КАФЕ ПАУЗА

Tag: нервоза

  • Умор, нервоза, исцрпеност: 5 работи кои ви ја земаат животната енергија

    Умор, нервоза, исцрпеност: 5 работи кои ви ја земаат животната енергија

    Амигдалата е дел од мозокот кој е одговорен за искажувањето и доживувањето емоции, а може да се каже дека е и „центар за тревога“ на нашиот организам. Сепак, таа не се развива во чекор со модерното општество, па не може да направи разлика помеѓу животните и перципираните опасности кои се тек на нашите мисли, чувства или уверувања. Како резултат на тоа, амигдалата може да го саботира вашето здравје, а вие воопшто да не бидете свесни за тоа. Ова посебно се однесува на хроничниот стрес, како и следните 5 работи.rnrnУмор, нервоза, исцрпеност: 5 работи кои ви ја земаат животната енергијаrn

    1. Песимистичен поглед на светот

    rnАко сте личност која чашата ја гледа полупразна, вашиот преден мозок редовно комуницира со сите типови пораки испратени кон амигдалата. Мислите како „Ништо не ми оди од рака“, „Никој не ме сака“, Немам доволно пари“ и слично, стимулираат стресни реакции во организмот. Истражувањата покажуваат дека оптимистите имаат помал ризик да развијат срцеви заболувања во однос на песимистите и тоа за 77%.rn

    2. Глад

    rnАко чувствувате глад, пораката која се испраќа до амигдалата вели дека сте во сериозен проблем. Ова може да биде и една од причините поради кои не можете да се ослободите од вишокот килограми или не можете да ја покачите телесната тежина, во зависност од режимот на исхрана што го практикувате.rn

    3. Нездрави односи

    rnНормалните односи кои се полни со љубов, разбирање и поддршка ја смируваат амигдалата и се здрави за целото тело. Доколку тоа не е случај, тогаш подобро би било да бидете сами отколку во друштво со луѓе кои ви го загрозуваат нервниот систем. Кога се чувствувате загрозено во односот, независно дали станува збор за семеен, пријателски или љубовен, вашиот нервен систем тоа го перципира како опасност – не само физички, туку и емоционално.rn

    4. Загриженост

    rnПоради анксиозните мисли и нервозата, амигдалата станува вистински центар за тревога. Се разбира, грижите понекогаш е невозможно да се избегнат, но би било добро да се обидете да не се грижите околу работите кои не можете да ги контролирате. На тој начин загриженоста може значително да се намали, а со самото тоа да се спречи и појавата на стресот.rn

    5. Непростливи замерки

    rnКога држите нетрпеливост кон поранешните партнери, родителите, шефот, тогаш само додавате масло на огнот. Амигдалата ваквите мисли и емоции ги толкува на ист начин како што го толкува чувството на глад или обидот за бегство од некоја непожелна ситуација.

  • 10 начини на коишто го нервирате вашиот шеф

    10 начини на коишто го нервирате вашиот шеф

    Без разлика дали станува збор за односите со вашите колеги или пак со вашите претпоставени, несомнено е дека деловните односи честопати може да бидат комплицирани. Иако немате лоши намери, со некои ваши постапки можете несвесно да ги нервирате оние околу вас. Што се однесува конкретно до вашиот шеф, погледнете кои се десетте најчести навики со коишто можете да го изнервирате.rnrnrn

    1. Секогаш доцните

    rnВашиот шеф нема да биде импресиониран од изговорите, без разлика дали причина за тоа е метежот во сообраќајот, проблемите со паркингот или пак со вашите деца. Секогаш постои начин да стигнете навреме, доколку научите подобро да управувате со вашето време.rn

    2. Премногу се потпирате на мејловите

    rnУште една навика којашто го иритира вашиот шеф е тоа што му ги препраќате мејловите коишто не се многу значајни. Подобро е да ги издвоите важните прашања и да му ги соопштите, при што ќе ја поедноставите комуникацијата.rn

    3. Озборувате во канцеларијата

    rnСитуацијата навистина може да биде непријатна доколку вашиот шеф ги слушне вашите озборувачки разговори. Всушност, тој смета дека вие вашата енергија премногу ја посветувате на неважни работи, при што не оставате добар впечаток.rn

