КАФЕ ПАУЗА

Tag: необични

  • 10 необични факти што нема да можете да ги извадите од глава откако ќе ги прочитате!

    10 необични факти што нема да можете да ги извадите од глава откако ќе ги прочитате!

    Животот е полн со изненадувања. Понекогаш навидум обичните работи може да испаднат многу комплицирани ако ги погледнеме од поинаков агол. Доколку сте расположени за малку знаење, прочитајте ги следниве необични факти кои сигурно ќе ве изненадат…rn

    1. Помфритот до МекДоналдс се прави од 19 состојки

    rn10 необични факти што нема да можете да ги извадите од глава откако ќе ги прочитате!rnrnПокрај стандардната комбинација од компири, масло и сол, помфритот од МекДоналдс содржи природен вкус на говедско, лимонска киселина, натриум пирофосфат (за да ја зачува бојата), диметилполисилоксан (состојка против пенење) и други состојки што не се толку корисни за вашето здравје.rn

    2. Бодликаво растение во Австралија што предизвикува самоубиствени мисли

    rn10 необични факти што нема да можете да ги извадите од глава откако ќе ги прочитате!rnrnСамоубиственото растение во Австралија содржи толку моќен невротоксин што може да предизвика самоубиствени мисли. Болката од убодите е толку силна што дури и животните и инсектите се обидуваат да се самоубијат.rn

    3. Секојдневните пијалаци содржат огромна количина на шеќер

    rn10 необични факти што нема да можете да ги извадите од глава откако ќе ги прочитате!rnrnНеверојатно е тоа колку шеќер содржат пијалаците што се продаваат во продавниците. Една лименка Кока-кола содржи 10 полни лажички шеќер. Ова ја надминува дозволената количина на шеќер што треба да внесува дневно, дури и да не ги земате предвид останатите пијалаци и оброци.rn

    4. Голем дел од нашите постапки зависат од нашата потсвест

    rn10 необични факти што нема да можете да ги извадите од глава откако ќе ги прочитате!rnrnИако луѓето се развиени и интелигентни суштества, понекогаш неверојатно е тоа колку примитивен начин на работа има човечкиот мозок. Благодарение на неконтролираните потсвесни процеси, може да бидеме среќни само поради тоа што е сончево надвор или можеме да се вљубиме во некого само поради мирисот на личноста. Нашата потсвест исто така може да го предизвика таканаречениот ефект на изложеност, според кој колку почесто гледаме некој или нешто толку повеќе почнува да ни се допаѓа тоа.rn

    5. Удавените луѓе не стигнуваат до површината на езерото Тахо

    rn10 необични факти што нема да можете да ги извадите од глава откако ќе ги прочитате!rnrnЕзерото на удавени тела или езерото Тахо се наоѓа на планините Сиера Невада и се верува дека во него има илјадници мртви тела, совршено сочувани во езерските длабочини. Водата во езерото е толку ладна што луѓето кои ќе се удават, не пловат на површината, туку тонат на дното. Поради екстремната длабочина на езерото, нуркачите не можат да стигнат до телата без посебна опрема.rnrnПродолжете на следната страница за останатите необични факти…rnrn

  • 7 необични експерименти што им го промениле животот на луѓето

    7 необични експерименти што им го промениле животот на луѓето

    Постојат многу луѓе кои се доволно храбри за да ги срушат стереотипите и да размислуваат со своја глава. Некои од нив се осмелиле да спроведат животни експерименти кои на многумина им послужиле како инспирација. Погледнете ги следниве необични експерименти што комплетно им го промениле размислувањето и животот на луѓето кои ги спровеле…rn

    1. 3 години секој ден носела иста облека за на работа

    rn7 необични експерименти што им го промениле животот на луѓетоrn

      rn011

    • Експеримент: Матилда Кал пронашла радикално решение за проблемот со кој се соочуваат повеќето жени: Избор на облека за на работа. Таа решила да ги носи истите парчиња секој ден, во период од 3 години. Ѝ се смачило да троши време на правење модни комбинации. Матилда си купила неколку бели кошули и неколку исти пара црни панталони. Тоа станало нејзината секојдневна „униформа“ за на работа.
    • rn011

    • Резултат: Таа ги чувала сите нејзини скапи фустани за викенди и за вечерни излегувања. Матилда не трошела време наутро, бидејќи точно знаела што ќе облече. Благодарение на овој експеримент, таа сочувала време и енергија за средбите со семејството и пријателите.
    • rn

    rn

    2. Човекот кој 1 година јадел само компири

    rn7 необични експерименти што им го промениле животот на луѓетоrn

      rn011

    • Експеримент: Ендру Тејлор јадел само компири 1 година.
    • rn011

    • Резултат: Ендру му покажал на целиот свет што ќе му се случи на вашето тело, ако јадете само компири. Погледнете го само! Тој изгубил 50 килограми и изгледа одлично! Меѓутоа, оваа строга диета не е за секого.
    • rn

    rn

    3. Детство без уреди

    rn7 необични експерименти што им го промениле животот на луѓетоrn

      rn011

    • Експеримент: Ники Бун, мајка на 4 деца и фотографка, живее на фарма во Нов Зеланд со нејзиното семејство. Таа одлучила да ги воспитува децата во хармонија со природата, без уреди и телевизија. Тие живеат без никакви уреди веќе неколку години.
    • rn011

