КАФЕ ПАУЗА

Tag: нерви

  • Парестезија: Еве зошто ни трпнат рацете и нозете

    Парестезија: Еве зошто ни трпнат рацете и нозете

    Скоро на секој му се случило да го проживее таканаречениот „синдром мртов екстремитет“, кога вашата рака или нога се здрвува, а вие чувствувате како да ви поминуваат иглички низ неа. Но, сте запрашале ли некогаш зошто тоа се случува? Што всушност претставува трпнењето на рацете и дали можеби е опасно по здравјето? Во продолжение прочитајте нешто повеќе причините за појавата на ова необично чувство.rnrnЕве зошто ни трпнат рацете и нозетеrn

    Што претставува трпнењето на рацете и нозете?

    rnДодека „трпнење“ или „иглички“ се интересни начини да се опише оваа сензација, медицинскиот израз за неа е парестезија. Парестезијата може да се случи од неколку причини, но најчесто се случува поради притисок на нервите. На пример, кога сте спиеле потпрени на вашата рака и по одреден временски период таа ќе почне да ви се здрвува и да трпне. Тоа е така бидејќи снабдувањето со крв до тоа место е повремено прекинато, па вашата рака и вашиот мозок престануваат да комуницираат. Мозокот не може да заклучи што се случува со екстремитетот, па не може да испрати ниту соодветна дразба. Ваквото чувство се јавува за да обрнете внимание на вашите занемарени екстремитети.rn

    Дали трпнењето е опасно?

    rnВо повеќето случаи, трпнењето не е опасно. Доколку вашите екстремитети одвреме-навреме знаат да се здрват, станете и раздвижете се. Но, ако трпнењето не исчезнува и перзистира како симптом, тогаш можеби е знак на нешто друго. Доколку искусувате здрвување на екстремистите на подолг временски период, тогаш треба да го посетите вашиот доктор. Долгорочното трпнење може да биде знак на некое поголемо здравствено нарушување како ишијас, воспаление на нервите, мозочен или срцев удар, па дури и мултиплекс склероза. Разговарајте со вашиот лекар ако раздвижувањето не го олеснува ова чувство.rn

    Што можете да сторите за трпнењето?

    rnОбично, кога ви трпнат рацете или нозете, вашиот мозок треба да регистрира дека нема комуникација со делот кој се здрвил. За да го помогнете тој процес, притиснете на местото на кое чувствувате трпнење, но бидете понежни бидејќи тој дел од телото е здрвен, па не можете добро да го разликувате интензитетот на болката.

  • Решенија за неколку секојдневни глупави ситуации

    Решенија за неколку секојдневни глупави ситуации

    Колку пати ви се случило да сте зашеметени после попладневна дремка или да се чувствувате анксиозно без некоја особена причина и да не знаете како да си помогнете? Со овие неколку едноставни трикови, ќе решите дел до секојдневните глупави ситуации.rnrnРешенија за неколку глупави секојдневни ситуации rnrn„Замрзнување“ на мозокот. Со притискање на палецот од вашата рака на горниот дел од внатрешноста на вашата уста, ќе го стоплите непцето и ќе ја ублажите болката.rnrnГлупава песна не ви излегува од глава. Спречете ги досадните песни да го окупираат вашиот мозок, решавајќи некаква загатка.rnrnИтна потреба за мокрење. Отстранете ја тензијата така што ќе мислите на секс или чешајќи го листот од ногата. Овие работи ќе го окупираат вашиот мозок, додека конечно да отидете по мала нужда.rnrnНапнатост. Дувајте во јагодата од вашиот палец за ја да намалите тензијата. Палецот содржи нерви коишто го контролираат пулсот на вашето срце.rnrnЗабоболка. Протријте коцка мраз на надворешната страна од вашата дланка, како и на делот помеѓу палецот и показалецот. Овој дел од телото содржи нервни патишта кои ги блокираат знаците за болка во лицето и рацете.rnrnПапсаност после попладневна дремка. Напијте се кафе точно пред да си легнете да поспиете. Кофеинот ќе почне да делува веднаш штом се разбудите.rnrnКога сакате да направите „да пукне“ и си ги промашувате дланките. Сè што треба да сторите за да не ви се случува ова, е да гледате во лакотот на личноста спроти вас.rnrn

  • Неколку чудни и интересни факти за живиот свет

    Неколку чудни и интересни факти за живиот свет

    Како што веќе знаеме, целиот животински, па и растителен свет е исполнет со многу различни видови кои за нас се многу чудни. Ова е продолжение на некои од најинтересните факти поврзани со живиот свет околу нас.rnrnЕден вид медуза (Turritopsis nutricula) по достигнувањето на зрелоста, има способност да изврши трансформација на своите клетки и да се врати наназад во времето, односно во детството. Тоа може да го прави до крајот на својот живот.rnrnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Некои птици преселници имаат магнетен компас во своето тело, односно орган наречен магнет-рецептор, кој им помага во навигацијата користејќи го магнетното поле на Земјата.
    • rn011

    • Мажјакот од видот морски мачки, ги чува своите јајца во устата сè додека тие не се подготвени да се отворат.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Печурката Cordyceps има способност за умствена контрола врз некои инсекти, како на пример мравките, кои ги тера да се качуваат по неа, така станувајќи нејзина храна.
    • rn011

    • Една мала водна мечка (Tardigrade) може да преживее во екстремни средини, кои би го убиле секое друго животно, односно температури ниски до -273 (близу до апсолутната нула) и високи до 151 степен Целзиусов.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Ако викате силно 8 години, 7 месеци и 6 дена ќе создадете доволно енергија за да затоплите една шолја кафе. Но, не вреди да потрошите 8 години на тоа, нели? 🙂
    • rn011

    • Оргазмот кај свињата трае 30 минути.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Луѓето и делфините се единствените видови кои имаат сексуални односи за задоволство.
    • rn011

    • Во просек, луѓето многу повеќе се плашат од пајаци одколку од смрт.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Рожницата во човечкото око е единствениот дел до кој не доаѓа крв.
    • rn011

    • Големата алга (Macrocystis pyrifera) е најбрзиот растечки организам на планетава. Расте по 70 см на ден.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Најголемото јајце на Земјата е она од ној. Потребни се околу 30 кокошкини јајца за да се достигне неговиот волумен и околу 2 часа варење за да се свари.
    • rn011

    • Кога кралицата на рибите-клонови ќе умре, мажјакот го менува својот пол за да го земе нејзиното место.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Лебарката може да живее 9 дена без глава. После 9-тиот ден умира од глад. Кој вели дека потребна ти е главата за да живееш? 🙂
    • rn011

    • Пеперутките чувствуваат вкус со помош на своите нозе.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Слонот е единственото животно кое не може да скокне.
    • rn011

    • Животниот век на една трепка е 5 месеци.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Должината помеѓу лактот и почетокот на шаката е еднаква со должината на вашето стапало.
    • rn011

    • Најголема концентрација на нерви кај човекот има на врвот на прстите.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Копитестите краби имаат сина крв.
    • rn011

    • Некои видови црви имаат и повеќе од 10 срца.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Делфините и китовите се единствените цицачи кои не пијат вода.
    • rn011

    • Камелеонот има јазик кој е поголем од целото негово тело.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rn

      rn011

    • Некои лавови се парат околу 50 пати на ден.
    • rn

    rnНеколку чудни и интересни факти за животните 2rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.