КАФЕ ПАУЗА

Tag: нервоза

  • Еве како да го преживеете патувањето со најдобрите пријатели!

    Еве како да го преживеете патувањето со најдобрите пријатели!

    Патувањата се одлични искуства кои секој треба барем еднаш да ги проживее во својот живот. Многу е важно со кого патувате, затоа што од тоа зависи и како ќе си поминете. Ако одлучите да патувате со вашиот најдобар пријател или пријателка тогаш подгответе се затоа што ќе треба да правите компромис за многу работи.rnrn0-eve-kako-da-go-prezhiveete-patuvanjeto-so-najdobrite-prijateli-kafepauza.mkrn

    1. Не правете преголеми трошоци

    rnБуџетот може да биде многу сензитивна тема за вас или за вашиот пријател. Можеби сте штеделе со месеци (или години!) за овој одмор, а тој во последен момент со последните пари решил да ви се придружи. Затоа, кога станува збор за гламур ќе треба да направите по некоја жртва ако пријателот не е спремен за луксузи.rn

    2. Заборавете на егото

    rnКај некои луѓе, патувањето може да ја зголеми нервозата. Затоа, пред да избувнете прашајте се дали можеби не сте доволно спиени, имате главоболка или едноставно ви недостига домот. Пробајте да ги намалите тензиите затоа што последното нешто што ви треба на одмор е да се карате со најдобрите пријатели.rn

    3. Споделувајте ги работите

    rnНајдобрите пријатели се луѓето со кои сигурно сте делеле многу работи. Вашиот плакар сигурно е веќе преполн со нивни работи, па затоа патувањето и нема да ви биде толку непријатно. Направете листа на потребни работи кои можете да ги споделите со нив – пегла за коса, паста за заби и сл. за да не го надминете лимитот на багажот и за да имате место за сувенири и шопинг кои знаете дека зафаќаат многу место. Исто така, чувајте ги сметките за да не настанат караници поврзани со парите.rn

    4. Намалете ги очекувањата

    rnСекако дека патувањето со најдобриот пријател е најдоброто нешто што може да се случи, но мора да бидете свесни дека тоа исто така ги зголемува тензиите и може да предизвика кавги кои имаат моќ да го разнишаат пријателството. Губењето на картата, лошото сместување или не дај Боже нешто трето, може да ве испровоцира да се скарате. Секако дека не треба да ги премолчувате своите желби, но бидете спремни на многу поголема толеранција отколку кога сте дома.rn

    5. Држете се заедно

    rnКога патувате, многу е важно да се држите заедно – дури и да одите заедно во тоалет. Секогаш внимавајте еден на друг и ако сте во одделни соби или хотели одредете локација на која секогаш ќе можете да се најдете без проблем. Не се потпирајте на безжичен интернет или воопшто на телефоните, затоа што може да се случи да немате пристап или мрежа во некој клучен момент. Договарањето лице во лице е најдобрата опција.rn

    6. Запознајте нови луѓе

    rnОткако ќе поминете неколку дена или недели заедно, промена или додаток на друштвото може добро да ви дојде. Пронајдете луѓе кои сметате дека би имале слични интереси како вас – тоа значи одете на места на кои нормално би оделе и во вашето родно место.rnrnАко сте љубител на џез музика – одете во место каде што се пушта таква музика. Ако сте љубител на историја посетете некоја историска градба. Луѓето што би сакале да ги запознаете ќе ги најдете на местата што вие нормално би ги посетиле.

  • 9 знаци кои укажуваат на тоа дека сте под преголем стрес

    9 знаци кои укажуваат на тоа дека сте под преголем стрес

    Понекогаш, сѐ додека не се прелие чашата, не знаеме да сопреме за да ги забележиме знаците на замор, стрес, нервоза, висок притисок и немоќ. Способни сме да туркаме напред сѐ до оној момент кога веќе ни психички ни физички не можеме да поднесеме. Премногу обврски, премногу желби, големи амбиции. Сето тоа ни носи огромно количество на стрес во животот, па наместо убави моменти, ние живееме нервозни и постојано под стрес.rnrn9 знаци кои укажуваат на тоа дека сте под преголем стресrnrnСледниве 9 знаци укажуваат на тоа дека нивото на стрес во вашиот живот е прилично високо, па е време да застанете и здивнете на момент.rn

    1. Сакате да останете во кревет засекогаш

    rnКога се телото и умот истоштени, останувањето во кревет е секогаш добра идеја. Постојано ви се спие, па дури и кога станувате наутро, вие порадо би ги затвориле очите и би продолжиле да уживате во топлината на вашиот кревет отколку да се соочите со денот кој е пред вас. Тоа е бидејќи потсвесно чувствувате дека ве очекуваат повеќе стресни ситуации за кои вие и така веќе немате доволно енергија.rn

    2. Постојано чувствувате замор

    rnДури и кога ќе отспиете добри 8-9 часа, вие се будите заморни и без енергија. Покрај желбата за нестанување од кревет, вашето тело навистина и не ни има енергија за тоа. Тоа е сѐ поради стресот кој го чувствувате, па иако мислите дека додека спиете се одмарате, вие всушност цела вечер се превртувате во кревет. Вашиот ум е оптоварен со сето она кое ви предизвикува стрес, па дури и кога спиете, умот размислува на тоа.rn

