидете весели, вистински среќни за сè што денот ви носи, дури и ако не е толку совршено.rn

    Не споредувајте се со другите

    rnДобро, можеби не изгледате како најпопуларната девојка или момче во училиштето (кој/а и самата се соочува со многу несигурности), но имате толку многу нешта, благословени сте со толку убави работи. Сте се сетиле да бидете благодарни за нив?rn

    Вие не сте жртви

    rnЗаборавете на сожалувањето на себеси. Секому тоа му оди најлесно. Мислите дека ви е тешко? Точно, но не сте единствени. Сте преброделе многу лоши нешта, па гледајте се себеси како победници наместо како жртви. Секогаш е полесно да обвиниш некој друг за својата благосостојба и да си ставиш етикета на жртвено јагне. Бидете силни.rnrnШто треба да запомнете во лошите периоди?rn

    Работите ќе се сменат

    rnСè што било поминало и сè што ќе биде и тоа ќе помине. Ништо не останува исто засекогаш, па така и вие ќе излезете од оваа „каша“. Само гледајте позитивно на нештата бидејќи ако заглавите со негативни мсили и среќата ќе крене раце од вас.rn

    Сè е возможно!

    rnМислите дека оние кои го менуваат светот не доживеале несигурност? Мислите дека никој никогаш не им кажал дека нивните соништа се глупави и смешни? Мислите дека не се буделе среде ноќ препотени и прашувајќи се што им требало да се зафатат со нешто? Не ограничувајте се и не покорувајте се на она што општеството го диктира како прифатливо. Едноставно сè е можно, па тргнете кон тоа што го сакате!

  • 10 работи кои ќе се случат кога ќе почнете да се прифаќате себеси

    10 работи кои ќе се случат кога ќе почнете да се прифаќате себеси

    Сите ние сме различно скроени, и сите одвреме-навреме се соочуваме со многу несигурности и сомнежи кога станува збор за нас самите. Факт е дека сме такви какви што сме. Некому ќе му се допаѓаме, некому не. Најважно е да се прифатите самите себе без да чувствувате потреба да промените нешто кај себе, ниту пак да се преоптоварувате со тоа што другите мислат. Ова се 10 прекрасни работи кои ќе ви се случат кога ќе почнете да се прифаќате себеси такви какви што сте.rnrn10 работи кои ќе се случат кога ќе почнете да се прифаќате себесиrn

    1. Ќе ви се отворат нови можности

    rnКога ќе се прифатите себеси ќе станете свесни за своите можности и способности. Ќе знаете во што сте добри и што може да му понудите на светот околу вас. Со самодоверба ќе го правите она во што сте добри, а тоа ќе ви отвори многу нови врати и можности. Само заборавете го поставениот модел – што би требало да бидете и како би требало да размислувате, и едноставно бидете свои. Дајте му ја на светот таа ваша уникатност.rn

    2. Ќе станете свесни за нештата околу вас

    rnМоже нешто цел живот да ви стоело пред нос, но да не сте го забележале бидејќи сте биле премногу зафатени потиснувајќи се себеси. Кога ќе се прифатите себе, ќе почнете светот околу вас да го гледате со поинакви очи, да проникнете во мислите на луѓето, во начинот на кој се однесуваат и размислуваат. Со еден збор ќе имате целосна слика за светот околу вас.rn

    3. Нема да мислите дека сте неуспешни

    rnВистината е дека секој некогаш во животот се почувствувал како цар на неуспехот. Дури и кога ќе земете за пример некоја успешна личност ќе сфатите дека има доживеано неуспех. Прифатете ги и негативните нешта кои ви се случуваат и продолжете со крената глава. Не сè во животот ќе излезе по планираното, едноставно опуштете се и прифатете ја ситуацијата како нешто што секому може да му се случи.rn

