КАФЕ ПАУЗА

Tag: неуспех

  • Ако чувствувате дека срцето ви тежи, прочитајте го ова

    Ако чувствувате дека срцето ви тежи, прочитајте го ова

    Сосема е во ред што лежите во вашиот кревет, бледо зјапајќи во таванот, спремни да заплачете. Во последниве неколку години сè што се обидувате да направите е да најдете начин како да го средите вашиот живот, но ви се чини дека сите околу вас успеале во оваа цел, а вие не сте ни почнале. Како едноставно само повеќе да расипувате сè што веќе имате.rnrnАко чувствувате дека срцето ви тежи, прочитајте го оваrnrnСамо што ќе помислите дека правите добро, без разлика на причината, нешто се случува и почнувате да се обвинувате себеси. Вие знаете дека требало да бидете подобри, да сте се однесувале поинаку или да сте размислувале на друг начин… И ова е нормално да се чувствува по долг период вртење во круг каде што изгледа како да нема излез.rnrnЗнаеме дека сте исплашени затоа што мислите дека не сте доволно добри. Вие се плашите бидејќи ги гледате вашите врсници како добро се движат низ животот, а вие само стоите во едно место. Се плашите за тоа што другите го мислат или кажуваат за вас. Се плашите и дека на крајот ќе паднете, а другите ќе ве гледаат како неуспехот што знаете дека сте и затоа сите ќе ве напуштат, дури и оние кои некогаш верувале во вас. Вие сте исплашени, и тоа е разбирливо.rnrnНо, ние имаме нешто да ви кажеме: Вие никогаш не сте биле неуспех!rnrnАко чувствувате дека ви се плаче, слободно исплачете се. Сигурно мислите дека пропаѓате во овој момент, но сите имаат такви периоди. Сосема е во ред да се чувствувате изгубено. Како инаку би се пронашле себеси? Само треба да бидете трпеливи и ќе го најдете вашиот излез.rnrnВо овој момент, најважно е да не се откажете – никогаш! Можеби вашето срце ви тежи и можеби во умот имате илјадници мисли, но мора да продолжите понатаму. Мора да продолжите без разлика колку страшно ви изгледа или колку силно треба да се борите. Штом сте нашле сила да го прочитате овој текст, вие веќе сте еден чекор понапред од досега. Се обидувате со помош на овие зборови да се кренете на своите сопствени нозе и да почнете да чекорите.rnrnНикогаш не заборавајте: Вие сте на правиот пат и еден ден ќе бидете горди на себе! Ќе успеете!

  • 5 навики коишто ја уништуваат вашата самодоверба и како да ги промените

    5 навики коишто ја уништуваат вашата самодоверба и како да ги промените

    Сите знаеме колку самодовербата може да влијае врз личниот живот на еден човек. Иако повеќето од вас сигурно веќе знаат неколку начини коишто можат да ви ја зголемат самодовербата, подеднакво е важно да бидете сигурни и дека не правите работи коишто ја уништуваат. Еве кои однесувања може да бидат заканувачки за вашата самодоверба и како истите да ги избегнете.rnrnrn

    1. Барате одобрување од секого

    rnСамоуверените луѓе разбираат дека не е возможно секој да се согласува со нив и дека тоа е сосема во ред. Наместо тоа, тие повеќе се фокусираат на градење стабилни односи со луѓето кои ги почитуваат, отколку да се борат со секој човек којшто ќе го сретнат. Затоа, не дозволувајте мислењата на другите да ве дефинираат или пак да ви кажуваат што можете, а што не можете да постигнете во животот. Факт е дека не можете да ги импресионирате сите, па затоа фокусирајте се на оние коишто ви се навистина важни.rn

    2. Повеќе се фокусирате на грешките отколку на решението

    rnЖивотот е полн со пречки, но секоја пречка е можност да се развивате како личност. Личниот раст создава еден вид доверба којашто трае. Па, вие можете да избирате дали ќе се фокусирате на проблемот или пак ќе се фокусирате на решението. Самоуверените луѓе голем дел од времето се фокусираат на изнаоѓање решение. Тие не поминуваат време измачувајќи се со нивниот проблем, туку преземаат акција во насоката каде што сакаат да се движат.rn

    3. Се вклучувате во непотребни драми

    rnИако сите понекогаш сакаме драми, сепак, непотребната и постојаната драма во вашиот живот доведува до повеќе стрес, кој пак, ја убива довербата. Затоа, останете подалеку од ваквите случувања и посветете го вашето време на корисни активности. На овој начин би се чувствувале посреќни, а наместо да се карате, вие ќе се забавувате.rn

