КАФЕ ПАУЗА

Tag: некултурно

  • Историјата на средниот прст: Од кога потекнува овој некултурен гест?

    Историјата на средниот прст: Од кога потекнува овој некултурен гест?

    Покажувањето среден прст се смета за една од најголемите навреди во денешно време, но неговите корени датираат уште од времето пред Христос. Првиот пишан траг за овој гест потекнува од античка Грција кога пред околу 2.500 години, драмскиот писател Аристофан направил груба шега на тој начин што го споредил средниот прст со машкиот полов орган. Ова се сметало за непристојно дури и во тоа време.rnrnИсторијата на средниот прст: Од кога потекнува овој некултурен гест?rnrnНекои антрополози тврдат дека гестот е преземен од класичниот пасивно-агресивен чин што го користат мајмуните за да го понижат противникот и да го направат сексуално инфериорен преку покажувањето на своите гениталии. Човекот одлучил на поцивилизиран начин да го навреди и понижи противникот со тоа што ќе му го покаже средниот прст.rnrnСредниот прст преку грчката уметност, музика и култура дошол во Рим, па така Калигула, кој бил познат по неговите перверзии, често знаел да ги шокира жителите со тоа што барал од нив да му го бакнат средниот прст наместо рацете.rnrnПокажувањето среден прст во јавност драстично се намалило во текот на Средниот век поради негодувањата на католичката црква, а во 19-ти век повторно почнало да доаѓа до израз благодарение на новото откритие, фотографијата. Во 1886 година, познатиот бејзбол играч, Чарлс Редборн, за време на позирањето со неговиот тим, влегол во историјата како првиот човек кој покажал среден прст на фотографија.rnrnИсторијата на средниот прст: Од кога потекнува овој некултурен гест?rnrnДенес, средниот прст е еден од најпознатите примери за невербална комуникација и се користи во речиси сите делови од планетата. Тој е широко распространет и во поп културата, каде што претставува некаква форма на бунт, а неговата употреба не им е непозната ниту на луѓето кои имаат висока државна функција.rnrnВо продолжение дознајте ја чудната историја на сончогледот.

  • 11 чести навики кои луѓето мислат дека се учтиви, но всушност не се

    11 чести навики кои луѓето мислат дека се учтиви, но всушност не се

    Повеќето луѓе даваат сѐ од себе за да бидат што е можно поучтиви. Дали им ја придржувате вратата од лифтот на вашите соседи? Дали им го препуштате паркинг местото на другите возачи? Или можеби сте од оние прекрасни гости кои секогаш ги мијат садовите по вечерата кај пријателите? Дали знаете дека некои од овие симпатични навики кои делуваат учтиво, всушност се сметаат за многу некултурни?rnrn11 чести навики кои луѓето мислат дека се учтиви, но всушност не сеrnrnСпоред експертите, кога сме некултурни, но го маскираме тоа со учтивост, на луѓето околу нас им станува непријатно и почнуваат да се оддалечуваат. Иако овие мали моменти на несвесна неучтивост не се крај на светот, добро е да знаете за кои навики станува збор…rn

    1. Нарачувате и за другите луѓе кога сте во ресторан

    rnМожеби на вашиот партнер му треба цела вечност да одлучи што да нарача или инсистира вие да одберете. Во секој случај, немојте да нарачувате за други луѓе, дури и да ви делува тоа симпатично. Освен ако не сте сигурни дека другата личност сака да нарачате за неа, дозволете им на луѓето да си нарачуваат сами за себе. Можете да дадете ваш предлог, но тие нека му ја кажат нивната нарачка на келнерот.rn

    2. Се шегувате на туѓа сметка

    rnСосема нормално е да се шегувате со вашите пријатели и со вашиот партнер, но одбегнувајте да се шегувате на нивна сметка, особено ако мислите дека вашите намери нема да бидат целосно разбрани. Некултурните шеги кои мислите дека се забавни и дека ќе ве зближат со пријателите, ќе го постигнат спротивниот ефект, односно ќе ве оддалечат од нив.rn