    4. Постојано треба да ве потсетуваат

    rnБез разлика дали станува збор за почитување на некој краен рок или пак за извршување на некоја редовна задача, не дозволувајте постојано да ви е потребно потсетување. Секако, ако не успевате да ги исполните временските рокови, вашиот шеф во право е да ви се лути.rn

    5. Постојано го користите телефонот

    rnИако не ви е забрането користење мобилен телефон за време на работните часови, вашиот шеф смета дека со постојаното негово користење се намалува вашата продуктивност. Затоа, бидете внимателни и разумно користете го телефонот.rnrnrn

    6. Доминирате на средбите

    rnНе дозволувајте постојано да зборувате и да се изгубите во вашите зборови, додека вашите колеги и претпоставени не уживаат во тоа. Не водете монолог, зборувајте само онолку колку што е потребно.rn

    7. Живеете во сопствен свет

    rnОва се однесува на тоа дека вие живеете и работите во свој мал свет, притоа судирајќи се со реалниот свет во канцеларијата. Вашите желби и потреби не се централниот проблем на компанијата. Не заборавајте уште еднаш да се потсетите која е нејзината мисија.rn

    8. Премногу се базирате на претпоставките

    rnСекако дека некоја ситуација ќе бара да претпоставувате одредени работи, но понекогаш тие може да доведат до недоразбирања и да ја уништат транспарентноста помеѓу персоналот.rn

    9. Премногу користете боледување

    rnДодека користите слободни денови, вашиот шеф мора да најде некој којшто би ве заменил. Доколку тоа се случува премногу често, тогаш тоа лошо ќе се одрази врз целокупниот персонал.rn

    10. Означувате сè како да е итно

    rnМислите дека вашиот шеф треба да знае сè, односно секоја ситница. Ова може да доведе до непотребни непријатности, па и до занемарување на вистинските проблеми. Научете ја разликата помеѓу она што е навистина важно и она што е од помала значајност за компанијата.

  • Немојте да ги игнорирате: 3 скриени симптоми на сезонските алергии

    Немојте да ги игнорирате: 3 скриени симптоми на сезонските алергии

    Кивањето, раздразнетите синуси, чешањето и болењето на грлото се едни од најчестите симптоми на сезонските алергии кои се најизразени во пролетните месеци. Тоа се должи на високата концентрација полен, на кој многу луѓе покажуваат симптоми како потешкотии со дишењето и солзење на очите. Но, постојат и скриени знаци на алергиите кои потсетуваат на обична настинка, вирус па дури и ПМС. Во продолжение прочитајте кои се тие и обидете се да не ги игнорирате и да побарате соодветна помош, бидејќи иако алергиите можат да се контролираат тие сепак знаат да бидат доста непријатни.rnrnНемојте да ги игнорирате: 3 скриени симптоми на сезонските алергииrn

    1. Умор и слабост

    rnДоколку во текот на денот забележите дека сте поуморени од вообичаено и немате волја да се движите, тогаш можеби станува збор за некаква сезонска алергија. Чувството на умор може да предизвика симптоми како што се печење и чешање на очите што е често резултат на недоволното спиење.rn

    2. Главоболка и кашлица

    rnГлавоболката се поврзува со т.н. пролетен умот и промена на времето. Но, позади неа може да се крие и сезонска алергија. Ваквите главоболки се тесно поврзани и со затнувањето на носот, што може погрешно да се интерпретира како симптом на настинка или вирус. Меѓутоа, причинителот е слузта која се собира во синусите поради притисокот на фронталната коска. Исто така, еден од скриените симптоми е и кашлицата која може да го зајакне тој притисок во главата и по продолжение, главоболката.rn

    3. Раздразнетост и нервоза

    rnРаздразнетоста и немањето концентрација се поврзани со носот, ушите и синусите, односно со целосната слузница на нашиот организам која под влијание на алергените може доста да се оштети. Лошата работа и неправилното функционирање на слузницата може да го отежни дишењето и да предизвика несоница или лошо спиење. Ваквите непријатни симптоми можат да влијаат и врз расположението, па доколку почувствувате нервоза или лутина без никаква причина, тоа се должи на цутењето на одредени пролетни растенија.