    4. Ќе ја прифатите животната фаза во која се наоѓате

    rnДа бидеме искрени, премногу често размислуваме за тоа какви сме биле некогаш и какви треба да бидеме во иднина. Она што забораваме е да се осврнеме кон периодот во кој се наоѓаме моментално. Заборавете на тоа што сте биле или што сакате да бидете, прифатете се себеси онакви какви што сте сега и сфатете дека што и да ви се случува во моментов, е само уште една фаза, нова лекција и животно искуство.rn

    5. Ќе запознавате повеќе луѓе слични на вас

    rnКога ќе се прифатите себеси ќе почнете да минувате време во кругови на луѓе со кои ќе делите слични интереси, ставови и цели. Тоа ќе направи да се чувствувате исполнето, ќе ви помогне да го проширите кругот на пријатели и контакти, да споделите знаење и вештини и да си отворите нови можности за успех.rn

    6. Ќе ги привлекувате вистинските личности

    rnАко се преправате дека сте нешто што не сте, ќе привлекувате сосем погрешни личности во чие друштво ќе се чувствувате потиштено и непријатно во сопствената кожа. Пробајте да бидете свои и ќе видите како за брзо оние кои ви значат исто така ќе ве прифатат какви што сте. Само покажете се себеси во вистинското светло.rn

    7. Ќе престанете да се споредувате себеси со другите

    rnАко постојано се преокупирате споредувајќи се себеси со другите, ќе заборавите да го живеете својот живот. Често знаеме да се споредиме себеси со некој друг, да се запрашаме дали тој/таа живее подобар живот од нас, но вистината е дека никогаш не можеме да знаеме како навистина луѓето се чувствуваат и низ што требало да минат за да стигнат до таму. Затоа бесцелно е да се споредувате себе со другите и да губите скапоцено време. Дајте сè од себе да бидете најдобрата верзија од себеси според условите кои ги имате.rn

    8. Ќе бидете благодарни

    rnЗа почеток ќе престанете да се жалите поради она што го немате и ќе почнете да бидете благодарни за она што го имате.rn

    9. Ќе почнете да живеете богат и исполнет живот

    rnБидејќи ќе престанете да се фокусирате на неважните работи, туку ќе почнете да се фокусирате на она што навистина е важно и ќе почнете да го вреднувате она што е ваше, па добрите чувства само ќе се множат. Така ќе живеете исполнет и богат живот во кој ќе уживате правејќи го она што навистина го сакате и инспирирајќи ги другите да го прават истото.rn

    10. Ќе почнете да се сакате себеси

    rnОва можеби е најтешката лекција која ќе треба да ја научите – негувањето љубов кон самите себе. Кога ќе почнете да се прифаќате, ќе почнете и да се сакате себеси. Нема да го гледате светот како место кое треба да се промени и поправи туку ќе почнете од самите себе. Што вие може да промените и поправите со вашата уникатна способност и знаење?

  • Успешни vs. неуспешни луѓе. Која е разликата?

    Успешни vs. неуспешни луѓе. Која е разликата?

    rn

    „Ние сме она што постојано го правиме. Затоа извонредноста не е чин туку навика.“ – Аристотел

    rnВашиот успех во иднина зависи од вашите постапки денес. Доколку сакате успешна иднина, внимавајте на вашите навики и секогаш вашите постапки насочете ги кон позитивни исходи.rnrn

    1-uspeshni-vs-neuspeshni-lugje-koja-e-razlikata-www.kafepauza.mk_
    Инфографикот е дело на „Success Story
    rnrnПогледнете ги навиките на успешните наспроти навиките на неуспешните личности. На која страна ќе застанете вие?rnrn2-uspeshni-vs-neuspeshni-lugje-koja-e-razlikata-www.kafepauza.mk_rn