    • Резултат: Семејството на Ники докажало дека на децата не им требаат уреди за да бидат среќни. Ним им треба само вашата љубов и малку слобода. Тие се чувствуваат одлично без лаптопи и смартфони. Ники направила серија фотографии од нејзините 4 деца и нивниот живот без технологија, што го нарекла „Childhood in the Raw“.
    • rn

    rn

    4. 20 години живеела без пари

    rn7 необични експерименти што им го промениле животот на луѓетоrn

      rn011

    • Експеримент: Хајдамери Швермер сфатила дека луѓето стануваат големи материјалисти. Таа се отселила од нејзиниот стан, ги раздала поголемиот дел од работите и одлучила да направи мал експеримент: Цела година да живее без пари. Таа им помагала на луѓето во замена за храна и вдомување. Не користела јавен превоз и ги носела најнеопходните работи и облека во мала торба.
    • rn011

    • Резултат: Хајдамери цели 20 години живеела без пари. Преку нејзиниот пример, таа докажала дека парите не се најважното нешто во светот. Долго време, таа била јавен говорник и редовен гостин во многу ТВ емисии.
    • rn

    rn

    5. Пар од Викторијанската ера

    rn7 необични експерименти што им го промениле животот на луѓетоrn

      rn011

    • Експеримент: Сара и Габриел Крисмен решиле да живеат како да се од Викторијанската ера. Тие се откажале од сите придобивки на модерната технологија. Користеле стомна за миење, шиеле облека, осветлувале со ламба на масло и готвеле рецепти од книга за готвење од 19-ти век.
    • rn011

    • Резултат: Ваквиот необичен начин на живот му помогнал на парот да го смени погледот кон светот и луѓето и подобро да го разбере своето потекло. Многу од старите предмети биле корисни, а рецептите заслужувале посебни пофалби. Сара напишала книга за нејзиното искуство и за викторијанскиот начин на живот.
    • rn

    rn

    6. Живот без ѓубре

    rn7 необични експерименти што им го промениле животот на луѓетоrn

      rn011

    • Експеримент: Беа Џонсон одбрала да живее без ѓубре. Таа престанала да купува и користи работи што не може да се рециклираат, како на пример пакувања што се фрлаат, средства за чистење во пластични шишиња и многу други непотребни работи.
    • rn011

    • Резултат: Беа покажала преку нејзиниот пример дека не е тешко да се живее еко-пријателски. Стаклото и хартијата многу лесно можат да ја заменат пластиката. Нејзиното семејство фрла само 1 килограм ѓубре годишно.
    • rn

    rn

    7. Една година без Интернет

    rn7 необични експерименти што им го промениле животот на луѓетоrn

      rn011

    • Експеримент: Новинарот Пол Милер живеел цела година без Интернет. Тој не користел социјални мрежи и мобилни апликации, а имејлот го заменил со обично поштенско сандаче. Со оглед на тоа што бил верен корисник на Интернетот уште на возраст од 12 години, Пол одлучил да дознае каков е животот надвор од виртуелниот свет.
    • rn011

    • Резултат: Тој почнал да пишува книга, изгубил 5 килограми и ја подобрил својата концентрација. По експериментот, тој го користи Интернетот многу посовесно. Сфатил дека станува збор за алатка што треба мудро да се ползува.
    • rn

    rnПогледнете ги и следниве 10 многу интересни психолошки експерименти.

  • Погледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетите

    Погледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетите

    Сите градови на Земјата се посебни, но некои од нив се толку необични што нема да ви се верува дека навистина постојат. Во продолжение погледнете кои се најчудните градови во светот што вреди да ги посетите доколку имате прилика…rn

    Град каде што не можете да умрете

    rnПогледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетитеrnrnГрадот Лонгјербиен во Свалбард е едно од најсеверните места во светот и таму официјално не можете да умрете. Има гробишта во градот, но не се користени веќе 70 години. Причината за тоа е студената клима што не им дозволува на мртвите тела да се распаднат и поради тоа привлекуваат диви животни. Луѓето за кои се знае дека наскоро ќе починат ги пренесуваат до Норвешка со авион.rn