    3. Често се разболувате

    rnКога е организмот под стрес, неговиот имунолошки систем може да опадне за дури 30 проценти. Тоа значи дека сте 30 пати повеќе изложени на разни болести, бактерии, вируси и сл. Веројатноста дека ќе се разболите станува многу поголема, па најверојатно и ќе се разболите повеќе од еднаш тој период. Ова укажува дека можеби е време малку да застанете.rn

    4. Заборавате повеќе од кога било

    rnСтресот функционира така што целосно го напаѓа вашиот мозок. Во мали количини може да влијае позитивно (на пр. ако сте студент и пред вас е полагање на важен испит, решението на проблемот со кој сте се мачеле цел ден може да ви дојде токму на сон), но во поголеми количини влијае така што ви ги мати мислите, сеќавањата и рационалното размислување, па заборавате и не ви текнуваат ни најосновните работи (на пр. тоа ви се случувало во текот на денот кога не сте можеле никако да го најдете решението). Ова се однесува и на секојдневни вообичаени работи, како што е заборавање каде сте ги ставиле клучевите од кола и сл.rn

    5. Мислите дека главата ќе ви експлодира во секој момент

    rnЧувствувате напнатост насекаде по телото и мислите дека сѐ ви се собира во главата која како да ќе експлодира во секој момент. Тоа е бидејќи целата тензија која ја чувствувате по телото патува нагоре по задниот дел на вратот, предизвикувајќи подувување на крвните садови кои потоа притискаат на мозочното ткиво. Таа напнатост низ телото постои поради стресот кој го чувствувате и тоа во големи количини. И гласно и јасно кажува дека конечно треба да се опуштите малку.rn

    6. Немате силно изразена желба за секс

    rnКога постојано сте во трчање и со нервози, на крајот од денот само сакате да легнете и да заборавите на сѐ. Тоа значи дека кој и да ве чека дома, ќе мора да почека додека да се ослободите од тоа што ви предизвикува стрес за да добие сексуално внимание од вас. Стресот ја уништува желбата за секс, но доколку работите на техники за негово намалување, наскоро ќе видите дека желбата и потребата за сексуално задоволство повторно ќе бидат дел од вашиот живот.rn

    7. Се наоѓате во емоционален хаос

    rnЧовек кој е под стрес е подложен на брзи и лесно поттикнати, различни емоционални состојби. Ова значи дека лесно преоѓа од расположен во нервозен, во тажен, па повторно во среќен и сл. Тој човек може да биде најзабавната и најнежната личност во еден момент, а потоа да избувне за најмала ситница во следниот. Сето ова е вина на стресот кој влијае така што му ја препушта контролата врз емоциите на примитивниот дел од мозокот, а оној дел со кој можете да предвидите како работите ќе излезат на крај е надвор од контрола. На крајот, тој човек се наоѓа себеси како реагира на база на својот инстинкт, наместо на негова комбинација со рационалното размислување.rn

    8. Чувствувате како сѐ да ви се превртува во стомак

    rnГо знаете она чувство на неудобност и стегање во стомакот пропратено со мачнина и нагони за повраќање? Е тоа е чувството кое го имате кога се наоѓате под стрес. Експертите стомакот го нарекуваат мини мозок на човекот бидејќи е дом на многу невротрансмитери. Тоа значи дека стресот неминовно влијае на она што ви се случува во стомакот, односно и на исхраната, апетитот, болките и чувството како сѐ да ви се превртува внатре.rn

    9. Добивате напади на паника

    rnНападите на паника може да се интерпретираат на различни начини, но во глобала сите се сведуваат на една важна работа: не можете да дишете. Кога имате чувство дека нешто не можете или нема да стигнете да направите на време, а кога притоа сте веќе под големо влијание на стрес, почнувате тешко да дишете, срцето ви чука забрзано, а низ глава ви поминуваат триста ситуации кои ви кажуваат дека сите ваши цели и амбиции се далеку од возможни. И чувствувате дека не можете да дишете, па не можете да ги задржите солзите додека мислите дека целиот ваш свет се руши пред вашите очи. Нападите на паника може да бидат многу опасни, па затоа како такви не треба воопшто да ги занемарувате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 експертски тактики за справување со тешки луѓе

    20 експертски тактики за справување со тешки луѓе

    Сакале ние или не, во животот наидуваме на секакви типови луѓе. Некои ни се допаѓаат, некои нè нервираат, а некои не би сакале да ги сретнеме повторно. Постои и оној тип луѓе кои се тешки и сложени и со кои едноставно не може да се разбереме за ништо. Нѐ нервираат и нѐ вадат од такт, а по малку и нѐ плашат, додека залудно се обидуваме да им објасниме нешто. Но факт е дека не е можно да се најде разумно решение за ниту еден проблем кога се зборува со неразумни луѓе. Она што може да се направи е да се применат овие 20 тактики кои сигурно ќе ви помогнат подобро да се справите кога ќе се најдете очи во очи со тешка личност. Иако делуваат невозможни на почетокот, навистина помагаат.rnrn(1)-20-ekspertski-taktiki-za-spravuvanje-so-teshki-lugje-kafepauza.mkrn