  • 12 психолошки трикови за поголема самодоверба

    12 психолошки трикови за поголема самодоверба

    Секојдневно се наоѓаме во ситуации кога сакаме да имаме поголема самодоверба или да бидеме помалку подложни на нервозата и стресот. Кога сакаме да ја победиме анксиозноста која како сенка нѐ следи во сите ситуации во кои треба да ја покажеме нашата храброст и да ги пребродиме сите предизвици кои ни стојат на патот. Во продолжение прочитајте ги 12-те психолошки трикови кои можат да ви послужат како прва помош во оние моменти кога би сакале малку повеќе да верувате во себе и своите способности.rnrn12 психолошки трикови за поголема самодовербаrnrn1. Истражувањата покажуваат дека честото смеење ги прави луѓето посреќни. Широката насмевка и гласното смеење го „лажат“ вашиот мозок да мисли дека се чувствувате среќно.rnrn2. Во оние ситуации кога се чувствувате нервозно, конкретно во ситуациите во кои правите повторливи дејства, џвакајте гума за џвакање. Така ќе го навикнете мозокот да мисли дека не може да биде „во опасност“, бидејќи ќе ја перципирате активноста на џвакање мастика како активност која се поврзува со смиреноста и релаксацијата.rnrn3. Дознајте кому му се допаѓа вашиот карактер: Кога сте во група со луѓе, поедини личности инстинктивно ќе го упатат погледот кон личноста кон која чувствуваат најголема поврзаност.rnrn4. Немојте да велите или пишувате „Мислам“ или „Верувам дека“. Тоа може да направи да изгледате како да имате ниска самодоверба. Обидете се да бидете што посигурни во своите одлуки и избори.rnrn5. Останете мирни кога некој ви е лут. Поради тоа, личноста која ви е лута ќе чувствува уште поголема лутина или бес, но затоа подоцна ќе се чувствува засрамено, а вие ќе можете да кажете дека успешно сте ја издржале ситуацијата.rnrn6. Ако некој ви даде незадоволителен одговор, одржувајте контакт со очите и молчете. Личноста која ви го дала одговорот ќе претпостави дека оригиналниот одговор не бил доволно добар и ќе продолжи да зборува.rnrn7. Ако се „натерате“ да бидете среќни и возбудени кога ќе ја видите некоја личност која можеби и не ви е толку драга, следниот пат кога ќе треба да се сретнете и двајцата ќе бидете навистина возбудени што повторно се гледате.rnrn8. Физичките ефекти на стресот се еднакви на ефектите на воодушевувањето (отежнато дишење, забрзан пулс). Со трансформирањето на стресните ситуации во ситуации со возбуда, можете да го измамите мозокот да помисли дека се соочува со нешто позитивно, при што полесно ќе можете да најдете решение на проблемот.rnrn9. Ако очекувате дека некој ќе сака да направи да се почувствувате лошо и безвредно на некој состанок, тогаш седнете до таа личност или застанете покрај неа. Поради близината, на таа личност ќе ѝ биде непријатно да го покаже своето агресивно однесување.rnrn10. Кога одите на прва средба со некого, изберете некое возбудливо место. Спротивната страна ќе ве поврзува со чувството на возбуда и авантура.rnrn11. Кога се запознавате со некого, обидете се да ја воочите бојата на очите на таа личност. Таа информација не ви е потребна, но е техника на помош со која се осигурувате дека сте направиле контакт со очите доволно долго, што другите го сметаат за пријателски гест и мислат дека личноста со која се запознаваат е полна со самодоверба.rnrn12. Доколку сакате другите да ве сметаат за љубезни, културни и шармантни, тогаш обидете да го запомнете името на личноста со која сте се запознале, барем за таа ситуација, и подоцна искористете го во разговор.