    Град што се простира на две држави

    rnПогледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетитеrnrnГрадовите што се наоѓаат во две држави се почеста појава одошто мислите, но овој е понеобичен од останатите. Бисинген ам Хохрајн е германска енклава во Швајцарија. Од економска гледна точка, градот е дел од Швајцарија, но од административна гледна точка тој е дел од Германија.rnrnОва се неколку факти за овој интересен град:rn

      rn011

    • Ова е единствениот германски град каде што швајцарските франци се официјална валута.
    • rn011

    • Има два поштенски кода – швајцарски и германски.
    • rn011

    • Граѓаните користат и швајцарски и германски телефонски броеви.
    • rn011

    • Фудбалскиот клуб Бисинген е единствениот германски тим што учествува на швајцарското првенство.
    • rn

    rn

    Најпеколниот град

    rnПогледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетитеrnrnНавистина можете да најдете пекол во државата Мичиген во САД. Потеклото на името е непознато, но граѓаните со задоволство ја одржуваат пеколната слика за градот. Туристите се сликаат до знаците на кои пишува „Добредојдовте во пеколот“ (Welcome to Hell), а локалната продавница за сувенири продава гаранции за земја од 1 метар квадратен во „пеколот“ за само 6,66 долари.rn

    Кинеско-австриски град

    rnПогледнете кои се најинтересните градови во светот што вреди да ги посетитеrnrnКинезите се познати по нивните вешти реплики на многу работи во светот, вклучувајќи и цели градови. За да можат да патуваат без да ја напуштат земјата, тие решиле да го изградат австриското гратче Халштат. Најпрво била изградена црквата, а потоа следеле и улиците кои биле исти како оригиналните. Но, треба да знаете дека земјиштата во кинескиот Халштат се поскапи од оние во австрискиот.rnrnПродолжете на следната страница за останатите градови…rnrn

  • 17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиште

    17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиште

    Постојат толку многу чудни историски факти што понекогаш ни се чини дека реалноста е многу повозбудлива од научната фантастика. Таквите необични приказни го прават светот поинтересно место за живеење и затоа добро е да бидеме запознаеме со некои од нив. Прочитајте ги следниве необични факти што сигурно не сте ги научиле на училиште…rn

    1. Алберт Ајнштајн за претседател

    rn17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиштеrnrnНа 17-ти ноември 1952 година, премиерот на Израел официјално му понудил на Ајнштајн да стане израелски претседател. Физичарот ја одбил понудата со објаснувањето дека не е способен да се справува со луѓе.rn

    2. Родителите на кралот Тутанкамон биле брат и сестра

    rn17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиштеrnrnНеодамнешните ДНК истражувања потврдиле дека кралот Тутанкамон страдал од сериозни здравствени проблеми како што се маларија и коскени заболувања како последица од инцесоидна врска: Неговите родители биле брат и сестра.rn

    3. Луѓето носеле вреќи за брашно како облека

    rn17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиштеrnrnВо 1930-тите, за време на големата депресија во САД, жените немале голем избор на облека. Тие морале да бидат креативни, па затоа почнале да ги користат памучните вреќи од брашно за да направат облека за нивните семејства. Кога произведувачите на вреќи за брашно дознале за овој тренд, почнале да изработуваат вреќи со различни шари на нив. Некои вреќи дури имале и упатство за правилно перење и правење фустан или кукла.rn

    4. Најголемата птица на светот

    rn17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиштеrnrnArgentavis magneficens е фосил од птица најден во Аргентина во 1979 година. Научниците велат дека птицата живеела на нашата планета пред 6 милиони години. Распонот на нејзините крилја изнесувал од 6 до 8 метри, а висината ѝ изнесувала 2 метри. Импресивно, се согласувате?rn

    5. Најчудната порака за помош

    rn17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиштеrnrnВо 1948 година неколку бродови кои поминувале во близина на Малезија добиле чудни пораки за помош. Два американски брода добиле сигнал од холандски брод и пораката гласела: „Сите офицери, вклучувајќи го и капетанот се мртви. Најверојатно целиот екипаж е мртов… Јас умирам.“ Кога отишле да ги спасат, виделе дека секој член на екипажот бил мртов, како да замрзнале, изразот на нивните лица бил исплашен и рацете испружени како да се бранеле од она што го виделе. Дури и кучето било најдено во истата положба. Најморничавата работа е тоа што немало никакви повреди на нивните тела.rnrnПродолжете на следната страница за останатите необични историски факти…rnrn

  • 7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстени

    7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстени

    Можеби веќе го најдовте човекот на вашиот живот и подготвени сте да стапите во брак, но помислата на вообичаените веренички прстени ви ја уништува магијата. Вие веројатно сте една од оние девојки кои сакаат на својот прст да имаат необичен и несекојдневен прстен, што ќе зрачи со еден посебен сјај. Ние ви нудиме листа од седум нетрадиционални скапоцени камења, кои во блиска иднина можеби ќе се најдат на вашата рака.rn