    4. Неуспехот го дефинирате како резултат на вашата вредност

    rnЕдно е сигурно: Успешните и неуспешните луѓе се разликуваат по начинот на којшто гледаат на неуспехот. Успешните луѓе разбираат дека неуспехот е дел од процесот на учење. Секогаш кога ќе се соочат со неуспех, овие луѓе знаат дека се поблиску до вистинскиот начин да ја остварат својата цел. Од друга страна пак, неуспешните луѓе имаат тенденција да го сфаќаат неуспехот како одраз на нивните лични карактеристики. Сетете се дека и големите научници не успеале да ги создадат генијалните изуми без притоа да се соочат со многу неуспеси.rn

    5. Не сте спремни за нови искуства

    rnВоопшто не е лесно да сте заглавени во неделната рутина, да ги правите истите работи и да ги гледате истите луѓе. Иако ова до некој степен ви дава чувство на удобност, сепак, тоа може да биде убиец на вашата самодоверба. Исто како и во природата, доколку не растете, ќе умрете. Затоа, правете нешто од што се плашите, внесете нови позитивни искуства во вашиот живот и така ќе бидете повеќе возбудени за вашата иднина.

  • 5 лекции кои можете да ги научите само откако ќе изгубите сѐ

    5 лекции кои можете да ги научите само откако ќе изгубите сѐ

    Во животот постојано се соочуваме со подеми и падови на секое животно поле, било да се работи за професионалното или љубовното. Но, сте се обиделе ли некогаш да го промените начинот на кој ги доживувате неуспесите во животот? Што ако би можеле да гледате на негативните работи како можност за учење и развој? Што ако би можеле да ги претворите во позитивни нешта? Животните падови можат да ве научат на многу работи. Бидете отворени и имајте ги предвид следниве неколку совети нареден пат кога ќе доживеете негативно искуство…rnrn5 лекции кои можете да ги научите само откако ќе изгубите сеrn

    1. Ќе ве научи што треба да подобрите кај себе

    rnСекој ден треба да се стремите кон тоа да станувате подобри во што и да правите. Понекогаш забораваме колку е важен личниот напредок. Луѓето честопати се задоволни со тоа каде се моментално и не чувствуваат потреба да напредуваат. Но, секогаш треба да го извлекувате најдоброто од себе во секој аспект од животот. Неуспехот веднаш ќе ви покаже што не функционира и што треба да смените. Тоа ќе ве научи што би требало да правите. Доколку луѓето не сакаат да бидат во ваше друштво, можеби треба да станете подобра и посоцијална личност.rn

    2. Ќе ви покаже што вреди, а што не

    rnСекогаш кога почнуваме да правиме нешто ново, посакуваме да знаеме дали ќе вреди или не. За жал, одговорот не можеме да го знаеме. Но, негативните искуства со текот на времето ќе ви помогнат да одредите дали работите што ги правите ќе ви значат понатаму во животот или не. Ако водите успешен бизнис, но тој ве попречува да поминувате време со семејството, можеби не вреди толку да жртвувате. Ова ќе биде различно за секого. Треба да го одберете она што ве прави среќни, тоа треба да биде вашиот приоритет.rn

    3. Ве подготвува за идните предизвици

    rnПредизвиците се неизбежен дел од секојдневниот живот. Без разлика дали почнувате сопствен бизнис, создавате семејство или решавате да почнете со активно вежбање, поентата е дека секогаш ќе треба да се соочите со некој предизвик. Успесите се супер, но падовите ќе ве подготват за она што следи. Најголемиот личен развој ќе го доживеете кога ќе поминете низ тежок период од вашиот живот, бидејќи тогаш ќе ја согледате вашата вистинска сила и волја. Кога ќе го поминете секој предизвик, ќе станете психички цврсти личности. Тоа ќе направи предизвиците да се чинат помалку тешки.rnrn5 лекции кои можете да ги научите само откако ќе изгубите сеrn

    4. Ќе ја изгради вашата психичка сила и самодоверба

    rnСите знаеме колку е важно градењето на психичката сила и самодовербата во животот. Мора да бидете способни да функционирате кога сѐ ќе се сврти против вас. Ако постојано доживувате само успеси, никогаш нема да ја добиете онаа психичка сила и самодоверба кои ќе ви бидат потребни кога нештата нема да одат онака како што сте си замислиле.rn