  • 7 суптилни начини на кои флертуваат срамежливите луѓе

    7 суптилни начини на кои флертуваат срамежливите луѓе

    Дали ви се смешкаат или прават некаква гримаса? Дали ве гледаат од другиот крај на собата или го гледаат часовникот над вашата глава? За срамежливите луѓе може да се каже дека го претставуваат еквивалентот на „покер лицето“, бидејќи не откриваат ништо. Или можеби сепак откриваат? Трикот е да обрнете внимание на малите, незабележливи детали, па во продолжение прочитајте за што станува збор.rnrn7 суптилни начини на кои флертуваат срамежливите луѓе rn

    1. Користат суптилни гестови

    rnСигурно нема да застанат пред вашиот прозорец со едно огромно радио од кое ќе се слуша песната „In Your Eyes“ од Питер Габриел. За нив животот не е романтична комедија. Но, тоа не значи дека нема да ви се насмевнат или да ве погледнат и веднаш потоа да се свртат на другата страна. За нив суптилноста е клучна.rn

    2. Можат да бидат чудни (на почетокот)

    rnТука се вбројуваат неконтролираните смеења кои не се соодветни за разговорот, пелтечењето или бесмислените фрази и реченици. На вас е да ја прифатите оваа нивна чудност и да реагирате позитивно на неа. Како што поминуваат минутите, таа полека ќе почне да исчезнува и вистинската личност ќе излезе на површината. Всушност, срамежливите луѓе флертуваат сосема случајно.rn

    3. Нервозни се

    rnДури и во најобичните ситуации проследени со културен разговор, срамежливите луѓе можат да бидат многу нервозни и да паничат без потреба. Ова може да биде знак дека им се допаѓате, но може да биде и знак дека навистина им е непријатно. Срамежливите луѓе се комплицирани личности.rn

    4. Поудобно им е кога флертуваат на интернет

    rnМожеби сте забележале дека срамежливите луѓе делуваат посамоуверено и посмело кога флертуваат со вас преку социјалните мрежи, отколку кога разговараат лице в лице. Меѓутоа, тие нема да одговорат веднаш на вашите пораки, особено ако им се допаѓате, бидејќи сакаат да смислат добар одговор со кој ќе ве импресионираат. Во тие моменти, немојте да помислите дека ве откачиле и мислат дека сте Џаба Хат. Напротив, дајте им време и ќе ве изненадат со својата харизма за која не ни знаевте дека ја поседуваат.rn

    5. Не сакаат да зборуваат за себе

    rnСрамежливите луѓе се чувствуваат неудобно и непријатно кога се во центарот на вниманието. Затоа, ќе ве прашаат што правите вие, што размислувате, што има ново во вашиот живот итн. Ова е начин на кој се обидуваат да го продолжат разговорот, а да не мора да зборуваат за себе.rn

    6. „Случајно“ ве допираат

    rnАко постојано бараат изговори да ве допрат на рамото, на дланките или на грбот, тоа може да значи дека флертуваат со вас. За да бидете сигурни, погледнете како се однесуваат со другите луѓе. Ако не го прават истото со сите, тогаш дефинитивно се заинтересирани. Но, има и луѓе кои природно сакаат да гестикулираат со рацете и да ги допираат луѓето, па затоа внимавајте.rn

    7. Поотворени се кога пијат алкохол

    rnТоа не значи дека треба да ги опијаните и да ја искористите шансата. Тоа е сосем погрешно. Но, дури и срамежливите луѓе се порелаксирани во социјалните ситуации и дружења во кои е вмешан алкохолот. Како што се обидувате да се поврзете со нив и нивната природа, запомнете дека можеби само чекаат прилика да ви кажат како се чувствуваат. Па, ако сѐ уште сте несигурни, тогаш слободно прашајте ги. Можеби и вие по малку се срамите како нив, но некој мора да го направи првиот чекор. Зошто тоа да не бидете вие?

  • Како да се ослободите од постојаното чувство на нервоза?

    Како да се ослободите од постојаното чувство на нервоза?