    Навики на неуспешните личности:

    rn

      rn011

    • Дејствуваат пред да размислат.
    • rn011

    • Мислат дека знаат сè.
    • rn011

    • Се обидуваат да ги спуштат другите на свое ниво.
    • rn011

    • Престануваат со учење.
    • rn011

    • Размислуваат, зборуваат и дејствуваат негативно.
    • rn011

    • Ги обвинуваат другите.
    • rn011

    • Повеќе зборуваат а помалку слушаат.
    • rn011

    • Се плашат од промена.
    • rn011

    • Лесно се откажуваат.
    • rn011

    • Залудно си го трошат времето.
    • rn011

    • Чуваат за себе и кријат информации и податоци.
    • rn011

    • Лесно им се одвлекува вниманието.
    • rn011

    • Критикуваат.
    • rn011

    • Не си поставуваат цели.
    • rn011

    • Секогаш го одбираат полесниот пат.
    • rn011

    • Не знаат што сакаат да бидат.
    • rn011

    • Тајно се надеваат на туѓ неуспех.
    • rn011

    • Чуваат омраза во себе.
    • rn011

    • Секогаш се лути на останатите.
    • rn011

    • Преголем акцент ставаат на нивните права и овластувања.
    • rn

    rn3-uspeshni-vs-neuspeshni-lugje-koja-e-razlikata-www.kafepauza.mk_rn

    Навики на успешните личности:

    rn

      rn011

    • Го следат својот напредок.
    • rn011

    • Учат од своите грешки.
    • rn011

    • Минуваат време со вистинските личности кои влијаат позитивно.
    • rn011

    • Одржуваат баланс во животот.
    • rn011

    • Си поставуваат цели.
    • rn011

    • Размислуваат долгорочно.
    • rn011

    • Им делат комплименти и пофалби на другите.
    • rn011

    • Прават to-do листи.
    • rn011

    • Ја распознаваат својата намера и мисија.
    • rn011

    • На другите им посакуваат успех.
    • rn011

    • Прифаќаат одговорност за својот неуспех.
    • rn011

    • Имаат силна желба и стремеж.
    • rn011

    • Работат посветено и со страст.
    • rn011

    • Учат, читаат и се подобруваат секојдневно.
    • rn011

    • Преземаат ризици.
    • rn011

    • Добро се справуваат со проблеми.
    • rn011

    • Љубезни се и скромни.
    • rn011

    • Споделуваат битни информации кои им се потребни на другите.
    • rn011

    • Споделуваат радост.
    • rn011

    • Им простуваат на другите.
    • rn011

    • Зборуваат за идеи.
    • rn011

    • Отворени се за промена.
    • rn

    rn4-uspeshni-vs-neuspeshni-lugje-koja-e-razlikata-www.kafepauza.mk_rn

    Можности за успех

    rnКои ставови ви носат најголеми шанси за успех?rn

      rn011

    • Го направив тоа. – 100%
    • rn011

    • Јас сум. – 90 %
    • rn011

    • Јас можам. – 80%
    • rn011

    • Мислам дека можам. – 70%
    • rn011

    • Би можел/а. – 60%
    • rn011

    • Мислам дека би можел/а. – 50%
    • rn011

    • Сакам… – 40%
    • rn011

    • Посакувам да можев. – 30%
    • rn011

    • Не знам како. – 20%
    • rn011

    • Не можам. – 10%
    • rn011

    • Нема да… – 0%
    • rn

  • Желбата за успех наспроти стравот од неуспех

    Желбата за успех наспроти стравот од неуспех

    „За да успеете вашата желба за успех треба да биде поголема од вашиот страв од неуспех.“ – Бил Козби

    rn

    Желбата за успех наспроти стравот од неуспех
    Искористете ја сликата како десктоп позадина (2560×1600)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 цитати кои ќе ве мотивираат кога сте соочени со големи предизвици