    Опал

    rn(1) 7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстениrnrnСкапоцен камен со млечно зелена боја што се прелева. Овој камен ќе донесе длабочина и необична димензија на вашиот прстен, а совршено одговара и во комбинација со дијаманти. Доколку изберете дискретна верзија од опал и дијаманти, ќе добиете најдобра комбинација од двата света.rn

    Морганит

    rn(2) 7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстениrnrnМорганитот има прекрасна розова боја. Уникатен е по своите нијанси, прекршувањето ан светлината и издржливоста. Морганитот е од истото семејство на зелениот смарагд и аквамаринот.rn

    Дијаманти со облик на круша

    rn(3) 7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстениrnrnВие сте девојка која ги сака дијамантите, но кога станува збор за веренички прстен, вообичаените облици на овие скапоцени камења не се вашиот прв избор. Што би рекле за прстен на кој својот прекрасен сјај ќе го покаже дијамантот во облик на круша? Станува збор за несекојдневна и нова димензија на вашите омилени светкави камења.rn

    Морганит со облик на круша

    rn(4) 7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстениrnrnДоколку се одлучите за морганит обликуван во форма на круша нема да згрешите. Напротив, прстенот на вашата рака ќе го привлече вниманието на сите околу вас. Топлиот морганит и прекрасниот облик се прекрасна комбинација за нежните раце.rn

    Обоени камења

    rn(5) 7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстениrnrnСафири, рубини, жолти дијаманти, смарагди… Неверојатна палета на бои. Единствено што ви треба да ја ослободите вашата креативност и да изберете еден од овие камења кои ќе ја истакнат вашата личност и ќе донесат виножито од бои на вашата рака.rn

    Непреработени дијаманти

    rn(6) 7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстениrnrnДоколку сакате да зрачите со уникатност, обидете се да пронајдете дијамант во неговата природна форма. Дијамантите кои се помалку преработени зрачат со особен карактер и шарм.rn

    Месечев камен

    rn(7) 7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстениrnrnОвие сјајни камења зрачат со особен квалитет, кој прилега на сечија кожа. Комбинирајте еден ваков камен со злато со розов сјај и двојни тенки жици и ќе добиете уникатен примерок на веренички прстен.

  • Време е за уметничко уредување на домот: 9 необични полици кои можете да ги направите сами

    Време е за уметничко уредување на домот: 9 необични полици кои можете да ги направите сами

    Полиците се едни од најинтересните детали во секоја просторија. Тие не мора да бидат големи, но сепак ја красат просторијата и ѝ даваат посебна топлина. Сигурно во магазините ги имате забележано оние мали полици кои изгледаат комплицирано и мислите дека ги нема никаде на продажба. Токму поради таа причина, за вас подготвивме неколку различни, интересни полици кои можете да ги направите сами.rn

    1. Полица во необичен облик

    rnПрвата полица можете да ја направите од најобични, необработени дрвени летви со различна должина, кои ќе ги наредите во кој било облик.rnrn2-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_rn

    2. Полица од фиока

    rnЗа оваа полица можете да искористите некоја стара фиока, кутија, гајба од вински шишиња, мало буре и слично. Бојадисајте ја фиоката во омилената боја, прицврстете ја на ѕидот и тоа е тоа.rnrn3-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_rn

    3. Полица во форма на триаголник

    rnЕдноставно, спојте три летви во форма на триаголник и прицврстете ги со шајки. Доколку сакате, можете да заковате уште една летва на средина, но не е задолжително. Уште подобро ќе изгледа ако на ѕидот закачите уште еден триаголник, веднаш под првиот, исто како на фотографијата.rnrn4-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_rn

    4. Висечки триаголник

    rnОваа полица е слична како претходната, само што е неопходно на страните да направите уште две дупки и да провлечете јаже. Оваа полица е одлична доколку веќе имате некој предмет или закачалка, па нема да морате повторно да правите дупки во ѕидот.rnrn5-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_rn

    5. Полица во вид на дрвен мост

    rnОваа полица има многу интересен ефект. За да ја направите, потребно е да издупчите по две дупчиња на секоја од летвите, а потоа да провлечете јаже низ секоја од нив. На крај, прицврстете ги на некој метален дел, а потоа на ѕидот.rnrn6-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_rn

    6. Полица во вид на гранка од дрво

    rnПодредете ги летвите формирајќи гранка од дрво. Не е неопходни сите да бидат од едно парче.rnrn7-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_rn

    7. Полица во вид на пирамиди

    rnОд картон со трапезоиден облик направите пирамиди и спојте ги на подлога од картон. Оваа полица е одлична за на ѕидот над работното биро.rnrn8-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_rn