    Постојат многу моменти во нашиот живот кога го имаме тоа непријатно нервозно чувство во нашиот стомак. Еден вид анксиозност која се појавува во моментите пред интервју за работа или пак, пред испит. Токму ова чувство е тоа што ви помага да останете енергични и фокусирани, резултирајќи со позитивен исход.rnrnКако да се ослободите од постојаното чувство на нервоза?rnrnСосема е во ред понекогаш да чувствувате нервоза, бидејќи во одредени ситуации, како погоре наведените, таа може да биде од корист. Но, хроничната анксиозност може да биде толку силна што едноставно ја презема контролата врз животот на оние кои страдаат од неа. Доколку ги имате следниве симптоми, тогаш и вие сте едни од оние кои имаат проблем со нервозата:rn

      rn011

    • Потешкотии sо спиењето
    • rn011

    • Чувство на гадење
    • rn011

    • Забрзано чукање на срцето
    • rn011

    • Неспособност да се фокусирате
    • rn011

    • Непријатно чувство
    • rn011

    • Плачливо расположение
    • rn011

    • Лесно се иритирате
    • rn011

    • Губење апетит
    • rn

    rnПа, како да ја намалите нервозата која ги предизвикува овие симптоми? И покрај тоа што секој си има свои сопствени и уникатни начини да се справи со ова непријатно чувство, сепак понекогаш тоа може да избега од контрола. За да спречите тоа да се случи, погледнете ги следниве неколку начини на кои можете да се заштитите:rn

    Излезете и вежбајте

    rnФизичката активност испушта ендорфини во вашето тело, па без разлика дали слушате музика додека трчате, кревате тегови или одите на аеробик, тоа е одлично време да ги средите малку вашите мисли и да откриете од каде доаѓа ова непријатно чувство.rn

    Почнете со јога или медитација

    rnИсто како и со физичката активност, така и овие две нешта можат многу да ви помогнат при поврзувањето на вашето тело со вашиот ум. Јогата и медитацијата се едни од најефективните начини да го исчистите вашиот ум и да си ги организирате мислите.rn

    Направете свесен труд да си го одвлечете вниманието

    rnДајте си себеси нешто да правите. На тој начин ќе имате помалку време да се грижите. Во денешно време постојат многу нешта кои можете да ги правите така што истовремено ќе ви биде и забавно, но и малку ќе го ослободите вашиот ум од грижите за секојдневните проблеми.rn

    Запишете си ги мислите

    rnМногу често ги заклучуваме нашите мисли длабоко во нас. Понекогаш тие се толку скриени што дури ни ние не можеме да им пристапиме. Но, со пишувањето вие лесно можете да стигнете до нив, како и да најдете решенија кои би ви помогнале да ја решите загатката.rn

    Побарајте помош

    rnПонекогаш најдоброто нешто што можете да го направите за себе е доколку побарате помош. Уште подобро ако таа е од професионален психотерапевт. Нема потреба да се срамите или да се плашите, бидејќи терапевтите се тука исклучиво за да го подобрат вашето ментално здравје.

  • 7 знаци дека пиете премногу кафе

    7 знаци дека пиете премногу кафе

    Доколку се сомневате дека во текот на денот пиете повеќе кафе отколку што треба, проверете кои се негативните последици од прекумерното уживање во оваа магична напивка. Додека умерената количина кафе може да го подобри вашето паметење и невролошко здравје, прекумерната консумација може да ги наруши телесните, физиолошки функции.rnrn7 знаци дека пиете премногу кафеrn

    1. Прескокнување на срцето

    rnКофеинот е стимуланс кој делува на централниот нервен систем и може да ги забрза срцевите отчукувања. Луѓето кои внесуваат премногу кофеин почнуваат да чувствуваат прескокнувања на срцето.rn

    2. Нервоза и тресење

    rnТресење, немир, нервоза – вака изгледа овој симптом предизвикан од прекумерна консумација на кафето. Кофеинот може да активира или да ослободи некои хормони како адреналинот, кој кај човекот го елиминира чувството на умор, но може да предизвика и нервоза.rn

    3. Често одење во тоалет

    rnКофеинот е слаб диуретик и може да поттикне почесто уринирање. Ова е повеќе непријатен отколку страшен проблем, но тоа може да значи дека хранливите материи не се апсорбираат во организмот како што треба, бидејќи течноста низ телото поминува премногу брзо.rn

    4. Болки во стомакот

    rnКофеинот може да го стимулира дигестивниот тракт, што може да предизвика нервоза, мачнина, па дури и дијареја. Повторно, ова може да биде доста непријатен проблем.rn