    10 цитати кои ќе ве мотивираат кога сте соочени со големи предизвици

    Кога ќе наидете на препрека на патот, нешто во вас ви кажува да се откажете бидејќи предизвикот е просто преголем. Не заборавајте дека секој што се соочува со некаков предизвик понекогаш се чувствува исто како вас. Во тие моменти потребна ни е мотивација. Овие цитати ќе ви помогнат да ја промените вашата перспектива и да ги видите потешкотиите како можности, а не како пречки преку кои не можете да поминете.rnrn10 цитати кои ќе ве мотивираат кога сте соочени со големи предизвициrnrn rn

    „Не го знам клучот до успехот, но клучот до неуспехот е да се обидуваш секому да му угодиш.“ – Бил Козби

    rnНеретко многу стресни ситуации со кои се соочуваме вклучуваат други луѓе. Тоа се оние кои не ги одобруваат вашите животни одлуки и избори, оние кои пробуваат да ви кажат како да го живеете вашиот живот, па дури и да ве променат како личности.rnrnНевозможно е да му угодите секому. Секогаш ќе постојат луѓе кои нема да се согласуваат со вашиот начин на живот, и тоа е во ред. Ако се фокусирате да им угодите на сите и се обидувате сите да ве разберат, сакаат, почитуваат или прифатат во нивното друштво, целосно ќе ги занемарите вашите цели како и луѓето кои ве прифатиле такви какви што сте. Ако мислите дека ја правите вистинската работа во моментов, поодолжете, луѓето секако ќе зборуваат, а неретко на крај сепак се фокусираат на самите себе. Никогаш никој не го постигнал тоа да биде сакан, прифатен, разбран и почитуван од сите.rn
    rn

    „Ништо не е помоќно од тоа да си дозволите себеси вистински да ве понесат чувствата.“ – Зои Дешанел

    rnВо ред е некогаш да бидете тажни или пак среќни. Случувањата околу вас влијаат многу на вас и некогаш ќе посакате да вриснете во плач а некогаш да се виткате од смеа. Не воздржувајте се. Вие сте луѓе и во ред е да покажете емоции, посебно кога се соочувате со предизвици.rnrnВо популарната серија „Нова девојка“, ја гледаме Зои како го практикува токму ова што го кажала. Џес е неретко избувлива, тажна, расплакана или хиперактивно среќна. Со својата улога таа нè учи дека не сме камења. Треба да се бориме за она што го сакаме, да се противиме на она што не ни одговара, да пробаме да направиме некоја промена залагајќи за се она што ни е важно и најбитно од сè, едноставно да дозволиме понекогаш да нè понесат чувствата.rnrn10 цитати кои ќе ве мотивираат кога сте соочени со големи предизвициrnrn rn

    „Ако нешто ве плаши, можеби е најдобро да го направите тоа.“ – Сет Годин

    rnСите се плашиме од предизвици. Поточно, се плашиме од неуспех и лош резултат, како и од тоа што слетуваме на нова територија на која немаме искуство. Но, тоа што сте исплашени не е знак дека нема да успеете или дека не треба да се обидете, напротив. Ако нештото ве плаши значи дека вреди да се направи. Подоцна во животот нема да жалите за тоа што сте пробале, туку за тоа што воопшто не сте се обиделе.rn
    rn

    „Секој цвет за да расцвета мора да се издигне од земја.“ – Непознат

    rnТолку едноставно а толку мотивирачки. Ако сакате да растете, да се издигнете, да се унапредите, прво мора да се изборите со правот од земјата.rnrn10 цитати кои ќе ве мотивираат кога сте соочени со големи предизвициrnrn rn

    „Неуспехот е модрица, не тетоважа.“ – Џон Синклер

    rnЕве што се големите предизвици во животот: учење да се вози велосипед. На почеток ќе паднете неколкупати, можеби и повеќе од неколкупати. Ќе имате гребнатини и модринки кои ќе исчезнат за месец-два. Не постои човек кој успеал во сè од прва. Ако прочитате нешто повеќе за познатите на кои можеби им се восхитувате ќе сфатите дека на почетокот на нивните кариери сите се соочиле со потешкотии. Неуспехот е задолжителен дел до сечиј живот, но не плашете му се. Неуспехот не остава трајно обележје на вас, само привремен знак дека еднаш сте паднале и веќе ја знаете лекцијата.rn
    rn