    5. Ве мотивира да продолжите понатаму

    rnУпорноста е од витално значење за да постигнете успех. Не е важно дали ја освојувате девојката која ви се допаѓа но не е заинтересирана, или се обидувате да го завршите напорниот проект пред да ви помине рокот. Упорноста е она што ќе ве однесе до целта. Животните неуспеси ја извлекуваат вашата мотивација и вредности. Овие искуства на суптилен начин ве известуваат дека можете да се вратите на нозе и да продолжите напред. Можеби некогаш работите нема да одат онака како што сте очекувале, но наместо да се разочарате и да кренете раце, искористете го тоа како мотивација да станете уште подобри.rnrnПостои генерално верување дека падовите се ужасни и дека тие се доказ за тоа дека не треба да го правите она што го правите. Наместо тоа, променете го начинот на размислување и ќе видите како неуспесите можат да го подобрат вашиот живот и да го направат поубав и поквалитетен.

  • Не заборавајте: Грешките се доказ дека се обидувате

    Не заборавајте: Грешките се доказ дека се обидувате

    Знаете ли како се нарекува оној кој никогаш не греши? Досадна личност. Сигурно мислевте дека тие се всушност совршени, но овде станува збор за вистинските луѓе кои постојат. Сите сме чуле за мотивационите клишеа како Томас Едисон направил милиони обиди пред да ја направи сијалицата (иако на Тесла му требале само два дена) и како Опра најпрвин била отпуштена од работа бидејќи „не изгледала добро на телевизија“, но приказните за (не)успесите на славните сѐ уште изгледаат безначајно кога ќе се земе предвид фактот дека го знаеме нивниот крај.rnrnНе заборавајте: Грешките се доказ дека се обидуватеrnrnКога си го враќате егото во првобитната состојба откако ќе доживеете огромен неуспех, тешко е да ја видите поголема слика во сопствената приказна. Чудно е што нам, луѓето, сѐ уште ни е тешко да признаеме дека сме направиле грешка, дека сме згрешиле од некоја причина, иако тоа постојано го правиме. Но, тоа не значи дека сме неспособни.rnrnНа пример, една личност може да биде рок ѕвезда на работното место и да биде најдобриот работник, но да прави стотици грешки работејќи на секој нов проект, или да ја гори вечерата два пати неделно, или да го заборава кучето во паркот. Често, малите, па дури и големите грешки не значат неуспех.rnrnВсушност, грешките имаат своја корист бидејќи тие се мини лекции како да станеме подобра личност. Кога не ги сакате чувствата кои ве обземаат кога ќе погрешите, знаете дека во иднина тоа нема да го повторите. Во оној момент кога ќе прифатите дека грешките се истовремено и неизбежни и корисни, животните предизвици ќе изгледаат помалку страшни.rnrnСекогаш имајте на ум дека единствените личности кои не прават грешки се оние кои се плашат да направат нешто ново. А, да немате никаква авантура во својот живот е онаа грешка која не треба да ја толерирате. Излезете од вашата „удобна зона“, ризикувајте, правете ги работите кои другите не ни помислуваат да ги направат за да можете да го живеете животот кои другите не можат да го живеат.rnrnСекоја грешка што ќе ја направите по патот е само една смешна анегдота која ќе ја раскажувате на своите најблиски кога ќе се потсетите на патот кој сте го оделе за да стигнете до својот личен успех и напредок. Нема каења, само лекции.

  • 8-те лица на стравот: Како да се соочите со нив?

    8-те лица на стравот: Како да се соочите со нив?

    Опасностите во животот се реални, но стравовите се наш избор. Сосема е природно човек да се плаши од промени. Но, доколку стравот ве кочи во желбата да го подобрите вашиот живот и да донесувате важни одлуки, тогаш тука се наоѓа сржта на проблемот. Во продолжение прочитајте ги советите на популарниот блогер Лео Бабаута кој открива кои се најчестите стравови и како конечно да ги победиме.rnrn8-те лица на стравот и како да се соочите со нивrn

    „Во некои проблеми стравот е очигледен причинител за нивната појава. Прашање е само како да се ослободиме од него. За некои други, пак, стравот како причинител не е толку очигледен“, вели Бабаута.

    rnНеговиот список е импресивен, а неговите ставови повеќе од интересни и аналитични. Тој советува дека треба најпрвин да размислиме за самиот проблем, а потоа да ја бараме причината зошто тој ни се повторува.rn

    1. Одолговлекување

    rnВеројатно се плашиме од неуспех или од тешката и напорна работа. Дури и кога го трошиме времето на социјалните мрежи, наместо нешто да сработиме, ние се плашиме дека ќе пропуштиме нешто важно.rn