    5. Анксиозност

    rnАко кафето, вашата утринска радост, ве прави анксиозни и нервозни наместо смирени и свежи, можеби е време да престанете да го пиете и да преминете на чај. Симптомите на анксиозност можат да се влошат ако претерувате со внесување кофеин во вашето тело.rn

    6. Мачнина

    rnВисокото ниво на киселини во кафето кај некои луѓе може да предизвика мачнина и проблеми со варењето на храната. Посетете го својот доктор и намалете го бројот на кафиња во денот, па видете дали состојбата се подобрила.rn

    7. Несоница

    rnКафето може да нѐ расони, но и да нѐ оддалечи од потребниот сон. Кофеинот циркулира низ нашето тело дури и после неколку часа од консумацијата, па затоа влијае и на бесконечните превртувања во кревет и беспомошните обиди да заспиеме. Немој да пиете кафе пред легнување и обидете се да го смирите организмот со шолја чај од камилица.

  • 8 новогодишни совети против стрес

    8 новогодишни совети против стрес

    Доколку чувствувате нервоза и не стигнувате да ги завршите сите задачи во текот на денот, ви предложуваме да ги разгледате следниве неколку совети кои ќе ви помогнат релаксирано да ги дочекате новогодишните празници.rnrn(0)-8-novogodishni-soveti-protiv-stres-kafepauza.mkrn

    1. Броење

    rnДоколку во текот на денот одеднаш почувствувате стрес, почнете бавно да ја разгледувате просторијата во која се наоѓате. Застанете со погледот на секој предмет, дури и на најмалите ситници и избројте ги. Со овој едноставен трик брзо ќе ја смирите вашата нервоза. Доколку се изгубите во броењето почнете од почеток, но најважно е да не брзате. Стресот ве забрзува и затоа треба да се обидете да го намалите интензитетот на емоциите кои ги чувствувате.rn

    2. Цртање

    rnВо секоја напната ситуација каде што мора да се воздржите од зборување, најдете хартија и молив и веднаш почнете со цртање. Цртајте што било – портрет, кругови или чкртаници. Едноставно дозволете им на вашите емоции да почнат да течат од несвесното кон свесното преку вашата рака.rn

    3. Исклучете го стресот

    rnАко сте гледале индиски филмови, веројатно сте забележале дека танчарките прават комплицирани движења со прстите. Што мислите, зошто? Најкраткиот одговор е дека нашите дланки и прсти се проводници кои се тесно поврзани со централниот нервен систем. Допирот може да го подобри расположението, да ве смири и да ви даде сила. За да ја отстраните анксиозноста или нападот на паника, со палците притиснете на средина од дланката и вдишете длабоко. Повторувајте го истото десетина секунди.rn

    4. Релаксирање

    rnБрадата е зона во која се концентрира напнатоста. Токму затоа и кога сме лути инстиктивно почнуваме да ја собираме вилицата. Па, доколку сакате да го вратите доброто расположение, малку подотворете ја устата и полека свртете ја главата десно, па лево и притиснете ја брадата на градите. Повторете го ова 10 пати и веднаш ќе почувствувате опуштање.rn

    5. Синхронизација

    rnСинхронизираните движења ги инхибираат нервните процеси. Токму затоа и плетењето ги смирува нервите. Ако не сте во состојба да носите игли за плетење, тогаш погрижете се со вас секогаш да имате мастики за џвакање. Не е ни чудно што малите деца плачат кога ќе им ја одземат цуцлата.rn

    6. Враќање во детството

    rnКога ќе се вратите од работа уморни, не гледајте вести на телевизија, туку пуштете цртани филмови или некоја од вашите омилени филмски бајки. Детскиот свет е свет на безгрижна среќа кој не мора да го оставите зад себе откако ќе пораснете.rn

    7. Танцување

    rnТанцувањето како спорт го стимулира лачењето на ендорфини – хормонот за среќа. Тоа исто така е и еден начин на самозапознавање. Дали сметате дека сте пред емотивна експлозија? Пуштете ја вашата омилена музика и заиграјте, колку тоа и да ви изгледа тешко во тој момент.rn

    8. Туширање

    rnПуштете млака вода, застанете под туш и затворете ги очите. Дозволете ѝ на водата слободно да паѓа од вашата глава кон петите. Откако ќе почнете да чувствувате смирување, кажете ѝ на водата гласно што ве мачи, бидејќи таа има моќ да ги измие лошите нешта од вас и многу да ви помогне.