    „Реков: ,Некој би требало да направи нешто во врска со тоа.’ Потоа сфатив дека тој некој сум јас.“ – Лили Томлин

    rnПонекогаш светот изгледа толку голем и комплициран што ве прави да се чувствувате целосно безначајни. Но, запомнете тоа никогаш не е вистина. Да, постојат многу нешта кои не одат како што треба и некој би требало да се потруди да ги промени. Почнете од човекот кој го гледате во огледалото и направете промена. Вие може да го промените светот.rnrn10 цитати кои ќе ве мотивираат кога сте соочени со големи предизвициrnrn rn

    „Сè додека не се изгубиме нема да почнеме да се разбираме самите себе.“ – Хенри Дејвид Торо

    rnВо ред е да бидеме среќни и сигурни, но тешките времиња покажуваат кои сме ние навистина. Можеби мислите дека сте направени од стакло и сте така кршливи и осетливи. Но, сè додека не се соочите со голем предизвик и не излезете од безбедната зона, нема да сфатите дека всушност, вие сте направени од цврст материјал кој може да поднесе многу, но и да го возврати ударот.rn
    rn

    „Што правам јас?! А, да, ги следам моите соништа. Во ред, само смирено.“

    rnЕве една малечка мисла од Пинтерест. Факт е дека секој, дури и најхрабрите меѓу нас понекогаш се сомневаат во себе и во патот кој го одбрале. Застанете за миг и земете здив. Дали се движите таму каде што ве носи срцето? Во ред е, продолжете. Можеби на моменти патот ќе ви изгледа недостижен, без цел и ќе се сомневате во себе и својот потенцијал. Но сè додека го правите она што го сакате и она за што сте сонувале, само продолжете.rnrn10 цитати кои ќе ве мотивираат кога сте соочени со големи предизвициrnrn rn

    „Не споредувајте го вашето прво поглавје со нечие дваесетто.“ – Непознат

    rnПо патот кон нашите цели знаеме да се споредиме со некој кој веќе успеал. Тоа се нашите идоли, нашите родители, роднини, пријатели и сл. Се обесхрабруваме себеси мислејќи дека никогаш не би стигнале таму каде што се тие. Но, факт е дека не треба да се споредувате со никого освен со вас самите. Сите имаат различни можности, сфаќања, околности, во основа, различни животи. Никогаш не можете да знаете како им е на луѓето и што морале да сторат за да стигнат до таму. Единствената личност со која треба да се споредувате е минатата верзија од вас самите. Дали сте подобри, со повеќе знаење и искуство од вчера?rn
    rn

    „Не можете секогаш да го добивате она што го сакате. Но, ако пробате може да го најдете токму она што ви треба.“ – Ролинг Стоунс

    rnНешто што навистина го сакате во моментов можеби нема да го добиете. Нормално, ќе ви биде криво и ќе мислите дека животот е нефер кон вас. Но, можеби она што не сте го добиле не ви било навистина потребно. Животот секогаш дава нови можности и ви отвора нови врати. Кога во иднина ќе се навратите наназад ќе сфатите дека тоа што не сте го добиле она што навистина сте го сакале во моментот, можеби е најдобрата работа што ви се случила.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Разликата меѓу успешните и неуспешните луѓе

    Разликата меѓу успешните и неуспешните луѓе

    „Успешните и неуспешните луѓе не се разликуваат многу во нивните способности. Тие се разликуваат во нивната желба да го достигнат својот потенцијал.“ – Џон Максвел, американски свештеник и автор

    rn

    Разликата меѓу успешните и неуспешните луѓе
    Искористете ја сликата како десктоп позадина
    (1920×1200)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Не дозволувајте овие 4 нешта да ве спречат во остварувањето на вашите соништа

