КАФЕ ПАУЗА

Tag: непредвидливост

  • Со нив никогаш не знаете на што сте: 5 непредвидливи хороскопски знаци

    Со нив никогаш не знаете на што сте: 5 непредвидливи хороскопски знаци

    Постојат луѓе кои постојано нагло го менуваат своето расположение, тие се целосно непредвидливи, па нивните потези и зборови е невозможно да се предвидат. Со нив е тешко да комуницирате бидејќи никогаш не знаете како ќе реагираат на вашите зборови, дали ќе ве слушаат и ќе ве разберат. Тие не толерираат монотонија и постојано бараат акција. Еве за кои хороскопски знаци станува збор:rnrnСо нив никогаш не знаете на што сте: 5 непредвидливи хороскопски знациrn

    Близнаци

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак постојано се стремат кон нешто ново. За да го постигнат тоа, тие имаат многу работи на својата листа на активности, па затоа понекогаш ги забораваат своите приоритети.rn

    Лав

    rnЛавовите можат да почувствуваат премногу емоции во еден момент и тие тоа го прифатиле. Ако одеднаш се чувствуваат среќни, веќе следниот момент може да ги изнервира нешто, па го менуваат расположението. За нив е тоа во ред и тие знаат дека е природно да се менуваат емоциите. Тоа може да ги збуни другите луѓе, но за Лавовите не е ништо невообичаено.rn

    Скорпија

    rnОвој хороскопски знак има многу чувствителна душа. Скорпиите имаат комплексен збир на емоции во различни ситуации. Поради ова, тие изгледаат како непредвидливи и темпераментни луѓе. Припадниците на овој хороскопски знак се лојални и бараат од другите луѓе да го сторат истото.rn

    Стрелец

    rnТие секогаш се во некој наплив на енергија. Сè што сакаат, го сакаат веднаш. Кај нив нема чекање. Поради постојаното брзање и бегство од монотонијата, тие обично се непредвидливи во занесот на своите чувства.rn

    Водолија

    rnВодолиите имаат свој пат и тие не планираат ништо затоа што се навикнати секојдневно да доживуваат сплет на емоции. Тоа ги прави непредвидливи и понекогаш ги тера да прават неочекувани работи.rnrnПрочитајте што одбива да направи секој хороскопски знак на првиот состанок.

  • Тест: Начинот на кој реагирате во ненадејни ситуации открива каков став заземате при кавга

    Тест: Начинот на кој реагирате во ненадејни ситуации открива каков став заземате при кавга

    Не може сè во животот да се предвиди. Постојано нè погодуваат некакви изненадувања, итни случаи и непредвидени катастрофи, не давајќи ни шанса барем психички да се подготвиме. Изненадувањата од кој било вид може да бидат стресни – како понудата за брак, така и неочекуваното раскинување. Има премногу такви работи кои не можеме да ги предвидиме и контролираме. Тоа е една од причините поради кои сите ние имаме развиено навики и техники да се носиме со нив.rnrntest-nachinot-na-koj-reagirate-vo-nenadejni-situacii-otkriva-kakov-stav-zazemate-pri-kavga-kafepauza.mkrnrnОвој тест ќе ви овозможи да се сместите во една од четирите категории луѓе според начинот на кој реагирате на една неочекувана, но сепак секојдневна ситуација, а потоа според тоа и да одредите како пристапувате кога доаѓа до кавга помеѓу вас и некоја блиска личност.rnrnСе шетате на улица, кога ненадејно почнува да врне. И да почнете да трчате како луди, сепак би ви требале најмалку 5 минути до најблиското одредиште. Што најдобро ја опишува вашата реакција во тој момент?rn

      rn011

    1. Би нашол/ла некоја стреа или дрво, би застанал/а тука и би почекал/а да престане да врне.
    2. rn011

    3. Бидејќи не знам колку долго ќе врне, би отрчал/а до местото каде што сум тргнал/а, брзо колку што ме држат нозете.
    4. rn011

    5. Би погледнал/а дали проаѓа некој со чадор кој би го споделил со мене или би отишол/ла до првата продавница за да купам.
    6. rn011