    2. Долгови

    rnПостојат неколку можни причинители, но како главен се издвојува фактот што трошиме повеќе отколку што заработуваме и поради таа навика, купуваме и уживаме во работи кои реално ни претставуваат луксуз. Таа навика за трошење може да се јави како последица на анксиозноста и стравот дека ќе се случи нешто што не сакаме да се случи, но и од осаменоста и помислата дека не сме доволно добри.rn

    3. Проблеми во врската

    rnПроблемите во врската настануваат од најразлични причини, а меѓу нив се наоѓаат и многу стравови: од одбивање, губење контрола, целосно прифаќање и соочување со „другата личност“…rn

    4. Физичка неактивност

    rnАко се откажеме од редовниот тренинг, тогаш ќе се појави и стравот дека нешто пропуштаме, но и стравот од тешките вежби и напорот што би требало да го вложиме.rn

    5. Правилна исхрана

    rnЗа овој проблем важи истото што важи и за вежбањето. Разликата е во тоа што тука се вклучени и емоционалните аспекти на проблемот кои се слични на финансиските и на желбата за купување.rn

    6. Изборот на професијата

    rnМожеби не знаете со што точно сакате да се занимавате, а тоа значи дека никогаш не сте посветиле доволно време да размислите за тоа. Ако знаете со што сакате да се занимавате, а ништо не сте направиле околу тоа прашање, тогаш станува збор за страв од неуспех или страв од помислата дека не сте доволно квалификувани за таа работа.rn

    7. Стрес предизвикан од обврските

    rnКога имате многу обврски, проблемот не е во количината туку во брзината со цел сѐ да завршите навреме, а тоа значи дека секогаш си го поставувате себеси следниов нереален идеал: Сѐ ќе сработам навреме“. Тука повторно се јавува стравот од неуспех, но тоа не треба да ве обесхрабрува. Никој не може сѐ да постигне и да заврши навреме. Бабаута ни вели да ја прифатиме стварноста, бидејќи така најдобро ќе се снајдеме со обврските, па дури и да не успееме да завршиме некои од нив, барем ќе научиме нешто во процесот.rn

    8. Дали сум доволно добар/ра?

    rn

    „Сите овие стравови водат до една работа: недостаток на самодоверба. Ние го гледаме стравот како непријател кој треба да го поразиме, за да не бидеме поразени. Но, стравот сме всушност самите ние. Луѓето се суштества кои живеат во свет кој постојано се менува и тоа е застрашувачко. Се плашиме дека промените ќе нѐ поразат, ќе нѐ осудат, дека во тие промени нема да можеме да се снајдеме“, објаснува Бабаута.

    rnМеѓутоа нашата цел не треба да биде уништување на стравот.rn

    „Тој не може да биде уништен, бидејќи ако уништиме еден страв, секогаш ќе ни остане некој друг. Тоа ќе се одвива во текот на целиот живот. Стравот не е нешто што може да се искорени, тој е составен дел од животот“, вели Бабаута.

    rnНо, можеме да направиме нешто околу тоа. Можеме да бидеме свесни за своите стравови и за тоа дека нѐ спречуваат во нашата борба. Да ги прифатиме како дел од нашата приказна. Бабаута објаснува и дека треба да бидеме благодарни на себе, на тоа кои сме и што сме, да се цениме себеси и да ги цениме другите, како и животот и сите моменти од него.rn

    „Бидете благодарни на шансата која ви се дава, наместо да се плашите од промените кои таа ги носи. Немојте да создавате идеали. Ако нема идеали за успех, нема ниту страв од неуспех“, заклучува Бабаута.

  • Направете генијален план за 2016 година со помош на следниве 6 прашања

    Направете генијален план за 2016 година со помош на следниве 6 прашања

    Крајот на годината е време кога размислувате дали изминатата година била онаква каква што сте посакувале. Наместо да се жалите како и оваа Нова година ќе ја поминете сами, како ја мразите својата работа и како ништо не е онака како што сте замислувале, седнете и одговорете на следниве прашања коишто ќе ви помогнат за оваа 2016 година да направите план до којшто ќе се придржувате.rnrnrn

    1. Во што сте успеале?