    1. Слушајте

    rnКако и за сѐ останато, слушањето е чекор број 1. Фокусирајте се на она што го кажува личноста спроти вас, а не на она што вие планирате да го кажете.rn

    2. Останете смирени

    rnНервозата и повишениот тон нема да ве одведат никаде. Дишете длабоко и полека. Избројте до 10 пред да избувнете.rn

    3. Не судете

    rnНикогаш не ја знаете целата приказна и зошто другиот е таков каков што е. Обидете се да не го/ја осудувате предвреме.rn

    4. Испочитувајте ја личноста спроти вас

    rnАко не планирате да покажете почит за туѓото мислење, тогаш воопшто и не започнувајте разговор со тој некој. Испочитувајте го додека зборува без разлика како тој се однесува со вас.rn

    5. Читајте меѓу редови

    rnТој некој всушност се обидува да ви каже и покаже што сака и што нему му треба. Прочитајте меѓу редови и најдете го тоа нешто. Оттука, па натаму треба да е полесно.rn

    6. Побарајте некој кој може да ви помогне

    rnНекогаш трета личност може многу добро да влијае на решавање на недоразбирањето со кое се соочувате. Најдете ја таа личност во вашата околина и побарајте помош.rn

    7. Не очекувајте да ви попуштат

    rnКолку повеќе инсистирате дека тој/таа треба да попушти, толку повеќе ќе се расправате. Обидете се да прашате што всушност му/ѝ смета.rn

    8. Не кажувајте Разбирам

    rnНе постои нешто што повеќе ќе ја изнервира личноста со која не можете да се разберете од едно празно разбирам. Затоа не го кажувајте. Покажете дека разбирате ако навистина го мислите тоа или побарајте повеќе информации за да разберете.rn

    9. Не се смејте

    rnСмеењето додека се наоѓате во караница делува како да ѝ се потсмевате на личноста со која се карате. Делувате несериозни, незаинтересирани за нејзиното мислење и покажувате непочитување.rn

    10. Не играјте одбранбено

    rnВелат дека нападот е најдобра одбрана, но не и кога станува збор за расправија со навистина тешка личност. Одбранбениот став може само да ја влоши ситуацијата колку и да е нормално да почнете да се браните во тој момент. Обидете се со неутрални реакции.rn

    11. Гневот не е решение

    rnОчекувано е да бидете лути и нервозни, па дури и гневни. Но овие чувства преточени во зборови може само да го разгорат огнот. Смирете го гласот, намалете го тонот и обидете се да разговарате полека.rn

    12. Не се убедувајте

    rnВие си имате ваше мислење, тој/таа си има свое. Наметнувањето на своето мислење на другите никогаш не успеало, па зошто би успеало сега? Дали би ви се допаѓало на вас?rn

    13. Одржувајте дистанца

    rnСекој допир за време на караница, колку и да е добронамерен, може да биде погрешно сфатен. Избегнувајте да го допирате човекот со кој се карате и одржувајте се и себеси и него на безбедна дистанца.rn

    14. Кажете Жалам или Ќе се обидам да го поправам ова

    rnАко навистина го мислите, тогаш може да ви заштеди многу време и енергија.rn

    15. Поставете граници

    rnПаралелно на почитувањето и толеранцијата, мора да поставите и некои граници до кои смее да се оди. Кога тие ќе се преминат, не плашете се да ја побарате и вие почитта која ја заслужувате.rn

    16. Верувајте им на своите инстинкти

    rnТие скоро никогаш не ве лажат. Ако увидите дека работата оди на полошо, барајте решение да се извлечете од неа.rn

    17. Не очекувајте иста реакција од сите

    rnНе реагираат сите исто на ист проблем. Очекувајте дека личноста со која сега се расправате ќе реагира сосема различно одошто се надевавте и подгответе се да бидете флексибилни кога ќе се случи тоа.rn

    18. Премотајте ја ситуацијата

    rnРазговарајте со некој откако сѐ ќе помине. При рефлектирање на претходните настани може многу да се научи.rn

    19. Опуштете се

    rnВеројатно сте многу напнати и нервозни, па ќе ви биде потребен одмор од целиот стрес. Трчајте, прошетајте, преспијте. Направете го она што ќе ви помогне во отпуштање на стресот и смирување.rn

    20. Охрабрете се себеси што успешно сте поминале низ тешка ситуација

    rnПотребно ви е!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Предупредувачки знаци дека врската ве депримира

    Предупредувачки знаци дека врската ве депримира

    Да, ниту една врска не е совршена ниту, пак, може да биде, но најмалку треба да ве прави несреќни. Врската треба да претставува љубов, среќа и задоволство, барем во најголемиот дел од времето, во спротивно која е смислата да бидете во врска? Таа треба да ве исполнува и да ве инспирира, а кога тоа не се случува тогаш сериозно треба да се запрашате себеси што не е во ред. Да, врската не може да биде совршена, но ако наместо убави моменти, вие ги забележувате следниве знаци на депресија, тогаш треба да си ја ставите врската под огромен знак прашалник.rnrn(1)-predupreduvachki-znaci-deka-vrskata-ve-deprimira-kafepauza.mk.jpgrn