    7. Јас никогаш не излегувам без чадор од дома, би го извадил/а и би го отворил/а.
    8. rn

    rn1-test-nachinot-na-koj-reagirate-vo-nenadejni-situacii-otkriva-kakov-stav-zazemate-pri-kavga-kafepauza.mkrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]rnrnКако реагиравте на ненадејниот порој? Дождот ги претставува непредвидливите и неконтролирачките сили во животот. Вашиот одговор открива како вообичаено реагирате кога ќе настане кавга меѓу вас и вашиот партнер или некој од пријателите.rn

    1. Би нашол/ла некоја стреа или дрво, би застанал/а тука и би почекал/а да престане да врне.

    rnВие сте тип личност која чека другата страна во кавгата да се испразни и да се смири пред да преземете нешто за да ги испеглате односите. Склони сте да им дозволите да се изнавикаат додека им снема сила, а потоа вие настапувате и го изложувате целиот случај мирно и објективно. Некои овој пристап би го нарекле паметен, други пак би рекле дека е лукав.rn

    2. Бидејќи не знам колку долго ќе паѓа дожд, би отрчал/а до местото каде што сум тргнал/а, брзо колку што ме држат нозете.

    rnНе ви е многу важно каков ќе биде исходот на кавгата, многу повеќе ви е важно да го изнесете своето мислење. Вие сте сигурни дека сте во право, па нема потреба од понатамошни расправии. Тактиката на земање и давање кај вас не е присутна. Ако тој/таа почне да вика, вие почнувате да урлате. Сѐ на сè, не е забавно човек да влезе во кавга со вас. Од друга страна, лесно е да се дознае што мислите за одреден проблем.rn

    3. Би погледнал/а дали проаѓа некој со чадор кој би го споделил со мене или би отишол/ла до првата продавница за да купам.

    rnНе сакате кавги и спротивставување на мислењата, па се трудите да ги измазните односите и да го смирите противникот кога и да дојде до конфликт. За жал, тоа најчесто само ги влошува работите. Би било подобро да заземете цврст став и одвреме-навреме да ја издржите бурата.rn

    4. Јас никогаш не излегувам без чадор од дома, би го извадил/а и би го отворил/а.

    rnМислите дека имате одговор во секоја ситуација, оправдување за секоја грешка. За вас кавгата е само прилика да ги вежбате своите ораторски способности, но на другите може да им делувате опасни, фрустрирани и неискрени. Секако, вие и за ова имате добро образложение.[/toggle_item][/toggle_box]

  • Фатална привлечност

    Фатална привлечност

    Со наслов „Фатална привлечност“ сигурни сме дека веднаш помисливте на Мајкл Даглас и Глен Клос. И покрај тоа што ви дадовме одличен предлог за филм, студиите покажуваат дека фаталната привлечност во врските е далеку помалку екстремна и драматична.Фатална привлечностИстражувачите на врски долго проучувале што точно ја предизвикува привлечноста, но процесот на фатална привлечност објаснува како нешто што на почетокот било привлечно може да доведе до крај на врска.rnrnПробајте да го замислите наредново сценарио. Вас ве привлекува некоја личност бидејќи е спонтана. Во раните стадиуми од оваа врска, вашиот поглед кон спонтаноста може да биде забавен и возбудлив. Но, како што поминува времето можеби ќе почнете да мислите дека таа личност е премногу непредвидлива и тоа полека ќе се претвори во причина за раскинување.rnrnЗа подобро да се разбере фаталната привлечност, професорката Дајен Фелмли од Универзитетот во Висконсин направила истражување во кое учествувале 301 индивидуа од кои 81 можеле да објаснат раскинување со помош на фаталната привлечност. Таа открила три најчести шеми:rnrn1. Забавно до будалесто – Ова бил најчестиот пример за процес на фатална привлечност. Со оваа ситуација, индивидуите на почетокот биле привлечени од некоја личност бидејќи била едноставно „забавна“. Но, истото однесување со тек на време станувало проблематично. Замислете дека ве привлекува некој кој постојано кажува шеги и кој скоро никогаш не е сериозен. Ова би можело да биде привлечно, но со тек на време ќе сфатите дека неговото/нејзиното однесување може да биде понижувачко и детинесто.rnrn2. Силно до авторитарно – Замислете дека ве привлекува некоја личност затоа што е доминантен, има цврсти ставови и висока самодоверба. Со тек на време, ќе почнете да гледате на овие однесувања како премногу диктаторски, насилни и/или авторитарни.rnrn3. Спонтано до непредвидливо – Оваа фатална привлечност се манифестира со интересирање за одредена личност поради нејзината спонтаност, но подоцна во текот на врската истите овие однесувања ќе ве натераат да си помислите дека таа личност е премногу непредвидлива за вас.rnrnЗошто се појавува овој процес? Сличноста е клуч за појава на привлекувањето. Истражувањата сè повеќе и повеќе ни покажуваат дека спротивностите ретко кога се привлекуваат. Доколку не се согласувате со ова размислување, погледнете го вашиот близок круг на пријатели. Што забележувате? Сите тие се многу слични измеѓу себе и со вас. Поради тоа, едното објаснување за фаталната привлечност е фактот дека „фаталното однесување“ е премногу различно од нашето.rnrnДругото објаснување кое произлегло од ова истражување е она поврзано со гледањето низ „розови наочари“. Поточно, „индивидуите се привлечени од силината на другата личност и иако се свесни за нивните слабости, од одредени причини одлучуваат целосно да ги игнорираат.“ Кога периодот на „меден месец“ ќе заврши, привлечноста го намалува својот интензитет и овие негативни карактеристики се сè потешки за игнорирање.rnrnПа, наредниот пат кога ќе започнете врска со некоја нова личност за која ќе си помислите „Ова е многу интересно! Тој/таа е толку различен/а“, потсетете се на овој текст и размислете дали навистина вреди да се впуштите во таа авантура. Но, во секој случај ви посакуваме среќно ловење!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сираче (Orphan)

