КАФЕ ПАУЗА

Tag: несоница

  • Ефектите од кофеинот

    Ефектите од кофеинот

    Во денешно време, внесувањето кофеин во организмот претставува неопходност поради темпото на живеење и за да може да се постигне со сите обврски во текот на денот. Сепак, секојдневно низ светот се прават разни истражувања кои презентираат различни резултати за ефектите од кофеинот. Според некои, кофеинот има многу добри страни, според други треба максимално да се избегнува. Ова се само неколку тези кои погрешно се пренесени и разјаснување на ефектите кои (не) ги предизвикува кофеинот.Ефектите од кофеинот

    rnrn

    Кофеинот создава дехидрација

    rn

    Всушност ова не е вистина. Порано се верувало дека кофеинот има дијуретски ефект, бидејќи ја зголемува потребата за уринирање и притоа ги зголемува шансите за дехидрација. Како и да е, денешните истражувања укажуваат дека кофеинот го нема овој ефект, сè додека не почнете да пиете повеќе од 500 милиграми кофеин дневно, што е еднакво на огромна количина кафе (околу 7 шолји). Пијалаците кои содржат кофеин, имаат и други состојки, како што е солта, кои можат да доведат до дехидрација, но доколку пиете обично кафе тоа е многу тешко.rnЕфектите од кофеинот

    rnrn

    Кофеинот создава зависност

    rn

    Ова исто така не е вистина, но ако се консумира во умерена доза. Кофеинот се смета за благ стимулант, односно состојка која го подигнува нивото на физиолошка или умствена активност на телото. Во превод, кофеинот ја зголемува стапката на загревање на невроните кај човекот. Токму затоа и потоа се чувствувате целосно будно и подготвено. Сепак, тој не создава хемиска зависност. Но, доколку сакате да ја прекратите дозата која секојдневно ја пиете, во наредниот период од 2 недели можеби ќе почувствувате неколку симптоми како што се раздразливост и редовни главоболки.rnЕфектите од кофеинот

    rnrn

    Кофеинот создава несоница

    rn Секако дека ова во голема мера зависи од тоа колку кофеин консумирате на дневна база. На телото треба да му оставите простор од четири до шест часа пред да си легнете на спиење по консумирањето кофеин. Во спротивно може да си имате проблеми. Препорачливо е да се избегнува консумирање кофеин по 16 часот. Препорачлива здрава доза, за возрасен човек, е околу 200 милиграми кофеин дневно или 2-3 шолји кафе, но во утринскиот дел од денот.rn
    rn

    Кофеинот помага при слабеењето

    rn

    Според клиниката „Mayo“, не постојат докази дека консумирањето кофеин е значајно или перманентно во однос на губењето килограми. Доказите велат дека кофеинот ја покренува работата на метаболизмот за одреден степен, а истовремено и го потиснува гладот. Сепак, за да се осети некој ефект од слабеењето, ќе треба да пиете многу голема количина кафе дневно (според некои истражувања, околу 35 шолји кафе дневно, што во ниеден случај не е здраво). Доколку кофеинот го примате преку некој друг засладен пијалак, тогаш со сигурност внесувате и голем број калории, па ефектот од кофеинот значајно се намалува.rnЕфектите од кофеинот

    rnrn

    Кофеинот го спречува растењето

    rnОва може да е вистина само во случај кога ефектот од кафето се користи за да се избегнува или манипулира со квалитетното спиење. Избегнувањето на сонот, може да доведе до престанување на растот и развивањето, но причината не е кофеинот директно.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Совети за спречување несоница