    1. Се чувствувате доминирани

    rnЧувството на помала вредност и помала моќност да предизвикате или смените нешто во врската може да предизвика депресија. Иако во некои врски доминирањето на една личност врз друга е поефективно (на пр. родител – дете: сѐ додека таа моќ над детето се користи разумно, грижливо и со цел тоа да се воспита правилно, доминантноста е потребна), кога станува збор за љубовните врски, поздраво за врската е да постои еднаквост во доминирањето.rn

    2. Се чувствувате критикувани

    rnКритиката е добра, особено кога доаѓа од некој ваш близок. Таа значи дека постои начин да бидете подобра личност, да промените нешто на подобро. Но постојаното критикување, дури и за најмалите ситници, може да биде сериозен проблем и дефинитивно добар пат кон депресија. Постојаната критика ве омаловажува и прави да се чувствувате лошо за себе, а со тек на време и го креира мислењето кое го имате за себе. А кога не се сакате себеси, па дополнително сте и постојано осудувани за сѐ, дефинитивно постои опасност да паднете во депресија.rn

    3. Партнерот ви кажува што да правите

    rnИмате чувство како да немате право на збор, партнерот постојано одлучува за се, ви кажува што и како ќе правите, каде ќе одите и слично. Ретко кој нема проблем со ваквото однесување на партнерот, а за оној поголемиот процент на луѓе кои имаат, ова е јасен предупредувачки знак дека доколку продолжите така, веројатноста да се доведете себеси во состојба на депресија е голема.rn

    4. Партнерот се обидува да ве контролира

    rnЗагушувањето во врската е сериозен проблем. Кога имате чувство дека ја губите слободата со која сте влегле во врската, тогаш покрај себе имате човек кој се обидува да ве контролира. Ова знае да биде крајно загушувачки, да иритира и во краен случај (доколку не го решите ова како проблем), да депримира. Оваа контрола се однесува на секој ваш чекор, секој аспект на вашиот живот, а започнува од секојдневни работи. И воопшто не е здрава ниту за вас, ниту за врската.rn

    5. Партнерот е секогаш во право

    rnВеројатно не постои нешто друго што, на дневна база, нервира повеќе од ова. За што и да настане дискусија или расправија или, пак, ако се одлучува за нешто, вашиот партнер мора да биде во право. Некогаш и веројатно е, но сигурно тоа не се случува секогаш. Ова не само што нервира до бескрај, туку и повлекува дека тој/таа не може да признае дека прави грешки, а тоа е многу важно за една врска. Способноста да согледаме и признаеме дека сме згрешиле е важен дел од секоја врска бидејќи во спротивно никогаш нема да можеме да ја подобриме.rnrn(2)-predupreduvachki-znaci-deka-vrskata-ve-deprimira-kafepauza.mk.jpgrn

    6. Или е по негово/нејзино или никако

    rnЗдравата љубовна врска подразбира еднаквост на двајцата партнери. Еднаквост во одлучувањето, еднаквост во моќта, еднаквост во важењето на мислењето и зборот. А кога таа еднаквост не постои, тогаш постои проблем. Не може секогаш да биде само како што едниот сака и не би требало. Зборот и на двајцата партнери мора да се вреднува исто, а кога тоа не се случува, се јавува чувство на помала вредност и немање моќ кое може да доведе до депресија.rn

    7. Вашиот партнер е депримиран

    rnКако што некои потези знаат да бидат заразни, така и депримираноста на партнерот знае да биде заразна. Кога сте во постојано присуство на некој што има депримиран поглед кон светот, вие сте постојано изложени на неговите депримирачки коментари и реакции, па не е ништо чудно ако почнете и вие така да размислувате. Ризикот за ова е уште поголем кога таа личност е вашиот партнер.rn

    8. Партнерот е постојано лут и нервозен

    rnЛутина, бес, нервоза – особини кои вадат од такт, а кои неминовно шират негативна енергија. Постојано негодување, постојана нервоза, постојано расправање – сите овие можат да доведат до многу повеќе негативни чувства и лошо чувство за целата врска. Ваквите чувства и постојаната изложеност на ваква енергија влијаат многу лошо на секого, па ако ги чувствувате во врската и ве вознемируваат, тогаш можно е да ве доведат и вас во состојба на депримираност.rn

    9. Партнерот ве злоупотребува

    rnПод злоупотреба се мисли и на физичка и на психичка. И двете потекнуваат и се манифестираат преку желбата на партнерот да доминира, да контролира и да го има главниот збор. Се случува и кај мажи и кај жени, а и двата вида знаат да доведат до емоционална нестабилност која неминовно повлекува депресија. Наместо грижа, љубов и интимност, врската претставува страв и тага. А тоа е целосно спротивно од дефиницијата за љубовна врска, барем од онаа општо прифатената форма.rn