    3. Давате комплименти за изгледот на луѓето

    rnКомплиментите делуваат како добра идеја, но некои луѓе не ги сфаќаат на таков начин. Личноста може да си помисли дека нејзиниот изглед или тежина се тема на разговор и да се почувствува непријатно. Освен ако не сте со мајка ви или со вашите најдобри пријатели, задржете си ги таквите коментари за себе.rn

    4. Ја собирате масата додека луѓето уште јадат

    rnНа сите ни се случило да почнеме да ја собираме масата додека луѓето сѐ уште јадат. Тоа делува учтиво, но оваа навика знае да предизвика стрес. На тој начин, вие испраќате порака дека вашите гости треба да побрзаат со јадење и да си одат. Тоа не е воопшто убаво.rnrn11 чести навики кои луѓето мислат дека се учтиви, но всушност не сеrn

    5. Климате со главата иако не можете да го чуете соговорникот

    rnСите сме го направиле ова во гласни клубови или на настани каде што има многу гужва. Но, не е добра идеја да се преправате дека слушате што ви зборува соговорникот. Вие се обидувате да бидете учтиви, но на тој начин ги оддалечувате луѓето од себе. Наместо тоа, поставувајте прашања за нештата што не ви се јасни, бидејќи така ќе покажете интерес и ќе го зацврстите односот, без разлика дали се работи за колега од работа или за нов пријател.rn

    6. Доаѓате порано на забавата за да „помогнете“

    rnВашиот гест е добронамерен, но речиси никогаш не е добра идеја да се појавите порано на некоја забава. Тоа е исто толку некултурно колку и доцнењето. Освен ако не се работи за забава на вашиот најдобар пријател, немојте да се појавувате порано од очекуваното, бидејќи постои ризик дека ќе го изненадите домаќинот и ќе го начекате неподготвен. Тоа не е добра идеја.rn

    7. Нудите совети без никој да ви побара помош

    rnКога некој пријател ќе почне да ви се жали поради некој негов проблем, природно ќе ви дојде да понудите совет. Но, понекогаш луѓето сакаат само да си ги кажат маките. Прашајте ги отворено што очекуваат од вас. Ако ја побараат вашата помош, помогнете. Во спротивно, задржете си ги советите за себе.rn

    8. Споделувате лични податоци со човек кого штотуку сте го запознале

    rnСамо што сте се запознале со новиот колега и тој ви оставил многу позитивен впечаток. Ако сте зборлести и комуникативни, веројатно ќе сакате веднаш да ја споделите вашата животна приказна. Но, ова е голема грешка. На тој начин, другата личност нема да ви верува, особено ако зборувате негативно за поранешниот партнер, шеф или колега. Сочувајте ги овие работи за да ги споделите тогаш кога ќе станете вистински пријатели.rnrn11 чести навики кои луѓето мислат дека се учтиви, но всушност не сеrn

    9. Постојано коментирате додека некој друг вози

    rnВие можеби мислите дека му помагате на возачот со вашите инструкции, но вистината е дека многу го нервирате со вашето однесување. Освен ако не забележите опасност, најдобро е да бидете тивки. Дозволете му на возачот сам да го пронајде патот.rn

    10. Премногу се гушкате или доближувате до другите луѓе

    rnВоопшто не сте имале намера да бидете наметливи или да го нарушите личниот простор на пријателот или колегата, но некои луѓе ги сметаат блиските контакти за неучтиви. Секогаш мора да ги имате предвид туѓите желби и потреби. Најдобро е или да прашате или да останете на учтива оддалеченост.rn

    11. Премногу се грижите

    rnАко партнерот или пријателот имале ужасен ден, нормално е да се загрижите и да сакате да им помогнете. Но, ако премногу се грижите и не им давате простор, ќе испаднете многу некултурни. Постои тенка граница помеѓу грижата и наметливоста исто како што постои тенка граница помеѓу хуморот и некултурата. Немојте да се вознемирувате премногу ако ја преминете границата. Само извинете се и покажете дека сте свесни за грешката.rnrnДоколку сакате да дознаете повеќе за некултурното однесување на луѓето, прочитајте што се крие зад лошите навики на мажите.