    Сираче (Orphan)

    Хорор филм за мистиката, непредвидливоста и за еден лош изборrnrnСираче (Orphan)rnГлавни ликови: Вира Фармиџа, Питер Сарсгард, Изабел Фурман, Џими Бенет, Арјана Енџенир…rnrnРежисер: Џаума Колет-СераrnrnЖанр: хорор, мистерија, драмаrnrnВреметраење: 123 мин.rnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 24 Јули 2009rnrnМузика: Били Хил, Рик Нилсен…rnrnВеб-сајт: www.orphan-movie.comrnrnНаша оценка: 8/10rnrn————————————————————————————————————————————————————————rnКога ќе ја чуете приказната можеби ќе си речете дека повторно станува збор за клише. Но, „Сираче“ воопшто не е како оние хорори кои се појавија после „Прстенот“, сите во истиот стил. Бидете сигурни дека ќе гледате несекојдневен хорор, кој навистина вреди да се вброи меѓу подобрите во последниве 5 години. Одлична глума и супер возбудлива приказна за комплетно уживање.rn————————————————————————————————————————————————————————rn

    rn

    rn

    Приказна: Кејт Колман и нејзиниот сопруг Џон, решаваат да посвојат дете откако нивното трето новороденче починува на самото раѓање. Ова се чини како одличен чекор кој ќе и помогне на Кејт да го надмине проблемот со алкохолот кој е последица од несаканата случка.rn.

    rn

    rn

    rn

    „Мислам дека луѓето секогаш треба да се трудат, лошите работи кои им се случиле во животот да ги претворат во нешто добро.“

    rn

    rn

    Од локалното сиропиталиште, тие ја посвојуваат Естер, 9 годишно девојче со потекло од Русија. Нивната глувонема ќеркичка Макс е возбудена и среќна за новата сестричка, но синот Даниел веднаш почнува да чувствува некакви негативни вибрации од новиот член. Дејствието се развива постепено, но последниот половина час навистина ќе ви го засили чукањето на срцето, или можеби ќе го натера да подзастане од страв.

    rn

    rnrnКинематографија: Режисерот одлично си ја завршил работата со самото тоа што го одбрал перфектното годишно време во кое се случува дејството. Мрачното и темно небо проследено со снег само ги надополнува морничавите кадри и музиката, па така звукот на каминот и на пијаното на кое Естер ја свири симфонијата „Есен“ (дел од циклусот „Годишни времиња“ од Петар Илич Чајковски), целосно ќе ве наежи..rn.rn

    „Мора да е тешко да го сакаш посвоеното дете, како свое.“

    rnКога и како да го гледате? Ова е премногу очигледно. Секој обожавател на хорор филмовите знае дека овој филм треба да се гледа доцна навечер, за подобро да се осетат ефектите и возбудата да биде поголема. Погоден е да се гледа во друштво, но внимавајте секој да има придружба за враќање накај дома.rnrnСлични филмови: „Прстенот“ (The Ring), „Лош предзнак“ (The Omen), „Децата“ (The Children)rnrn