    8. Полица во вид на вага

    rnНаправете мала конструкција со помош на тенко јаже и 3 метални држачи. Провлечете го конецот низ летвите и вашата полица е готова.rnrn9-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_

  • Необични модни комбинации кои ќе ги обожавате оваа пролет

    Необични модни комбинации кои ќе ги обожавате оваа пролет

    Ако сакате да се облекувате поразлично отколку обично, добрата вест е тоа што нема потреба да купувате сосема нова гардероба. Знаеме дека е почеток на новата сезона и дека е потребно да го освежите гардероберот, но тоа можете да го направите и на многу поедноставен и поевтин начин – доволно е само облеката која веќе ја имате да ја споите на еден поразличен начин и ќе добиете сосема нов изглед. Пуштете ја вашата фантазија и забавувајте се!rnrn1-neobichni-kombinacii-koi-kje-gi-obozhavate-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_rn

    1. Фустан и панталони

    rnМислите дека нема потреба да носите пантолони доколку веќе носите фустан? Па да, имате право, но доколку сакате нова, оригинална комбинација, слободно направите ваков спој и ќе изгледате шик и модерно. Одлична комбинација ќе биде онаа која опфаќа широк фустан и тесни пантолони, но не мора нужно да се водите по ова правило.rnrn1-neobichni-kombinacii-koi-kje-gi-obozhavate-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_rn

    2. Фустан како ноќница и тексас јакна

    rnОвој модел на фустан кој личи како ноќница поради својот нежен материјал и украси од чипка е многу популарен во последно време и веруваме дека веќе сте набавиле и еден за себе. Иако овој фустан изгледа многу елегантно, вие направете оригинална комбинација и спојте ја со лежерно сако или тексас јакна. Ќе добиете поразличен, урбан изглед на кој сите ќе ви завидуваат.rnrn2-neobichni-kombinacii-koi-kje-gi-obozhavate-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_rn

    3. Чорапи и сандали

    rnОва дефинитивно не е тренд во кој би се впуштила секоја девојка, но ако сакате да се истакнете и немате проблем со испробување на нешто што е поразлично и несекојдневно, тогаш можете уште денес да го направите овој интересен спој. Секако, не се вклучени баш сите видови чорапи и сандали, па водете сметка што со што ќе комбинирате. Сепак поентата не е да изгледате смешно, туку модерно!rnrn3-neobichni-kombinacii-koi-kje-gi-obozhavate-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_rn

    4. Тесна блуза и тексас здолниште

    rnВеруваме дека веќе ги имате овие две парчиња облека во својот гардеробер, па тогаш што уште чекате за да ги споите? Ова е крајно едноставна комбинација која изгледа доста добро, модерно и стилизирано. Најверојатно и самите сте забележале дека овој спој не е омилен само кај познатите дами, туку и кај модните блогерки ширум светот!rnrn4-neobichni-kombinacii-koi-kje-gi-obozhavate-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_rn

    5. Краток топ и јакна

    rnШтом дојдат топлите денови, покажете ја својата занесна фигура токму со оваа комбинација – под пролетната јакна или сако облечете краток топ, наместо тоа што обично избирате. Оваа комбинација најмногу ќе ви одговара за некои лежерни прилики или пак вечерни излегувања, а веруваме дека ќе започнете да ја обожавате уште при првото носење. Толку е тренди, но и заводлива, се согласувате?rnrn5-neobichni-kombinacii-koi-kje-gi-obozhavate-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

  • 13 знаци дека сте исклучителни, без да знаете

    13 знаци дека сте исклучителни, без да знаете

    Новороденчето изгледа неверојатно во очите на неговите родители. Но, уште како млади, ние сме биле воспитувани да се адаптираме на останатиот свет. Родителите им кажуваат на нивните деца да бидат тивки, да не се истакнуваат и да не бидат различни. Доколку не ги почитуваат овие правила, тие ги предупредуваат дека можат да бидат неприфатени. На овој начин сите ние забораваме дека сме исклучителни и го губиме уникатниот глас кој го поседуваме. Дали и вие сте заборавиле колку сте исклучителни? Следниве 13 нешта со сигурност ќе ве потсетат…rnrn13 знаци дека сте исклучителни, без да знаетеrn

    1. Вие читате секој ден

    rnВие сте исклучителни бидејќи инвестирате време во вашето подобрување и знаење. Можеби другите ве гледаат како личност која повеќе живее во книгите отколку во реалноста, но тоа не треба да ве обесхрабрува во читањето. Еден ден ќе направите нешто неверојатно со целото тоа знаење кое сте го акумулирале.rn

    2. Вие мечтаете и имате огромни соништа

    rnВие сте исклучителни бидејќи имате соништа и аспирации. Всушност, вашите соништа се толку големи што другите ги гледаат како непрактични и нереални, па токму затоа можеби и ви се смеат. Но, не им дозволувајте да влијаат врз вас, тоа се само луѓе кои се презафатени за сонување. Вие имате дарба, негувајте ја.rn