    10. Партнерот не го исполнува неговиот дел

    rnСекоја врска претставува еден вид компромис. Зошто? Бидејќи е спој на различни мислења и ставови. Кога партнерите ќе се најдат на раскрсница, важно е притоа да успеат да најдат златна средина која ќе им одговара и на двајцата. Тоа значи дека тие направиле некаков компромис, односно се прилагодиле на меѓусебните ставови и успеале да најдат решение кое е задоволувачко и за двајцата. Ако вашиот партнер не го исполнува својот дел од тој договор, па и уште ако тоа се случува постојано, тогаш постои поголем проблем. Тој проблем, доколку не се реши, може да предизвика да се чувствувате непочитувани, невреднувани, изиграни, лути. Постојаната изложеност на овие чувства може да ве депримира.rnrn(3)-predupreduvachki-znaci-deka-vrskata-ve-deprimira-kafepauza.mk.jpgrnrnВрската во која не се чувствувате убаво е врска во која не треба да бидете. Не може да биде совршена, но дефинитивно не треба да се чувствувате лошо во неа. Таа треба да биде љубов и смеење пред сѐ, а ако тоа не се случува тогаш потребно е убаво да размислите што сакате. Секој заслужува подобро, а врската која ве депримира е далеку од тоа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 14 причини зошто не можеме да заспиеме навечер

    14 причини зошто не можеме да заспиеме навечер

    Сигурно несоницата ви е позната појава, па дури и да не ја доживувате често, сте ја доживеале некогаш. Кога ќе размислиме, многу различни и интересни нешта нè тераат да останеме будни до доцна, дури и тогаш кога речиси сме биле заспани пред да легнеме во кревет. Еве поради што сè не можеме да заспиеме.rnrn14 причини зошто не можеме да заспиеме навечерrnrn1. Поради хоророт кој сме го гледале истата вечер или пред една година.rnrn2. Поради духови и слични натприродни појави на кои ни текнува доцна во ноќта. Така, нашата фантазија си поигрува со нас и нè остава будни.rnrn3. Поради гласните комшии кои или многу се караат или пак, многу се сакаат и си разменуваат гласни нежности до доцна во ноќта, а ѕидовите се тенки.rnrn4. Бидејќи комшијата се журка до 3 сабајле и пушта гласна музика.rnrn5. Само што легнавте негде во далечината слушате полициска сирена или сирена на брза помош. Потоа вашиот мозок почнува да работи, што се случило, каде се случило, случајно да не е некој што го познавам… и сè така во круг.rnrn6. Поради мува, комарец и сличен непожелен инсект, како пајакот кој беше точно над вашиот кревет и го убивте пред да си легнете. Но, што ако ги има повеќе?rnrn7. Поради чудните звуци, крцкањето, тропањето… ми се причинува или не?rnrnПоради чудните звуци, крцкањето, тропањето... ми се причинува или не?rnrn8. Поради нешто што ни се случило во текот на денот.rnrn9. Поради нешто големо што треба да ни се случи утре.rnrn10. Стрес и несогласувања во љубовта или во семејството. Знаете дека не вреди да се нервирате ама мозокот ви работи брзо исто како што срцето ви чука брзо од нервоза.rnrn11. Поради јакото кафе кое дефинитивно не требаше да го испиете пред еден час.rnrn12. Поради газираниот сок и обилната вечера која тешко се вари.rnrn13. Бидејќи сме жедни или гладни или ни студи, но мрзата е голема па сепак пробуваме да заспиеме.rnrn14. Почнуваме да размислуваме за животот и смртта, дали правиме доволно, што ќе оставиме зад нас и што нè чека откако ќе го напуштиме овој свет. Сите тие големи филозофии се производ на нашите мозоци токму тогаш кога навистина не се пожелни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологија: заборавете на проблемите и научете да се опуштите

    Астрологија: заборавете на проблемите и научете да се опуштите

    Секој од нас има карактерни особини кои го кочат, му создаваат стрес и не му дозволуваат да зачекори кон својата идна среќа. Проблеми му се случуваат секому во животот, но дозволувањето стресот да нѐ надвладее, е само наша одлука. Без разлика дали сте нетрпеливи, гневни, тажни или егоистични, имајте на ум дека таквите особини ве држат во мртва точка и не ви дозволуваат да бидете среќни.rnrnКога последен пат сте имале ужасен ден? Со постојаното менување на времето од сончево во облачно, обврските и нервозите, тој ден најверојатно не бил многу одамна. Тоа е знак дека треба да имате план како да се справите со ваквите денови, а астрологијата и познавањето на особеностите на вашиот знак, многу ќе ви помогнат околу сето тоа.rnrnАстрологија: заборавете на проблемите и научете да се опуштитеrn

    Овен – нетрпеливост

    rnЗаборавете на вашата потреба сѐ да се случи буквално во моментот кога вие ќе посакате. Доколку секогаш некаде брзате, можете да ги пропуштите неверојатните работи во животот на кои природно им е потребен подолг период за да се случат. Научете да ја тренирате вашата трпеливост, а наградата од таквото однесување ќе ја чувствувате на долг рок.rnrnПосле напорен ден ослободете се од целата насобрана напнатост, уживајќи во вашите омилени физички активности. Со гаранција ќе се почувствувате исклучително подобро, после неколку истрчани километри или после една рунда кикбокс.rn

    Бик – огорченост

    rnМногу е важно да заборавите на вашиот потиснат гнев и лутина, до кој толку цврсто се држите. Опростувањето за вас претставува еден начин на исцелување од таквите чувства и враќање на благосостојбата во вашиот живот која ќе ви помогне да продолжите напред. Заборавањето на работите коишто ве лутеле во минатото, ќе ви отворат прекрасни можности за иднината.rnrnПосле напорен ден, свиткајте се во вашето најудобно ќебенце и почестете се со омилениот десерт и ќе забележите како вашите грижи полека исчезнуваат од вашата глава.rn