    Совети за спречување несоница

    Несоницата е состојба во која имате проблем да заспиете или пак, откако ќе заспиете имате тешкотии да ја задржите таа состојба. Таа може да биде третирана во домашни услови, но се зависи од стадиумот во кој се наоѓа. Сепак таа не е болест, туку е симптом и претставува проблем во врска со тоа колку многу или колку добро спиете.rnСовети за спречување на несоницаКонцептот на добар сон генерално се разликува од личност до личност. Просечно, на возрасен човек му се доволни 7-8 часа ноќно спиење за нормално функционирање во текот на денот, но сепак има многу луѓе на кои им се потребни барем 10 часа или пак има и од оние на кои 4-5 часа им се сосема доволни за да функционираат со полна пареа.rnrnУтврдено е дека генерално сите имаат проблеми со спиењето од време на време. Причините се различни и нивното влијание врз нашиот секојдневен живот зависи од фреквенцијата и интензитетот на истите. Постојат многу видови на лекарства кои можат да ви помогнат околу проблемот, но сепак тие можат да бидат скапи и да не ги дадат посакуваните резултати. Затоа, многу е важно да се најде коренот на проблемот и да се врати навиката за редовно спиење преку природни и здрави методи.rn.rnrn

    Уживајте во топла бања пред спиење

    rnЌе ви помогне да се опуштите и да ги „измиете“ грижите од работниот ден.rn.rn

    Избегнувајте јадење касно навечер

    rnЈадењето касно во ноќта е многу лоша и нездрава навика. Внимавајте да правите пауза од неколку часа помеѓу оброците, но и помеѓу последниот оброк и времето на легнување. Ова не само што ќе ви помогне да спиете подобро, туку и ќе ви заштеди некој денар, пари кои обично ги трошите на јадење касно и купување грицки.Совети за спречување на несоницаrn

    Избегнувајте алкохол, кофеин и чај пред да одите на спиење

    rnОвие работи можат да влијаат врз вашата навика за спиење и ќе ве тераат да се будите во текот на ноќта за да го користите тоалетот или пак кофеинот ќе ве одржува непотребно будни. За да ги избегнете овие непотребни ефекти, обидете се да преминете на пијалаци кои не содржат кофеин и обидувајте се да пиете помалку течности во текот на ноќта.rn.rn

    Избегнувајте го пушењето цигари

    rnПушењето е уште еден фактор на кој треба да внимавате бидејќи тоа може да ви го одземе сонот. Тутунот содржи никотин кој го стимулира нервниот систем и ве држи будни. Затоа, пробајте да ги избегнувате цигарите во периодот пред да легнете на спиење.Совети за спречување на несоницаrn

    Слушајте музика

    rnПред да си легнете пуштете тивка и бавна музика, за да ве релаксира пред да заспиете.rn.rn

    Душекот и перницата треба да се удобни

    rn

    Секој знае дека душекот и перницата навистина можат сериозно да го нарушуваат сонот. Проценето е дека креветот не треба да се користи повеќе од една деценија, така што имате време да штедите за нов. Кога ќе купувате нов кревет пробајте неколку пред да се одлучите и немојте да се залажувате од изгледот, бојата или пак од неговата цена.Совети за спречување на несоница

    rnrn

    Избегнувајте попладневни дремки

    rn

    Преспивањето неколку часа преку ден го намалува потребното време за спиење навечер, па така го нарушува целиот концепт. Доколку сме здрави, на нашето тело му се потребни само одреден број часови поминати во спиење. Дневните дремки не ви се добредојдени, доколку потоа не можете да си обезбедите ноќен сон.rn.

    rnrn

    Малку вежбање пред спиење

    rnМалку вежбање пред спиење може одлично да му дојде на вашето тело. Но, во ниеден случај немојте да претерате и да го правите тоа касно во ноќта. 10 до 15 минути вежбање пред спиење, три пати неделно, може да ви помогне да ги исфрлите природните хемикалии од телото и полесно да заспиете.Совети за спречување на несоницаrn

    Правилна употреба на спалната соба

    rn

    Спалната соба нека ви користи само за спиење и интимност. Избегнувајте да ја користите како соба во која ќе разговарате за дневните, работните и фамилијарните проблеми.rn.

    rnrn

    Станување во исто време секое утро

    rn

    Многу е важно секое утро да станувате во исто време, без разлика колку часови сте поминале спиејќи. Обидете се да си ја создадете навиката за станување рано, бидејќи станувањето во подоцните часови може да ви предизвика мрзеливост.Совети за спречување на несоница

    rnrn

    Апчиња за спиење

    rn

    Иако е непрепорачливо, во краен случај консултирајте се со вашиот матичен лекар и почнете да пиете апчиња кои ќе ви помогнат полесно и побрзо да заспиете.