    rnЗапрашајте се што сте постигнале во 2015 година, на што сте посебно горди. Не се мисли на некои моменти како на пример дипломирањето, купувањето стан или новата генијална работа којашто сте ја добиле (сепак, браво ако сте успеале во нешто од ова). Всушност, се мисли на некои ваши мали, интимни победи. Дури и оние работи коишто ви се чинат неважни, како на пример откажувањето од пушење или зголеменото штедење, може да имаат големо значење.rnrnЗапишете ги на хартија сите оние убави работи коишто сте направиле во изминатата година, од тортата којашто сте ја направиле за мајка ви и сте ја изненадиле за нејзиниот роденден до кучето коешто се изгубило и на коешто сте му помогнале да го пронајде сопственикот. Ќе се изненадите колку сте биле успешни, а не сте го воочиле тоа бидејќи овие работи сте ги сметале за неважни.rn

    2. Во што уживавте најмногу?

    rnРаботните предизвици, патувањата, излегувањата, новиот партнер, новиот јазик којшто сте почнале да го учите или пак можеби трчањето поради коешто сте почнале да учествувате на маратони? Важно е да постои она нешто на коешто ќе се радувате секој ден и што секојдневно ве инспирира, затоа што токму тоа ви дава мотивација за живот.rn

    3. Во што не успеавте?

    rnВоопшто не е лесно да се соочите со сопствените неуспеси, но притоа е важно да посакувате во иднина да напредувате. Бидете искрени со себе и признајте си во што не успеавте оваа година. Можеби ве мачи факултетот или врската којашто безуспешно се трудите да ја поправите. Можеби веќе е време да престанете да се трудите и својата енергија да ја насочите на нешто друго (друг факултет, насока… или можеби друг партнер).rn

    4. За што жалите?

    rnКоја добра прилика сте ја пропуштиле? Во што би сакале повеќе да уживате или на што би сакале да посветите повеќе време? Важно е да го сфатите тоа за да не ги повторите истите грешки.rn

    5. Кои лекции сте ги научиле?

    rnНекои биле корисни, некои болни, некои „скапи“, но секоја од нив ви била вредна. Кога ќе го сфатите тоа ќе ви биде мило што сте поминале преку тешки и тажни моменти. Тие ве зајакнале и ве направиле помудри.rn

    6. Што би ве правело среќни во годината што доаѓа?

    rnНаправете листа и не испуштајте ништо, дури и глупостите како правењето на нова торта за којашто штотуку сте добиле рецепт или отворањето на ново кафуле во вашиот град. Секоја ситница којашто ве развеселува е причина да бидете повеќе расположени и оптимистички насочени кон иднината. На крај, запаметете ја изреката: Позитивната енергија привлекува позитивни работи!

  • Не секогаш се работи за афера: Тој никогаш нема да ви каже за овие 4 проблеми

    Не секогаш се работи за афера: Тој никогаш нема да ви каже за овие 4 проблеми

    Колку пати сте помислиле дека тој крие во себе нешто што го мачи, а сепак не сака да го сподели тоа со вас? Веројатно одговорот е многупати, затоа што поголемиот дел од мажите не сакаат да ги делат своите слабости и проблеми со никого.rnrn0-ne-sekogash-se-raboti-za-afera-toj-nikogash-nema-da-vi-kazhe-za-ovie-4-problemi-kafepauza.mkrnrnОдговорот со кој мора да се задоволите и кој често го слушате е: „Сѐ е во ред.“ Доколку партнерот не сака да разговара, отсутен е, ги одлага средбите, тогаш можеби не се работи за афера. Можеби се работи за следниве нешта:rn

    1. Недостаток на секс

    rnКако што врската станува посериозна и колку сте поинтимни со партнерот, страста во некои мигови попушта и некогашниот редовен секс станува сѐ поредок и воглавно жените се тие кои не гледаат проблем во ова.rnrnМожеби тој ќе заборави на годишнината или на ветениот состанок, но ќе запомни колку пати сте одбиле милување или сте му го скратиле сексуалното уживање. Голем дел од мажите ќе го премолчат ова, но верувајте дека длабоко во себе ги мачи овој проблем. Мажот и сексот претставуваат нераскинлива врска која не треба да се прекине.rn

    2. Финансиски проблеми

    rnИако во денешно време улогата на мажите и жените е скоро изедначена – па сосема е нормално да заработувате исто или да имате повеќе пари од него, но сепак неговото его не размислува така. Недостатокот на пари или долгови е нешто што тој ќе го крие од вас сѐ додека ситуацијата не стане сериозна и веќе не постои начин да го скрие тоа. Мажите и понатаму мислат дека е нивна обврска да обезбедат убав живот и дека недостатокот на финансиски средства ќе ги направи одбивни или послаби во очите на саканата.rn