    Близнаци – премногу размислување

    rnВие буквално живеете во вашата глава, но многу важно за вас е одвреме-навреме да си го „стишите“ мозокот. Доколку секогаш се заглавувате во вашите мисли, ризикувате да го пропуштите она што се случува сега. Дадете си малку време да се релаксирате, да го забавите темпото и да уживате во сегашноста, без да размислувате премногу на неа.rnrnПосле напорен ден одморете го вашиот вечно активен ум, задлабочувајќи се во некоја добра книга. Фокусирањето на вашата ментална енергија кон нешто забавно, занимливо и позитивно, ќе направи да се почувствувате подобро.rn

    Рак – излегување од комфорната зона

    rnЈа знаете онаа мисла „Животот започнува на работ од вашата комфорна зона?“ Во неа има многу вистина! Овој момент е совршен за да се поттурнете себеси нанапред, со цел да пробате нови работи и да искусите нови искуства. Ќе бидете изненадени од она што ќе го најдете по патот, како и од она што ќе го откриете во врска со себеси.rnrnРелаксирачка вечер во вашиот дом, е токму она што ви е потребно после напорен ден. Свиткајте се на каучот во ќебе и пуштете си го вашиот омилен филм или ТВ серија. Ќе видите дека ќе се почувствувате утешено и смирено уште пред да се појават имињата на учесниците на крајот од филмот.rn

    Лав – големо его

    rnМожеби вас ќе ви звучи ова грубо, но сѐ што се случува во светот не се однесува исклучиво само на вас. Можеби на целиот департман во кој работите му е намалена платата, можеби за проектот на којшто работевте напорно добивте негативни критики, но вакви работи секому му се случуваат. Тоа не значи дека светот има лошо мислење за вас. Доколку успеете да го сфатите ова, истото ќе ви помогне да останете во вашиот посакуван центар на вниманието, а воедно и нема толку инстантно да се „инфицирате“ и вознемирувате од постапките и мислењата на другите луѓе.rnrnПосле напорен ден, пронајдете начин да се изразите себеси. Без разлика дали ќе фатите да работите на некој креативен проект или ќе му се јавите на некој пријател кој знаете дека ќе ве сфати, ќе забележите дека кога ќе ги извадите тие чувства од вас, ќе се почувствувате инстантно подобро.rn

    Девица – перфекционизам

    rnРедно време е да се откажете од очекувањата за совршеност, во однос на вас и во однос на луѓето во вашето окружување. Сите имаме мани и навистина совршенството е непостоечка категорија. Ако научите да ги прифаќате ситуациите и луѓето (вклучително и себеси) онакви какви што се, значително ќе си го подобрите квалитетот на животот и ќе се чувствувате порелаксирано и позадоволно.rnrnИскажете ги сите ваши грижи на некој пријател, во комбинација со пијачки или вечера после напорен ден. Дадете си себеси доволно време да ги средите вашите мисли, анализирајќи сѐ што се случило, со цел да почнете да ги напуштате грижите и да се изрелаксирате.rn

    Вага – угодување на другите

    rnВие сакате да ги задоволувате потребите на другите луѓе на едно многу високо ниво, па можеби е конечно време да престанете со тоа. Морате да сфатите дека е невозможно да ги направите сите среќни, а со тоа ризикувате да се изгубите себеси во процесот на грижење за другите. Фокусирајте се на вашите приоритети и ценете ги вашите потреби, бидејќи и вие заслужувате да бидете среќни.rnrnПосле напорен ден, направете си домашен спа-третман кој ќе ви помогне да ги „измиете“ вашите грижи. Поминете ја вечерта разгалувајќи се со лосиони, маски за лице, пилинг на тело, свеж маникир и слични работи. Вие навистина го заслужувате тоа.rn

    Скорпија – премногу очекувања

    rnВие работите напорно за да го добиете она што го сакате, но понекогаш животот не излегува онака како што го имате испланирано. Наместо да жалите по она што го немате, фокусирајте ја вашата енергија заблагодарувајќи им се на прекрасните нешта кои се веќе присутни во вашиот живот. Ова ќе ви даде можност појасно да видите што е важно и што навистина сакате.rnrnВие морате некако да се ослободите од вашата силна енергија, за да можете да почнете да се опуштате. Излезете на куса прошетка, а потоа подгответе си топла бања и уживајте во чаша црвено вино.rn

    Стрелец – конкурентски дух

    rnОставете ја вашата потреба константно да се натпреварувате со себеси и оние околу вас. Вие знаете дека секогаш можете подобро и самото тоа е сосема доволно. Доколку се ослободите од овие неверојатно високи стандарди, ќе си ја подобрите самодовербата и вашите врски со другите луѓе.rnrnКомбинацијата од физичка активност, време поминато со пријателите и вентилирање на насобраните проблеми е она што вам ви е потребно. Јавете се кај некој пријател и појдете на џогирање, притоа разговарајќи за работите кои ве мачат.rn