  • Што значи „дебелеење на нервна база“?

    Што значи „дебелеење на нервна база“?

    Фразата со која често кажуваме што е причината за некој наш проблем со чувствата или состојбата во која се наоѓаме, гласи: „Сè е тоа на нервна база“. И тоа е многу повеќе од точно, бидејќи сè е на нервна база. И кога многу добро се познаваме себеси, и понатаму имаме „нервна база“ која си го прави своето, бидејќи е директно поврзана со нашето тело и психа, на кои често не можеме да им обезбедиме сè што им е потребно.rnrn1-shto-znachi-debeleenje-na-nervna-baza-www.kafepauza.mk_rnrnКога се во прашање вишокот килограми, скоро секоја жена е свесна за импулсот „нервна база“. Се познаваме себеси доволно, па знаеме дека се дебелееме кога сме незадоволни, во страв, преоптоварени со обврски, емотивно неисполнети, под стрес и ненаспани. На нашето тело му треба гориво, а кога нешто му го попречува балансот, потребен ни е резервоар. На менталната стабилност ѝ е потребна вкоренетост во животот, а за телесната преводот е буквален – треба да ја притиснеме земјата со што поголема тежина и да заземеме поголем физички простор.rn

    Зошто го губиме апетитот и слабееме кога сме заљубени?

    rnБидејќи тогаш летаме како балон, не ја допираме земјата и исполнети сме со емоции кои ја одредуваат нашата телесна хемија. Се активираат резервоарите, се зголемува нивото на среќни хормони и воопшто не нè интересира да се вкорениме кога чувствуваме дека можеме да летаме. Леснотијата и брзината со која се движиме низ периодот на заљубеност резултира со намалена телесна тежина, со брзина која никогаш не ја постигнуваме со никаква диета или дисциплина.rnrnНекои жени слабеат од грижи и проблеми, а некои се дебелеат. Оние кои копнеат „се јадат однатре“ и се намалуваат, како да забораваат на себе и на својата моќ да управуваат со својот живот и како на тој начин полесно да ќе се провлечат низ замките на животот. Оние кои се дебелеат, се спротивставуваат на стравовите со зголемување на калориите. И тоа се механизми кои главно не се менуваат, т.е. ретко на некоја личност да ѝ се случува и едното и другото.rnrnУспешното симнување на килограмите – доколку изостане заљубувањето, како ракетно гориво кое нѐ полетува директно кон ѕвездите (витки и сјајни) – почнува во моментите на „кршење“ – кога ќе ни се смачи, кога ќе се налутиме на својата слабост или пак на силата на „механизмот на нашата нервна база“ и кога ќе се одлучиме да се спротивставиме на тоа нешто во нас, што управува со нашата килажа. Кога ќе си кажеме на себе „не можам повеќе вака“, но не на тој начин како што стопати сме си кажале, загрижено и очајно, туку луто и заповедно.rnrn2-shto-znachi-debeleenje-na-nervna-baza-www.kafepauza.mk_rnrnТогаш стануваме како невоспитано мало детенце на кое започнуваме да му воведуваме дисциплина. Тоа е добар импулс, но не успева секогаш. Не можеме доволно долго да бидеме лути на себе со ист интензитет, а можеме да станеме лути затоа што сме гладни. Но, затоа пак, често поради успехот што сме изгубиле неколку килограми, имаме волја да продолжиме понатаму.rnrnИ кога ќе постигнеме успех, некое време уживаме во себе, а потоа работите ќе станат обични, паѓаме во рутина и се враќаме на „механизмот на нервна база“. Понекогаш доста долго ја одржуваме линијата без некои напори и одрекувања, но тогаш наидуваат периоди во кои нашата потреба да заземеме одбранбен став кон животот и да ја притиснеме земјата со поголема маса, нè обзема.rnrnТреба да исклучиме неколку механизми за да ја задржиме нашата линија, а тоа значи да поработиме на нервната база., т.е. да го промениме начинот на живот и на своето тело и дух да им обезбедиме услови за одмор, активност, креативност и задоволство – да ги промениме сигналите кои доаѓаат од „нервната база“.