    Не дозволувајте овие 4 нешта да ве спречат во остварувањето на вашите соништа

    Животот истовремено е и тежок и убав. Ви дава безброј можности што би можеле да бидете или да правите. Што се нашите соништа? Крајна дестинација или само една станица од скапоценото патување наречено „живот“? Ова се 4 нешта кои ве спречуваат да го живеете животот најдобро што можете и да ги остварите своите соништа.rnrnНе дозволувајте овие 4 нешта да ве спречат во остварувањето на вашите соништаrn

    1. Стравот од неуспех

    rn

    „Сè што сакате е на другата страна од стравот.“ – Џек Кенфилд

    rnОпштеството секогаш наметнува некакви норми. До која година треба да дипломираш, магистрираш, да се вработиш, да стапиш во брак и сл. Неретко чувствуваме голем притисок да ги исполниме сите очекувања и успешно да се соочиме со нашата конкуренција. Уште од мали нозе се плашиме од пораз. Овој страв ќе ве спречи да станете членови на организацијата во која сакавте да се зачлените или конечно да ја повикате на состанок девојката која ви се допаѓа. Но, ќе ви го попречи и отежни патот и во многу посериозни животни одлуки како изборот на кариера или образование.rnrnСтравот дека ќе бидете одбиени, засрамени и дека нема да успеете е присутен кај секого во одредена доза. Не дозволувајте му да управува со вас. Ако храбро не тргнете и не го направите првиот чекор, никогаш нема да знаете што можеше да се случи. Ризикувајте, и да не успеете не е крај на светот. Не постои човек кој во сè успеал од првиот обид.rn

    2. Слушањето негативни гласови

    rnДа, се мисли на тие гласови во вашата глава кои постојано ви кажуваат дека не сте доволно добри, дека не сте направиле повеќе, дека не постигнувате доволно, дека нема да успеете. Стишете ги тие гласови, а потоа замолчете ги сосем. Го можете тоа, бидејќи тие гласови сте самите вие и ако не ги контролирате може сериозо да ви ја нарушат самодовербата. Исфрлете ги од употреба зборовите и изразите како „треба“, „не можам“, „посакувам да можев“.rnrnСекогаш запомнете, вие сте многу попаметни, подобри и поуспешни од она што мислите дека сте. Престанете да се саботирате себеси. Што и да сакате да направите ќе го остварите со желба, верба и љубов.rn

    3. Постојаната потрага по совршеното

    rnФакт е дека, колку и да се трудите, животот никогаш нема да биде совршен. Секако, вложувајте се себеси, бидете посветени и амбициозни, но не бидете преокупирани со совршеноста. Престанете да го барате тоа 100% совршено, кога би биле сосем задоволни и среќни и со помалку. Перцепцијата за совршенство е многу субјективна работа. Нешто што е совршено за еден не е ни приближно совршено за друг. Можеби како перфекционисти треба да си дадеме малку оддишка. Во ред е, некогаш нештата нема да бидат во совршен редослед, но тоа не значи дека нема да бидат доволно добри.rn

    4. Опседнатоста со минатото

    rnСекој има товар од минатото кој треба да го прифати како дел од својот живот и своето созревање и да продолжи понатаму. Верувајте, што и да ви се случило вие може и мора да продолжите со животот на најдобар можен начин. Искрено и од срце простете им на оние кои ви згрешиле и не чувајте лутина во себе, така само си ја огорчувате душата. Помирете се со своето минато и со сите негови аспекти. Ако некогаш ви се случило нешто лошо не значи дека ќе се случи пак, ако некогаш некој ве повредил не значи дека треба да изградите ѕидови околу себе. Тоа што му припаѓа на минатото оставете го зад себе и извлечете го најдоброто од сегашниот момент бидејќи само таму може да влијаете.