    Јарец – потреба за контрола

    rnДозволете си да се опуштите и оставете го животот да тече. Можеби ќе ви биде шок, но контролирањето на сите работи во животот е една обична илузија, па придржувајќи се кон неа само си правите контрауслуга на себеси. Доколку се откажете од контролирањето на сѐ околу вас, светот нема да се распадне, а вие ќе чувствувате неверојатна слобода и радост.rnrnПо напорниот ден, почестете се со нешто само за вас. Појдете на масажа, купете си ја кошулата или чевлите кои одамна ги посакувате или купете си кутија со чоколадни бонбони и уживајте во добро филмче.rn

    Водолија – осудување на другите

    rnВие се гордеете со својата објективност, но ваквиот начин на размислување може многу лесно да се претвори во навика да ги осудувате луѓето околу вас. Доколку верувате дека секогаш знаете што е исправно, не им оставате простор на останатите да го искажат својот став. Ослободувањето од потребата да осудувате, ќе ви овозможи да се соживувате со ставовите на другите луѓе, да научите да слушате и подобро да ги разбирате.rnrnСоберете се со вашето друштво и појдете некаде на пијачка. Забавувањето ќе ви помогне да го заборавите лошиот ден и да се чувствувате освежено и позитивно.rn

    Риби – апсорбирање тага

    rnБидејќи сте многу чувствителна личност, вие апсорбирате многу енергија од вашата околина, но тоа не значи дека знаете како да се ослободите од неа. Ослободете се од насобраните тешки емоции и ќе почнете да се чувствувате многу полесно и поенергично. Доколку ја ослободите тагата која ја држите во себе, ќе си овозможите да бидете целосно присутни и да го доживеете животот каков што навистина е.rnrnСоздадете си сопствена оаза, со тоа што ќе си запалите неколку ароматични свеќи, ќе го изгаснете вашиот мобилен телефон и целосно ќе се препуштите на уживањето. Без разлика дали сакате да пишувате, медитирате, да испиете шолја чај, вам ви треба мирна атмосфера за да закрепнете од стресниот ден.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафето нѐ освестува благодарение на автосугестијата

    Кафето нѐ освестува благодарение на автосугестијата

    Доколку сте едни од оние кои мислат дека не можат да го преживеат денот без да го испијат своето утринско кафе, тогаш се лажете. Научниците открија дека „будењето“ е само резултат на вашата автосугестија.Кафето нѐ освестува благодарение на автосугестијатаГолем број луѓе се чувствуваат забавено во текот на целиот ден, доколку ја прескокнат првата шолја кафе наутро, а доколку не пијат кафе ни попладне, тогаш стануваат нервозни и раздразливи. Иако е научно докажано дека кофеинот го поттикнува лачењето на адреналин во нашиот организам, сепак истражувањето на Универзитетот Ист во Лондон, покажало дека благопријатното влијание на кофеинот врз нашиот организам, е во главно само во нашата глава. Тоа значи дека доколку кафето го пиеме со цел да се разбудиме, нашиот мозок така и ќе реагира.rnrnНаучниците ги поделиле испитаниците на четири групи, при што на првата група им дале да се напијат обично кафе, на втората кафе за кое им било кажано дека е безкофеинско, на третите им дале кафе кое не содржи кофеин, а на четвртата кафе без кофеин, за кое им било кажано дека е обично кафе. Резултатите покажале дека луѓето кои пиеле безкофеинско кафе, мислејќи дека во него има кофеин, ги решиле тестовите кои им биле дадени, подеднакво добро како оние кои пиеле обично кафе.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Нервозни сте? Тогаш сигурно несвесно се смеете

    Нервозни сте? Тогаш сигурно несвесно се смеете

    Голем број од луѓето несвесно се смеат кога се нервозни, вели нова студија која открила дека компјутерите подобро препознаваат лажна насмевка од луѓето. Сè уште не се знае според кои знаци го донесуваме нашиот заклучок кога пробуваме да погодиме колку е природна одредена насмевка или кој вид емоции таа во тој момент отсликува.Нервозни сте? Тогаш сигурно несвесно се смеете...rn
    rn

    „Оваа студија покажала дека тајмингот има голема улога во начинот на кој луѓето ги интерпретираат експресиите на лицето,“ вели истражувачот Ешан Хок од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ). „Брзината на појавата на насмевката може да ни го открие нејзиното значење.“

    rnНа пример, можете да препознаете лажна насмевка доколку таа се појавува во неприродно време, прерано или предоцна. Исто така, насмевка која се формира многу споро на лицето на одредена личност може да се смета како знак за лажна насмевка.rn
    rn

    „Погодувањето на тајмингот е клучно доколку сакате да ја сметаат вашата насмевка за искрена и природна,“ вели Хок.