  • Што му предизвикува стрес на секој од хороскопските знаци и како тие се справуваат со него?

    Што му предизвикува стрес на секој од хороскопските знаци и како тие се справуваат со него?

    Стресот е проблем со кој голем број луѓе секојдневно мора да се справуваат, а секоја личност различно се носи со него. Погледнете како хороскопските знаци успеваат да излезат на крај со оваа ужасна мака.rnrn0-shto-mu-predizvikuva-stres-na-sekoj-od-horoskopskite-znaci-i-kako-tie-se-spravuvaat-so-nego-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnПрипадниците на знакот Овен се динамични луѓе додека не се потроши нивната енергија. Кога се болни или се чувствуваат лошо, стресот им се насобира. Запомнете, вие не сте суперхерои. Никој не очекува да го спасувате светот. Одвојте време за одмор.rn

    Бик

    rnБикот сака постојано да се чувствува компетентно, па затоа вложува време да ги направи нештата како што треба уште првиот пат. Најголемиот предизвикувач на стрес за нив е неуспехот. Запаметете дека неуспех може секому да му се случи, така созреваме.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците не ги трпат глупостите на луѓето. Нивниот стрес е предизвикан кога луѓето се однесуваат глупаво, но од витална важност е да запаметите дека треба да дишете и да не се лутите затоа што токму таа лутина го создава стресот.rn

    Рак

    rnЗа овој знак, несигурноста е најголемиот причинител на стрес. Кога доживувате пораз имате тенденција да правите драма и непотребни сцени. Не ги голтајте чувствата, искажете ги, но сепак бидете конструктивни. Дишете длабоко и бидете сигурни.rn

    Лав

    rnСтресот кај Лавот се појавува кога нема контрола врз нештата, особено кога губи или ако нешто не функционира како што треба. Сетете се дека некогаш мора да ги пуштите работите да течат по свој тек. Ако ништо друго, барем ќе бидете посреќни.rn

    Девица

    rnПрипадниците на овој знак премногу размислуваат. Среќа што тоа не е смртоносно, затоа што ако беше вие досега ќе бевте мртви. Вашата најголема причина за стрес е тоа што не можете да си ги средите мислите. Правете листи, распореди, запишувајте ги нештата на лист – така сигурно ќе ви олесни.rn

    Вага

    rnВагите не сакаат нефер однесување. Од друга страна пак, кој сака? Вие имате навика да поминувате премногу време размислувајќи дали да се соочите со луѓето кои не биле фер кон вас. Наместо да се опседнувате со тоа, едноставно зборувајте со таа личност уште во моментот. Само без насилство.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите можеби изгледаат како скорпии – со остри штипалки и отров однадвор, но однатре се нежни и чувствителни. Кога чувствувате тензија и нервоза се трудите да ја прикриете што е можно повеќе. Она што мора да го запомните е да одвојувате време за себе.rn

    Стрелец

    rnСтрелецот е секогаш во движење. Вие мразите да седите и мразите ситуации кога мора да глумите. Одморете од тоа и слободно откачете. Излезете со пријателите или правете некоја физичка активност што ви го покренува адреналинот.rn

    Јарец

    rnВие имате преголеми очекувања од себеси. Стресот се состои во тоа што вие не уживате доволно во убавите моменти од животот. Едноставно е – ослободете се.rn

    Водолија

    rnМора секогаш сѐ да биде по нивно. Вие без причина сте фрустрирани ако нештата не се по ваше. Разберете дека таков е животот. Земете длабок здив и продолжете понатака.rn

    Риби

    rnРибите, како и Скорпиите, се знаци кои ја ценат и ја сакаат интимата. Јавното зборување и искажување чувства е најстресното нешто за нив. Овие нешта се дел од животот, затоа заземете став дека сѐ поминува и одвојувајте време кое ќе го поминете правејќи нешта што вие ги сакате.