    3. Професионален неуспех

    rnЛесно ни е нам жените – ќе се исплачеме на рамото на нашите пријателки или на неговото и продолжуваме понатака. Момците неуспехот го доживуваат како напад на нивната гордост и полесно ќе ги преживеат таквите мигови сами, отколку да признаат дека имаат момент на слабост.rn

    4. Здравствени проблеми

    rnЗа разлика од жените, кои секој проблем прво го пребаруваат на интернет, а подоцна и на доктор, мажите тоа ќе го премолчат или игнорираат. Единственото нешто што може да ги исплаши и да ги натера да побараат помош е ако имаат проблеми во спалната соба. Затоа немојте да бидете досадни и да инсистирате да сподели што го мачи. Подобро пробајте со нежно, а ако не успеете, подобро е да го оставите. Тој знае сам најдобро да се снајде.

  • 5 причини зошто треба да се ослободите од перфекционистичката природа

    5 причини зошто треба да се ослободите од перфекционистичката природа

    Перфекционизмот е многу заморен и напорен. Се асоцира со страв, грижа и анксиозност, а се забележува кај индивидуи кои имаат тенденција кон одбегнување, зависни личности и лица со опсесивно-компулсивно нарушување. Ова се петте причини кои ќе ве убедат да се ослободите од него.rnrn0-5-pricini-zosto-treba-da-se-oslobodite-od-perfekcionisitickata-priroda-kafepauza.mkrn

    1. Добиваме чувство на слобода

    rnКога слободата би била суперхерој, перфекционизмот би ѝ бил најлош непријател. Ние сме робови на безмилосниот перфекционизам, особено во моментите кога ќе се сетиме на сите грешки кои некогаш сме ги направиле. Па така, наместо да се фокусираме на успесите, ние се фокусираме на грешките. Никој не сака да прави грешки, но треба да ги прифатиме и да разбереме дека тие се дел од нас. Ако вака го сфатиме работите, тогаш ние сме слободни – без да нѐ дефинираат грешките.rn

    2. Стануваме зрели

    rnКај перфекционистите постои само успех или неуспех – нема ништо измеѓу. Нема место за напредок и созревање затоа што тоа остава простор за неуспех, а перфекционистите не можат да си го дозволат тоа. Во тие случаи, функционираме во склад со нашата комфорна зона и не развиваме нови способности. Ако пак не се водиме од стравот или неуспехот, не се ограничуваме на она што го знаеме и можеме. Така, поголеми се шансите да ризикуваме и да научиме нешто ново и да созрееме уште повеќе.rn

    3. Учиме да ги цениме малите работи

    rnДа бидеме реални – никој не сака да поминува низ тешки периоди и да се справува со предизвиците кои животот секојдневно ни ги задава. Всушност, перфекционистичката природа е она што нѐ „штити“ од негативните искуства. Но тоа би важело само за совршените суштества кои можат да ја прескокнат емоционалната болка која оди заедно со искуствата од животот.rnrnЗа да бидеме најдобри верзии од себеси мора да почувствуваме болка – таа нѐ прави посилни и ни дава идентитет. Нашата можност да ги пребродиме неизбежните предизвици е тоа што нѐ обликува како личности. Затоа е добро да почувствуваме болка – затоа што следниот пат ќе знаеме да се справиме со неа.rnrn1-5-pricini-zosto-treba-da-se-oslobodite-od-perfekcionisitickata-priroda-kafepauza.mkrn

    4. Можеме да блеснеме

    rnШто e всушност перфекционизмот? Дека никогаш нема да згрешиме? Дека никогаш ништо нема да направиме поразлично? Да, перфекционизмот нѐ прави внимателни и понекогаш успеваме да избегнеме неуспех поради тоа, но благодарение на него ние не можеме да го постигнеме нашиот целосен потенцијал – ги затскриваме нашите уникатни аспекти од себеси, а тие аспекти би направиле да блеснеме и да се истакнеме како индивидуи. Ако бевме совршени, што и да правевме сѐ ќе беше исто. Една иста работа сите ќе ја правевме на еден ист начин – правилниот. Откако би размислиле, подобро е што сите сме различни, нели?rn

    5. Ги намалуваме шансите за појава на анксиозност и други ментални нарушувања

    rnСпоред генетиката, нашето психолошко функционирање и средината во која живееме, ние можеме да имаме предиспозиции за некои болести или нарушувања. Но иако желбата да бидеме совршени не е болест, сепак ако не реагирате веднаш таа може да предизвика разни нарушувања. Константната потреба од совршенство и стравот од неуспех може да доведе до чувство на анксиозност и намалување на емоционалната енергија. Мора да бидеме добри кон нашите мисли за тие да бидат добри кон нас.rnrnАко имате перфекционистички тенденции кои ѝ пркосат на вашата функционалност, односите со луѓето или го забавуваат напредокот во другите полиња од вашиот живот, размислете да посетите психотерапевт кој специјализирал во областа на анксиозноста.