    3. Наоѓате време за да застанете и да се насочите кон себе

    rnВие сте исклучителни бидејќи не ги следите слепо инструкциите. Вие секогаш верувате дека постои друг начин на кој можете да ја завршите вашата работа, подобар начин, па токму затоа секогаш се обидувате да го најдете. Вашите колеги мислат дека сте бавни, неефикасни и претерано внимателни, но тоа не е воопшто вистина.rn

    4. Плачете кога гледате филм кој допрел до вас или кога слушате прекрасна песна

    rnВие сте исклучителни бидејќи сте емпатични и разбирате како другите се чувствуваат. Вие им дозволувате на вашите емоции природно да си течат и си дозволувате на себе целосно да ги искусите. Другите мислат дека немате никаква контрола врз вашите емоции, но тие едноставно не сфаќаат што значи да се биде толку свесен за своите емоции. Негувајте ја оваа способност, бидејќи не секој успева да ја изгради.rn

    5. Им помагате на другите без да очекувате ништо за возврат

    rnВие сте исклучителни бидејќи не гледате во сè пари и едноставно уживате да им помагате на другите и да бидете добри. Тоа ве прави да се чувствувате среќно и исполнето. Другите луѓе сметаат дека сте будалести што им помагате на другите без да побарате ништо за возврат.rn

    6. Повеќе слушате отколку што зборувате

    rnВие сте исклучителни бидејќи слушате активно и сте навистина заинтересирани за она што ви го зборуваат. Вие одбирате повеќе да слушате отколку да зборувате, но не затоа што сте срамежливи, тивки или досадни туку затоа што имате ваши мислења и сте отворени за мислењата на другите.rn

    7. Го прифаќате неуспехот

    rnВие сте исклучителни бидејќи знаете како да го искористите продуктивно неуспехот кој го доживувате. Многумина попрво би стагнирале отколку да преземат ризик кој би можел да доведе до неуспех, но не и вие. Вие едноставно ги тестирате сите нешта, со цел да откриете што функционира, а што не и потоа одлучувате кој ќе биде вашиот следен чекор.rn

    8. Пријатно ви е да бидете сами

    rnВие сте исклучителни бидејќи сте независни. Немате проблем доколку треба да јадете сами, да гледате филм сами или да одите сами на одмор. Многумина ве доживуваат како осаменици или антисоцијални, но вистината е дека вие сте самоуверени и удобно ви е покрај себе. Немате потреба од постојано внимание и признание од останатите.rn

    9. Прво се грижите за себе, а потоа за другите

    rnВие сте исклучителни бидејќи сфаќате дека за да можете да се грижите за другите, прво мора да се погрижите за себе. Вие сакате самите да ги задоволите вашите потреби, а не да го правите тоа преку задоволувањето на туѓите потреби. Останатите понекогаш ве доживуваат како себични, индиферентни и негрижливи, но вие едноставно сфаќате дека за да можете подобро да се грижите за другите, прво треба да ги решите вашите проблеми.rn

    10. Никогаш не престанувате со поставување прашања

    rnВие сте исклучителни бидејќи сте љубопитни и сакате да знаете како нештата функционираат. Другите можеби ве доживуваат како здодевни и иритантни, но вашата грижа за светот е за пофалба, не за критика. Вие сакате да разберете како тој функционира со цел да можете повеќе да го цените.rn

    11. Вие сте позитивни и можете да видите убавина во сè

    rnВие сте исклучителни бидејќи верувате дека во секого постои убавина. И покрај тоа што знаете дека секогаш постои простор за подобрување, вие наместо да се депримирате со негативноста свесно се фокусирате на позитивноста која ве прави среќни. Другите ве доживуваат како претерано позитивни и оптимистични, но токму ова однесување може да ве одведе побрзо до врвот од останатите.rn

    12. Вие си дозволувате да го правите она што го сакате

    rnВие сте исклучителни бидејќи не се терате да правите нешто што го мразите. Луѓето мислат дека сте будалести што трошите толку многу време и пари на вашата страст, но вие знаете точно што ве прави среќни. Исто така разбирате и дека вашето време и пари не се потрошени, туку се инвестирани во вашата среќа.rn

    13. Вие се сакате самите себеси

    rnВие сте исклучителни бидејќи се сакате себеси и кон себе се однесувате љубезно. Кога нешто нема да испадне онака како што сте намислиле, културно се прашувате каде сте згрешиле и потоа ја анализирате ситуацијата со цел да дојдете до решение. Вие никогаш не се навредувате ниту пак се осудувате.

  • Најчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватска

    Најчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватска

    Автор: Зорица ТодороваrnrnСите досега сме имале раскинувања кои ни оставиле убави или неубави спомени и многу предмети кои сме посакале да ги фрлиме. Но Олинка Виштица, филмски продуцент и Дражен Грубишич, скулптор отишле чекор подалеку. Откако ја прекинале нивната врска, двајцата уметници од Загреб останале пријатели и постојано се шегувале дека треба да отворат музеј за сите лични предмети кои си ги подариле или користеле во текот на врската.rnrnНајчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, ХрватскаrnrnТри години подоцна, Дражен ѝ се јавил на Олинка со веќе разработена идеја и двајцата решени почнале да бараат од своите пријатели да им донираат предмети од своите поранешни врски, заедно со кратко објаснение за нивната историја. Музејот за прв пат бил отворен во 2006 година, а неговиот концепт станал толку популарен и им се допаднал на сите поголеми европски метрополи каде гостувала изложбата.rnrnПогледнете ги најчудните работи кои некој некогаш ги оставил во музејот од својата врска, а истиот се наоѓа на Кирилометодиевата улица во Загреб и може да го посетите на brokenships.com.rnrnНајчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватскаrn

    1. Раце од кукла

    rnНајчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, ХрватскаrnrnОстаток од 5-годишната „те сакам-не те сакам“ врска на еден пар. Донаторот на овој „сувенир“ објаснува:rn
    rn

    „Една ноќ си заминав од собата и не се вратив до следното утро кога ја најдов во тотален хаос, ѕидовите беа испрскани со пена во спреј. Мојата омилена кукла очигледно немала друг избор освен да гледа и да верува во тоа.“

    rn

    2. Масажер

    rnНајчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, ХрватскаrnrnШто правите кога девојката која ве оставила и го оставила кај вас и нејзиниот еротичен масажер за глава? Го донирате.rn
    rn

    „Една од работите кои едноставно не им се враќаат на бившите девојки.“

    rn

    3. Ретровизор од автомобил

    rnНајчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, ХрватскаrnrnПетте заеднички години во осумдесеттите завршиле лошо за еден пар од Загреб.rn
    rn

    „Една вечер неговата кола беше паркирана пред ‘погрешната’ куќа. Тој плати за таа грешка со својот ретровизор. Потоа ми беше мака зашто автомобилот не беше крив.“

    rn

    4. Џуџето од „денот на разводот“

    rnНајчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватскаrnrn rn

    „Тој пристигна во нов автомобил, арогантен, плиток и без срце каков што беше секогаш. Џуџето ја затвараше портата која тој самиот ја уништи неколку години претходно. Во тој момент тоа летна кон шофершајбната од автомобилот, се одби од неа и падна на асфалтот. Токму тој отпечаток на шофершајбната го одбележи и крајот на нашата врска.“

    rn

    5. Вреќички за повраќање од авион

    rnНајчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, ХрватскаrnrnОваа врска на далечина траела неколку години, но сувенирите собрани по пат преживеале многу подолго.rn
    rn

    „Еднаш Croatia Airlines, еднаш Lufthansa, еднаш Hapag Lloyd Express и трипати GermanWings. Мислам дека сѐ уште некаде ги чувам оние илустрирани ливчиња со инструкции за во случај да почне авионот да се распаѓа. Но никогаш не успеав да најдам упатства за што да правам во случај на распаѓање на една врска, барем уште ги имам овие вреќички во случај да ми се преповраќа.“

    rn

    6. Буквата „Т“

    rnНајчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, ХрватскаrnrnЕден пар од Словенија кој се запознал преку интернет не ја преживеал својата прва средба во живо.rn
    rn

    „Кога всушност се запознавме во живо заедничкиот интерес некако се изгуби и тој ми го даде неговото копче „Т“ од тастатурата, бидејќи веќе не му требало.“

    rn

    7. Животно направено од пластични молекули

    rnНајчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватскаrnrn rn

    По неколку години од врската, подароците знаат да станат доста необични. Овој човек му подарил на музејот „животно направено од различни предмети (хемиско соединение) со залепени очи и ливче хартија на кое пишува од кого ми е.“

    rn

    8. Секира

    rnНајчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, ХрватскаrnrnОткако неколку месеци живееле заедно, еден од партнерите заминал на тринеделно патување и кога се вратил открил дека неговата девојка се заљубила во друг и сакала да оди сама на одмор.rn
    rn

    „Во текот на сите 14 дена како беше на одмор, секој ден уништував со секирата по едно парче од нејзиниот мебел. Остатоците ги оставив таму, како потсетник на мојата внатрешна состојба. Колку повеќе ја полнев нејзината соба со исечен мебел кој го попримуваше обликот на мојата душа, толку подобро се чувствував. Откако се врати од одмор, таа дојде да си го земе мебелот. Јас уредно го спакував во мали купчиња и делови од дрво, а таа си го зеде ѓубрето и замина и од станот, и од мојот живот. А секирата ја унапредив во алатка за терапија.“

    rn

    9. Интимен шампон

    rnНајчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, ХрватскаrnrnОва е една од работите кои заборавате да ги спакувате кога си заминувате од нечиј живот.rn
    rn