  • Работи што ги прави една љубовна двојка

    Работи што ги прави една љубовна двојка

    Вие двајца се сакате, меѓусебно се поддржувате, луѓето ве препознаваат како љубовна двојка, сродни души сте… Но, има некои работи кои (не)свесно ги правите како љубовна двојка кои се непријатни за другите луѓе околу вас.rnrnRaboti-shto-gi-pravi-edna-ljubovna-dvojka-www.kafepauza.mk_rn

    Бебешки имиња и имиња на миленичиња

    rnЦуци, муци, буци, бебе, сонце, сончко, миличко, златичко, мило, златце, злато мое, душичка… и уште толку многу прекари на кои им е местото кога сте вие двајца заедно, а никако пред пријателите и роднините. Некои двојки тоа го прават намерно, со цел да видат другите колку тие се сакаат, а некои се обраќаат така и кога се сами заедно. Како и да е, ако слушнат вашите пријатели како дечкото си го викате со името „сончко“ или девојката ја викате „миличко“, верувајте дека ќе им биде непријатно. Роднините ќе се чувствуваат незгодно и непријатно кога ќе слушнат како вие го нарекувате нивниот внук.rn

    Златото мое ќе дојде со мене во шопинг.

    rnОва е реченица која пријателката не сака да ја чуе. Пријателите ќе ве озборуваат, другарите ќе ви се смеат, а вие тоа не го сакате, нели?rn

    „Ние никогаш не се караме“

    rnНекои парови сакаат да се фалат пред пријателите дека тие никогаш не се караат. Ова е најголемата лага што ќе ја чуете. Тоа го прават за пријателите да помислат дека тие се совршен пар, кај нив се е совршено, а сите знаете дека совршенство не постои.  Еве ја вистината: оние кои се во среќна врска, се караат. Не секогаш, се разбира, ама недоразбирања мора да има дури и ако сте сродни души. Тоа понекогаш се „здрави кавги“ кои ќе ја зацврстат врската. Целта на овие кавги не е да се сфати што се случило и зошто се караме, туку да се обидеме тоа да не се случува повеќе во иднина.rn

    „Јас не одам на забава без него/неа“

    rnОва е највознемирувачката работа што некои парови ја прават. Ако една девојка е во врска со некое момче, не значи дека и тој е поканет на забавата кај нејзината најдобра другарка и обратно, ако тој има тазе врска, не значи дека и девојката треба да дојде. Ова се однесува повеќе за тазе, нови врски во кои новата девојка/момче не се знае доволно со пријателите на партнерот, а забавата е тематска. На пример, повторно соединување на пријатели од средно школо, факултет, некој курс и слично. Тука не би требало да присуствуваат партнери на поканетите. Освен што е непристојно, оставате впечаток дека не ги почитувате доволно луѓето кои ве поканиле. „Ние сме како еден човек. Не одиме никаде разделени“ е реченица која вознемирува и секогаш остава погрешен, лош впечаток за вас.rn

    Местенки

    rnАко вие сте во долга љубовна врска или сте го нашле човекот на вашиот живот, не значи дека и пријателите кои немаат партнер го сакаат истото. Некои се фокусираат на кариерата, некои не сакаат да се врзуваат… тоа е нивен избор. Не значи дека треба да си дадете за право да ги местите со пријатели на партнерот кои исто така не се во врска како и вашата пријателка. Тоа е некултурно. Треба доволно добро да ги знаете двете личности пред тоа да го направите. Ако веќе го направите еднаш, обидете се да не го правите тоа на секое ваше следно излегување.rn

    Константно бакнување и разменување нежности

    rnРазменување страсни бакнежи, нежности во јавност и флертувања се работи кои не треба да ги правите пред вашите пријатели. Освен што ќе ги посрамотите вашите блиски пријатели, тоа дава знак дека не знаете да комуницирате со другите кои се наоѓаат на маса со вас. Тоа е исто знак дека не сте сигурни во вас во однос со партнерот. Ако сакате да ги задржите пријателите, обидете се да се воздржите од ова, барем додека не отидете дома.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.