  • 4 причини зошто не е добро да се споредувате со другите

    4 причини зошто не е добро да се споредувате со другите

    Ние самите сме оние кои си ги одредуваме нашите цели и предизвици. Никако не смееме да дозволиме другите да го одредуваат нашиот успех или во најлош случај – да ги користиме другите луѓе како мерка за нашите успеси.rnrn4-prichini-zoshto-ne-e-dobro-da-se-sporeduvate-so-drugite-kafepauza.mkrn

    1. Си ја уништувате самопочитта

    rnМожеби ги гледате луѓето околу вас или оние кои воопшто не ги познавате како едноставно им оди во животот и тоа ве прави да се чувствувате неадекватно. Тоа ќе го наруши вашиот прогрес во животот, ќе ве направи неисполнети и ќе се чувствувате лошо.rn

    2. Премногу ќе си го кренете носот

    rnОд друга страна пак, може да мислите дека сте подобри од сите останати, а тоа ќе ви постави огромни ѕидови околу вас. Агресивноста е природен резултат. Ќе почнете да се чувствувате совршени, бесмртни, но тоа ќе створи еден оклоп околу вас. Поради тоа што ќе мислите дека сте најдобри, ќе ги пропуштите малите работи кои ви значат.rn

    3. Не е фер да се споредувате

    rnСекој е различен. Сите имаме различни успеси, идеи, позадини. Споредувањето со другите едноставно не е фер споредба.rn

    4. Вие сами си го одредувате сопствениот успех

    rnНикој не треба да ви го одредува вашиот успех, токму од таа причина бидејќи е ВАШ! Ако вашата идеја за успех е да имате некоја скромна работа и скромен живот, тогаш тоа е одлично! Ако вашата идеја за успех е да бидете среќни, супер! Ако имате идеја да станете претседател, ви посакуваме среќа. Но, запомнете, тој успех е ВАШ!

  • 10 очигледни животни лекции кои пребрзо ги забораваме

    10 очигледни животни лекции кои пребрзо ги забораваме

    Порано или подоцна, во животот сфаќаме каде и кога сме грешеле. Тоа најчесто се одвива преку лекции кои попатно ги учиме од тие грешки. Но, изгледа сѐ уште не сме ги научиле сосема и не сме почнале да ги применуваме, или пак сме ги заборавиле покрај многуте останати информации. Па еве, да се потсетиме барем на 10 од тие животни лекции и можеби конечно ќе почнеме да ги применуваме.rnrn0-10-ocigledni-zivotni-lekcii-koi-prebrzo-gi-zaboravame-kafepauza.mkrn

    1. Животот е премногу краток

    rnИако постојано ја слушаме оваа фраза, таа сепак секогаш некако нѐ изненадува. Сите знаеме дека смртта, кога-тогаш ќе нѐ стигне, а сепак шокот е неизбежен кога тоа ќе му се случи на некој што го познаваме. Смртта не е најголемата загуба во животот. Најголемата загуба е да умреш сѐ додека дишеш и си телесно жив. Важно е да бидеме храбри. Да бидеме смели. Да ја слушаме интуицијата. Во ред е да се плашиме од смртта, но сепак мора да ризикуваме и да го преземеме следниот чекор.rn

    2. Ние сме кројачи на нашата судбина

    rnАко ние не си направиме убави услови за нашиот живот, тогаш тој така и ќе тече. Ако сакаме убави резултати, тогаш мора да го дадеме нашиот максимум. Не смееме напразно да стоиме. Мора да преземеме нешто и да го промениме нашиот живот на подобро. Сите треба да сфатиме дека трпението не значи чекање, туку способност да задржиме позитивен став додека го градиме она во коешто веруваме. Конците на куклите се во нашите раце. А тоа треба да се искористи.rn

    3. Зафатеноста не значи продуктивност

    rnЗафатеноста не е предност, нити нешто достојно за почит, како што изгледа во денешниот капиталистички и материјалистички свет. Иако сите имаме луди распореди и ритами на живот, многу малку од нас имаат вистинска потреба да бидат постојано зафатени. Едноставно не знаеме како да живееме во маргините на нашето време, правилно да ги подредуваме приоритетите и да кажуваме „не“ кога тоа е потребно.rnrn1-10-ocigledni-zivotni-lekcii-koi-prebrzo-gi-zaboravame-kafepauza.mkrn