    „По раскинувањето, мајка ми го користеше за полирање на стакло. Рече дека е апсолутно одлично.“

    rn

    10. Дрвена лубеница

    rnНајчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, ХрватскаrnrnПетнаесет години се долго време за собирање чудни предмети, како оваа лажна лубеница.rn
    rn

    „Лубеница или само илузија? Или и двете? Паралелните линии никогаш не се пресекуваат. Сега сум среќна што го имам Демијан и што уживам во вистински лубеници на лето. Илузијата исчезна. Паралелните линии не се пресекуваат.“

    rn

    11. Танга од бонбони, неотворена

    rnНајчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватскаrnrn rn

    „Тој никогаш не ми купуваше цвеќе бидејќи велеше, цвеќето е за здодевни луѓе. Наместо тоа јас добивав колбаси или нови делови за мојот велосипед. Тоа не ми пречеше бидејќи го сакав. По 4 години излезе дека бил беден и евтин како и неговите подароци. Ме измами со колешка од канцеларија и ме остави преку имејл.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 од најчудните места во светот

    10 од најчудните места во светот

    Автор: Сања ПетровскаrnrnЗемјината топка е едно огромно скривалиште на безброј тајни. Секој ден насекаде во светот се откриваат најразлични места, се разрешуваат долго неразјаснети мистерии и се гледаат најчудните нешта. Човекот е секојдневно изложен на најинтересните и најбизарни откритија. Секој дел од нашава неверојатна планета е способен да нѐ фасцинира и воодушеви, некогаш и да нѐ исплаши. Чекор по чекор, ден по ден, се откопуваат сѐ повеќе богатства кои биле длабоко закопани и чекале некој да ја раскаже нивната приказна. Земајќи предвид дека такви има уште мал милион, тие се рај на земјата за оние немилосрдни авантуристи и занесени љубители на фотографијата, уметноста, креативноста, па дури и за класичните аматери чија желба е да фрлат еден поглед на нив. Невообичаено однесување на природата кое чека на вас…rnrn1. Лох Нес е големо и пространо езеро со доста матна и непроѕирна вода, скриено меѓу шкотските висорамнини. Покрај својата убавина, ова езеро е надалеку познато по легендата за појавувањето на чудовиштето од Лох Нес, наречено Неси, кое живее во неговите води. Простирајќи се на 56,4 километри квадратни и со најдлабока точка на 230 метри, ова езеро ќе ве натера да се замислите што всушност се крие во неговите длабочини.rnrn1-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk 2-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrn2. Бранот претставува карпа од песочни камења која се наоѓа во Аризона, Јута. Меѓу народот овој предел е познат по чудните и интересни песочни форми во облик на буквата „U“, за планинарите по нерамните пешачки патеки кои не оставаат траги, а за заљубените во фотографијата можност да направат фантастични фотографии. Се верува дека оваа разнобојна формација постои уште од Јура периодот.rnrn3-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk 4-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrn3. Стоунхенџ е споменик од камен кој се наоѓа во Велика Британија, а чија мистерија лежи во неговата архитектура и намена. Постојат повеќе различни теории за овие камени столбови кои датираат уште од пред 5.000 години, меѓу кои се наоѓаат претпоставките дека можеби биле антички гробишта, место каде слетувале вонземјанските бродови, пагански споменик. Но кога се работи за Стоунхенџ, кое и да е прашањето, одговорот останува непознат.rnrnJ940231 6-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrn4. Кано Кристалес (Кристална река) е прекрасна река, уште позната и како река-виножито, која се наоѓа во Серанија де ла Макарена, Колумбија. Неверојатноста на оваа река лежи во фактот дека таа има 5 бои кои се прелеваат една во друга: жолта, црвена, зелена, сина и црна. Логичното објаснување за ова се жолтиот песок, алгите и зелениот мов кои се на дното на реката, а кои овозможуваат во периодот меѓу сушната и дождовната сезона оваа река да ги воодушеви сите кои ќе фрлат поглед на неа.rnrn7-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk 8-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mkrnrn5. Насканските линии претставуваат геоглифи, серии на геометриски форми, километри од линии и цртежи на човечки и животински фигури со огромна големина. Тие се наоѓаат на пространи песочни површини во Перу. Постојат многу теории за идејата која стои зад нивното создавање уште во 500 година п.н.е., а најинтересни се тие дека означуваат пат до соѕвездија на небото или дека се дело на вонземјани.rnrn9-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk Lignes et géoglyphes de Nasca et de Pampas de Jumanarnrn