    rnНервозни сте? Тогаш сигурно несвесно се смеете...Од испитаниците било побарано да ги глумат своите фацијални експресии за задоволство и нервоза. Камерите ги регистрирале нивните експресии и ги споредиле едни со други, како и со спонтани експресии на вистинска среќа и фрустрација, притоа барајќи начини меѓусебно да ги разликуваат. Кога било барано од испитаниците да глумат нервоза, тие никогаш не се смееле. Но, кога добиле задача која предизвикувала вистинска нервоза – како пополнување на многу детален онлајн документ кој откако ќе го завршеле „случајно“ се бришел, 90% од нив во тој момент се насмевнувале.rnrnИако на прв поглед „фрустрираните“ насмевки и „среќните“ насмевки на фотографиите наликувале едни на други, со детална анализа на снимениот видео материјал се забележала огромна разлика помеѓу нив. Насмевките кои биле предизвикувани од видео снимка на слатко бебе се развивале поспоро и траеле подолго, за разлика од нервозната насмевка која се појавувала набрзина и исто толку брзо исчезнувала.rnrnНа крајот од истражувањето, испитаниците имале задача да ги интерпретираат фацијалните експресии на нивните соучесници, при што биле во право само за околу 50% од фотографиите на кои имало искрени насмевки, а значително повеќе кога им биле покажани фотографии со лажни насмевки. За разлика од нив, компјутерот успевал да погоди со 90% точност.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дедо Мраз го регулира сообраќајот во ритамот на Мајкл Џексон

    Дедо Мраз го регулира сообраќајот во ритамот на Мајкл Џексон

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnОблечен како Дедо Мраз, сообраќаец танцува во ритамот на Мајкл Џексон и го регулира движењето на возилата во главниот град на Филипините, Манила. 55-годишниот Рамиро Хинојас е човекот кој на ваков начин успева да ја намали нервозата кај возачите заглавени во сообраќајниот хаос, па дури и да ги насмее.Дедо Мраз го регулира сообраќајот во ритамот на Мајкл Џексонrn

    „Се радувам кога ги гледам луѓето среќни, иако се заглавени во сообраќајот, затоа што знам дека ваквиот метеж може да ве излуди, вели Хинојас, кому возачите му се заблагодаруваа преку свирење на сирените од нивните автомобили.“

    rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што го нервира вашиот шеф?

    Што го нервира вашиот шеф?

    Сите ние имаме „жолти“ минути. Намерно или не, сигурно некогаш сте разлутиле некого. Можеби вашиот шеф или газда? Следува листа на 8 работи што ги нервираат вашите надредени. Земете ги предвид!Што го нервира вашиот шеф?rn

    Недоволен ентузијазам за работата

    rnГолемо незадоволство кај шефовите предизвикува кога вработените не покажуваат ниту минимално ниво на ентузијазам за одреден проект кој е исклучително важен, особено откако претходно се изјасниле дека се супер возбудени за идната работа. На крајот, проектот завршува со милион ситни и не толку ситни грешки кои надередениот треба да ги поправа, а сето ова можело навремено да се спречи. Дополнително, шефовите се чудат зошто вработените мислат дека ваквото нивно фолирање нема да биде забележано.rn.rn

    Заобиколување во дискусии за време на состанок

    rnШто го нервира вашиот шеф?Фокусирајте се и прејдете на поентата. Времето може да значи правење или трошење пари. Кое од овие две мислите дека му е важно на вашиот газда?rn.rn

    Поставување прашања пред целосно да се докаже реченицата

    rnДодека некој зборува, треба да почекате тој целосно да се искаже. Така е и во врската помеѓу вас и вашиот шеф. Ако почнете да поставувате прашања, а притоа го прекинувате во средина на реченица, тоа дава многу лош впечаток за вас, како нестрплив и невоспитан човек и вработен. Плус, одговорот на вашето прашање можеби сепак ќе сте го добиеле од вашиот шеф, да не сте го прекинале додека зборувал.rn.rn

    Несогласување со колегите

    rnШто го нервира вашиот шеф?Верувале или не, ова ги нервира вашите надредени. Тие сакаат сите вработени да се согласуваат и да работат во хармонична средина. Ако шефот гледа дека вие ни малку не се трудите да имате коректен однос со вашите колеги, тоа прави лоша слика за вас во неговите очи. Истиот впечаток го оставате доколку според вас секогаш другите се криви зашто некоја работа не е добро завршена.rn.rn

    Вработени кои забораваат дека без оглед која е нивната работна позиција, тие работат во фирма чија првична цел е да прави пари

    rnШто го нервира вашиот шеф?rn

    Вработени кои секојдневно доцнат

    rnВо секоја фирма има по некои вработени кои константно доцнат неколку минути на работа или пак си заминуваат од работното место неколку минути порано. Ако мислите дека вашиот шеф или газда нема да го забележи вашето доцнење, сте се излажале. Тие гледаат сè… или пак имаат некои луѓе кои ги известуваат за тоа.rn.rn

    Ѕвонење на телефон за време на состанок

    rn

    Што го нервира вашиот шеф?Ова е недопустливо! И во случај шефот да не ве опоменал пред состанокот да го исклучите телефонот, вие треба да знаете дека треба да го направите тоа пред започнување на истиот. Ако дозволите вашиот телефон да ѕвони, светка или вибрира за време на состанок, само ќе покажете некултура и непочитување кон присутните.rn.

    rnrn

    Прво истражи, па потоа прашај

    rnШто го нервира вашиот шеф?Бидете сигурни дека вашиот шеф ќе се изнервира ако му поставите прашање во врска со некој проблем за кој претходно не сте се ни потрудиле да најдете решение.