    4. Мислење и правење се две различни нешта

    rnУспехот никогаш не доаѓа додека размислуваме за него. Чувството кога го правиме она што го сакаме е непроценливо. А кога нешто сакаме целосно, нормално е веднаш да го побараме тоа и да продолжиме да го правиме. Да, страшно е да пробуваме нови работи, но со нив доаѓа возбуда и некое ново чувство на задоволство. Тоа би требало да би биде доволно за да тргнеме. Ако го чекаме вистинскиот момент, тој никогаш нема да дојде, а со него нема ни да се остварат нашите најлуди соништа.rn

    5. Пред успехот секогаш има неуспех

    rnОва е многу тешко да го запомниме во моментите на неуспех. Но, ако успееме да го запаметиме ова, нашиот живот веднаш ќе стане подобар. Неуспехот е како стрела, веднаш после него сме насочени само кон успехот, но потребно е да го видиме тоа. Поголемиот број грешки се неизбежни, така што место да се грижиме за следниот неуспех, треба едноставно да продолжиме понатака. Да научиме да си простиме и да не се плашиме од неуспех.rnrn4-10-ocigledni-zivotni-lekcii-koi-prebrzo-gi-zaboravame-kafepauza.mkrn

    6. Не е потребно извинување за да простиме

    rnЖивотот веднаш станува полесен кога ќе простиме. Нештото за кое ние сме лути повеќе ни тежи нам отколку на оној на кого му се лутиме. Животот станува многу полесен кога можеме да простиме. Простувањето е доблест која секој човек би требало да ја има. Размислувајте дека ако тоа непријатно искуство не се случило, вие немаше да научите значајна лекција во вашиот живот, за која сигурно ќе дојде вистинско време да ја примените. Секое искуство е искуство, без разлика дали е добро или лошо.rn

    7. Некои луѓе едноставно не се за нас

    rnСите заслужуваме поддршка и љубов од луѓето во нашиот живот. Ако луѓето околу нас не ни даваат чувство на задоволство од себеси, тогаш важно е веднаш да се оттргнеме од нив. Освен чувството на неисполнетост, се јавува и големо незадоволство кое може да си поигра со нашата психа и да доведе до тешки проблеми како депресија, социјална анксиозност и слично. Не дозволувајте никој да ја испразни позитивната енергија од вас.rnrn3-10-ocigledni-zivotni-lekcii-koi-prebrzo-gi-zaboravame-kafepauza.mkrn

    8. Пред сѐ, мора самите да се сакаме

    rnМногу е важно да се однесуваме добро кон себеси. Мора да се сакаме за да успееме во кое било поле од нашиот живот. Треба да го цениме животот кој го живееме, а со тоа ќе успееме да ги оствариме и нашите соништа. Од есенцијална важност е да ја знаеме нашата вредност, иако можеби луѓето околу нас не ја знаат. Мора да се сакаме себеси, бидејќи ако ние не се сакаме, тогаш кој би не сакал?!rn

    9. Материјалните предмети не нѐ карактеризираат

    rnПредметите се само предмети и никогаш нема да влијаат на тоа кои сме како личности. Факт е дека имаме многу работи во животот кои искрено и не ни се потребни, без разлика колку наоѓаме изговори дека тие ни се „неопходни“. Од преполните плакари со непотребни парчиња облека кои фаќаат прашина до големите технолошки изуми. Сите овие предмети се целосно безначајни за нашиот секојдневен живот. Кога сите би пробале да живееме еден ден без технологија, можеби ќе се чувствуваме дека немаме што да правиме, но веднаш потоа ќе најдеме подобар начин како да го трошиме времето.rnrn5-10-ocigledni-zivotni-lekcii-koi-prebrzo-gi-zaboravame-kafepauza.mkrn

    10. Сѐ тече, сѐ се менува

    rnЖивотот е ризик. Денес можеби сме најбогатите луѓе на светот, а утре најсиромавите. Важно е да прифатиме дека работите се менуваат со огромна брзина и честопати ние никако не можеме да го промениме тоа. Луѓето доаѓаат и си заминуваат од нашиот живот. А животот не застанува за никого. Се движи од мирно до хаотично, и сето тоа може да се случува само во неколку секунди. Секој ден е нов ден полн со безброј можности. Наше е само да го зграпчиме.